You are on page 1of 11

АЛКАНИ-ПОИМ И

НОМЕНКЛАТУРА,
ХОМОЛОГИЈА
Алкани
• Органски соединенија наречени јаглеводороди бидејќи во својот состав има
С атом и Н атом
• Оваа група соединенија се наречени заситени јаглеводороди бидејќи во
својот состав имаат единечна врска(секој С атом образува единечна врска со
соседниот С атом)
Молекуслки формули

Структурни формули
Алканите
• Формираат низа во која се подредени според растење на бројот на С атомите
• Таа низа се нарекува хомологна низа
• Соединенијата што се разликуваат во хемискиот состав за една или повеќе
СН2 групи и имаат слични хемиски својства се викаат хомологни соединенија,
а самата појава хомологија.
Хомологна низа на Алкани
За поедноставно да го разбереме ова
• Алканите имаат општа формула СnH2n+2

На пример ако бројот на С атомите е 3, како ќе го одредиме


бројот на водородни атоми и како ќе биде молекулската
формула на Алканот.
Решение: Ако бројот (n) на С атоми е 3 тогаш заменуваме за n
множиме 2 по 3 + 2
бројот на водородни атоми е 8
А, молекулската формула на Алканот е.
Во самата низа(хомологна низа)
• Како се зголемува бројот на С атоми, се зголемува и бројот на Н атоми
• Со зголемување на бројот на С атоми за еден
• Се зголемува бројот на Н атоми за два
Номенклатура(именување)
• Именувањето е според IUPAC(Меѓународна унија за чиста и применета хемија)
• Во името на овие јаглеводороди има наставка „ан“
• Првите четири члена од низата која ја градат Алканите имаат тривијални имиња
Број на С атоми Име на Алкан Молекулска формула

1 Метан СН4

2 Етан С2Н6

3 Пропан С3Н8

4 Бутан С4Н10
За останатите Алкани од низата
• Кон грчкото име за бројот на С атоми се додава наставката „ан“

Број на С атоми Име на Алкан Молекулска формула

5 Пентан С5Н12

6 Хексан С6Н14

7 Хептан С7Н16

8 Октан С8Н18

9 Нонан С9Н20
Задача:
• Примени ја општата формула за да одредиш молекулска формула на Алкан
кој има 11, 13,15,17 С(јаглеродни) атоми.
• Десетиот член во низата(хомологна низа) на Алканите се именува како
декан.Колку С атоми има, колку водородни атоми има, каква е неговата
молекулска формула?
• Дали соединението со структурна формула подолу, спаѓа во групата на
Алкани(образложи го твојот одговор)?
Погледни ја презентацијата и читај ги лекциите во учебникот. Отвори го линкот
http://eduino.gov.mk/ и погледни ги видеата кои се однесуваат на новата тема.
Прашањата кои се во самата презентација работи ги во word документ кој ќе го прикачиш на
google classroom или на мојот меил доколку се јави некој проблем на платформата.
Содржините опфатени со оваа презентација се на страна 111 и 112 во учебникот.
Табелата која е на страна 113 ќе ја објасниме и работиме на следниот час.

You might also like