You are on page 1of 3

КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

(1874 - 1926)
1. Животен пат:

- роден во село Постол (античка Пела);

- основно грчко училиште завршил во родното место;

- добил стипендија од српското друштво Св.Сава и продолжил да се школува


во Белград, а потоа во Софија;

- се вратилво Белград како ученик во I клас на Богословско-учителската школа,


а потоа ја завршил Учителската школа во Белград;

- тајно се префрлил во Одеса каде што не му го признале образованието и се


запишал во духовната семинарија во Полтава;

- по 2 години станал студент на Историско-филолошкиот факултет во Петроград,


декларирајќи се како Македонски Словен;

- за кратко време се враќа во родниот крај, а потоа се враќа во Петроград и го


формира ТМОК;

- потоа заминал во Одеса и во1902 дипломирал;

- формирал Македонско научно-литературно другарство Св.Климент;

- бил професор во битолската гимназија, а се запознал со рускиот конзул;

- заминал во Русија и ја подготвил кн. За македонцките работи која ја отпечатил


во Софија, во 1903 год.;

- со театарската дружина на Чернодрнски отишол во Белград каде одржал


предавање;

- се вратил во Софија за да ја подигна книгата од печат, но таа била запленета и


запалена (освен неколку примероци);

- заминал во Русија каде што го подготвувал сп. Вардар (на макед. јазик);
- во балканските вијни бил воен дописник од Македонија;

- потоа бил професор во Кишињев, па во Одеса;

- во Софија добил служба во Етнографскиот музеј;

- бил во Карлово и Копривница;

- умрел во Софија, во 1926год.

5
2. Творечка дејност:

* славист, фолклорист, јазично-книжевен историчар, етнограф, публицист,


основоположник на современиот македонски јазик
- објавил 60 трудови во сп. Вардар;
- “За македонцките работи”.

ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ

- Објавено во Софија, во 1903 год.;


- Содржи предговор и 5 текста:

- Шчо напраифме и шчо треба да праиме за однапред


(неуспехот на прерано кренатото Илинденско востание)

- Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства


(да- заради афирмација на македонската националност)

- Националниот сепаратизам - земјиштето на које се имаат развијено и ке се


развијат за однапред
(го согледува македонскиот народ како нација во развој)

- Состауала, состауат и можит ли Македонија да состауат от себе оддељна


етнографцка и политичка единица
(македонската народност е нешто одделно од српската и бугарската)

- Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик


(ги донесува основните принципи врз кои би се поткрепувал македонскиот
литературен јазик)

Книгата „За македонцките работи“ од Мисирков е политичка анализа на положбата на


македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење.
Таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против
македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.

Петтата статија „Неколку зборој за македонцкиот литературен јазик“ е всушност


продолжување (и остварување) на идејата за одделен македонски литературен јазик,
иницирана од Ѓорѓија Пулевски.

6
НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

Укажува на постоењето на историјaта на македонскиот јазик, при што го потврдува


правото на дијалектите да израснат на степен на литературан јазик

1. за основа на литературниот јазик да се земат централните македонски говори:


Велес – Прилеп – Битола – Охрид , поради нивната чистота (подеднакво оддалечени
од соседните јазици)

2. фонетски правопис (со мали отстапки);


3. речникот да се збогатува со зборови од сите македонски наречја.

- Македонците да си подадат рака, при што би се соединиле во Битола, која би станала


културен и административен центар на обединета Македонија

- За да се оддалечи подеднакво од Србија и Бугарија, Македонија треба да се обедини на


јазична основа
На крајот од статијата тој резимира:
„Како Бугарин јас одамна би рекол: Каква ти Македонија! И тука ми е добро, нема зошто да
мислам за она што е веќе загубено. Но како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како на
туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е
таму, каде што сум се родил и каде што јас треба да си ги оставам коските, каде што треба да
отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично.
Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се друго на светов.
Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме
да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде
оценувано од македонско гледиште.
Беззаветната и безгранична љубов кон Македонија, постојаното мислење и работење за
интересите на Македонија и полн конзерватизам во пројавите на македонскиот национален дух:
јазикот, народната поезија, наравите, обичаите - ете ги главните црти на македонскиот национализам,
изјаснет преку „простачките умувања на еден човек што уште не си ја знае народноста“ („Мир“ -
„Самоопределување на Македонците“, 25.3.1925)

„Мојот македонски патриотизам и тука го победува бугарскиот патриотизам. Македонците и се


нужни на Македонија; само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците, а не без нив.
Македонците или треба да си останат на родните места, па ако сака и ѓаволот да ги владее, или пак,
ако им е судено да се местат, тие треба да се преместат од едниот крај на Македонија во друг крај, но
пак на Македонија, а не на Бугарија, Србија или Елада. Изгонети од грчка Македонија, Македонците
требаше да отидат во српска Македонија, да образуваат воени населби и да го дочекаат денот кога би
можеле да се вратат на родните пепелишта.
Ќе речете: така не може да размислува еден Бугарин. Да, но така може и треба да размислува еден
Македонец.“
„Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на
мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум
Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото,
сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас
Македонците да не прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се
свршува се само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.“ („Мир“ - „Македонски
национализам“, 12.3.1925)

You might also like