You are on page 1of 1

МАКЕДОНСКИ Ј.

– ШПАНСКА РЕНЕСАНСНА КНИЖЕВНОСТ Дракуловска Анастасија II4

 Кон крајот на XV век, Шпанија како и другите западноевропски земји навлегува во


еден период наречен ренесанса.
 За време на овој период се менува внатрешноста на Шпанската држава, таа се
обединува, создава услови за буржоаски односи и формирање на национален
литературен јазик, но од голема важност е и влијанието на другите земји и настаните
кои се случувале во светот за тоа време. Сето ова потпомогнало за побрз развиток на
литературата, науката и уметноста.
 Шпанската ренесансна книжевност поминала низ три етапи: рана ренесанса(до
средината на XVI век), зрела ренесанса(втора половина на XVI век до 30ти години од
XVII век) и доцна ренесанса(средина на XVII век, криза на хуманистичките идеи)/
 Во првата етапа односно во раната ренесанса, шпанските писатели се залагаат за
развивање на хуманистичкото образование и литература која преминала од дела со
црковен карактер во дела со световни белези.
 Периодот на зрелата ренесанса се поклопува со периодот на појава на
контрареформацијата и со шпанската економска и политичка криза. Најголемиот
успех во зрелата ренесанса го достигнува Мигел де Сервантес со својот роман „Дон
Кихот“. Овој роман требало да биде пародија на рицарските романи, но постепено
станал белег на шпанската ренесансна книжевност.
 Од страна на театар и драмски дела, најистакнат е Лопе де Вега кој напишал многу
социјално-политички, историски, семејни, љубовни комедии и трагедии.
 Економското и политичкото слабеење на шпанската држава дополнително
придонело во слабеењето на влијанието на хуманизмот. Во оваа последна фаза се
јавуваат анти-ренесансни движења.
 Во уметноста и литературата полека почнуваат да се наметнуваат формализам и
аристократичност, со што се најавува новиот литературен правец во
западноевропската литература, наречен барок.

You might also like