You are on page 1of 2

Васил Иљоски го казнува деспотот Чорбаџи Теодос: од тоа што се плаши, од тоа да настрада.

Васил Иљоски
е продолжувач на започнатата драмска и театарска традиција во Македонија и поврзувачка нитка со
современата македонска драма. Тој творел цели педесет години придонесувајќи во развојот на
драмското творештво. Иљоски е роден во Крушево,1902 година . Во Куманово го завршил основното
училиште и гимназијата. Се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје, по ослободувањето бил
директор на Првата гимназија, потоа работел во Народната библиотека и како професор по
македонски јазик во Вишата педагошка школа.Автор е на многу студии и публикации од областа на
јазикот и литературата, поради што е еден од првите академици на МАНУ (Македонска академија на
науки и уметности).Неговата литературна дејност помеѓу двете светски војни и по Втората светска
војна се од особено големо значење, со посебно издвојување на ,,Бежанка,, која што денес
попозната како ,,Бегалка,,, и комедијата,,Чорбаџи Теодос,, која што особено остава впечаток.

„Чорбаџи Теодос“ е комедија на интригата што ќе ја подметне итриот Арсо за да го исмее


чорбаџијата.Инспирирана е од анегдотата за присилното кумство.Во драмата има многу битово-
социјални елементи.

Темата во драмата е забранетата љубов на двајца млади, а идејата е да се исмее надуениот


чорбаџиски свет.Дејството се случува во Скопје, во турско време.

Драмата е составена од три чина, а драмското дејствие е развиено во четири етапи:

1. експозиција — семејната атмосфера и прикажување на доминантниот лик;

2. заплет — воведување на конфликтот меѓу Арсо и Теодос;

3. кулминација — подметнувањето на кумството;

4. расплет — ослободување од кумството и дозволата за женидба.

Битови:

 патријархалните односи во семејството — покорноста на сопругата, синот и сите останати


кон главата на семејството;
 избирањето на снаата од страна на родителите;
 обичаите на кумството — пиењето, јадењето, песните, орото;
 менталитетот на Ромите;
 озборувањата во чаршијата;
 итрината и ведрината на сиромашните и должниците итн.

Социјални:

 поделеноста на луѓето на богати и сиромашни.

Чорбаџи Теодос е деспот кон кого сите чувствуваат стравопочит. Тој е жртва на сопствените
предрасуди и фрустрации.Теодос е претставник на власта и парите, и сите ги гледа високо. Иако
седумнаесет појави од првиот чин тој не е присутен на сцена, стравот од него се посилно и посилно
гори, бидејќи тој е центарот на вниманието а стравот е основан на неговата ќуд, а таа е зла. Познат е
како ,,саат на две нозе,, поради својата точност, но кога ќе му се расипи часовникот тој за прв пат ќе
доцни на средбата со Арсо, што за него е вистински резил.

Кога ќе се разбуди тој го започнува теророт над потчинетите- своето семејство го претворил во
царство, наместо блискост по крвна линија, постои хиерархија каде што тој го има единствениот
збор. Неговата сопруга Параскева и син Томче се обични слуги за него во куќата. Тој наместо душа и
чувства, има механизам, баш како оној на ѕидниот часовник,
точен,прецизен,итар,лихвар,среброљубец...
Поради тоа тој не сака Томче да се ожени со Стојанка - ,, црна како Циганка, самарџиска ќерка,со кал
под ноктите и без вода во очите. Тоа е почетокот на конфликтот,тие стануваат меѓусебни
противници. Конфликтот изгледа нерешлив, но Арсо настапува на сцена, познат како мајстор за
интриги и ќе го ,,намести,, Теодоса да стане цигански кум и ќе го оствари најголемиот страв на
Теодос, од она што најмногу се плаши, тоа да му се случи. Теодос, сосема избезумен, очаен, цигански
кум и самарџиски сват, не може да најде излез, па од Циганите ја добива најголемата животна
лекција:

,,E па Чорбаџи,ако сме црни, не сме ѓаволи,ако сме Цигани и ние сме луѓе.,,...

Идејата во драмата е да сме исмее ликот на чорбаџијата, кој што својот поглед не го спуштал долу, се
додека животот не го научил важна лекција.

You might also like