You are on page 1of 1

СМИСЛОРАЗЛИКУВАЧКА ФУНКЦИЈА НА АКЦЕНТОТ

Акцентот врши смислоразликувачка функција во одделни случаи:

Кај некои зборови каде што во едниот случај акцентот е на третиот слог, а во другиот на
вториот слог од крајот на зборот:

а) Членувана именка наспрема прилог за време: веч’ерава – вечер’ава, год’инава –


годин’ава, з’имава – зим’ава – л’етово – лет’ово, нед’елава – недел’ава.

б) Домашен збор наспрема збор од туѓо потекло: г’азела – газ’ела (л-форма од гл. гази –
вид животно), к’анела – кан’ела ( л-форма од гл. кани – вид зачин), к’антата – кант’ата,
кр’авата – крав’ата.

You might also like