You are on page 1of 161

Хамлет

Вилијам Шекспир

ХАМЛЕТ

1
Хамлет

ЛИЦА:
КЛАВДИЈ, кралот на Данска
ХАМЛЕТ, принц на Данска, син на поранешниот и внук на сегашниот крал
ПОЛОНИЈ, главен државен секретар
ХОРАЦИО, пријател на Хамлет
ЛАЕРТ, син на Полониј
ВОЛТИМАНД, пратеник во Норвешка
КОРНЕЛИЈ, пратеник во Норвешка
РОЗЕНКРАНЦ, бивш колега – студент на Хамлет
ГИЛДЕНСТЕРН, бивш колега – студент на Хамлет
ОЗРИК, надуен дворјан
ГОСПОДИН
СВЕШТЕНИК
МАРСЕЛ, офицер на стражата
БЕРНАРДО, офицер на стражата
ФРАНЦИСКО, офицер на стражата
Четири или пет АКТЕРИ
Двајца ГРОБАРИ
ФОРТИНБРАС, принц на Норвешка
Норвешки КАПЕТАН
Англиски ПРАТЕНИЦИ
ГЕРТРУДА, Кралица на Данска, мајка на Хамлет
ОФЕЛИЈА, ќерка на Полонија
Лордови, госпоѓи, војници, морнари, Гласник и придружници
ДУХОТ на Хамлетовиот татко
Сцена: Елсинор, замок во Данска.

2
Хамлет

ПРВ ЧИН
СЛИКА ПРВА
Замокот во Елсинор. Тесно стојалиште врз ѕидините; оддесно и одлево врати кон две
мали кули. Ѕвездена ноќ, мошне студена.
ФРАНЦИСКО, стражар вооружен со копје, чекори горе-долу. Камбаната одѕвонува
дванаесет часот. Од замокот сега излегува БЕРНАРДО, еден друг стража исто
вооружен, кој се штрекнува кога ќе ги чуе чекорите на ФРАНЦИСКО во мракот.
БЕРНАРДО:
Кој иде?
ФРАНЦИСКО:
Не, одговарај ти. Стој и дај лозинка.
БЕРНАРДО:
Да живее кралот!
ФРАНЦИСКО:
Бернардо?
БЕРНАРДО:
Тој.
ФРАНЦИСКО:
Ти точно доаѓаш на време.
БЕРНАРДО:
Штотуку одби полноќ. Ајте ти
Во постела, Франциско.
ФРАНЦИСКО:
За ова многу ти
Благодарам. Студено е страшно
И ѕемнам сиот до срце.
БЕРНАРДО:
Мирно беше сè?
ФРАНЦИСКО:
Ни глушец да мрдне.
БЕРНАРДО:
Па, добра ноќ. Ако патем наидеш

3
Хамлет

На Марсел и Хорацио, што со мене


На стража се, кажи им да побрзаат.
(Влегуваат Хорацио и Марсел.)
ФРАНЦИСКО:
Ги слушнав, чинам. Стој, еј! Кој иде?
ХОРАЦИО:
Пријатели на земјава.
МАРСЕЛ:
Поданици на кралот.
ФРАНЦИСКО:
Добра ви ноќ.
МАРСЕЛ:
Со здравје чесен војнику!
А кој те замени?
ФРАНЦИСКО:
Бернардо е на постот.
Добра ноќ.
(Излегува Франциско.)
МАРСЕЛ:
Бернардо, здраво!
БЕРНАРДО:
Што?
Зар тоа е Хорацио.
ХОРАЦИО:
Дел од него.
БЕРНАРДО:
Добредојде. Добредојде, Марсел.
ХОРАЦИО:
Се појави ли она нешто пак?
БЕРНАРДО:
Јас ништо не видов.
МАРСЕЛ:
Хорацио вели дека тоа сал

4
Хамлет

Ни се присторило, не верува дека


Сеништено дваж видено од нас
Ќе му се јави пред очи. И затоа
Го доведов за со нас да пробдее
Во дел од ноќва, па ако призракон
Пак дојде, сам да потврди што видовме
И да му прозбори.
ХОРАЦИО:
Ајде, ајде –
Тој нема да се јави.
БЕРНАРДО:
Ти седни сал,
Па уште еднаш чуј со свои уши,
Што толку од прикаскава ги браниш,
За она двеве ноќи што го видовме.
ХОРАЦИО:
Ај да седнеме, па да чуеме што
Бернардо ќе ни каже.
БЕРНАРДО:
Сношти, кога
Ѕвездана западно од Северницата
Пропатува за да го осветли
Тој ист дел од небово, кој гори
И сега, јас и Марсел, ѕвоното
Штом одби еднаш...
Се појавува ДУХОТ облечен во оклоп од глава до петици и со маршалска палка в раце.
МАРСЕЛ:
Молк, прекини! Ене го кај иде пак.
БЕРНАРДО:
Во иста става како кралот мртов.
МАРСЕЛ:
Хорацио, ти учен си; прозбори му.
БЕРНАРДО:
Зар не личи на кралот? Погледај го.
ХОРАЦИО:
Да многу. Ме полни тој со страв и чудење.
5
Хамлет

БЕРНАРДО:
Би сакал да му прозборат.
МАРСЕЛ:
Прашај го, Хорацио.
ХОРАЦИО:
Ти кој си, што го грабаш времево
Од ноќта со тој воинствен и красен лик,
Во кој чекореше великиот
А сега мртов крал на Данска,
Во небово те колнам, зборувај.
МАРСЕЛ:
Се навреди.
БЕРНАРДО:
Си оди гордо, глеј.
ХОРАЦИО:
Стој. Проговори. Заповедам, зборувај.
(Духот исчезнува.)
МАРСЕЛ:
Си отиде и не одговори.
БЕРНАРДО:
А сега, Хорацио! Ти трепериш
И блед си. Нели беше појќе од
Фантазија? Па што мислиш за ова?
ХОРАЦИО:
Пред Господа не би поверувал
Да не потврдеа со сведоштво
Сопствените очи.
МАРСЕЛ:
Зар не е како кралот?
ХОРАЦИО:
Ко ти што само си ти.
Му беше ист и оклопот во кој
Се бореше со славољубивиот крал
На Норвешка. И смуртен како кога

6
Хамлет

Во бојот лут ги срази тој во мразот


Полјаците со сè санки. – Баш чудно.
МАРСЕЛ:
Е вака дваш, и токму в овој мртов час
Со воинствен тој мина ôд крај постот наш.
ХОРАЦИО:
Што да мислам за тоа не знам јас,
Но в општиот тек на моите мисли
Ми коби ова пресврт во државава.
МАРСЕЛ:
А сега, добро, седни пак и кажи ми
Дал некој знае зошто строгово
И највнимателно стражарење
Ги мачи ноќе нашите поданици?
И зошто секој ден се леат топови
И в странство за оружје се пазари?
Што толку јагма по бродоградители –
Од мачно ринтање да не знаат
За недела? И кој ни се заканува
За потнава вјасаница да прави и
Од ноќта делник? Кој може ова
Да ни го објасни?
ХОРАЦИО:
Јас можам,
Се шепоти бар така. Покојниот крал,
Кој штотуку се јави како сенка,
Предизвикан беше, ко што знаете,
На бој од Фортинбрас, норвешкиот крал,
А овој беше подбуцнат на тоа
Од горда завист; но во таа борба
Јуначниот наш Хамлет (кого така
Го оцени делот наш од светот познат)
Го уби овој Фортинбрас. Овој, пак,
Со договор запечатен и оверен
Од својот герб и закон, ги даде.
За животот, сите свои земји
На оној што ќе победи. Дел еднаков
Во пактот заложи и кралот наш.
И тоа ќе му припаднеше во наследство
7
Хамлет

На Фортинбрас да беше тој победникот,


Ко што – по истиот тој договор
И според членот наведен – делот негов
Му припадна на Хамлет. Но сега
Ете ти го младиот Фортинбрас, од сој
Непоправлив, а врел и дрзок, збрал
Од полите на Норвешка, ваму-таму,
Сè некој џган одметници што спремни се
За парче леб на сенешто – а тоа значи,
Како што се случува и кај нас,
Да ги заземат со рака силна и
Под принуда оние земји што татко му
Ги загуби. И ова, ете, е
Мотивот главен за сите наши
Подготовки, причината за нашево
Стражарење и поводот за оваа
Вјасаница и тревога во земјата.
БЕРНАРДО:
Јас мислам дека токму така е.
А можеби и затоа ни доаѓа
На стража кобниот тој дух вооружен,
Личејќи толку му на кралот бивш,
Кој е и беше причина на борбиве.
ХОРАЦИО:
Сал раска тој е за да го смати
Окото на духот. Во цутот на
Државата во Рим, малку пред Цезар
Да падне, празни зинале гробовите,
И мртвите во плаштот гробен
Брбореле и пискале по улици.
Се јавиле ѕвезди с’ опашки од оган,
И роса крвава и пеги сончеви,
А месецот, од чиешто влијание
Му зависи на Нептун царството,
Се смрачил како да е Суден ден.
И други знаци на страшни настани,
Предвесници на судбата и пролог кон
Прокобите што следат, небото
И земјата објавиле во нашите
Покраини и пред наши земјаци.

8
Хамлет

(ДУХОТ се појавува пак.)


Но тивко, глејте, ене го кај иде пак!
Јас патем ќе го запрам па макар и
Ме сотрел. – Стој, призраку, застани!
(Духот ги шири рацете.)
Ако имаш звук и глас со кои се служиш,
Прозбори ми.
Ако сакаш нешто добро да се стори
За покој твој и мој благослов,
Прозбори ми.
Ако криеш нешто за судбата
На земјава што може да се избегне,
Проговори.
Ил ако во животот си натрупал
Ограбено богатство во недрата
На земјата, за кое, велат, вие
Духовите се кревате од гробот,
(Кукурига петел.)
Кажи ни го. Стој, зборуј. Запри го, Марсел.
МАРСЕЛ:
Да удрам по него со копјево?
ХОРАЦИО:
Збрцај му го ако не застане.
БЕРНАРДО:
Држ, еве го.
ХОРАЦИО:
Еве го.
МАРСЕЛ:
Го снема.
(Духот исчезнува.)
Му згрешивме, а беше толку горд,
Со тоа што покажавме насилие;
Неповредлив е како воздухот
Ударите, пак, наши – злобен подбив.
БЕРНАРДО:
Ќе зборнеше, но петелот го спречи.

9
Хамлет

ХОРАЦИО:
Се штрекна тогаш како виновник
Пред суров суд. А петелот, сум чул,
Тој трубач утрински, со високо
И остро грло богот го разбудува
На денот, па на негов знак, на море
Ил в оган, на земја или во воздух,
Скитничките и блудни духови
В миг летаат кон своите предели;
Вистината за тоа ни ја докажа
Преѓешната појава.
МАРСЕЛ:
Го снема штом
Кукуригна тој петел. А спроти
Раѓањето на Христа велат дека
Утринскава птица пее цела ноќ
И тогаш, наводно, ни еден дух
Не се осмелува да мрдне вон,
Полноќите се здрави, ниедна
Планета не ваби зло, не фаќа
Магијата, вештиците немаат моќ
Од толку свето блаженство на празникот.
ХОРАЦИО:
Сум чул и јас за тоа и делумно
Му верувам. Но глејте, муграта
Обвиена во наметка црвенкава
Врз роса стапнува на ридон источен.
Да свршиме со стражава, јас би ви
Советувал за ова ноќва што
Го видовме да го известиме
Младиот Хамлет, зашто – се колнам
Во животот, тој дух, кој нем е пред нас,
Ќе му проговори баш нему. Бива ли
Да му соопштиме за ова, како
Што бара љубовта и должноста?
МАРСЕЛ:
Ве молам, да му кажеме, а утрово
Јас знам кај најлесно ќе го најдеме.
(Излегуваат.)
10
Хамлет

СЛИКА ВТОРА
Свечена сала во дворецот.
Фанфари. Влегуваат КЛАВДИЈ, кралот на Данска, ГЕРТРУДА, кралицата, советници меѓу
кои ПОЛОНИЈ и син му ЛАЕРТ, ХАМЛЕТ и други меѓу кои ВОЛТЕМАНД и КОРНЕЛИЈ.
КРАЛОТ:
И ако споменот за смртта на брат
Ни Хамлет, сеуште е свеж, и срцата
Ни се во жал ко што ни прилега,
А сето наше кралство се збрчкало
Во едно чело јад, разбраноста сепак
Ја совлада природата, па сега
Со мудра тага мислиме на него.
Но воедно си спомнавме и за нас.
И затоа преѓешната ни снаа,
А сега кралица, наследничка
Доживотна на оваа држава
Воинствена, ја зедовме за жена
Со радост небаре поразена,
Со едно око волно, друго солзено,
Со веселба на погреб, и тажаленки
На свадба, за мерката да мери
И сласт и болка еднакво. Не го
Исклучивме ни вашиот совет
Што слободно се согласи со браков.
За сè – благодарам. А сега, како
Што знаете, младиот Фортинбрас,
Сметајќи ни ја лошо вредноста,
Ил дека со смртта на брат ни мил
Државата ни е пред расцеп и
Безредие, сонејќи си за превласт,
Непрестано ни здодева со пораки
За да му ги отстапиме земјите
Загубени од татко му во полза
На брат ни смел, но според оној пакт.
За него, толку. А сега за нас и
За средбава – се работи за ова:
Му пишавме на кралот норвешки,
На стрико му на младиот Фортинбрас,
Кој немоќен и врзан в постела

11
Хамлет

Одвај дал чул што план му има внук му,


Во иднина да спречи вакви дела
И внук му војска да не собира
Од негови поданици. Затоа
Ве праќаме вас, добар Волтеманд
И вас, Корнелиј, да му го врачите
На кралот стар овој писмен поздрав,
Без друга лична власт да имате
Во преговорите вон од доменот
На овие јасно кажани ставови.
Па добар пат. Побрзајте за ревноста
Да ви се пофали.
КОРНЕЛИЈ, ВОЛТЕМАНД:
Во тоа и во сè
Ќе ви ја докажеме својата ревност.
КРАЛОТ:
Не се сомневаме. Срдечно збогум
(Волтеманд и Корнелиј излегуваат.)
А сега, Лаерте, што има ново со вас?
Ни спомнавте за молба. Каква, Лаерте?
Пред кралот дански зборот разумен
Збор залуден не е. Што молеше, Лаерт?
Зар тоа не би ти го понудил
И без да молиш? Главата не е
Поприродно здружена со срцето
И раката поуслужна од устата,
Ко тронот дански што е со татко ти.
Што би сакал, Лаерте?
ЛАЕРТ:
Господару,
Би сакал дозвола и потпора
Да се вратам во Франција од кајшто,
И ако волно, дојдов според должноста
Во Данска за вашто крунисување.
Но сега, откако ја свршив должноста,
Во мислите и желбите копнеам
По Франција, со нив се клањам пред вас
Молејќи ве за дозвола и прошка.

12
Хамлет

КРАЛОТ:
А татко ти? Што вели Полониј?
ПОЛОНИЈ:
Ми ја исцеди, мој кралу, бавно тој
Дозволата со молба усрдна
И најпосле желбата неволно му ја
Запечатив со моја согласност.
Ве молам, пуштете го да замине.
КРАЛОТ:
Во среќен час ти појди, времето
Е твое, Лаерте, и троши го
Ко најдобро што сакаш. А сега,
Мој роде, Хамлет, сине мој...
ХАМЛЕТ:
(За себе.)
Од род сум повеќе, но не толку роден.
КРАЛОТ:
Облаците зар уште висат над вас?
ХАМЛЕТ:
Не, кралу мој. Јас премногу сум на сонце.
КРАЛИЦАТА:
Мој добар Хамлете, промени го
Тој смрачен лик и фрли ти врз Данска
Пријателско око. Не барај го
Со клепки спуштени по цел ден татка си
Благороден во правта. Ти знаеш што
Е општа судба – сè живо умира,
Минувајќи од природа во вечност.
ХАМЛЕТ:
Да, мадам, општа судба.
КРАЛИЦАТА:
Штом така, зошто
Сал тебе ти се чини толку посебна
ХАМЛЕТ:
Ми се чини, госпоѓо? Не, така е.
Јас не знам што е тоа „ми се чини“.

13
Хамлет

Не ме бележи, добра мајко, верно


Сал плаштов мастилав, ниту овој
Обичаен свечен траур, ни воздиви
Ветровити од напнат здив, ни таа
Разлеана река, – не, од окото,
Ни тој смрлушен израз на лице
Со сите форми, норми, начини на жал.
Сè ова „се чини“, зашто тоа
Се дела што секој може да ги игра,
Но во себе јас имам нешто што е
Над таа сјајна претстава од жалта.
КРАЛОТ:
Најпофално и нежно, Хамлете,
Е тоа од вас што, жалејќи така,
Му одолжувате на татка си;
Но мора да знаете – и татко ви
Свој загубил татко, а овој, пак, својот.
Наследникот е должен како син
За некое време да даде почит
На жалта посмртна. Но да се трае
Тврдоглаво во јадот води право
Во безбожност, немажествен чемер,
Покажува неправедност кон небото,
Неутврдено срце, дух нетрпелив,
Разбирање неуко и просто.
Бидејќи она што го знаеме
Да стане морало, ко нешто најпросто,
Што толку на срце го земаме
Со отпор инатлив? Па тоа е грев
Кон небото, кон мртвиот, грев против
Природата, најбесмислен за разумот,
На кого главна тема му е смртта на
Татковците и кој сè уште вика
Од трупот прв до тој што умрел денес:
„Да биде така морало“... Ве молам,
Отфрлете го тој бол несовладан
И сметајте нè за татко, зашто –
И нека знае светот – вие сте
Најблискиот до тронот наш и со
Не помалу благородна љубов

14
Хамлет

Од татко кон свој најмил син јас вам


Со ова ви се давам... А вашата,
Пак, намера да се вратите на
Школување во Витенберг се противи
На нашата желба, па затоа
Ве молиме да се покорите
И да останете тука за радост
И утеха на наше око, како
Наш најблизок дворјан, род и син.
КРАЛИЦАТА:
Не пуштај ја мајка ти да се губи,
Хамлете, во молитви; остани.
Те молам, кај нас, не во Витенберг.
ХАМЛЕТ:
Ќе ве слушам, госпоѓо, во сè што можам.
КРАЛОТ:
Па овој одговор е красен и
Полн љубов. Бидете во Данска ко што
Сме ние самите. Ајде, госпоѓо
Непринуденава и блага согласност
На Хамлет срцето ми го насмевнува;
Во чест на тоа, не само здравици
Ќе пие Данска ведро денес, туку
И топот голем нека објави
До облаци, од кралските голтки
Да ѕуни небото во ехо на
Громовите земски. Да одиме.
(Фанфари. Излегуваат сите освен Хамлет.)
ХАМЛЕТ:
О камо да се стопи тоа гнасно
И прегнасно месо, да окопни
Па да се претвори во роса; или,
Да немаше бар закон Вечниот
Против самоубиството! Боже, Боже!
О колку заморни, блантави, плитки и
Бескорисни изгледаат сите нешта
На овој свет! Плуј врз него, ах плуј!
Неплевена градина е тој до семето,

15
Хамлет

Обрасната во бурјан буен, густ.


Зар дотаму да дојде, мртов пред
Два месеци, ни два дури – не, не два,
Крал толку одличен, кој беше Аполон
За овој сатир, со љубов толку полн
Кон мајка ми што ни ветер небесен
Не би пуштил да ѝ го груби лицето.
О небо и земја! Зар морам да
Се сеќавам? Па таа беше срасната
За него и хранејќи се од него
Нејзината глад везден растеше.
Па сепак, не мина ни месец а...
Да не мислам на тоа. О слабост – ти
Се викаш – жена! Ни еден месец, ил
Пред дури да ѝ изветват и чевлите
Со кои го следеше татковото тело
Ко Ниоба сета солзи, и таа,
Да, таа... Боже, па и ѕвер без разум
Би жалел подолго – и таа се мажи
За стрико ми, за брат на татко ми,
На татко ми сличен ко јас што сум
На Херкул. За еден месец, пред солта
Од солзите најнечесни да престане
Да ѝ ги пече подуените очи,
Се омажи. Со таква лоша брзина
И спретност, да скокне во постела
Родоскверна! Не, не, тоа не може
Да испадне на добро. Но пукни, срце!
Јас морам да си го држам јазикот.
(Влегуваат Хорацио, Марсел и Бернардо.)
ХОРАЦИО:
Здраво, ваше господство.
ХАМЛЕТ:
Мило ми е што
Ве гледам, добар Хорацио – ако не
Сум изумил.
ХОРАЦИО:
Истиот, мој лорде,
И беден слуга ваш за секогаш.
16
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Не, пријател мој добар, слуга сум ви јас.
(Се ракуваат.)
А што ваму од Витенберг, Хорацио?
Марсел.
(Му подава рака.)
МАРСЕЛ:
Мој добар принцу!
ХАМЛЕТ:
Мило ми е што ве гледам – добра вечер,
Господине.
(Му се поклонува на Бернардо.)
Но што ве доведе
Од Витенберг, Хорацио?
(Го поведува Хорацио на страна.)
ХОРАЦИО:
Ми скимна
Да денгубам, господару мој добар.
ХАМЛЕТ:
Не би сакал ова душманот да ви
Го чуе, а ни вие не правете
Од моето уво повереник
За вашата навреда против себе.
Знам дека не сте безделник, туку
Што работа имате во Елсинор?
Ќе ве научиме да празните
До дното чаши пред да си заминете.
ХОРАЦИО:
Мој лорде, дојдов за погребот на татко ви.
ХАМЛЕТ:
Те молам, другар, не подбивај ми се;
Си дошол, чинам, за свадбата на мајка ми.
ХОРАЦИО:
Навистина, мој принцу, тоа дојде веднаш.
ХАМЛЕТ:
Се штеди, Хорацио; печените
17
Хамлет

За погребот меса се служат ладни


На свадбена трпеза. Камо да
Го сретнев на небо најгрозниот враг,
Сал да не го видев тој ден, Хорацио...
Татко ми го гледам, чинам, татко ми.
ХОРАЦИО:
Мој лорде, каде?
ХАМЛЕТ:
Во окото на духот,
Хорацио.
ХОРАЦИО:
Го видов еднаш и јас,
Тој беше красен крал.
ХАМЛЕТ:
Тој беше човек,
И сè на сè, јас таков пак не ќе видам.
ХОРАЦИО:
Мој принцу, јас го видов, мислам, вчера.
ХАМЛЕТ:
Го виде, кого?
ХОРАЦИО:
Па кралот, татко ви.
ХАМЛЕТ:
Кралот, татко ми!
ХОРАЦИО:
Здржете го чудењето за миг,
Со уво највнимателно – дур не ви
Го објавам чудово со сведоштво
На овие господа.
(Се свртува кон Марсел и Бернардо.)
ХАМЛЕТ:
Добога, да чујам!
ХОРАЦИО:
Две ноќи едно-по-друго господава

18
Хамлет

Бернардо и Марсел стражарејќи


Во мртва тишина на полноќ
Се сретнале со призрак како татко ви,
Во оклоп сиот од глава до петици.
Се појавил пред нив и свечено
Одејќи минал бавно горд крај нив.
Им прошетал трипати пред очите
Потиснати од страв ненадеен,
Одалечен колку му е долга палката,
А тие пелтосани од ужас
Занемеле и таму стоеле без збор.
За ова тајно ме известија
И мене, па на третата ноќ и јас
На стража со нив бдеев. И како што
Ми беа рекле, така точно зборот им
Се потврди – сеништето дојде
Во исто време и облик и јас
Го познав татко ви. И рацеве
Не ми се послични.
ХАМЛЕТ:
Кај беше тоа?
МАРСЕЛ:
На постот кај стражаревме, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Зар никој не му прозбори?
ХОРАЦИО:
Да, принцу, јас,
Но одговор тој не даде, а сепак
Ко да ја крена еднаш главата
И мрдна како да ќе прозбори;
Но токму тогаш гласно петелот
Кукуригна, па бргу побегна
И исчезна од пред очи.
ХАМЛЕТ:
Баш чудно.
ХОРАЦИО:
Но вистина е, како што сум жив,
Почитуван мој принцу. И рековме,
19
Хамлет

Бидејќи тоа ни е должност, за ова


Да ви јавиме.
ХАМЛЕТ:
Да, да, господа,
Но тоа ме загрижува. Дали сте
На стража ноќва?
СИТЕ:
Да, господару.
ХАМЛЕТ:
Во оклоп, рековте?
СИТЕ:
Во оклоп, принцу.
ХАМЛЕТ:
До глава зар?
СИТЕ:
Од глава до пети, принцу.
ХАМЛЕТ:
Па тогаш не сте му го вишле лицето.
ХОРАЦИО:
О да мој принцу, визирот му беше кренат.
ХАМЛЕТ:
Изгледаше ли смуртено?
ХОРАЦИО:
Па повеќе
Во жал од колку гнев.
ХАМЛЕТ:
Блед ил црвен?
ХОРАЦИО:
Не, мошне блед.
ХАМЛЕТ:
Со втренчен поглед во вас?
ХОРАЦИО:
Да, постојано.

20
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Би сакал да бев таму.
ХОРАЦИО:
Ќе се преплашевте, бездруго, многу.
ХАМЛЕТ:
Секако, секако – остана ли долго?
ХОРАЦИО:
Дур не изброите, одмерено, до сто.
МАРСЕЛ, БЕРНАРДО:
И подолго, подолго.
ХОРАЦИО:
Не кога го видов јас.
ХАМЛЕТ:
А брадата му беше сивкава, зар не?
ХОРАЦИО:
Ко што му ја видов кога беше жив,
Сребренотемна.
ХАМЛЕТ:
И јас ќе бдеам ноќва.
Пак, може, ќе се појави.
ХОРАЦИО:
Да, секако.
ХАМЛЕТ:
Се појави ли тој во лик благороден
На татко ми, ќе му проговорам
Па макар адот сам да зине и да
Ми нареди да молчам. А сите вас
Ве молам, ако веќе досега
Сте криеле што видовте, нека
И потаму ко тајна тоа остане,
И макар што се случи вечерва,
Сфатете го, но со премолчување.
За таа љубов ќе ве наградам.
А сега, збогум. Ќе ве посетам
На постот меѓу единаесет и
Дванаесет.
21
Хамлет

СИТЕ:
Ви служиме со должност.
ХАМЛЕТ:
Не, со љубов, како јас вам. До гледање.
(Му се поклонуваат и излегуваат.)
Зар дух на татко ми во оклоп? Не ќе е
На добро. Да не е подла игра?
Би сакал веќе да е ноќ. Но дотогаш
Ти, душо, смири се. Подлите дела
Пред наши очи ќе се подлокаат,
Па макар сета земја ги закопала.
(Излегуваат.)

СЛИКА ТРЕТА
Одаја во куќата на Полониј.
Влегуваат ЛАЕРТ и сестра му ОФЕЛИЈА.
ЛАЕРТ:
Работите ми се на бродот, сестро –
Па проштевај, а кога ветерот
Е поволен, ил најдеш прилика,
Ти не спи, туку пиши ми.
ОФЕЛИЈА:
Се сомневаш зар?
ЛАЕРТ:
А трошките од милоста на Хамлет
Сметај му ги за мода, за играчка
На крвта, за темјанушка во младост
Пролетна, рана непостојана, слатка
Но нетрајна, со мирис занесен за миг,
Не повеќе.
ОФЕЛИЈА:
Не повеќе од тоа?
ЛАЕРТ:
Не сметај го
За повеќе. Природата не расте сал
Во мускули и меса; со подемот

22
Хамлет

На телото пораснува и моќта


Внатрешна на душата и духот.
Тој сега можеби те љуби и
Никаква лага, дамка не го валка
Неговиот чист копнеж. Но мораш
Да стрепиш дека, со оглед на
Потеклото, неговиот копнеж не е
Сал негов, зашто самиот е роб
На своето раѓање. Тој не може,
Ко еди-кој-си, да прави што сака;
Од изборот негов зависи силата
И здравјето на сета држава,
Па затоа изборот мора да му е
Ограничен со потврда и согласност
На она тело на кое тој е глава.
И ако вели дека те сака,
Ти биди мудра и верувај му
Сал доколку тој смее, според својот
Положај и место, тоа нешто да
Го оствари, што значи – доколку
Со тоа се сложи гласот и на Данска.
Одмери ја загубата на честа,
Ако со уво предоверчиво
Му ги слушаш песните и срцето
Го загубиш, ил ризница девствена
Му отвориш пред незауздените
Му налети, Офелијо. Чувај се,
Причувај се, сестро, и бегај скраја
Од чувствата, вон дострелот опасен
На желбата. „Најчистата девица
Е блудна, ако убоства си ја
Разоткрие па макар на месечина“.
„Ни доблеста не бега од клевети.“
„Црв често го гризе пролетниот пород
И пред да распука со пупките,
А во утринската роса на младоста
Заразните имели се најотровни.“
Ти внимавај – стравот најдобро нè брани,
А младоста сама си создава рани.

23
Хамлет

ОФЕЛИЈА:
Значењето на овој добар урок
Во срцево ко стража ќе го пазам.
Но брате добар, не покажувај ми го
Тој стрмен, трнлив пат до небото
Ко некој поп немилозлив, додека
Ко дрзок развратник без обзири,
Ти чекориш по патот послан со
Задоволства и јаглики, а сам
Не се држиш до советот.
ЛАЕРТ:
Не плаши се
За мене. Јас долго останав – но еве
Кај иде татко ни. Двоен благослав
(Клекнува.)
Е двојно блаженство, а случајот
Ми пружа, ете, проштевање второ.
ПОЛОНИЈ:
Зар уште, Лаерте, си тука? Ајде, ај,
На коработ. Та ветерот едрата
Ги надул, а ти си седнал тука.
(Ја клава раката врз главата на Лаерт.)
Еве ти го благословот. И овие
Мои поуки да си ги врежеш
Во паметта. Не давај им јазик
На своите мисли, ни дело на
Непромислености. Биди присен,
Но не и прост. Пријателот, што веќе
Си го испробал, со куки челични
Закачи го за срцето, но стисокот
На дланката не слаби го ракувајќи се
Со секој новоиспилен голуждравец.
Не влегувај во кавга, но штом веќе
Си влегол, држи се за да го заплашиш
Противникот. Дај уво секому, но на
Малкумина и глас. Примај критика
Од секого, а судот држи го
За себе. Скапо носи се колку што
Ти тежи ќесето, но не конти се –
Богато, но не и шарено. Зашто

24
Хамлет

Оделото го прави често човека,


А оние што се од друштво најдобро
И ранг во Франција, од сој одбран и
Благороден, во тоа се истакнати.
Ни заем давај ни позајмувај, зашто
Ќе загубиш и заем и пријатели;
Зајмејќи губиш смисла и за штедење.
Над сè друго, биди верен на себеси
Од што ќе следи, јасно како ден, –
Нема да му лажеш ни на ближниот...
Со благослов да зрее ова во тебе.
ЛАЕРТ:
Најпокорно се проштевам, татко.
ПОЛОНИЈ:
Те вика времето, те чекаат, ајде.
ЛАЕРТ:
(Се крева.)
Офелијо, збогум и помни што
Ти реков.
ОФЕЛИЈА:
Го заклучив во моето
Сеќавање, а клучот чувај го ти сам. (Се прегрнуваат.)
ЛАЕРТ:
Збогум. (Излегува.)
ПОЛОНИЈ:
Што ти рекол, Офелијо, тој тебе?
ОФЕЛИЈА:
Па нешто, простете, за принцот Хамлет.
ПОЛОНИЈ:
О Дева Маријо, добро смислено.
Во последно време се слуша дека
Тој често тајно со тебе се среќавал,
А и ти си била тогаш со него
Дарежлива и слободна. Ако е така –
Ко што ми рекоа како опомена –
Морам да ти кажам дека сама ти
Не се сфаќаш ко моја ќерка, со чест
25
Хамлет

Што прилега. Што било меѓу вас?


Кажи ми ја вистината.
ОФЕЛИЈА:
Но татко,
Тој досега ми дал и доста докази
За своите чувства.
ПОЛОНИЈ:
Зар чувства, а?
Ми зборуваш ко зелена и неука
Во овие опасни околности.
Ти, велиш, веруваш во тие „докази“?
ОФЕЛИЈА:
Јас не знам, татко, што да мислам.
ПОЛОНИЈ:
Па, тогаш,
Да те подучам – ти си дете, штом
Си ги примила тие докази ,
Што вредност немаат, ко пари вистински.
Докажи се ти поскапо, за да не –
Да не ја повторам таа фраза глупа –
Да не ме покажеш за будала мене.
ОФЕЛИЈА:
Но тој ми се додворува со љубов и
На чесен начин, татко.
ПОЛОНИЈ:
Баш го нашол
Начинот; но продолжи, продолжи.
ОФЕЛИЈА:
И своите зборови ги потврди
Со скоро сите клетви на небото.
ПОЛОНИЈ:
Да, стапица за гуски. Кога крвта
Ќе зоврие, знам колку обилно
На јазикот душата му дава клетви.
Тој пламен, ќерко, што повеќе свети
Од колку грее, бидејќи е згаснат,
Не сметај го за оган, дур и кога
26
Хамлет

Се пали со ветувања. Отсега


Штеди си ја моминската присутност;
За средбите со него побарај му
Поголема цена. А на принц Хамлет
Верувај му сал зашто млад е уште,
Но тој се шета по простор поширок
Од твојот. Накусо, Офелијо,
Не верувај на клетвите, тие се
Трчи-лажи по боја различна
Од таа во која се облечени,
Посредници на молби пофални со здив
Свет небаре и набожен за подобро
Да заведат... Тоа е сè, и отсега
Да не сум чул слободното време
Да си го злоупотребила ни миг
За разговор со принцот Хамлет, јасно?
Заповедам да внимаваш. Оди си.
ОФЕЛИЈА:
Ќе бидам, татко, послушна.
(Излегуваат.)

СЛИКА ЧЕТВРТА
Стојалиштето врз ѕидините.
Од едната мала кула влегуваат ХАМЛЕТ, ХОРАЦИО и МАРСЕЛ.
ХАМЛЕТ:
Воздухот е остар и многу студи.
ХОРАЦИО:
Навистина, мраз апе и штипе.
ХАМЛЕТ:
Колку е часот?
ХОРАЦИО:
Мислам, уште не е полноќ.
МАРСЕЛ:
Не, штотуку одби.
ХОРАЦИО:
Навистина?

27
Хамлет

Не сум чул. – Се ближи, тогаш, часот


Во кој духот обично излегува.
(Се слушаат фанфари и топовска салва.)
Што значи ова, принцу?
ХАМЛЕТ:
Кралот ноќва
Е буден, се весели и лумпува,
Се врти бесен танц во вител: и дур
Го испива до дно рајнското вино,
Барабани и труби со ваков ек
Му го гласат триумфот на здравиците.
ХОРАЦИО:
Зар тоа е обичај?
ХАМЛЕТ:
Да, како не;
Но според мене, и ако овде јас
Сум роден и свикнат сум со тоа,
Обичајов подобро ќе беше
Да се крши од колку да се врши.
Од тие пијанки со тешки глави
На исток и на запад нè бие нас
Лош глас и срам пред другите народи;
Нè викаат пијаници и титули
На свињи ни додаваат на името;
А тоа од подвизите најдостојни
Ни одзема во угледот до срж.
Се случува така често луѓето
Од некоја природна грешка при
Раѓањето, за која не се виновни
(Не го бира никој потеклото свое),
Со буен растеж на тој темперамент,
Рушејќи ги тврдините на умот,
Ил од навика да се претерува
Во добрите манири – тие луѓе
Што носат, велам, жиг од една мана,
Од белег природен, од ѕвездите ли,
Па макар доблеста да им е чиста
Ко блаженство и бескрајна колку
Што човек може да ја искуси,

28
Хамлет

Пред јавноста да заглават во кал


Сал поради таа грешка. И грам од грев
Суштината благородна ја брише
До сопствен срам.
(Се појавува Духот.)
ХОРАЦИО:
Глејте, принцу, доаѓа!
ХАМЛЕТ:
Бранете нè ангели и Божји слуги!
Дух здрав ли ти си или демон зол, –
Но макар носел звуци небесни
Ил адски смрад, со лоши промисли или
Милостиви, ти доаѓаш во облик
Што ко да бара да те прашам нешто.
Ти се обрнувам како на татко, крал
И круна данска. Проговори ми!
Не пуштај ме да умрам од незнаење –
Зошто миросаните ти мошти твои
Ја скинале погребната покривка? Зошто
Саркофагот, во кој мирно положен
Те видовме, ги зинал тешките
Од мрамор вилици за да те исфрли
Пак надвор? Што ти значи ова – што
И ако труп, во челик сиот пак
Излегуваш на месечинава,
Правејќи ја ти ноќта страотна, а нам –
Шутраците на Бога – толку грозно
Ни ја земаш свеста со мисли што се
Вон досегот на наште души? Кажи –
Што е ова? Зошто? Што да правиме?
(Духот му дава знак.)
ХОРАЦИО:
Ви дава знак со него да појдете,
Ко да сака нешто да ви соопшти
На само.
МАРСЕЛ:
Со каков само учтив гест

29
Хамлет

Ве кани тој кон место далечно –


Но немојте да одите.
ХОРАЦИО:
Не, никако.
ХАМЛЕТ:
Штом не сака да зборува, ќе појдам.
ХОРАЦИО:
Не, немојте.
ХАМЛЕТ:
Зошто? Од што да ми е страв?
Не го ценам животов ни колку игла,
А што ми може тој на душава кога
И таа е бесмртна ко него?
Ме вика пак, ќе појдам по него.
ХОРАЦИО:
А што ако ве намами на плима,
Ил кон страшниот врв од спилана,
Што остро стрчи над море, па таму
Да преземе друг некој грозен лик
Што ќе ве кутне од власт врз разумот
Водејќи ве во лудило? Размислете –
На вакви црни помисли наведува
И самово место, без мотив друг,
Со поглед сал кон бездната од морето,
Слушајќи му го ревот.
ХАМЛЕТ:
Ме вика уште. –
Ти појди, те следам.
МАРСЕЛ:
Не смеете, принцу.
ХАМЛЕТ:
Тргни си ги рацете.
ХОРАЦИО:
Совладајте се,
Не смеете да појдете.

30
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Ме вика
Судбината и секој нерв од телово
Го прави јак ко жила од Немејски лав.
Ме вика уште; пуштете ме, господа.
(Се отргнува од нив вадејќи го мечот.)
Се колнам, ќе го претворам во дух тој
Што ќе ме спречи. Ви велам, бегајте! –
Ти појди прв – јас, еве, те следам.
(Духот влегува во една од кулите, а Хамлет го следи.)
ХОРАЦИО:
Се разбесни од привидов до очај.
МАРСЕЛ:
По него, не треба да го слушаме.
ХОРАЦИО:
Да појдеме – што ќе испадне од ова?
МАРСЕЛ:
Нешто е гнило во државава Данска.
ХОРАЦИО:
Нек ја води небото.
МАРСЕЛ:
Не, туку по него.
(Излегуваат.)

СЛИКА ПЕТТА
Отворено место во подножјето од ѕидот на замокот. Во ѕидот се отвора врата низ
која влегува ДУХОТ, а по него ХАМЛЕТ, држејќи ја пред себе дршката од мечот како крст.
ХАМЛЕТ:
Кај ме водиш, кажи? Потаму јас не одам.
ДУХОТ:
(Се врти.) Чуј ме.
ХАМЛЕТ:
Те слушам.

31
Хамлет

ДУХОТ:
Ми дојде, скоро, часот
Да им се предадам на маките
Од огнот сулфурен.
ХАМЛЕТ:
О, кутри духу!
ДУХОТ:
Не жали ме, но со уво највнимателно
Ти чуј што ќе ти откријам.
ХАМЛЕТ:
Зборувај,
Јас должен сум да слушам.
ДУХОТ:
И да ме одмаздиш, кога ќе чуеш.
ХАМЛЕТ:
Што?
ДУХОТ:
Јас духот сум на татко ти, осуден
За некое време да скитам ноќе.
А преку ден да постам во пламења
Сè дур не изгорат и не се прочистат
Греовите што сум ги сторил жив.
Да не ми е забрането да расправам
За тајните на таа моја зандана,
Би можел да ти кажам прикаска
Чиј најлесен збор душата би ти
Ја уништил и крвта би ти ја смрзнал,
Та двете очи да ти искочат ко
Планети од орбита, а косите
Заплеткани во јазли би ти штркнале
Со секое влакно како боцките
Од бесно прасе бодливо. Но тајнава
За вечност не смее да им се открие
На ушите од крв и месо. Чуј, чуј, о чуј!
Ако некогаш си го сакал татко ти...
ХАМЛЕТ:
О Господе!

32
Хамлет

ДУХОТ:
... Одмазди го неговото подло и
Неприродно убиство.
ХАМЛЕТ:
Убиство?
ДУХОТ:
Убиство најподло, како што е и
Најдоброто, но ова е ретко
Најподло, неприродно и гнасно.
ХАМЛЕТ:
Побрзај да дознам, па со крилја брзи
Ко мисла ил љубовна желба да летнам
За да те одмаздам.
ДУХОТ:
Те гледам спремен,
А потром ти би бил од коровот густ
Што гние спокојно на кејот од Лета,
Да не се штрекнеше од ова. А сега,
Хамлете, слушај: се објави дека
На спиење во овоштарникот
Ме каснала змија и сиот народ
На Данска најлошо е измамен
Со таа измислица за мојата смрт.
Но знај бар ти, благороден синко –
Змијата што го отру животот
На твојот татко ја носи сега
Неговата круна.
ХАМЛЕТ:
О душо моја
Пророчка! Зар чичко ми?
ДУХОТ:
Да, тој родоскверен, тој прељубен ѕвер,
Со магија на умот, со дарба
На предавник, о лош ли ум и дарба
Што има толку моќ да заведе,
Ја придоби за својата срамна страст
Волјата на мојата кралица што
Се чинеше дека е толку чесна.
33
Хамлет

О Хамлете, каков пад сал беше тоа!


Од мојата љубов што беше достојна
Според клетвата што ѝ ја дадов
На венчавката, да спадне на бедник
Чии природни дарби беа ништо
Во споредба со моите.
Но како што честа нема трогната
Да биде, макар колку рајски блудот
Да ѝ служи, така и похотата
И ако сврзана со блескав ангел,
Ќе се засити во постела небесна
И на ѓубре ќе се настрви.
Но тивко – чинам, го мирисам веќе
Утринскиот воздух; да бидем краток.
Дур спиев во градината, што ми беше
Попладневна навика, чичко ти
Се прикраде во часот тих со сок
Од клета буника во шишенце
И в ушите ми тури од таа
Течност лепрозна, што има такво
Дејство отровно за крвта човечка
Што бргу како жива минува низ
Природните отвори и патеки
На телото и со ненадејна сила
Ја згрутчува, како маја в млеко,
Житката и здрава крв. Така стана и
Со мојата, за миг се исприштив
Ко лепрозен со гнасни, гадни чиреви
По сето мазно тело...
Ми грабна така раката на брат ми
На сон и – живот, круна, кралица –
Сè одеднаш; ме пресече во цутот
На моите гревови без причесна дури,
Неподготвен, немиросан, без пресметка
Ме испрати на мојот суд со сите
Несовршености врз моја глава.
О ужасно! Од грозно погрозно!
Ако имаш срце во тебе, не трпи го
Ти ова, не давај кралската постела
На Данска да биде легло на блуд
И проклето родосквернување...

34
Хамлет

Но како и да пристапиш кон делово


Не валкај си го духот и во душата
Не смислувај ништо против мајка ти –
Препушти ја на небото, на трњето
Во гради да ја боцка и пече.
А сега, веднаш, проштевај – светулкана
Го вести утрото, гаснејќи си
Го својот студен оган неделотворен.
Збогум, збогум, збогум – и запомни ме!
(Духот исчезнува в земја, а Хамлет вон себе паѓа на колена.)
ХАМЛЕТ:
О војско ангелска! О земјо! И кој друг?
Да викнам ли по пеколот? О гадост!
Држ’, држи се, о срце, а вие, жили
Не старејте, туку исправете ме...
(Се крева.)
Да те помнам ли? Да, кутри духу, сè
Дур памет има в овој сматен череп.
Да те помнам ли? Па јас од таблата
На сеќавањето ќе ги избришам
Со еден замав сите плитки глупости,
Сите книшки изреки, сите поими,
Сите минати впечатоци што таму
Искуството и младоста ги впишале,
И само твојта заповед ќе живее
Во томот и книгата на мојот мозок
Несмешани со нешта пониски.
Да, жими небото! О жено погубна!
О злосторник со насмев, проклет злосторник!
Таблиците – треба да запишам дека
(Запишува.)
Човек може да се смешка и смее,
И пак да биде злосторник, бар сигурно
Во Данска... Да така, чичко, еве си.
А сега Зборот прав: „Збогум, помни ме“...
(Коленичи и ја клава раката врз дршката од мечот во молитва.) Се заколнав на тоа.
(Од замокот доаѓаат Хорацио и Марсел, викајќи во мракот.)
ХОРАЦИО:
Мој принцу, принцу!
35
Хамлет

МАРСЕЛ:
Принц Хамлет!
ХОРАЦИО:
Господ да го чува!
ХАМЛЕТ:
И така нека биде. (Станува.)
МАРСЕЛ:
Е-хеј, еј, еј, принцу!
ХАМЛЕТ:
О-хој, ој, ој момче! Ај, соколе, ај.
(Го согледуваат Хамлета.)
МАРСЕЛ:
Како ви е, господару?
ХОРАЦИО:
Што е, принцу?
ХАМЛЕТ:
О чудесно!
ХОРАЦИО:
Мој добар принцу, кажете ни.
ХАМЛЕТ:
Не, бидејќи ќе се издадете.
ХОРАЦИО:
Јас нема, принцу, се колнам.
МАРСЕЛ:
Ни јас, принцу.
ХАМЛЕТ:
Што велите, зар човек некогаш
Би помислил? – Но ќе молчите ли?
ХОРАЦИО, МАРСЕЛ:
Се колнеме во небото, господару.
ХАМЛЕТ:
Во Данска нема таков злосторник
Кој не би бил и подлец исконски.

36
Хамлет

ХОРАЦИО:
Не ни треба духови од гробот, принцу,
За да ни го кажат тоа.
ХАМЛЕТ:
Да, точно,
Во право сте, и затоа без други
Поединости ќе биде најдобро,
Ракувајќи се, да се разделиме –
Вие, по своја работа и желба,
Зашто секој брка некоја работа
По желба, па каква и да е, а јас
Ко бедник, ете, ќе појдам да се молам.
ХОРАЦИО:
Завиени и тешки зборови, принцу.
ХАМЛЕТ:
Од срце жалам што ве навредив,
Од срце, чесен збор.
ХОРАЦИО:
Нема навреда, принцу.
ХАМЛЕТ:
(На Хорацио.)
Да, има навреда, Хорацио,
Жими свети Патрик, и тоа голема –
А во врска со овој привид, тој
Е добар дух, можам да ви кажам –
Но вашата желба да дознаете
Што било меѓу нас, совладајте ја
Ко што умеете.
(На обајцата.)
А сега, добри
Пријатели, бидејќи сте пријатели,
Учени и војници, исполнете ми
Една молба.
ХОРАЦИО:
Каква, принцу? Ќе ви ја исполниме.
ХАМЛЕТ:
Не кажувајте што видовте ноќва.

37
Хамлет

ОБАЈЦАТА:
Нема, принцу.
ХАМЛЕТ:
Да, но заколнете се.
ХОРАЦИО:
Јас нема, принцу, ви се колнам.
МАРСЕЛ:
Се колнам,
Принцу, ни јас нема.
ХАМЛЕТ:
(Го вади мечот.) Врз мојов меч.
МАРСЕЛ:
Но ние веќе се заколнавме.
ХАМЛЕТ:
Но верно, врз мечов, со сета вера.
ДУХОТ:
(Оздола.) Заколнете се.
ХАМЛЕТ:
Еј, старче! Зар така велиш? Чесен другар,
Зар тука си? Го чувте што вели
Пријателот од подрумот, – ајде,
Заколнете се.
ХОРАЦИО:
Кажете ја клетвата.
ХАМЛЕТ:
Никогаш да не кажете што видовте.
Заколнете се, врз мечов.
(Ги ставаат рацете врз дршката.)
ДУХОТ:
(Оздола.) Заколнете се.
ХАМЛЕТ:
Hic et ubique? Сега на друго место –
Ајде ваму, господа, и рацете
Ставете ги пак врз мојот меч.

38
Хамлет

Заколнете се врз мечов –


Никогаш да не кажете што чувте.
ДУХОТ:
(Оздола.) Заколнете се врз мечот.
ХАМЛЕТ:
Ти добро, велиш, стара кртицо?
Зар толку бргу земјата ја риеш?
(Се заколнуваат пак во тишина.)
Баш си вреден рудар! – Да се преместиме
Уште еднаш, мои добри пријатели.
ХОРАЦИО:
О ноќ и ден, што чудно и необично!
ХАМЛЕТ:
Поздравете го, тогаш, како чудо.
Има многу нешта на небо и на земја,
Хорацио, за кои вашата наука
Не ни сонувала. Но ајде ваму –
И тука како преѓе, а и никогаш,
Со божја милост – дека нема да
Откриете ништо за мене воопшто
(И колку чудно да се однесувам,
А отсега јас можеби ќе треба
Да се преправам дека сум чудак)
И ако ме видите таков, нема
Никогаш да правите со раце вака,
Да мрдате со глава, или со такви
Сомничави фрази како – „да, да,
Го знаеме“, „Кога би зинале“,
„Ги има, но не смеат“ – или пак
Со други слични двосмислености
Да ме издадете. Заколнете се
Во ова, па нека ви помогне кога
Најповеќе ви треба сета Божја милост.
ДУХОТ:
(Оздола.) Заколнете се.
ХАМЛЕТ:
Мир, смири се, неспокоен духу!
(Се колнат и по третпат.)
39
Хамлет

Така, господа, со сета љубов


Јас вам ви се доверувам, па ако
Еден бедник ко Хамлет може нешто
Да стори како израз на љубовта
И пријателството кон вас, – тоа
Со божја волја – нема да изостане.
Да влеземе заедно, но секогаш
Со прстот на уста, ве молам. Времево
Се шинало од својот зглоб. Што ме роди
Пак јас да му го местам, о клета коб!
Туку ајде, да појдеме заедно.
(Влегуваат во замокот.)
(По неколку недели.)

40
Хамлет

ВТОР ЧИН
СЛИКА ПРВА
Одаја во куќата на Полониј.
Полониј и Рејналдо.
ПОЛОНИЈ:
Дај му ги париве и писмово,
Рејналдо.
РЕЈНАЛДО:
Ќе му ги дадам, лорде мој.
ПОЛОНИЈ:
И мудро ќе постапиш, мој добар
Рејналдо, ако – пред да го посетиш –
Се распрашаш како е и што прави.
РЕЈНАЛДО:
Јас имав таква намера, господару.
ПОЛОНИЈ:
Баш добро, добро си смислил; разгледај
И првин дознај кои Данци се во Париз,
Од што и како, кој ги издржува,
Во кое друштво, колку трошат, па штом
Одоколу ќе откриеш дека
Го знаат син ми, а така повеќе
Ќе дознаеш од колку со прашања
Непосредни, престори се дека
Го познаваш оддалеку – на пример:
„Го знам јас татко му, другарите,
А делумно и него“ – ме слушаш ли,
Рејналдо?
РЕЈНАЛДО:
Да, многу добро, лорде.
ПОЛОНИЈ:
„А делумно и него, но – можеш
Да кажеш – не баш добро, но ако е
Оној на којшто мислам, тој е многу
Распуштен и порочен на ова-она“.

41
Хамлет

Припиши му ти какви сакаш зла,


Но не баш толку лоши што можат да
Му одземат од честа, пази се од тоа,
Туку обични и дамки ергенски
Што се најпознати придружници
На младоста, слободата.
РЕЈНАЛДО:
Ко коцкање.
ПОЛОНИЈ:
Да, ил пиење, пцуење, мечување,
Караници, па дури и жени –
Да одиш дотаму.
РЕЈНАЛДО:
Господару,
Но тоа би му одзело од честа.
ПОЛОНИЈ:
Не, не, набедата можеш да ја смалиш.
Но не смееш да му додадеш и некој
Друг скандал, дека тој е развратен
До неумереност, не мислев на тоа,
Туку маните изложи му ги
Деликатно, ко да се грешки од
Опуштеност, ко изблик, сјај на пламен дух,
Ко дивина на крв нескротена,
Што напаѓа во сè.
РЕЈНАЛДО:
Но господару...
ПОЛОНИЈ:
Зошто ти е сето тоа?
РЕЈНАЛДО:
Да, мој лорде,
Би сакал да знам.
ПОЛОНИЈ:
Па добро, еве ти
Ја целта, и планов, чинам, ми е добар –
Со вакво лесно валкање на син ми,
Ко рака што од работа се валка,
42
Хамлет

Ќе видиш дека соговорникот –


Ако го видел некогаш во тие зла
Тој младич ти што го обвинуваш –
Најсигурно ќе се сложи вака:
„Мој добар сире“, „другар“, или „господин“,
Ко што е веќе начинот на поздрав
Кај луѓето од земјата...
РЕЈНАЛДО:
Многу добро.
ПОЛОНИЈ:
И потем – ако тој, ова – што сакав
Да кажам? Жими мисата, јас сакав да
Ти кажам нешто. Кај застанав?
РЕЈНАЛДО:
На „вака
Ќе се сложи“, на „другар“, или „господин“...
ПОЛОНИЈ:
На „вака ќе се сложи“? Ах, па да –
Ќе рече вака: „Го знам тој господин,
Го видов вчера, или завчера,
Ил тогаш и тогаш, со тој и тој,
И – ко што велите – се коцкаше онде,
Се препи онаму, играјќи тенис падна...“
Ил вака можеби: „Го видов како влезе
Во јавна куќа, videlicet во бордел,
И така натаму. И гледаш сега –
На мамкава од лаги го фати крапот
На вистината, па така и ние
Со способност и мудрост, одоколу
И заобиколено, по крив пат
Го фаќаме правиот. Со моево
Напатствие и совет така и ти
Ќе го најдеш син ми – ме разбра или не?
РЕЈНАЛДО:
Ве разбрав, лорде.
ПОЛОНИЈ:
Господ да е со тебе.
Ај, збогум.
43
Хамлет

РЕЈНАЛДО:
Добро, мој господару.
ПОЛОНИЈ:
И сам посматрај го кај се вртка.
РЕЈНАЛДО:
Ќе гледам, лорде.
ПОЛОНИЈ:
И нека запне
Учејќи музика.
РЕЈНАЛДО:
Добро, мој господару.
(Излегува.)
ПОЛОНИЈ:
Па, среќно.
(Влегува Офелија вознемирена.)
Што е, Офелио, што ти е?
ОФЕЛИЈА:
Ах, татко, јас толку сум престрашена!
ПОЛОНИЈ:
Од што, во името на Бога?
ОФЕЛИЈА:
Ах, татко,
Дур шиев во одајата, принц Хамлет –
Со елекот незапетлан, без шапка
Врз главата, со кални чорапи
Без ластик и свлечкани до глуждот
Како пранги, блед како кошула му,
Со колена што едно од друго
Му штракаат и поглед толку полн
Со жална смисла, ко да се одврзал
Од пеколот да зборува ужасии –
Тој дојде пред мене.
ПОЛОНИЈ:
Зар полудел
Од љубов по тебе?

44
Хамлет

ОФЕЛИЈА:
Јас не знам, татко,
Но тоа ме плаши.
ПОЛОНИЈ:
Што ти рече тој?
ОФЕЛИЈА:
Ме фати за рака и цврсто ме стегна,
Па назад се повлече во должина
Од цела рака, а со другата
Тој стори вака врз челото и толку
Испитувачки ми се внесе в лице
Ко да ме црта. Долго таа остана,
И најпосле ми ја стресе раката,
Па трипати со глава кимна и пушти
Таква длабока и жална воздишка
Ко да се урива цел од корен
И живот ко да губи. Ме пушти потем
И свртен со главата преку рамо
Тој, чинам, си го најде патот вон
Ко слеп да е и излезе не гледајќи
Кај оди, со втренчен сјај од очите
Врз мене докрај.
ПОЛОНИЈ:
Дојди со мене,
Ќе го побарам кралот. Па ова е
Највистинско лудило од љубов што
Се самоуништува со жестокост и
Ја води волјата кон очајни дела,
Ко секоја страст под небово што
Ја мачи нашата природа. Јас жалам –
Да не си му рекла тешки зборови
Во последно време?
ОФЕЛИЈА:
Не, мој добар татко,
Но, како што ми заповедавте,
Јас му ги вратив писмата и одбив
Да го примам.

45
Хамлет

ПОЛОНИЈ:
Од тоа полудел.
Жал ми е што не сум го набљудувал
Со повеќе внимание и расудок.
Се плашев дека си игра со намера
Да те упропасти, проклета ревност!
О, небо, својствено ни е на возраста
Да претеруваме во судот наш,
Ко што на младите им недостига
Претпазливост. Ела со мене кај кралот.
За ова мора тој да дознае, зашто
Кој крие ќе стори појќе жал што скрил
Од колку омраза што љубов открил.
Да појдеме.
(Излегуваат.)

СЛИКА ВТОРА
Одаја за прием во замокот. Во позадината има предворје, со завеса одлево и оддесно од
влезот и со врата кон задниот дел внатре.
Фанфари. Влегуваат КРАЛОТ и КРАЛИЦАТА, а по нив РОЗЕНКРАНЦ и ГИЛДЕНСТЕРН и
свитата.
КРАЛОТ:
Добредојдовте, добар Розенкранц
И Гилденстерн! Не само желбата
Да ве видиме, но и потребата
Од вашите услуги нè наведе итно
Да пратиме по вас. Сте чуле нешто, не?
За преобразбата на Хамлет – да ја
Наречеме така, зашто ни однадвор
Ни однатре тој не личи на она
Што беше. Што друго, освен смртта
На татко му, би можело вака да
Го исфрли од разумност – јас не знам.
Ве молам вас обајцата, бидејќи
Од детство сте израснале со него,
А блиски сте му и во младоста по дух,
Со ваша согласност да останете
Во дворецов за некое време,
Со ваше друштво да го забавувате

46
Хамлет

И по можност, ако ви се укаже,


Да дознаете дал нешто непознато
Го мачи него вака – а тогаш
Откријте го за да го лечиме.
КРАЛИЦАТА:
Мои господа, тој многу зборувал за вас
И сигурна сум – нема други двајца
На кои би бил поприврзан тој.
Ако ви годи да ни покажете
Љубезност и добра волја, трошејќи си
Го времето овде со нас ко помош
И во полза на нашата надеж,
За престојот ќе ви благодариме
Ко што му прилега на сеќавањето
Од еден крал.
РОЗЕНКРАНЦ:
Вашите величества
Би можеле со власта врвна што
Ја имаат врз нас, да ја спроведат
Високата волја појќе со заповед
Од колку молба.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Но ние двајцата
Се покоруваме и, еве, ви се
Предаваме до крај, со нашите услуги
Да располагате по ваша сходност.
КРАЛОТ:
Фала Розенкранц и добар Гилденстерн.
КРАЛИЦАТА:
Фала Гилденстерн и добар Розенкранц.
И, молам, веднаш посетете го
Мојот многуизменет син. Нека некој
Од вас ги одведе господава
Кај Хамлет.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Нека стори небото
Од нашто присуство и труд ведрина
И помош за него.
47
Хамлет

КРАЛИЦАТА:
О да, амин!
(Розенкранц и Гилденстерн се поклонуваат и заминуваат. Влегува Полониј и зборува
насамо со Кралот.)
ПОЛОНИЈ:
Нашите пратеници од Норвешка,
Господару, се вратија со радост.
КРАЛОТ:
Ти везден си ни бил на добри вести татко.
ПОЛОНИЈ:
Зар јас, мој кралу? Ве уверувам,
Господару, дека по должност, како и
По душа, јас му припаѓам на Бога
И на мојот свиден Крал. И мислам –
Ил овој мозок не ја душка трагата
На политиката толку сигурно
Ко некогаш – дека пронајдов што била
Причината за лудоста на Хамлет.
КРАЛОТ:
Дај збори ми за тоа, тоа сакам
Да го чујам.
ПОЛОНИЈ:
Примете ги првин
Пратениците, а мојте вести
Ќе ви дојдат ко десерт по богат пир.
КРАЛОТ:
Ти сам направи им чест и доведи ги.
(Полониј излегува.)
Ми рече тој, Гертрудо драга, дека
Го открил главниот извор на сета
Растроеност кај син ти.
КРАЛИЦАТА:
Не верувам
Дека е друго освен она главното:
Татковата смрт и нашата брза свадба.

48
Хамлет

КРАЛОТ:
За тоа пак ќе го испипаме.
(Се враќа Полониј со Волтиманд и Корнелиј.)
Добредојдовте, пријатели драги!
Па, Волтиманд, како ни е брат ни,
Норвешкиот крал?
ВОЛТИМАНД:
Најубаво ги враќа
Поздравите и вашите желби.
(Се поклонуваат.)
Од првата ни средба тој заповеда
Да се спречи собирањето војска
Од внукот му, што нему му се чинело
Ко припрема против Пољаците,
Но, подобро разгледувајќи, тој сфатил
Навистина дека против вас е тоа,
Па јадосан што го измамиле
Во болеста, староста и немоќта
Тој прати да го фатат Фортинбрас,
А тој се покори, беше прекорен
Од кралот и на крај се заколна
Пред стрико си да не крева оружје
Против вашето величество. Пресреќен
Од тоа стариот крал му додели
Шеесет илјади круни годишно
И дозвола собраната му војска
Да ја поведе, ко порано, против
Пољаците, со една молба овде
Приложена – да го пуштите слободно
Да мине, при овој потфат, низ ваша
Територија со услови за пропуст
И сигурност какви што овде се
Изложени.
(Му понудува една хартија.)
КРАЛОТ:
(Ја зема.) Ова ни се допаѓа;
Ќе го прочитаме во час попогоден,
Ќе го разгледаме и одговориме.
А дотогаш – благодарам за трудот.

49
Хамлет

Почнете, па ноќва ќе се гостиме


Заеднички. Добредојдовте во домов!
(Волтиманд и Корнелиј се поклонуваат и си одат.)
ПОЛОНИЈ:
Работава се сврши добро... Кралу мој
И кралице, да објаснувам што е
Величество и што е должност, зошто
Е денот ден, ноќта ноќ, а времето
Е време, значи сал да губам ден, ноќ
И време. Бидејќи краткоста е душа
На смислата, а опширноста е
Надворешно растење и цутење,
Ќе бидам краток – синот ваш благороден
Е луд; јас велам луд, зашто што друго е
Лудилото ако не да бидеш луд?
Но нејсе.
КРАЛИЦАТА:
Дај појќе суштина од умешност.
ПОЛОНИЈ:
Не се служам со умешност, мадам,
Се колнам. Дека тој е луд, тоа
Е вистина, вистина а штета баш,
И штета е што вистина е – изразов
Е глупав, но нека му е простено,
Бидејќи јас не се служам со умешност.
Да примиме, значи, дека е луд –
Останува да видиме што е
Причината за тој ефект, или поарно
Дефект, бидејќи и тој дефектен ефект
Си има причина. Ни преостанува
Нам, значи, тоа, а остаток е ова.
Промислете.
(Вади хартии од ракав.)
Јас имам ќерка, додека ја имам, што
Од послушност и должност – гледате –
Ми го даде ова; чујте, па видите:
(Чита.)
„На идолот на мојата душа,
Небесната и прелестна Офелија..“
50
Хамлет

Ова е лоша, ниска фраза, „прелестна“ му е баш ниска фраза, но чујте потаму. Еве:
(Чита.)
„За нејзините прекрасни бели гради, овие итн...
КРАЛИЦАТА:
Зар ова дошло до неа од Хамлет?
ПОЛОНИЈ:
Почекајте, мадам, ќе бидам точен:
„Не веруј дека ѕвездите се оган,
Дека сонцето заоѓа, се губи,
Дека вистински ти збору лажот поган –
Но веруј ѝ на мојта љубов.
О драга Офелијо, јас сум лош во овие стихови, но јас те љубам многу, најмногу, верувај ми.
Збогум.
Твој за навек, најмил госпоѓице, сè додека чука оваа машина,
ХАМЛЕТ.“
Послушната ќерка ми го даде ова,
И уште ми кажа за секоја од
Неговите молби – кога, како, каде
Ѝ додевал со нив.
КРАЛОТ:
Му ја примила
Ли таа љубовта?
ПОЛОНИЈ:
За што ме мислите
Вие мене?
КРАЛОТ:
За човек верен, достоен.
ПОЛОНИЈ:
За таков да се докажам сум спремен,
Но што би мислеле, гледајќи му ја
Љубовта во лет, ко што (морам да
Ви речам) ја видов јас, пред за неа
Да ми каже ќерка ми, што би мислеле
Вие или нејзиното величество,
Кралицата, ако тоа само го
Забележав и – никому ништо,
Со срцево ко да ми е глувонемо,
Гледајќи ѝ на таа љубов низ прсти –
51
Хамлет

Што би помислиле за мене тогаш?


Не, јас веднаш преминав на дело
И вака на мојата госпоѓица
Ѝ реков: „Принцот Хамлет е вон твојата
Орбита, ова не смее да биде“.
Ѝ наредив да се заклучи и
Да не го прима него, а ни гласници,
Ни дарови. Штом таа стори така
И мојот совет роди плод, тој одбиен –
Да скусам со прикаскава – падна в жал,
Во постење, па потем во несоница,
А оттука во слабост и слабодумност
И накрај во лудилово во кое
Тој сега беснее, а ние затоа
Го жалиме.
КРАЛОТ:
Зар мислиш дека е од тоа?
КРАЛИЦАТА:
Па може е, веројатно.
ПОЛОНИЈ:
Но зар
Се случило – би сакал да знам – да речам
За нешто потврдно: „Да, така е“, а да
Испаднало поинаку?
КРАЛОТ:
Не, до колку знам.
ПОЛОНИЈ:
Симнете ја оваа од овие,
(Покажува на главата и рамениците.)
Ако не е така. Ме послужи
Ли случај, јас ќе најдам кај се крие
Вистината, па макар се скрила и
Во центарот на Земјата.
Во предворјето од вратата во задниот дел влегува Хамлет неуредно облечен, читајќи
книга; слуша гласови од приемната сала и застанува за миг незабележан крај една од
завесите.

52
Хамлет

КРАЛОТ:
Но како?
ПОЛОНИЈ:
Па, знаете, се шета често тој
Кај четири часот во предворјево.
КРАЛИЦАТА:
Да, навистина.
ПОЛОНИЈ:
Во тоа време
Ќе ја пуштам ќерка ми кај него.
А вие бидете со мене тогаш зад
Завесана и пазете на средбата.
Ако не ја љуби тој и затоа
Ако не се мрднал од умот, нека
Не сум појќе советник на држава,
А орач и кираџија.
КРАЛОТ:
Да пробаме.
Влегува Хамлет со поглед врз книгата.
КРАЛИЦАТА:
Но глејте како жално кутрион,
Читајќи, доаѓа.
ПОЛОНИЈ:
Тргнете се,
Ве молам, двајцата, ќе му пријдам сега –
Проштевајте.
(Кралот и Кралицата излегуваат.)
Како, сте, мој принцу Хамлет?
ХАМЛЕТ:
Добро, слава Богу.
ПОЛОНИЈ:
Ме познавате ли, принцу?
ХАМЛЕТ:
Совршено добро, вие сте трговец со риба.

53
Хамлет

ПОЛОНИЈ:
Не сум, принцу.
ХАМЛЕТ:
Би сакал, тогаш, да сте толку чесен.
ПОЛОНИЈ:
Чесен, мој принцу?
ХАМЛЕТ:
Да, господине. Да бидете чесен на овој свет значи да бидете еден меѓу десет илјади.
ПОЛОНИЈ:
Тоа е сосем точно, господару.
ХАМЛЕТ:
Бидејќи, ако сонцето раѓа црви во пцовисан пес, и мршата е доста добра за целивање...
Имате ли вие ќерка?
ПОЛОНИЈ:
Имам, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Нека не оди на сонце. Зачнувањето е благослов, но бидејќи и ќерка ви може да зачне,
припазете на тоа, пријателе. (Се враќа на книгата.)
ПОЛОНИЈ:
Што велите на ова? Ваму дрдори за ќерка ми, а отпрвин не ме ни препозна – рече дека сум
трговец со риба. Нема што, далеку стасал, далеку. Туку, во младоста и јас страдав од
крајност во љубовта, речиси иста како оваа... Ќе му прозборам пак. –
Што читате, мој принцу?
ХАМЛЕТ:
Зборови, зборови, зборови.
ПОЛОНИЈ:
За што се работи, господару?
ХАМЛЕТ:
Кој да работи?
ПОЛОНИЈ:
Мислам, работата за која читате, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
(Му се приближува, а Полониј отстапува.)
Клевети, господине. Еве, сатиричаров залангур тука пишува дека старците имаат бели

54
Хамлет

бради, дека лицата им се збрчкани, дека очите им солзат густ килибар и смола од слива и
дека имаат огромен недостиг од разум и шкоблести бутови. А сето тоа, господине, иако
верувам најсилно и најдлабоко во тоа, сепак не го сметам за чесно вака да се напише, зашто
и вие, господине, ќе остарете како мене... освен ако можете да одите како рак назадечки.
(Пак чита.)
ПОЛОНИЈ:
Макар што е лудило, сепак во него има метод. Ќе се засолните ли од свежиов воздух,
принцу?
ХАМЛЕТ:
Да, во мојот гроб.
ПОЛОНИЈ:
Таму навистина е засолнот – колку му се бремени зборовите со смисла! На лудоста често ѝ
се паѓа ваква пргавост, што ни разумот ни здравјето не можат толку успешно да ја родат. Ќе
го оставам, па веднаш ќе му ја наместам средбата со ќерка ми. –
Мој достоен принцу, најпонизно ви барам дозвола за да се повлечам.
ХАМЛЕТ:
Господине, не можете да ми побарате ништо од што порадо би се развеселил: освен
животов, освен животов, освен мојот живот.
ПОЛОНИЈ:
Проштевајте, мој принцу. (Ниско се поклонува.)
ХАМЛЕТ:
Тие здодевни и стари шутраци.
(Ѝ се враќа на книгата.)
Влегуваат Розенкранц и Гилденстерн.
ПОЛОНИЈ:
Го барате принц Хамлет, нели? Ене го.
РОЗЕНКРАНЦ:
(На Полониј.)
Бог да ви е на помош, господине.
(Полониј излегува.)
ГИЛДЕНСТЕРН:
Мој принцу достоен!
РОЗЕНКРАНЦ:
Мој најдраг принцу!

55
Хамлет

ХАМЛЕТ:
(Го крева погледот.)
Мои одлични пријатели! Како си, Гилденстерне? И ти, Розенкранце?
(Ја остава книгата.)
Добри момци, како сте?
РОЗЕНКРАНЦ:
Како сите просечни деца на земјава.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Среќни што не сме пресреќни. Не сме баш пискул врз капата на Фортуната.
ХАМЛЕТ:
Ни ѓонови од нејзиниот чевел?
РОЗЕНКРАНЦ:
Ни тоа, принцу.
ХАМЛЕТ:
Па тогаш, зар живеете некаде околу појасот, или во папокот на нејзините наклоности?
ГИЛДЕНСТЕРН:
Да, жими вера, скриени под полата.
ХАМЛЕТ:
Во тајните ѝ места? О навистина, таа е врцкај – пола. Што има ново?
РОЗЕНКРАНЦ:
Ништо, принцу, освен тоа што светот станува чесен.
ХАМЛЕТ:
Се ближи тогаш Судниот ден! Но веста не ви е вистинска. Туку да ве прашам нешто
поподробно: што сте ѝ измрдале на Фортуната, мои драги пријатели, та таа да ве награди
праќајќи ве ваму, во затворов?
ГИЛДЕНСТЕРН:
Затвор, принцу?
ХАМЛЕТ:
Данска е затвор.
РОЗЕНКРАНЦ:
Па тогаш е и целиот свет.
ХАМЛЕТ:
И тоа поголем, со многу ќелии, самици и зандани во него;
Данска е една од најлошите.

56
Хамлет

РОЗЕНКРАНЦ:
Ние не мислиме така, принцу.
ХАМЛЕТ:
Па тогаш за вас и не е. Зашто ништо не е добро или лошо само по себе, туку такво го прават
мислите.
За мене е затвор.
РОЗЕНКРАНЦ:
Значи, таква ја прави вашата амбиција. Данска е претесна за вашиот дух.
ХАМЛЕТ:
О Господе! Би можеле да ме пикнат и во ореова лушпа, па пак да се сметам за крал на
бескраен простор – да не беа моите лоши соништа.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Тие соништа, навистина, се амбиција; бидејќи суштината на амбициозниот е само сенка од
сон.
ХАМЛЕТ:
Самиот сон е сенка.
РОЗЕНКРАНЦ:
Да, но амбицијата, сметам, е нешто толку воздушесто и лесно што таа не е ништо друго
освен сенка од сенките.
ХАМЛЕТ:
Значи, нашите просјаци се луѓе, а нивни само сенки се нашите монарси и надуени херои...
Да појдеме тогаш во вдорецот? Зашто, жими верата, јас не умеам да мудрувам.
РОЗЕНКРАНЦ, ГИЛДЕНСТЕРН:
Ве чекаме – на ваша служба.
ХАМЛЕТ:
А тоа никако – јас нејќам да ве подредам со другите од моите слуги, а тие – да ви кажам
чесно – се страшно услужни... Туку, како стари пријатели, што ве доведе во Елсинор?
РОЗЕНКРАНЦ:
Да ве посетиме, мој принцу, ништо друго.
ХАМЛЕТ:
Просјак каков што сум, јас сум сиромав дури и во благодарности; па сепак ви благодарам.
Но сигурно, пријатели драги, дека моите благодарности не чинат ни колку грош. Да не
испратија некого по вас? Или дојдовте по ваша сопствена желба? На посета доброволна?
Ајде, ајде, кажете ја вистината, ајде, ајде, кажувајте!

57
Хамлет

ГИЛДЕНСТЕРН:
Што да кажеме, мој принцу?
ХАМЛЕТ:
Па, било што, само да е главното... Некој пратил по вас, од очите ви се чита признание што
вашата смисла за срам не умее достатно да го обои. Знам, вас ве викнале добриот крал и
кралицата.
РОЗЕНКРАНЦ:
За каква цел, мој принцу?
ХАМЛЕТ:
Во тоа ќе мора да ме упатите вие. Ајде да ве заколнам во правата на нашето пријателство,
во слогата на нашата младост, во обврската на нашата вечно чувана љубов и во име на сè
друго со што некој подраг и подобар говорник може да ви се наложи – бидете кон мене
правични и искрени сеедно дали некој пратил по вас или не.
РОЗЕНКРАНЦ:
(На Гилденстерн.)
Што велиш ти?
ХАМЛЕТ:
Аха, тогаш ќе ве држам на око.
(Гласно.)
Ако ме сакате, не сокривајте го тоа.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Испратија по нас да нè викнат, принцу.
ХАМЛЕТ:
А јас ќе ви кажам зошто, ќе ви предречам за да ви го испреварам откривањето, па од вашата
тајност кон кралот и кралицата нема да падне ни влакно. Од неодамна ја загубив јас, а без
да знам зошто, сета моја веселост, ги напуштив сите извежбани навики и навистина моето
расположение толку се влоши што оваа красна градба од земја ми прилега на јалов гребен,
средморе, а овој чудесен балдахин од воздух, овој величествен покрив изрезбарен со
украси од златен оган – па тој не ми личи на ништо друго освен на една гнасна и заразна
смеша од испаренија... Какво ремек-дело е човекот, колку благороден во умот, колку
бескраен во своите способности, во обликот, движењето, колку брз и одлучен во акција,
како ангел по сфаќањата, како Бог – убавина на светот, мустра на сè живо – а сепак за мене
што е таа квинтесенција на правта? Мене човекот не ме радува, не, па ни жената, макар
што по вашата насмевка се чини како да мислите на тоа.
РОЗЕНКРАНЦ:
Не помислив на ништо слично, принцу.

58
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Па зошто тогаш се насмеавте, кога реков: „мене човекот не ме радува“?
РОЗЕНКРАНЦ:
Па помислив, мој принцу, штом не му се радувате на човека, колку штура забава ќе најдат
кај вас актерите. Ги заминавме по пат, а тие идат ваму за да ви ги понудат услугите.
ХАМЛЕТ:
Тој што го игра Кралот ќе најде добредојде, неговото величество ќе добие наградата од
мене, скитникот – Рицар ќе има работа со копјето и штитот, Љубовникот нема да
воздивнува тукутака, Ексцентрикот ќе си ја заврши улогата на мира, шутот ќе ги изнасмее
оние со дробови спремни за скокот, а Дамата ќе си каже што ѝ лежи на душата слободно...
а ако не, стихот ќе ја сопне. Кои се тие актери?
РОЗЕНКРАНЦ:
Истите на кои обично им се радувате, познатите трагичари од градот.
ХАМЛЕТ:
Што им текнало тогаш да патуваат? Седиштето им беше подобро и поради угледот и поради
успехот.
РОЗЕНКРАНЦ:
Мислам поради забраната во врска со последните немири.
ХАМЛЕТ:
Го држат ли истото реноме како кога бев во градот? Имаат ли толку публика?
РОЗЕНКРАНЦ:
Не, немаат, всушност.
ХАМЛЕТ:
Како тоа? Да не фатиле ’рѓа?
РОЗЕНКРАНЦ:
Не, со напор сè уште го држат вообичаениот чекор. Но, има, принцу, цело гнездо дечишта
пилиштарци, што пискаат најгласно од сите при расправија и поради тоа ним немилосрдно
им ракоплескаат. Сега тие се во мода и толку се раздрнкале по јавните театри како што ги
викаат што многу сериозни луѓе се уплашиле од гускините драскајпера и одвај се
осмелуваат да одат таму.
ХАМЛЕТ:
Што, зар деца? Па кој ги издржува? Како ги плаќаат? Зар тие нема да продолжат да играат
откога ќе им се мени гласот? Зар нема после да речат, ако и самите станат јавни актери (а
тоа не им гине, ако не добијат повеќе средства), дека писателите им чинат неправда со тоа
што ги тераат да викаат против сопствените наследници?

59
Хамлет

РОЗЕНКРАНЦ:
Па, богами, се крена доста врева и од обете страни, а и народот не сметаше дека е грев да
ги подбуцне на кавга. Некое време не се даваа пари за содржината на пиесата, ако поради
неа Писателот и Актерот не се фатеа за гуша.
ХАМЛЕТ:
Зар е можно?
ГИЛДЕНСТЕРН:
О, имаше и расфрлање со мозоци наоколу.
ХАМЛЕТ:
А дали децата се држат?
РОЗЕНКРАНЦ:
Како не, мој принцу, се држат тие себеси, а и Херкула сосе неговиот товар.
ХАМЛЕТ:
Па не е чудо, штом вујко ми е крал на Данска, а оние што му се плазеа и кривеа додека
татко ми беше жив, сега даваат дваесет, четириесет, педесет и сто дукати за една негова
слика во минијатура. По ѓаволите, во тоа има нешто повеќе од природно, да може тоа да
го изнајде филозофијата.
(Се слушаат фанфари.)
ГИЛДЕНСТЕРН:
Тоа се актерите.
ХАМЛЕТ:
Господа, добредојдовте во Елсинор. (Им се поклонува.) Да се ракуваме? Ајде, тогаш, тој
прилог за добредојде е мода и церемонијал; ај да се прилагодам и јас на тоа фаќање... (Им
ги прифаќа рацете.) Инаку моето добредојде кон актерите, што – ви велам – мора да се
покаже и однадвор, ќе изгледа погостољубиво одошто кон вас... Добредојдовте, но мојот
чичко-татко и мајка ми-тетка се измамиле.
ГИЛДЕНСТЕРН:
А во што, мој принцу?
ХАМЛЕТ:
Јас сум луд само на северозападен ветер, а кога ветерот дува од југ, јас знам да разликувам
сокол-ловец од чапја-вртиопашка.
(Влегува Полониј.)
ПОЛОНИЈ:
Добро да сте ми, господа!

60
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Слушајте Гилденстерн, а и вие, на секое уво по еден прислушкувач – она големо максамче
што го гледате сè уште не излегло од пелени.
РОЗЕНКРАНЦ:
Можеби тој е по вторпат во нив, зашто старецот е – велат – двојно дете.
ХАМЛЕТ:
Ќе ви претскажам – тој доаѓа да ми каже за актерите, слушајте. (Го крева гласот.) Имате
право, господине, тоа беше во понеделникот изутрината.
ПОЛОНИЈ:
Господару, имам вести за вас.
ХАМЛЕТ:
Господине, имам вести за вас... Кога Росциј беше актер во Рим...
ПОЛОНИЈ:
Пристигнаа актерите, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Та-та-таа!
ПОЛОНИЈ:
Се колнам во честа.
ХАМЛЕТ:
„И секој актер во своето магаре...“
ПОЛОНИЈ:
Најдобрите актери на светот, било во трагедија, комедија, историска драма, пасторална,
пасторално-комично, историско-пасторална, трагично-историска, трагично-комично-
историско-пасторална, пиеси со единствено на место и поеми неединствени. Ни Сенека не
е претежок ни Плаут прелесен, во драмите со строги правила и оние без ограничувања –
тоа се овие актери.
ХАМЛЕТ:
О, Јефтај, судијо на Израел, какво богатство си имал!
ПОЛОНИЈ:
А какво богатство тој имал, принцу?
ХАМЛЕТ:
Па:
„Една лична ќерка и ништо друго,
Што тој многу, многу ја љубел.“

61
Хамлет

ПОЛОНИЈ:
Пак за ќерка ми.
ХАМЛЕТ:
Зар немам право, стар Јефтаје?
ПОЛОНИЈ:
Ако ме викате Јефтај, принцу, и јас имам ќерка што многу ја љубам.
ХАМЛЕТ:
Не, не е така.
ПОЛОНИЈ:
А како е тогаш, принцу?
ХАМЛЕТ:
Вака:
„Како да е, Господ знае,“
а потем веќе знаете:
„Сè си течеше, како што беше...“
Првата строфа од набожнава песна ќе ви кажеше повеќе, но – еве – овие веќе ме
штрикуваат. (Влегуваат четворица или петмина актери.) Добредојдовте мајстори,
добредојде на сите – драго ми е што те гледам добар – добредојдовте, добри пријатели. –
О, стар другар! Лицето ти обраснало откако не сум те видел, зар доаѓаш да ми пуштиш и
мене брада во Данска? Што, мојата млада дама и госпоѓа! Жими вас, вашето господство му
се приближило на небото за една штикла, откако ве видов последниот пат. Дај боже гласот
да не ви прсне како скршена жолтица што повеќе не врви. Господа, добредојде на сите.
Туку, како француските соколари што летаат на сè живо, дајте веднаш да чуеме некој
монолог. (На Првиот актер.) Ајде, изрецитирај ни нешто гурманско, дај ми некој страстен
монолог.
ПРВИОТ АКТЕР:
Кој монолог, мој добар принцу?
ХАМЛЕТ:
Еднаш те чув како нешто декламираш, но тоа не се играше, или ако беше поставено,
немаше повеќе од една претстава. Затоа, се сеќавам, пиесата немаше баш милионска
публика, беше како кавијар за простата маса, но сепак – како што ја примив јас, а и другите,
чиј суд го надминува мојот, – тоа беше одлична драма, со добро распоредени сцени,
напишана со исто толку мерка како и умешност... Се сеќавам, некој рече дека во стиховите
немало многу мирудии за да замирисаат повкусно, ниту блескави реплики што би можеле
да го обвинат авторот за претерување, туку делото тој го нарече чесно и чисто; колку силно
толку и благо, и многу подиректно одошто вешто. А еден монолог посебно ми се допадна,
расказот на Енеј пред Дидона, особено таму некаде кога тој зборуваше за убиството на

62
Хамлет

Пријам. Ако ти е уште живот во сеќавањето, почни со овој стих, чекај, чекај:
„Свирепиот Пир, ко хиркански ѕвер...“ не беше така, но почнува со Пир:
„Свирепиот Пир, чие оружје
Ко целта негова, прилегаше на ноќ
Во коњот злокобен кога се скри,
Го скашка тоа страшно црнило
Тој сега со потемни знаменија:
Од глава до петици со црвило
Сал сиот грозно измачкан со крвта што
Од мајки, татковци, синови и ќерки,
Се засири и стести на улиците
Во пламен, со тирански и проклет сјај
Што го водат кон колежот на кралот.
Во бес и оган, слепен, запечен од крв,
Со очи како алем камен, Пир
Пеколниот го бара стариот
И велик Пријам...“
А сега продолжи ти.
ПОЛОНИЈ:
Богами, арно кажано, мој принцу, со добар акцент и воздржаност.
ПРВИОТ АКТЕР:
„Го најде веднаш
Заостанат во бојот со Грците,
А мечот тежок му се противи
На раката и лежи кај што паднал
Одбивајќи да слуша; во нерамен бој
Се втурна Пир кон Пријам, бесно замавна
И од самото фучење на мечот
Немоќниот крал падна; а од тој удар
И мртвата Троја ко да ја наведна
Пламената глава и со страшен лом
Го плени увото на Пир. Оти, еве!
И мечот негов што се спушташе
Врз белата глава на чесниот Пријам
Ко да се залепи за воздухот.
Па така, како слика на тиранин,
Се смрзна Пир за миг без моќ и волја
И ништо не стори.
Но, како што често пред бура мир
Завладува на небото, без облаче

63
Хамлет

Да мрдне, ни дах од ветар, а земјата


Во смртна штама паѓа дур грозен гром
Не расцепи сè – така Пир, по своето
Затишие, од одмазда цел пламна
И никогаш киклопските чекани
Не паѓале врз оклопот на Марс,
Искован да трае вечно, без трунка
Каење – како што сега падна
Пировиот крвав меч врз Пријама.
Бегај, бегај ти Фортуно блуднице!
О богови, земете ѝ ја власта,
Скршете ѝ ги спиците, оплатите
Од нејното тркало, главината, пак,
Турнете ја низ ридот небесен
Дур не тресне во пеколот.“
ПОЛОНИЈ:
Е, ова е предолго.
ХАМЛЕТ:
Ќе го пратиме кај берберот со вашата брада. Те молам, продолжи, овој е само за некоја
фарса или мрсна шега, инаку ќе заспие – дај, дојди до Хекуба.
ПРВИОТ АКТЕР:
„Но кој, ах кој, ја виде кралицата
Пригушена...“
ХАМЛЕТ:
„Пригушена?“
ПОЛОНИЈ:
Ова е добро, „кралицата пригушена“ е добро.
ПРВИОТ АКТЕР:
„... да трча боса секаде,
Заслепена од солзи, со пачавра
На глава сета место дијадема,
А како фустан, околу бедрата
Испостени од многу раѓања
Сал ќебе едно грабнала во паника –
Кој ова би го видел, со јазик
Натопен во отров, против власта на
Фортуната заговор би објавил.
А да ја видеа боговите тогаш
64
Хамлет

Пред Пир, кој злобно го касапеше


Со мечот телото на мажот ѝ,
Нејзиниот писок што екна одеднаш
Пламнатите очи би ги наросил
На небото и, ако нешто смртно нив
Ги трогнува воопште, боговите
Со тоа би ги сожалил.“
ПОЛОНИЈ:
Погледајте, зар не ја промени бојата и нема ли солзи на очи – те молам, доста.
ХАМЛЕТ:
Добро е, остатокот ќе го чујам од тебе наскоро. – Добар мој господаре, ќе се погрижите ли
актериве да бидат добро сместени? Слушате ли, нека се постапува добро со нив, зашто тие
претставуваат целосна и сожета хроника на времето. По вашата смрт подобро да добиете
лош епитаф од нив одошто лошо да ве разгласуваат додека сте жив.
ПОЛОНИЈ:
Господару, ќе постапувам со нив според нивните заслуги.
ХАМЛЕТ:
Жити Господа, човеку, многу подобро! Ако постапуваш со секого според неговите заслуги,
кој ќе куртули од камшикот, а? Постапувај со нив според сопствената чест и достоинство –
што помали им се заслугите тоа поголема заслуга има твојата дарежливост. Воведи ги
внатре.
ПОЛОНИЈ:
Повелете, господа.
(Се упатува кон вратата.)
ХАМЛЕТ:
Следете го, пријатели, а утре ќе ви ја чуеме пиесата. (Го сопира Првиот актер.) Слушај, стар
пријателе, можете ли да го играте „Убиството на Гонгазо“?
ПРВИОТ АКТЕР:
Можеме, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Тоа ќе ни биде утрешната пиеса. А можете ли, по потреба, да принаучите уште едно
дванаесет или шеснаесет стихови што јас би ги напишал и вметнал во текстот?
ПРВИОТ АКТЕР:
Можеме, мој принцу.
(Полониј и актерите излегуваат.)

65
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Многу добро. А сега појди по оној господин и пази да не му се потсмеваш. (Првиот актер
излегува. На Розенкранц и Гилденстерн.) Мои добри пријатели, проштавајте до вечерва.
Добредојдовте во Елсинор.
РОЗЕНКРАНЦ:
Мој добар принцу.
(Се поздравуваат и излегуваат.)
ХАМЛЕТ:
Со Бога напред. – Сега сум сам.
О каков подлец, низок роб сум јас!
Чудовишно зар не е што тој актер овде
Во една драма, во еден сон од страст,
Се натера себе во фантазија
До таа мерка што ликот му пребледе
Му навреа солзи, му се смати видот,
Го скрши гласот и целиот свој лик
Го сообрази со својата фантазија.
И сето тоа сал за ништо, зарем не?
Да, за Хекуба!
Но што му е нему Хекуба и што
Ѝ е на Хекуба тој, па за неа
Да плаче? Што би сторил тој, да го има
Мотивот и поводот за страст што јас
Го имам? Би ја натопил сцената
Со солзи, би им раскинал уши
На гледачите со грозен монолог
Виновникот би полудел, невиниот
Би штукнал, неукиот би збудалил
И би сразил сосем и уво и око!
А јас?
Малодушен и тап во калта чмаам
Ко замаен, неосетлив за мојот долг
И не велам ни збор – ни за кралот, не,
Кој доби круна, кралица и живот скап
Со дело проклето. Се плашам зар?
Кој ме вика подлец, ме чука по глава,
Ми скубе брада и в лице ми ја дува,
Ме штипе за нос, ме колка со лаги
До гушење? Кој го прави тоа?

66
Хамлет

О, рани Божји, треба сè да поднесам


Бидејќи гукам како гулаб, а немам
Ни жолчка гнетот да си го згорчам;
Та попрвин би ги згоил сите
Стрвојади со мршава на роб.
Ти, крвав, корав злосторник без совест!
Ти блуден предавник и гад родоскверен!
На одмазда!
Но какво магаре сум јас. Зар смелост е
Што јас, ко син на татко мил и убиен,
На одмазда од небо и од пекол спотнат,
Ко курва срце зборови да истурам
И како ороспија да колнам?
Зар ждребе? Плукам јас на тоа! Пу!
Растреси се ти, мозоку А-ха! Сум чул
За кривците на претстава да седат, па
Од самата уметност на сцената
Да бидат толку стресени во душа
Што веднаш да ти откријат злоделата.
Убиството, и да нема јазик,
Ќе прозбори со орган почуден.
Ќе им кажам веднаш на актериве
Пред чичко ми да играат нешто
Ко убиството на мојот татко,
Ќе внимавам на неговиот поглед,
Ќе го пронижам до живец, па сал ако
Се штрекне, ќе знам што да правам.
Духот што го видов можеби е ѓавол,
А тој има моќ да се преправа
Во образ допадлив, да, и можеби
Со мојата меланхолија и слабост,
А тој ги демне токму тие души,
Ме мами тој за да ме проколне.
Ќе имам поцврсти бар причини
Од оваа. Претставата ќе биде замка,
За кралската совест да проголта мамка.
(Излегува.)

67
Хамлет

ТРЕТИ ЧИН
СЛИКА ПРВА
Предворјето од приемната сала, со ѕидови од виснати завеси-тапети. На средината
има маса, а на едната страна олтар со распетие.
Влегуваат Кралот и Кралицата со Полониј, Розенкранц и Гилденстерн, а малку зад нив
Офелија.
КРАЛОТ:
Не можете ли да му измамите
Во разговор од што е толку збркан тој
Што сите свои мирни дни ги дразни
Со опасно и бурно лудило?
РОЗЕНКРАНЦ:
Тој признава дека е растроен,
Но зошто е – не сака да каже.
ГИЛДЕНСТЕРН:
А не сака ни да го испитуваат,
Со итра брливост се држи настрана
Пред да го доведеме на исповед
Што всушност му е.
КРАЛИЦАТА:
Ве прими ли добро?
РОЗЕНКРАНЦ:
Ко прав благородник.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Но со пренапнати наклоности.
РОЗЕНКРАНЦ:
Штур во прашање, но сосем штедор во
Одговори.
КРАЛИЦАТА:
Го пробавте ли со некоја
Разонода?
РОЗЕНКРАНЦ:
Се случи така што патем
Заминавме некои актери, мадам,

68
Хамлет

Му кажавме за нив и во него –


Штом чу – се јави нешто како радост.
Во дворецов се тие некаде
И веќе, чинам, добија наредба
Да играат пред него ноќва.
ПОЛОНИЈ:
Да, точно,
Ме замоли да ги поканам вашите
Величества да дојдат на претставата.
КРАЛОТ:
Од сè срце, и многу сум задоволен
Што слушам дека на тоа е склон.
Мои господа, острете го потака
И насрчете го кон такви забави.
РОЗЕНКРАНЦ:
Да, господару.
(Розенкранц и Гилденстерн излегуваат.)
КРАЛОТ:
Гертрудо мила,
Остави нè и ти, бидејќи тајно
Хамлета го викнавме ко случајно
За да се сретне тука со Офелија.
Со татко ѝ, ко шпијуни со право,
Ќе се сместиме за, гледајќи а
Невидени, да можеме искрено
Од средбата да судиме, по тоа
Како се однесува тој самиот,
Дал мака љубовна е или не
Од што тој вака страда.
КРАЛИЦАТА:
Да ве послушам. –
А доколку за вас, Офелијо,
Јас сакам вашата убавина
Да биде среќна причина за дивоста
На Хамлет – за да се надевам дека
Добрините ваши ќе го повратат
Ко што си беше, а за чест на вас
Обајцата.
69
Хамлет

ОФЕЛИЈА:
И јас би сакала, мадам.
(Кралицата излегува.)
ПОЛОНИЈ:
Офелијо, ти шетај овде. Ве молам.
Величество, да се сместиме ваму...
(Зема книга од олтарот.)
Нâ, читај за набожно да потврдиш
Дека си сама. Нè корат често,
И со многу докази, што со лице
Милосрдно и, молејќи се, го
Шеќерлисуваме и самиот
Ѓавол.
КРАЛОТ:
(За себе.)
О колку жестоко и точно
Ме швркна зборот тој по совеста!
Ни образот од курва, разубавен
Со шлакање помади, не е толку грд
За чинот што го спомага, ко што е
Моето дело за мојот вапцан збор.
О тешко бреме!
ПОЛОНИЈ:
Го слушам, иде. Да се сокриеме, мој кралу.
(Се сокриваат зад ѕидните завеси, а Офелија клекнува пред олтарот.)
ХАМЛЕТ:
Да бидеш или не, прашање е сега.
Дал поблагородно за духот е
Да издржиш пред праќите и стрелите
На бесната судбина, ил оружје
Да кренеш против море неволи
За, во борба со нив, да им ставиш крај.
Да умреш, да заспиеш – и ништо повеќе;
Спиејќи да кажеш – крај му ставив на
Срцеболот, на безброј потреси
Од животот што ова тело ги
Наследило; скончило е тоа
Што усрдно го пожелаш – да умреш
70
Хамлет

Спиејќи! Да спиеш, можеби да сониш, –


Да, тука е сопката, зашто во тоа
Спиење по смртта соништата што
Би можеле да дојдат, штом веќе сме
Го сметнале од себе смртниов метеж,
Мора да нè сопнат – ете го обзирот
За којшто толку беди трпиме.
Кој инаку би го поднел камшикот
И подбивот на времето, злата од
Угнетувач, навредите од гордите,
Маките од презрената љубов,
Бавноста на законот, безочноста
На власта, клоците што заслугата
Ги прима стрпливо од безвредни –
Сам кога можеш мир да најдеш сал
Со гола кама? Кој би носел товар
Со брефтање и пот на тежок живот –
Да не нè буни стравот од нештото
По смртта, таа земја неоткриена
Од чие царство не се вратил уште
Ни еден патник? Тоа нас нè тера
Да спремно си ги носиме овие зла,
А не да летаме по други нам
Непознати. И така свесноста
Кукавици нè прави сите нас,
Вродената боја на одлучност
Побледува од болни брчки мисли,
А потфатот од устрем највисок за миг
Се спушта стрмо, губејќи висина,
И паѓа во бездејствие... Но мир,
Убавата Офелија – о нимфо,
Во твоите молитви спомни ми ги
Ти сите гревови.
ОФЕЛИЈА:
(Станува.)
Мој добар принцу,
Ве нема толку денови – како сте?
ХАМЛЕТ:
Најпокорно фала, добро, добро, добро.

71
Хамлет

ОФЕЛИЈА:
Јас имам, принцу, дарови од вас
Што долго копнеам да ви ги вратам –
Ве молам, примете ги сега.
ХАМЛЕТ:
Не, не –
Јас ништо не сум ви дал.
ОФЕЛИЈА:
Мој принцу, многу добро знаете
Дека сте ми дале и притоа
Со зборови од толку сладок здив што ги
Збогатија спомените. Но штом им
Го снема мирисот, земете ги назад;
За духот чесен даровите ја губат
Вредноста штом се даваат без љубов.
Еве, принцу.
(Го симнува накитот од гради и му го остава на масата пред него.)
ХАМЛЕТ:
(Си спомнува за заговорот.)
Ха, ха! Но дал сте честита?
ОФЕЛИЈА:
Мој принцу?
ХАМЛЕТ:
И дал сте убава?
ОФЕЛИЈА:
Што сакате да кажете, ваше благородие?
ХАМЛЕТ:
Дека, ако сте честита и убава, вашата чесност не би требало да си дозволи врска со вашата
убавина.
ОФЕЛИЈА:
А зар може убавината да се врзе со нешто друго, принцу, освен со чесноста?
ХАМЛЕТ:
Да, навистина – зашто моќта на убавината поскоро ќе ја преобрази чесноста во сводничка
одошто силата на чесноста што може да ја престори убавината во нешто слично на неа.
Некогаш тоа било парадокс, но сега времето го докажува. Еднаш јас ве љубев вистински.

72
Хамлет

ОФЕЛИЈА:
И вистински ме натеравте да ви поверувам, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Не сте требале да ми верувате, зашто добрината не може да се накалеми на нашето старо
стебло без да ѝ се изнаслади – не, јас не ве љубев.
ОФЕЛИЈА:
Толку повеќе сум се измамила.
ХАМЛЕТ:
(Покажува на олтарот.) Оди во манастир, зошто да раѓаш грешници? Јас самиот сум
умерено честит, па сепак би можел да се обвинам за такви нешта за кои подобро да не ме
родила мајка ми. Јас сум мошне надмен, одмаздољубив, славољубив и толку многу
престапи ми паѓаат на ум што не би можел да ги сместам ни во мислите, ни да ги обликувам
во вообразбата, ниту пак имам време да ги извршам. Што да се влечкаат меѓу земјата и
небото вакви суштества ко мене? Ние сме ти сите преподобни манги, не верувај му на никој
– оди право во манастир. (Одеднаш.) Кај е татко ти?
ОФЕЛИЈА:
Дома, господару.
ХАМЛЕТ:
Тогаш затвори му ги вратите за да не изигрува шут на друго место освен дома му. Збогум.
(Поаѓа.)
ОФЕЛИЈА:
(Коленичи пред распетието.) Помогнете му, о небеса милостиви!
ХАМЛЕТ:
(Се враќа растроен.) Ако се мажиш, за мираз ќе ти го дадам ова проклетство – биди честита
ко мраз, чиста како снег и пак нема да избегаш од клевети. Појди во манастир, ајде,
збогум... (Чекори горе-долу.) Или ако веќе запнеш да се мажиш, омажи се за некој шутрак,
зашто паметните и онака знаат дека не ќе ги оставиш шути, ко чудовишта без рогови. Во
манастир, ајде, и тоа бргу, збогум. (Излегува заитано.)
ОФЕЛИЈА:
О сили небески, повратете го!
ХАМЛЕТ:
(Се враќа одново.) Сум чул веќе доста за вашите мачкања и вапцања. Господ ви дал едно
лице, а вие од него правите друго: сè туку цупкате, врцкате и шушкате, им давате прекари
на божјите суштества и развратни сте божем од недоветност. Одете, доста ми е, од вас
полудев. Ви велам, не сакам повеќе венчавки – а тие што веќе се венчани, ќе живеат, освен
еден, останатите ќе останат какви што се. Во манастир, ајде. (Излегува повторно.)

73
Хамлет

ОФЕЛИЈА:
О колку страшен дух се струполи!
На дворјан, војник, учен – око, јазик, меч
И цвет и надеж на личнава држава,
Огледало на мода, модел за урнек,
Примерок за сите примери – на дно
Да падне сосем. А јас, најбедната
И втрештена од сите жени, мед
Што цицав од опојни му завети,
Да видам како красниот и кралски ум
Од складно ѕвоно – дрнка грубо и без тон,
А тој лик беспримерен и облик
На младоста во цут да биде разнесен
Од лудило! О кутра јас! Што сè видов,
Што видов и што гледам уште, што ќе биде.
(Се моли.)
Кралот и Полониј излегуваат крадешкум од зад завесите.
КРАЛОТ:
Зар љубов! Не му стремат чувствата
Кон тоа, а она што го рече, макар
И без облик, не беше баш лудило.
Во душата му има нешто врз што
Неговата тага седи и квачи,
А она што ќе испили е опасно,
Се плашам. За тоа да го спречам
Јас, еве, што решив набрзина:
Ќе појде итно тој за Англија
За да го бара данокот наш неплатен;
Морињата и разните земји со
Промените може ќе го истераат
Тоа што му се вгнездило во душа –
На што, мачејќи мозок везден, тој вака е
Вон себе. Што мислите за тоа?
(Офелија пристапува.)
ПОЛОНИЈ:
Ќе му дојде добро. Но сепак верувам –
Потеклото и изворот на болката
Му е во љубовта невратена...

74
Хамлет

Офелијо, како си? Не мора да


Ни кажеш што ти рече принц Хамлет;
Сè чувме сами... Мој кралу, правете
Што сакате, но ако ви се причини
За згодно, по претставата, нека
Кралицата-мајка сосем насамо
Го замоли да си го покаже тој болот
И нека направо го праша што му е,
А јас (ако сте волен) ќе се сместам
Да чујам сè што зборат. Ако не открие
И таа, пратете го во Англија,
Ил затворете го кај мудроста
За најдобро ви смета.
КРАЛОТ:
Ќе биде така –
Луд големец не смее да талка кајшто сака.
(Излегуваат.)

СЛИКА ВТОРА
Салата во замокот со седишта од двете страни како за претстава, а во позадината
подиум со завеси што ја сокриваат повнатрешната бина.
Од зад завесата излегува ХАМЛЕТ со тројца од актерите.
ХАМЛЕТ:
Говорете ги зборовите, ве молам, како што ви ги изговорив јас, да ви се лизгаат низ јазик, а
ако ги џвакате како многумина од вашите колеги, подобро и телал со барабан да ги
извикува моите стихови. И не сечете го воздухот како со пила вака, туку бидете во сè
умерени. Зашто и во бурниот порој, а јас би рекол – во вителот на вашата страст, морате да
имате, и да зрачите, со мерка што ќе ѝ даде благослов. О, ме навредува до срце кога
слушам како некој збитак со перика на тиквата ја кине страста во крпи и партали, како им
ги дупи тапанчињата на простаците од партерот, што во повеќето случаи не се способни за
ништо освен за необјасниви пантомими и врева. Би го дал таквиот под камшик, што го
потурчува Турчинот, што го надиродил Ирода. – Ве молам, избегнувајте го тоа.
ПРВИОТ АКТЕР:
За тоа ви гарантирам јас, ваша милост.
ХАМЛЕТ:
А не бидете ни премногу кротки, туку нека ве учи сопственото чувство за мерка.
Прилагодете ги движењата во зборот, зборот со движењата, со посебна претпазливост да

75
Хамлет

не ја пречекорите природната скромност. Зашто сè што е претерано е против смислата на


играта, а нејзината цел, во почетокот и сега, била, и е, да држи тукуречи огледало спроти
природата – на доблеста да ѝ го покаже сопствениот лик, на подбивот сопствената слика, а
на поколенијата и човекот нивниот сопствен облик и отпечаток... А ако претерате во ова,
или потфрлите, макар што неуките ќе ги натерате во смеа, упатените само ќе ги јадосате, а
судот на макар еден од нив, со ваша дозвола, го претегнува оној од сета друга театарска
маса. О има актери што сум ги гледал – а другите ги фалеле и тоа високо – кои, да не се
изразам богохулно, немале ни акцент на христијани, ниту пак држење на рисјани, паганци
или на било какви други луѓе, а толку се перчеле и ревеле што мислев дека нив ги направил
некој измеќар на природата, па не ги доправил – толку одвратно го имитирале тие сè она
што е човечно.
ПРВИОТ АКТЕР:
Се надевам дека во многу нешто сме се поправиле, господару.
ХАМЛЕТ:
О, поправете се сосем. И тие што ви ги играат шутовите нека не зборуваат повеќе од
напишаното за нив, зашто меѓу нив има и такви што се смеат сами од себе, за да ги насмеат
неколцината недоквакани гледачи, а токму во тоа време можеби се расправа некое битно
прашање за целата драма. Тоа е криминално и покажува најжална амбиција кај шутот кој
со неа се служи...
Појдете и подгответе се.
(Актерите се повлекуваат зад завесите. Влегува Полониј со Розенкранц и Гилденстерн.)
Како сте, господине? Ќе сака ли кралот да го чуе ова ремек-дело?
ПОЛОНИЈ:
И тој и кралицата, и тоа веднаш.
ХАМЛЕТ:
Кажете им на актерите да побрзаат.
(Полониј се поклонува и излегува.)
Ќе сакате ли да им помогнете и вие двајца?
РОЗЕНКРАНЦ:
Да, мој принцу.
(Розенкранц и Гилденстерн го следат Полониј.)
ХАМЛЕТ:
Е-хеј, Хорацио!
Влегува Хорацио.
ХОРАЦИО:
Еве ме, на ваша служба, принцу.

76
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Хорацио, ти си човек правичен
И урамнотежен ко никој друг
Што сум го сретнал досега во разговор.
ХОРАЦИО:
О, мој принцу...
ХАМЛЕТ:
Не, не мисли дека
Ти ласкам, зашто каква можам награда
Од тебе да очекувам, штом приход друг
Ти немаш освен бодар дух што те храни
И облекува. Чуму ти е да му ласкаш
На бедниот? Не, нека шеќер-јазикот
Го лиже раскошот свој безмислен
И бремен зглоб од колена да свива
За добивка подлизурска... Ме слушаш ли?
Штом душава мила по избор свој
Господарка стана и смогна луѓе
Да си одбира, тебе таа те
Запечати за себе. Ти беше тој
Што истрада сè, а не пострада
Во ништо, човек кој примаше шамари
И награда од Судбата со еднаква
Благодарност. Благословени се тие
Со расудок во крвта толку добро
Размешан што да не се шупелка
За судбата со прст да свири со нив
Ко што ќе посака. Дај ми го тој човек
Кој не е роб на страста, па јас него
Ќе го носам средсрце, во срцето
На мојво срце ко тебе што те носам.
Но премногу за тоа... Вечерва
За кралот има претстава, а една
Од сцените е слична со случајот
Од смртта на татко ми за кој ти кажав.
Те молам, штом видиш дека се игра
Тој чин, посматрај го ти чичко ми
Со око најостро што пробива до срж;
Па ако на едно место не му
Се открие скриениот злостор,

77
Хамлет

Сме виделе не дух а демон ние,


А моите вообразби се саѓи сал
Од ковачницата на Вулкан. Дај му
Ти поглед таен, јас пак очиве
Ќе му ги заковам на лице, па потем
Со здружени впечатоци ќе судиме
За тоа како изледал.
ХОРАЦИО:
Добро, принцу мој,
А нешто ако ми се загуби
И побегне од погледот за време на
Претставата, јас штетата ја плаќам.
(Се слушаат труби и барабани.)
ХАМЛЕТ:
Доаѓаат на претстава. Јас морам пак
Да бидам чудак. Зафати си место.
Влегуваат Кралот и Кралицата, а по нив Полониј, Офелија, Розенкранц, Гилденстерн и
другите дворјани. Сите седнуваат, Кралот, Кралицата и Полониј на една страна, а
Офелија со Хорацио и останатите на другата.
КРАЛОТ:
Како му е на посинокот наш Хамлет?
ХАМЛЕТ:
Одлично, фала Богу, на камелеонска храна – јадам воздух наколкан со ветувања – а така не
би можеле да храните ни скопени петли.
КРАЛОТ:
Јас ништо не сфаќам, Хамлете, од овој одговор. Тоа не се мои зборови.
ХАМЛЕТ:
Не, но сега не се ни мои. (На Полониј.) Господине, еднаш рековте дека сте играле како
студент, нели?
ПОЛОНИЈ:
Играв, господару, и ме сметаа за добар актер.
ХАМЛЕТ:
Во која ролја?
ПОЛОНИЈ:
Во ролјата на Јулиј Цезар. Бев убиен во Капитолот, ме уби Брут.

78
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Имал брутална улога да убие такво капитално теле. Спремни ли се актерите?
РОЗЕНКРАНЦ:
Да, мој принцу, ве чекаат за дозвола.
КРАЛИЦАТА:
Ела ваму, мој мил Хамлете, седни до мене.
ХАМЛЕТ:
Не, добра мајко, овде има попривлечен магнет.
(Се свртува кон Офелија.)
ПОЛОНИЈ:
(На Кралот.) А-ха! Го чувте ли ова?
(Шепотат меѓу себе, набљудувајќи го Хамлет.)
ХАМЛЕТ:
Госпоѓице, да легнам ли во вашиот скут?
ОФЕЛИЈА:
Не, господару.
ХАМЛЕТ:
Мислам, со главата врз скутот?
ОФЕЛИЈА:
Да, господару. (Ѝ легнува пред нозе.)
ХАМЛЕТ:
Зар мислите дека помислив на нешто простачко?
ОФЕЛИЈА:
Јас не мислам ништо, господару.
ХАМЛЕТ:
Каква красна помисла – да лежиш меѓу нозете на една девојка.
ОФЕЛИЈА:
А што тоа, принцу?
ХАМЛЕТ:
Ништо.
ОФЕЛИЈА:
Вие сте весел, принцу.

79
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Кој, зар јас?
ОФЕЛИЈА:
Да, принцу.
ХАМЛЕТ:
О Господе, јас сум ви само еден циркузант. Што да прави човек друго освен да биде весел
– погледнете колку весело изгледа мајка ми, а татко ми умре одвај пред два часа.
ОФЕЛИЈА:
Не, пред двапати по два месеци, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Пред толку долго? Па тогаш нека носи траур ѓаволот, а јас ќе облечам кожув од црн самур.
О небеса, зар умрел пред два месеци, а уште не го заборавиле? Има тогаш надеж споменот
за некој голем човек да го надживее неговиот живот за цела полгодина. Но, жими
Богородица, тој мора тогаш да гради цркви, зашто инаку ни него нема да го помнат – како
она дрвено коњче со епитаф: „Оти е он, оти е он – заборавен коњ“.
(Трубите трубат, завесите се повлекуваат, откривајќи ја внатрешната сцена, по што
следува пантомимата:
Влегуваат еден Крал и Кралица мошне вљубени, Кралицата го прегрнува и тој неа, таа
паѓа на колена и протестира за нешто, тој ја зема в раце и си ја спушта главата врз
нејзиниот врат, потоа легнува врз положени цвеќиња, а таа го остава откако ќе види
дека заспал. Потем доаѓа еден друг човек, му ја зема круната, ја бакнува, истура отров
во ушите на заспаниот и го напушта. Кралицата се враќа, го наоѓа Кралот мртов и
страстно гестикулира. Трујачот се враќа со тројца или четворица неми и се чини го
изразува своето сочувство. Трупот го изнесуваат надвор. Трујачот ја проси Кралицата
со дарови, таа се чини некое време одбива, но на крајот му ја прифаќа љубовта.
Завесите се навлекуваат.
Хамлет изгледа вознемирен и, како што тече претставата, фрла поглед кон Кралот и
Кралицата. Тие за цело време го продолжуваат разговорот со Полониј.)
ОФЕЛИЈА:
Што значи ова, принцу?
ХАМЛЕТ:
Добога, па тоа е мижи-да-те-лажам, што значи некоја беља.
ОФЕЛИЈА:
Веројатно оваа пантомима го воведува драмскиот заплет.
Пред завесите излегува еден актер, а Кралот и Кралицата се свртуваат да го чујат.

80
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Ќе дознаеме од човеков. Актерите не умеат да молчат, ќе кажат сè.
ОФЕЛИЈА:
А ќе ни каже ли што значи ова што ни го покажаа?
ХАМЛЕТ:
(Диво.) Да, и сè друго што вие ќе му го покажете нему. И не срамете се да му го покажете,
тој нема да се посрами да ви каже што значи тоа.
ОФЕЛИЈА:
Вие сте расипан, расипан. Сакам да ја чујам драмата.
АКТЕРОТ:
За нашто тажно претставление
Со поклон пред вашто уважение,
Ве молам сега за трпение.
ХАМЛЕТ:
Ова пролог ли е, или натпис врз прстен?
ОФЕЛИЈА:
Барем е кратко, принцу.
ХАМЛЕТ:
Како женската љубов.
(На подиумот излегуваат двајца актери; крал и кралица.)
АКТЕРОТ КРАЛ:
Феб триесет пати обиколи со кола
Над бранот Нептунов и копното долу,
А месецот триста шеесет пати
Позајмениот сјај на светов го прати –
Откога срцата ни ги врза Химена
Со љубов и ти ми стана жена.
АКТЕРОТ КРАЛИЦА:
И толку уште да броиме време –
Дај сонце, месецу, пред љубовта да свене
Но кутра јас, ти нешто си болен
И толку невесел, за ништо волен,
Што јас се плашам. Но и покрај сè,
Утеши се, мили, ти тука си, зар не?
Се плашат жените и љубат исто
До крај за сè, ил не е сè баш чисто.
81
Хамлет

Ти имаш докази колку јас те љубам,


Па страв ми е да не те загубам.
Големата љубов од малу се плаши,
Штом расте стравот, расте и љубовта наша.
АКТЕРОТ КРАЛ:
Јас, мила, ќе те напуштам скоро
Ме остава моќта и однатре горам,
А ти ќе живееш на светов убав
И еден ден ќе најдеш можеби љубов
Од некој маж друг...
АКТЕРОТ КРАЛИЦА:
О молчи, те молам!
Јас такво предавство нема да преболам.
За друг се мажам ли, клетва да ме згази –
За друг се мажи кој првиот го сразил.
ХАМЛЕТ:
Пелин, пелин!
АКТЕРОТ КРАЛИЦА:
Мотивите за бракот втор се ретки,
Без љубов, туку сал од чисти сметки.
Го убивам повтор мажот мртов, нели,
Штом вториот маж ми даде брачен целив.
АКТЕРОТ КРАЛ:
Ти верувам што сега ми рече,
Но реченото често ќе се одрече.
Намерата на сеќавањето е роб,
Се раѓа јака, но бргу оди в гроб;
И незрела од дрво ќе нè мами,
А кога е зрела, ќе си падне сама.
Затоа подобро да заборавиме
На долгот свој и друг долг да не правиме.
Што кон себе ветуваме во страста,
Штом таа сврши, се претвора во краста.
Во порив свој на радост или жал,
Сопствените дела ги фрламе во кал;
Кај радост ликува, а жалта тлее,
Ќе плаче радоста, а жалта ќе пее.
Штом не е чудно светот да се мени,

82
Хамлет

Ни љубовта без среќа нема да се цени:


Дал љубовта среќата ја води
Ил среќата љубовта ја роди?
Великан што паѓа, на другарот му пречи,
Пред бедник што расте и врагот му клечи;
Досега љубовта среќата ја следи –
Кој богат е пријатели ќе нареди,
А кој во нужда другарот го проба
Враг директен тој одеднаш добил.
Но да свршам редум од кај што почнав –
Желбите и судбите спротивно ни сочат:
Од намера до дело нас бездна нè дели,
Мислите се наши, но наши не се целите –
Ти велиш сега: „Нема друг да земам!“
Но биди нема кога ќе ме снема.
АКТЕРОТ КРАЛИЦА:
Да умрам од глад, без небесен зрак,
Под клуч да ме држат дење-ноќе в мрак
Дур надешта моја не се стори очај,
Ко вѕидана испосничка да скончам,
Сè што мисли врагот да ми штети
Нека ме гони дур смрт не ме срети,
И нека ме казнат во случај да лажам
Штом станам вдовица, ако пак се мажам!
ХАМЛЕТ:
А ако ја прекрши заклетвата!
АКТЕРОТ КРАЛ:
Баш тешка клетва. Остави ме, мила,
Нешто ми е тешко и дремка ме свила –
Да го скратам денов. (Заспива.)
АКТЕРОТ КРАЛИЦА:
Почини си, ајде,
Зло никакво нас нема да нè снајде.
(Излегува.)
ХАМЛЕТ:
Мајко, како ви се допаѓа драмава?

83
Хамлет

КРАЛИЦАТА:
Госпоѓава, чинам, многу свечено се колне.
ХАМЛЕТ:
О, но таа ќе си го одржи зборот.
КРАЛОТ:
Ја знаете ли содржината на драмава? Има ли во неа некој злочин?
ХАМЛЕТ:
Не, не, тие само се шегуваат, се трујат на шега, нема тука злочин за ништо на светот.
КРАЛОТ:
А како се вика пиесава?
ХАМЛЕТ:
Фак за глувци. Како тоа? – Па така, фигуративно – мило за драго. Пиесава претставува едно
убиство што се случило во Виена. Гонзаго се вика војводата, а жена му Батиста – ќе видите
веднаш, делово е подло, туку што од тоа? Тоа не се однесува на вашето величество, ниту
на нас, што имаме чисти души. Нека си ја јадат и истураат жолчката, важно нас да не ни ја
дерат кожата.
Влегува Првиот Актер како Лукијан облечен во црн плашт со шишенце в рака; му
пријдува кочоперно на Кралот што спие, правејќи гримаси и заканувачки гестови.
ОФЕЛИЈА:
Вие, принцу, објаснувате како да сте хор.
ХАМЛЕТ:
Би можел јас да посредувам и меѓу вас и вашиот љубовник, само ако ги фатам куклите како
се милуваат.
ОФЕЛИЈА:
Боцкате, боцкате, принцу.
ХАМЛЕТ:
А вие би испоцркале пред да ми го симнете врвот.
ОФЕЛИЈА:
Сè подобро и полошо.
ХАМЛЕТ:
За тоа и грешите со мажите...
(Погледнува угоре.)
Започни, убицо. Ајде, чумо – остави ги тие проклети гримаси и почни! Ајде – „гарванот грака
и вика за одмазда“.

84
Хамлет

ЛУКИЈАН:
Со отров-план и раце спремни ме вика
Погодново време, не ме гледа никој.
Ти смешо јака, тревје на полноќ збрани,
Триж спржени од Хеката, тројна стани
Отровна маѓијо, и со грозни сили
Одземи му живот, скочани му жили.
(Му истура отров во ушите.)
ХАМЛЕТ:
Го отру во градината за да му го земе кралството, се вика Гонзаго, прикаскава постои,
напишана на превосходен италијански јазик. А сега ќе видите како убиецот се здобива со
љубовта на Гонзаговата жена.
(Кралот мошне блед се затетерува на нозе.)
ОФЕЛИЈА:
Кралот стана!
ХАМЛЕТ:
Зар уплашен од лажен пламен?
КРАЛИЦАТА:
Како му е на маж ми?
ПОЛОНИЈ:
Прекинете со драмата.
КРАЛОТ:
Осветлете ми пат – надвор! (Излегува наврапито.)
ПОЛОНИЈ:
Факли, факли, факли!
(Излегуваат сите освен Хамлет и Хорацио.)
ХАМЛЕТ:
Нека плаче еленот ранет, нека брее,
Неодраниот, пак, нека скока во лет –
Та некој мора да спие, дур другиот бдее,
Така живее целиот свет.
Зар песнава, господине, и цела гора од перје, со две провансалски розети врз моите
разрежани чевли, нема да ми обезбеди плата во некоја актерска група, ако ми го потурчат
и остатокот од мојот имот, а господине?

85
Хамлет

ХОРАЦИО:
Половина од сиот приход ви припаѓа вам.
ХАМЛЕТ:
И целиот, за мене...
Ти знаеш, Дејмоне, како бедно
Истеран беше од ова кралство
Јупитер сам, за да владее едно –
право – џагаре, џагаре – паун!
ХОРАЦИО:
Требаше да го римувате со правиот збор.
ХАМЛЕТ:
О добар Хорацио, би се обложил на илјада фунти за секоја вистина од зборовите на духот...
Го виде ли?
ХОРАЦИО:
Многу добро, принцу.
ХАМЛЕТ:
Штом се спомна за отрувачка...
ХОРАЦИО:
Го видов многу добро.
Се враќаа Розенкранц и Гилденстерн.
ХАМЛЕТ
А-ха!
(Им го свртува грбот.)
Ваму со флејтите!
Ако кралот не сака комедија,
Па тогаш, можеби – безредија!
Ајде малку музика!
ГИЛДЕНСТЕРН:
Мој добар принцу, удостојте ме со збор.
ХАМЛЕТ:
И со цела историја, господине.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Кралот, господару...

86
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Да, господине, што му е?
ГИЛДЕНСТЕРН:
Се повлече сам и многу му се слоши.
ХАМЛЕТ:
Од пиење ли, господине?
ГИЛДЕНСТЕРН:
Не, принцу, туку од жолчност.
ХАМЛЕТ:
Вашата мудрост би требало да се збогати, па да го известиме за тоа лекарот. Зашто, ако му
дадам јас средство за прочистување, можеби од тоа уште повеќе ќе го фати жолчката.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Господару, добар, средете си го малку говорот и не отимајте се толку диво од она што ќе
ви го кажам.
ХАМЛЕТ:
Ај да се скротам, господине. Кажувајте.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Кралицата – ваша мајка, во најголеми душевни маки ме прати по вас.
ХАМЛЕТ:
Добредојдовте.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Не, добар господине, љубезноста не ви е баш расна.
Ако милувате да ми дадете разумен одговор, ќе постапам според налогот на мајка ви. Ако
не, со ваша дозвола, јас ќе се вратам, што ќе биде крај на мојата мисија.
(Се поклонува и се свртува настрана.)
ХАМЛЕТ:
Господине, јас не го можам тоа.
РОЗЕНКРАНЦ:
Што, господару?
ХАМЛЕТ:
Да ви дадам разумен одговор – разумот ми е болен.
А одговорот што можам да ви го дадам, господине, ќе ми го наложите вие, или како што
велите, мојата мајка. Затоа, доста за тоа, туку право на работа.
Мајка ми, велите...

87
Хамлет

РОЗЕНКРАНЦ:
Па тогаш, таа вели вака – вашето однесување ја изненадило и почудило.
ХАМЛЕТ:
О чудесен ли син што може така да ја изненади мајка си! Но зар нема нешто друго што се
влечка зад петиците на ова очудување на мајка ми? Зборувајте.
РОЗЕНКРАНЦ:
Таа сака да зборува со вас во својата одаја пред да појдете во постела.
ХАМЛЕТ:
Ќе ја послушаме па макар да е и десетпати наша мајка. Имате ли нешто друго за нас?
РОЗЕНКРАНЦ:
Мој принцу, вие некогаш ме сакавте.
ХАМЛЕТ:
И сè уште ве сакам, жими рацеве што крадат и дрпаат.
РОЗЕНКРАНЦ:
Господару добар, што е причината за вашата растроеност?
Ако молчите за своите болки пред своите пријатели, секако дека со тоа вие сами си ја
затворате вратата на сопствената слобода.
ХАМЛЕТ:
Господине, јас имам потреба од унапредување.
РОЗЕНКРАНЦ:
Како тоа – кога и самиот крал ве прогласи за свој наследник во Данска?
ХАМЛЕТ:
„Не умри магаре на зелена трева“ – поговорката ми е нешто бајата.
(Актерите донесуваат флејти.)
А, флејтите – дајте ми една да видам.
(Зема една и го поведува Гилденстерна настрана.)
Да се подиставиме малку – зашто вие упорно настојувате да го свртите ветрот на своја
страна, ко да сакате да нè натерате во стапица?
ГИЛДЕНСТЕРН:
Господару, ако некогаш се однесувам премногу дрско, тоа е поради силата на моите чувства
кон вас.
ХАМЛЕТ:
Не ве разбирам добро – сакате ли да засвирите на шупелкава?

88
Хамлет

ГИЛДЕНСТЕРН:
Не можам, принцу.
ХАМЛЕТ:
Ве молам.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Не умеам, верувајте.
ХАМЛЕТ:
Ве преколнувам.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Јас не знам ни како се држи, принцу.
ХАМЛЕТ:
Мошне лесно, како лажењето – ставете ги прстите и палецот врз овие отвори, дувнете низ
неа и таа ќе прозбори со најговорлива музика. Гледате, ова ви се дупките.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Но јас не знам да пуштам ни еден складен звук, ја немам умешноста.
ХАМЛЕТ:
Ете – гледате ли за колку недостоен ме сметате мене? Би сакале да свирите на мене,
изгледате како да ми ги знаете дупките, сакате да ми го искорнете срцето на тајната и ме
терате да пуштам звук од најниската нота па сè до врвот на мојата гласовна скала. А еве, во
оваа мала свиралка има многу музика и превозвишен глас, па сепак од неа не умеете да
извлечете ни звук. Поврага, зар мислите дека на мене полесно ќе свирите одошто на
шупелкава? Наречете ме со каков да е инструмент, пипајте ме како сакате, па пак на мене
не ќе можете да свирите.
(Влегува Полониј.)
Бог да ве благослови, господине.
ПОЛОНИЈ:
Господару, кралицата сака да зборува со вас и тоа веднаш.
ХАМЛЕТ:
Го гледате ли облакон, што како да е во облик на камила?
ПОЛОНИЈ:
Жими светата миса, навистина личи на камила.
ХАМЛЕТ:
А мене, чинам, ми прилега на ласица.

89
Хамлет

ПОЛОНИЈ:
Има грба како ласица.
ХАМЛЕТ:
Или како кит?
ПОЛОНИЈ:
Токму како кит.
ХАМЛЕТ:
Тогаш ќе појдам кај мајка ми во свое време.
(За себе.)
Па тие ме збудалуваат до крајност. – Ќе појдам во свое време.
ПОЛОНИЈ:
Ќе ѝ кажам така.
(Излегуваат Полониј, Розенкранц и Гилденстерн.)
ХАМЛЕТ:
„Во свое време“ е лесно да се каже.
Пријатели, одете си.
(Останатите си одат.)
Од ноќта час најсенишен е ова –
Гробовите зинуваат, а пеколот
Здив пушта заразен. Би можел сега
Да пијам топла крв, да правам недела
Од кои и денот би се стресол да
Ги види. Но тивко – кај мајка ми, ај.
О срце, не одродувај се – не давај
Да ти се всели душата на Нерон
Во градта стамена, да бидам свиреп
Но не и одроден. Ќе ѝ зборувам ко
Со ками да ја бодам, но без капка крв.
Со јазик и со душа ќе лицемерам –
Со зборот и на парче да ја сечам,
На дело, душо, морам да те спречам.
(Излегува.)

СЛИКА ТРЕТА
Предворјето, со претходната маса, од салата за прием. Кралот, Розенкранц и
Гилденстерн:

90
Хамлет

КРАЛОТ:
Го нејќам јас, и опасно е за нас
Лудилото по волја да му талка.
Спремете се, затоа, на пат – за вас
Ќе напишам полномошно јас веднаш
И тој ќе појде во Англија со вас.
Невозможно е за нас да владееме
Со толку близок ризик што секој час
Му расте од чело.
ГИЛДЕНСТЕРН:
Ќе бидеме спремни.
Најнабожна и света грижа е
Да се обезбедат тие безброј луѓе
Што живеат хранејќи се од вас.
РОЗЕНКРАНЦ:
Секој поединечен и личен живот
Со сета сила и оклоп на духот
Се штити себе си од штета, а
Најповеќе оние од чија благодат
Зависат животите на мнозина.
Кралевата смрт не доаѓа сама,
Но како вител повлекува и сè
Што е близу. Најмасивно тркало
Е тој прицврстено на врвот сам,
Од највисок брег, врз чии спици огромни
Се вглавени и врзани десет илјади
Помалечки нешта, кои – штом ќе падне тој –
Со секој ситен додаток и дробнав спој,
Го следат сломот грозен. На кралот белег
Му е не сал една воздишка, но сеопшт лелек.
КРАЛОТ:
Ве молам, подгответе се за брз пат –
Опасноста ќе ја оковаме
Во пранги за да не шета слободна
Ко сега.
РОЗЕНКРАНЦ:
А ние ќе побрзаме. (Излегуваат.)
(Влегува Полониј.)

91
Хамлет

ПОЛОНИЈ:
Тој појде, кралу, кај мајка си во соба.
Јас ќе се засолнам зад завеса
Да чујам што зборува. Јас тврдам – таа
Ќе го изнакара добро и, како
Што рековте, а умно беше речено,
Ќе треба да го чуе и некој друг
Разговорот, а не сал мајката,
Што по природа е пристрасна.
Проштевајте, мој кралу, ќе ве посетам
За да ви кажам што дознав пред да
Си легнете.
КРАЛОТ:
Благодарам, мој лорде драг...
(Полониј излегува, а Кралот чекори горе-долу.)
О гаден ми е злочинот, до небеса
Тој смрди и носи клетва најдревна
На братоубиство! Колку страсно и
Да сакам, јас не можам да се молам.
Од желбата гревот мој е појак,
Па како човек кон двојно дело свртен
Се двоумам што да почнам прво –
И не правам ни едно ни друго.
Што ако ракава проколната,
Со крвта братска, стана подебела
Од кога да е, – зар нема небото
Милосрдно ни толку дожд за да
Ја побели ко снег? Што ќе ти е милост
Што не гледа во очи на злочинот?
И нема ли молитвата моќ двојна;
Да пад ни претскаже пред паѓање,
А штом сме паднати, да даде прошка.
Да кренам поглед... вината ми е
Помината, но о, со каква молитва
Да почнам? „Прости ми за подло убиство“?
Но тоа не оди, бидејќи уште јас
Го уживам сè она за кое убив –
Круна, кралица и власт раскошна.
Зар може некому да му се прости,
А сè да задржи од својот злочин?

92
Хамлет

Во расипаните текови на светот


Злосторната ни рака со злато
Може да се искупи од правдата,
А често гледаме со пленот злосторен
Да се поткупи и самиот закон,
Но така не е горе, таму нема
Мрдање и делото се гледа
Во права боја, а ние мораме
Пред лицето и образот на гревот наш
Да посведочиме. Па тогаш? Што
Останува? Да пробам што може и
Што не може со каење? Но што може,
Кога не можам ни да се покајам?
О очај; О гради црни како смрт!
О душо сплеткана, се бориш да летнеш,
А уште појќе се заплеткуваш.
На помош, ангели! Та барем пробајте,
Тврдоглави колена и срце –
Свиткајте ги жиците од челик,
Смекнете се ко тетиви од бебе
Што туку родено... Сè може уште
Да се подобри. (Коленичи.)
Во приемната сала влегува Хамлет и застанува, согледувајќи го Кралот.
ХАМЛЕТ:
(Пристапува кон влезот од предворјето.)
Би можел сега баш, додека се моли –
И сега ќе го пратам на небо,
(Го вади мечот.)
А јас ќе бидам одмазден. Но ова
Треба да се промисли: злосторников
Го уби татко ми, а јас, единецот
Му син, за тоа овој ист злосторник
Го праќам на небо...
Па тоа му е храна, награда,
Не одмазда. А тој го сконча татко ми
Неподготвен, без причесна и нечист,
Со сите гревови во цут, ко в буен мај,
Па како сега сметките му стојат
Сам Господ знае! Но според сите
Сведочења и размисли, тешко нему!

93
Хамлет

Зар тогаш јас сум одмазден ако овој


Го свиткам додека си чисти душа,
Спремајќи се за пат на оној свет?
Не.
(Си го враќа мечот во ножници.)
Стој, мечу, за погрозен да блеснеш
Кога тој е мртов пијан, полн со бес ил
Со родоскверната му сласт во постела,
На коцка, кавга, ил во некој чин
Во кој да нема прилика за спас;
Собори го тогаш за да клоцне
Кон небо, душата за да му поцрни
Од клетви ко пеколот кон којшто оди.
Ме чека мајка ми – овој нека моли
Да му се должи векот што го боли.
(Си оди.)
КРАЛОТ:
(Станува.)
Ми лета зборот, мислата ми лази.
А збор без мисла и врз спасот гази.
(Излегува.)

СЛИКА ЧЕТВРТА
Одајата на Кралицата околу која висат завеси – тапети, со портрети на кралот
Хамлет и на Клавдиј на едниот ѕид, со седишта и легло.
Кралицата и Полониј.
ПОЛОНИЈ:
Ќе дојде веднаш, прекорете го во сè,
Кажете му – шегите негови
Се прегруби за поднесување,
А вашата милост, бранејќи го, и самата
Се изложи на голем гнев. Јас тука
Ќе се притајам – ве молам, бидете
Отворени со него.
ХАМЛЕТ:
(Однадвор.) Мајко, мајко, мајко!

94
Хамлет

КРАЛИЦАТА:
Ве уверувам,
Страв немајте за мене. Скријте се, тој иде.
Влегува Хамлет.
ХАМЛЕТ:
Што е, мајко, што ме викнавте?
КРАЛИЦАТА:
Го навреди ти многу татко ти, Хамлете.
ХАМЛЕТ:
Го навредивте и вие многу татко ми, мајко.
КРАЛИЦАТА:
Ајде, ајде, одговараш со јазик луд.
ХАМЛЕТ:
А вие, вие ме прашате со јазик зол.
КРАЛИЦАТА:
Што ти значи тоа, Хамлете?
ХАМЛЕТ:
Што ми значи – што?
КРАЛИЦАТА:
Заборави ли што сум ти?
ХАМЛЕТ:
О не,
Се колнам во крстот. Вие сте кралица
И жена му на брат од мажот ви,
А – камо да не бевте! – и моја мајка.
КРАЛИЦАТА:
Ќе викнам, тогаш, други да ти зборат.
(Сака да излезе.)
ХАМЛЕТ:
(Ја фаќа за рака.)
Ајде, ајде, седнете, и да не сте
Мрднале дур не ви дадам огледало,
Во кое ќе се видите што сте до крај?

95
Хамлет

КРАЛИЦАТА:
Што ќе правиш? Зар ќе ме убиеш?
На помош, помош, еј!
ПОЛОНИЈ:
(Зад завесата.)
Е-хеј, на помош, помош!
ХАМЛЕТ:
(Го ваи мечот.)
Зар стаорец? Мртов е, за дукат, мртов!
(Боде со мечот низ завесата.)
ПОЛОНИЈ:
(Паѓајќи.)
О, јас сум убиен!
КРАЛИЦАТА:
Господи, што направи?
ХАМЛЕТ:
Ни самиот не знам,
Кралот ли е тоа? (Ја крева завесата и го открива Полониј мртов.)
КРАЛИЦАТА:
О какво крваво и нагло дело!
ХАМЛЕТ:
Да, крваво – и скоро толку лошо, мајко,
Ко крал да убиеш, мажејќи се за брат му.
КРАЛИЦАТА:
Ко крал да убиеш?
ХАМЛЕТ:
Да, мадам, баш така...
(На Полониј.)
Ти беден, нагол натрапник и шут!
Ај збогум; Те заменив со поголемиот;
Прими си ја кобта и знај дека
Е опасно да бидиш замешан во сè.
(Се завртува, спуштајќи ја завесата.)
Не кршете раце, мирно, седнете –
И дајте срцето да ви го скршам,
Бидејќи тоа ќе го сторам, ако е
96
Хамлет

Воопшто кршливо и ако клетата


Ви навика не го претворила во туч,
Да биде оклоп, бедем против чувството.
КРАЛИЦАТА:
Што сум сторила за вака грубо
Со јазик да ме швркаш?
ХАМЛЕТ:
Такво дело
Што милоста ја валка и срамот румен,
Добрината што лицемерна ја прави,
Што роза кине од челото убаво
На љубов невина и таму клава чир,
Што брачните завети ги претвара
Во лаги погани во клетви коцкарски –
О такво дело што од телото
На бракот му ја корне душата,
А светата вера ја кашави
Во смеша зборови. И лицето
На небото црвенее, а тврдава
И збиена земја со вжарен образ
Пред Страшен суд ко да поболува
Од тоа дело.
КРАЛИЦАТА:
Но за какво дело
Громогласно во прологов ми рикаш?
ХАМЛЕТ:
(Ја води до портретите на ѕидот.)
Погледај ја сликава, и онаа –
Портрети се на двајца браќа тоа,
Види му ја милоста на ова чело:
Со кадри на Аполон, со веѓи
Како Јупитер, со око на закана
И заповед, а става како гласникот
Меркур кацнат на врв што небото
Го целива, со склад и спој врз кој
По еден печат удрил секој бог,
Давајќи му на светот залог свој
За човекот – ете што беше маж ти.
А гледај ваму што следува – овој ти
97
Хамлет

Е мажот сегашен ко клас гламносан


Што братот свој го столчи. Зар немаш очи?
И не вели дека е од љубов, зашто
На твоја возраст крвта веќе си
Го тлее жарот, го покорува
И чека суд, а кој ли расудок
Би спаднал од она на ова? Сетило
Ти имаш секако, ил инаку
Не ќе можеш да сеќаваш, но секако
Сетилото ти се фатило, зашто
И лудоста не би згрешила, ни
Сетилото би ѝ станало роб,
Но сепак би задржало бар трошка
Од својот избор за да се послужи
Во ваква разлика. Кој ѓавол сал
Те намами на ваква лажна среќа
Од слепец? Ни окото без осет,
Ни осетот без вид, ни глув,
Ни сакат, слеп, ни мирисот без сè,
Ни болниот дел на едно сетило
Не би можел да поштукне баш толку.
О очи, срам, каде ви е пердето?
О пекол бунтовен,
Штом можеш бунт во коските да кренеш на
Госпоѓава, за младоста во пламен
Дај доблеста да биде како восок што
Се топи в оганот свој сопствен. Дај нека
Го снема срамот, штом жарта влече сè,
Па дур и мразот толку силно гори,
А разумот го води страста.
КРАЛИЦАТА:
О, Хамлете,
Не зборувај повеќе, ти очи
Ми сврте кон дното на душава,
А таму гледам толку црни дамки
Што нема да се избришат.
ХАМЛЕТ:
И нема – но
Да живееш во потта смрдлива
На постела лојосана од блуд

98
Хамлет

И сласт, под парење, во кочина


За свињи...
КРАЛИЦАТА:
О не зборувај, зборовите
Ми ги бодат ушите ко ножеви –
Доста, сладок Хамлете!
ХАМЛЕТ:
... Со убиец
И злосторник, со роб што не е ни
Дваесетти дел од десетината
На твојот сопруг бивш, тој крал на порокот,
Кесеџија на кралството и власта,
Што круната скапоцена ја украде
Од полица, ја здипли в џеб...
КРАЛИЦАТА:
Доста, немој!
ХАМЛЕТ:
Тој крал од партали и крпи...
(Влегува духот во ноќница.)
Спасете ме и закрилете ме,
О чувари на небото! Што би сакал
Умилниот ваш лик?
КРАЛИЦАТА:
Боже, па тој е луд.
ХАМЛЕТ:
Не доаѓаш ли да го искараш
Својот колеблив син, што пропушти
И прилика и бес и не го исполни
Аманетот твој страшен? О кажи!
ДУХОТ:
Не заборавај! Те посетувам сал
Да ти ја наострам стапената цел.
Но глеј, ја исплаши ти мајка си.
О застани меѓу неа и душата
Што ѝ се бори. Вообразбата кај
Најслабите дејствува најповеќе
Прозбори ѝ, Хамлете.

99
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Како сте, мадам?
КРАЛИЦАТА:
О господи, како си ми ти –
Што очи свртуваш кон празен простор
И зборуваш со воздухот бестелесен?
Низ очите ти ѕирка духот див,
А косите полегнати ти живнале
Ко војници заспани во тревога –
Се штрекнале и штркнале во вис.
О синко мил, испрскај ги со ладна
Стрпливост жестокоста и пламенот
На твојата растроеност. Ти кај гледаш?
ХАМЛЕТ:
Во него! Него! Глејте го кај сека
Со блесок блед! Со својот лик и дело
Би смекнал тој и камен. Не гледај ме –
Со жалниот тој чин да не го промениш
Од надвор цврстиот мој план, а тогаш
Што мора да сторам ќе загуби боја
И, место крв, ќе потечат солзи.
КРАЛИЦАТА:
Со кого збориш?
ХАМЛЕТ:
Не гледате зар ништо?
КРАЛИЦАТА:
Ништо воопшто, а сепак сè што е.
ХАМЛЕТ:
И ништо не чувте?
КРАЛИЦАТА:
Не, ништо освен нас.
ХАМЛЕТ:
Па глејте онаму, кај скришно тој си оди!
Ене го татко ми ко да е жив –
Гледајте кај низ врата излегува.
(Духот исчезнува.)

100
Хамлет

КРАЛИЦАТА:
Тоа ти е привид сал на мозокот,
Бестелесно суштество во лудило
Што вешто мами!
ХАМЛЕТ:
Зар лудило!
Одмерено ми бие пулсот ко вам
И пушта исто здрава музика;
Не беше лудило тоа што го реков –
Пробајте ме, па сето ќе го повторам
До збор, а лудиот би прескокнал од срам.
За љубов Божја, мајко, не клавајте го
Тој мелем ласки врз душата – дека
Не престап ваш, а мое лудило
Е тоа, зашто тој сал ќе ја покрие
Со скрама раната, а гаден гниеж
Копајќи под неа, невидливо
Ќе зарази сè. Исповедете се
Пред небото, покајте се за она
Што било, истајте се за она што
Ќе дојде и не ѓубрете го тој плевел
За да расте побуен. Простете ми
За ова слово, но сред млакоста
На ова време лабаво и доблеста
Од порокот да моли прошка мора, да –
Да ползи, да се витка пред него
За дозвола да му стори добро.
КРАЛИЦАТА:
О Хамлете, ми расцепи ти срце на две.
ХАМЛЕТ:
Фрлете ја полошата половина,
Па живејте почисто со другиот дел.
Добра ноќ – не одете во постела
Со чичко ми. Усвојте ја доблеста
Што сте ја немале. Навиката –
Чудовиште што сите сетила
Ги јаде на обичајот – ѓавол,
Е сепак ангел што на добрите
И красните дела им клава облека

101
Хамлет

И руво што им стои пристојно.


Здржете се сал ноќва, па утре
Ќе издржите полесно, а задутре,
Пак, уште полесно. Со праксата
Се мени дур и жигот на природата,
Па или ќе ги скроти ѓаволот
Ил ќе го протера сосем со чудна моќ.
Ушт’ еднаш, добра ноќ, па кога годе
За благослов сте спремни, јас благослов
Ќе молам од вас. А за овој господин
(Покажува на Полониј.)
Се кајам, но Господ така посакал
Со него да ме казни мене, а него –
Со мене, да бидам негов бич и слуга.
За него ќе се погрижам, и сам
Ќе одговарам за смртта негова.
Пак, добра ноќ – да бидам свиреп морам
За да станам добар. Злото веќе сека,
Но уште полошо нè чека...
(Тргнува да си оди, но пак се враќа.)
Уште еден збор, мадам.
КРАЛИЦАТА:
Што да правам?
ХАМЛЕТ:
Не ова секако што ви го наредив –
Згоениот крал нека пак во постела
Ве кутне, образ блудно да ви штипка,
Да ве вика свое глувче, а за чифт
Од гнасни бакнежи, пипајќи ве
По вратот со тие клети прстишта,
Разврзете му за овој јазол таен –
Јас не сум всушност луд, но луд сум сал
По итрина. Баш добро да му кажете –
Па кој друг освен кралица,
И убава, и трезвена, и мудра,
Би скрила волку важни работи
Од еден жабок, лилјак и мачор?
Кој тоа би го сторил? Не, за инат баш
На разумот и тајноста – кафезот
Откријте го на врвот сам од куќава,

102
Хамлет

Пуштете ги птиците, па ко оној


Славен мајмун што се пикнал в кафез,
И сама пробајте да летнете
За при тоа да си го скршите вратот.
КРАЛИЦАТА:
Верувај ми, ако зборот сам е здив,
А здивот живот, да немам живот ако
Го здивнам ова што ми го рече.
ХАМЛЕТ:
Јас морам за Англија, знаете ли?
КРАЛИЦАТА:
О да,
Јас сосем изумив, се реши така.
ХАМЛЕТ:
Со писма запечатени, а двајцата
Мои другари од школо – на кои
Им верувам ко на заб од змија –
Го носат налогот: да ми чистат пат
И да ме воведат во расипаноста,
Па нека – забавно е да гледаш
Потпалувач да летне во воздух
Од своја бомба, и тешко ќе е,
Но ќе им поткопам на еден аршин сал
Под мините, па ќе ги кренам на
Месечина. О најслатко е, штом
На еден пат две итрини се судрат.
А човеков ме пакува и мене.
Ќе му ги извлечам бар цревата
Во друга одаја. Мајко, добра ноќ.
Советников е сега најтих, најтаен
И најсвечен, а беше абдал најзнаен
Што ломоти на зло. Господине, ај
Да свршам еднаш со вас до крај...
Добра ноќ, мајко.
(Го извлекува трупот од одајата а Кралицата се фрла липајќи врз постелата.)

103
Хамлет

ЧЕТВРТИ ЧИН
СЛИКА ПРВА
По некое време влегуваат Кралот со Розенкранц и Гилденстерн.
КРАЛОТ:
(Ја поткрева.)
Во тие воздишки и болни олцкања
Ти криеш нешто што мора да го објасниш,
За да ги разберам. Кај е син ти?
КРАЛИЦАТА:
Оставете нè за малу насамо...
(Розенкранц и Гилденстерн излегуваат.)
Ах, кралу мој, што видов ноќва јас!
КРАЛОТ:
Што тоа, Гертрудо? Како е Хамлет?
КРАЛИЦАТА:
Луд како морето и ветрот кога
Се васаат за кој е посилен –
Во настап див, штом чу зад завеса
Му мрдна нешто, го молсна мечот тој
Викајќи: „Стаорец“ и наврапито
Го уби добрион старец дур и
На невидено.
КРАЛОТ:
О тешко дело!
Ќе ме снајдеше и мене тоа
Да бев јас таму. Слободата му
Е закана за сите, за тебе,
За нас, за секого. О како да
Одговорам на тоа дело крваво?
Ќе ни го припишат на нас, а да го
Предвидевме, ќе го притегневме
Со уздите тој луд млад човек вон
Од допир секаков со друг. Но толкава
Ни беше љубовта што не разбравме
Што беше најнужно, па ко прокажени
Од гнасна зараза, од страв да не

104
Хамлет

Се обдени, ја пуштивме да пие


Од вруток животен. Кај отиде тој?
КРАЛИЦАТА:
Да го подистави трупот што го уби,
Врз кој лудилото, ко златна жица
Во рудникот на простите метали,
Му блесна в очи – ене го кај плаче
Врз она што го сторил.
КРАЛОТ:
О, Гертрудо, ајде!
Пред дури да ги допре сонцето
Планините, ќе го испратиме
Со брод, а ова гадно дело мораме,
Со сиот углед, умешност, најистрајно
Да го објасниме. – Еј, Гилденстерне!
(Розенкранц и Гилденстерн се враќаат.)
Пријатели, појдете и најдете
Друг некој на помош – Хамлет во лудило
Го убил Полониј и од одајата
На мајка си го одвлекол. Барајте го,
Зборете му убаво, а трупот
Во капелата; ве молам, побрзајте.
(Тие излегуваат.)
Гертрудо, ајде да им кажеме на
Најумните пријатели што мислиме
Да сториме и што се има случено.
За срамов шепотот низ сиот свет,
Ко ѓуле топовско кон центарот сам
Што точно паѓа, може сепак името
Да ни го промаши, да удри сал
Во воздухот неповредлив. Ајде, сега!
Во раздор, немоќ, душава ме стега.
(Излегуваат.)

СЛИКА ВТОРА
Друга одаја во замокот. Влегува Хамлет.
ХАМЛЕТ:
Сигурно страстрен.

105
Хамлет

(Извици однадвор: Хамлете! Принц Хамлете!)


Но тивко, каква врева, кој вика по Хамлет? –
А-ха, еве ги!
(Розенкранц и Гилденстерн влегуваат забрзано со еден стражар.)
РОЗЕНКРАНЦ:
Што сторивте, господару, со мртвото тело?
ХАМЛЕТ:
Го помешав со правта на која ѝ е род.
РОЗЕНКРАНЦ:
Кажете ни каде, за да го земеме и да го однесеме во капела.
ХАМЛЕТ:
Да не поверуваш.
РОЗЕНКРАНЦ:
Да не поверувам – што?
ХАМЛЕТ:
Дека морам да ве слушам вас, а не својата тајна. Впрочем, кога ве испитува еден сунѓер,
каков одговор би требало да даде кралскиот син?
РОЗЕНКРАНЦ:
Зар мене, принцу, ме сметате за сунѓер?
ХАМЛЕТ:
Да, господине, што ја шмука кралевата милост, неговите награди, неговите наредби. Но
таквите слуги најдобро го служат кралот на крајот – ги чува тој во устата како залчиња од
оскоруша, каснати најпрви но голтнати најпоследни. Кога ќе му стреба она што сте му го
насобрале, тој само ќе ве стисне и вие, сунѓерче мое, сте пак сув.
РОЗЕНКРАНЦ:
Не ве разбирам, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Мило ми е – од пис уста во глупи уши.
РОЗЕНКРАНЦ:
Господару, морате да ни кажете каде е телото и да појдете со нас до кралот.
ХАМЛЕТ:
Телото е со кралон, но кралов не е со телоно. А кралов е нешто...

106
Хамлет

ГИЛДЕНСТЕРН:
Нешто, господару?
ХАМЛЕТ:
Од ништо – водете ме кај него. Скриј се, лисицо, па ај да те најдеме.
(Истрчува, а по него и останатите.)

СЛИКА ТРЕТА
Преѓешната сала од замокот. На масата врз подиумот седи КРАЛОТ со двајца или
тројца државни советници.
КРАЛОТ:
Јас пратив да го бараат и трупот
Да го најдат. Колку опасно што тој
Се шета слободен! А не смееме
Да го подложиме на закон строг –
Го сака него немирната толпа
Што не љуби со расудок туку
Со очи, а штом така, се мери
Сал казната на злосторник, но не
И злосторот. За да биде сè мазно
И глатко, ова негово ненадејно
Испраќање мора да изгледа
Промислено. Очајната болест
Со очајни лекови се лечи,
Ил никако.
(Влегуваат Розенкранц, Гилденстерн и други.)
Како е, што станало?
РОЗЕНКРАНЦ:
Кај го сместил тој трупот, не можевме
Да му откриеме, мој кралу.
КРАЛОТ:
А кај е тој?
РОЗЕНКРАНЦ:
Под стража, надвор, и пред ваша милост.
КРАЛОТ:
Доведете го.

107
Хамлет

РОЗЕНКРАНЦ:
Еј доведе го принцот.
Влегува Хамлет под стража од војници.
КРАЛОТ:
Кај ви е Полониј, Хамлете?
ХАМЛЕТ:
На вечера.
КРАЛОТ:
На вечера? Каде?
ХАМЛЕТ:
Не кај што вечера, но кај што го вечераат – цел собир од политикански црви се собрал околу
него. Црвот ви е единствениот цар на храната – ние ги гоиме сите животинки за да нè гојат
нас, но себе се гоиме за црвите. Згоениот крал и мршавиот просјак ви се само две различни
јадења, две пјата, но на една софра – тоа е крајот.
КРАЛОТ:
За жал, за жал!
ХАМЛЕТ:
Човек може да фаќа риби со црвот што јадел од крал и да јаде од рибата што се нахранила
од тој црв.
КРАЛОТ:
Што сакаш да кажеш со тоа?
ХАМЛЕТ:
Ништо, само да ви покажам како еден крал може да пропатува низ цревата од просјак.
КРАЛОТ:
Каде е Полониј?
ХАМЛЕТ:
На небо – пратете за да го видат, ако вашиот гласник не го најде таму, побарајте го самиот
на друго место. Но ако не го пронајдете во тек на месецов, ќе го помирисате угоре по
скалите кон предворјето.
КРАЛОТ:
(На придружниците.)
Појдете и побарајте го таму.
ХАМЛЕТ:
Тој ќе ве сочека додека не дојдете.

108
Хамлет

(Тие излегуваат.)
КРАЛОТ:
Хамлете, за твојата сигурност
Што искрено ја сакаме, ко скапо
Што жалиме за она што го стори,
Секавично мора да те пратиме
Од овде. Затоа, спреми се, бродот
Е готов, те чека друштво, па со ветрот
На помош, сè за Англија се стреми.
ХАМЛЕТ:
За Англија.
КРАЛОТ:
Да, Хамлете.
ХАМЛЕТ:
Па, добро.
КРАЛОТ:
И добро е да ни го знаеш планот.
ХАМЛЕТ:
Гледам еден херувим што ви го знае. Туку, да појдеме, за Англија. (Се поклонува.) Збогум,
драга мајко.
КРАЛОТ:
Твој татко што те љуби, Хамлете.
ХАМЛЕТ:
Моја мајко – мајката и таткото се маж и жена, мажот и жената се едно тело – значи, моја
мајко. (Кон стражарите.) Да појдеме, за Англија!
(Излегуваат.)
КРАЛОТ:
(На Розенкранц и Гилденстерн.)
Следете го во чекор, и на бродот
Намамете го веднаш и неодложно –
Да не го видам до вечерва овде!
Одете си! Сè е запечатено
И свршено што треба. Ве молам, брзајте...
(Излегуваат сите освен Кралот.)
Па, Англијо ме цениш ли со љубов –
Што моќта моја ти ја налага,
109
Хамлет

А лузната уште ти е црвена


И свежа од мечот дански за вазал наш
Да биде стравот твој – не играј си
Со моќната ни порака, што бара –
Во писмата приложени – веднаш смрт
За Хамлет. Стори ми го тоа, Англијо –
Во крвта тој ми беснее ко треска
Што мора да ја излечиш. А дотогаш,
Дур не дознам дека сè е свршено,
И покрај среќава, јас сум сепак скршен.

СЛИКА ЧЕТВРТА
Рамница близу едно пристаниште во Данска.
Влегува принцот Фортинбрас со војската во поход.
ФОРТИНБРАС:
Капетане, појди да го поздравиш
Од мене кралот дански, кажи дека
Со негова дозвола Фортинбрас моли
За спровод во пропустот ветен низ
Неговото кралство. Го знаеш местото
За средба. Ако, пак, неговото
Величество сака нешто од нас,
Ќе ја изразиме и лично должноста –
Да знае.
КАПЕТАНОТ:
Ќе му кажам господару. (Поаѓа на една страна.)
(На војската.) Продолжете полека.
(Фортинбрас и војската одат на друга страна.)
(Капетанот ги среќава Хамлет, Розенкранц, Гилденстерн и стражарите на нивниот
пат кон пристаништето.)
ХАМЛЕТ:
Господине, чии се овие војски?
КАПЕТАНОТ:
На Норвешка, господине.
ХАМЛЕТ:
Каде одат, ве молам?

110
Хамлет

КАПЕТАНОТ:
Против некој дел од Полска.
ХАМЛЕТ:
А кој им е заповедник?
КАПЕТАНОТ:
Внукот на стариот крал, Фортинбрас.
ХАМЛЕТ:
Дал одат против цела Полска или
Против некој дел пограничен?
КАПЕТАНОТ:
Да зборам право, без додавање,
Кинисавме за некое парче земја
Што нема ништо друго освен име.
Ни за пет дукати, пет, не би го зел
Под наем, а не вреди повеќе
За Полјаци ни за Норвежани, ако
Се продаде во вечна сопственост.
ХАМЛЕТ:
Па тогаш Полска нема да го брани.
КАПЕТАНОТ:
Баш напротив – веќе е укрепено.
ХАМЛЕТ:
Две илјади души и дваесет илјади
Дукати нема да го справат спорот
За таа сламка! Чир е тоа од
Преголема обилност и мир што прска
Однатре, без друга причина од надвор
За смртта човечка... Најпокорно, фала.
КАПЕТАНОТ:
Збогум, господине. (Си оди.)
РОЗЕНКРАНЦ:
Ќе дојдете ли, принцу?
ХАМЛЕТ:
Ќе дојдам веднаш, тргнете пред мене...
(Розенкранц, Гилденстерн и останатите излегуваат.)
Колку сите прилики се против мене
111
Хамлет

Што тапата ми одмазда ја мамузат!


Та што е човекот, штом главна добивка
И корист му е храната и сонот?
Сал скот – и ништо друго. Секако тој
Што нас нè создал со толкав расудок,
Да гледаме напред и назад, не ни дал
Моќ таква, на Бога сличен разум,
Да мувлоса во нас неползуван.
Дал заборав животински е тоа,
Ил некој плашлив обзир, што мислам
Преопширно за последиците –
Со една сал четвртина на мудроста,
А три дела кукавички – јас не знам,
Но зошто живеам да велам сал:
„Тоа треба да се стори“, кога имам
И причина и волја, сила, средства
Тоа да го сторам... Ме бодрат примери
Ко земја огромни. Сведок е војскава
Од толкав број и порив под водството
На еден млад и отмен принц чиј дух,
Вознесен со божанска амбиција,
Се плази на невидливиот исход
Изложувајќи се несигурно
И смртно тој на сè што смеат смртта,
Опасноста и среќата, па дури и
За лушпа од јајце... Вистинската
Величина е да не се буниш
Без голема причина, но биди велик
И за сламка кога фаќаш кавга.
Штом честа е на коцка. Кај сум тогаш јас,
Што имам татко убиец, а мајка
Обесчестена, со сите поттици
На разумот и крвта, а сепак спијам?
А еве, за сопствен срам, ја гледам смртта
На овие дваесет илјади луѓе,
Што за илузија, за ќеф и слава
Кон гробот одат ко во постела,
Борејќи се за место што не може
За бој ни да ги смести, што ни гроб,
Ни јама општа не може да биде

112
Хамлет

За сите паднати! О мисло, реди


Дела крвави, ил ништо не вреди!
(Заминува.)
(По неколку недели.)

СЛИКА ПЕТТА
Одаја во замокот на Елсинор.
Кралицата со придворни дами, Хорацио и еден гостин.
КРАЛИЦАТА:
Јас нејќам со неа да зборам.
ГОСПОДИНОТ:
Но таа е настојчива, ил подобро
Растроена, и треба да се жали.
КРАЛИЦАТА:
А што би сакала?
ГОСПОДИНОТ:
Многу зборува
За татка си и вели дека чула
На светов како има многу измами,
Па лелека, се чука в гради, злобно и
На сламки клоца, зборува за нешта
Со пола или двојна смисла. Говорот
Не ѝ значи ништо, но макар и
Безобличен, тој сепак слушачите
Ги тера сами да го осмислат –
Погаѓаат, го крпат и го полнат
Со мисли сопствени: од тоа, според
Нејзините трепкања, кимања
И гестови, би помислил човек:
Па тука има мисла, макар и
Неизвесна но многу несреќна.
ХОРАЦИО:
Би било добро да ја примите –
За да не шири опасни претпоставки
Во душите што мислат зло.

113
Хамлет

КРАЛИЦАТА:
Па нека влезе.
(Господинот излегува.)
(За себе.)
„За мојта душа, штом грев е полна,
И сека ситница е зла и долна,
Со сомнежи ја кријам вината –
Од смрт се плаши веќе скината.“
Господинот се враќа со Офелија, растроена, со лаута в раце и коси врз раменици.
ОФЕЛИЈА:
Каде е убавото величество на Данска?
КРАЛИЦАТА:
Како сте, Офелијо?
ОФЕЛИЈА:
(Пее.)
По што да ти ја познам
Љубовта јас права?
Тој носи сандали и стап
Со шапка на глава.
КРАЛИЦАТА:
Ах, слатка девојко, што ви значи песнава?
ОФЕЛИЈА:
Што велите? Не, чујте, ве молам:
(Пее.)
Мртов е и ладен, дамо,
Мртов е и ладен,
Над глава му баз од трева,
Врз нозете – камен.
О-оф!
КРАЛИЦАТА:
Но, Офелијо...
ОФЕЛИЈА:
Ве молам, чујте.
(Пее.)
Плаштот му е бел ко снег од гора...
(Влегува Кралот.)

114
Хамлет

КРАЛИЦАТА:
Ах, господару, погледајте го ова.
ОФЕЛИЈА:
(Пее.)
Сиот затрупан со рози,
Што неисплачени во гробот мораа
Без порој од солзи.
КРАЛОТ:
Како ви е, мила госпоѓице?
ОФЕЛИЈА:
Добро, Господ да ви врати! Велат дека утката му била ќерка на еден пекар. Боже, ние
знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме... Господ да ви е на трпеза!
КРАЛОТ:
Обземена од смртта на татко ѝ.
ОФЕЛИЈА:
Ве молам, да не зборуваме за тоа, но кога ќе ве запрашаат што ви значи тоа, речете им вака:
(Пее.)
Утре е Свети Валентин,
И рано в зори минам
Крај прозорот твој за да бидам
Твоја мила Валентина.
Тој стана, се облече
И отвори врата,
Момата влезе, но надвор
Веќе не се врати.
КРАЛОТ:
Милата Офелија!
ОФЕЛИЈА:
Навистина, еве, и без да се колнам, јас сега ќе завршам: (Пее.)
Жими Исус и Свети Спас,
Тоа е гадно, за срам!
Ќе ти стори момокот што може,
Но Боже, тој крив е сам.
Рече таа: Пред да ме кутнеш,
Ми вети ќе ме земеш.
А тој: Ќе те земам, жими сонцено,
Да не ми дојде пред време.

115
Хамлет

КРАЛОТ:
Од кога ѝ е веќе вака?
ОФЕЛИЈА:
Се надевам, сè ќе биде добро. Мораме да бидеме стрпливи, но јас не можам да не
заплачам кога ќе помислам дека ќе го положат во ладна земја. За тоа ќе дознае брат ми, и
затоа ви благодарам на добриот совет. Дојди, моја кочијо! Добра ноќ, госпоѓи, добра ноќ.
Мили госпоѓи, добра ноќ, добра ноќ. (Излегува.)
КРАЛОТ:
Следете ја одблизу и чувајте ја добро, ве молам.
(Хорацио и Господинот излегуваат по неа.)
О, тоа е отров од жал длабока,
Што извира од смртта на татко ѝ.
И еве, глеј! Гертрудо, Гертрудо –
Јадовите не идат ко ушаци
Единечни, но по цели чети:
Првин татко ѝ убиен, па син ти
Замина, сам главен виновник
За своето праведно прогонство.
А светот тап и нездрав, немирен
Во мислите и шепотот за смртта
На добриот Полониј. И ние
Постапивме неразумно што тајно
Го закопавме; кутрата Офелија
Се раздели од себеси и разумот
Без кој сме слики сал ил зверови;
И најсетне, но исто толку важно
Ко сè друго, од Франција скришно
Се врати брат ѝ, да се храни со чуда,
Од облаци, а слухот му го трујат
Шушумиги со зборој погубни
За смртта на татко му – сплеткани
Во нешто друго, тие мора да
Ме кодошат од уво до уво
И мене. О Гертрудо драга, ова ме
Разнесува, ко со шрапнел, на појќе
Парчиња од колку им се доста
За да ме убијат! (Врева однадвор.)
КРАЛИЦАТА:
Ах, што врева е тоа?

116
Хамлет

КРАЛОТ:
(Вика.) Штитете ме!
(Влегува еден дворјанин.)
Кај ми се Швајцарците? Нека стражарат
На врата. Што е тоа?
ДВОРЈАНОТ:
Спасувајте се,
Мој кралу! Ни океанот, што ќе надвисне
Над брегот, не ги голта побезмилосно
Спрудовите од младиот Лаерт
Со толпа бунтовна што ви ги надвива
Дворјаните. Тој џган го вика господар,
Ко светот да почнува од денес,
Времињата во заборав, ко да не
Се помнат обичаите, тие
Потпирачи и потврдувачи на сè,
Цркајќи: „Го бираме Лаерта за крал!“
Со капи, извици и раце крескајќи
До небо: „Да биде Лаерт крал, Лаерт крал!“
(Извиците стануваат погласни.)
КРАЛИЦАТА:
Колку радосно на лажна трага лајат!
Го згрешивте смерот, о лоши дански пци!
КРАЛОТ:
Се скршија вратите.
Во одајата се втурнува вооружен Лаерт, а по него Данците.
ЛАЕРТ:
Кај е тој крал? – Стојте надвор, господа.
ДАНЦИТЕ:
Да влеземе и ние.
ЛАЕРТ:
Остајте ме, ве молам.
ДАНЦИТЕ:
Па добро, добро...
(Се повлекуваат надвор.)

117
Хамлет

ЛАЕРТ:
Благодарам,
Чувајте ја вратата. О кралу поган,
Врати ми го татко ми.
КРАЛОТ:
Смири се, Лаерте.
ЛАЕРТ:
Па сека капка крв што мирува
Да ми викне: копиле! – на татко ми
Да му стави рогови, на мајка ми жиг
Од курва токму овде, меѓу чесните
Невалкани веѓи...
(Им пристапува, а Кралицата му се фрла на патот.)
КРАЛОТ:
Но, Лаерте, од што
Се крева бунтот твој ко некој џин?
Гертрудо, пушти го, не плаши се,
Ѕид жив на божество го штити кралот,
Предавството сал ѕирка низ него,
Но ништо не може. Кажи ми, Лаерте,
Од што си вака разјарен – пушти го,
Гертрудо – дај, збори, човеку.
ЛАЕРТ:
Кај
Е татко ми?
КРАЛОТ:
Мртов.
КРАЛИЦАТА:
Но не од него.
КРАЛОТ:
Пушти го да праша до крај.
ЛАЕРТ:
Но како да
Е мртов? И не мамете ме со трик.
Во пекол со поданството, се колнам во
Најцрниот ѓавол, а совеста

118
Хамлет

И милоста – во најдлабокиот ад!


Да бидам проклет! Јас тука стојам
И баш ми е грижа и за овој
И за оној свет – нека биде што било,
Но ќе се одмаздам за татко ми
Најодлучно до крај.
КРАЛОТ:
Па кој ви пречи?
ЛАЕРТ:
Пред мојава боља, ни целиот свет
А колку за средствата, толку добро
Ќе ги штедам, што да стасам далеку
Со малку.
КРАЛОТ:
Добар Лаерте, штом сакате
Да знаете највистински за смртта
На татко ви драг, зар пишано ѝ е
На вашта одмазда со еден замав
Да свлечете и враг и пријател,
Кој губи и кој добива.
ЛАЕРТ:
Никој освен
Неговиот душман.
КРАЛОТ:
Знаете ли кој е?
ЛАЕРТ:
За добрите му другари јас вака
Ќе раширам раце, па ко пеликан
Што животот го дава, ќе ги хранам јас
Со крвта сопствена.
КРАЛОТ:
Така, сега
Зборувате ко добар син и прав
Благородник. А дека не сум крив
За смртта на татко ви, и најболно
За неа жалам, ќе ви пукне тоа

119
Хамлет

В умот просто и јасно како ден


Пред очи.
ИЗВИЦИ ОДНАДВОР:
Пуштете ја да влезе.
ЛАЕРТ:
Што сега! Каква врева е тоа?
(Офелија влегува повторно со цвеќе в раце.)
О оган, исуши го мозоков!
О солзи седумпати солени,
Спечете го сетилото и моќта
На моево око! Жими небото,
Лудилото ќе ти го отплатам
Со таков тег што тасот наш ќе претегне
До дно. О мајска розо, нежна сестро
И мила девојко, Офелијо слатка!
О небеса, зар можно е умот девствен
Да биде смртен ко животот од старец?
Природата во љубовта е чиста,
А кај е пречиста, му дава знак
Најдрагоцен на оној што го љуби.
ОФЕЛИЈА:
(Пее.)
Непокриен го оставија на одар,
Хеј нани-но, нани нани-но,
И солзите потекоа ко вода...
Проштавај, мој галабе!
ЛАЕРТ:
Да беше при себе и да ме тераше
На одмазда, не ќе ме трогнеше олку.
ОФЕЛИЈА:
Морате да пеете: „Ај доле, доле“, ако го викате долу.
О колку му прилега рефренов! Лажен е тој чувар што му ја украл ќерката на стопанот.
ЛАЕРТ:
Ова ништо е повеќе од нешто.
ОФЕЛИЈА:
(На Лаерт.)

120
Хамлет

Еве рузмарин, за сеќавање – те молам, љубов сеќавај ми се – а оваа темјанушка, за љубовни


мисли.
ЛАЕРТ:
Поука и во лудилото, мислите и сеќавањата споени складно.
ОФЕЛИЈА:
(На Кралот.)
За вас, еве, анасон и кандилка.
(На Кралицата.)
За вас, еве ѕвонче, а еве ми и за мене – можеме да го викаме и милозлива тревка на Света
Недела. О ѕвончето морате да го носите со посебно одличие. Еве маргаритка. Би ви дала и
синолички, но сите овенаа кога умре татко ми.
Велат дека завршил добро...
(Пее.)
Оти мојто либе ми е сета радост...
ЛАЕРТ:
И жал и болка, и страдање и пекол,
Сè претвора во милост и убавина.
ОФЕЛИЈА:
(Пее.)
И нема ли да дојде пак?
И нема ли да дојде пак?
Не, не, та мртов е тој,
Ај и ти во смртен покој,
Тој нема пак да дојде.
Брадата му беше бела ко снег,
И косите ко лен до гуша.
Тој исчезна, тој исчезна,
Тагава ни е бесполезна,
Господ да му спаси душа!
И на сите христијански души, те молам Боже.
Господ да е со вас.
(Излегува.)
ЛАЕРТ:
Го гледаш ли ова, о Господе?
КРАЛОТ:
Лаерте, со твојот бол јас морам да општам
И тоа право не земај ми го.
Сам појди ти и избери кој сакаш
121
Хамлет

Од твојте најмудри пријатели,


Да чујат и да судат меѓу тебе
И мене. Ме најдат ли замешан
Од прва или рака посредна,
Јас ќе дадам кралство, круна, живот,
И сè што викам свое за да те
Задоволам; но, ако не сум крив,
Задоволи ме со својта стрпливост,
Па со здружен напор на твојата душа
Да ѝ го дадеме заслуженото
Задоволување.
ЛАЕРТ:
Нека биде така.
Но начинот на кој тој умре, погребот
Без помен, меч, ни гроб на штит врз моштите,
Без свечен ритуал, ни почести –
Од небо вика да се чуе до земи:
Јас морам сè да испитам.
КРАЛОТ:
Така чини,
На кривецот главата да му се скине.
Те молам појди со мене.
(Излегуваат.)

СЛИКА ШЕСТА
Влегуваат Хорацио и Придружници.
ХОРАЦИО:
Кои се тие што сакаат да зборат со мене?
ПРИДРУЖНИК:
Морепловци, господине. Велат дека имаат писма за вас.
ХОРАЦИО:
Пуштете ги да влезат.
(Еден придружник излегува.)
(За себе.)
Јас не знам од кој крај на светов би бил
Поздравен, ако не од принцот Хамлет.
(Придружникот ги воведува морнарите.)

122
Хамлет

1 МОРНАР:
Бог да ве благослови, господине.
ХОРАЦИО:
Да те благослови и тебе.
1 МОРНАР:
Ако му е по волја, господине. Еве едно писмо за вас, господине, од пратеникот кој беше на
пат за Англија. – Ако името ви е Хорацио, како што ме известија дека е.
ХОРАЦИО:
(Се врти настрана и чита.)
„Хорацио, штом ќе го погледаш ова, помогни им на овие луѓе да дојдат до краот, имаат
писма за него... Не бевме ни два дена на море, кога почна да нè брка еден пиратски кораб
опремен мошне воинствено. Откога видовме дека пловиме премногу бавно, се натеравме
на храброст и во загработ јас се префрлив на нивниот кораб. Во истиот миг тие го испразнија
нашиот брод, а јас сам им останав пленик. Постапуваа со мене како милосрдни разбојници,
но знаеја што прават. Јас треба добро да им се оддолжам. Пушти му ги на кралот писмата
што му ги праќам и дојди кај мене со брзина како да бегаш од смртта. Имам да ти шепнам
на уво такви зборови од кои ќе занемиш, иако се премногу лесни за тежината на работата.
Овие добри луѓе ќе те доведат до местото каде што сум. Розенкранц и Гилденстерн
продолжуваат за Англија. За нив имам многу да ти кажам.
Твој, како што знаеш – Хамлет“.
Ајдете јас ќе ви отворам пат
За вашиве писма, а потем брзајте
Да ме упатите до тој од кого
Ги донесовте.
(Излегуваат.)

СЛИКА СЕДМА
КРАЛОТ и ЛАЕРТ се враќаат.
КРАЛОТ:
Да, твојата совест мора невиноста
Да ми ја потврди и како пријател
Во срцето ти мора да ме ставиш,
Штом чу и разбра дека тој што татка ти
Го уби достоен и мене смртта
Ми ја токмеше.
ЛАЕРТ:
Тоа ми е јасно.

123
Хамлет

Но зошто не сте му се спротивставиле


На тие дела толку погубни
И зли – штом тоа била опасност
За вашата безбедност ко мудар крал
И сè друго?
КРАЛОТ:
О, главно од две причини,
Што за тебе се чинат може млитави,
Но за мене се јаки. Мајка му,
Кралицата, речиси живее
Од погледот му, а за мене – дал тоа
Е доблест или чума, што да е –
Таа ми е толку врзана за животов
И душата, што како ѕвездата
Што не мрда од својата сфера,
И јас не можам без неа. Вториот
Мотив што не смеев пред јавен суд
Е љубовта за него од народот,
Кој сите мани му ги мие, па
Ко извор што од дрво прави камен,
Ќе му ги сметаше прангите за чест,
А мојте стрели, прелесни за таков
Јак ветер, ќе ми се свртеа пак назад
Кон лакот, а не кон кој ги пуштив.
ЛАЕРТ:
И така останав без татко достоен,
А сестра ми доведена до очај,
Со доблест – ако смеам да ја фалам пред
Да полуди – што беше предизвик
На сето ова време со своите
Совршенства. Но одмаздата ќе стаса.
КРАЛОТ:
Не мати си го сонот затоа,
Не мисли дека сме создадени
Од таква лабава и слаба ков
Да пуштаме и брада да ни скубат
Од забава. Ќе чуеш уште наскоро.
Го сакав татко ти, се сакам себе си,
Од што ќе смогнеш да си представиш...

124
Хамлет

(Влегува еден гласник со писма.)


Што е? Што има ново?
ГЛАСНИКОТ:
Писма од Хамлет
Господару, за вашето величество,
И едно за кралицата.
КРАЛОТ:
Од Хамлет!
А кој ги донесе?
ГЛАСНИКОТ:
Велат, кралу, дека
Се морнари, јас не ги видов. Писмата
Ми ги даде Клавдио, кој ги примил
Од тој што ги донел.
КРАЛОТ:
Лаерте да чуеш сам...
Остави нè.
(Гласникот си оди.)
(Чита.)
„Севишен и моќен, знајте дека се најдов гол во вашето кралство. Утре ќе ве замолам за
дозвола да ви го видам кралското лице, а тогаш – откако првин ќе ви побарам прошка – ќе
ви раскажам на што се должи моево ненадејно и толку чудно враќање.
Хамлет.
Што му значи ова? Зар се вратија
И сите други? Ил измама е
И ништо друго.
ЛАЕРТ:
Го познавте ракописот?
КРАЛОТ:
На Хамлет е... „Гол“? А здола додал „сам“.
Што велиш ти?
ЛАЕРТ:
Не разбирам јас ништо, кралу.
Но нека дојде! Ќе го стопли јадот мој
Во срцево штом ќе доживеам в лице
Да му речам „Цркни“!

125
Хамлет

КРАЛОТ:
Штом така, Лаерте –
А зарем може инаку, и како? –
Ќе сакаш да ме слушаш?
ЛАЕРТ:
Да, мој кралу,
Под услов да не чујам ни збор за мир.
КРАЛОТ:
За твојот сопствен мир. Ако веќе тој
Се вратил, скршнувајќи од пат, и пак
Не мисли да замине, ќе му наместам
Јас таков потфат, сега баш го смислив,
Од кој тој бездруго ќе падне и ни здив
Од грев за смртта му не ќе дувне,
Па дур ни мајка му не ќе се усомни,
Сметајќи ја за случај.
ЛАЕРТ:
Ќе ве послушам
Мој кралу, но уште повеќе ако
Наместите баш така јас да сум
Орудие во тоа.
КРАЛОТ:
Токму така.
За тебе овде многу се зборуваше
Штом замина, и тоа баш пред Хамлета,
За една умешност во која, велат,
Си бил сјаен. Ни сите твои дарби
Не скорнаа кај него таква завист
Ко оваа, што – лично сметам – е
Најбезвредна.
ЛАЕРТ:
Што дарба е таа, кралу?
КРАЛОТ:
Прост ширит сал врз капата на младоста,
Но сепак потребен, зашто на младоста
Ѝ личи небрежна и лесна облека,
Ко што на зрелата возраст ѝ лежат
Наметките и крзната, што значат,
126
Хамлет

Сталоженост и благосостојба.
Пред два месеци беше овде некој
Благородник од Нормандија – сум гледал
И сам сум служел против Французи,
И тие многу вешти се во јавање –
Но овој рицар беше волшебен,
Тој сраснат беше в седлото и такви
Правеше чудесии со коњот
Што беше едно тело – кентаур,
Со тоа сјајно животно. Ме надви тој
Во мојте замисли, не би смислил
Јас такви трикови и игри никогаш
Ко тој што изведе.
ЛАЕРТ:
Нормандец, нели?
КРАЛОТ:
Нормандец.
ЛАЕРТ:
Ламорд, се колнам.
КРАЛОТ:
Баш он.
ЛАЕРТ:
Го знам јас добро, тој е брош и бисер
На својот народ.
КРАЛОТ:
Те спомна тебе,
Ти призна мајсторство во вешти вежби
На одбрана, а најмногу со мечот,
И дури викна: би било приказ прав
Се пронајде ли некој да те надмине!
Се колнеше дека мечувалците
Во Франција немале ни брзина,
Ни страв, ни око да ти се спротиват.
И овој негов извештај го отру
Хамлета со завист толку што побара
И замоли тој веднаш да се вратиш
За да се пробаш со него. И ете,
Од тоа...
127
Хамлет

ЛАЕРТ:
Што од тоа, кралу мој:
КРАЛОТ:
Лаерте, ти беше драг ли татко ти?
Ил само слика си на жал и лице
Без срце?
ЛАЕРТ:
Зошто ви е прашањево?
КРАЛОТ:
Не дека мислам – не си го сакал
Ти татко ти, но зашто знам: љубовта
Ја раѓа времето, и гледам примери:
Ја слаби времето нејзината искра
И оган. Во самиот љубовен пламен
Се пали и се гаси фитилот
И ништо не е исто добро секогаш,
А доброто преку мерка што расте
Од вишокот свој сопствен умира. Тоа
Што сакам да го сториме ќе треба
Да го сториме штом ќе го посакаме.
Но ова „сакаме“ се мени, гасне
И одлага толку пати колку
Што има раце, јазици и случки,
А тогаш она „треба“ е воздишка
Расипничка, што боли олеснувајќи.
Но ајде пак во нервот жив на чирот –
Се враќа Хамлет, што би презел ти,
Ко син на татка ти на дело, а не
Само со зборови?
ЛАЕРТ:
Би го заклал в црква.
КРАЛОТ:
Ни едно место за убиство не треба
Да биде свето – да, одмаздата
Да нема граници; но, добар Лаерте,
Ако така сакаш, сокриј се во соба.
Штом Хамлет пристигне ќе знае дека си
Се вратил. Ќе најдеме такви што славата

128
Хамлет

Ќе ти ја фалат, за да двојно ласне


Фамата што ти ја даде Французот,
Па ќе ве судриме кладејќи се
На вашите глави. Небрежен ко што е,
Благороден, без смисла за итрини,
Тој нема да ги провери мечовите,
Па така лесно и со малку метеж
Ти можеш да избереш меч незатапен
И како за вежба, со подмолен бод,
Ќе му одмаздиш за татко ти.
ЛАЕРТ:
Ќе го сторам тоа;
За таа цел, ќе го намачкам и мечот.
Од еден билкар купив маст што е
Смртоносна – накваси го сал ножот
Во неа и пушти крв бодејќи,
Па никој мелем редок, собиран
Од сите моќни билки по месечина,
Од смртта нема да го спасат оној
Што макар е и гребнат. Ќе го допрам
Во таа чума мојот врв од мечот,
Па ако сал го драснам, тоа смрт
Да биде за него.
КРАЛОТ:
Да мислиме на тоа,
Да видиме што прилика на час
И начин ќе ни се погоди во планов.
Но не успее ли ова, и целта
Ни се ѕирне низ лоша изведба,
Подобро да не се трудиме. Затоа
Замислава треба да се потпре
На нешто, на некој грб, во случај
Да ни се провали. Чекај да видам –
Ќе се обложиме и свечано
За кој е повешт... Па да!
Штом ќе се загреете и ожеднете
Од борба, удри тогаш посилно
Ти уште за да побара да пие,
А јас ќе имам пехар подготвен,
Од кој сал ако сркне, во случај

129
Хамлет

Да ти го избегне отровниот бодеж,


Намерата ни е постигната...
Но тивко, каков шум е тоа?
(Кралицата влегува плачејќи.)
Што е, кралице?
КРАЛИЦАТА:
Жал еден гази зад петиците од друг –
Се редат толку бргу; сестра ти, Лаерте,
Се удави.
ЛАЕРТ:
Се удави! А каде?
КРАЛИЦАТА:
Крај потокон кај расте една врба
Што сивите лисја ги огледува
Во води стаклести; и со нив таа
Правеше венчиња необични
Од маргаритки, лутиче, коприви
И модри качунки што овчарите
Распуштени ги викаат грдо,
А чесните моми – „мртовечки прсти“.
И таму, на гранките надвиснати
Јазејќи се по нив да ја закачи
Короната од цвеќе, една злобна ветка
Пукнала и долу таа паднала
Со цветниот свој накит во потокот
Тој плачевен. Полите ѝ се спростреле,
И додека ја носеле ко некоја
Сирена, таа пеела рефрени
Од стари химни, неосетлива
За својот бол, ко суштество родено
И задоено од тој баш елемент.
Но не за долго – зашто облеката
Натопена ја стежна и ја повлече,
Несреќната, од леглото песни
Во кална смрт.
ЛАЕРТ:
И значи, се удави?

130
Хамлет

КРАЛИЦАТА:
Се удави, се удави.
ЛАЕРТ:
Премногу
Ти вода имаше, Офелијо кутра,
И затоа ги здржувам јас солзите.
Па сепак, обичај е, природата
Го пази навикот, што сака нека
Ни каже срамот – но со солзиве
Ќе го истурам јас женското од мене...
Мој кралу, збогум! Јас имам зборови
Од оган, што би пламнале, да не е
Слабоста што ми ги мокри.
(Излегува.)
КРАЛОТ:
Ај по него,
Гертрудо. Колку сал се измачив
Да му го смирам бесот! Но ова,
Се плашам, пак да не го распламти.
И затоа, ај по него.
(Го следат.)

131
Хамлет

ПЕТТИ ЧИН
СЛИКА ПРВА
Гробје со свежоископан гроб, кипариси и порта.
Влегуваат двајца Гробари (еден главен, а другиот помошник) со лопати и казми спремни
за копање.
I ГРОБАР:
Може ли да ја закопаат со христијански погреб кога таа самоволно си го побарала спасот?
II ГРОБАР:
Ти велам дека може, затоа поправи ѝ го гробот. Иследникот го прегледа трупот и одреди,
христијански погреб.
I ГРОБАР:
Како може тоа – освен ако не се удавила во самоодбрана?
II ГРОБАР:
Па така е и одредено.
I ГРОБАР:
Мора да е „se offendendo“, друго не може да биде. Зашто еве што е важно: ако јас се удавам
намерно, тоа означува едно дејство, а секое дејство се разграничува на три под-дејства –
да дејствуваш, да направиш и да извршиш – ерго, таа се удавила намерно.
II ГРОБАР:
Да, туку слушај ваму, чичко копачу...
I ГРОБАР:
Дозволи. Еве кај лежи водата – добро. Еве кај стои човекот – добро. Ако човекон појде кон
водава и се удави, се дави – сакал-нејќел – тој самиот, чу? Но ако водава појде кон него и
го удави, тој не се дави самиот – ерго, тој што не е крив за својата смрт, не си го скусува сам
својот живот.
II ГРОБАР:
Така ли е законот?
I ГРОБАР:
Се разбира дека е – по законот за преглед на давениците.
II ГРОБАР:
Сакаш ли да знаеш што е вистина? Ако оваа не беше благородничка, немаше ни да ја
погребат по христијански.

132
Хамлет

I ГРОБАР:
Е, тоа ти вреди – и толку пожално е што големците на овој свет имаат поголемо право да се
дават или бесат од нивните христијански побратими... Ајде, лопато! Нема постари
благородници од градинари, копачи и гробари – тие го држат Адамовиот занает. (Слегува
во ископаниот гроб.)
II ГРОБАР:
Зар Адам бил благородник?
I ГРОБАР:
Па тој ти бил првиот што држел орудие в рака.
II ГРОБАР:
Е, баш не држел.
I ГРОБАР:
Што? Да не си ти, бре паганец? Како го разбираш ти Светото Писмо, а? Светото Писмо вели
дека тој копал. А зар можел да копа без раце и орудие? Ќе ти поставам уште едно прашање.
Но ако не ми одговориш како што треба, признај си...
II ГРОБАР:
Ајде, де.
I ГРОБАР:
Кој гради појако од ѕидарот, бродоградителот и дрводелецот?
II ГРОБАР:
Тој што прави бесилка, зашто неговата градба надживува илјадници жители.
I ГРОБАР:
Жими вера, ми се допаѓа досеткава, бесилката ти чини баш добро – ама како? Им чини
добро на оние што чинат лошо. Но ти чиниш лошо кога велиш дека бесилката е појака
градба од црквата – ерго, бесилката и тебе може да ти чини добро. Ајде, пробај уште еднаш.
II ГРОБАР:
Кој градел појако од ѕидарот, бродоградителот и дрводелецот?
I ГРОБАР:
Да, кажи ми го тоа, па олабај се.
II ГРОБАР:
Ќе кажам, жими Дева Марија.
I ГРОБАР:
Кажи, де.

133
Хамлет

II ГРОБАР:
Не можам, жими молитвата.
I ГРОБАР:
Не тепај си го мозокот, зашто тромото магаре нема да ти тргне побргу со тепање. А другпат,
кога ќе те запрашаат со ова прашање, речи – „гробарот“. Куќите што ги прави тој трајат до
Судниот Ден. А сега појди кај крчмарот Јохан и донеси ми пагурче ракија.
(Вториот гробар излегува.)
Се гледа како Хамлет, облечен во морнарско одело, и Хорацио влегуваат во гробиштата.
Првиот гробар копа и пее:
Во младоста јас кога љубев, љубев
Ми беше о, многу слатко,
Со либето јас мое време не губев –
Ми беше о, толку кратко.
ХАМЛЕТ:
Зар сватон нема никаков осет за својата работа штом пее копајќи гроб?
ХОРАЦИО:
Навиката го направила да биде рамнодушен.
ХАМЛЕТ:
Така е, раката што не е толку зафатена е почувствителна.
I ГРОБАР: (Пее.)
Но староста со чекор скришен
Во канџи ме фати
И како никогаш да не сум бил
Под земја ме прати.
(Исфрла еден череп.)
ХАМЛЕТ:
Оној череп имал некогаш јазик и можел да пее! А ене како чапкунот го тресна од земја, како
да е магарешката вилица на Каин, со која овој го извршил првото убиство. Она може била
тиквата на некој политичар, кој сега е насамарен од ова магаре, овој би можел да го измами
и Господа, зар не?
ХОРАЦИО:
Можеби, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Или на некој дворјан, кој би кажал: „Добро утро, господару драг! Како сте, добар

134
Хамлет

господару?“ Она е можеби некојси господин, кој му го фалел коњот на некојси друг
господин, со намера да му го испроси, зар не?
ХОРАЦИО:
Можеби, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Така е, а сега лејкава развиличена ѝ припаѓа на госпоѓа Црвјосаница, испотепана по муцка
од лопатата на еден гробар; баш красен пресврт, ако сме умешни да го видиме. Зарем
коскиве не заслужувале повеќе грижа, одошто со нив некој да игра петкамен? И, мојве
коски ме штрекаат кога ќе помислам на тоа.
I ГРОБАР: (Пее.)
Лопата, мотика, казма
И покривач од платно,
Могила од глина мазна –
За гостов место златно.
(Исфрла друг череп.)
ХАМЛЕТ:
Еве уште еден. А зар ова не може да биде череп од некој адвокат? Каде му се сега неговите
расчленувања и расчинувања, неговите спорови, параграфи и шмеќерлаци. Што го трпи тој
параспуров да го удира по црпката со онаа кална лопата без да подигне тужба против ова
тормозење? (Го позема черепот.) А-ха! Човеков можеби во свое време бил голем закупник
на земја, со наемни тапии, обврзници, глоби, двојни гаранции и покритија. Зар ова се
глобовите од неговите глоби и конечното откритие на неговите покритија – разглобенава
глава да му е зглобена со кал? Зарем неговите гаранти, па дури и оние двојни, нема да му
гарантираат за покупките со нешто повеќе одошто со споевите на овој чифт идентични
договори? И самите документи за пренос на неговите земји одвај дали би се сместиле во
оваа кутија. (Го тупка черепот.) Па зар ни сопственикот да нема повеќе земја од оваа, а?
ХОРАЦИО:
Ни грутка повеќе, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Нели пергаментот се прави од овчи кожи?
ХОРАЦИО:
Да, мој принцу, и од телешки.
ХАМЛЕТ:
Па тогаш само овци и телиња се тие што бараат на него пренос на земјиште. – Туку да
позборувам со сватов. (Се приближуваат.) Чиј е тој гроб, пријателе?

135
Хамлет

I ГРОБАР:
Мој, господине...
(Пее.) Могила од глина мазна –
За мене место златно.
ХАМЛЕТ:
Па сметам дека е твој, штом ти си во него.
I ГРОБАР:
А вие сте вон него, господине, и затоа не е ваш. Јас, пак, не лежам во него, но сепак е мој.
ХАМЛЕТ:
Не лежиш ама лажеш, штом велиш дека е твој. Тој е за мртвите, а не за живите – и затоа
лажеш.
I ГРОБАР:
Тоа ви е жива лага, господине, што ќе побегне од мене кон вас.
ХАМЛЕТ:
За кој човек го копаш?
I ГРОБАР:
За никој човек, господине.
ХАМЛЕТ:
За која жена, тогаш?
I ГРОБАР:
Ни за една.
ХАМЛЕТ:
Па кој ќе биде погребан во него?
I ГРОБАР:
Некој што беше жена, господине, ама – нека почива во мир, таа е мртва.
ХАМЛЕТ:
Колку веродостоен е паспалов! Мора да му зборуваме апсолутно точно за да не нè уништи
со двосмислености. Добога, Хорацио, за последниве три години сум забележал дека светов
станал толку наострено осетлив што стопалото на селанецот му гази на мозолот од дворјан.
– Од кога си ти гробар?
I ГРОБАР:
Од сите денови во годината јас ова станав баш на денот кога нашиот покоен крал Хамлет го
победи Фортинбраса.

136
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Колку време има од тогаш?
I ГРОБАР:
Зар не знаете? Секој шутрак го знае тоа. Тоа беше токму на денот кога се роди младиот
Хамлет, оној што полуде, па што го пратија во Англија.
ХАМЛЕТ:
Да, навистина, а зошто го испратија во Англија?
I ГРОБАР:
Зошто? Па зашто беше луд. Таму токму ќе си го стокми умот, а ако не, тоа таму и не е толку
важно.
ХАМЛЕТ:
Зошто?
I ГРОБАР:
Па таму тоа нема да му се забележи, зашто таму сите се луди како него.
ХАМЛЕТ:
А како полудел?
I ГРОБАР:
Мошне чудно, велат.
ХАМЛЕТ:
Како тоа – чудно?
I ГРОБАР:
Па така, се мрднал од умот.
ХАМЛЕТ:
Но врз основа на што?
I ГРОБАР:
Па врз основа на данскава земја, што ја копам – како човек и момче – еве веќе триесет
години.
ХАМЛЕТ:
Колку му треба на човека да лежи в земја пред да изгние?
I ГРОБАР:
Жими вера, ако не бил згниен уште за животта, прибидејќи денес има многу трупови
исприштени што одвај ќе издржат до закоп, тој ќе потрае едно осум години, или девет.
Кожарот ќе ви потрае девет години.

137
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Зошто тој повеќе од друг?
I ГРОБАР:
Зашто кожата му е толку иштавена од занаетот господине, што тоа ќе го чува подолго од
водата. А водата ви е опасен растворувач на секој неранимајко од мртовец. Еве ви еден
череп – черепов има лежано в земја едно дваесет и три години.
ХАМЛЕТ:
Чиј беше тој?
I ГРОБАР:
На еден неранимајко од шутрак! Ми истури еднаш цел кондир рајнско вино врз главата.
Овој ист череп, господине, беше, господине, черепот На Јорик, кралевиот шут, господине.
ХАМЛЕТ:
Овој?
I ГРОБАР:
Баш тој.
ХАМЛЕТ:
Дај да видам. (Го зема черепот.) Кутри Јорику. Го познавав јас него, Хорацио – шегобиец
со бескрајна шеговитост и восхитувачки измислици. Ме носеше кркач илјада пати, а еве
колку грозно сега изгледа! Грлово ме стега од тоа... Овде виселе оние усни што сум ги
целивал не знам колку пати. Кај ти се сега подбивите? И припкањата, песните, секавичните
шеги од кои сета софра избувнуваше во смеа? Зар никој нема да ти се потсмее на
сопственото клештење? Сосема развиличен! Појди ми ти сега кај госпоѓана в одаја и кажи
ѝ – нека се нацрви дебело колку еден прст, пак мора да дојде до оваа лична личотија. Ај
натерај ја да се насмее на ова. Те молам, Хорацио, кажи ми една работа.
ХОРАЦИО:
Што тоа, мој принцу?
ХАМЛЕТ:
Мислиш ли дека и Александар изгледал вака в земја?
ХОРАЦИО:
Точно така.
ХАМЛЕТ:
И баздел олку? Пфу! (Го спушта черепот.)
ХОРАЦИО:
Точно така, принцу.

138
Хамлет

ХАМЛЕТ:
На какви ниски примени може ќе се вратиме, Хорацио. А зошто во вообразбата да не ја
следиме благородната прав на Александар и потака, додека не ја најдеме како затнува ко
чеп некоја дупка?
ХОРАЦИО:
Би се сметало дека е претерано досетливо да се смета така.
ХАМЛЕТ:
Не, добога, ни најмалку, ако го следиш дотаму, водејќи се со достатна скромност и
веројатност; на пример, вака – Александар е мртов, Александар е погребан, Александар се
враќа во прав, правта е земја, од земјата правиме кал и зошто со таа кал, во која се
претворил тој, да не можеш да затнеш буре со пиво?
Цар Цезар е мртов, претворен во кал,
Да затне дупка, чеп за ветрот сал.
Со земјата, во страв што цел свет чува,
Закрпи го ѕидот ветрот да не дува!
Но тивко, настрана – еве ти го кралот,
Кралицата, дворјаните...
(Во гробиштата влегува поворка за погреб. Во отворениот ковчег е трупот на
ОФЕЛИЈА, а по него одат ЛАЕРТ, КРАЛОТ, КРАЛИЦАТА, дворјани и еден свештеник во
мантија и одежда.)
По кого одат
Со толку штура придружба! Тој труп
Сам, значи, си го одзел животот
Со рака очајна. А бил од углед.
Да се засолниме и чуеме.
(Седнуваат зад еден тис.)
ЛАЕРТ:
Зар нема обред друг?
ХАМЛЕТ:
Тоа е Лаерт,
Благородно момче – чуј.
ЛАЕРТ:
Зар ништо друго?
СВЕШТЕНИКОТ:
Погребот ѝ беше толку свечен
Колку што ни се одобри. Сомнителна
Ѝ беше смртта, и, по виша сила

139
Хамлет

Да не беше сменет канонот, таа


Во земја непосветена требаше
Да лежи до последната дур труба,
А место молитви милосрдни
Би фрлале врз неа тули, кремени
И чакал. Но тука венци девствени
Ѝ се дозволени, за мома цвеќе
И починка со спровод и камбани.
ЛАЕРТ:
Зар ништо повеќе?
СВЕШТЕНИКОТ:
Ништо повеќе.
Ќе хулиме на службата за мртвите.
Да поеме и тажиме врз неа ко
Врз мирно починатите.
ЛАЕРТ:
Спуштете ја
Во земја, па од личното ѝ тело
Непорочно темјанушки да никнат!
(Ковчегот го положуваат во гробот.)
Ти велам тебе, попе себичен,
Сестра ми ќе биде ангел милозлив,
А ти ќе виеш в пекол.
ХАМЛЕТ:
Што? Офелија!
КРАЛИЦАТА:
(Сипајќи цвеќиња.)
Цвеќе убаво за цветот. Збогум!
Се надевав ти жена ќе му бидеш
На мојот Хамлет; си мислев со цвеќево
Брачна постела, о мила девојко,
А не твој гроб да китам.
ЛАЕРТ:
О троен јад
Да падне трикатно десетпати
Врз таа глава проклета, чиј злостор
Ти го зеде сетилото најсетивно!
Не фрлајте земја сеуште, дур не
140
Хамлет

Ја прегрнам за последен бар пат:


(Скока во гробот.)
А сега трупајте и прст и плева
Врз живиов и мртвата за врв
Да стане дново, повисок од стариот
Пелион, од глава небесна
На синиот Олимп.
ХАМЛЕТ:
(Пристапува.)
Кој е тој со бол
Што толку се истакнува? Кој жален збор
Им бае на ѕвездите-скитници, па
Ги запира да чујат вчудоранети?
Јас сум Хамлет, Данецот.
(Скока по Лаерта.)
ЛАЕРТ:
Ѓавол црн.
Да ти ја земе душата.
(Се бори со Хамлета.)
ХАМЛЕТ:
Се молиш лошо.
Те молам, тргни си ги прстите
Од грлово – иако не сум избувлив
И пргав, имам нешто опасно
Јас сепак од што би било мудро
Да се плашиш. Тргни си ги рацете.
КРАЛОТ:
Разделете ги!
КРАЛИЦАТА:
Хамлете, Хамлете!
СИТЕ:
Господа!
ХОРАЦИО:
Смирете се, мој добар принцу!
(Придружниците ги разделуваат и тие излегуваат од гробот.)

141
Хамлет

ХАМЛЕТ:
За ова би се борел со него
Дур клепкиве ми трепкаат.
КРАЛИЦАТА:
За што, мој сине?
ХАМЛЕТ:
Јас Офелија ја љубев – четириесет
Илјади браќа со сета своја љубов
Не ќе ја достигнат мојата! – Што би сторил
Ти за неа?
КРАЛОТ:
Лаерте, па тој е луд.
КРАЛИЦАТА:
За љубов божја, оставете го.
ХАМЛЕТ:
Жити Исуса, покажи што би сторил.
Би плачел? Би се тепал? Гладувал?
Зар би се раскинал? Би пиел оцет?
Би изел крокодил? Јас тоа би го сторил.
Зар овде дојде да ми цимолкаш?
За инает зар да ѝ скокаш в гроб?
Те закопат ли жив со неа – јас исто!
И ако ломотиш за врвови, нека
Врз нас фрлат милиони дулуми
Дур Земјава не си го засмади
И темето од тропскана сфера,
Правејќи од врвот Оса мозолче!
Со перчење и јас знам да се топорам
Ко тебе.
КРАЛИЦАТА:
Право лудило е ова,
И вака сал за миг го држи нападот,
А потем питом ко гулабица,
Што златни пилиња си извела,
Ќе седи тих и папсан.
ХАМЛЕТ:
Чујте, господине –

142
Хамлет

Што вака со мене се однесувате?


Сум ве сакал секогаш – но не е важно,
И Херкул сам да прави сè што знае,
Ќе мјаука мачката, а песот ќе лае.
(Си оди.)
КРАЛОТ:
Те молам, Хорацио, причувај го...
(Хорацио излегува.)
(На Лаерт.)
Закрепни ја стрпливоста за она
Што сношти го зборувавме, па веднаш
Ќе го ставиме на шилецот од проба...
Гертрудо добра, бдеј малку на сина си.
Жив паметник ќе има овој гроб.
Ќе видиме наскоро и мирен час,
А дотогаш се чека стрпливост од нас.
(Излегуваат.)

СЛИКА ВТОРА
Салата во замокот, со тронови, клупи, маси, и тн.
Влегуваат ХАМЛЕТ и ХОРАЦИО, разговарајќи.
ХАМЛЕТ:
За тоа толку, ќе чуеш сега друго –
Ги помниш ли ти сите случаи?
ХОРАЦИО:
Како не помнам, принцу!
ХАМЛЕТ:
Имав јас
Во срцево некоја борба, што не
Ми даваше да спијам – чинам, лежев
Полошо од бунтовници во окови.
Но брзо, ај, да си признаеме –
И слави ја брзината за тоа –
Непромисленоста добро некогаш
Нè служи, кога ќе ни пропаднат
Длабоките замисли, а тоа
Нè учи дека божја промисла

143
Хамлет

Ни ги обликува намерите,
Па макар колку да ги делкаме...
ХОРАЦИО:
Тоа е
Неоспорно.
ХАМЛЕТ:
Скокнав од кабината,
Го нагрнав морскиот плашт и тргнав
Во мрак пипајќи да ги пронајдам:
Ги најдов, им го дрпнав врзопот
И назад во собата се вратив.
Па толку дрско, што од страв заборавив
На учтивост, им ја отпечатив
Пораката и таму, Хорацио, –
Ах, кралска подлост! – најдов точен налог,
Зачинет со многу разни причини
За доброто на Данска и на Англија,
Правејќи ме, е-хеј! – таква баучка
И вампир, што уште при читањето,
Без миг одлагање, не, без дури
Да се наточи секирата, главата
Да ми ја скинат.
ХОРАЦИО:
Зар е возможно?
ХАМЛЕТ:
Еве ти го, па читај штом ќе можеш.
Но сакаш ли да чуеш што сторив
Јас потем?
ХОРАЦИО:
Ве молам.
ХАМЛЕТ:
Штом опкружен
Со таква мрежа од поганости,
Пред да му дадам здив на мозоков,
Тој веќе играта ја почна. Седнав,
Па смислив нова порака и убаво
Ја напишав – еднаш сметав, ко нашите
Државници, дека краснописот
144
Хамлет

Е нешто ниско и се трудев усрдно


Да го заборавам, но сега баш
Ми послужи. Сакаш ли да дознаеш
Што напишав?
ХОРАЦИО:
Се разбира, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Сериозна од кралот молба: „штом кралот
На Англија ни беше верен вазал,
За љубовта да цути меѓу нас
Ко палма, за мирот да го носи
Од жито венецот свој уште, за тој
Да не биде сал запирка во дружбата“ –
И зарад цела таква низа од: „за да...“
Задавени од тежок товар – дека
Без многу премислувања, а веднаш
Да ги погуби тој писмоносците
Без миг за исповед.
ХОРАЦИО:
А камо печат?
ХАМЛЕТ:
Па и тука небото ме водеше –
Во ќесето ми беше жигот баш
На татко ми, што беше оригинал
Од данскиот печат. Го свиткав писмото,
Ко првото што беше, го потпишав,
Му удрив мур и безбедно го вратив
Да не се знае за размената.
На следниот ден ни беше бојот,
А потем знаеш веќе што дојде.
ХОРАЦИО:
Значи смрт за Розенкранц и Гилденстерн.
ХАМЛЕТ:
Па тие, човеку, и љубов водеа
Со овој потфат – за нив совеста
Не ме пече, ним гибел им донесе
Сопственото натрапништво. Опасно е
Штом ниските по дух се меткаат
145
Хамлет

Пред остри мечови и бодежи


Од моќни душмани во двобој лут.
ХОРАЦИО:
Па што за крал е овој!
ХАМЛЕТ:
Зар мислиш
Не е моја должност – тој што татко ми
Го уби, со мајка ми се прокурва,
Што ми се пикна меѓу мојот трон
И надежта и јадица ми фрли
За да ме фати жив на таква мамка –
Зар не е сосем совесно да му вратам
Со оваа рака? Зар проклет не би бил
Тој рак ако го пуштам да расте зла
Потамошни врз нас?
ХОРАЦИО:
Тој мора наскоро
Да дознае од Англија за исходот
Од сева работа.
ХАМЛЕТ:
Ќе биде скоро,
Но дотогаш времето е мое –
Човечкиот живот трае колку сал
Да кажеш: Еден! – Мошне ми е жал,
Хорацио, што се заборавив
Со Лаерта; во ликот на мојата цел
Ја гледам сликата и на неговата.
Ќе барам да ми прости – но, фалејќи се
Во жалта, тој навистина ужасно
Ме разбесни.
ХОРАЦИО:
Тивко, кој доаѓа?
Во салата влегува Озрик, ситен и вообразен дворјан, облечен со раскрилено палто и
шапка од последна мода.
ОЗРИК:
(Ја симнува шапката и ниско се поклонува.) Вашето господство е сосем добредојдено
назад во Данска.

146
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Покорно ви благодарам, господине... (На страна.) Го познаваш ли овој комарец?
ХОРАЦИО:
Не, мој добар принцу.
ХАМЛЕТ:
Толку подобро, зашто порочно е да го познаваш. Тој има многу земја и тоа плодна. А штом
добичево е стопан на многу добиток, оборот ќе му стои до кралската трпеза. Тоа ти е една
чавка, но – ти велам – има цело пространство од кал.
ОЗРИК:
Мил принцу, ако вашето господство е расположено, би ви пренел една порака од неговото
величество.
ХАМЛЕТ:
Ќе ви ја примам, господине со сета прилежност на духот. (Озрик и потака се клања и
мавта ваму-таму со шапката.) Ставете си ја паларијата на право место, таа е за главата.
ОЗРИК:
Благодарам, ваше господство, но мошне е топло.
ХАМЛЕТ:
Не, верувајте ми, мошне е студено, дува северец.
ОЗРИК:
Нешто залади, господару, навистина.
ХАМЛЕТ:
Но сепак, чинам дека е мошне запурничаво и жешко за моја нарав.
ОЗРИК:
Прекумерно, господару, мошне е запурничаво – како, како да е – не знам како што. Но,
господару, неговото величество ми повела да ви јавам дека тој положил голем облог врз
ваша глава. Господине, работата е во ова...
ХАМЛЕТ:
(Пак го тера да си ја стави шапката.) Ве молам, не заборавајте...
ОЗРИК:
Не, добар господару, вака ми е поудобно, верувајте. Господине, еве од неодамна на дворот
дојде Лаерт – совршен господин, верувајте, полн најодлични особини, со многу тивка
друштвеност и истакната надворешност. Навистина, ако зборувам како трговец, тој е мапа
и регистар на отменоста, зашто во него – како во цел континент – ќе ги најдете сите странски
земји што секој господин би сакал да ги види.

147
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Господине, неговиот опис не претрпел загуба од вас, макар што знам дека ако го разделам
по список, тоа би го побркало сметководството на сечие помнење. Секој трговец би се
ошумоглавил од таква брза продажба – како од лудо едрење, но ако го фалам вистински,
тој е душа од голема вредност – по суштина толку скап и редок што, правејќи верен
инвентар за него, тој може да се одрази само во сопственото огледало, зашто кој друг би го
изобразил освен неговата сенка – и ништо друго.
ОЗРИК:
Вашето господство зборува за него совршено непогрешливо.
ХАМЛЕТ:
Но зошто сево ова, господине? Зошто го виткаме господинов со уште погруби зборови?
ОЗРИК:
Господару?
ХОРАЦИО:
Зар не може да се разбереме на некој друг јазик? И вие би можеле, господине, секако.
ХАМЛЕТ:
Што ви значи споменувањето на овој господин?
ОЗРИК:
На Лаерта?
ХОРАЦИО:
Ќесето веќе му се испразни, си ги поарчи сите златни зборови.
ХАМЛЕТ:
Да, на него, господине.
ОЗРИК:
Знам дека не сте неупатен...
ХАМЛЕТ:
Би сакал тоа да го знаете, господине, но и да го знаете, тоа не би било добра препорака за
мене. Значи, господине?
ОЗРИК:
Вие не сте неупатен во совршеноста со која располага Лаерт...
ХАМЛЕТ:
Јас и би му го признал тоа за да не мора да се споредувам со него во совршеноста, но да се
познава еден човек значи да се познаваш самиот себеси.

148
Хамлет

ОЗРИК:
Јас мислам, господине, на неговата совршеност во оружјето, а според гласот што се шири
меѓу неговата свита, нему никој не му бил рамен.
ХАМЛЕТ:
Во кое оружје?
ОЗРИК:
Шпага и бодеж.
ХАМЛЕТ:
Тоа му се две оружја – но, добро.
ОЗРИК:
Кралот, господару, се обложи со него во шест берберски коњи, а овој пак, заложи – како
што дознав – шест француски шпаги и ками со своите принадлежности, како: колан, каиши
за приврзување и слично. Три од овие приврзоци навистина му се ретки по изглед, се
слагаат добро со дршките, најфино изработени и многу убаво обликувани.
ХАМЛЕТ:
Што разбирате вие под приврзоци?
ХОРАЦИО:
Знаев дека мора да му го забележите тоа маргинално, дури и пред да го сторите.
ОЗРИК:
Приврзоци, господине, се каишите за врзување.
ХАМЛЕТ:
Тој поим би бил погоден за предметот, да можевме да си врземе и по еден топ отстрана –
а дотогаш би претпочитал да бидат каиши. Така значи – шест берберски коњи спроти шест
француски мечови со принадлежностите, и три убаво обликувани каиши – баш француски
облог спроти дански. Но зошто сето тоа да е „заложено“, како што велите вие?
ОЗРИК:
Кралот, господине, условува дека ни во една дузина борби меѓу вас и него тој нема да ви
зададе три удари повеќе од вас. Лаерт условува на дванаесет борби место обичните девет.
И веднаш би можело да дојде до проба, ако вашето господство прифати да му одговори.
ХАМЛЕТ:
А што ако одговорам – „не?“
ОЗРИК:
Јас мислев, принцу, на вашиот одговор преку борба.

149
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Господине, ако тоа му се допаѓа на неговото величество, јас ќе се шетам овде во салава. Во
ова доба од денот јас се движам и дишам длабоко. Нека го донесат оружјето, па ако
господинот сака борба и ако останува при својата намера, јас ќе му го заработам облогот
ако можам, а ако не – не ќе добијам ништо освен сопствениот срам и згора неколку удари.
ОЗРИК:
Да го известам ли така?
ХАМЛЕТ:
Во таа смисла, господине, и со сите фрази што ѝ се допаѓаат на вашата природа.
ОЗРИК:
(Се поклонува.) Ви ја препорачувам својата покорност на вашето господство.
ХАМЛЕТ:
Како што сакате. (Озрик се поклонува, ја клава шапката и отцупнува.) Добро чини што се
препорачува, инаку не би нашол друг што би го сторил тоа за него.
ХОРАЦИО:
Птичево уште неиспилено отрча со лушпа на главата.
ХАМЛЕТ:
Тој се однесувал по протокол и кон мајчина му брадавица пред да зацица. Како многу други
од истото јато, во кои, знам, е вљубено ништотново време, така и тој – ја фатил мелодијата
на денот, еден манир во обноските, нешто како пенеста каша што ги носи и пренесува низ
сито и решето, преку најдлабоките и веќе просеаните уменија, но дувни ги за проба и сите
тие ќе прснат како меури.
Влегува еден благородник.
БЛАГОРОДНИКОТ:
Мој принцу, неговото величество пред малу ви се препорачува преку младиот Озрик, кој се
врати со пораката дека вие ќе го чекате во салава. Сега тој ме праќа за да дознае дали уште
со задоволство би се обиделе со Лаерта, или тоа ќе го одложите за подоцна.
ХАМЛЕТ:
Јас останувам на своите намери, а тие се слагаат со кралевата желба. Ако му е згодно, и
мене ми одговара, сега или кога било, под претпоставка да сум спремен како сега.
БЛАГОРОДНИКОТ:
Кралот, кралицата и сите други слегуваат ваму.
ХАМЛЕТ:
Во добар час.

150
Хамлет

БЛАГОРОДНИКОТ:
Кралицата ви пожелува да му кажете нешто пријатно на Лаерта пред да се фатите во борба.
ХАМЛЕТ:
Таа добро ме советува. (Благородникот заминува.)
ХОРАЦИО:
Ќе го загубите, облогот, мој принцу.
ХАМЛЕТ:
Не би рекол. Од неговото заминување за Франција јас постојано вежбам. Ќе победам токму
поради предноста што ми го дава облогот; но не можеш да си претставиш колку ми е сè
тешко овде околу срцево – туку не е важно.
ХОРАЦИО:
Но, добар мој принцу...
ХАМЛЕТ:
Тоа се само глупости, некое лошо претчувство што би вознемирило можеби жена.
ХОРАЦИО:
Ако нешто не ви е по душа, послушајте ја во тоа. Јас ќе ги пресретнам на пат за ваму и ќе им
кажам дека не сте спремен.
ХАМЛЕТ:
Никако, ние ги предизвикуваме претскажувања. Постои посебно провидение во падот на
врабецот. Ако биде сега, не ќе биде после – ако не биде после, ќе биде сега – ако не биде
сега, ќе биде сепак после – најважно од сè е да си спремен. Кога никој, од она што го остава
на земјава, не може да знае што остава во прав момент – нека биде.
Влегуваат слуги да ги наместат клупите со перничиња за гледачите, потем трубачи и
барабанџии со барабани, а по нив Кралот, Кралицата и целиот двор. ОЗРИК, и еден друг
благородник, како судии, ги носат флоретите и камите и ги ставаат на една маса до
ѕидот. Најпосле влегува Лаерт, облечен за мечување.
КРАЛОТ:
Ела, Хамлете, и земи ја ракава.
(Ја става раката на Лаерт во раката на Хамлет, а потем ја води Кралицата до
троновите.)
ХАМЛЕТ:
Простете ми, господине. Ве навредив,
Но простете, бидејќи сте благороден.
Присутниве знаат, и вие сигурно
Сте чуле, колку казнет сум со болно

151
Хамлет

Растројство. Она што го сторив,


Што грубо вас ве разбуди на должност, чест
И гнев, го прогласувам за лудост.
Зар Хамлет Лаерта го навредил? – Хамлет не.
Штом Хамлет од себеси е разделен
И не е тој што Лаерта го навредил,
Не го сторил тоа Хамлет – не Хамлет.
Кој го сторил тогаш? Лудилото.
Штом така, Хамлет е навредениот.
Лудилото е врагот клет на Хамлет.
Господине, пред сиов собир јас
Го одбивам намерното зло – нека
Вашите мисли великодушно
Ме разрешат што, стрелајќи над куќа,
Сум повредил свој брат.
ЛАЕРТ:
Задоволен сум
Во должноста на син, чиј мотив најмногу
Во случајот би требал да ме натера
На одмазда, но по однос на честа
Јас стојам цврст и нејќам помирување
Дур некои постари, познати по честа,
Не ми дадат право и согласност за мир
За да го спазам името нерането.
Но дотогаш ја примам љубовта од вас
Понудена ко љубов и нејќам
Да ја навредам.
ХАМЛЕТ:
Ве прифаќам искрено
И чесно ќе се борам за братскиот
Ви облог... Ајде, поделете го
Оружјето.
ЛАЕРТ:
Дајте едно и за мене.
ХАМЛЕТЕ:
Јас сум ваше оружје, Лаерте.
Спроти моето незнаење вашата
Вештина ќе блесне како оган
Во најмрачна ноќ.
152
Хамлет

ЛАЕРТ:
Ми се подбивате.
ХАМЛЕТ:
Не, се колнам во ракава.
КРАЛОТ:
Дајте им го оружјето, млад Озрику.
(Озрик донесува четири или пет флорети: Лаерт позема еден и го проба со неколку
замави.)
Посиноку Хамлете, го знаете
Ли облогот?
ХАМЛЕТ:
Мошне добро, кралу.
Сте ми дале предност ко на послаб.
КРАЛОТ:
Не се плашам за тоа, сум ве гледал и
Обајцата. Но штом тој напреднал
Со вежба, се обложивме со предност.
ЛАЕРТ:
Овој ми е претежок – дајте ми друг меч.
(Оди кон масата и ја зема отруената зашилена шпага.)
ХАМЛЕТ:
(Зема еден флорет од Озрик.)
Овој ми се допаѓа. Флоретиве
Се иста должина?
ОЗРИК:
Да, мој принцу.
(Судиите и слугите спремаат место за борбата, Хамлет се приготвува, а други слуги
донесуваат кондири со вино и чаши.)
КРАЛОТ:
Ставете ги пехарите со вино
На таа маса. Ако Хамлет зададе
Прв удар или втор, или прими удари
Баш толку колку што ги задал третпат,
Да грмнат топови од сите бедеми.
Ќе пие кралот за здивот подобар
На Хамлет, фрлајќи в чаша бисер
153
Хамлет

Поскапоцен од оној што го носеле


По ред врз круната четири кралеви
На Данска. – Дајте ми ги чашите.
И нека барабанот кон трубата
Да екне, трубата кон топот вон,
Топовите до небеса, а небото
До земја пак: „За Хамлет пие кралот!“
Ај почнете, а вие, судии
Внимавајте со око втренчено.
(Чашите ги ставаат пред него, трубите трубат, а Хамлет и Лаерт си ги заземаат
местата.)
ХАМЛЕТ:
Да почнеме, господине.
ЛАЕРТ:
Ајде, принцу.
(Се мечуваат.)
ХАМЛЕТ:
Еден!
ЛАЕРТ:
Не.
ХАМЛЕТ:
Судии?
ОЗРИК:
Удар, и тоа удар
Баш опиплив.
(Се разделуваат. Барабанот бие, трубата труби, а однадвор се слуша топовска слава.)
ЛАЕРТ:
Добро, ајде повторно.
КРАЛОТ:
Стој, дајте да се напијам.
(Еден слуга му полни чаша.)
Хамлете,
Бисеров е твој. За твое здравје!
(Крева бесцен камен, испива и тогаш се чини го фрла бисерот во чашата.)
Дајте му ја чашава.

154
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Остајте ја,
Јас првин ќе ја свршам борбава.
(Слугата му ја става на една маса зад него.)
Напред.
(Се мечуваат одново.)
Ушт’ еден удар! Што велите?
ЛАЕРТ:
Да, допрен, допрен сум – си признавам.
(Се разделуваат.)
КРАЛОТ:
Синот ќе ни победи.
КРАЛИЦАТА:
Испотен е,
Му снема здив. Еве ти го, Хамлете,
Шамичево, избриши го челото
(Му го дава, оди до масата и ја зема неговата чаша со вино.)
Кралицата за твоја среќа пие,
Хамлете.
ХАМЛЕТ:
Добра госпоѓо!
КРАЛОТ:
Гертрудо, не пиј.
КРАЛИЦАТА:
Ќе пијам, кралу, пушти ме, те молам.
(Пие и му ја нуди чашата на Хамлет.)
КРАЛОТ:
(За себе.)
Во таа чаша е отровот но, доцна!
ХАМЛЕТ:
Не би смеел, мадам, да пијам сега –
Сал уште малку.
КРАЛИЦАТА:
Дај лице да ти избришам.

155
Хамлет

(Му го брише лицето.)


ЛАЕРТ:
(На Кралот.)
Јас сега ќе го погодам.
КРАЛОТ:
Не верувам.
ЛАЕРТ:
(За себе.)
А сепак, совеста ми е против.
ХАМЛЕТ:
Ај по третпат, Лаерте. Вие сал
Си играте, ве молам удрете
Со сета жестокост. Се плашам да не
Ме сметате за лапе галено.
ЛАЕРТ:
Зар така? Ајде!
(Се мачуваат по третпат.)
ОЗРИК:
Без ничиј удар.
(Се разделуваат.)
ЛАЕРТ:
(Ненадејно.)
Еве ви сега!
(Го начекува Хамлета без гард и го ранува малку. Разбеснет, Хамлет се мечува со него и
во сфатката тие ги разменуваат шпагите.)
КРАЛОТ:
Разделете ги!
Па тие збеснаа!
ХАМЛЕТ:
(Напаѓа.)
Не, дојди пак.
(Кралицата паѓа.)

156
Хамлет

ОЗРИК:
Гледајте ја кралицата, е-хеј!
(Хамлет го ранува Лаерта длабоко.)
ХОРАЦИО:
И двајцата се в крв! Како сте, мој принцу?
(Лаерт паѓа.)
ОЗРИК:
Како ви е, Лаерте?
ЛАЕРТ:
Како пупунец
Во сопствена стапица, Озрику.
Ме уби сопственото предавство.
ХАМЛЕТ:
Што е со кралицата?
КРАЛОТ:
Се онесвести
Штом виде дека крварат.
КРАЛИЦАТА:
Не, не –
Виното, виното – О мил Хамлете –
Виното, виното! Ме отруја!
(Умира.)
ХАМЛЕТ:
Зар злостор! Заклучете ги вратите, еј!
О предавство! Најдете го кој е!
ЛАЕРТ:
Еве ме. Ти, Хамлете, си убиен
И никој лек на светов не ќе те спаси,
Во тебе нема живот ни за полчас,
Оружјето подло ти е в рака,
Зашилено и згора отровно.
Предавството се сврте против мене
И еве ме кај лежам, глеј, никогаш
Да не станам – мајка ти отруена –
Јас појќе не можам – кралот, кралот е крив!

157
Хамлет

ХАМЛЕТ:
Зар отруен и шилецов!
Па тогаш, отрове, на работа.
(Го прободува Кралот.)
СИТЕ:
Предавство, предавство.
КРАЛОТ:
Бранете ме, пријатели, јас само
Сум ранет.
ХАМЛЕТ:
Еве, родоскверен убиец,
Ти проклет крал на Данска. Нâ ти, пиј!
Испиј си ја чашата. Тука ли ти е
(Го тера да пие.)
Тој бисер? Појди сега со него
По мајка ми.
(Кралот умира.)
ЛАЕРТ:
Таква услуга му треба,
Тој самиот го смеша отровот.
Дај да си простиме еден на друг,
Благороден Хамлете. На татко ми,
И смртта моја, врз твоја глава
Не паѓа, ни твојата врз моја!
(Умира.)
ХАМЛЕТ:
Небото нека те разреши! Те следам...
(Паѓа.)
Јас умирам, Хорацио. Збогум,
Ти кутра кралице! Вие што сте бледи
И што треперите пред глеткава,
Ко неми гледачи на овој чин,
Да имав време – пред Смртта, што
Ко свиреп стражар строго нас нè апси –
О би можел да ви кажам... Но нека –
Хорацио, јас умирам, ти живееш,

158
Хамлет

Па кажи им на неупатените
За сè и точно.
ХОРАЦИО:
Не верувајте во тоа;
Јас повеќе сум древен Римјанин
Од колку Данец – уште пијалок
Останало, еве...
(Ја позема чашата.)
ХАМЛЕТ:
Бидејќи човек си,
Дај ми ја чашата, остави ја,
Се колнам во небо, ќе ја земам сам!
(Му ја турка чашата долу и пак паѓа.)
О Боже, Хорацио, колку рането
Ќе живее зад мене моето име,
Штом толку работи не се знаат.
А ти, ме носеше ли в срце некогаш,
Не барај ти уште вечно блаженство
И светов груб со мака диши го
За да раскажеш што се случи...
(Оддалеку се слуша марш на војници и подоцна пукот. Озрик излегува.)
Каква војна врева е тоа?
ОЗРИК:
(Враќајќи се.)
Од Полска доаѓа победнички
Младиот Фортинбрас, на англиските
Пратеници им праќа бојни поздрави
Од плотуни.
ХАМЛЕТ:
О, мртов сум, Хорацио.
Тој моќен отров ликува над мојот дух,
Не ќе ги доживеам јас вестите
Од Англија, но ќе предречам дека
Над Фортинбрас ќе блесне изборот –
И тој го има мојот глас што умира.
Кажи му го тоа, со случките
И големи и мали што доведоа...
Остатокот е молчење.

159
Хамлет

(Умира.)
ХОРАЦИО:
Му пукна срцето благородно.
Лесна ноќ, мој принцу, нека ти пеат
Рој ангели за вечна починка! –
Но зошто доаѓа тој барабан?
Влегуваат принцот Фортинбрас, англиските пратеници и други.
ФОРТИНБРАС:
Кај е таа глетка?
ХОРАЦИО:
Што сакате
Да видите? И јад и чудо – еве, сè.
ФОРТИНБРАС:
Куп трупови што збори за касапница.
О горда смрт, та каков пир се готви
Во вечната ти ќелија што толкав збир
Од принцови ти изби крваво
Со еден замав.
I ПРАТЕНИК:
Глеткава е поразна,
И доцна стигна гласот наш од Англија.
Бесчувствени се ушите што треба
Да нè чујат, за да му кажеме:
Заповедта ви е извршена
Розенкранц и Гилденстерн се мртви.
Но кој да ни благодари?
ХОРАЦИО:
Не овој,
Ни жив тој не би ви благодарил;
Не ја заповеда тој смртта нивна.
Но штом баш дојдовте на овој крвав чин,
Од војната во Полска вие, а вие, пак
Од Англија, наредете телава
Изложени да се за показ вон,
И дајте да му кажам јас на светов
Што не знае за сè како стана.
Ќе чуете и вие за прељуб, убиство,

160
Хамлет

Родоскверност, за несреќи и убиства


Ненамерни, за смртна заповед
Од присила, па накрај и за ова –
За намери што паднаа по грешка
Врз главите од тие што ги смислија.
Сè верно ќе ви прикажам.
ФОРТИНБРАС:
Дајте
Што поскоро да чуеме за сè;
Да викнеме публика најодбрана.
А јас со жал ја примам среќава
Врз ова кралство имам стари права
Што сега среќно случајов ги дава.
ХОРАЦИО:
За тоа исто имам јас да зборам
И токму од устата на тој чиј глас
Ќе повлече и други. Но дајте веднаш
Да свршиме со ова, додека
Духовите се вознемирени –
За да не дојде до уште несреќи
Од заговор и грешки.
ФОРТИНБРАС:
Нека четири
Капетани го носат Хамлета
На показ вон ко војник, зашто тој
Ќе се докажеше, да беше крунисан,
За крал највистински. За поминот му
Нека проговорат свирки војнички
И обред воен:
Кренете ги телата – оваа глетка
Е честа в бој, но овдека е ретка.
Ајде, дајте наредба за салви.
(Војниците ги изнесуваат телата, додека се слуша посмртен марш, а потем и салва од
плотуни.)

КРАЛ

161

You might also like