You are on page 1of 18

1 слајд

ЛИНГВИСТИЧКА КОНЦЕПЦИЈА
ФОНОЛОШКО ПРЕВЕДУВАЊЕ
ПРЕВЕДУВАЊЕ НА ЛЕКСИЧКИ СОДРЖИНИ
Преведување на граматички содржини
2слајд
 дефинирање:
-заменување на гласови од еден јазик со гласови од друг јазик
-пренесување на значење и форма
-адаптирање кон гласовен/графолошки систем на ЈП
 две групи: имиња и позајмени зборови
-два случаи на фонолошко преведување на имиња: прифатени/ нови

ФОНОЛОШКО ПРЕВЕДУВАЊЕ
За постигнување на превод целосно адекватен на оргигиналот треба
да се постигне преводна еквиваленција на повеќе нивоа: фонолошко,
графолошко-ортографско, морфосинктаксичко и лексичко.
Под фонолошко преведување се подразбира: заменување на
гласови од еден јазик со гласови од друг јазик. Притоа заедно со
значењето на зборот се пренесува и неговата форма од ИЈ, а се врши и
адаптација на зборот кон гласовниот систем на ЈЦ, а при писменото
преведување и кон неговиот графолошки систем, кога е различен од
системот на ИЈ.
На овој начин зборовите што се преведуваат спаѓаат во две групи: а)
имиња(антропиними и топоними), и б)позајмени зборови. Ова
преведување зависи пред сé од фонолошкиот систем на ИЈ и ЈЦ, а во однос
на писменото преведување од азбуката и правописот. Колку двата јазика
се поразлични толку поголемо треба да биде адаптирањето во ЈЦ. При
преведувањето на имиња разликуваме два вида: имиња кои веќа навлегле
во ЈЦ и оние кои преведувачот треба првпат да ги преведе. Вториот вид е
проблематичен и дури и со претходна подготовка, може да се згреши. Така
на пример во една прилика во НУБ гостуваше писател од Велика
Британија. Неговото доаѓање беше организирано преку Британскиот совет,
и подготовките се одвиваа само по писмен пат. Презимето на писателот
беше англиски беше напишано како: Raworth. Во консултација со
британски лектор на рекламниот материјал презимето беше фонетски
адаптирано како: Роворт. На самиот настап, лекторот кој требаше да го
најави гостинот сепак го консултираше за тоа како се изговара неговото
презиме и одговорот што го доби беше во најмала рака изненадувачки:
Рејворт!

1
3/4слајд
Причини за модификација при фонолошкото преведувањето:
-разлики во јазичен фонолошки и графолошки систем
Споредба на англискиот и македонскиот фонолошки систем
Јазик Број на самогласки Број на согласки Број на дифтонзи
Англиски 12 24 8-10
Македонски 5 26 0

Споредба на системот на бележење на гласовите во англискиот и во македонскиот јазик


Јазик Графолошко писмо Фонетско писмо
Англиски Латиница: Фонетска транскрипција:
Wordsworh [wɜ:dz wɜ:ɵ]
Македонски Кирилица Совпаѓање на графолошко и
фонетско писмо

При фонолошкото преведување фонологијата на ИЈ се заменува со


еквивалентна фонологија на ЈЦ. Преводната еквиваленција се
постигнува врз основа на исти акустички и артикулациски својства
на гласовите и нивното место во гласовните структури на двата
јазика. Значи, може да се заменуваат гласови кои се слични по местото и
начинот на артикулацијата.
Бидејќи гласовите во сите јазици се организирани на посебен начин,
во процесот на заменување мора да дојде до модификација на фонетската
содржина. При усното преведување овие модификации овозможуваат
успешна комуникација. На пример презимето на поетот Wordsorth кое на
англиски се изговара како [wɜ:dz wɜ:ɵ], во македонскиот се модифицира
како: Вордсворт, бидејќи гласовите [w],[ɜ] и [ɵ] не постојат во
македонскиот гласовен систем.
Секој јазик има посебен фонолошки систем и тој подразбира извесен
број на гласови. Тој број на гласови се разликува во различни јазици.
Одредени гласов се слични, но и сосема идентични. Англискиот и
македонскиот јазик имаат доста различен фонолошки систем:
-бројот на самогласките во англискиот јазик е 12, а во македонскиот – 5.
-во англискиот има 9 дифтонга, а во македонскиот ниеден
- бројот на согласките во англискиот јазик е 24, а во македонскиот е 26.
Во случајот кога гласовите кои постојат во англискиот јазик ги нема
во македонскиот, тогаш заменувањето се врши со најблискиот еквивалент
т.е. со глас кој по своите акустични и артикулациски својства најмногу се
доближува до гласот во англискиот јазик.

2
Во англискиот јазик гласовите се обележуваат на два начини: со
симболи на фонетскто писмо( пришто начинот на изговарање на зборовите
со фонетска азбука во заграда во речниците, на пример, се нарекува
фонетска транскрипција.) и со графеми од писмото што е во употреба во
овој јазик а тоа е латиницата. Бидејќи англискиот правопис не е заснован
на фонолошки принцип, во голем број случаи она што се означува со
фонетското писмо се разликува од она што е напишано со латиницата. А,
во македонскиот е поинаку, правописот е заснован на фонолошки
принцип, па за секој глас има соодветна графема.

3
5слајдПојдовна точка при фонолошкото преведување:
-графема≠фонема: а: [æ] во Jack, [ɑ:] во Arthur, [ɒ] воWarwick, [ͻ:] во Aldgate,[ə] во Alaska
-фонолошко писмо, правопис:
1.Англ. вокали [ɒ] и [ͻ:] наспрема македонски еден сличен: о;
2. англ.[æ] во мак.: а односно: е. Пр.за а: Alfred, Hamlet, Larry, camera, camp, tramway= Алфред, Хамлет,
Лари односно камера, камп, трамвај. Пр. за е : Jack, Stanley, jazz, handicap = Џек, Стенли,џез, хендикеп
Постои едно методолошко прашање во однос на
презентирањето на англиските имиња на македонски, а тоа е: од што да се
тргне при фонолошката транскрипција?
Една графема во англискиот јазик може да обележува повеќе
различни фонеми, како на пример графемата: а, која ги обележува
фонемите: [æ] во Jack, [ɑ:] во Arthur, [ɒ] воWarwick, [ͻ:] во Aldgate,[ə] во
Alaska. Па затоа не може секогаш графемата да биде појдовна точка, иако
и тоа не е сосема исклучено.
Еве некои примери од досегашното преведувачко искуство. Во
англискиот јазик постојат вокалите [ɒ] и [ͻ:], но во македонскиот има само
еден сличен вокал: о. Во случајот со вокалот [æ] тој се претставува
некогаш со: а, а некогаш со: е. На пример во имињатa Alfred, Hamlet, Larry
и зборовите camera, camp, tramway, тој вокал се пренесува како :а, па
имаме: Алфред, Хамлет, Лари односно камера, камп, трамвај. Во случаите
со: Jack, Stanley, jazz, handicap вокалот [æ] е пренесен како : е- Џек,
Стенли,џез, хендикеп.
Примери за тоа дека писмената форма на зборот од англиски сепак
може да повлијае врз начинот на неговото обележување на македонски се
следниве: во имињата Crompton, London, Somerville, англиската
самогласка [ʌ]за која најбизлок еквивалент е македонскиот вокал: а, под
влијание на пишаната форма се пренесува како: о- Кромптон, Лондон,
Сомервил. Слично на ова, самогласката [w] ја пренесуваме како : в.
William, Washington, Wilson стануваат: Вилијам, Вашингтон, Вилсон ( а не
Уилијам, Уашингтон, Уилсон!)

При писменото фонолошко преведување разликуваме два случаја: а)


фонолошко преведување на јазик кој има различно писмо и б) фонолошко
преведување на јазик кој има правопис различен од правописот на ИЈ.
Кога двата јазика имаат исто писмо-кирилица и ист правопис-
фонолошки, како македонскиот и српскиот јазик, тогаш нема потреба од
модификација освен во случаите со буквите ќ, ѕ и ѓ. Западноевропските
јазици имаат исто писмо- латинично и ист правописен принцип-
етимолошки, па нема да имаат проблем при пренесувањето на имињата.
4
Но, кога и писмото и правописот се различни, тогаш има потреба од
поголема модификација.

6слајд
Примери :
Покрај личните имиња честопати се фонетски се преведуваат и
зборови за кои нема преводен еквивалент во ЈЦ, па фонетската адаптација
во себе го носи и значењето. Такви случаи има многу во денешно време и
се појавуваат во сите области на човековото искуство:
-имиња на компании: Епл, Гучи, Мајкрософт
-географски поими: Нијагара, Лонг Ајленд, Њујорк
-видео игри: Ворлд оф воркрафт, Мистери кејс фајл
-имиња на музички групи: Битлс, Ролингсоунс, Ајрон мејден, Грин
деј
-имиња на компјутерски апликации, програми, оперативни системи
и др. поими од информатичката технологија: Виндоус, Твитер, Фејсбук,
имејл, интернет.
-музика: панк, џез, реге, рап, рок, хеви метал, бекстејџ, буги,
евергрин, анплагд, салса, саунд итн.
-мода: стајлинг, мудборд, ин, аут, аутлет, винтиџ итн.
-политика: импичмент, бенефит, администрација и др.
Под влијание на брзата технологија, ширењето на информациите и
глобализацијата, очигледно е дека во сите области многу бргу навлегуваат
нови зборови кои се само фонетски транскрибирани. Прашањето е дали
сите тие мора да бидат само фонетски транскрибирани или за нив може да
се најде преводен еквивалент?

7слајд
ПРЕВЕДУВАЊЕ НА ЛЕКСИЧКИ СОДРЖИНИ
Проблеми:
-полисемијата на зборовите и
- безеквивалентната лексика
ПРЕВЕДУВАЊЕ НА ЛЕКСИЧКИ СОДРЖИНИ
Пронаоѓањето на преводна адекваност или еквиваленција е
суштината на преведувачкиот процес. Кога се преведуваат лексички
содржини, она што може да предизвика проблем од лингивстички аспект е
-полисемијата на зборовите и
- безеквивалентната лексика

5
8слајд
ПРЕВЕДУВАЊЕ НА ЛЕКСИЧКИ СОДРЖИНИ
ТАБЕЛА
Полисемија
Полисемијата е повеќезначност на еден збор. Познато е дека зборовите се
во сооднос со вонјазичната стварност, но исто така имаат релации и со
други зборови во јазичниот систем. Како пример да го земеме зборот:
глава кој во англискиот јазик има преводен еквивалент во зборот head.
Овде станува збор и за поклопување на формалниот кореспондент и
преводниот еквивалнет, зашто именката во македонскиот се преведува со
именка која носи исто примарно значење: точно одреден дел од човечкото
тело. Но, именката во комбинација со други зборови и во зависност од
контекстот се здобива со други значења, во што се гледа и
полисемичноста на лексемите.
(ТАБЕЛА)
Примери на совпаѓање на значењета на зборот глава:
Македонски англиски значење

Глава head дел од телото

Глава на фамилија head of the family водач или личност


задолжена за група

глава на клинец/ чекан the head of a nail/hammer врв на некој предмет

примери на несовпаѓање
македонски значење англиски
глава на книга дел од книга chapter

англиски значење македонски


at the head of the regiment водечка позиција на чело на полкот
во војска
the head of an axe сечило на орудие сечило на секира
the head of a bed горен дел на креветот заглавје
a head of cabbage парче од вид зеленчук главица зелка

6
9слајд
Безеквивалентна лексика
-резултат на различни култури
-појава на реалии
- три случаи на еквиваленција на лексичко ниво:
а) целосна еквиваленција,
б) делумна еквиваленција,
в) непостоење на еквиваленција
Безеквивалентна лексика
Појавата на безеквивалентна лексика е резултат на различните култури ,
при што јазикот кој според семиотичарите се појавува како првостепен
моделативен систем ја формулира вонјазичната стварност и, како резултат
на тоа, доколку вонјазичната стварност во една друга култура не познава
дадена реалија, ако во таа култура не постои даден поим, јасно е дека тој
нема да има ниту јазичен знак со кој ќе биде означен.
При постигнувањето на еквиваленција на лексичко ниво, се
разликуваат три случаи: а) целосна еквиваленција, б) делумна
еквиваленција, в) непостоење на еквиваленција
10слајд
Целосна еквиваленција
Оваа еквиваленција е ретка поради тоа што се јавува кај еднозначни
лексеми кои исто така претставуваат реткост. Затоа може да се гупираат во
четири групи:
Личните и географските Англиски Македонски
имиња
Mary Марија
London Лондон
Belgrade Белград
Броевите
Hundred Сто
Thousand Илјада
Million Милион
Имињата на деновите во
неделатам месеците,
годишните времиња
Monday Понеделник
February Февруари
Summer Лето
Научните и техничките
термини
Atom Атом
Chemistry Хемија
Philosophy Филозофија
Statistics Статистика

11 слајд
7
Делумна еквиваленција
(Л1>Л2)
Делумна еквиваленција

Делумната еквиваленција е честа појава меѓу зборовите во два


различни јазика и препознаени се два случаи: а) кога лексемите на
изворниот јазик имаат пошироко семантичко поле отколку лексемите во
јазикот цел (Л1>Л2) и б) кога лексемите од ИЈ имаат потесно семантичко
поле од лексемите во ЈП (Л1 <Л2). Проблемот може да настане доколку
преведувачот не е запознаен со значењата што ги нудат лексемите на ИЈ.
Еве некои примери:
(Л1>Л2)
Дрво (растение) tree
(материјал) Wood
Маса table
desk
Клупа desk
bench
Ракопис handwriting
Manuscript
Кајсија apricot tree
Apricot (fruit)
Речник dictionary
Vocabulary

Wood (material) дрво


(forest) шума

8
12 слајд

Л1<Л2
чичко/стрина uncle/aunt
вуко/вујна
тетин/тетка

клуб, стап club

кондуктер conducter
диригент
проводник

министер minister
свештеник

13 слајд
Непостоење на преводна еквиваленција
Непостоењето на преводна еквиваленција се јавува како резултат на т.н.
безеквивалентна лексика или реалии кои ги има во културата на ИЈ, а ги
нема во културата на ЈП. Тие се појавуаат од повеќе фактори:
-историски услови
Македонски: ајдук, јаничар, комита, кулук, печалбар, сердар и др.
Англиски: abolitionism, Chartism, confederate, Tories, Whigs, luddite,
Yankee Doodle, prohibition. (домашна: да се најдат објаснувањата на овие
поими)
-културни фактори
Мак.: амамџик, валалница, јамболија, капиџик, сокак, чардак
Анг.: calico, chuck wagon, Conestoga wagon, ironclad, squatter, robber baron,
potluck, pole cat, squaw, squaw man, teepee, rodeo, Stetson, Thanksgiving
Day , Sunday school

9
14 слајд
Меѓу културните фактори, посебна група може да се оформи од областа
на
a)исхраната:
Дроб-сарма, турлитава, ќебапчиња, пинџур, тавче гравче...
Applesauce, Pavlova, brussel sprouts, cherry pie, hot cross buns, muffins, pork
pie, Yorkshire pudding
Б) облеката : антерија, mантија, налани, опинци, срма, џамадан, вута
Doublet, ruff
-географски или климатски појави:
Понорница
Cliff, dale, glen, loch
-општествено политички живот: здравствен дом, здравствена книшка,
сини картончиња, месна заедница
The House of the Commons, The House of Lords, Beefeaters
-образование:
индекс, насочено образование
TOEFL, TESOL
NB: (домашна задача: да се најдат објаснувањата на овие поими!)

15 слајд
Безеквивалентната лексика се решава преку:
1.Транскрипција:
хит, спот, (според англиските: hit, spot)
2. Превод (замена):
а) неологизми, б) приближен превод и в) констекстуален превод

Постојат неколку начини за ефикасно пренесување на овие поими кои во


ЈП се сметаат за безеквивалентна лексика кои се групирани во две класи :
- Транскрипција при која се внесува зборот со адаптација на графемите
кон писмото на ЈП, а се цели кон што е можно поголемо сочувување на
изговорот. Оваа постапка дава посебно обележје на преводот со што се
пренесува колоритот од ИЈ и се постигнува поголема убедливост кај
читателот на ЈП. Примери за ова се зборорвите: хит, спот, (според
англиските: hit, spot). Но, пречестата употреба на странските зборови
може да го отежне читањето.
-превод (замена) која разликува користење на: а) неологизми, б)
приближен превод и в) констекстуален превод
10
16. слајд
а) неологизми: калки, полукалки,адаптации и семантички неологизми
калки
табела

а) неологизми
Неологизмите се збороби или група на зборови кои не постоеле во јазикот,
а се создадени по углед на странски јазици. Тие може да се создадат на
неколку начини, па според тоа разликуваме: калки, полукалки,адаптации и
семантички неологизми
-калките се неологизми кои се создадени по угледот на странскиот збор
или група на зборови и притоа станува збор за корисење на лексика која
постои во ЈП:
Англиски Македонски
Antidote Противотров
Archduke Надвојвода
co-driver Совозач
Ultrasonic Надзвучен

17 слајд
Полукалки
Табела

-полукалкирање е начин на создавање на нови зборови по угледот на


странските, но во овој случај еден дел од зборот или групата зборови се
преведува, а другиот се транскрибира:
Англиски Македонски
Holy grail Светиот грал
Mini-skirt Мини-сукња
Ex-president Екс- претседател
Ultra-left Ултралев
Pseudo-scientific псевдонаучен

18 слајд

11
-адаптација е кога странската реалија добива форма на јазикот на
преводот. Притоа може да се промени родот на странскиот збор во однос
на ИЈ:
Германски Македонски
Muster m. Мустра ж.
Schnitzel n. Шницла ж.
Англиски
Rock and roll Рокенрол
Computer Компјутер
Outlet Аутлет

19 слајд
-семантички неологизам е нов збор или синтагма кој преведувачот го
составува за да го предаде значењето на реалијата. Се разликува од
калките зашто нема етимолошка врска со зборот од ИЈ.
Во продолжение се два примери од Шекспировата драма Бура со по две
решенија од Д. Михајловски и Б. Ѓузел
Ш ДМ БЃ
Demi-devil Копиљ ѓаволски Полуѓавол (калка)
Demi-pupets (џуџести Џуџе-надворштини Кулки-џуџиња
кукли или самовили,
мали духови
20слајд
Б) приближен превод
Приближниот превод е најчестиот начин на предавање на реалиите во ЈП.
На овој начин се предава содржината на зборот, но не и колоритот што
истиот го носи. И во оваа подкласа на т.н. замена се појавуваат неколку
варијанти:
-генерализација пришто преведувачот користи зборови со пошироко
семантичко значење. На пример наместо видот со најблизок еквивалент
се преведува родот:
1.,,Жолта”, ,,мастика”, бидејќи се видови на ракија (жесток алкохолен пијалок што се
добива од фрментирано грозје) на англиски се преведуваат со најблискиот преводен
еквивалент: brandy (A strong alcoholic spirit distilled from wine or fermented fruit juice.)
2. ,,Т’га за југ”, ,,Кратошија” кои се видови вина, се преведуваат со wine,
3.,,басма”како вид на ткаенина се преведува со fabric, ,,шајак” како вид на ткаенина
со посебна употреба со cloth.
21 слајд

12
-неутрализација- кога во преводот се користи соодветен преводен
еквивалент, но не и колоритот од оригиналот:
Мерак –wish; муабет-chat;каленица- (wooden) bowl
-функционален еквивалент со кој кај примателот на преводот се
предизвикуваат слични асоцијации како во оригиналот:
Ни денар-not a penny; опинци-rawhide sandals(rawhide=сирова кожа)

22 /23слајд
-опис, објаснување –начин кон кој се посега кога се исцрпени сите други
можности:
Аргатлак-day labour, difficult work, кавал-shepherd’s flute; кандило-icon
lamp;
Squatter- бесправен населеник; squaw man-белец оженет со индијанка
Tepee- индијански шатор ( но и вигвам што во нашиот јазик е прифатена
транскрипција под која ние подразбиаме индијански шатор и тоа
поконретно tepee, зашто всушност има ралика меѓу tepee и wigwam во
конструкцијата и материјалот од кои се направени!)

24 слајд
-контесктуален превод е превод во кој еквивалентот одговара на одреден
контекст, а се разликува од преводните еквиваленти за лексиката
понудени во речниците:
Верни на линијата- committed to Party ideology
Но, и јас не бев непоткован- But I was equal to her little game
(примери од расказот ,,Орден” од Ж.Чинго)

13
25слајд
ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗМИ
Целосната, делумната и непостоењето на еквиваленција особено
доаѓаат до израз кога се преведуваат интернационализми. Овие зборови се
користат во повеќе јазици, а често водат потекло од грчкиот и латинскиот
јазик. Честопати предизвикуваат проблем зашто иако имаат слична форма,
во различни јазици тие навлегле со различно значење, па тоа зане да внесе
забуни за преведувачот.
Интернационализмоте се групираат во три групи:
Прави парови со еднакво значење
научно-техничките области:
Англиски Philosophy, mathematics, optimal,
cylinder
Германски Philosophie, Mathematik, optimal,
Zylinder
Македонски Филозофија, математика,
оптимален, цилиндер

26 слајд
Лажни парови
Овие лексеми предизвикуваат најмногу проблеми за неискусните
преведувачи. Тоа се зборови кои во ИЈ и ЈП имаат иста форма, но
различно значење.Во англискиот јазик се нарекуваат false friends, false
pairs, deceptive cognates (слични зборови кои мамат).
Постојат различни критериуми по кои се определуваат лажните
парови. Првиот е фонолошката сличност, па може да се рече дека тие се
хомофони. Но, тука не спаѓаат сите зборови кои звучат исто или слично,
туку само оние кај кои е изразен странскиот елемент и се чувствува дека
не припаѓаат на мајчиниот јазик на говорникот. Тоа значи дека
македонскиот збор топ (оружје) и англискиот top (врв) не се лажен пар.
Но, македонскиот амбуланта и англискиот ambulance се лажен пар:
амбуланта е ,,установа или просторија за давање здравствена помош”, а
ambulance е ,,кола за брза помош”; генијален во македоснкиот јазик значи
,, извонредно надарен”, а англискиот genial значи ,,благ, срдечен”;
македонскиот прилог евентуално значи,,можно”, а англискиот eventually
знаќи ,,конечно, на крајот” . Ова покажува дека вториот критериум по кој
се одредуваат лажните парови е сематничкиот.

14
Веќе истакнавме голем број од овие лексеми имаат потекло од
старо- грчкиот или од латинскиот јазик, но може да потекнуваат и од живи
јазици. Во, секој случај, кога навелгуваат во јазикот-примател, тие се
здобиваат со друго значење. Еден пример е зборот деликатес: тој води
потекло од францускиот delicatessen што значи ,,нежност, префинетост”
(од латинскиот delicatu), во германскиот тој станал Delicatesse(n) што
значи ,,префинета храна”, па со тоа значење навлегол и во македонскиот
јазик. Ова покажува дека лажниот пар меѓу два одредни јазика, не мора
да е лажен и помеѓу други два: на пример генијален е лажен пар со
англискиот genial, но не е и со францускиот genial , со кој имаат исто
значење.

27 слајд
Лажни парови со делумно совпаѓање
а) архаизми
Се очекува вистинските парови да не прават проблем, но понекогаш
се случува, поради напуштањето на зборот во ИЈ, кадешто тој всушност
станал архаизам, да се постигнат лажни парови со извесно делумно
совпаѓање како во следниве примери:
Аналфабет (неписмен) Eng. :analphabet Illiterate (modern word)
Аптекар Fr.: apothеcarie Pharmacien (modern
word)
Хеликоптер Ger.: Helikopter Hubschrauber
Зборот матура иако има германско потекло, во Германија се
преведува со Abitur (Abi), додека во Австрија се нарекува Matura

15
28 слајд
б) полисемија
Лажните парови со делумно совпаѓање може да се лексеми кои имаат
иста форма, но се полисемични. Постојат два случаја: кога лексемата од
ИЈ има пошироко семантичко поле од онаа во ЈП (Л1>Л2) и кога Л1 има
потесно семантичко поле од Л2 (Л1<Л2). Ако преведувачот не е запознаен
со семантичкото поле на зборот во ИЈ и ЈП, тогаш може да дојде до
погрешен превод. На пример во македонскиот јазик зборот акција
соодветствува на англискиот збор action, па и во фразите човек од акција и
воена акцијана англиски се преведува со зборот action: man of action,
military action, но не и во:
- работна акција- voluntary work drive
акција за описменување-literacy campaign
акција за спaсување- rescue operation
акција за сигурност во сообраќајот- traffic safety plan
акција за собирање помош- collection funds…
Преведувачите се запознаваат со лажните парови за време на
нивните студии по странскиот јазик, но не и со сите можни лажни патови
со делумно совпаѓање во значењето и од тие причини, мора многу да се
внимава и да се консултираат детални речници.

ПРАШАЊА

1. Што е фонолошко преведување?


2. На кој начин се постигнува преводна еквиваленција при
фонолошкото преведување?
3. Како се обележуваат гласовите во англискиот јазик?
4. Кои се причините за отежнување на преводите на лексички
содржини?
5. Објасни што е ,,полисемија” и наведи еден пример.
6. Кои се трите случаи на постигнување еквиваленција на лексичко
ниво и наведи по еден пример.
7. На кои начини може да се реши безеквивалентната лексика?
8. На кои начини може да се создадат неологизми?
9. Кои се варијантите на приближниот превод и наведи по еден
пример.
10.Во кои три групи се делат интернационализмите?

16
11.Кои се причините за појава на лажни парови со делумно
совпаѓање?
12.

17
18

You might also like