You are on page 1of 1

ОТСТАПУВАЊЕ ОД ТРЕТОСЛОЖНОТО АКЦЕНТИРАЊЕ

1. Глаголскиот прилог со -јќи: вик’ајќи, бид’ејќи, организир’ајќи, пишув’ајќи, раскажув’ајќи,


сак’ајќи, мисл’ејќи.

2. Прилозите за време: годин’ава, зим’ава, лет’ово (кои доаѓаат од прашањето кога?); за


разлика од именките год’инава, з’имава, л’етово (која година?, која зима?, кое лето?).

Пример: -Зим’ава не бев на скијање. (Кога не беше?)

- Многу ја сакам з’имава.

3. Сложени зборови од типот: југоз’апад, југо’исток, североз’апад, северо’исток; (но:


југоз’ападен, југо’источен, североз’ападен, северо’источен).

4. Сложенките со прв елемент полу- и двосложни зборови. Кај овие зборови акцентот најчесто
паѓа на вториот слог од крајот на зборот:

полул’ево, полу’остров, полуп’исмен, полус’енка, полус’естра, полут’емен, полут’опка (но:


пол’увреме).

______________________________________________

Ако, пак, по првиот елемент полу- следува едносложен збор, акцентот паѓа на третиот слог од
крајот на зборот: п’олубог, п’олубрат, п’олуглас, п’олужив, п’олукруг, п’олусвет.

5. Сложените придавки: црвенобр’ад, црвенок’ож, црвенок’ос (но: с’ивокос, с’ивоок, с’иноок,


ц’рнобрад, ц’рнокож, ц’рнокос, ц’рноок); светлож’олт; темноз’елен, темноц’рвен (но:
т’емножолт, т’емносин); црвено-ц’рн; сино-з’елен, сино-ц’рвен (но: с’ино-бел, ц’рно-бел).

6. Сложените зборови кај кои секој составен дел го чува својот акцент: амер’иканско-
мак’едонски, ‘англиско-мак’едонски, в’оспитно-обр’азовен, к’ултурно-пр’осветен, л’ека-
п’олека, ‘одвреме-н’авреме, ‘увозно-‘извозен.

You might also like