You are on page 1of 1

Глас и фонема

Зборовите имаат своја форма и значење, составени се од гласови кои ја градат нивната звучна
материјална страна – формата

Пр. Гласовната низа баба – изговорена вака го формира зборот баба со кој се именува
означува роднинска врска

1. Најмалите елементи што можеме да ги изделиме и забележиме во еден збор се гласовите.


Во светот постојат од 25-40 основни говорни гласови. Нашиот јазик има 31 глас (учебник 56
страна)
2. Фонеми се гласови што внесуваат разлики во значењето на зборовите

ГЛАС И ФОНЕМА НЕ Е ИСТО!

Глас се употребува кога се разгледува материјалната конкретна страна


Фонема се употребува кога се разгледува неговата функција.

За секој говорен глас постои писмен знак – буква.

Фонетика и фонологија

Пр. Збороформата читаме

А. Фонетска единица (ч+и+т+а+м+е)

Б. Морфолошка единица (чита+ме)

В. Лексичка единица(збор со конкретно значење)

Г. Синтаксичка единица (реченица)

Јазична единица формираат јазични ____________ рамништа.

1. Фонетика и фонологија (грч збор. Глас) го проучуваат гласовното рамниште.

Фонетика го проучува создавањето на гласовите со говорните органи и нивните звучни


својства.

Фонологија го проучува гласот кој има функција да прави разлика меѓу две јазични единици.

2. Правоговор (ортоепија) ги пропишува нормите за правилен изговор на гласовите и


зборовите во еден литературен (стандарден) јазик
и правопис (ортографија) – општоприфатен и единствен систем од правила за
пишување во еден литературен (стандарден) јазик

You might also like