You are on page 1of 4

Басни“ од Иван Андреевич Крилов

(прераскажано)
„Басни“ од Иван А. Крилов прераскажани. Има 29 басни во ова издание. Некои се многу кратки,
а најдолгата е страница и половина. Тука се раскажани:

1. КОВЧЕЖЕ
- Мајстор сака да отвори ковчеже во куќа во која што работи, но не наоѓа начин да го отвори.
Иако начинот е многу прост и едноставен. Не успева затоа што има лоша мисла.

2. ЖАБАТА И ВОЛОТ
- Жаба сакала со вол да се мери, но нормално дека не можела. Зела воздух, се дуела, и на крај
така и цркнала. Не можеш да се мериш со некој што е далеку поголем/подобар од тебе.

3. ГАВРАН И ЛИСИЦА
- На некој гавран бог му пратил сирење и се начил високо спремен да го изеде, држејќи го во
клунот. Дошла лисицата и му се умилкувала многу, и му рекла да запее, сигурно имал убав
глас. Зашеметен од пофалби, запеал, и му паднало сирењето што му било во клунот. Лисицата
го земала и избегала.

4. ВОЛКОТ И ЈАГНЕТО
- Јагне сакало да се напие вода од еден поток. Го здогледал волк и го меркал. Му рекол како
смее водата „негова“ да ја мати како минатата година. Јагнето се вадело дека минатат година
не било тоа, но волкот немал време и бил гладен, и го изел.

5. МАЈМУН И ОЧИЛА
- Земал мајмун очила. Не гледал, а слушнал дека луѓето ги користат за тоа. Тој очилата ги
ставал на опаш, ги мирисал, ги лижел. Не му помогнале и изнервиран ги скршил од камен. Не
ја знае цената на тоа, а може да му го реши проблемот. 

6. КУЧЕШКА ДРУЖБА
- Две кучиња што живеат и јадат во ист двор (Полкан и Барбос кои се инаку споредени со
Орест и Пилад- легендарни јунаци од Стара Грција што се прославиле по своето пријателство).
Секој ден се тепале, и сега решиле да престанат- да бидат како браќа. Но кога човекот што ги
чува им дава една коска, они се тепаат за неа, наместо да ја делат. Оваа басна претставува
слика на денешното пријателство.

7. ЛЕБЕД, ШТУКА И РАК


- Лебед, штука и рак влечат кола со товар. Но сите влечат на различна страна и колата не се
мрда, бидејќи нема слога.

8. МИНУВАЧИ И ПЦИ
- Двајца пријатели на улица воделе муабет, умен, тивок и лесен. Но кучиња, едно по друго се
насобрале и лаеле по пријателите. Едниот пријател сакал да ги мавне со камен, но другиот го
спречил и му рекол да си одат, и така направила. Кучињата почнале потивко да лаат како што
пријателите се одалечувале, и на крај целосно престанале.
„Завидливец кога нешто ќе види
Во лаење веднаш се дава, ќе зајде.
А ти по својот пат иди, -
Тој малку ќе лае, па потоа мир ќе најде.“

9. ШТУКАТА И МАЧОРОТ
- Штуката дошла до идеја со мачор глувци да лови, од завист. Отишле на лов, мачорот си
фатил плен за вечера, а штуката- глувци опашката и ја изгризале.
„Лошо е кога ќе почне слатки да прави чевлар,
А чизми да крпи колар.“

10. ПЕТЕЛОТ И ЗРНОТО БИСЕРНО


- Петел на буниште исчепкал бисерно зрно. Не се израдувал, повеќе сакал јачменово да биде.
„Будалите секогаш така судат
Не сфаќаат - презираат и кудат.“

11. ВОЛКОТ И ОВЧАРИТЕ


- Волк кружел околу трло со овци, и ги видел овчарите од стадото како го јадат најдобриот
овен. И рекол каква врева ќе направеле, ако волкот го изел овнот.

12. ЗАЈАКОТ ВО ЛОВ


- Ѕверови уловиле мечка, и секој по заслуга си јадел дел. Зајкото дошол и сакал да го земе
увото од мечката. Го виделе и го прашале што направи па тој во ловот. И тој одговорил дека во
шумата и задевал страв, и затоа таа дошла на чистинка и ја фатиле. Зајакот потоа го добил
увото.
„Фалбаџиите, иако за потсмев служат
Во делбата често и дел им се пружа.“

13. МАГАРЕТО И СЛАВЕЈОТ


- Магарето му рекло на славејот да запее, да се увери дали навистина пее така добро како што
сите велат. Славејот запеал многу добро и ги воодушевил сите, тие застанале и го слушале.
Магарето му рекло да си оди кај петелот да се учи.
„Од вакви судови спаси не, Боже.“

14. ВОЛКОТ И ЛИСИЦАТА


- Лисица се најала со кокошки и понела цела вреќа со месо, и легнала на сено. Дошол гладен
волк и и се жалел дека е гладна година, дека ништо немало. Лисицата сакала да го почести со
сено, но тој не сакал. Сакал месо кое лисицата не го ни спомнала.
„Човек радо подарува, без каење
Кога нешто непотребно има.“

15. МАЈМУН
- Селанец, работел на својата ораница. Пот како дожд му течел, и цело време пофалби
добивал. Го гледал еден мајмун, и сакал и тој да добие пофалба, изведувал нешто со пенушка,
но не добил пофалба. Трудот не му бил од полза.

16. ЉУБОПИТНИК
- Пријатели разговараат. Едниот го прашува другиот каде бил, и другиот му одговара дека бил
во музеј. Дека таму поминал цели три часа, и видел се и сешто, секакви ѕверки, птици,
бубачки... И пријателот од завист го прашал дали видел слон. И овој збунет одговара дека не
ни видел, а не му ни текнало на слон.

17. МАЈМУН И ОГЛЕДАЛО


- Мајмун се погледнал во огледало, и мечокот го прашал каква е таа муцка. Мајмунот ја кривел
устата, се правел важен, се кркорел. Сакал да биде како тие пет-шест други лични мајмуни.
Мечокот го прашал нели е подобро својот лик да го погледне, да не пробува да биде како
другите.
„Одговор мечок му даде, умен
Но неговиот совет во вода падна, куме.“

18. СЕЛАНЕЦ И ЗМИЈА


- Змија дошла до селанец, умилкувајќи се и убедувајќи го дека се променила, нова кожа
променила. Но змијата не врати доверба. Селанецот ја земал секирата и ја столчил.
„Кога ќе дозволиш вербата да се изгуби во тебе,
да се криеш под било која маска, шамија
нема да се спасиш себе, -
да ти се случи може, она што и на таа змија.“

19. ДВЕ БОЧВИ


- Оделе две бочви по пат, првата преполна, втората празна до дно. Првата без глас чекорела,
втората врискала на цел глас.
„Кој пред сите свои дела фали
Со сили е мали;
Кој добро работи - вложува многу мака.
Молчи и не грака.“

20. ЛИСИЦАТА И ГРОЗЈЕТО


- Гладна Кума Лија во градина нашла преубаво презрело грозје. Но не можела никако да го
дофати, и така останала цел еден час, па луто си отишла.

21. ВРЕДНИОТ МЕЧОК


- Мечокот видел селанец, како без мака и со трпение прави олуци, па посакал и тој да прави.
Отишол во шумата и направил огромна штета и врева, и пак не успеал да направи олук.
Отишол кај селанецот да праша која е прочина, зошто тој не може да направи, и тој му рекол: 
„Во тоа е, ти немаш, според мое мнение:
А тоа е: трпение.“

22. ПЕС И КОЊ


- Кај еден селанец, служеле пес и коњ. Песот му рекол на коњот дека да не бил он, него би го
истерале од дамна. Дека он дење и ноќе работи, на ливада цело стадо пази, и ноќе го чувал
домот. На тоа коњот одговорил дека тоа е вистина, но ако тој не орал и не ги хранел, песот би
немал кого да чува.

23. МАЧОРОТ И ОПТИНИОТ ГЛУШЕЦ


- Еден стар мачор многу бил гладен и мрзлив, не можел да трча по домашните глувци.
Врапците на високите гранки не можел да ги фати, па смислил начин како да се нагости. Ја
брцнал предната шепа во водата за да му се натопи, и потоа ја брцнал во вреќата со пченица и
со зрната се намачкал по крзното. Шепата така изналепена личеше на еден голем клас од
зрело жито, и отишол во поле да привлекува птици. Легнал во нивата и ја исрпужил шепата
нагоре, заличела на зрел клас. Повеќе птици се симнале до „класот“ и тој ги изел. Но еден стар
врабец го открил и им кажал на сите да одат на друго поле, дека тоа е мачор кој ги чека. Така
мачорот се вратил гладен дома и пробал да ги фаќа домашните глувци.

24. МАЈМУНИ
- Виделе едни мајмуни качени на гранка во Африка, еден ловец, како се обидува да лови во
нивната шума, па се договориле зошто тие да не се обидат да го фатат ловецот. Но кога тие
слегле доле, многу мрежи биле распнати, па они се нашле фатени.
25. ВОЛК ВО КУЧКАРНИК
- Еден волк наумил да се најде во трло, но по грешка влегол во кучкарник. Таму сите пци се
налутиле, го затвориле, и спремале пушки и стапови. Кога сфатил кај се наоѓа, пробал да се
извлече велејќи дека е дојден да се смири, и да даде волчји збор дека стадо нема да чепне,
туку ќе го штити. Но тие не му поверувале и волкот глутница пси кон себе виде.

26. КВАРТЕТ
- Мајмун-палавко, магаре, јарец и несмасниот Мишко- мечок, наумиле да свират квартет.
Донеле иструменти и ноти и почнале да свират, но не звучеле добро. Мајмунот станал и им
кажал дека не оди така и ги наместил по некој редослед, но ни така не одело. Потоа магарето
помислело дека треба сите да седнат во една редица, но ни така не успеало, па го замолиле
славејот да им каже како да им успее, а тој едноставно со други зборови им кажал дека не
можат они музика да прават.

27. ГУСКИ
- Еден селанец тргнал во град да продава гуски, и тие сакајќи да се спасат, во градот, на
минувачите им кажувале лаги, дека они го спасиле Рим, само да се ослободат. А Рим го
спасиле нивните претци, а не тие, како што им кажале минувачите. По кратката расправија
директно им кажале дека тие се само за печење.

28. КУКАВИЦА И ПЕТЕЛ


- Кукавица и петел цело време се фалеле меѓусебно како добро знаат да пеат, без престан. Но
по некое време дошол врабецот и им рекол: „Пријатели мои, можете да зарипнете фалејќи се
еден со друг. Но, музиката ваша е со многу лош звук!...“

29. ЛИСИЦАТА И МАГАРЕТО


- Зборувале лисицата и магарето за лавот, како сега бил многу стар и немоќен, а порано сите
имале страв и трепет од него. Магарето сега се силело дека не се плаши од лавот, и дека му
удрил клоца, да знае што се магарешки копита сега.
„Малодушните додека си моќен имаш слава,
Не смеат пред тебе да кренат глава,
Но, паднеш ли од височини такви - 
Лутина и навреда чекај токму од вакви.“

You might also like