You are on page 1of 5

1. Што е глас?

- Гласот е најмалата единица во гласовниот систем на еден јазик. Не


постои два јазика на светот кои имаат ист гласовен систем. Човекот, како
најсовршено суштество, може да создаде многи гласови кои ги користи за
да образува зборови. Нашиот стандарден јазичен систем го сочинуваат
31 глас кои при изговорот имаат различни нианси што зависи од повеќе
фактори: од местото на гласот во состав на зборот, од возраста и од
полот на говорителот , и во конкретниот случај од неговото
расположение.

2. Штое буква?
- Секој од гласовите во македонскиот јазик има соодветен графички знак
буква. Во македонскиот литературен јазик има онолку букви колку што
има и гласови, односно 31 буква.
Буквите се условни знаци со кои се обележуваат конктерните, постоечки
гласови во еден јазик. Така, овие гласови кои еден македонски говорител ги
употребува во својот говор можат да бидат означени и со други видови
знаци. На пример, како што знаете, и латиницата се употребува за да се
напише македонски текст . Во историјата, на пример, постоеле ситоации
кога Македонецот ја употребувал и грчката азбука за да написе македонски
текст. Тоа покажува дека знаците со кои се обележуваат постоечките
гласови се условни, конвенционални, договорени. На пример, можете да
измислите и нови знаци за гласовите во македонскиот јазик , ако сакате да
направите тајно, шифрирано писмо.
-Со следниве букви се запишуваат македонските гласови во
пишуваната форма на јазикот и се подредени по следниов редослед.
( Големите и малите букви се неопходни поради правописните правила)
Македонското писмо
Во процесот на образованието, уште на почетокот на нашето школување,
ги учиме буквите од нашето писмо. Нашето писмо е гласовно (фонетско).
Тоа има еден знак- графема/буква за секој одделен глас во гласовниот
систем. Со буквите се (за)пишуваат изговорените текстови. Како што
знаеме, материјалната артикулација на гласот во еден јазик може да биде
различна кај различни говорители и да зависи и од определените положби
на гласот во говорната низа , ама правописните правила диктираат како да
се запишат изговорените текстови. (Поради различни причини слушаме,
на пример, офца, леп, ама ги запишуваме овие зборови како овца, леб.
Македонскиот правопис е фонетско-фонолошки. Тоа значи дека секој глас
има своја буква, но правописот ги регулира и одстапките. Со
буквите/графемите говорената форма на јазикот се пренесува во пишана
форма.

You might also like