You are on page 1of 2

Судбината на Рафел - судбина на безброј луѓе алчни за

пари, слава и моќ

,,Шагринска кожа" е дело во кое се зборува за ликот


Рафаел, човек чија животна смисла е изгубена поради
незадоволството што му го пружил животот. Една вечер се
запознава со мистичната шагринска кожа која со секоја
исполнета желба, постепено ќе се намалува, а со тоа, се
намалуваат и деновите во животот на сопственикот. Без да
предвиди, само го одложува своето самоубиство. Станува
богат, познат, среќен, исполнет. Доживува задоволства кои
предизвикуваат завист, но полека сфаќа дека
материјалното, не ја заменува празнината во неговото срце.
Ликот на Рафаел можеме да го поврземе со безброј како
него што го поминале тлото на кое газиме низ вековите што
минале. Луќе алчни за пари, моќ и слава кои животот го
гледаат низ замаглени стакла. Со идеали дека
материјалните нешта ќе им ја донесат вистинската и среќа
газат кон иднината Го одат истиот пат како Рафаел
завршувајќи со иста мрачна судбина. Од нивните постапки
можеби ќе добијат привремено задоволство но секогаш ќе
недостасува нешто во нивното срце. Таа дупка не се полни
со пари туку со љубов и искрена среќа. За рафаел беше
прекасно кога ја направи вистинската одлука, да го сврте
погледот од безвредното кон љубовта. Останатите ликови
го доживуваат како тој самиот себеси, познат и богат, а пак
јас него го сметам за несреќен. Секогаш е подобро да имаш
кому да подариш љубов и кој да ти ја возврати.
Што ќе ни е цела таа слава ако никој нас вистински не не
сака? Љубовта треба секочаш да е во преден план. Љубов
кон семејството, пријателите, кон работата, љубов кон
животот. Тмурните мисли за секојдневието се избегнуваат
кога кон нештата се гледа со љубов. Има доволно во светот
за сечија потреба, но недоволно за сечија алчност.

You might also like