You are on page 1of 4

Славјано-македонското научно литературрно другарство

На 28 октомври 1902 година во Санкт Петрбург, Крсте Петков Мисирков, Димитрија


Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Гаврил
Константинович, Милан Стоилов и други, вкупно 19 потписници, го основаат
Македонското научно-литературно другарство (МНЛД). При основањето друштвото го
носи патронатот на свети Климент Охридски, а со „Уставот” од 1903 година на Кирил и
Методиј. Веќе во април 1903 година членството достигнало 25 души и со прекини
суштествува од 1902 до 1917 година. Прв привремен претседател на Македонското
научно-литературно другарство бил Дијамандија Мишајков, кој заедно со Стефан Јакимов
Дедов бил прогонет од Србија поради промакедонски активности, а потоа на почетокот на
1903 година на тоа место доаѓа Димитрија Чуповски. Друштвото веднаш по основањето
започнува со своите активности. На 12 ноември 1902 година до Руската влада и до
Советот на Санкт Петербуршкото славјанско благотворно братство, Македонското научно
– литературно другарство испратило Меморандум, во кој се претставува првата
национална програма, а во која се бара признавање на Македонците како посебна нација
и народ, со посебен македонски јазик и култура, со своја црква, во границите на Турција.
И покрај противењето на другите балкански друштва во Русија сепак, Советот на Санкт
Петербуршкото славјанско благотворно братство го признало Македонското научно –
литературно другарство, како рамноправен член на Советот. Советот му дал простории на
МНЛД во кои другарството можело да одржува состаноци, а истовремено од руските
организации добива константна помош Во Русија се печателе книги, брошури, летоци, кои
ја објаснувале улогата, задачата и целта на МНЛД. Ваквиот однос на руските друштва му
овозможува на Македонското научно-литературно студентско другарство, да дејствувала
доста активно и надвор од границите на Русија, особено иа страниците на списание
„Славянский Век", кое излегува од 1902 до 1905 година во Виена. Раководството на
Македонското друштво, а посебно К.П. Мисирков, било во тесен контакт со редакторот на
списанието - Дмитриј Вергун. Под покровителство на Слав(јанското) Бл(аготворително)
Друштво во С. - Петербург студентите-Македонци создале кружок п(од) наз(ив)
„Македонско научно-литературно студентско друштво", во кое сега се запишани 20
членови. Целта на друштвото е: духовно обединување и единство на татковината,
изучување на Македонија од историска и етнографска страна, запознавање на руското
општество со вистинската положба на Македонците во минатото и сега. Членовите на
кружокот зборуваат помеѓу себе само на македонски наречја, а не по бугарски и по
српски, како што беше досега, по местото на воспитанието. Некои членови од овој кружок
го издавале во пролетта на минатата година во Белград весникот „Балкански гласник", на
српски и француски јазик. Во него се изнесувало гледиштето дека поделбата на
христијанското население на три непријателски страни, бугарска, српска и грчка
(чорбаџии, гркомани-Славјани), потоа странските пропаганди го сопираат обединувањето
и дека поради тоа е потребно да се издигне еден од 4-те главни македонски дијалекти (1.
планинскиот: Скопје, Куманово. 2. Мијачко-брсјачкиот, во Пелагониската рамница:
Битола-Охрид, Прилеп. 3. Ениџевардарскиот, Воден. 4. Неврокопскиот; при што
критериум за поделбата е промената на самогласките и топографските котлини) на степен
на општ македонски литературен јазик. За таков на сите им изгледа најпогоден
југозападното, мијачко-брсјачкото наречје. Фактот дека српската пропаганда не се
ограничува на Скопје и дека српски училишта има и во Битола, Воден, Солун, Еницевардар
и Кукуш, а до неодамна српско училиште постоело дури во Сер, како и фактот дека
бугарската пропаганда се шири исто во цела Македонија, најубаво го докажува
единството на македонскиот јазик, народните обичаи, наравите, преданијата и се што
влегува во кругот на сфаќањето на народноста.

Младата македонска книжевна дружина


Членовите на Млада македонска книжовна дружина биле познати под името Лозари.
Меѓу нив се и имињата на: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Матов, Петар
Попарсов, Иван Хаџи Николов, Коста Шахов, Ѓорѓи Баласчев, Димитар Мирчев, Христо
Попкоцев, Александар Караѓулев, Ѓорѓи Белев, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Наум
Туфекчиев, Војдан Чернодрински и други.Во јануари 1892 година Младата македонска
книжовна дружина го објавува првиот број на својот орган Лоза и по неговото име целото
двожење го добива називот лозари. Најголемите имиња на македонската
револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век биле членови или
соработници на оваа Дружина.

Националното чувство на лозарите

Некои членови или симпатизери на лозарите (Коста Шахов, Петар Попарсов, Даме Груев,
Крсте Петков Мисирков) изјавиле дека лозарите имале двојна програма - една за пред
бугарската јавност, а другата - за пред нивните истомисленици.Ист е случајот и со
Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Таму и денес се уште е забранета јавната
употреба на етничкиот термин Македонци. Македонците ги потенцираат своите
национални разлики во однос на Грците, во замена за терминот Македонци, за себе го
употребуваат компромисниот и маскирен термин ендопи (што значи: тукашни,
овдешни).И лозарите не смееле директно да го употребуваат терминот Македонци во
национална смисла (а слично е дури и денес во Бугарија), па надевајќи се дека нема да
имаат проблеми со тогашната бугарска влада (која тогаш ги прогонувала Македонците), го
користеле главно компромисниот и маскирен термин македонски Бугари , иако
содржините на нивните статии биле со чиста македонска национална ориентација
.Денешниот бугарски став тврди дека националното чувство на лозарите било бугарско, а
како доказ за ова тие го приложуваат фактот што во некои од текстовите на самото
списание Лоза се спомнуваат и македонски Бугари, дека лозарите зборуваат за јазикот во
македонските Словени како за бугарски јазик. Лозарите се залагале во литературниот
бугарски јазик да бидат вклучени колку што се може повеќе зборови од Македониjа и од
западните делови на Бугариjа.Некои бугарски автори (Коста Црнушанов и други) додават
и целосната деjност како Македонски Бугари на голем дел од лозарите - Андреј Љапчев
од Ресен (бугарски премиер и дипломат), Тома Карајовов од Скопје, Георги Баласчев од
Охрид, Христо Матов од Струга, Христо Поп Коцев од Штип, Ѓорѓи Белев од Охрид и други
за кои се смета дека бугарското им чувство е докажано.Авторите од Република
Македонија ги земаат предвид веќе спомнативе услови во Бугарија, во кои било објавено
списанието Лоза. Тоа е време на терор против Македонците од страна на бугарската
влада на Стефан Стамболов. Македонците се прогонувани, апсени, интернирани и се
забранувани сите нивни национални манифестации и други слични изблици на
организирање. Во такви услови, оние Македонци што сакале да објавуваат статии за
Македонија, единствено можеле да го прават тоа преку користењето на компромисниот
термин - македонски Бугари .

Крај на Лозарското движење


Од списанието Лоза успеале да излезат само шест броеви (од кои едниот бил двоброј).
Подоцна бугарската влада ја растура Младата македонска книжовна дружина, а
списанието Лоза го забранува. Под влијание на лозарите, подоцна (1894) Петар Попарсов
објавува брошура што всушност претставува неофицијална програма на веќе
формираната Македонска револуционерна организација, во која уште пожестоко ја
критикува бугарската пропаганда и Бугарската егзархија
Александар Караѓулев беше осуден на смрт во монтиран судски процес за атентатот врз
министерот Христо Белчев и казнуван на 15 јули 1892 во Софија, каде во затворот
напишал познатата македонска патриотска песна Послушајте патриоти.
Периодот на лозарите одиграл значајна улога во развитокот на македонската национална
мисла на крајот од 19 век и подоцна.

You might also like