You are on page 1of 2

Ликови

Чорбаџи Теодос

Чорбаџи Теодос е претставник на власта и парите. Тој сите ги гледа од високо,


со понижување, потценување и ароганција ( и жена си и сина си). Тој е жртва на
сопствените предрасуди и фрустрации.
Чорбаџи Теодос  е опишан вака:
„Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице,
на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина. Со густи,
накуштравани веѓи кои го поцртуваат намуртеното чело и го засенуваат,
правејќи го уште постуден студениот поглед. Со остар, отсечен говор, кој скоро
никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив,
на најблиските најмногу, со потценување и презирање преку волја, како и да не
заслужуваат со нив да се разговара.“
Теодос е претставник на власта и парите. Сите ги гледа од високо, со
понижување, потценување и ароганција (и жена си и сина си). Тој е жртва на
сопствените предрасуди и фрустрации (другите особини: претераната
педантност, прецизност и сл. се опишани погоре во текстот).

Арсо

Арсо е претставник на средниот сталеж кој се` повеќе тоне заради крвопиите
како Теодос. Тој е благороден човек кој освен на себе си, сака да им помогне и
на другите (на Стојанка и на Циганите). Ја смислува целата интрига затоа што е
бистар и снаодлив, зашто е ведар дух, а и сака да го види својот крвник малку да
падне за да го исмее и барем малку да му биде полесно на душата
Арсо во опишувањето е претставен како:
„Полн е со животна радост и ведрина, кои тешко можат да му ги поматат и
најтешки грижи и незгоди. Умен и итар е до лукавост и до препреденост, но
никако до расипаност, а по срце е добричина, осетлив и соосетлив.“
Тој е претставник на средниот сталеж кој сѐ повеќе тоне заради крвопиите како
Теодос. Благороден човек, кој освен на себе си, сака да им помогне и на другите
(на Стојанка и на Циганите). Тој ја смислува целата интрига затоа што е бистар
и снаодлив, зашто е ведар дух, а и сака да го види својот крвник малку да падне
за да го исмее и барем малку да му биде полесно на душата.

Томче

Томче е младо момче кој е носител на новото, поинакво сфаќање, кој сака да се
ожени од љубов за многу сиромашна девојка. Тој е патријахално воспитан, го
цени, почитува и се плаши од својот татко. Без негово одобрение тој нема да се
ожени.

Томче е „убав младич, со танки мустачиња и густа кадрава коса, убаво, но


негрижливо облечен, блед, потиштен, огорчен, и инаетлив“. Тој е носител на
новото, поинакво сфаќање, кој сака да се ожени од љубов за многу сиромашна
девојка.
Тој е патријархално воспитан, го цени, почитува и се плаши од својот татко. Без
негово одобрение тој нема да се ожени.

Кева

Кева е сопругата на Теодос која би требало да живее убаво, богато и лагодно.


Но, во патријахалниот дух и таа му е потчинета, работи се` за да му угоди на
домаќинот, се плаши од него и од неговите бурни реакции, се плаши да му се
спротивстави и да го каже своето мислење. Таа е „предвереме остарена и
свената од тешки напори сѐ да му угоди на својот маж со маченичка ревност
која оди до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина
судба. Облечена е сета во сив тон.“
Таа би требало да живее убаво, богато и лагодно. Но, во патријархалниот дух,
таа му е потчинета и работи сѐ за да му угоди на домаќинот, се плаши од него и
од неговите бурни реакции, се плаши да му се спротивстави и да го каже своето
мислење.

Наца

Наца е слугинката која е „помлада и покрупна од својата чорбаџика, облечена во


нејзин износен фустан, кој на неа, оптегнат, пука, со ракавите засукани над
лактите, со завиткани плетенки преку тулбенот на главата. Многу е брза и
подвижна.
Нејзе уште од мала ѝ е всадено чувството на стравопочит спрема чорбаџијата,
повеќе на страв, отколку на почит, и тоа чувство ѝ преминало некако во навика,
така што нејзиниот страв не е силен, но затоа е постојан.“

Спиро

Спиро слугата, пак, е облечен во старите алишта на чорбаџијата кои му се


преголеми, па во нив изгледа смешно, ненаместено и „за него чорбаџи Теодос е
страшен, но нему тој исто толку му е и смешен.
Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се смее, а зад грб нескриено го
исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за
сѐ што трпи од него.“
 

You might also like