You are on page 1of 40

Туѓо сакаме, свое не даваме

Миле Попоски

ТУЃО САКАМЕ, СВОЕ НЕ


ДАВАМЕ

1
Туѓо сакаме, свое не даваме
ЛИЦА:
СЛАЃАН, професор, невработен, спрема ученици, чесен и поштен швалер на Жаклина
ЖАКЛИНА, сопруга на Ицко Курбла, чесна и поштена жена, швалерка на Слаѓан
ИЦКО КУРБЛА, меѓународен шофер, светски швалер
ЕЛИЗАБЕТА, модерна Ѓупка, мајка на Насер
ТАИП, трговец на старо, уметничко име „Бата Живоиновиќ“
ГОСПОДИН ЛАЗЕ, чичко на Ицко, пензионер, женкар, покераш – „београдски џак“
Д-Р ГЛИГУР, лекар, пијаница и курвар од регионално значење
ГАВРО, пензионер, некогашен полицаец, издава соба за покер и за други работи
ЖИЖИ, жена во црно и фукара
РУБЕНС, син на Жаклина, а можеби и на Ицко Курбла

2
Туѓо сакаме, свое не даваме

ПРВ ДЕЛ
Најголемиот дел од сцената го претставува станот на професорот Слаѓан. На
крајната десна страна ходник кој ги дели становите од левата и десната страна. Во
длабочина на сцената, од ходникот скали за горните катови. На десната страна
вратата од станот на Гавро.
Во станот на Слаѓан сѐ пренатрупано. Кауч, ќебе и перница на каучот. Во средината
маса, на масата куп ореви, книги, тетраки. Мало масиче – телефон. Фотелји, столици.
Три врати (шпајз, кујна, клозет). Прозор кој гледа на улица. По подот расфрлени книги,
весници, чевли, превртена столица, од ѕидот се мавтаат полуодлепени постери на голи
жени.
1.
Доаѓа ЕЛИЗАБЕТА. На глава црвена шапка со голем раб, чевли, чорапи, блуза, здолниште
– сѐ во дречливи, дисонантни бои. В рака носи полна пластична кеса. Вади клуч од џеб и ја
отклучува вратата од станот на Слаѓан. Кога го гледа нередот во собата се фаќа за
глава и мрмори луто на цигански. Од ќесата вади „работна“ облека – голема шарена
долга руба. Ја облекува врз својата облека, шапката ја фрла на кауч, врзува шарена
шамија на глава. Почнува да суредува. Го зема стутканото ќебе од каучот за да го
здипли. Од ќебето испаѓаат женски килоти. Ги зема со два прста, гадливо како да држи
глушец за опашка, ги мириснува со гримаса на гадење, потоа ги „мери“ на својата
бутина – мали, ни едната бутина не ѝ ја „фаќаат“. Пак ги пикнува во свитканото кебе.
И веднаш го отвора прозорот и мавта со рацете како да сака да ја растера миризбата
од килотите. Од шпајзот донесува леген, кофа со вода, крпа.
Однадвор, одеднаш, нагло, експлозија на викотници, пцовки, трескоти како да се кршат
шишиња. Излегува, доаѓа тивко до вратата на станот на Гавро, ѕирнува низ клучалката,
и гестикулирајќи со рацете како да видела ужас, се враќа во станот на Слаѓан. Од
кофата тура вода во легенот, ја кваси крпата и почнува, клекната, да го брише подот.
Се отвора вратата откај Гавро – веднаш вревата како да се истура по ходникот, уште
појака. Гавро излегува пред врата и ѕирнува горе-долу. Откај скалите шум на чекори и
веднаш нозе што слегуваат, Гавро брзо се мушнува во својот стан.
2.
По скалите од длабочината на сцената слегува д-р Глигур. Швалерски облечен „а ла
катр сезон“. Д-р Глигур фрла поглед кон станот на Гавро, ѕирнува низ клучалката и
потоа, отворајќи ја тивко вратата од станот на Слаѓан, влегува. Елизабета брише,
свртена со грб, натртена со задникот. Глигур бесшумно ѝ се доближува и ги залепува
двете дланки на задникот на Елизабета. Таа моментално престанува со бришењето и
зинува насмевната, со блажено очекување. Глигур ги тргнува рацете од задникот и оди
на другата страна. Елизабета ја остава крпата на под, се исправа и го гледа Глигура.
ЕЛИЗАБЕТА: Доктур Клинкур?!!!
ГЛИГУР: (Глуми навредена машка суета, а всушност се уплаши од податливиот задник
на Елизабета – дали ќе му успее таа авантура?) Глигур!... Ти очекуваше некој друг?
ЕЛИЗАБЕТА: (Веќе пламната.) Не е важно! (Тргнува кон него, а тој веќе не крие дека се
плаши, се засолнува зад столици.) Ами не почнувај ако не теруваш до крај, богати! Сега
нема назад! Ми дојди млеко! (Се фаќа за гради.)
ГЛИГУР: (Се брани со крената столица како со штит.) Мажот ти нека трупа марки во
Германија, јас овде да му ја вршам брачната обврска...?! Нека ми отвори девизна книшка
во Франкфурт на Мајна... е, тогаш ке џрџа млеко од тебе – стручњак сум за млеко!
ЕЛИЗАБЕТА: (Спласнува, плачно, искрено.) Ме остави тој, Клинкуре!
ГЛИГУР: Глигур!
ЕЛИЗАБЕТА: Гликур! Ме остави тој, Гликуре! Побегна со Санија, ако си чул?
ГЛИГУР: Санија?... Кој не чул за Санија! Курва со тапија!
ЕЛИЗАБЕТА: (Драго ѝ е.) Ороспија, жими Насер!
3
Туѓо сакаме, свое не даваме
ГЛИГУР: (Покажува на каучот.) А газдава? На трчање или...? (Прави гест со прст.)
ЕЛИЗАБЕТА: Будал! Трчи и после... (Го исплазува јазикот како куче за да каже колку е
уморен.) И – курвар, Клинкуре! А, да видиш! (Ги вади килотите.) Па ова дете, Клинкуре!
ГЛИГУР: (Ѝ ги зема килотите, ги мириса со сласт.) Дете!
ЕЛИЗАБЕТА: (Го гледа вџашена.) Анааа!!! (Плеснува со дланки.) Курвар! (Од улица
одекнува певлив глас: „Старо купуем, старооо!“ Елизабета му ги грабнува килотите, ги
крие под ќебе и наслушува, а гласот се повторува: „Старо купуем, старооо!“.) ... Лизо!
Ава кате, да ти кажам.
ГЛИГУР: Швалер?
ЕЛИЗАБЕТА: (Презриво.) Ѓуптин!... Таип!
ГЛИГУР: Таип – Таип! Држи га, не дај га, јер је мушкарац! Важно, те сака!
ЕЛИЗАБЕТА: Ау, ме сака! Ги сака моите пари што ми ги пратува Насер!
ГЛИГУР: Види – фараонка! Насер ѝ праќа пари!!!
ЕЛИЗАБЕТА: Мемет, море! Плата за Насер. Насер е дете, мој син. Го однесе во Италија...
(Восхитена.) Доктуре, да знаиш, му ги вадише сите заби!!!
ГЛИГУР: Му беа расипани?
ЕЛИЗАБЕТА: Ау, расипани! Здрави!... Му ги вадише за да биде гревота... За да пита...
Десет деца однеси. Мемет е голем газда. Кога ќе врати, ќе им ставува златни заби!
(Покажува на своите заби.) Ха!
ГЛАС: Ава кате, мори. Да не ти се качувам горе да ти правам пуза!
(Елизабета го зема легенот со вода и од прозор ја плиснува водата. Пцовки и викотници
одоздола.)
ГЛИГУР: Фрли му сапун и крпа! Утринско туширање!
(Од десната страна доаѓа трчајќи Таип, сиот е жива вода. Влегува и полека ѝ се
приближува на Елизабета со стиснати тупаници. Глигур се накашлува.)
ТАИП: Ти, другар, да не си мешаш! Ова е наша ѓупска работа! Ферски!
(Елизабета, напната како мачка пред пес, го држи легенот в раце. Таип ѝ се доближува и
ненадејно замавнува со тупаница, Елизабета го крева легенот како штитник, Таип удира
во легенот, офнува и се превиткува од болки.)
ЕЛИЗАБЕТА: (Му ја покажува вратата.) Сиктер!
ТАИП: На Таип ти – сиктер?!! (Пак ѝ приоѓа со тупаниците напред. Елизабета го крева
легенот и со легенот го дразни како бик со црвено платно. Таип отстапува и одеднаш
вреснува.)
ТАИП: Врати ми ги обетките! (Елизабета ги дрпнува обетките од уши и ги фрла на
подот.) Кондури! (Му ги џитнува со брзо движење на нозете.) Улаопки!!... Блуза!... Елек!
(Како што бара, така Елизабета му ги фрла. Елекот не може да го откопча, му се
свртува на Глугур, тој ја откопчува. Му го фрла и елекот на подот. Таип сите работи ги
збира, ги завиткува во блузата и излегува како паун, пеејќи: „Старо купуем, староооо“!
Додека Елизабета се соблекуваше, Глигур си става очила, ги брише, менува други, само
што поубаво да гледа.)
ГЛИГУР: (Ја гледа Елизабета скоро полугола, стрвно.) Лиз, знаеш ли дека сега не личиш
на...
ЕЛИЗАБЕТА: На ѓупка? (Експлозија на викотници, кршење и пцовки откај Гавро, тресок
на фрлени тврди предмети.) Ќе си заколат, да бидиш сигурен!
ГЛИГУР: Покер, Лиз! Кој губи, има право да се лути...
ЕЛИЗАБЕТА: Кога нема милиција...!
ГЛИГУР: Милиција! Гавро е нивни човек.
ЕЛИЗАБЕТА: Од каде тој толку пари, доктуре, да игра? Пензија...
ГЛИГУР: Не игра тој, Лиз. Тој им дава просторија и – сигурност. И за тоа им зема скапана
пара!
ЕЛИЗАБЕТА: И за женски дава соба, да знаиш! Сум видувала. И онаа Жижи...
ГЛИГУР: Пссс!... Некој доаѓа!
4
Туѓо сакаме, свое не даваме
(Елизабета набрзина ја облекува шарената „работна“ роба. Вратата се отвора.)
3.
(Гавро го води Таипа држејќи го за уво. Таип со бовчата во едната рака, покажува на
Елизабета со другата рака.)
ТАИП: Оваа, другар брат...
ГАВРО: Знам! Таа „чисти“ по становите, ти изнесуваш, продаваш и после делите! Ама
најдовте каде да оперирате! Пиле, бре, не може да прелета од зградава, а не гаврани како
вас! Ќут!
ТАИП: Немој така, богати! Сум биран во месната заедница! Сум културно-забавен
уметник, уметничко име „Бата Живоиновиќ“!
ГАВРО: Си личите како јајце на јајце! Свириш на тапан?
ТАИП: Пеам!
ЕЛИЗАБЕТА: Пее на сунети, другар Гавро! Вреска да не си чујат децата кога ги сечуват...
ГАВРО: (Покажува на масата, па на бовчата.) Овде! Одврзи ја!... (Гавро вади предмет
по предмет.) Чевли со штикли! Боси по трње вие, племе ваше!... Обетки! (Ја гледа
Елизабета.) Уште за обетки си, мочка една!... Ооо! Хулахопки?!!! И Ѓупци – хулахопки!!!
Многу се измодеривте, крвта ваша!
ТАИП: Демократија, богати! Анте Марковиќ...!
ГАВРО: (Со шлаканица по глава.) Ќут!... И бунди ќе почнете да носите!... Опаа! Елече!!!
(Го држи елечето и го мавта.) Дупло дно! (На Елизабета.) Порано вимињата ви висеа
како на крави!... (На Глигур.) Ќе морам да ги приведам! Ти си сведок!
ТАИП: Немам време, богати!
ГАВРО: Ќе ти летне авионот!
ТАИП: На Железничка да одам! Брат ми Суват ќе дојди од Америка! Од Њуворк! Еве,
читај! (Вади писмо од џеб.)
ГАВРО: (Го гледа авионскиот коверт и чита.) Мистер Таип Таиповски...
ТАИП: Јас лично!
ГАВРО: Ехп Суват Диповски...
ТАИП: Брат ми од...
ГАВРО: Ќут! (Чита од ковертот.) 779 Стреет Блеекер... Нев Уорк... У.С.А...
ТАИП: Америка.
ГАВРО: Америка! А ЈАС не сум мрднал подалеку од Ниш!
ТАИП: Ниш?! Во Ниш имам една тетка, другар брат! Ајша, ако си чул? Да ти дам адреса...
Земи молив и пишувај...
ЕЛИЗАБЕТА: (Божем му шепоти а сите слушаат.) Ти лажи и за брат му и за... Мене ми
кажуваше: мајка ми Ајша, а тебе тетка ми Ајша!
ТАИП: Другар брат! Кога умруваше мајка ми Ајша, татко ми Рамадан, кога се родеше
тетка ми, од жал за мајка ми, на тетка ми ѝ го даваше името од мајка ми, жими мајка, ако
ти лажам!
ЕЛИЗАБЕТА: Мене ми велише: брат ми во Белгија, а тебе – во Америка!
ТАИП: Во Белгија е брат ми Шукри, мори шута, а во Америка брат ми Суват! Што ги
мешаш, богати!?
ГАВРО: Станавте светски патници, газот мајчин! Нема да ме чуди ако стигнете и на
Марс! Белгија, Германија, Америка...!
ТАИП: Па дојди, богати, на Железничка и види со свои очи! Во дванајсе... (Го моли со
стокмени раце.)
ГАВРО: Те пуштам условно. Ако уште еднаш те фатам, крв ќе промочаш! Марш! (Таип
истрчува од собата. Гавро бовчата како топка и ја фрла на Елизабета.) А ти, џвркла,
врати ги откај што си ги украла, оти газот ќе ти го направам како мевот! (Излегува лут.)
ЕЛИЗАБЕТА: (Мрмори гледајќи по него.) Курвар! Само газ му е во устата!... Овој,
доктуре, ништо не разберува! (Од улица се слуша: „Старо купуем, староооо“! Елизабета

5
Туѓо сакаме, свое не даваме
ја зема бовчата и отрчува кај прозорот.) Еј, Ѓуптин! (Ја фрла бовчата.) Еве ти старо!
(Одеднаш се слуша пцуење на цигански.) ... Аууу, заборавив каписли, богати!
ГЛИГУР: Ќе пукаш на Таип или на Габро?
ЕЛИЗАБЕТА: Антибутик, море! На шес саати по две!
ГЛИГУР: Ти да не имаш трипер?!
ЕЛИЗАБЕТА: Имам јајници, море! Сум настинала! (Се смее.) Доктуре, да ти кажувам за
тој киниколок, ти да не веруваш! А-па-па! Велеше: „Турни ги гаќите... легнувај овде...
раширувај ногите“... Да пукнам ако ти лажам!
ГЛИГУР: И кога ти ги рашири нозете, тој ти се кошна?
ЕЛИЗАБЕТА: О, па ти!... Мија рацете, море! Со сапун, жими Насер! Ај еднаш, ај
двапати... ама мии десетпати, кога ти велам! „Аман, доктуре, му велам имам уште пет
куќи да чистам, после ти мии ги рацете...“ А тој си смеи: „За тебе ги мијам... за да не те и...
и... илфицирам...“ А јас му велам: „Е, па ти, доктуре! Па ти да влегуваш внатре, сосе
кондури па нема да ми илфицираш... Што кркала мојава... (Се смее, потоа зема чаша вода
и испива две капсули.) Доктуре... (Се мисли дали да му го отвори срцето.) Мемет... ми
вика во Италија...
ГЛИГУР: Да просиш?
ЕЛИЗАБЕТА: Ти да просиш!... Да бидам домаќинка, море! Има три приколки... „Ан...
дрија“, една за него да си шири, другите за деците... Јас да држам ред... да чувам
клучовите, да вардам, да чистам, да варам манџа, да перам... да бегам гајле за деците...
ГЛИГУР: Па, ќе одиш ли?
ЕЛИЗАБЕТА: (Прашањето како да ја уплаши. Невесело.) Ќе одаааам... Ми се смачише
ова чистење, богати! Види! (Покажува на нередот во собата. Самата да се убеди, ама
неуверливо.) Ќе уживам!... (Сѐ понеуверливо.) Ќе шетам!... Ќе купувам... Ќе пуштам
нокти... (Покажува на прстите... Додека таа зборува се отвора вратата од станот на
Гавро, полека-полека. Господин Лазе, клекнат, со врзани за врвци чевли, во забите, како
пес кошница, долазува до вратата на Слаѓан, ја отвора и влегува кога Елизабета вели:
„ноктите...“.)
4.
(Останува зад врата, на четири нозе, чевлите му се мавтаат од забите, Елизабета се
стаписува уплашена.)
ГЛИГУР: (Се смее.) Господине Лазе! Пробисвету светски! Пак бегаш од некој љубоморен
маж!
ЛАЗЕ: Пссс!!! Бежим од Гаврила!... Мисли да сум у клозет...
ГЛИГУР: Зар е противзаконито да си в клозет?
ЛАЗЕ: Клозет ми е успутна станица до спас! Имам на располагање свега пет минута!
ГЛИГУР: Те одрале на покер, немаш да платиш па бегаш?!
ЛАЗЕ: (Дури сега станува, протестно се исправа, ги вади чевлите од заби.) Зар мене,
београдски џак, да одеру аматери?! Ти изгледам одран? (Ги прчи градите.) Ти како
лекар...
ГЛИГУР: (Го гледа: ситен, мршав, стуткан, блед, со црвени од неспиење очи.) Свеж си
како утринска роса!
ЛАЗЕ: Не баш роса али... (Се чука по гради.) Не родила мајка... (Брзо буричка в џеб и вади
сноп банкноти.) Цирка: седумдесет и две милијарди... или у новијим динарима седамсто и
двадесет милони или у конвертибили Антета Марковиќа седамдесет и две хилјадарке...
(Запејува.) Седумдесет и два данаааа, на мом сецу лежи ранааа“. (Деловно.) Се
договоривме да играме до нула нула часови, а еве: сунце је грануло, зрачак вири кроз
гранчице...
ГЛИГУР: Па зошто ти дале пет минути?
ЛАЗЕ: Они дале?! Хе!... Јас побарав пет минута пауза: физиолошке потребе... нервозен
стомак, недостиг киселина... Мој организам до нула нула часова функционира како

6
Туѓо сакаме, свое не даваме
швајцарски саат... А после... внимание деконцентрира, тело дехидрира. Кондиција, синко,
ква нон! Дијабетес ленте! Помислих: спас Слаѓан! Он спрема мог унука Рубенса... (Гледа
низ станот.) Шпајз... плакар... под неки кревет – не пребирам! (Гледа на саатот.) Још
два и пол минута и коцка биќе бачена!
ГЛИГУР: Плакарот, шпајзот, клозетот, креветот се првите места каде што таа полициска
’ртка ќе побара...
ЛАЗЕ: (Ги шири беспомошно рацете.) Онда... проштавајте на деранжману! Одам да им се
предадам на милост и немилост. Давне хиљаду деветство... (И полека тргнува кон
вратата со чевлите в раце.)
(Елизабета го гледа со сочувство и нешто му шепоти на Глигура, јасно е дека го тера
нешто да смисли, да направи.)
ГЛИГУР: Господине Лазе, по враќањето од Белград ти каде работеше! (Тоа е повеќе
потсетување одошто прашање.)
ЛАЗЕ: Не спомувај ми живу рану моју!... (Со гадење.) Во театри: перикер, шминкер....
фризер – последња рупа на свирали! Још минут и двадесет!
ГЛИГУР: Секое зло за добро! Искуство! Сега наплати го!... Туркај ги панталоните! (Лазе
послушно се фаќа на тоа како давеник за сламка. Го олабавува каишот на панталоните и
тие сами се смолзнуваат и на подот. Ги гледа своите танки и бели нозе со модри вени и
покажува жално на вените.) Како Дунав, Волга и Рајна на карти Европе!
ГЛИГУР: Лиз, соблекувај ја робата!
ЕЛИЗАБЕТА: (Се повлекува протестно.) Курвар! Јас не сум... Јас сум... Уу, богати! (Лазе
брзо вади од џеб две банкноти од по еден милон нови динари, односно од по сто
конвертибилни динари и ѝ ги тутнува во прслукот на Елизабета, таа веднаш омекнува.)
Кога ти кажуваш, доктуре... Ајде господине Лазе, омрси го петлето... Да ти подмладам...
(Го крева показалецот.) Само да бидиш нежен оти јас уште не сум деформисана! Ќе ме
боли... И да држиш во тајна...
ГЛИГУР: Не мисли што мислиш, кучко! Господин Лазе ќе ти биде само малку мајка! Ти
си болна, ете примаш антибиотици, мајка ти дошла да те одмени... Додека да помине
рацијата од Гавро.
ЕЛИЗАБЕТА: Мајка ми е умрена, море! Да не гибаш во коските...
ГЛИГУР: Сега ќе ја видиш жива! Дај ја робата и шамијата! И кармин! Ти облечи некоја
кошула од Слаѓан! Ајде, господин Лазе, покажи што знае еден театарски уметник!
Идентификувај се со мајка ѝ!
(Лазе брзо влегува в клозет.)
ЕЛИЗАБЕТА: (Ги вади парите од прслукот, ги погледнува и со страв пак ги враќа назад.)
Доктуре, богати, двесте курвертибилни динари... па да влезам и јас (Покажува на
клозетот.) да види лезет човекот кога платил! А да знаиш, знам оти и тој сака! Му
видувам од очите и од рацете. Кога ми пикнуваше парите овде, ми штипеше малку, жими
Насер! Да појдувам... да мириснува барем малку... (Срамежливо покажува меѓу нозе.) да
фати барем малку... Сум земала пари, богати!
5.
(Влегува Лазе, Елизабета зинува.)
ЕЛИЗАБЕТА: Ааааууу! Асли мајка ми Шадија! Да види мајка ми, ќе вели: сестра!
ГЛИГУР: Пар екселанс трансформација, господине Лазе! Мајка Тереза! Мајка храброст!
ЛАЗЕ: Ми се тресат коленициве!
ГЛИГУР: Не бој се! Уметноста ќе победи! На своето работно место!
(Лазе клекнува крај легенот, тананика „Чае, чае шукарија“, ја кваси крпата и уште да ја
исцеди, влегува Гавро.)
6.

7
Туѓо сакаме, свое не даваме
ГАВРО: (Строг, со пендрек в рака, шара со погледот, шврка во воздухот со пендракот.)
Вторпат некој да ми избега од клозет! Нервозен стомак... Киселини!... Пфуј!... Која е оваа
антика?
ЕЛИЗАБЕТА: Мајка ми Шадија, богати! Ти како првпат да ја видуваш!
ГАВРО: Денеска само Ѓупци ми се мотаат пред очи! Пфу!
ЕЛИЗАБЕТА: Што ти вадиме очите ние, море?! И ние, Ѓупците, сме луѓе! А анамдманите
за брасво и единсво? А...
ГАВРО: Ако те оптегарчам, не ќе знаеш каде да се пикаш од братство и единство! Оваа
желка веднаш да се чисти одовде! Ја смрдевте куќава!
ЕЛИЗАБЕТА: Немој така, богати! Можи мајка да ти бидува! Има седумдесет и две
години! Ми помогнува, ми боли главата!
ГАВРО: Штом и Ѓупците почна да ги боли глава, се помоча работата!
ЕЛИЗАБЕТА: Мене ме боли на нервозна база, ееј! Од Таипа! (На Лазе.) Ана, да ти
кажувам: Таип сакаше да ми деформиса. Ме спаси овој Гавро! Го знаиш Гавро од
внатрешниот!
ЛАЗЕ: (Со омаловажување, ситно.) Сум го гледала... на пазар, ако е тој...
ГАВРО: (Клекнува до Лазета.) А знаеш ли дека и јас сум те видел негде... ама каде?
ЛАЗЕ: Ако си купувал метли... јас продавам метли...
ГАВРО: (Веќе станат за да си излезе.) Како не! Секој ден купувам по една метла – не ми
траат! (Излегува.)
ЛАЗЕ: (Станува.) Коленициве ми се здрвија!... Ме спасивте, драга Елизабет!
ГЛИГУР: Ќерка ако не спаси мајка, кој?... Сега Лиз ќе ни свари по едно кафе! (Елизабета
на плинско решо вари кафе.) Елизабета, пред војната господин Лазе работел во Белград...
ЛАЗЕ: (Со жал.) Прохујало са вихором!
ГЛИГУР: Ајде погоди со што се занимавал господин Лазе во Белград?
ЛАЗЕ: И не покушавај, девојченце! Уједињене нације во својата номеклатура на занимања
од шездесет хилљада, ја немаат опфатено мојата професија. (Кафето е готово, Елизабета
им тура во филџани, велејќи.)
ЕЛИЗАБЕТА: Да не бил во Белград кумунис кај другарот Тито и Јованка?
ЛАЗЕ: (Се штрекнува како попарен.) Ни у сну! (Сркнува од кафето.) Па ово ко у
Скадарлији у оно време! Свака ти час, Лиз!
ГЛИГУР: (Ѝ шепнува гласно.) Бричел минџи, Лиз!
ЛАЗЕ: (Со гримаса го одбива тој прост израз.) Интимне делове тела дама и мушкараца!
Интимне делове.
ЕЛИЗАБЕТ: И... мажи?!!
ЛАЗЕ: Мажите чак лакше! Има за што да ухватиш! (Покажува со рака. Елизабета го
гледа со зината уста.) Не гледај ме сад, девојчице! Друго сме сега! Сасвим друго!
Олињали, офуцани ко вук са Проклетија после дуге љуте зиме... Али онда! Осамнајес
годиница...! У цвату младости... Калемегдан! Теразије! Кнез Михајлова! Славија! Ламбет
вок!... Краљица поља! (Запева носталгично: „Када јутром сунце грааане, тад напуштам
ја пољанееее... О, мило моје дете, најљепши пољски цветееее...“.) Ресторани, биоскопи,
фијакери, даме и господа, на сваком углу вруќи печени костени, топли ѓевреци... (Запева:
„Купите ѓавреке, укусне ѓевреке, овамо новаца, бацајте ви...“.)
ЕЛИЗАБЕТА: Па зошто се врати ваму, кога ти бидувало толку добро?
ЛАЗЕ: Рааат!!! „Боље рат него пакт, боље рат него пакт“... Бомбардовање, расуло,
Германци...
ГЛИГУР: Пссст!!! Некој доаѓа! (Му дава знак на Лазета да клекне крај легенот. Лазе со
филџанот в рака, седнува скрснозе крај легенот.)
7.
ГАВРО: (Влегува со пендракот в рака, разгледува сегде, ѕирнува под маса.) Како в земја
да пропадна, крвта негова!... Оваа стоногалка уште овде?

8
Туѓо сакаме, свое не даваме
ЕЛИЗАБЕТА: Ти кажував, богати, болна сум. Гледај! (Му ги покажува капсулите.)
ЛАЗЕ: Уште малку да чистам, синко, и ќе одам, да не ти лутам...
ГАВРО: Колку ти плаќа ќерка ти за чистењево?
ЕЛИЗАБЕТА: (Плеснува со раце и ги вади двете банкноти од прслукот и му ги дава на
Лазета.) Заборавував, анааа! На, земи, да одиш во некој моден бифтек во Трговскиот да
си купуваш улаопки!
ГАВРО: И да си купи! Ѝ помодреле нозеве! Си ја пуштила боса на штициве! (Лазе, кој ги
има свиткано панталоните, си ги покрива голите нозе со робата, Гавро го гледа.) Види
нозе, докторе! Сѐ побели и побели генерации Ѓупци!
ГЛИГУР: Родени во слобода.
ГАВРО: А ние сѐ поцрни и поцрни!... Што вели кафето... мајко?
ЛАЗЕ: Еве да гледаш сам и да си учиш! (Гавро клекнува и гледа во филџанот.) Види,
синко, многу ајван! И лисици и кучки и... еден ѓавол. Болес тоа синко!
ГАВРО: А... пари нема?
ЛАЗЕ: Нане лове, синко!
ГАВРО: Ауу, па ти си знаела перфекно ѓупски?!!... А ова? (Гавро го брцнува пендракот во
филџанот.) Не се пари?
ЛАЗЕ: Тоа... бесно куче, синко, погано куче... да бегаш...
ГАВРО: (Гледа во филџанот.) Мене ми се гледа како пари! Како некакви седумдесет и две
илјади конвертибилни динари! Маме ти ебам!!! Ме моташ цел саат! Цела зграда превртев,
а ти овде – глумиш! Театарски игри „Војдан Черноземски“! (Го фаќа за брада и го
исправа на нозе.) Ќе те убијам!!! Ќе те смачкам!!! (Глигур и Елизабета се доближуваат
од две страни готови да го бранат Лазета.)
ЛАЗЕ: (Му се нуди.) Повели, друже Гавриле! Изволи, господине Гавро! Убиј ме! Смачај
ме! Кој не може Лазета да убије?! Олињали стари вук са планине Проклетија! Убиј!
Смачкај! Али да знаеш: на правди бога ме земаш на душа! Се договоривме до нула нула
часот, а еве: сунце је грануло, а јас мораќу да идем на рутински преглед код присутног
господина доктора Глигура! (Покажува со рака на Глигура.)
ГЛИГУР: (Истапува еден чекор, авторитативно.) Точно! Коронарна инсуфициенција...
Дијабетес ленте... бронхоспазам акута... дискинезија на жолчните патишта...
уретеролитијаза акута...
ЕЛИЗАБЕТА: (Исплашена, со зината уста, плеснува со раце.) Богати!!! Па ти си готов,
чичко Лазе!!!
ЛАЗЕ: (Предупредувачки, строго, крева показалец кон Елизабета.) Гос-по-дин! Господин
Лазе! (Тој секогаш до крајот на претставата, ако некој му се обрати со „чичко“ го
прави тоа, освен, се разбира, кога така ќе му се обрати Ицко Курбла, кому навистина му
е чичко.)
(Гавро ги гледа извесно време и, врснувајќи со пендракот, излегува.)
ГЛИГУР: Навистина си за преглед, господин Лазе... (Загрижен е.)
ЛАЗЕ: Јел ја?! Набиен сум со кондиција! Пипни! (Ја ситкува раката и го напнува
мускулот.) Мускуле на мојим ногама! (Се чукнува по бутина.) Трбушне мускуле –
мотоциклом можеш преко њих! Још има потенције у овим грудима! Пипај! (Глигур не
пипа, на Елизабета.) Пипај! (Елизабета стои нерешително. Легнува на подот и почнува
да прави склекови.) Један... Два... Три... (И лицето му паѓа на подот, рацете му
попушаат, не мрднува.)
ЕЛИЗАБЕТА: Доктуре! (Тој ѝ дава знак со рака да го остават да си почине.)
ЛАЗЕ: (Полека станува.) Води ме, докторе, на преглед! Не затоа што ми е потребен, ами
затоа што на Гавро сам му рекоа да идем с тобом на преглед, не бих хтео да испаднем
лажов!
ЕЛИЗАБЕТА: Седи си овде, чичко Лазе... ќе ти сварам чај... ќе ти дадам локум...
ЛАЗЕ: Ништа не зауставља Лазета на пола пута!... Идем у авантуру! Импулс! Животен
сок!
9
Туѓо сакаме, свое не даваме
ГЛИГУР: Каква авантура? Каков импулс?
ЛАЗЕ: Твоја болница! Јато младих сестара у белим мантилима! Сок живота! Ако ме ти
препоручиш...
ГЛИГУР: Ќе те препорачам како ништо!
ЛАЗЕ: Идемо онда! Чао, голубице! (Излегува, Глигур по него. По малку се враќа,
соблекувајќи ја робата и вадејќи ја шамијата од глава.) Умало да заборавим! (Излегува,
патем бришејќи си го лицето од шминката со шамиче. Елизабета го гледа и се чуди, па
се зафаќа со суредување на собата. Одеднаш се сеќава на парите, брзо буричнува во
џебовите на робата, нема ништо. Отрчува на прозорец, гледа на улица, вика.)
ЕЛИЗАБЕТА: Чичко Лазе! Чичко Лазе! (Одмавнува со рака како по пропадната работа.)
Отидоа парите! (Се облекува на прозор и гледа на улица.)
8.
СЛАЃАН: (Влегува во собата. Во тренерки, бели патики, задишен. Ѝ приоѓа на
Елизабета напрсти и ја шлакнува по газ.)
ЕЛИЗАБЕТА: (Срипува исплашена.) Ууууу! Ми зеде душата! Море!...
СЛАЃАН: (Додека таа вика тој оди кај каучот.) Ела да ти шмукнам!
ЕЛИЗАБЕТА: Да ѝ шмукниш на таа! (Отрчува до каучот и од под ќебе ги вади
килотите.) На оваа!
СЛАЃАН: (Ѝ ги зема килотите од рака и ги мириса.) Стевка! Таа некогаш и газот ќе си го
заборави овде!
ЕЛИЗАБЕТА: (Со потсмешлива гримаса.) Пи, пи, пи! (На погледот од Слаѓан вели.)
Газот ќе си го заборави кај оној со она...
СЛАЃАН: Кој оној со она? Со што? Кој?
ЕЛИЗАБЕТА: Оној... (Покажува со рака кон вратата.) Гавро... со...
СЛАЃАН: Со пендракот?
ЕЛИЗАБЕТА: Тој, ами кој! Сум ја видувала влегува кај него... излегува.. и други мажи
влегуваат... и други жени... Слаѓан!!! И жената сум видела на оној... на телевизијата
зборуваше за... за... пру... плу... ри... зам.
СЛАЃАН: За плурализам?
ЕЛИЗАБЕТА: А, а, а! Таа! Она! Да видуваш, Слаѓо! Си крие лицето... вака... оди вака...
Курва, жими Насер! (Слаѓан замислен.) А! Те бараше и Жижи! Речише: да ја чекаш,
бидувало многу важно...
СЛАЃАН: (Легнува на грб на каучот, пуши.) Учениците не дојдоа? (Елизабета со глава:
не!) Ги боли нив петелот за часот! А татковците нивни ќе плаќаат...
ЕЛИЗАБЕТА: Слаѓо... (Незгодно ѝ е.) Слаѓо... да си бараш жена...
СЛАЃАН: Уште?!
ЕЛИЗАБЕТА: Жена за да чисти овде, курвар! Јас... ќе одувам во Италија... Мемет...
9.
(Јако тропање на врата и влегува Таип, со полна пластична кеса в рака.)
ТАИП: Чао! Да се извинам, другар Слаѓо! Се извинувам!... Елизабето, пак, богати, писмо
од Суват од Њуворк! (Го вади писмото од џеб.) Да го чекаме на Железничка па да го
чекаме! Ќе ни носи во Америка па ќе ни носи! (Ѝ ја дава кесата.) Сѐ е тука: и обетки, и
блуза, и кондури, и улаопки, и чевли... И да знаиш: сум ти купил мантил од „Герас Цуне“
скроз наскроз нов! Да си дотеруваш пред Суват! Во 11 да дојдуваш кај мене да го
облекуваш, да ти види Суват! (Ѝ го подава писмото, таа го зема нерешително, по кратко
двоумење.)
ЕЛИЗАБЕТА: Кога велиш ти...
ТАИП: (Ги крева рацете како по добро свршена работа.) Јас сега дупам. Ај чао!
(Излегува клатејќи со рамениците како да се пробива.)
ЕЛИЗАБЕТА: Имам да чистам горе. Ќе дојдувам кога ти ќе одиш... (Излегува.)

10
Туѓо сакаме, свое не даваме
(Слаѓан ги вади килотите од под кебе, ги гледа, ги мириса. Се отвора вратата нагло и
влегува Елизабета, Слаѓан брзо ги пакува килотите под кебе.)
10.
ЕЛИЗАБЕТА: (Доаѓа до Слаѓан и нешто му шепоти набрзина, видно вознемирена.)
СЛАЃАН: (Луто.) Сум ѝ рекол: овде – не!
ЕЛИЗАБЕТА: (Го гледа и врти со глава.) Си земуваш беља на главата. Слаѓоооо! Ицко
Курбла ќе ти сечи гркланот како на јаре, жими Насер!... Требаше да дојди овде малку
порано, ќе ја фатуваше жива!
СЛАЃАН: Како ќе дојди?! Ицко сега е во Африка негде!
ЕЛИЗАБЕТА: Не Ицко, Чичко Лазе! Чичко му на Ицко! Седише овде...
СЛАЃАН: (Бесен.) Шти барал овде тој?!
ЕЛИЗАБЕТА: (И таа се налутува што нејзе ѝ вика.) Ми бричише овде! (Ѝ се фаќа меѓу
нозе.)
СЛАЃАН: Зар станов мој е берберница?! Викни си го дома па бричи се, стрижи се, куби
се...!
ЕЛИЗАБЕТА: Ууу, будал!... (Смирено.) Чичко Лазе играше карти кај оној со она...
(Покажува пендрек со рака.) Ги бричил седумдесе и два миљони... не... седумдесе и две
иљади курвертибилни динари... и си криише овде! (Ги раширува полите од својата роба.)
Клинкур така кажуваше!
СЛАЃАН: Кој Клинкур?!
ЕЛИЗАБЕТА: Ооо, па ти! Кој Клинкур! Па ти си нормален, богати! Доктур Клинкур!
(Покажува со рака кон таванот, значи: стан над нив.)
СЛАЃАН: И докторот бил овде?! Па што било овде? Тркалезна маса? (Тропање на врата.)
11.
(Се слуша музика. Влегуваат Жаклина и Рубенс. Рубенс носи в рака огромен транзистор,
кој свири. Слаѓан ѝ дава знак на Елизабета да излезе, таа излегува со гримаса на лицето
кон Жаклина, Рубенс ѝ се плази. Слаѓан му го гаси транзисторот на Рубенс.)
ЖАКЛИНА: Добар ден... професоре! (Го шибнува со лакт Рубенса.)
РУБЕНС: (Нерадо.) Добар ден... професоре...
ЖАКЛИНА: Бевме во Автотранс да прашаме кога се враќа Ицко па наминавме патем. Ме
интересира како учи Рубенс... професоре... (Многу е официјална.) ... Ќе се интересира
татко му кога ќе се врати од Азија... (Му шепнува.) Вечер! (Му дава скрришни знаци да го
испрати надвор Рубенса. За тоа време Рубенс е веќе кај масата и ги полни џебовите со
ореви.) Значи... овде живеете, професоре? (Разгледува како првпат да е овде.)
СЛАЃАН: Рубенсе... (Рубенс не му обрнува никакво внимание па Жаклина вресна.)
ЖАКЛИНА: Рубенс!!!
СЛАЃАН: Земи си некој орев... И оди да ми купиш цигари... (Рубенс не мрднува од место,
Жаклина ступотува со нозе и пак вреснува.)
ЖАКЛИНА: Рубенс!!!
(Дури сега Рубенс ги зема парите што му ги подава Слаѓан.)
СЛАЃАН: За мене цигари, за тебе гума за џвакање.
РУБЕНС: И чокоалдо! (Ултимативно.)
СЛАЃАН: И... чоколадо! (Рубенс тргнува одвај влечајќи ги нозете.) Не трчај толку, да не
си скршиш некоја нога! (Рубенс излегува плазејќи се.)
ЖАКЛИНА: Слаѓо, готово! Трудна сум!
СЛАЃАН: (Ја гледа во мевот.) Трудна?!... Не те познава!... Мрда?
ЖАКЛИНА: На два месеци да мрда?! Ти како никогаш да не си раѓал!!! Повраќам!
СЛАЃАН: Секој повраќа... Татко ми... Пиј јаболкова кислеина – чуда прави!
ЖАКЛИНА: Чудото е направено! Сега само чудо може да нѐ спаси! Ицко го ПОЗНАВА
ова мое повраќање! Кога бев трудна со Рубенса... А, и Рубенс знае!
СЛАЃАН: Дека си трудна?! На Рубенс си му кажала?!!
11
Туѓо сакаме, свое не даваме
ЖАКЛИНА: Сум му кажала!... Нѐ видел во четвртокот... во шпајзот...
СЛАЃАН: Нели го пуштивме на кино?
ЖАКЛИНА: Место на кино, тој гледал филм низ клучалката на шпајзот!
СЛАЃАН: Маме му ебам раси... Откај знаеш ти дека не видел?
ЖАКЛИНА: Веднаш штом си отиде ти, ми вели: „Мамо, зошто се боревте со професорот
во шпајзот?“... Не се боревме, сине!... „Аааа, знам: се ебававте!... Мамо, што правите кога
се ебавате?“ (Почнува да плаче.) Ако му каже на Ицко... (Одеднаш ѝ доаѓа да поврати.
Брзо ја покрива устата и влегува в клозет. Во тој миг се слуша тропање на врата.
Слаѓан моментално ја заклучува бравата на вратата од клозетот. Влегува Жижи.)
12.
ЖИЖИ: (Сета, од нозе до глава, е во црно. Фрла поглед низ собата и прошепотува
радосно и страсно.) Сам си?! (Тргнува кон Слаѓана со раширени раце.)
СЛАЃАН: Псссс!!! (Покажува кон вратите.) Ученици!!!
ЖИЖИ: Па што?! Нека гледаат – нека учат!!! Слаѓооо! (Му оди со раширени раце, со
напучени гради.) Слаѓо, готово! Го-то-во!!!
СЛАЃАН: Трудна си? (Ја гледа во мевот.) Не се познава! Мрда?!
ЖИЖИ: Јас – трудна?!! Јас сум... (Гордо.) неротка!!! Во мене можеш да џвркаш колку што
сакаш!!! (Крик.) Џврчниии!!!... Цврцни!!! (Ги гледа оревите на маса.) А гледам – имаш
што да џвакаш! Ако не ме лажат лушпиве, уште рано-рано си офукал кило и пол ореви...
СЛАЃАН: Учениците гнетеа...
ЖИЖИ: Учениците?! Ги колкаш со ореви?! За испит ги спремаш или за колење како
мисири?... (Пак ги шири рацете, му ги нуди градите.) Заколи ме, Сла-ѓоооо!!! Сега!!!
Овде!!! Цела ноќ те... ааааах!!!
СЛАЃАН: (Отстапува од неа назаднешкум.) Псссс!!!... Па... што е готово?
ЖИЖИ: Умира! Горово! Готов е!
СЛАЃАН: Затоа ти сета во црно?
ЖИЖИ: Додека е жив, до последниот негов здив, ќе носам црно! А кога ќе ме видиш во
бело, да знаеш – за него бијат камбаните!... Слаѓоооо!!! Препрчали ме! Напучи ме! Сега!
Додека е жив – последен поздрав од мене!
(Од клозетот се слуша гргорење на вода, празнење и полнење на казанчето.)
СЛАЃАН: (Во паника.) Учениците!!! Бегај! (Ја турка кон вратата.) Оди! Дојди утре
рано. Те чекам! (Ја истуркува низ врата и ја заклучува вратата. Кваката од
клозетската врата кврцнува еднаш, двапати и потоа удар со раце на вратата однатре.
Слаѓан брзо ја отклучува.)
ЖАКЛИНА: Зошто ме заклучи?! Ти нешто криеш од мене!!!
СЛАЃАН: (Во паника.) Јас?!... Тебе те кријам!... Ќе те фатеше жива!!!
ЖАКЛИНА: (Исплашена.) Рубенс?!
СЛАЃАН: Гавро! Оној од внатрешни што своевремено го уапси мажот ти... Му снемало
кафе па... Душка! Проверува! А ти баш тогаш кврцкаш со бравата!
ЖАКЛИНА: Извини, Слаѓо, извини! Стопати извини!
СЛАЃАН: Другпат кога ќе те заклучам в клозет – тишина и уживај! Стопати уживај!!!
13.
(Влегува Рубенс со цигари и чоколадо. Ги гледа испитувачки.)
СЛАЃАН: (Му ги зема цигарите од рака и за да му го одврати вниманието.) Браво,
Рубенс! Момче на место си – Титов пионер! За тебе имам уште нешто... (Бара низ
масата.)
РУБЕНС: Чоколадо?
СЛАЃАН: Ќе те колкам со чоколада!... Имам... (Ја наоѓа книгата.) Царство на животни!
Еве! Во колор и во боја! (Рубенс му ја грабнува книгата од рака, седнува на подот и
почнува да ја прелистува.)
РУБЕНС: (Покажува со прст на слика од книгата.) Што е ова, професоре?
12
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Лав... цар на животните!
РУБЕНС: А ова?
(Слаѓан почнува да се нервира, врти со глава, ги стиска тупаниците, Жаклина му дава
знаци да не го лути Рубенса.)
СЛАЃАН: Орел... цар на небото!
РУБЕНС: А ова? (Осети дека го нервира професорот, па садистички ужива.)
СЛАЃАН: (Замавнува со рака, но ја задржува во воздух.) Ќути!!!
РУБЕНС: (Писнува како да беше удрен.) Мамооооо!!!
(Жаклина дотрчува над него, го гали по косата и гледа во сликата.)
ЖАКЛИНА: Мајмун! (А на Слаѓан со шепот.) Испрати го негде! (Рубенс пак покажува
слика на книгата, и сѐ така, нему му одговара гласно, а на Слаѓан со шепот.) Крава!...
Смисли нешто!... Слон!... Вечер мораме... Мисир!... Ако вечер не... Носорог!
СЛАЃАН: (Свикува.) Ау, ќе заборавев! Му ветив на внучето од сестра ми... дошле некои
специјални наградни албуми со купони за видеорекордери, касетофони, системи... Морам
да побрзам, да не се продадат...
(Рубенс ги начули ушите.)
ЖАКЛИНА: Рубенс ќе ти купи, професоре!
РУБЕНС: (Ултимативно.) Ама два – еден за мене!
СЛАЃАН: Еден за тебе! Држ пари! Албуми има... кај железничката станица... Без албуми
да не ми се враќаш!
(Рубенс истрчува од сцена.)
ЖАКЛИНА: (Веднаш писнува.) Мајчееее! (И му се фрла во прегратка на Слаѓан.)
СЛАЃАН: (Покажува на таванот над глава.) Ќе те очисти како два и два! На нозе!
(Жаклина гледа во таванот, па во Слаѓан.)
СЛАЃАН: (Пак со прст кон таванот.) Доктор Глигур! Другар ми е! Два месеца не е
ништо!
ЖАКЛИНА: (Пркосно.) Не сакам да абортирам!!!
СЛАЃАН: Што? Не те чув! Ај, речи уште еднаш!
ЖАКЛИНА: (Подвлекува.) Не сакам да абортирам! Ако тој има посеано деца низ цел свет,
нека има дома и едно светско дете!
СЛАЃАН: Кој тој?
ЖАКЛИНА: Мажот ми! Ицко! Не го знаеш ти него што курвар е!
СЛАЃАН: (Ги шири рацете.) Па... роди го тогаш!
ЖАКЛИНА: Како да го родам?
СЛАЃАН: Како како?! (Покажува како да го роди со ширење на нозете.)
ЖАКЛИНА: Со години не легнал со мене! Не сум јас света дева Марија!
СЛАЃАН: (Се смешка донжуански.) Нема потреба сега од негово легнување! (Се чука в
гради.) Детето е направено!!!
ЖАКЛИНА: А што ќе му речам кога ќе се роди?
СЛАЃАН: Честит син... Нека е здрав и жив... напредно бебе... Четири кила... Личи на
тебе... Има што да му се рече...
ЖАКЛИНА: Има! Ќе му кажам дека ТИ го направи!
СЛАЃАН: (Потскокнува како удрен в јајца.) Ти си луда!!!
ЖАКЛИНА: А кога ќе праша за таткото?
СЛАЃАН: (Панично.) Мораш да го абортираш!!!
ЖАКЛИНА: (Инаетчиски.) Нема да го абортирам! Тоа да знаеш!
СЛАЃАН: (Во паника, размислува гласно.) Не сакаш да го абортираш... не смееш да го
родиш... Нема решение...
ЖАКЛИНА: Има! (Слаѓан ја фаќа за рамена како свој спасител.) Ако вечер тој легне со
мене, ќе му родиме – СЕДМАЧЕ!
СЛАЃАН: (Пресреќен.) Ќе му родиме!!!
ЖАКЛИНА: (Ладен туш.) Ама тој за ништо живо не сака да легне со мене!
13
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Зззошто не сака? Згодна си... три месеци по африканскине и азискине
муслимански пустелии без жена...
ЖАКЛИНА: Без жена?!!! Ги има твој цела сурија, не го знаеш ти Ицко Курбла! Светски
курвар!
СЛАЃАН: Ицко?!!
ЖАКЛИНА: Ицко, Ицко – не исчудувај се!... Васто во Кавадарци... Ајша во Ниш...
СЛАЃАН: Ѓупка?!?!
ЖАКЛИНА: Со неа има три деца!
СЛАЃАН: Ѓупчиња?!!
ЖАКЛИНА: Не! Американчиња!... Една во Германија – Грета...
СЛАЃАН: Откај знаеш ти за сите тие... твои колешки?
ЖАКЛИНА: (Брзо ја отвора чантата.) Еве откај знам!... Сите џебови му се полни со
фотографии, со адреси, со телефони, со писма... (Се расплакува.) Да ги крие, нема толку да
ми биде криво, ама тој... на сите им ги покажува, се фали... Еве оваа! (Зема фотографија и
ја извишува в рака.) Ја мавта пред шоферите...
СЛАЃАН: (Ја гледа фотографијата.) Оваа – Германката Грета: коса како слама, очи како
вода...
ЖАКЛИНА: Таа е Ѓупката од Ниш!
СЛАЃАН: (Се распаѓа од чудење.) Ајша?!!?
ЖАКЛИНА: Ајша, Ајша!
СЛАЃАН: (Ја гледа фотографијата и се крсти.) Ако оваа е Ѓупка, јас сум – Марсовец...
зелен... (И покажува со раката: мал.)
ЖАКЛИНА: Па ти си и зелен и Марсовец! Денеска ни Ѓупките не се веќе Ѓупки...
Брусхалтери, хулахопки, накит, дезодоранси, оксижени... А види ги децава! (Му дава
фотографија.)
СЛАЃАН: (Гледа.) Овој среде – Рубенс!
ЖАКЛИНА: Реџеп! Читај назад!
СЛАЃАН: (Ја вртува фотографијата, чита.) „За успомену и дуго сеќање на свој тату
Ицко Курбла од Реџеп, Кемал и Ќазим“.
СЛАЃАН: Реџеп, Кемал и Ќазим! Барем едно да крстел со наше, словенско име, продадена
душа! Лазар, Ангел, Никола, Кирил, Методија, Наум, Климент... А Васто од Кавадарци?
Одам често во Квадарци... ако ја видам...
ЖАКЛИНА: И да ѝ се кошнеш! Ама со неа нема убаво да си поминеш! Сум чула... (Му
открива тајна, шепотејќи гласно и возбудливо.) била сексуален манјак! Го тепала Ицко...
СЛАЃАН: Таа – Ицко, или Ицко неа?!
ЖАКЛИНА: Таа, таа Ицко! Го соблекувала угол гол и го швркала со камшик по гол газ!
Го научила сус да ѝ стои како кученце!
СЛАЃАН: Откај знаеш ти за сево ова?
ЖАКЛИНА: Шофериштата зборуваат. Тие сѐ знаат меѓу себе. (Му се свртува гневно-
плачно како Слаѓан да е крив.) И зошто Ицко доаѓа вечер, а утре рано си заминува пак на
пат?!!
СЛАЃАН: Можеби... мора?
ЖАКЛИНА: Мора. Утре заминуваат и другите шофери, ама тие и дојдоа дома пред седум
дена. По три месеци возење низ светот добиваат по една недела одмор и си доаѓаат право
дома, а Ицко... право кај овие! (Удира со рака на чантата.)
СЛАЃАН: (Восхитен од Ицко.) Па него човек треба да го... обеси! (Ова „обеси“ го вели
како „ОДЛИКУВА“.) ... А ти – ништо!
ЖАКЛИНА: Па што можам јас, Слаѓо?! Јас сум чесна и поштена жена! Му се галам, се
тркалам во него, се соблекувам... Ништо! Бега од мене како да сум крастава! Магија ли му
прават тие...?
СЛАЃАН: Туѓото е послатко, тоа е магијата... (Идеја!) Да не сака Ицко твој да го тепаш?!
Мазохист?!... Да пробаш вечер да го врснеш со камшик по гол газ?!
14
Туѓо сакаме, свое не даваме
ЖАКЛИНА: Јас – Ицко?!
14.
ГЛИГУР: (Влегува без да тропне на врата, се порева очигледно пијан, пее некоја песна,
всушност ја мрмори. Жаклина се свртува со грб.)
ЖАКЛИНА: (Со шепот.) Ме виде!... Мајчице...!
СЛАЃАН: (Со шепот.) Пијан и без очила ништо не гледа. Гледај! (Му заоѓа зад грб и му
ги зема очилата од малото џепче на палтото и ги става во свој џеб.) Пијан си, говедо!
ГЛИГУР: Јас – пијан?!! Ха!... Бесен сум!... Крвна слика... екаге... ацетон... А тој?! Им се
кошнал на сестрите! Си барал како леб да бара!... „Авантура! Животен сок! Импулс!“
(Слаѓан и Жаклина ги собираат рамениците во смисла: ништо не разбираат што
зборува.) „Доктор Глигурие лично ме препорачува! Ко човека са потенцијом! Пипните!
Темјанушке моје планинске! Да ве пијам ко росу на ливада! Ружо, дозволи да те погалам
со моево кусо стапче!“ (На Жаклина.) Лизо, знаеш ли ти што е кусо стапче?... Ти знаеш
само за... аха-аха! (Покажува со рака нешто големо.) Акаткаси! Бабачко! Твоите Ѓупци...!
Оној твој Таип...! Слаѓо, тој нејзин Таип ја слече гола... овде, пред мене! Лизо! Не сум
знаел дека под твоите партали се крие таква снага! Такви цц... Седни до мене да ми срце
не вене! (Жаклина го погледнува Слаѓана, тој ѝ дава знак да седне крај масата до него.)
Дозволи... (Ја прегрнува и сака да ја бакне, Жаклина се трга.)
СЛАЃАН: Можеш ли ти како лекар...?
ГЛИГУР: Зошто да не можам? Ние лекарите да не сме скопени? Евнуси? Лизо, дозволи...
те видов гола... не можам сега... Да му покажеме на газдава твој дека ние лекарите...
(Жаклина се тргнува.) А можеш да му се расчепатиш на гинекологот?! (Се лути сѐ
повеќе.) Му велиш да влезе во твојата минџа сосе чевли!
СЛАЃАН: Барам од тебе помош како од лекар, дрво! Треба да помогнеш маж да легне со
жена...
ГЛИГУР: Кој маж? Која жена?
СЛАЃАН: Маж во својата жена!
ГЛИГУР: Некој импотентен? Тешко! Да сме во Германија... Таму има сауни со млади голи
девојки... масажи... Што се смееш?
СЛАЃАН: Масажи! Го замислувам мажот на жената во сауна со голи девојки! Тоа е исто
како во полн кокошарник да пуштиш гладна лисица!... Ако тој е импотентен, јас и ти сме
докливкани старци!
ГЛИГУР: Тогаш не сфаќам...?
СЛАЃАН: ВЕЧЕР тој МОРА да легне со жена си!
ГЛИГУР: Вечер, ПРВА брачна ноќ? (Жаклина придушено се смее.)
СЛАЃАН: Во брак се... (Жаклина му покажува со прсти.) ... дванаесет години...
ГЛИГУР: Дванаесет години во брак и баш вечер мора да легне со неа?! Утре ќе пропадне
светот!
СЛАЃАН: Утре тој заминува на пат и се враќа по неколку месеци!
ГЛИГУР: А таа пизда не може да почека? Кај чекала дванаесет години, нека почека уште
некој месец!
СЛАЃАН: Трудничка е... од друг...
ГЛИГУР: Во кој месец?
СЛАЃАН: (Жаклина му покажува два прста па три.) Крај на вториот, почеток на третиот
месец...
ГЛИГУР: Играчка! Едно абортувче... На два месеца тоа се прави со една рака! Со лева!
(Жаклина со прст: не!)
СЛАЃАН: Абортус не доаѓа предвид. Таа сака да го роди.
ГЛИГУР: Па нека го роди. Велиш: бремена е! Зошто сега мажот ѝ мора да легнува со неа?
Да го доправи детето?

15
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Кога мажот ѝ ќе се врати од пат, таа ќе биде олкава во мевот! И – ќе ја заколе!
И неа и... Не го знаеш ти Ицко!
ГЛИГУР: Ицко од Градско зеленило?
СЛАЃАН: Што си ми зелен! Ицко од Автотранс!
ГЛИГУР: Ицко Курбла?!
СЛАЃАН: Ицко Курбла. Го знаеш?
ГЛИГУР: Можеби се сеќаваш на 1979 година...
СЛАЃАН: Не можам да ја заборавам 1979! Имаше помрачување на...
ГЛИГУР: не знам за помрачување, ама... Во нашата болница работеше една сестра...
Словенка... Адријана... Мики ја викавме... Русокоса... убава... тело... Очи... Јас тогаш... (Се
испрчува.) ... многу...
СЛАЃАН: Повисок!
ГЛИГУР: Па и повисок! Не гледај ме сега! Годините, покрај другото, и те (Притиска со
рака надолу, сака да каже: те скусуваат.) ... Љубов на прв поглед...
СЛАЃАН: Кај тебе?
ГЛИГУР: Обострано!... Свршувачка... Одредивме ден за регистрација... Бурми... Од Солун
ѝ купив невестински фустан, за мене костум... пепито... А тоа ѓубре...
СЛАЃАН: Костумот?
ГЛИГУР: Ицко Курбла! Го донесоа на болница... Апендектомија... Операција на
апендицитисот... Слепо црево, мисир!... А Мики... Фрли око на него...
СЛАЃАН: Ти ја презеде со... слепо црево?!!
ГЛИГУР: После ми ја презеде! Без слепо црево!
СЛАЃАН: Не му кажа дека сте свршени?
ГЛИГУР: Да му кажам! Глигур е достоинствен човек!... Тој не ме ни знае мене!... И ти
сега бараш да му помогнам да дупи жени?! Добро што не бараш и да му го тинкам!
(Станува, решен да си оди.)
СЛАЃАН: (Го задржува.) Мислев: има малку мозок во таа твоја кокошкина глава! Ако
помогнеш, таа по седум месеци ќе му дрсне бебе на твојот Ицко! Туѓо! На тој светски
швалер! На тој ебисвет! Поубава сатисфакција за преземањето на твојата Словенка – каде?
ГЛИГУР: (Погледнува во таванот (небо), за себе.) Те начекав Ицко Курбла! Правдата ќе
биде задоволена!... Велиш: жена му е убава? Па зошто не легнува со неа?
СЛАЃАН: Што знам јас? Заситеност... Ја изгустирал... Одбивност... Има жени низ цел
свет... Затоа жена му и не сака да абортира. Сака да му го закачи така по женски.
ГЛИГУР: Секоја ѝ чест! Тоа е жена! Најправилно!
СЛАЃАН: Најправилно, ама тој не легнува со неа!
ГЛИГУР: (Малку се замислува, па со прст ја вика поблиску до себе Жаклина.) Ти! Дојди
овде! (Жаклина му се доближува.) Мажот ти не сака да легне со тебе...! (Жаклина во
паника погледнува во Слаѓана.) Мажот ти не сака да легне со тебе...! (И очекува од неа
одговор, Жаклина отстапува исплашена, и Слаѓан е вчудоневиден.)
СЛАЃАН: Остави ја... жената! Јас тебе те прашувам, а ти...
ГЛИГУР: Ти не мешај се! Јас како лекар... сакам да ти помогнам. (На Жаклина.) Мажот ти
не сака да легне со тебе, што ќе направиш? (На Слаѓан.) Жените тоа подобро го знаат од
мене и од тебе!... (На Жаклина.) Што ќе направиш? (Жаклина отстапува.)
ЖАКЛИНА: Јас... јас... (Гледа во Слаѓана, очекувајќи да ја спаси.)
СЛАЃАН: Остави ја жената... Гледаш дека ѝ е незгодно...
ГЛИГУР: (Зачуден.) Од кого незгодно? На оваа?! Од мене – лекар?!
СЛАЃАН: Од тебе, што ако си лекар!
ГЛИГУР: (Се смее.) Од мене?!!! Ха-хааа! Преѓе ќе ми ги извадеше очите што не ја
препрчалив! Кажи му што ми рече! (Слаѓан и Жаклина сега сфатија дека тој сѐ уште
мисли дека пред него е Елизабета, па се ослободија. На Слаѓана, ја имитира Елизабета
од преѓе.) „Не почнувај ако не теруваш докрај! Сега нема назад! Ми дојдише млекото!“
(На Жаклина.) Кажи, што ќе правиш ако оној твој... како се викаше?... Како се викаше
16
Туѓо сакаме, свое не даваме
мажот ти што е во Германија? (На Слаѓана.) Жениното лукавство и умешност да го
привлече мажот немаат граници... Затоа сакам да ја чујам!
СЛАЃАН: Остави ја... незгодно ѝ е од... мене...
ГЛИГУР: Од тебе?!!! Ха-хааа! Од тебе! Баш од тебе! Таа не те знае што курвар си!!! (На
Жаклина.) Покажи му ги килотите! (Жаклина не мрднува.) Покажи му ги килотите!
(Жаклина се штутка, гледа во Слаѓана, Глигур и вика.) Оние што преѓе мене ми ги
покажа! (Слаѓан се присетува дека Глигур мисли на килотите под ќебето на каучот и
паника го фаќа.) Јас ќе ти ги покажам! Оваа преѓе ми ги покажа а сега се здрвила...
(Глигур тргнува кон каучот, Слаѓан го задржува грубо.)
СЛАЃАН: Стој! Чисти се одовде штом не сакаш да помогнеш! Нека го абортира и –
готово! Мислев имаш некој начин... Оди си!
ГЛИГУР: Не дозволувам абортирање! Зар сега кога... (Му доаѓа идеја.) Вечер кога Ицко...
мислам пред легнување... нека му пушти преку телевизор некој порно филм... сигурно
имаат видеорекордер... (Жаклина со прст кон Слаѓана: не!)
СЛАЃАН: Порно филм! Ицко Курбла низ Германија и Турција гледал толку порно
филмови што ако жена му му пушти, дури тогаш ништо не правиме... Имаш ли ти некое
средство... медикамент... афродизијак...?
ГЛИГУР: Има... Една инјекција...
СЛАЃАН: Инјекција! Да го доведиме кај тебе и ти ќе му речиш: „Ицко, турни ги
панталоните, веднаш нема да те боли!“... Друго некое средство, мисир! Прашок...
таблети...
ГЛИГУР: Има... Има афродизијаци колку што сакаш! Полни хормони... Ѓумбир...
Јохимбин... Шафран... Тартуф... Влакна од волк... Шпански муви... Шпанските муви имаат
најјака афродизијачка моќ!
ЖАКЛИНА: (Само и излетува од уста.) Шпански муви!
СЛАЃАН: Шпански муви!... Вечер одам кај нив...
ГЛИГУР: Одиш кај нив?! Дома му ја дупиш жената?! Се расипа светов!
СЛАЃАН: Им го спремам детето, бездар! Ќе појдам и ќе му дадам...
ГЛИГУР: (Мило за драго.) Ќе земиш лажиче, ќе го наполниш со муви и ќе му речеш:
„Зини Ицко, воопшто не горчи“...
СЛАЃАН: Ќе му турам во храната, мајмун!
ГЛИГУР: Мајмун ќе бидам ако ти дадам ТИ да му туриш! Шпанските муви, погрешно
дозирани, делуваат како јак отров! И кој ќе го крка тогаш? Јас!
СЛАЃАН: Ќе купам торта, ќе напикам шпански муви, ќе им речам роденден ми е...
ГЛИГУР: И бидејќи од роденденските торти јадат сите, тие ќе се налапаат и ќе настане...
општо клање! Или ќе им речеш: „Тортава само за Ицко!“
СЛАЃАН: Ако е така... нека абортира!
ГЛИГУР И ЖАКЛИНА: Никако! (Само Глигур.) Да пропуштам ваква прилика? Сами ќе
направиме торта! Своевремено гледав како ги прави мајка ми Ѕака... Имаш свеќи?
СЛАЃАН: И восок ќе нашибаш во тортата?!
ГЛИГУР: Свеќите за дување, мисир! Роденден ти е! Ти ќе дуваш, Ицко Курбла ќе пее:
„Хепи дееееј“ а жена му ќе те држи за... (Покажува со рака.) „Голем да ми растееееш“...
Почнуваме! Лизо! (Вади од џеб клуч.) Оди горе кај мене, во наткасната до креветот има
една картонска кутија за чевли...
СЛАЃАН: Си ми купил чевли за... роденденот?
ГЛИГУР: (Му покажува сливка.) Прирачна аптека, има и шпански муви... (Слаѓан и дава
знак на Жаклина да оди, со рака покажува над глава, што значи станот над него.) Јајца,
млеко, брашно...
СЛАЃАН: Имам.
ГЛИГУР: ... путер. Чоколадо. Еден дел од тортата ќе филуваме со чоколадо, под
чоколадото – шпански муви. Другиот дел од тортата: желе бонбони, цреши, јагоди, суво
грозје... Шоферите не сакаат такви шарени-марени торти... (На Жаклина.) Што чекаш ти?
17
Туѓо сакаме, свое не даваме
Трк! (Жаклина излегува.) Крши ореви! (Слаѓан почнува да крши.) Имаш вага? (Слаѓан
потврдува.) Имаш готвач?... Книга готвач, дрво! Со рецепти за торти!
СЛАЃАН: Па ти рече: мајка ти Ѕака си ја гледал!
ГЛИГУР: Мајка ми Ѕака умре пред 27 години! Ако згрешиме во дозирањето, место торта
ќе испадне малтер... туткал... каша...
СЛАЃАН: (Телефонира.) Ало! Овде Слаѓо... Жижи, ти си?... Не ти го познав гласот. Од
плачење? Умре?!... Плачеш дека не умира?! Ќе умре, не бој се! Кој останал жив?... Ми
треба рецепт за торта... Не, не јас... (Го погледнува Глигура.) Сестра ми ќе ја прави...
Сестра ми... Мики!
ГЛИГУР: Да ти ебам сестрата!
СЛАЃАН: Роденденска?... Одлично! Давај рецепт!... Штоо?! Давај друг!
ГЛИГУР: Зошто друга? Баш роденденска треба!
СЛАЃАН: Ти ќе снесеш 24 јајца?!... Не ти велам тебе, Жижи!... На сестра ми...
Свадбарска?... Може, давај!... Четири јајца? Одлично!... Десет пудлици? А, пуслици!...
Мелени!... Јајцата да ги вариме на пареа... педесет грама какао, двесте грама мелени
ореви... путер... ванила... млеко! Фала, Жижи!... Знам, знам, утре изутрина кај мене! Те
чекам! (Ја остава слушалката.) Кај ќе бараме пуслици?
ГЛИГУР: Бисквити место пуслици!
15.
ЖАКЛИНА: (Влегува со кутија в рака. На Слаѓан со шепот.) Низ ходникот се мота онаа...
Ѓупката... Незгодно ми е...
СЛАЃАН: Оди си ти дома. Вечер доаѓам! Сега знаеш сѐ!
ГЛИГУР: Ја најде, Лиске?
ЖАКЛИНА: (Му ја дава кутијата, тој ја штипнува за газ.)
ГЛИГУР: Срце си! Ууу! (Пак ја пофаќа за газ.) Гулабица газлеста! За со тебе не им
требаат шпански муви на мажите!
(Жаклина се тргнува од него и немо поздравувајќи се со Слаѓана излегува.)
ГЛИГУР: (Ја остава кутијата, по условен рефлекс буричнува со рака во малото џепче за
да ги земе очилата и потоа, блиску наведнувајќи се над кутијата, бара низ лековите,
вади некое мало шишенце.) Како се варат јајца на пареа? Првпат слушам за такво варење!
СЛАЃАН: Прашај во Поштата, Информации!
ГЛИГУР: Зошто јас?
СЛАЃАН: Имаш глас! Авторитативен, докторски! Врти: девет девет осум!
ГЛИГУР: (Телефонира, се испрчува, важен.) Ало!... Ало!... (На Слаѓан.) Да не штрајкува
Поштава?... Ало!... А, другарко! Овде доктор Глигур Пештерски! Ве молам: како се варат
јајца... Иди ти у пичку мајчину, мочке една! Јас неа фино... Мрш! (Го треснува
телефонот.)
СЛАЃАН: Да ги свариме обично?
ГЛИГУР: Обично! Ќе испадне салата од јајца!... Прашај ја Жижи!
СЛАЃАН: (Телефонира.) Ало!... Жижи! Пак јас!... Уште плачеш?!... Подобро му е?!...
Побара да јаде?!... Дај му нека се натупа нешто луто, солено и мрсно – ќе скине конци за
пет минути!... Отров? Чекај! (На Глигур, најобично.) Жижи сака да го отруе мажот си –
што отров препорачуваш? (Глигур го покрива лицето со двете дланки.) Што е сега?
Жената сака само да си го отруе својот маж, не твојот! Вие како да не труете луѓе на
болница?... (На Жижи.) Жижи, однеси го на болница! Однеси го и оди купувај ковчег и
плац на гробишта!... Да им тутнеш некоја марка за посигурно и побрзо?... Не треба!
Лекарите бараат марки за лекување, за оперирање, за кревет... Усмртувањето уште им е
бесплатно!... Кажи сега како се варат јајца на пареа!... Ти да дојдеш да ја направиш? Ќе се
навреди сестра ми!... Јајцата да се изматкаат во сад... Садот се става во поголем сад со
вода која врие... Се меша... Ред фил, ред дробени пуслици... Фала, Жижи! Знам, де! Утре
изутрина кај мене! Те чекам!

18
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Што е тоа? Ванила?
ГЛИГУР: Шпански муви, мисир!
СЛАЃАН: Ова – шпански муви?!
ГЛИГУР: Ти да не сакаш муви со крилца, да летаат...? Ова е екстракт од 17 милиони муви!
16.
(Влегува Елизабета, Фрла поглед на двајцата и оди в клозет, не ја затвора вратата, ги
гледа и наслушува скришум.)
ГЛИГУР: Правам рез под чоколадниот дел, ги ставам мувите... Пази таму: чоколаден дел
да не земе детето или господин Лазе – тој и без афродизијак ги нападнал сите сестри на
болница, со афродизијак тебе ќе те нападне а не... (Ги крева двете раце што значи:
готово со мене?) Си одам! (Тргнува да излезе.)
СЛАЃАН: Ако има... компликации?
ГЛИГУР: (Застанува исплашен.) Какви компликации?!! Ако се придржуваш на моите
инструкции... (Излегува.)
ЕЛИЗАБЕТА: (Доаѓа до Слаѓан, го фаќа за тренерка.) Слаѓо, да појдуваш кај Зубер...
СЛАЃАН: Кој Зубер?
ЕЛИЗАБЕТА: Зубер, богати! Улица „Питу Гуле“ број 43, сите одуваме кај него кога
имаме мака или проблем...
СЛАЃАН: Каков Зубер, каков проблем?!
ЕЛИЗАБЕТА: (Се истава од него и го гледа.) Ај, богати – каков проблем! Она со
Жаклина!... Со Ицко, море!... За Жаклина! То ќе бидува за Ицко, ама за Жаклина! Сестра
ми Надире, ја знаеш! Млада, јака, а мажот ѝ Џељадин – аха! Кога му тураше во манџата
иљач од Зубер – шес деца! Иљми, Етем, Есма, Ханама, Неџмја, Атиџе, Јелдез, Сузана...
(Како да му соопштува најголема државна тајна.) Млеко од магарица! (Со прст го
опоменува.) Од магарица, немој од магаре!... Толчени мадиња од брав, семки од лута
пиперка, Ицко да бидува лут на онаа работа, јајце од врапче, лушпа од орев... Нека јади
Ицко Курбла – има да видиш!... Зубер, никој друг!
17.
(Втрчува, Таип, пијан, лут.)
ТАИП: Ама кај си ти, богати?! (Покажува на саатот на рака.) А на Железничка? А сум
ти купувал мантил од „Герас Цуне“!
ЕЛИЗАБЕТА: Си пишманив, богати! Ми е жалосно за Насер! Ќе одувам во Италија... За
Суват твој да оставувам мое дете? Како така?!
(Таип пак збеснува и пак си ги бара своите работи: обетки, блуза, хулахопки, чевли... Сѐ
се одвива на истиот начин како претходниот пат. Таип ги замотува во блузата и
излегува, Елизабета ја облекува шарената роба.)
ЕЛИЗАБЕТА: Многу ми прави комбинации во живот овај Ѓуптин, Слаѓо! Да не сум добра
во срце, ќе го колам, жими Насер!
(Некаков туп јак шум пред врата.)
18.
РУБЕНС: (Влегува со топка што ја скока од подот.) Професоре, никакви албуми нема ни
кај Железничката ни кај Автобуската станица... Си купив топка... (Ја скока топката:
тап-тап-тап. Му оди на нерви на Слаѓан.)
(Се отвора брзо и грубо вратата и влегува Гавро, водејќи го за уво Таипа. Таип во една
рака бовчата, а со другата покажува на Елизабета.)
ТАИП: Нека кажува, другар брат! Кажи, мори!
ГАВРО: Ќут! (Го шлакнува по глава. На Елизабета.) Ти пак?!! Операции нон стоп! (Го
крева пендрекот.) Сега крв ќе промочате, племе ваше фараонско! (Замавнува, Таип му се
измолкнува, бега зад Елизабета, таа му вика на цигански, тој и вика, Рубенс ја скока
топката, Гавро замавнува... Општа трчаница и брканица.)
КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ
19
Туѓо сакаме, свое не даваме

ВТОР ДЕЛ
Куќата на Ицко Курбла. Истиот ден навечер. Голем салон. По ѕидовите обесени
сувенири што Ицко Курбла ги донесувал од своите патешествија по светот. Долга маса
во центарот на салонот. На една столица крај масата седи Рубенс, божем гледа во
отворената тетратка пред него, а всушност под око го посматра Слаѓана, кој врти
околу масата, нервозен, пуши цигара по цигара.
1.
СЛАЃАН: Плус во заградата!
РУБЕНС: (Го треснува моливот на маса.) Не ми е умот во задачата! Сега има цртан
филм!
СЛАЃАН: Ќе те нацртам ако ти залепам една! Татко ти ме плаќа за цртани филмови!
(Чекори пред врата, глас: „Полека... полека...“.)
РУБЕНС: Тате!!! (Трча кон вратата.)
2.
(На вратата се појавуваат Таип и Лазе. Таип го фатил Лазета за половина и го молкне,
нозете од Лазета безживотно се влечат по подот. Таип го истура Лазета на една
фотелја и си ги брише рацете од панталони.)
ТАИП: Тежок, аа-па-паа! (Лазе подзинат, кркори, мавта со рацете како да нема воздух.
Слаѓан го грабнува телефонот.)
СЛАЃАН: Ало!... Ало!... Глигуре, брзо кај господин Лазе дома! Инфаркт или... Не сакам
да чујам за брза помош! Брзо! (Ја спушта слушалката.)
ТАИП: Го чекам на Железничката брат ми Суват од Њуворк... Нема! Суват – голем лаж,
богати!
СЛАЃАН: Кај го најде човеков?
ТАИП: Па то сакам да ти кажувам, другар Слаѓо!
ЛАЗЕ: (Покажува со рака кон некоја фиока.) Таму... ленто... нитрат... Вода...
(Слаѓан ги наоѓа лентонитратите, Рубенс носи чаша вода. Таип му ги зема од раце
таблетките, ги отвора.)
ТАИП: Не бој се, Слаѓо! Сум бил санитарец во војска. Во Сараево! Санитарна служба,
богати! На овие раце ми умирале три војници! (Ги гледа таблетките.) Добри се – црвени!
Да имаше зелени... ама кога нема... Зини, чичко Лазе...
ЛАЗЕ: (Одвај крева прст.) Гос-по-дин Ла-зе! (И папсува.)
ТАИП: Зини, господин Лазе! (Таип му ја пика таблетката и му тура вода в уста.) Да не
си плашиш! Дај сега раката! (Му мери пулс, гледа на саатот на својата рака. За тоа
време Слаѓан, нервозен, гледа низ прозорец долу на улица.) Пулсот добар! Ај сега диши!
(Таип му ја залепува главата на гради.) Диши, не бој се!... Ај, сега не диши! (На Слаѓан.)
Добро диши, чич... господине Лазе!... Ај сега рече „ааа“. Не бој се! (Му ја расчепатува
20
Туѓо сакаме, свое не даваме
устата и гледа внатре.) Супер! Сега да ти кажам чич... господине Лазе! Јака рана! Ќе ти
спаси јака рана! Лубеница, леблебии... И да правиш фискултура! (Му покажува.) Лева
нога горе, десна рака доле, десна рака горе, лева нога доле, ен, два, три... Да земиш после
јаже...
ЛАЗЕ: И... да се... обесам...
ТАИП: Да скокаш, богати! Ќе мочаш лесно! Тебе ти треба мочање, чич... господин Лазе.
ЛАЗЕ: (Веќе закрепнат од лентронитратот.) Благодариме, Таипе. Бог ми те послао!
Реваншираќу се стократно! (Буричнува в џеб, Таип одбива.)
ТАИП: Никако, чи... господине Лазе! Ферски! Јас сум пошол на Железничка да чекам
Суват од Америка. Да сум пошол специјалистички за тебе, е, то друго двајсе! Јас, богати,
да се обесувам – Суват не дојдува, јас мој бизнис овде шкартирам, не сум више отпадник –
сите врски и бизниси со Отпад цепам – каде сега? На клупа во најдлабок парк да умрам
како пес! А таму – господин Лазе... на клупа, без живот, не мрдаш богати! Како да ти
оставам? Не е ферски! Ај, чао (Излегува.)
ЛАЗЕ: (На Слаѓана кој го гледа загрижено и постојано оди до прозорецот и го чека
Доктор Глигур.) Мала тренутна слабост, младиќу, се колнам!... Ево, (Станува, ги шири
рацете – некој вид фискултура.) Све је прошлост... (Се присеќава.) Они ходници во
болницата... па оно екаге... па чаша за мочка... (Се стресува.) Али – сестре!!! Нивната
младост...
СЛАЃАН: Нивната младост и твојата зрелост, искуство – животворна комбинација.
ЛАЗЕ: (Врти одречно со глава.) Курцшлус! Неразбирање од околине... они болничари, она
грубост... Ја са најбољим намерама... Пред таа младост ја како препуштен некој стихији,
како воден од некоја сила... Проклетство или дар божји – кој ќе му знае... Моје руке саме...
пекају за... Једно је сигурно – нисам имун на женско чељаде! Све се во мене напне, тражи,
тражи...
СЛАЃАН: Медицински сестри?
ЛАЗЕ: На моиве години није то играчка како код млаѓарије, веќ продужетак живота... Или
моментална смрт... на оној клупи... Слатка смрт! Али никако играчка! Она... Даница...
носим кој препоруке... од доктор Глигорија, кажем, препоручује ме... потенција кључа у
мене... (Заклучува тажно.) Нажалост, нисам био сфаќен!
РУБЕНС: (Му се умилкува, го гали по лицето.) Дедо, да одам да го чекам тате...
ЛАЗЕ: Прашај ја мајка ти... ако она... (Рубенс истрчува од сцена.) Мој Слаѓо! Сјатише се
око мене оне младе сестре... Бели мантили... жештина... под мантилима... (Тешко се
издишува, станува.) Да прилегнеме малце – Ицко воли да ме види свеж и јак и пун
животне енергије... (Тргнува кон една од вратите на салонот.)
3.
(Влегува Жаклина. Лазе ѝ оди во пресрет.)
ЖАКЛИНА: Да не се успиеш! Ако не сме сите на нога пред него, може...
ЛАЗЕ: Јел ја? Ни у ком случају! Спиеме како зајак – со отворени очи! На сваки шум, на
сваки збор... Осеќам сканију на двесте метара! (Излегува.)
ЖАКЛИНА: (Вознемирена.) Каде е Рубенс?
СЛАЃАН: Да го пречека татка си. Рече тебе ќе те праша...
ЖАКЛИНА: Мајчице!!! Ако остане насамо со него... (Ѝ доаѓа да повраќа, ја покрива
устата со рака.)
СЛАЃАН: Не бој се ништо. Тортата!!! Оди сега облечи се, дотерај се секси – да не
оставаме сѐ на мувите.
ЖАКЛИНА: (Ги шири рацете, самоуверена.) Готова сум!
СЛАЃАН: Готова?!! Вака... мислиш да го пречекаш?!... Какви се овие атлетски рамења?!
Хокеј ќе играш?
ЖАКЛИНА: Последен моден крик на париските модни креатори!

21
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Тие модни педери направија од вас креатури! Жена која е поширока во
раменици одошто во колковите не е жена ами нилски коњ!... Што е ова?
ЖАКЛИНА: Карнери. Ти како да не читаш „Бурда“. Последен крик! Јосипа Лисац...
СЛАЃАН: Гледај да заличиш на Јосипа Лисац, ќе го видиш последниот крик! Последен
крик – и твој и мој! Знаеш ли ти кои жени ставаат карнери? Жени штици! За да скријат
дека немаат ништо! Ни цицки, ни газ! А твоиве? Зошто ги криеш со карнери?... Што е ова?
ЖАКЛИНА: Боже, Слаѓо, ти како да не си видел патент!
СЛАЃАН: Сум видел! На вреќи за спиење! На шатори за кампување! На патни торби!
Патент овде, патент овде, патент овде – кој ќе те чека да ги отвориш?... Што е ова?
ЖАКЛИНА: Копчиња! Елега...
СЛАЃАН: (Покажува на фустанот.) Копчиња, копчиња, копчиња! Како компјутер си! А
ова?
ЖАКЛИНА: Џеб.
СЛАЃАН: А ова?
ЖАКЛИНА: Џеб.
СЛАЃАН: Колку џебови си нашибала?! Како планинар! Што ќе клаваш во сите тие
џебови?
ЖАКЛИНА: Ништо. Тие се украс!
СЛАЃАН: Ужас! Под овој фустан ни трага од твоето убаво тело! Соблекувај ги! (Таа го
соблекува.) Што е тоа што ти се закопало в месо?
ЖАКЛИНА: Брусхалтер! Париски модел „Пигал“! Провиден... (Ги напрчува градите.)
Види форма!
СЛАЃАН: Форма! Ги деформира! Фрлај го!
ЖАКЛИНА: Па да ми провиснат како вимиња!
СЛАЃАН: Овие да провиснат?! Како камен се! Мермер! Пушти ги слободни! Ја гледаш
Саманта Фокс!
ЖАКЛИНА: Фукса!
СЛАЃАН: (Побожно.) Фукса!
ЖАКЛИНА: Ако го фрлам брусхалтерот, дали комбинезонот ќе може...
СЛАЃАН: (Вџашен.) Ти да не мислиш комбинезон да носиш?! (Ги шири рацете.) Збогум,
шпански муви!!! Како во фолија да си! Фустанот треба да се залепи на телото – само така
телото ќе проговори!
ЖАКЛИНА: Без брусхалтер, без комбинезон... па ти ќе побараш и гаќичкиве да ги фрлам!
СЛАЃАН: (И ја пикнува раката меѓу нозе.) Носиш гаќички?!! Тогаш стави и катанец таму
и – дуќанот е затворен поради попис!
ЖАКЛИНА: Слецијално ги купував за вечер... Танки, еластични, провидни...
СЛАЃАН: Фрлај ги! Нека пулсира слободно! Нека ги емитува непречено своите ароми,
своите пораки! Само така ќе проработи приемот на Ицко!
ЖАКЛИНА: А пупките?
СЛАЃАН: Кои пупки?
ЖАКЛИНА: (Покажува на пупките на своите гради.) Овие пупки! Без комбинезон, без
брусхалтер ќе го продупат фустанот – како лешници се!
СЛАЃАН: Тоа се бара! Не си ја видела Ленче?
ЖАКЛИНА: Ама ме токмиш со Ленче, подобро да се убијам! Кога оди по улица, мажите
збркнале во неа, ја соблекуваат со погледи, ја голтаат!
СЛАЃАН: А ти сакаш да ја вртат главата од тебе?
(Жаклина, поколебана, размислува, а Слаѓан ѝ го поднесува саатот под нос, ѝ укажува на
времето.)
ЖАКЛИНА: Добро! Сѐ ќе фрлам! (Плачно, поколебано.) Само хулахопки под фустан,
мајчицеее!
СЛАЃАН: Хулахопки?!?!
ЖАКЛИНА: (Му ги покажува високо кревајќи го фустанот.) Ползела! Гледај!
22
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Ѕиври! Татко ми Велјан носеше вакви кога падна в постела од ревматизам!
ЖАКЛИНА: (Исплашена.) Под фустанот апсолутно ништо?!
СЛАЃАН: Како ништо?! А ова? (Ја фаќа за гради.) А ова? (Ја фаќа за газ.) А ова? (И ја
пика раката горе меѓу нозе.)
ЖАКЛИНА: На голо фустан?!! Што ме мислиш ти мене – курва? Јас сум чесна и поштена
жена!
СЛАЃАН: Си! Ама чесните и поштени жени на улица треба да бидат чесни и поштени, а
дома, пред својот маж – курви!... Знаеш ли ти зошто уште при првото мое доаѓање овде ми
го сврте умот? Затоа што ме дочека во фустан...
ЖАКЛИНА: ТИ да го облечеш тој фустан пред Ицко!
СЛАЃАН: И Ицко да легне со мене!
ЖАКЛИНА: (Плачно.) Подобро гола да излезам пред Ицко одошто во тој фустан!
СЛАЃАН: Гола?! Ицко не те видел гола? Мажот сака да замислува, а не – туп! Сѐ на
послужавник! Му убиваш секаква фантазија!
ЖАКЛИНА: Мајчице моја! Тесен, кус, тенок, провиден, деколте довде, шлиц довде...
Ицко ќе ме задави од мавање – во тој фустан пред туѓ маж...!
СЛАЃАН: Кој туѓ маж?
ЖАКЛИНА: Ти! Пред тебе да излезам во тој фустан... Ицко ќе ме обеси на лустеров со
главата надолу!
СЛАЃАН: Ќе падне пред тебе како покосен!... Сега – фризурата! Што си ја стуткала вака?!
(Ѝ вади шноли од косата.) Дваесет и девет шноли!!! Пушти ја нека се павта, нека се вее!
Оди сега пресоблечи се, намирисај се, концентрирај се...
(Жаклина тргнува безволно, со наведната глава. Во тој момент влегува Лазе и ѝ се
истава од патот. Жаклина излегува.)
4.
ЛАЗЕ: Не можеме са заспиеме... Ваљда ова полна месечина... Ова шумолење на ветрот у
крошњама дрвеќа... Недавни импулси во болницата...
СЛАЃАН: Мораш да поспиеш! Да изгледаш свеж, јак, Ицко сака да те види полн со
животна енергија... Лежи со затворени очи...
ЛАЗЕ: Имаш цигара? Можда со цигара... (Слаѓан му тутнува цела кутија.) Не смееме да
пушиме, али...
СЛАЃАН: Многу работи не смееме. Ако правиме само што смееме, ништо не правиме!
ЛАЗЕ: Лепо речено. Јача дух...
(Остар звук на ѕвончето на влезната врата.)
СЛАЃАН: (Панично.) Ицко!!!
ЛАЗЕ: Ицко да ѕвони у својој куќи?! Ни случајно! Тој воли да се бупне апансас!
5.
(Се отвора вратата и влегува.)
ЕЛИЗАБЕТА: (Во едната рака држи весник, а со другата си го брише носот, плаче.)
ЛАЗЕ: Елизабет! Врата моје куќе широм су ти отворена, ко и моје срце, уосталом!
Младиќу, оваа лепота изутрина ме спаси од еден ѕвер у лудском облику. Беше тоа во
твојот гостољубив стан...
СЛАЃАН: Нешто многу денеска Ѓупциве те спасуваат, господин Лазе! Треба споменик да
им направиш!
ЛАЗЕ: (Ја става раката на срце.) Споменик је овде! (Елизабета почна погласно да
плаче.) Сузе радоснице! Продужавају живот! (Ја прегрнува.) Исплачи се, девојко, на беле
груди моје! (Ја пипка со рацете.)
ЕЛИЗАБЕТА: Слаѓо, тебе те барам...
СЛАЃАН: Па што плачеш? Дека ме најде?
ЕЛИЗАБЕТА: (Писнува, се ослободува од рацете на Лазе и му го дава весникот на
Слаѓан. Тој гледа на отворената страница. Со чудење.)
23
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Што ти е тебе овој?!
ЕЛИЗАБЕТА: Татко ѝ на мајка му и мајка му на татко ми се братучеди. Мене ми дојде
како чичко...
СЛАЃАН: (Со гримаса на чудење и неверување, чита.) „ОСТАВКА НА ДИРЕКТОРОТ –
Деновиве, во работната организација...“
ЕЛИЗАБЕТА: Не то, море! Ова!
СЛАЃАН: (Чита.) „РИМ – ОТКРИЕН НОВ КАНАЛ НА ТРГОВИЈА СО ДЕЦА –
УАПСЕНИ...
ЕЛИЗАБЕТА: Анааа!!!
СЛАЃАН: (Чита.) Во Италија постојат сѐ уште мрежи на деца Роми од Југославија кои се
обучуваат да крадат...“ (Елизабета пишти.)
ЕЛИЗАБЕТА: Наааасееер!!!
ЛАЗЕ: (Ја прегрнува, ја гали, раката му оди кон нејзините гради.) Твоево срце...
узнемирено... хоќе да искочи... (Ја фаќа за левата цицка.) ... ко птица... Наслони се на моје
груди! Не си сама во овој момент. Стојимо уз тебе ко гранит неки! Ако треба и у ватру и у
оган!
ЕЛИЗАБЕТА: Лажеше Мемет... му ги вадеше забите за да питаат, а тој ги терувал да
крадат... Анааа!!!
(Слаѓан кришум му покажува со саатот на рака дека времето мине, му дава знак да
излезе. Лазе потврдува дека разбрал и веднаш симулира јак напад на кашлица.)
ЛАЗЕ: (Ја отстранува од себе, благо.) Даље од мене, лепотице! Што даље, то боље!
Акутни напад бронхијалне астме! Бацам бацам на све стране! (Тргнува да излезе.) Идем да
инхалирам!... Држ го Слаѓо за Насер! (Излегува.)
ЕЛИЗАБЕТА: (Плаче.) Мемет го апциле...
СЛАЃАН: Па што сакаш од мене? Да му однесам цигари в затвор?
ЕЛИЗАБЕТА: Си зезаш на мој проблем!
СЛАЃАН: Па што сакаш? Аболиција за Мемет? Не е тој Азем Власи! Оди во Љубљана!
ЕЛИЗАБЕТА: (Му се умилкува.) Слаѓо... да НЕ бараш жена за чистење!... Суват не дојде,
Мемет в апц... каде јас? Морам да чистам за живот...
6.
ЖАКЛИНА: (Од зад грб на Елизабета од една страна влегува Жаклина. Веднаш се крие
зад врата, давајќи му знак на Слаѓан да се ослободи од Елизабета.)
СЛАЃАН: Не барам друга жена! Од тебе подобра нема, Лиз! Утре те чекам! (Ја испраќа
до врата и ја затвора вратата. Влегува Жаклина.) Супер! О-о-о! Сврти се! О-о-о!
Екстра!
(Охрабрена, Жаклина потрчува како птица низ салонот, бранувајќи секое делче на
своето тело. Застанува пред огледалото. Се здрвува.)
ЖАКЛИНА: Ле-ле! Која е оваа?!... Не личам на себеси!
СЛАЃАН: И не треба да личиш на себеси! Што дека досега личеше на себеси? Те
погледнуваше ли?
ЖАКЛИНА: (Се гледа во огледалото.) Како гола сум! Дури и папуков...
СЛАЃАН: Како гола, а не си гола – тоа е најслаткото! Оди сега!
ЖАКЛИНА: Каде да одам ваква?! Не мрднувам одовде па ако сака и куќава нека гори!
СЛАЃАН: Оди низ салонов, да видам како одиш!
ЖАКЛИНА: На две нозе – како одам!
(Жаклина прави неколку чекори, рацете спуштени крај телото како мртви. Пак целата е
здрвена.)
СЛАЃАН: Ц-ц! Одиш како кокошка! Треси!
ЖАКЛИНА: Што да тресам?

24
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Сѐ! Цицки... газ... колкови... мев... Вака! (Ѝ покажува чепатејќи се.) Ајде сега
ти! (Жаклина оди.) Ц-ц! Зар не си видела како одат жени на улица? Си ја видела ли
Марика?
ЖАКЛИНА: (Вџашена.) Марика офицерката?!!
СЛАЃАН: Марика офицерката. Кога таа оди по улица, цела армија мажи ја следи и голта
со очи... Ајде, пробај! (Жаклина оди.) Ц-ц! Си видела како оди мачка?
ЖАКЛИНА: Сум немала друга работа, мачки сум гледала! (На категоричен знак од
Слаѓан, таа пак тргнува.)
СЛАЃАН: Подобро е! Уште не е добро, ама подобро е! Вежбај!
ЖАКЛИНА: Ќе загорат сармите!
СЛАЃАН: Нека загорат! Нека јаде торта! (Жаклина тргнува, ги тресе цицките како да
сака да ги исфрли од себе, со груби, рески шлибнувања на рамениците.) Го заборави газот!
(Жаклина инстинктивно погледнува зад себе како газот да ѝ паднал на подот.) И газот
треба да го тресеш (Жаклина тргнува фрлајќи го задникот лево-десно, како да задава
удари со него.) Сега ги заборави цицките! треба истовремено. Газ без цицки или цицки без
газ – ветар!... Вака!... Ајде сега ти!... Така, така, така! Браво! (Жаклина оди извесно време
чепатејќи се, потоа застанува пред огледалото. Писнува, Слаѓан се штрекнува.)
ЖАКЛИНА: Мамоооо!!!
СЛАЃАН: (Парализиран.) Ицкооо?!!
ЖАКЛИНА: Пупкиве!!! Сѐ поголеми и поголеми! Растат!
СЛАЃАН: Нека растат! И треба да растат!... Земи сега...
ЖАКЛИНА: (Исплашена.) Што уште?!
СЛАЃАН: Шминка! Нема таква да му излезеш пред очи! (Жаклина вади од комодата крај
огледалото кутија со прибор за шминкање и влегува в клозет оставајќи ја вратата
отворена. Слаѓан гледа и ѝ дава упатства.) Образите! Уште поцрвени... пламнати! Крв!...
Усните! Поцрвени, подебели! Така! Страст да зрачи од нив! Подвлечи ги веѓите!
ЖАКЛИНА: (Вика од бања.) Сармите!!!
СЛАЃАН: Клепките! Осенчај околу очите сино! Така! Така! (Жаклина влегува.) Одлично!
Перфектно!... Сега вака! Ти разодуваш низ салонов – сѐ на тебе во движење! (Покажува
како режисер, кореограф.) Бранови, бранови, бранови!... Не со мевот напред! Каде со
мевот?! Цицките напред, газот назад! Така! (Жаклина се искривува сета – градите напред
како тркачи пред линијата на целта, а газот назад натртен.) Бранови, бранови!...
Пливај, пливај!... Летај, летај! Летај!... После ќе седнеш овде! (Ѝ покажува на една
фотелја.) Ама пази! Такво седнување, Ицко кога ќе те види да срипа до тван! Нога преку
нога... После ќе ги рашириш нозете и...
ЖАКЛИНА: И ќе го сликам!
СЛАЃАН: И да го сликаш!
ЖАКЛИНА: А ти?!
СЛАЃАН: И јас да го сликам со апаратов мој?
ЖАКЛИНА: Мислам: ти овде, а јас така седната, без гаѓи, пред туѓ маж...
СЛАЃАН: Јас ќе се свртам, ќе гледам в таван... Не! И јас ќе те гледам!
ЖАКЛИНА: И Ицко да ме заколе!
СЛАЃАН: ТИ ќе го заколеш! Маж ја пожелува својата жена илјадапати повеќе, ако види
дека и друг маж ја пожелува!... Прво и прво...
ЖАКЛИНА: (Премрена.) Псссс!!! Сканијата од Ицко!!! Мамоооо!!! (Бука од мотор на
камион, двајцата се гледаат премрени од страв, парализирани. Буката нагло, во близина,
престанува. Жаклина отрчува во еден ќош и се скукулува.)
СЛАЃАН: (Храбрејќи ја неа, се храбри и себеси.) Не бој се!... Што ќе браниш во ќошот?...
Дојди овде, да те види целата. Првиот ефект е пресуден!
ЖАКЛИНА: Ќе ни пресуди тој нам!... И ти тука да бидеш! Ако решил... двајцата!
7.
25
Туѓо сакаме, свое не даваме
РУБЕНС: (Влегува, свиткан под тежината на две преполни торби. Ги остава на подот,
фрла поглед на Жаклина, ѝ се исплазува, на Слаѓан.) Професоре, каде е мама?
8.
(Веднаш зад Рубенс се појавува ИЦКО КУРБЛА. Кожени панталони, кожена виндјакна,
кожен каскет, наклапушен над очи, мустаќи. Два огромни куфери в раце и уште некоја
торба префрлена преку рамо. Го исфрла багажот на подот, гледа со ококорени очи во
Жаклина. На Рубенс.)
ИЦКО: Професорот не ја чешла мајка ти! Сигурно е долу... в кујна – лупи компири...
матка јајца... Оди да ѝ помогнеш! Мрш! (Рубенс, исплашен, истрчува од сцена. Ицко ја
гледа Жаклина, вртејќи се околу неа, за да ја види одназад. Жаклина подзинува, ѝ доаѓа да
повраќа, со брзи чекори излегува од салонот.) Што е ова, професоре?!
СЛАЃАН: Кое?... Не знам на што мислиш?
ИЦКО: (Покажува во правецот каде што отиде Жаклина.) Бега од мене куклана твоја!
Толку ли сум... (Застанува пред огледало и самоуверено се гледа.) Не сум за фрлање!...
(Се чешка за брада.) Едно бричење...
9.
РУБЕНС: (Втрчува.) Тато, ја нема мама в кујна!
ИЦКО: Тебе ти се цица?... Мрш! Талнала негде, кај комшиките... Побарај ја таму! (Рубенс
излегува.) Што има ново, професоре?
СЛАЃАН: Сѐ... по старо... маткаме...
ИЦКО: Маткајте, маткајте, ама... (Го заплашува со прст.) ... да не излезе – смутка! (Со
глава покажува кон вратата каде што влезе Жаклина.) Ја бичиш!
СЛАЃАН: Молам?!
ИЦКО: Молиш! Се правиш недоветен! Те прашувам јасно: ја дупиш ли чантана?
СЛАЃАН: Немам ништо со...
ИЦКО: Немаш! И јас веднаш ти поверував!... Ја влечкаш со себе така... за занимавка... за
репрезентација... Ја пучиш ти неа, брат, од очите ти читам!
СЛАЃАН: (Подголтнува од страв.) Немам... ништо со неа...
ИЦКО: (Го гледа долго, му приоѓа и му става рака на рамо, крева прст.) И не треба да
имаш! Тие се за нас! За шоферишта... за скитници... за манги...
СЛАЃАН: Зошто... за манги?
ИЦКО: Затоа што се од оние! Шарените! (Слаѓан прави гест на одбивање, Ицко со рака
го задржува, брзо вади од џеб фотографија, му ја покажува.) Има ли разлика од
твојана?!... Немој сега да ме разбираш погрешно! Јас немам НИШТО против нив!
Напротив! Да не се тие, како ние, шоферишта и светски ашлаци, ќе дојдеме до пичка? Ќе
скапеме суви! Ама ти и таквите како тебе, што си седите дома, одбирајте малце – имате
време...
СЛАЃАН: (Збунет.) Не е таква како што мислиш ти...
ИЦКО: Не е?!! Ја виде ли како оди?!
СЛАЃАН: Како оди – на две нозе!
ИЦКО: На две нозе, ама меѓу нозе како да има заглавено некое кочаниште од оние што ги
кркала, кркала, па гази... плива, плива, плива... далги, далги! Нека дојде Жаклина моја па
прави разлика, гледај како оди чесна и поштена жена!... А фризурата?
СЛАЃАН: Што фризурата? Фризурата како фризура...
ИЦКО: Фризурата како фризура! Жена што си седи мадро, поинаку ја спаструва косата!
Види ја шушумигана моја, па прави разлика на фризурите – стуткана, стутулена, стисната,
па оди напаѓај на неа, ако си немаш друга работа!... А фустанот?!
СЛАЃАН: Фустан како фустан...
ИЦКО: Па ти си слепец! Не разликуваш жена со фустан НА ГОЛО од жена што под
фустан набувтала комбинезони, гаќи, ѕиври, елечиња...

26
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Природа... индивидуални разлики, некои се зиморливи, некои отпорни на
студ...
ИЦКО: Баш ми накажа! Научно! Професорски! Си се заблудел во твојата математика па
не гледаш подалеку од носот!... Жижи ја знаеш?
СЛАЃАН: (Подголтнува.) Која Жижи?
ИЦКО: (Ги шири рацете.) Една е Жижи!
СЛАЃАН: Мајка му на Пецо Кафеџија?
ИЦКО: Мајка му на Пецо Кафеџија! Жижи е неротка, еј! Можеш во неа да џвркаш! (Го
гледа од нозе до глава со отворен презир.) ако има што да џвркаш! (Пак покажува кон
вратата.) Оваа и Жижи од иста бранша се, јас ти потпишувам и со лева и со десна. Само
не знам која од нив е учителка во занаетот, а која ученичка. И Жижи вака: еден фустан,
под фустан – ништо! Само... оваа одбрала боја, а Жижи – црно, мажот ѝ е на умирање...
СЛАЃАН: И го жали?
ИЦКО: Се жали себеси! Умира со години... кога беше здрав тој, поголемо ѓубре немаше
на светот... Вели: „Кога ќе умре, ќе се облечам целата во бело, нека пукнат душманите!“
(Се стресува како пес излезен од вода.) Ууууу! Фустан на голо!!! Се залепил на месото,
влегува во секоја длабнатинка, во секое дупче, во секое цепче... Ја имаш во нето износ!...
Тебе, професоре, господ ми те пратил! Се крстам во тебе!
СЛАЃАН: За... Рубенс?
ИЦКО: Каков Рубенс, мисир еден??!! Онаа... Велиш немаш ништо со неа! Па... да се
паркирам јас кај неа... Ти мене неа, јас тебе Жижи! Жижи е жив оган!
СЛАЃАН: Ти верувам, но... не е проблемот во Жижи... Оваа е чесна и поштена жена!
ИЦКО: (Ги шири рацете.) Ти верувам!!! Трст, Марсеј, Минхен, Хамбург, Франфурт,
Истамбул се втурени со такви чесни и поштени жени, што чесно и поштено си го
заработуваат лепчето... (Бидејќи Слаѓан ќути, го прегрнува.) Го гледаш жолтион куфер?
Отвори го! Внатре има нешто за тебе... Пет штеки „Данхил“, шише црн виски...
СЛАЃАН: (Не е будала.) Ти секогаш кога се враќаш од пат ми носиш пет штеки „Данхил“
и шише виски.
ИЦКО: (Се насмевнува, почнува ценкање.) И – кинески патики... за твоето утринско
трчање... (Му ја подава раката за да го врзат пазарот, Слаѓан не ја прифаќа.) ...
Електричен апарат за бричење! Јапонски! (Ја тресе раката.)
СЛАЃАН: (Покажува со глава кон вратата.) Нејзе што да ѝ дадам? Апаратот за бричење
или патиките за трчање?
ИЦКО: Аааа! Тука сме! Плати па клати! Пазарно стопанисување!... И за неа ќе се најде
нешто...
СЛАЃАН: Розово масло од Бугарија?
ИЦКО: (Се намрштува, луто.) За таа шунда, давам – бунда! Отвори! Види!... Значи? (Ја
тресе раката.)
СЛАЃАН: Да разговарам со неа... дали таа ќе те... (Го гледа од глава до нозе.)
ИЦКО: Не оценувај ме сега! Едно бричење...
СЛАЃАН: И едно миење! Уши... врат... нозе...
ИЦКО: И уши, и врат, и нозе и... (Покажува на себе надолу.) А ти – подготви ја неа!
СЛАЃАН: Да ја измијам?
ИЦКО: Јас ќе ја мијам! Ти – психо... сомотски, ако сум јасен? За да не губам време во
уводи. По кратка постапка, оти утре рано дупам за Италија, Австрија, Германија унд зо
вајтер! Одам да се светнам! (Тргнува кон клозетот.) А! И ова! Ќе ми го отстапиш твојот
стан! Плаќам во девизи... или во конвертибилни динари! Незгодно овде... Жаклина,
Рубенс, Лазе...
СЛАЃАН: А јас?
ИЦКО: Ти? Сакаш да ми светиш?
СЛАЃАН: Каде ноќва?

27
Туѓо сакаме, свое не даваме
ИЦКО: Седи овде! Два саата ми се доволно! Жаклина моја ќе ти даде... мезе... вечера...
(Со кревање рака за поздрав, влегува в клозет и веднаш се слуша тананикање, како што
обично човек тананика во бања пред и за време на капење. Од спротивната страна
влегува Жаклина.)
10.
ЖАКЛИНА: (Гледа исплашено наоколу.)
СЛАЃАН: Готово!
ЖАКЛИНА: Што готово?
СЛАЃАН: Се фати на јадица! Му го сврте умот – не си ја знае главата. Ќе оди како
подмачкано. Го гледаш жолтион куфер? Внатре за тебе има – бунда... Ќе те одведе во
мојот стан... два саата само...
ЖАКЛИНА: Ти си зрел за... Мамооо!!!
СЛАЃАН: Ме лаже?
ЖАКЛИНА: Умот те лаже тебе! Ако тој вечер легне со мене во твојот стан како со некоја
непозната, како јас, неговата жена, ќе му родам седмаче?
11.
ИЦКО: (Влегува со поткашлување за да го најави своето присуство. Си ги мазни
мустаќите. Жаклина и Слаѓан здрвени.) Нема да ме претставиш на дамава, професоре?
(Слаѓан е парализиран.)
ЖАКЛИНА: (Исплашена.) Ицко...
ИЦКО: Јееес! (Се поклонува.) Ицко Курбла, мадам, меѓународен шофер, ерсте класе!
(Очекува сега претставување на „дамата“. Ицко го погледнува Слаѓана, намрштено, да
не е „утната“ работата.)
СЛАЃАН: (Покажува на Жаклина.) Жак... лина...
ИЦКО: (Не очекуваше.) Оооо!... (Брзо се созема.) Има (Тетрално.) Жаклина и Жаклина!
ЖАКЛИНА: Ицко...
ИЦКО: Мадам!
СЛАЃАН: (Покажува на Жаклина.) Жаклина... жената на... Ицко Курбла...
(Тишина. Никој не мрднува. Лицето на Ицко се грчи.)
12.
РУБЕНС: (Втрчува.) Тато, ја нема мама кај комшиите!
(Тишина. Никој не мрднува. Се здрвува и Рубенс, претчувствува дека не смее да зине.
Слаѓан сфаќа колку е опасна ситуацијата. Решава да го сврти вниманието на Ицко на
себе, на малку важни работи.)
СЛАЃАН: Ицко... јас... си го одржав зборот... Одржи си го сега и ти зборот...
(Тишина. Слаѓан ги крева и двете раце во смисла: твоја работа и се помрднува како да
сака да си оди.)
ИЦКО: (Отсутно, тихо.) Кој збор?
(Тоа беше мал вентил, но сепак вентил, сега треба да се прошири.)
СЛАЃАН: Десет штеки „Данхил“... две шишиња црн виски... американски гојзерици...
ИЦКО: (Вреснува.) Да не сакаш и скии?!!
СЛАЃАН: (Вика и Слаѓан.) Ти самиот ми вети!
ИЦКО: Знам што ти ветив!
СЛАЃАН: Не мораш! Нека остане сѐ за тебе! (Тргнува кон вратата.)
РУБЕНС: Татооо, ја нема мама кај...
(Слаѓан полека оди кон вратата. Жаклина смртно исплашена, нервно напната, свикува.)
ЖАКЛИНА: Ако си одиш, сѐ ќе му кажам на Ицко! (Слаѓан застанува како пресечен.)
ИЦКО: (Задушен од бес.) Што ќе ми кажеш?!! Што има да ми кажеш? (Вреснува.)
Кажувај!!!
СЛАЃАН: (Се свртува отсечно.) ЈАС ќе ти кажам! (Полека се враќа.) Ицко... Јас и жена
ти... решивме... (На Жаклина ѝ доаѓа да повраќа, ја покрива устата со рака, тоа се сфаќа
28
Туѓо сакаме, свое не даваме
како да сака да плаче поради гревот што го направила.) ... Ти знаеш дека јас... (Слаѓан го
„врти“ Ицка за да му го разбие на парчиња бесот.) ... немам никого на овој свет... ни
брат... ни сестра... ни мајка... ни татко... па јас и Жаклина твоја... решивме... ЈАС решив...
таа се согласи... Денеска ми е... роденден... јубилеен... триесетти... Да го прославиме... кај
вас... сам сум... Ја замолив Жаклина да не ти кажува... Сакав јас да те замолам и...
изненадам... Со вас поради Рубенс сум некако близок... Ако згрешив... ако пречам... (Ги
крева широко двете раце.)
ИЦКО: (Грубо но и олеснително.) Што има да пречиш?!!
СЛАЃАН: Требаше прво тебе, глава на куќава, да те прашам...
ИЦКО: Што има да прашуваш?!
СЛАЃАН: Мислев...
ИЦКО: Што има да мислиш?!!
(За тоа време Рубенс гледа со зината уста во мајка си, врти околу неа, ја гледа, ја гледа.)
ЖАКЛИНА: Донесе торта...
ИЦКО: Што има тој да носи торта?!
ЖАКЛИНА: Роденден му е...
ИЦКО: (Сега го задржува погледот на неа, колку луто, толку и љубопитно.) Ти...
Поклади ли е денеска?!... На што си заличила?!... (Се шлакнува по чело.) А јас мајмун
„мадам“!!! Бунда!!!
ЖАКЛИНА: Јас вака... за тебе... си доаѓаш по три месеци...
ИЦКО: Не ми е првпат да си доаѓам дома по три месеци! Секогаш ти си била ТИ! Зошто
сега ваков специјалитет?! (Но веќе ја гледа и како маж.)
СЛАЃАН: (Му трга уште една четка.) Ицко, ти барем ги знаеш жените – можеш
професор да бидеш за жени...
ИЦКО: (Драго му е.) Па и – можам! Ама... ова!
СЛАЃАН: Мода, Ицко! Тоа е слабост на секоја жена... Модни ревии на телевизијата,
„Бурди“... Битолатекси... Тетекси... А и јас! Види ме мене! На што ти личам? КОГА јас
сум носел тегет костум... бела кошула... врска... шамиче? Роденден... јубилеен...
РУБЕНС: Татооо! (Покажува на Жаклина.) Цела Марика офицерката!
ИЦКО: Мрш! (Замавнува да го удри, Рубенс избегува кон професорот Слаѓан и тој го
избркува, оди кај Жаклина и таа го избркува, Ицко ја гледа и си ја оближува долната
усна.) Што не си туѓа, маме му ебам!!!... Сврти се! (Жаклина со страв се свртува.) Оди
сега!
ЖАКЛИНА: Каде, Ицко? Не мрднувам одовде па ако сака куќава нека гори!
ИЦКО: Оди низ салонов да видам како одиш! (Жаклина прави неколку чекори.) Ц-ц! Како
кокошка! Треси малку! (Жаклина прави неколку чекори кршејќи се и полека оди кон една
врата.) Каде?
ЖАКЛИНА: Да се пресоблечам... Да го облечам...
ИЦКО: Она фустаниште со фалти, со бисаги, со раменици, со патенти... Остани! Ако е
бал, нека е бал!
РУБЕНС: (Додворнички на Ицко.) Татооо...
СЛАЃАН: (Строго.) Рубенс!!!
ИЦКО: (Задоволен.) Строгоооо!!!
СЛАЃАН: Строго и – правично! Ицко, ти вети дека ќе му купиш домашен компјутер за да
го учам на програмирање... Цел свет...
РУБЕНС: Нејќам компјутер!
ИЦКО: (Го фаќа за уво.) Нејќеш?! Ако не учиш, мојава судбина те чека!
РУБЕНС: Нека ме чека! Сакам да бидам шофер! Сакам! Ќе се возам!
ИЦКО: Ќе се возиш! На секоја граница мачка ќе раѓаш! Една граница да поминеш, ти
требаат дванаесет потписи! Трчаш од канцеларија во канцеларија, чекаш, молиш, се
клањаш, поткупуваш... А камионот полн со прехранбени артикли – а сонце! Жештина!
Муви! Оси! Прашина! Разбојници!
29
Туѓо сакаме, свое не даваме

12.
ЛАЗЕ: (Влегува и оди со раширени раце кон Ицко.) Внучко! Дните и ноќите ги броиме!
Очекујемо! Сваки шум! Секој камион... цела вечност!
ИЦКО: (Го гледа со широка насмевка. Кога Лазе му се доближува, грмнува.) Мајко
Шадијо!!! (Лазе останува здрвен, така со кренати раце.) Само што влегов во кругот на
Автотранс, почнаа да се смеат под мустаќ и да шушкаат: „Поздрав на внукот на – мајка
Шадија!“
ЛАЗЕ: Да објасниме...
ИЦКО: Ме зедоа на подбишега! Досега бев Ицко Чуловчанец – Курбла, чума за сите, а
сега внук на мајка Шадија – Ицко Кур... бла-бла-бла!
ЛАЗЕ: Да објасниме... Стицај околности...
ИЦКО: Утре може и сканијата да ми ја земат! Внукот на мајка Шадија не е за
меѓународни линии! Нека вози некоја крнтија на локалниве патчиња!
ЛАЗЕ: Спасавао сам гол живот пред човек во ѕверски облик! (Се свртува да излезе, со
наведена глава. Сите гледаат во Ицко. Тој пали цигара и го следи со поглед Лазета.)
ИЦКО: Чичко Лазе! (Лазе се свртува. Ицко му ја подава запалената цигара.)
ЛАЗЕ: (Ја зема цигарата.) Луле мира! (Тргнува, се закашлува.) Не смееме да пушиме...
ИЦКО: (Му ја зема цигарата.) И – не смееш! Ми се гледаш – чклопнат, омацулен,
папушлав...
ЛАЗЕ: (Се исправа, се удира в гради.) Џамче сум! Само мало уморен и... несфаќен од
некои... структури овдашње болнице. Генерациски јаз!... Обична нервна напнатост.
ИЦКО: Муда Марјанови – нервна напнатост!... (Понежно.) Ги бричиш ли пиздите?
ЛАЗЕ: (Одмавнува со рака.) Прохујало са вихором...
ИЦКО: Како прохујало?! Цел Автотранс зборува дека ноќеска си ги одрал за цирка
седумдесет и две илјади конвертибилни динари! (Горд е на чичко си, запева вртејќи со
глава.) „Седамдесет и два дана...“
ЛАЗЕ: (Прифаќа.) „... на мом срцу лежи ранааа...“
ИЦКО: Блефираш ли уште?
ЛАЗЕ: Без блеф нема покера! У рукама имам пар седмица – бркам фул краљева! Чума у
покеру!
ИЦКО: А она полициско ѓубре ве бричи сите вас!
ЛАЗЕ: Мислиш на Гаврила? Човекот само си наплатува за нашу заштиту од законитости...
ИЦКО: Човек! Кој мене ме апсеше! На тој човек јас кога – тогаш ќе му пијам од крвта!...
И да знаеш: ТОЈ разгасил низ цела град и пошироко за таа твоја маскарада – мајка
Шадија!
ЛАЗЕ: Стицај околности... Да преѓемо на друга тема, внучко!
ИЦКО: На друга тема? (Размислува, одеднаш.) Како ти се допаѓа дамава?
ЛАЗЕ: (Ја разгледува Жаклина и си ги оближува усните.) Сме немале чест дамата да ја...
ИЦКО: Да ја! Да ја бричиш? Прашувам дали сакаш да ја запознаеш?
ЛАЗЕ: (Ѝ се клања на Жаклина.) Са великим задовољством! Аншантé! (И ја зема раката
и ѝ ја бакнува.) Одувек сам... Давне хиљаду деветство тридесет и треќе на углу Кнеза Ми...
ИЦКО: (Го претставува.) Господин Лазе, чичко на Ицко Кур... бла-бла-бла! (Покажува
на Жаклина.) Жаклина, жена на Ицко Кур... (Лазе, вчудоневиден, зинува. Слаѓан
„протестно“ тргнува кон излезната врата.) Професоре!!! Де, мајка му стара! Ти одма –
за пиштол! Па малку – шега! Таква сорта сме ние Чумовчаните! Малку брливи, малку
штракнати, малку шантрави... Чичко Лазе!
ЛАЗЕ: Молиќу лепо?
ИЦКО: Готово е да се крка? (На Слаѓан.) Тој е нашиот Карапанѓа!
ЛАЗЕ: Шеф кухиње!
ИЦКО: Професоров слави роденден... јебилеен! Да биде – свечено!
(На Жаклина ѝ се слошува, ја покрива устата со рака.)

30
Туѓо сакаме, свое не даваме
РУБЕНС: Тате...!
СЛАЃАН: Рубенс!!! Пссст!
ИЦКО: Така, професоре! Остро! Стегај! Јас вака да зинам пред татко ми, кога постари
зборуваат...!!! (Зема шише од маса.) Што е ова?
ЛАЗЕ: Експорт Узо олимпик!
ИЦКО: (Луто.) Мастика! Зар си заборавил дека јас преминав од мастика на вињак уште
илјада деветстотини осумдесет и третата?
ЛАЗЕ: Године су учинуле своје... Склероза мултиплекс...
ИЦКО: (Отвора капак на некој сад на маса.) Што е ова?
ЛАЗЕ: Салатица! Витамин це...
ИЦКО: Од зелка! Зајаци ли сме? Си ја заборавил мојата салата?!... Што е ова?
ЛАЗЕ: Супица...
ИЦКО: Моркови!... Салата од зелка, супа од моркови – дибидус зајаци!... Што е ова?
ЛАЗЕ: Сармице!
ИЦКО: (Ја наведнува главата над садот, мириснува, вреснува.) Загорени!!!... Што е ова?
ЛАЗЕ: Ориз со кокошка...
ИЦКО: (Ја мириснува кокошката.) Купечка! Државна! Знаеш ли ти дека државните
кокошки смрдат на риби!... За три месеци сте заборавиле што јадам! Ами да се враќам по
три години?! Вие мене ќе ме заборавите!
ЛАЗЕ: Никада! Ни у сну!
ИЦКО: И што ќе јадеме сега? Сармиве – ќумур, кокошкава – риба! А на човеков
роденден... јубилеен!
СЛАЃАН: Ицко... јас јадам сѐ... Не пребирам... Самец... Ова за мене е вистинска гозба! (Си
тура во чинија. Ицко тропка со прсти на масата.)
ЖАКЛИНА: (На Рубенс кој стои подалеку од маста, со транзисторот в рака.) Дојди да
јадеш!
РУБЕНС: Ц-ц!
СЛАЃАН: Ајде, Рубенс, кога мајка ти те моли!
РУБЕНС: Ц-ц!
ИЦКО: Ајде, сине, биди добар! (Ги стокмува дланките.) За моја љубов! Ај, да папаш!
РУБЕНС: Ц-ц!
ИЦКО: Ц-ц! (Рикнува удирајќи со тупаници на маса.) Седи ваму, дрво на дрво! (Рубенс со
трчање доаѓа и седнува крај маса. На другите.) „Ајде, сине да јадеш!“ „Ајде, Рубенс, кога
мајка ти те моли!“ Клекнете му на колена! Бакнете му рака! И ќе биде добар!... Ќе нѐ
исфрли на улица кога ќе порасне!
СЛАЃАН: Друго него го расипува...
ИЦКО: (Опасно се напнува.) Што друго?!
СЛАЃАН: Што е... сам.
ИЦКО: Сам?! А мајка му? А дедо му? А ти?
СЛАЃАН: Мислам... што е... единец... Единецот е секогаш асоцијален... агресивен...
ИЦКО: (Со гримаса.) Единец!... (На Рубенс.) Јади!!!
РУБЕНС: Сакам торта!
ЖАКЛИНА: Прво малку од оризов и...
РУБЕНС: Сакам торта!
ИЦКО: (На Лазе.) Донеси ја тортата! (Лазе оди по тортата. На Слаѓан.) Како дете мајка
ми ќе ме фатеше за уво, ама не за да јадам, ами оти многу сум јадел! А ова копиле!!! (Лазе
ја донесува тортата, Ицко му ја зема од раце и ја треснува пред Рубенса.) Гнети! Ама
ако не ја изедеш целата со неа ќе те задавам, така да знаеш!
ЖАКЛИНА: Ицко... (Покажува на Слаѓана.) ... роденден му е... За сите треба...
ИЦКО: Пардон, професоре! (Ја зема тортата, зема нож.)
СЛАЃАН: Ицко, ред е... домаќинката да... (Ицко ѝ ја дава тортата на Жаклина.)

31
Туѓо сакаме, свое не даваме
ЖАКЛИНА: (Пресекува парче.) За славеникот... (Става пред Слаѓан од шарениот дел на
тортата.) За домаќинот...
ИЦКО: Нејќам со чоколадо! Летоска во Солун од чоколадо добив такво труење – целиот
меури се нафрлив... (Жаклина го гледа Слаѓана.)
СЛАЃАН: Ништо чудно, Ицко! Грците немаат квалитетни чоколади... Ова чоколадо е...
специјално!
ИЦКО: Специјално?! Уште еден специјалитет за мене?!!
ЛАЗЕ: Ако нејќе Ицко, јас ќе го земам тоа парче. Во Белград... у оне дане сваки дан у рано
јутро шоља топлог чоколадног млека – нестле чоколадо, ако сте чули? Швајцарска марка
Фајнсте милхшоколаде! То се не заборавља! (Лазе го зема парчето од пред Ицко.)
СЛАЃАН: Ќе ти штети, господине Лазе. Чоколадото содржи...
ИЦКО: Содржи?!! За мене НЕ содржи?! За мене АКО содржи?!!
СЛАЃАН: Ицко, господин Лазе боледува од шеќерна болест...
ЛАЗЕ: У лакој форми!
СЛАЃАН: И татко ми „у лакој форми“ исто вака се налапа со чоколадна торта и – кома!
Цевки со кислород во носот... слепило... распад на бубрежните функции... дијализа и
Бутел!
(Лазе му ја турнува на Ицко тортата. Жаклина сече друго парче и му го дава на Рубенс.)
РУБЕНС: Сакам со чоколадо! Како на тато!
ИЦКО: (Задоволен, горд.) Татин тој! (Жаклина во паника.)
СЛАЃАН: (Остро.) Што ти дава мајка ти, тоа ќе јадеш! (Ицко го погледнува намрштен,
Рубенс се охрабрува и вика.)
РУБЕНС: Нејќам од оваа страна! Татооо!!!
СЛАЃАН: БАШ дека нејќеш! Да се научиш дека во животот не се добива секогаш тоа што
се сака!
ИЦКО: (Го гледа.) Браво, професоре! Таков те сакам! (На Рубенс.) Јади! (Почнуваат сите
да јадат, освен Лазе.) Супер! Се топи в уста! (Одеднаш Ицко ја покрива устата со рака и
го гледа Слаѓана. Строго, со покриена уста, мрмори.) Доктор ја правел тортава!!!
ЖАКЛИНА: Д-ддоктор...!!!
СЛАЃАН: Д-ддоктор... Ицко... јас... морам... да ти...
ИЦКО: (Ја тргнува раката од уста и им покажува мало пластично лажиче и брбнува да
се смее.) Докторите вака си ги забораваат инструментите во утробите на болните! (Го
гледа лажичето.) Барем да беше златно!... (Се смее.) Уште едно парче, Жакче!... Ама –
без лажиче! Ха-ха-ха! (Го изедува парчето и се гали по мевот.) Чичко Лазе!
ЛАЗЕ: Молиќу лепо! На услузи!
ИЦКО: (Со ужување.) Сега... по еден убав ладен шприцер! Да режи! Квалитет што се
слуша! (Жаклина и Лазе се погледнуваат.)
ЛАЗЕ: Ти, внучко, никада не си пиел шприцер...!!! Увек чисто вино...
ИЦКО: (Се чука по мевот.) Никогаш не сум јадел ни торта, па еве... Сешто ќе посакаш во
животот!
ЛАЗЕ: Мислам дека... немамо киселу воду...
ИЦКО: Со сода! Уште подобро! Цела Унгарија...
ЛАЗЕ: Мислам... немаме ни сода... (Ицко полека станува, стои за момент како да ќе
држи говор.) ... Имам из неготинског подрума прави шампањац... (Ицко удира со двете
тупаници на маса, потоа го фаќа чаршавот и го повлекува од маса, сѐ што беше на маса
се истура на подот. Газејќи врз истурените чинии, лажици, чаши влегува во една од
собите треснувајќи ја вратата. Тишина. Лазе, без збор, се наведнува и почнува да ги
збира растурените предмети по подот.)
ЖАКЛИНА: Немој сега! Ќе збесне ако правиме бука... Утре... Оди легни си... Одмори...
(Лазе, со наведена глава, полека излегува. На Рубенс.) Ајде и ти в кревет! (Рубенс,
намрштен, излегува.) Секогаш вака прави! Ќе збесне за ништо, ќе се заклучи в соба и
утредента без збогум...
32
Туѓо сакаме, свое не даваме
СЛАЃАН: Нема така да биде... Целата доза ја окрка... Ќе проработи таа!
ЖАКЛИНА: Не го знаеш ти Ицко! Штом тој ќе се заклучи...
СЛАЃАН: ТИ да го заклучиш, штом ќе проработат шпанските муви, ќе провали, ѕид ќе
урне!
ЖАКЛИНА: (Врти одречно со глава.) Ицко кога ќе рече „не“, тоа е – НЕ! Нему не му е
ова првпат!
СЛАЃАН: ПРВПАТ му е! КОГА другпат сме му дале афродизијак? Испробано спредство
низ историјата! Нерон... Фридрих Барбароса... Жан Жак Русо... Барон фон Минхаузен...
Гроф Ќано... Адолф Хитлер... Вјачеслав Молотов... сите безусловно капитулирале пред
шпанските муви – зар сега некој Ицко Курбла!? Ти само чекај!
ЖАКЛИНА: Што да чекам? Да падне таванов?
СЛАЃАН: Да падне Ицко!... Ти само чекај!
ЖАКЛИНА: Ќе чекам, и така ноќва за мене нема спиење...
СЛАЃАН: И за мене нема, ќе чекам да ми јавиш...
ЖАКЛИНА: Како да ти јавам? Да го пратам него: „Трчај, Ицко, кажи му на Слаѓо: готово
е, мувите свршија работа!“
СЛАЃАН: По телефон!
ЖАКЛИНА: Подобро да удрам на барабан! Уште кога ќе ја кренам слушалката, ќе чуе –
од она Арапине е научен да спие со отворени очи и уши!
СЛАЃАН: (Размислува.) Тогаш... стави на прозоров еден цреп од овие со цвеќиња – тоа ќе
биде знакот! Јас наутро рано трчам, ќе протрчам овде... Седни сега тука, карши врата... Ќе
ти стискам палци! (Жаклина седнува.) Не стискај ги колениците! Рашири ги, нека гледа,
нека види! (Жаклина ги расчепатува колениците. Светлото полека се гаси.)
(Светлото полека се засилува. Рано утро следниот ден. На подот ломот од синоќа.
Влегува Лазе, со спална роба долга до подот. Оди в клозет, по малку се слуша празнење
на казанчето. Лазе излегува и се зафаќа да го расчисти подот. Излегува Ицко во иста
роба како Лазе, трча кон клозетот. Излегува Рубенс во иста роба, со транзистор в рака
кој свири. Оди кон клозетот. Лазе веднаш му го гаси транзисторот и покажувајќи кон
клозетот прави со прст: не. Рубенс се враќа, тоест излегува од сцена. Празнење на
казанчето и излегува од клозетот Ицко, оди до прозорецот, го ѕирнува небото и излегува
од сцена. Влегува Рубенс со транзисторот кој свири. Влегува в клозет. Брзо излегува.
Лазе му го гаси транзисторот. Рубенс прави неколку чекори и пак го пали транзисторот
и излегува. Лазе се исправа и почнува да прави фискултура, мрморејќи: лева рука горе,
десна нога доле... Во салонот влегува Ицко во цела шоферска спрема: кожени панталони,
кожена виндјакна, кожен каскет. Со цигара залепена на усните. Се протега весело и оди
до прозор.)
ИЦКО: Пфуу, да ти се мочам во времето! Или врне или се токми да заврне! (Доаѓа на сред
салон, чалнува некоја пластична чаша и легнува мешечки и со рака го вика Лазета.) Гази!
(Лазе нежно нагазува со едната нога.) Појако! Да ми ги наместиш пршлените!... Лесен си
како перце!
ЛАЗЕ: Молиме?... Во последно време ушиве... неко зујање... бучење...
ИЦКО: Да ти донесам апаратче за ушите од Германија? (Викнува.) Не кај газот! Нагоре!
Со цела тежина! И на вратот! Јако! Ќе ми прсне главата – како со камења да е полна!
ЛАЗЕ: Неуралгичен пункт!... Нервоза пред пат!
ИЦКО: Нервоза пред пат! Првпат ми е!... Секое возење низ Африкана...
ЛАЗЕ: Кога ја спомна Африка... Кога, еднаш, внучко, ќе ме земеш со себе и ние да ја
видиме Африка... да осетиме дах џунгле...
ИЦКО: Африка! Од овде поафрика – каде? Сакаш мајмуни – мајмуни! Сакаш ѕверки –
ѕверки! Сакаш племиња – племиња! Поголема џунгла одовде – здравје!
ЛАЗЕ: Мислевме: авантура... можда последња, у сумраку живота... Како Жак Кусто...
ИЦКО: Што ти е кусо овде? Има нешто што немаш?
ЛАЗЕ: Свет да видиме, хоризонти да прошириме...
33
Туѓо сакаме, свое не даваме
ИЦКО: Допрва ќе шириш хорозонти! А Рубенс? А Жаклина? А куќава? Село без пес!... Не
рече ништо за апаратче? (Викнува, повторува како на глув.) Велам: не рече ништо за
апаратче!
ЛАЗЕ: Какво апаратче?
ИЦКО: (За себе.) Да ти ебам ушите! (Викнува.) За ушите! Велиш: ти бучат, ти брчат...
(Одеднаш се напнува целиот, го става прстот на уста.) Пссс!!! (Со шепот.) Слушаш?...
А нејќеш апаратче!... Пссссс!!! Некој дише...!
ЛАЗЕ: Жаклина... Рубенс – најслаѓи јутарњи сан...
ИЦКО: Дише долу! На улица! Под прозор! (Со рака му дава знак да ѕирне.)
ЛАЗЕ: (Газејќи на прсти доаѓа до прозор и ѕирка.) Неки тип!... Тренерки... гологлав...
стои... гледа овамо горе... (Заклучува со сигурност.) Неки пијаница... мањак... бараба који
ноќ претвара у дан, а дан у ноќ...
ИЦКО: (Го вика со прст кај себе.) Земи еден цреп... (Лазе зема в раце цреп и чека
натамошно упатство.) Што ме гледаш? Измери добро и право по тиква!... Велиш
гологлав?
ЛАЗЕ: Гологлав.
ИЦКО: Премија!... Зар сакаш да има шлем на галава?!
ЛАЗЕ: (Уплашен.) Човек, внучко!
ИЦКО: Па дека човек! Да е животно, нема опасност!
ЛАЗЕ: Жалосно...
ИЦКО: Жалосно?! Па викни го горе! Свари му кафе!
ЛАЗЕ: Мањак, внучко!
ИЦКО: Па дека мањак! Ако тој мањак ти се качи горе и те фати на спиење... Секирата по...
ЛАЗЕ: Нема секира.
ИЦКО: Нож... кама...
ЛАЗЕ: Ако имал такву намеру, не би чекал освит дана. То се прави на полноќ!... Пијаница,
внучко! Сам у ноќи!
ИЦКО: Сам у ноќи! Па одведи го кај Жаклина да не биде сам у ноќи!
ЛАЗЕ: (Го преместува црепот од рака в рака, се тутка.) Внучко... бојлер у купатилу
ради... Да го потурам со врела вода како опомена?
ИЦКО: Со врела вода! Па да го кубиме! Или сакаш да го бричиш?
ЛАЗЕ: Безболније је...
ИЦКО: Безболние! Да те попарам тебе, ќе видиш дали е безболние! Попарен човек е
стопати поопасен од смачкан! Ако не го свиткаш веднаш, држ се после! Ќе те изеде! Ајде!
Мавај! Па ќе те водам во Африка!
ЛАЗЕ: Ако морам за то да убивам луѓе...
ИЦКО: Не да убиваш ЗА ТО, ами да се калиш! За самоодбрана! Како ја замислуваш ти
Африка? Слонови, бамбусови трски, мајмунчиња, црнци тропаат на барабанчиња,
црнкици се кршат по такт и ги меткаат цицките горе-долу...
ЛАЗЕ: Од свега по мало... Моја Африка!
ИЦКО: Од свега – тикви! Ќе дежураш крај сканијата со хебла во едната рака, со кама во
другата... Фрлањето црепови на мањаци спрема тоа што те чека во Африка е како фрлање
конфети на Нова година! Уште ли е долу?... Дај ми го црепот мене! Ќе му ја смачкам
главата како на змија!
ЛАЗЕ: Немој, внучко, имаш син, жена...
ИЦКО: Жена! Пред некое време гледав филм на телевизија... кај Ајша: Мажена жена му
вели на својот швалер: ако видиш цреп со цвеќиња на прозор, влегувај, сама сум! Јас си
ебавам мајката по Азијана, Африкана, а овде некој под прозор... (Рикнува.) Црепот ваму!
(Му го зема црепот.)
ЛАЗЕ: Немој, внучко! Имаш син, жена...
ИЦКО: Жена имам за мене, а не за триста куратари! (Оди до прозор и нишани. Одеднаш се
свртува кон Лазе.) Професорот!!! Професорот Слаѓо!!! (Дотрчува и Лазе да види.) Синоќа
34
Туѓо сакаме, свое не даваме
овде... го гостевме... кокошки... торти... родендени... а тој?!!! (Рикнува придушено.) Маме
ти ебам!!!
ЛАЗЕ: Можда тргнал по млеко...
ИЦКО: Под мојов прозор?! Ова е млекарница!!! Верувај му ти нему!!! Исто како на
филмот!
ЛАЗЕ: Филмови немају врска со животот!
ИЦКО: Немају! Што чека долу? Маслинки? (Се токми да го фрли црепот.)
ЛАЗЕ: (Го фаќа за рака, со шепот.) Внучко! Да ставиме цреп на прозор?
ИЦКО: Фино! Мене без цреп ми стојат под прозор... Со цреп ќе се соберат сите швалери
од градов!
ЛАЗЕ: Не мислим то...
ИЦКО: А што мислиш? Филм да снимаш?
ЛАЗЕ: Да ставиме цреп на прозор. Ако то им е знак, како у филму, тој ќе се качи горе... –
онда: коли го: – судбина му било!
ИЦКО: (Го гледа со восхит.) Глава си, чичко Лазе! Печен си за Африка!... Стави го
црепов! (Му го дава црепот.) Ако дошол по цреп, ќе има цреп! Ама – последен цреп во
животот! (Лазе се токми да го стави црепот.) Чекај! (Зема шише полно со вино, го
треснува од подот, виното се истура, в рака му останува назабениот горен дел од
шишето. Со него в рака, застанува зад врата.) Стави го сега! (Лазе со црепот во едната
рака, со другата го зема чаршавот од маса, што е на подот, и го постила пред влезната
врата, Ицко го гледа со чудење.) Да гази по тепих како неврзаните на аеродромот во
Белград?! Скини од цвеќињата и фрли на тепихот!
ЛАЗЕ: Опрез је у питање! Да не се испрска душемево со крв. После, убиен у чаршав... у
камион и у Вардар, у мутне воде... Појео вук магарца! (Лазе го става црепот на
прозорецот, Ицко стои зад врата со срчата в рака, тишина, напнато исчекување.)
ИЦКО: Нешто го нема!
ЛАЗЕ: (Ѕирка долу.) Вади нешто од џеб!
ИЦКО: Нож?!! Кама?!... Пиштол?!!
ЛАЗЕ: (Ѕирка.) Шамиче!!! Се секне!!! Изгледа – назебо!
ИЦКО: Па назебо!!! Од ноќ климши под прозор! (Врти луто со глава.) Ќе му свариме чај
од липа!
ЛАЗЕ: Гледа нагоре, во прозоров!... Го виде црепот... као да се осмехује!!!
ИЦКО: Последно осмехување!... Цревата ќе му ги истурам! Гркланот...
ЛАЗЕ: Тргнува...
ИЦКО: (Се поднаместува, задава неколку замислени удари со срчата, како боксер во
вреќа.) Верувај му ти нему! Плаќај го што ти ја дупи жената! Пет штеки „Данхил“! Апарат
за...
ЛАЗЕ: (Вџашен.) Па... овој одлази... по улица... надолу!
ИЦКО: (Отрчува до прозор.) Овој – нездрав!!! Има цреп на прозор – секој би јурнал, тој –
надолу!!!
ЛАЗЕ: (Со олеснување.) Говорио сам ти да не сумњаш! Жаклина е чесна и поштена жена!
Професор Слаѓо... за њега јас гарантирам главом својом! Чесен и поштен човек!
ИЦКО: Му симнувам капа! Претерано поштен и чесен човек! На знак на прозор си оди!!!
Ами... да нема знак на прозор... тој би бегал илјада метра скраја?!!! Ќе му донесам од
Германија...
ЛАЗЕ: Да му донесеш!!!
ИЦКО: (Вика низ прозор.) Професоре!!! Слаѓооо!!! Ооо, Слаѓооо! Дојди на кафе!!!
(Двајцата гледаат долу, на улица.)
ЛАЗЕ: Долази!!! (Брзо го трга чаршавот откај вратата, го крие скршеното шише.)
Поклониќу му мој прибор за бријање!
ИЦКО: Да му го поклониш – нека бричи!

35
Туѓо сакаме, свое не даваме

13.
СЛАЃАН: (Влегува збунет, исплашен, разгледува, во тренерки, поттрчува во место, со
собрани лакти, кришум гледа кон прозорот. Ицко радосен, му подава рака за поздрав, го
тупа по рамо, а Лазе го бакнува в образ.)
ЛАЗЕ: Среќан ти роѓендан, младиќу! Као да си се поново родио! Трчам да сварам кафу!
(Излегува. Ицко оди кај жолтиот куфер, вади уште пет штеки „Данхил“ и едно шише
виски.)
ИЦКО: Мој подарок за роденденот! Пуши „Данхил“ а не наши смрдливи цигари! Биди
господин! Воспитувачот на мојот син да пие виски!
14.
ЛАЗЕ: (Влегува со ѓезве и филџани.) И – чисту бразилску кафу! (Го става послужавникот
со кафето на маса, со рака ги поканува да седнат. Одеднаш, само што седна, Ицко
срипува од столот и трча в клозет.) Шта си сањао ноќас, младиќу? (Слаѓан е целиот
збунет, исплашен, на штрек како да очекува удар в тил, се врти, оваа љубезност многу
му е сомнителна, не може уста да отвори.) Ја тако, давне хиљаду... сонувам како да
летам, како да...
(Шум на празнење на клозетско казанче.)
15.
ИЦКО: (Влегува стегајќи си го ременот на панталоните. Одеднаш пак се напнува.)
Пссс!!! (Со рака покажува дека има некој под прозор, на улица. Лазе оди до прозорецот,
ѕирнува.)
ЛАЗЕ: Невероватно!!! Опет неки тип! Гледа горе! (Лазе гледа долу.) Па ова, ако не се
лажам – жена! Сва у црно... ваљда и умрел некој...?
ИЦКО: Па дошла овде да му запали свеќа! (Слаѓан видно е вознемирен.) Чичко Лазе, трчај
веднаш кај Радета дограмаџијата – уште денеска да направи една клупа долу под
прозоров! (Лазе тргнува и ја сфаќа шегата, застанува. Ицко оди до прозор и ѕирнува.)
Жижи!!! Како дознала дека сум дома?!! Мајко моја!!!... Ако се качи горе?!!!
СЛАЃАН: (Исплашен.) Може... да се качи... овде?
ИЦКО: Жижи?! Не ја знаеш ти неа, затоа прашуваш! Ако таа дознала...
СЛАЃАН: Да ја заклучиме вратава?
ЛАЗЕ: Заклучувај внучко!
ИЦКО: Не помага! Ако Жижи решила... Друго ќе направам! (Решително зема цреп. Лазе
застанува пред него.)
ЛАЗЕ: Внучко, зар на жену да бацаш?! Биди каваљер!
ИЦКО: Па каваљер СУМ! Цвеќе ќе и фрлам!... (Го отстранува Лазета.) Само ќе ја
потплашам, колку да се мавне од куќава моја, оти ако пак се напрати на мене, ќе морам да
барам авионска линија! (Нишани и го фрла црепот – отворено жолт – Веднаш, по
тресокот на црепот, пискотници одоздола: „Ѓубреее!!! Свињооо!!! Курвар!!!“.)
ЛАЗЕ: (Ги кани кај масата.) Кафица! Оладиќе се! (Седнуваат, запалуваат цигари,
пушат, пијат кафе.) Утринско кафе – не знам дали има нешто послаѓе! Препороди
човека!
(Ѕвонење на влезната врата. Сите погледнуваат, Слаѓан исплашен.)
СЛАЃАН: Мопжеби е онаа...
ИЦКО: Жижи? Може! Жижи сѐ може! (Се токми да стане.)
ЛАЗЕ: (Станува.) Допусти јас да ја избркам, на фин начин! (Лазе излегува од сцена. Се
слуша неговиот весел глас.) Младиќу! (Ја подава главата од врата, на Ицко и Слаѓан.)
Мој синоќни спасител. Таип!
ИЦКО: Таип?!!! „Старо купуем“?!
ЛАЗЕ: Тај.
ИЦКО: Пуштај го!
ЛАЗЕ: Таипе, пењи се! (Лазе влегува.)
36
Туѓо сакаме, свое не даваме
ИЦКО: (На Слаѓан.) Со тетка му Ајша во Ниш сум... (Покажува со средниот прст
дупење.) ... на ти! (Се смее.)
16.
ТАИП: (Влегува и срамежливо стои на врата.)
ИЦКО: Бата Живоиновиќу, тетки ти га акнем! Како си?
ТАИП: Оригинал!
ИЦКО: Како онаа работа?
ТАИП: (Запева.) „Старо купуем, староооо! Стари врати, креденци, акумулатори,
видеорекордери, шифоњери, кревети, старооо (Вади од џеб грст саатови.) Ајмо саатој,
саатој, изволте, молим! Саатој, батерии за саатој, староооо!“
ИЦКО: (Одбива со глава.) Со минџите како ти оди, пичу?
ТАИП: (Се испрчува целиот, пика два прста в уста и свирнува. Влегува Елизабета и
застанува, срамежливо гувеејќи, крај него. За глава повисока од Таип, жолт мантил,
црвена шапка со обод а ла Грета Барбо, црни чорапи, бели чевли на штикли. Ицко
свирнува со уста. Таип ја претставува.) Елизабета – моја прва... и последна љубов!
(Елизабета срамежливо ја наведнува главата.)
ИЦКО: Повели, сестро! Ви стојам на располагање! Заповедајте!
ЕЛИЗАБЕТА: Ако можи, другар...
ТАИП: Како другар, каки бакрачи! Тетин, богати!
ЕЛИЗАБЕТА: Ако си можи, тетин Ицко...
ИЦКО: Се можи за тебе, кукло! (Ја штипнува за цицка и запева гледајќи во Таип.) „Мало
ја, мало ти...
ТАИП: Сум решил, тетин Ицко, да ја носувам во Италија на меден месец! Од Италија
правец Венеција, да види канал ламанч, да рани гулаби од рака, да види, да умри... А и ќе
бркам малку трговија... Суват не дојди... борба за живот! Трговија за мене...
ИЦКО: Италија душа дала за трговија! Да одиш во Верона! (Со восхит.) Верона!!! Што
има отпади во Верона – хмм!
ЕЛИЗАБЕТА: Тетин Ицко, ти да ни носиш барем до Трст... Ќе го бараме Насер...
ИЦКО: Насер?!... Насер, Арафат. Гадафи, сакате во политика да ме замешате?! Во
тероризам? Во сепаратизам?! Во плурализам?!... Ве истурам во Трст и – чао, бамбини! Ни
сум ве видел, ни ве знам!
ТАИП: Пеки, тетин Ицко Курбла! До Трст до Трст! (Му шепоти нешто на Ицка, ја
отвора устата и покажува на своите заби. Ицко со двете раце му ја расчепатува
устата и гледа внатре.)
ЕЛИЗАБЕТА: (За тоа време му се обраќа на Слаѓан.) Слаѓо, како што си чул... ќе патувам
во Италија... па ти да си бараш жена да ти чисти... ова нека бидува отказ од мене, да
знаиш, да на речиш после вака, така...
ТАИП: (Слуша што вели Елизабета, па му се обраќа строго на Слаѓан.) Елизабета повеќе
нема да бидува слугинка! Има да ужива во Италија! Да биде дама!
17.
ЖАКЛИНА: (Во долга домашна роба, со големи џебови, со раце во џебовите,
самоуверена, со крената глава.)
ИЦКО: (Ја претставува.) Мојата... домаќинка Жаклина... Мојот... пријател Таип,
уметничко име „Бата Живоиновиќ“ и Елизабета, негова прва и...
ТАИП: (Крева прст.) ... и последна љубов!
ЛАЗЕ: (Покажува на Елизабета и на Таип.) Мои спасиоци! Хвала им!
ЕЛИЗАБЕТА: (Покажува со гордост на Лазета.) Господин Лазе ми беше малку мајка!
(Нагласува.) Ми поможи да чистам... Му платив за тоа... нека кажува сам тој! Кажи,
господин Лазе!

37
Туѓо сакаме, свое не даваме
ЛАЗЕ: (Се сетува, брзо вади од џеб неколку банкноти, доаѓа до неа и ѝ ги пика во
прслучето задржувајќи ја забележливо раката внатре. Таип ги оџагарува очите,
Елизабета ги вади парите од прслук, ги гледа и се уплашува.)
ЕЛИЗАБЕТА: Многу, чи... господин Лазе! Немам да ти вратам кусур! (Му зборува нешто
на цигански на Таип, тој ѝ дава знак да престани, во смисла земај кога ти дава, будало.)
ЛАЗЕ: Све је у реду, девојко! Нека то биде мој поклон за пиштол за Насер!
ЖАКЛИНА: (Гласно сите да чујат.) Професоре, да не ти биде заповедано... Да ги ставиш
цреповине на прозор... да дишат... Јас сум се успала...
СЛАЃАН: Колку... Колку да ставам?!
ЖАКЛИНА: Сите! (Му прпомрморува само нему.) И малку се! (Слаѓан стои како здрвен.)
ИЦКО: Ајде, професоре, биди каваљер! И ти врши некоја работа во куќава!
(Слаѓан ги става цреповите на прозор, за тоа време почнува тивка расправија меѓу
Елизабета и Таип.)
18.
РУБЕНС: (Влегува, во истата роба, со огромниот транзистор в рака. Оди кон клозетот,
не обрнувајќи внимание на никого.)
ЖАКЛИНА: Рубенс!!! Зошто бос!!! Брзо назад по влечките!!!
(Рубенс ја погледнува, се исплазува и имитира повраќање. Жаклина мигновено вади од
џебот на робата мал кожен корбач и го вреснува по газ.)
РУБЕНС: Татоооо!!!
ИЦКО: Мрш! Оца ти потпалим! Брзо по влечките! (Рубенс бега од сцена. Ицко покажува
на Жаклина.) Камшик си, Жаклина! Бич божји!!! (Ги крева двете раце.) Браќа и сестри,
дојде време да се трга! Пат...
19.
РУБЕНС: (Влегува со влечки на нозе, со транзистор в рака. Транзисторот емитува
музика. Ицко грубо го гаси.)
ИЦКО: Браќа и сестри... професоре... чичко... Жаклина... Јас... Елизабета и Таип...
(Елизабета и Таип се пожестоко се расправаат, гестикулираат, за момент се
смируваат.) Тргаме!
ЛАЗЕ: (На Таип и Елизабета.) Децо, спасители мои, главе у очи... Очи у главу, оќу да
кажем! Италија је земља магије! Коза ностра! Жабари! У случају неке неволје... имам
пријател... Ѓузепе Франко, пчелар из Џоја дел Коле... Само кажете: „господин Лазе“ и сва
врата су ви отворена!
РУБЕНС: (Покажува на Слаѓан.) Тато, да ти кажам...
СЛАЃАН: Рубенс!!! Кога постари зборуваат...
ИЦКО: (Одушевен.) Така, професоре! На прва топка! Држ!
СЛАЃАН: Држам колку што можам...
ИЦКО: Колку што можеш и не можеш! Да ми направиш син...
РУБЕНС: Тато!!!
ИЦКО: Пссс! Да ми направиш син од него каков што јас сакам!
ЕЛИЗАБЕТА: Ќе ти направи, тетин Ицко, жими Насер!
(На тоа Жаклина зинува, ја покрива устата со рака, вади шамиче. Ицко ја гледа.)
ИЦКО: (Им објаснува на сите покажувајќи на Жаклина.) Машко ќе биде! Син! Кај што
Ицко ќе фати – фатено е! Кај што Ицко ќе удри – удрено е! Таков ми е фатот!
ЛАЗЕ: Моје честитке, внучко!... Само да не буде – седмаче!
ИЦКО: (Парализиран.) Зошто... да биде седмаче?!
ЛАЗЕ: (Исплашен од Ицко.) Внучко... фамилијарно... гени... хромозоми... дедо Велјан –
седмаче... покојниот ми брат твој чичко Богдан – седмаче... покојна Велика – седмаче... ја,
твој чичко, једини у животу – седмаче...
РУБЕНС: (Покажува на Слаѓан.) Татоооо...!!!
ИЦКО: Псс!... (Се присетува.) Рубенс не е седмаче!
38
Туѓо сакаме, свое не даваме
ЛАЗЕ: Изузетак који потврѓује правило!
ИЦКО: (Го турнува од себе Лазета. За тоа време пак продолжува расправијата меѓу
Таип и Елизабета.) Од ништо да не остануваш покусо, и – нема да биде седмаче! (Тоа и го
вели на Жаклина.)
20.
(Од улица се слуша сирена на болничка кола.)
ГЛИГУР: (Влегува во бел мантил, мижурка, ништо не распознава зашто е без очила. Прв
до врата е Лазе и нему му се обраќа. Лазе покажува на Слаѓан. Глигур доаѓа кај Слаѓан и
го трга на просцениумот. Шепоти, вознемирен е.) Слаѓо! Две лоши работи! Малку
задоцнив за пациентот...
СЛАЃАН: Кој пациент?
ГЛИГУР: Господин Лазе!
СЛАЃАН: Многу си брз!... Другата работа?
ГЛИГУР: (Се врти да не го чујат, го трга уште понапред.) Место шпански муви... ми ги
нема очилата... сме ставиле прашок за прочистување! нашата одмазда... Мора нешто друго
да направиме!
СЛАЃАН: Направено е другото! Оди кај пациентот!... Чекај! (Му ги дава очилата. Со
очилата Глигур го гледа Ицко Курбла и прави широк круг да го размине. Доаѓа кај Лазе,
вади стетоскоп. Лазе одбива и со стегање на мускулите на раката сака да каже дека
ништо не му е. Глигур пак инсистира, тогаш Лазе легнува и прави склек, крај него
клекнува Глигур, го фаќа за рака и му го мери пулсот. За тоа време караниците меѓу Таип
и Елизабета добива кулминација. Таип оди по Елизабета и вика.)
ТАИП: Ава кате лове!
ЕЛИЗАБЕТА: Нане лове! Тоа е прифатено – за пиштол за Насер!
ТАИП: Како, мори, нане лове!!! Со мои очи сум видел кога ти даваше господин Лазе! (Го
бара Лазета за да потврди. Лазе е легнат, не го гледа. На Елизабета.) Имам и сведоци,
богати! Тетин Ицко, кажувај ти!
ИЦКО: (Го турнува.) Не се мешам во вашите билатерални односи! Ајде, тргаме!
ТАИП: Како да тргнуваме, богати, кога уште овде ми лажи! Ами во Трс?!! Ами во
Италија?! Ами во канал ламанч?!! (И вреснува на Елизабета.) Ава кате лове, пичка ти
мајчина!!! Да ти биди срам! Јас ќе плаќам и воз, и рана, и спијање, а ти ми лажиш! Ава
кате лове!
ЕЛИЗАБЕТА: (Го тргнува од себе и тој паѓа крај Лазе. Така легнат крај него.)
ТАИП: Господин Лазе, добро што ти најдов! Кажи дали си давал пари или не си давал на
Елизабета?! (Го крева.) Ајде, кажи! Ава кате, мори! Ти вика, чичко...
ЛАЗЕ: (Крева прст.) Гос-по-дин! Господин Лазе!
ТАИП: Гос-по-дин! Господин Лазе! Ава кате да чуиш!
ЕЛИЗАБЕТА: Сиктер!
ТАИП: На Таип – сиктер?!!... Мантил!!! (И наредува да го соблече. Таип, бесен, нервозен,
сака брзо да ја „соблече“ Елизабета (сѐ што тој и дал) Реакцијата на Елизабета е
спротивна. Ако тој брза, таа полека, полека. Кога почнува да го соблекува мантилот,
Рубенс го вклучува транзисторот – почнува музика погодна за стриптиз точка.
Елизабета почнува карикирано стриптиз нумера. Таип потскокнува, му се брза. Другите
се претвораат во „публика“ – Глигур ги брише очилата, зема столица и седнува „во
првиот ред“. По мантилот, Таип ја бара блузата.) Блуза!!!
21.
(На сцена втрчува Гавро. Во едната рака пендрек, во другата жолтиот цреп што Ицко
го фрли на Жижи.)
ГАВРО: Каде е?! Сексуалниот манјак!!! За три години во градов четири убиства со цреп!
(Го крева црепот.) Петто убиство...!!! (Во тоа време, Елизабета ја соблекува полека
блузата, сите зркнати во неа, му свикуваат, баш како в театар: Псссс!!! (му
39
Туѓо сакаме, свое не даваме
покажуваат „на сцената“) Кога ја видува разголена Елизабета, брзо зема столица и
седнува во „првиот ред“ до Глигура и со зината уста гледа во Елизабета. Кога Таип
„слекува“ сѐ што и дал на Елизабета (зависи до каде ќе се реши да се оди, или комплетен
стриптиз, или ќе се остави до комбинезон), Таип сите работи ги збира во мантилот,
како во бовча и сака да излезе. Елизабета му се обраќа на Гавро покажувајќи на Таип.)
ЕЛИЗАБЕТА: Видиш сега! Кој кради?! Ти мене караше, викаше...
(Гавро станува, го фаќа Таипа за уво, а Елизабета му се доближува, плаче како
„незаштитена“ жена, тој ја прегрнува, но со едната рака го држи за уво Таипа. Овде
може, до колку им одговара на изведувачите, да се направеи сцена меѓу Гавро и
Елизабета – пародија на она толку злоупотребувано клецање во нашите филмови. Ако се
оди на тоа, Гавро едната рака на Таипа ја заклучува со лисиците, кои се на каишот на
панталоните негови, па како тој „клеца“ така го повлекува и Таипа.)
(Одеднаш сцената силно се осветлува – втрчува ЖИЖИ. Сета во бело. Таа ги крева
двете раце.)
ЖИЖИ: Готово!!! Готово!!!
(Во тој момент одекнуваат гротескно силно камбани.)
(Соодветно реагирање – страв скоро кај сите мажи, зашто скоро сите имале односи со
Жижи (Гавро, Ицко, Слаѓан... можеби и Господин Лазе и д-р Глигур? На кого ќе се
нафрли Жижи?)

КРАЈ

40

You might also like