You are on page 1of 2

ОРБИТАЛИ И КВАНТНИ БРОЕВИ

Принцип на неопределеност (Хајзенберг)


Неможе точно да се одреди брзината (енергијата) и положбата
на електронот во тој момент, бидејќи електронот се движи со
многу голема брзина околу јадрото, може да се зборува само
за веројатност на наоѓање на електронот во определен дел од
просторот (електронски облак).
Принцип на Паули
Принципот на Волфганг Паули, е принцип за забрана или
исклучување, и вели дека во еден атом неможе да постојат
два електрони кои имаат исти вредности за сите 4 квантни
броеви.

Делот од просторот околу јадрото каде е најголема


веројатноста да се најде електронот (90%-95%) се вика
атомска орбитала.
Видот на атомската орбитала се определува со орбитален
(спореден) квантен број (односно малата латинична буква
која одговара со вредноста на l), а бројот на одделен вид
орбитали се определува со вредностите на магнетен квантен
број ml.
n – главен квантен број. Определува во кој слој се наоѓа
електронот.
n= 1, 2, 3, 4, 5…
K L M N O P…
l- орбитален (спореден) квантен број. Ги определува
потслоевите во еден слој
l= 0, 1, 2, 3…. (n-1)
s p d f
ml= магнетен квантен број. Ја покажува магнетната состојба на
електронот, кој се наоѓа во обиколката околу јадрото на
атомот. Исто така го покажува бројот и насоченоста на
одреден вид орбитали.
ml= -1, 0, 1 ml= -l до l
ms – спински (ротационен) квантен број. Ја покажува
магнетната состојба на електронот што доаѓа од вртење на
електронот околу својата замислена оска.
ms= -1/2 и ½ (паралелен и антипаралелен спин)
Бројот на електрони во дадено енергетско ниво се определува
до изразот:
N=2n (2n на квадрат)
2

N- максимален број на електрони во нивото


n- главен квантен број со кој се карактеризира нивото
пр: K слој, n=1 содржи 2*1 =2 електрони
2

You might also like