You are on page 1of 17

II лекција

1. Што е толкување?
 Толкувањето односно интерпретирањето,е интелектуална активност што се
состои од усна или јазична комуникација,силмултано или консекутивно, меѓу
двајца или троја соговорници кои не зборуваат на истиот јазик.

2. Кои фактори придонеле за негово развивање?


 Низ вековите толкувањето се повеќе се ширело како резултат на повеќе
фактори. Еден од нив било ширењето на религијата, друг фактор што
повлијаел на развојот на толкувањето било добата на откритијата на
нови светови.
3. Кои биле првите преводи пред нашата ера? 
 Епот за Гилгамеш
 Хуритски епски песни
 Значењето на Каменот Розета

4. Кои се проблемите на периодизацијата на теориската мисла за преведувањето?


 Проблеми на периодизацијатa
 Џ. Штајнер: Цицерон -1791; 19в. -1946; 1940-ти – денес ; 1960-ти – денес
 Е.  Истхоуп: Културалистички (проширување на поимот култура- 1960-те),
структуралистички (однос текстуалност: хегемонија- 1970-те), пост-структуралистички
(признавање на културен плурализам- 1980-2000).

5. Кои се основните карактерстики на Моделите на Ероним, Хорациј и Шлаермахер?


Моделот на Ероним
 Станува забор за Св. Ероним,  4-5в н.е. кој го направил првиот превод на Библијата од
грчки и хебрејски на латински јазик. Преводот би познат како Вулгата и бил званичен
библиски текст на римокатоличката црква се до 1979 година кога е
објавена Неовулгатата. До појавата на преводот на Ероним постоел само грчки
(кириличен) текст  на Новиот Завет. А, Св. Ероним се смета за заштитник на
преведувачите.
Ероним се залагал за превод на Библијата кој ќе ја пренесе смислата на светите текстови,
еквиваленцијата која се очекувало дека може да се постигне се однесувала главно на
лингвистички план. Значи станува збор за буквален превод во кој не би смеело да се
изгуби светото значење на оригиналот. 
Моделот на Хорациј
 . Тој се залагал за ,,верен превод”, но верноста не била поврзана со оригиналниот текст
туку со очекувањата на читателите на преводот.Тој се залагал за тоа преводот да
биде во духот на јазикот и според вкусот на културата на јазикот цел.
Моделот на Шлаермахер       
 Теориските погледи кои поддржуваат т.н. нетранспарентност биле особено
карактеристични за германскиот романтизам кој пак бил под очигледно влијание на
телогот  и филозоф Фридрих Шлаермахер. Овој филозоф го поддржувал методот на
сочувување на ефектот на туѓост. На тој начин читателот на преводот чувства дека
чита превод и е свесен за различната култура од која доаѓа изворникот .

6. Нброј најмалку 5 преведувачи од римскиот период.


Римски период
-Цицерон (106-43г.п.н.е.)  За ораторот, За границите на доброто и на злото
- Хорациј (65-8г. п.н.е.) Уметност на поетиката
- Квинтилијан (35-96г.) Водач за реториката
- Плиниј Помладиот (61-112 или 62-113 г.) Писма
-Ероним Софроник –Св. Ероним (345-419/20г.) Писмо до Палахус
-Аурелиј Августин(353-430г.) За христијанската доктрина

7. Кои се основните карактеритики на теориската мисла за преведувањто во римскиот


период?
 -разликување помеѓу превод збор на збор и смисла за смисла
- стремеж на збогатување на литературата и јазикот преку преведувањето, па преведувањето
се сметало за вештина вклучена во создавање на уметнички дела, а не вештина на добивање
адекватен превод. Но, и тоа да се прави со мерка.

8. Кои биле првите преводи на целата Библија?


Преведување на Библијата
 -Вулфил – готски
 -Ероним- латински
 - Св. Кирил и Методиј –старословенски (Трактат за преведувањето
9. Кои ставови ги изнел Матодиј во Трактатот за преведувањето?
 Залагање за сематичкиот приод пред формалистичкиот, зашто без значење гласовите не
можат да го пренесат божественото слово.
 Препознавање на потешкотии при пронаоѓање на преводни еквиаленти поради
различноста на грчкиот и старословснекиот јазик.
 Проблемите од претходниот став упатуваат на сознанија за разликите во лексичките
полиња на грчко-словенските синоними, па е невозможно да се постигне едновремено
адекватен превод и во семантички и во формален поглед.
 Постигнување на содржински верен превод кој ќе биде разбирлив и за Словените кој ќе ја
постигне целта на преведувањето а тоа е разбирање и прифаќање на христијанството.
Биле разгледувани различните граматички категории како род и број на именките и бил
заземен став дека мора де се постапува според барањата на јазикот цел, а не по секоја
цена да се сочувуваат формално-граматичките карактеристики на јазикот на изворникот.
 Преводот на св. Кирил и Методиј и нивната Панонска мисија придонеле  за тоа
старословенскиот  да се вклучи меѓу првите јазици посредници на кој се проповедал
Божјиот збор, покрај грчкиот, латинскиот и хебрејскиот
10. Кои се карактеристиките на преводите на Библијата меѓу 14 и 16 век?
Преведување на Библијата на англиски јазик 14 век
 Лолардите: Џон Виклиф, (превод 1380-84)  и Џон Перви (1408)
 Групен напор да се соберат стари Библии, толковници на зборови и фрази и востановување на
автентичен латинкски текст.
 Споредба меѓу верзиите
 Советување со стари граматичари и теолози во врска со тешки зборови и сложени значења
 Преведување на реченицата што е можно појасно (превод на значењето) со корекции од страна
на група на соработници

Преведување на Библијата -16 век

      В. Тиндејл
 Е. Ротердамски
        М. Лутер
 Генерализација на идеите
 Прочистување на грешките од претходните верзии
 Да се произведе пристапен и естетски задоволителтен народен стил
 Да се појаснат деловите на догмите и да се редуцира широчината во која може да се оди при
толкување на Светото писмо на лаиците.

11. Кој е преведувачот на Библијата на макдонски современ јазик и низ колку етапи
минало ова преведување?
ПРЕВОДОТ НА БИБЛИЈАТА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
 Преведувач: Ѓорѓи Милошев, подоцна Гаврил, архиепископ охридски и македонски
 Три етапи: 1942-44 самоиницијативни преводи на евангелијата
 1945-57 Апостолот,  Посланијата, Делата апостолски, Откровението
 1957-1990 Преведување на Стариот завет
 Препораки околу преведувањето
 Решенија на одредени преведувачки дилеми
 (Гиревски, А. (2004) Македонскиот превод на Библијата.Скопје, стр.155-160 и 272-273)
III лекција

1. Каква функција и цел имало преведувањето во IX век во Европа и посебно во Англија и Македонија?
 Во 9 век се појавил преводот на Св. Кирил и Методиј на Библијата на старословенски јазик, а во Англија кралот
Алфред Велики наредил да се преведат бројни текстови од латински на староанглиски. Меѓу нив била и
Црковната историја на англискиот народ од Бид напишана еден век порано. Кралот Алфред и самиот
преведувал. Во предговорот на книгата од папата Гргур I (Григориј Велики) Cura Pastoralis, за грижата на
парохиските свештеници, кралот Алфред открива дека на места преведувал збор-на-збор, а на места смисла-на-
смисла. Тој гo поттикнувал учењето преку поголем и директен достап до текстови кои биле преведени на
народен јазик и во исто време тврдел дека англискиот има право да биде литературен јазик. Била воочена
моралната и дидактичка цел на преводите , а не само чисто инструменталната улога во функција на
проучувањето на реториката .
2. Каде се создавала средновековната книжевност во Македонија?
 Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската книжевна школа, формирана во 886 година
од Климент Охридски, а од 893 година му се придружил и Наум Охридски. Остатоците од оваа школа не се
зачувани, но се лоцира во охридската месност Имарет. Како обележје на оваа школа е што ја
зачувала кирилометодиевската глаголска традиција .
3. Кои биле трите категории на кои била поделена англиската средновековна книжевност и наведи примери.
 Оваа книжевност се дели во три категории: религиозна, љубовна и артуровска. Меѓу најдобрите дела од овој
период се сметаат „Орачот Пирс“ (Piers Plowman) од Вилијам Ленгленд, „Кантербериски приказни“ (The
Canterbury Tales) од Џефри Чосер и „Сер Гавејн и зелениот витез“ (Sir Gawain and the Greene Knight) од анонимен
автор.

4. Какво опишување на преведувањето во средниот век предлага италјанскиот лингвист од 20 век, Џ.


Фолена?
 Италијанскиот лингвист Џанфранко Фолена ( 1920-1992) предложил преведувањето во средниот век да се опише
или како вертикално , т.е. превод на народен јазик од некој престижен јазик на кој бил напишан оригиналот (пр.
латинскиот), или хоризонтално при што и јазикот на оригиналот и јазикот на преводот биле еднакви по важност
(пр. од провансалски на италијански, од нормански француски на англиски и сл
5. Кои фактори ја усовиле појавата на хуманизмот и ренесансата?
 Имало повеќе фактори кои ја условиле појавата на хуманизмот и ренесансата:
-нездоволството со условите во средниот век кога црквата била семоќна и ги казнувала сите кои & се спротивставувале;
-настанокот на градовите и појавата на граѓанска класа;
- пронајдоците во науката.
6. Кои фактори во 16 век придонеле за тоа англискиот јазик дасе утврди како литературен јазик?

7. На кои книжевни периоди се дели англиската книжевност од 16 век и наведи неколку автори од тоа
време.
Елизабетанско доба
 Книжевноста за време на елизабетанското доба доживува процут, особено на полето на драмата. Најистакнатиот
поет и драмски писател од овој период е Вилијам Шекспир. Други значајни имиња од елизабетанскиот театар
се Кристофер Марлоу, Томас Декер, Џон Флечер и други. Најважните поети од ова време се Едмунд Спенсер и сер
Филип Сидни. И самата Елизабета понекогаш пишувала поезија
Јакобинска книжевност
 По смртта на Шекспир, водечка личност во јакобинскота доба (времето на владеењето на Џејмс Први) бил Бен
Џонсон, поет и драматург.Тој е мајстор за драми, како и одличен сатирист.
 Бомонт и Флечер, двајца помалку познати драматурзи, го следеле стилот на Џонсон.Една од главните заслуги на
Бомонт и Флечер е што забележале дека феудализмот и витештвото се претвораат во малограѓанштина и
снобизам, и дека нови социјални класи се во подем.
 Уште еден популарен жанр била т.н. одмаздничка трагедија. Позначајни писатели се Џон Вебстер, Томас
Кид и Џорџ Чепмен, иако најглавната заслуга на последниот е неговиот познат превод на Хомер.
8. Кои се сличностите а кои разликите во ставовите за преведувањето на Доле и на Чепман?
 Преведувачки процеси:
Петте принципи на Етјен Доле (1509-46) во Како добро да се преведе од еден јазик на друг:
-разбирање на смислата и значењето на оригиналниот текст
-да се одбегнува преведување збор-на-збор
-одлично познавање на ЈО и ЈП
- употреба на говор кој е вообичаено во употреба
-бирање и подредување на зборовите на начин на кој ќе се постигне коректен тон.
Принципите на Џорџ Чепман
 одбегнување на превод збор-на-збор
 стремеж кон постигнување на ,,духот” на оригиналот
 засновање на преведувачката работа врз проучување на други прифатени верзии и глоси( кратки белешки со
објаснување или превод на тежок или технички израз најчесто вметнат на маргините лили меѓу редовите на
текстот или ракописот.) со цел одбегнување на премногу слободен превод
9. Кој принцип во преведувањето го застапувал Вајат и наведи примери.
 Вајат ги преведува на начин кој упатува на настан современ на неговите читатели, имено падот на Томас
Кромвел во 1540. Значи има тенденција за верност кон предизвикување на исто значење со преводот кај
читателот на ЈП какво што имал изворникот кај читателот на ЈИ. Но, Вајат се залагал и за адекватно
.
пренесување на формата Тој, лично ја пренел најчестата италјанска форма т.е. го делел сонетот на два
дела: октава (осум стиха) и скестет (шест стиха) со рима abba, abba, cd,cd,ee. Англискиот поет Сари ( Хенри
Хауард, грофот од Сари, 1517-1547) ја видоизменува формата на сонетот во три катрени и куплет со шема на
римата : abba, cdcd,efef,gg
10. Кој го вовел сонетот во англиската култура и како тој се развил во оваа средина?
 Инаку Сари прв го применил т.н. бел стих (blanc verse)- неримуван јампски пентаметар (_ / _ / _ / _ / _ /) или
десетерец. Во овој ,,необичен метар” тој превел две пеења од Виргилиевата Енеида, но повеќето денешни
читатели оваа стапка ја поврзуваат со Шекспир и со неговите драми
11. На кои литературни форми била поделена книжвноста во времето на класицизмот?
Три литературни форми:
 -висока форма: епови, оди, химни и трагедии
 -средна форма: елегии, сатири и дидактички пишувања
 -ниска форма: комедии, бајки

12. Каква литература се развила во Англија во турбулентните случувања во 17 век?


 Поради турбулетната средина на XVII век, времето на владеењето на Чарлс Први, како и подоцнежната
република и протекторат, во Англија се раѓа политичката литература.
13. Што се случувало со театарот во овој период?
 За време на владеењето на Чарлс Први (1625-1642), театарот ги доживува последните успешни денови. По
последните драми на Бен Џонсон и другите значајни имиња на тогашната драма (Џон Форд, Филип
Масинџер, Џејмс Ширли и Ричард Брум), избива граѓанската војна во 1642 година и театрите се затвораат сè
до 1660, времето на реставрацијата.
14. Наведи ги ставовите за преведувањето на Д’Абланкур и Де ла Мот?
 Никола Перо д’Абланкур (1606-1664) кој во предговорот на преводот на Лукијан кажува дека кога
преведувал не се придржувал ниту на зборовите, ниту на мислите на авторот, туку го имал на ум ефектот
што авторот сакал да го постигне и материјалот го уредувал според модата на неговото време.
не бидат исмеани.
 Еден друг француски пистел, критичар и преведувач, Антоан Худар де ла Мот (1672-1731) отишол уште
подалеку кога ја преведувал Илијадата: имено тој не само што го менувал она што сметал дека е непријатно,
туку од 24 книги Хомеровово дело го скратил на 12! Тој го адаптирал оригиналното дело во жанрот кој
доминирал во неговото време, а тоа била трагедијата.
15. Какви видови превод предлагал Џ. Драјден и како ги вреднувал?
Трите вида превод на Џон Драјден:
 -метафраза или преведување збор-на-збор и стих по стих;
 -парафраза или ,,превод во широчина”кој не ги следи зборовите така стриктнокако што ја следи смислата;
 -имитација или менување или напуштање на зборовите и смислата на оригиналот.
16. Кој книжевен жанр се развил во 18 век и кои биле неговите поджанрови?
 18 век во книжевноста се карактеризира со развој на модерниот роман како литературен жанр. Поджанровите
на романот биле епистоларниот и сентименталниот роман, готскиот роман и либертански
(сладострастен) роман.
17. Какви промени се случиле во однос на критичките жанрови и родови во Англија во 18 век?

18. На кој преведувачки модел (Еронимов, Хорациев или Шлаермахеров) припаѓале Перво и Турнер и објасни
зошто.

19. Кој бил ставот на Волтер во однос на преведувањето?
 Познатиот француски писател и филозоф Волтер (1694-1778) го превел Шекспир и во предговорот на
неговиот превод на Јулиј Цезар истакнал дека читателот на преводот може да го спореди Шекспир со Корнеј
само ако неговите мисли и стил на пишување се пренесени и во преводот. Затоа Волтер употребил бел стих
онаму каде бил таков стихот на Шекспир, во проза ги превел само прозните делови на оригиналот. Оние
делови кои говорат за скроми и обични работи соодветно ги превел и го постигнал истиот впечаток и во
преводот, а на местата каде што авторот пишувал со возвишен стил, тоа го сторил и преведувачот.

20. Што треба да содржи преводот според Тајтлер?


 Преводот треба да даде целосен препис на идеите на оригиналното дело;
 Стилот и начинот на пишување треба да бидат од ист карактер како оној во оригиналот;
 Преводот треба да ја има сета леснотија на структурата на оригиналот.
21. По што се слични, а по што се разликуваат ставовите на Ж. Делил од една страна и на Лајбниц, Брајтингер
и Хердер од друга?
Францускиот поет и преведувач Жак Делил (1738-1813)
 да ги проучат природите на двата јазика,
 -да бидат верни онаму каде тоа природата на јазиците го дозволува, но онаму каде тоа не е можно,
 -да се најде еквивалент што му одговара на јазикот на преводот кој во исто време го следи духот на авторот. Ова
тој го појаснува со следниот пример: да не се користи раскошниот стил на Овидиј кога се преведува Вергилиј кој
пак е познат по едноставноста и прецизноста.
 Делиел всушност се залагал за репродуцирање на ефектот што авторот сакал да го постигне со своето дело.
Затоа тој предлага при оценувањето на преводот да не се споредуваат одделните стихови на оригиналот и на
преводот туку да се оценува целокупното дело
)
Познатиот филозоф и математичар Лајбниц (1646-1716 сметал дека богатството или скудноста на јазикот на еден народ се
огледа во неговата способност буквално да се преведуваат големи и значајни дела од друг јазик. Иако бил свесен дека целосно
преведување на едно дело збор-на –збор е невозможен, сепак укажувал на можноста за проверување на границите на јазикот
цел преку буквалните преводи.
 Швајцарскиот филолог и писател Брајтингер (1701-1776) се залага за верност во однос на оригиналот:
Преводот заслужувал толку пофалби колку што е верен на оригиналот. Затоа преводот не смеел да биде
оддалечен ниту од мислите ниту од формата на оригиналот.Тој сметал дека со нивно здражувае можел да
биде задржан и истиот степен на светлина и сила на оригиналот.
 Единството на двата концепта при преведувањто, на проширувањето и на верност најдобро го изразил
Хердер (1744-1803), познат германски филозоф, критичар и централна личност на движењето Strum und
Drang. Хердер сметал дека не е можно да се преведува доколку не се разбира културата од која се
преведува. Тој ги проучувал јазичните проблеми и го поддржувал учењето на странски јазици со цел
запознавање со други култури. Сржта на преводот, а тоа според Хердер е верноста кон духот на јазикот,
била и услов кој овозможувал културата на восприемачот да се отвори кон странското и овозможувал таа да
се проширува.
22. Кои преведувачки процеси или етапи, според Гете, требало да ги помине германската култура?
 -првиот ги запознава читателите со она што е туѓо преку поими познати за нив. Овој превод нема естетска
вредност, но овозможува усепешно претстување на нови и непознати содржини. Како пример за овој вид Гете
го наведува преводот на Мартин Лутер на Библијата;
 -вториот е оној во кој преведувачот ја усвојува странската содржина, но ја репродуцира на свој начин. Овој
вид тој го нарекува пародијски и бил често застапуван во преводите на познати дела на француски јазик, па
како пример Гете го споменува Делил, за кого зборувавме порано.Од преводите на германси јазик тука ги
препознава преводите на Шекспир од страна на германскиот преведувач Виланд;
 - третиот вид на превод му наметнува на преведувачот за цел да постигне идентичност со оригиналот. Се
очекува преведувачот да се врзе со оригиналот на тој начин што во исто време ќе ја напушти оригиналноста
на својата култура. Овој вид на превод Гете најмногу го ценел.

IV лекција

1.Од кои општествено-историски случувања била условена појавата на романтизмот?


Раѓањето на романтизмот е условено од општествено-историските случувања. Романтизмот се јавува во
време на:
 големи општествени потреси и национални движења,
 во периодот на дотрајувањето и распаѓањето
 на феудалните општествени односи и зајакнувањето на граѓанството.

2.Кои биле причините за појавата на романтизмот?


Причини за појавата:
 неусогласена граѓанска идеологија и стварност
 -заситеност од идеалот за власта на разумот

3.Кои автори и дела придонесле кон создавање и развивање на роматичарскиот животен идеал?
 -Жан Жак Русо (1712-1778):  Јулија или новата Елоиза и  Исповеди основа на романтичарскиот
субјективизам и чувственост
 -Франсоа-Рене да Штаобијан: усвојување и ширење на поимот ,,болката на светот” (Das Weltschmertz)
 - Џорџ Гордон Бајрон : дефинитивен облик на романтичарскиот животен идеал
 -Шилер и новиот лик на разбојник
 -руските романтичари: Љермонтов и Пушкин
4. Кои биле најкаректеристични тематски преокупации во литературата на романтизмот?
Литературната тематика на романтизмот може да се сврзе во неколку целини:
 тематика на лични преокупации
 национално-историска тематика
 пејзажна тематика - далечните и непознати краеви
 егзотика
 окултна и мистична тематика
5. Наведи ги ставовите за преведувањето што Хумболт ги изложил во предговорот на неговиот превод на
Есхиловиот Агамемнон!
 Првиот аспект со кој тој се занимава се однесува на стилот и изразот .
 Хумболт не бил против верниот превод. Напротив, го поддржувал
6. Објасни ги општото и ограниченото преведување!
 Според општото преведување поезијата е превод на природниот јазик во јазик на уметноста. Ова е
интралингвистичкиот превод според Јакобсон. За Новалис поезијата била преведување. Во согласност со
романтичарскиот стремеж кон далечното и непознатото, јазикот е подигнат на ниво на мистерија: познатите зборови
станале странски, се доаѓа до далечното кое иако е нерзбирливо станува полно со значење.
 Ограниченото преведување се однесува на преведување помеѓу различни јазици (Јакобсоновиот
интерлингвистички превод). Иако романтичарите ги сметале критиката и разбирањето на делата супериорни
во однос на преводите, сепак се залагале за тоа сите дела да се преведат на сите јазици. Со овој вид на превод
делото се оддалечува од родната почва и на извесен начин се искоренува. Ова преведување е двоен процес
кој ја вклучува првобитната метаморфоза (од природен јазик во поетски) и новата (од еден јазик во друг).
7. Каква класификција на преводите предлага Новалис?
Новалис ги дели преводите на три вида:
 -граматичкиот превод е најовообичаениот и одговара на прозниот превод на Гете. Целта на овој вид на превод
е да ја обзнани содржината и општата физиономија на оригиналот;
 -модификацискиот превод е оној што го модифицира оригиналот кога еден тип на стих се преведува со друг
тип, како што бил случај со Биргеровиот превод на Хомер во јампска стапка или преводите на француски
јазик;
 -митскиот превод е оној што го издига оригиналот до состојба на симбол. Според Новалис пример за овој вид
превод е грчката митологија која е всушност превод на националната религија. Новалис сметал дека сé може
да се преведе со овие три вида на превод.
8. Што знаеш за преводите на Шлегел на Шекспировите дела?
 на неговиот потфат дека ќе го преведува Шекспир, тој изјавил дека преводот ќе биде и верен и поетски. Тоа
значело дека нема да прави никакви модификации, разубавувања или скратувања за да го направи текстот по
вкусот на тогашната пубилка, а во исто време ќе ја задржи и формата и особено она што текстот на Шекспир,
кој бил наменет за сцена го правел мелодичен. За Шлегел поезијата била систем на лингвистички, метрички и
ритмички форми кои поетот ги користи на супериорен начин.
9. Какви категоризации на преводите предложил Шлаермахер?
 Шлаермахер- преведувањето
и херманевтиката

 Видови превод:
 -генерализиран и ограничен
 -толкување и преведување
 -неавтентичен и автентичен

 Преведувачки тактики:
 -парафраза
 -повторно создавање

10. Востанови постулати за преведувањето на англиски јазик во 19 век врз база на преведувачките
активности и теориски размисли на преведувашите од 19 век (В. Морис, Т. Карлајл, М. Арнолд, В.
Лонгфелоу, Е. Фицџералд)!

V лекција
1. Какви биле состојбите во Македонија во 19 век?
Состојбите во Македонија во 19 век:
-5-тиот век од турското ропство
-стремежи за елинизирање на македонскиот народ
-бугарска пропаганда (со создавањето на Бугарската егзархија, 1870 )
-просветителство
-учебникарство
-преродба

2. Што е Четиријазичникот?
 За прв печаетен текст на македонски јазик се смета македонскиот столбец во Четиријазичникот на
даскал Данаил од Москополе (заедно со грчкиот, влашкиот и албанскиот дел) објавен во 1802. Ова
е и прв печатен превод на македонски. Го извршил охриѓанецот поп Стефан, а според некои
особености се смета дека тој ги користел битолскиот односно охридскиот говор. Книгата била еден
вид разговорник со паралелни текстови на споменатите јазици. Биле вклучени поуки од
географија, религија, напатствија за пишување писма и документи, а сето тоа било напишано во
дијалошка форма- разговор помеѓу учителот и ученикот (по примерот на дотогашната европска
пракса). Но, книгава всушност имала антимакедонска цел зашто требало да помогне во побрзо
совладување на грчкиот јазик од страна на Македонците, што било во прилог на грчката
асимилаторска политика.

3. Кои се општи карактеристики на преводите на Крчовски и Пејчиновиќ?


 Крчовски: „Чудеса пресвјатија Богородици“ превод на Арматолон Сотириа (На грешните
спасение) Агапиј Ландос Критски
 слободен приод во преведувањето, уфрлање авторски коментари

4. Кои се преводите на Партениј Зографски?


 Во рамките на дејноста на учебникарите долго време се сметало дека првиот македонски
учебникар е Партеније Зографски (1818-1876), со двата учебника под наслов: Кратка свјаштенаја
историја на ветхо и Новозаветната црков (1857) и Началное учение за децата (1858). Но, една
библиографска одредница кон првиот наслов укажува на фактот дека станува збор за превод:
Кратка свјаштенаја историја на ветхо и Новозаветната црков преведена од архимандрита
Партенија Зографски, Цариград, 1857. 8.108 (пришто не се кажува чив е оригиналот!). А, и за
втората книга се смета дека е само редактирана од Партенија , а за автор се смета Анатолиј
Зографски (17??-1848) архимандрит и учебникар од Македонија кој печател во печатницата на
Теодосиј Синаитски во Солун.
Партеније Зографски го превел Пространото житие Климентово од Теофилакт од
црковнословенски на народен јазик, па со тоа, смета науката, заслужува посебно место како литературен
преведувач.

5. Што знаеш за преводите на К. Миладинов и на Р. Жинзифов?


 Во науката е познато дека Константин Милдинов превел дел од книгата За превославните црковни
братства во југозападната Русија од Флеров, од руски на мајчин јазик. Со овој превод тој активно
ја поддржал антиунијатската борба што се повела во Македонија. Јазичната анализа на преводот
укажува на ориентација на преведувачов кон јазик што поразбирлив за луѓето од ,,загрозените
подрачја”. Интересен е податокот дека оваа книга се појавила во неверојатен тираж од 10 000
копии!

 Рајко Жинзифов преведува истотака на чуден јазик, ,,помакедончен” бугарски. Тој препејувал
поезија од старо-руски, украински, руски и чешки. Ги препеал Слово о полку Игорове, Каледворски
ракопис и Гусљарот. Пепејувал мошне слободно во поглед на содржината и метриката.

6. Колку и какви биле преводите на Илијадата на Г. Прличев и каква ,,судбина” имале тие?
 2 превода,но и двата биле неуспешни.
7. Колку и какви преводи на сопствените дела Сердарот и Скендербег направил Прличев?

 Прличев ја препеал сопствената поема Сердарот. И овој превод ги има карактеристиките на


преводот на Илијадата: јуначки десетерци од народната поезија (4+6), и скратувања во однос на
оригиналот, со чести парафрази и промена на некои имиња: (Малја наместо Марија, Сара наместо
Фотина). Но, бидејќи преводот е од авторот на оригиналот, ова може да се смета за втор оригинал.
Се смета дека бил направен (или дека Прличев барем бил со намера да направи) уште еден превод
и тоа на неговиот општословенски јазик.
 Најпосле и случајот на преводот на Скендербег конечно е расветлен. Пронајден и расчитан текстот
на автографот на Прличев беше објавен во специјално издание во 1997 година. Преводот е на
oпштословенскиот јазик на Прличев и е пократок од оригиналот за цели 1622 стиха, но затоа, пак
додадени се епизоди кои во грчкиот оригинал биле само загатнати. Благодарение на овој превод се
реконструирани епизоди од грчкиот оригинал кои биле изгубени. Во метричка смисла, преводот го

следи оригиналот, а бил напуштен метарот на Илијадата и на Сердарот .

VI лекција

1. Како се класифицираат науките?


o Научните области најчесто се класифицираат во две главни групи:
 -природни науки или проучувања на природниот свет и
 -општествени науки или систематизирано проучување на човековото однесување и на општеството.
 Постои и проширена класификација на вториве на: општествени, хуманистички науки и уметности
2.Како науките жаргонски се делат?
 Природните науки жаргонски се нарекуваат ,,тврди науки”, а хуманистичките се нарекуваат ,,меки” .
3. Дали постои општа теорија на преведувањето?
 Некои експерти за преведувањето тврдат дека општа теорија на преведувањето не може да постои. Најда, на
пример, потешкотиите ги препознава во тоа што секој јазик ја отсликува културата од каде потекнува. Па, затоа,
пред да се востанови општа теорија на преведувањето, треба да се дојде до општо прифатлива теорија на културата
до која може да се дојде уште потешко отколку да се создаде стандардна теорија на јазикот.
4. Која е целта на теоријата на преведувањето?

5. Зошто науката за преведувањето се смета за интердисциплинарна?
 Оваа наука всушност е интердисциплинарна. Но, нејзината поврзаност со другите науки е двонасочна: таа не ги
применува другите науки еднострано, туку со нивната примена, воедно и нив ги проширува. Така дејствуваат и
психолингвистиката или исотријата и книжебноста.
Во нашиов случај станува збор за поврзаност на прведувањето со:

 - културолошките проучувања поради различните реалии како на пример во англискиот: pub, bay window, doublet,
ruff, beefeaters…или во македонскиот: јамболија, мангал, сокак, чардак.
 - различните историско-социолошки обележја:
 Whigs, Tories, suffragette, gentry, chartism, luddite
Бег, јаничар, комита, печалбар

 -лични имиња кои укажуваат на сталеж или период од историјата .


6. Кои се предметите на теоријата на преведувањето?
 Прв предмет: процесот на преведување и резултатот на тој процес, преводот
 Втор предмет: како до адекватно пренесување на информацијата од оригиналот во преводот
 Трет предмет: наоѓање теориски модели за решенија и вреднување
7 Во кои сегменти се согледува општествената дејност на преведувањето и толкувањето?

8.Кои се трите основни пристапи кон преведувањето?
 -Три главни пристапи: лингвистичкиот, филолошкиот и комуникацискиот

9. По што се разликуваат овие пристапи и дали се исклучуваат еден со друг?


 . Преку лингвистичкиот приод преведувањето се дефинира како јазична операција, јазичен чин, па затоа и
проблемите при преведувањето се третираат како јазични проблеми. Филолошкиот пристап е поврзан со теоријата
на литературата и главно се занимава со превод на книжевни текстови, додека при комуникацискиот пристап
преведувањето е поврзано со науката за комуникациите и теоријата на информациите.

VII лекција
1. Наведи некои специфики на судското толкување.
Судско толкување:
 -кратки јазични целини заради прецизност
 -познавање на различна терминологија: медицина, економија
 -интраперсонална компетенција за надминување на предрасуди и постигнување висока
професионална неутралност

2. Која е најмалатаединица на разбирање при консекутивното толкување?


-најмала единица на разбирањето:
 збор или група зборови поврзани со акцент и интонација

3. Кои пречки го отежнуваат аудирањето?


апстрактна содржина на поракта;
 лексеми или фрази специфични за дадена култура - ,,реалии”;
 должина и сложеност на речениците ,
 нејасен начин на соопштување на пораката;
 променливто темпо на излагањето и сл.

4. Какви постапки се применуваат во бележењето при консекутивното толкување
три постапки кои може да се комбинираат:
 -избор на зборови или синтагми со најголема концентрација на значења;
 -избор на изрази кои се состојат од два или повеќе збора кои може да се спојат;
 -издвојување на стилски маркирани зборови.

5. Кои се трите главни компоненти на бележењето наречено decalage?


 -принци на вертикализам;
 -принцип на скратување и
 -принцип на симболи

6. Кога се применува скратувањето при правењето белешки?


Скратувањето
 1.зборови кои се подолги од 4-5 букви:
 -студенти – стти, известува- извува.
 -означен род или време: избран- избн, избира- избра.
 2. повеќе зборови: зема учество-учествува, дава придонес- придонесува.
 3. Доведување под еден сврзувачки елемент:
 -за претпоставка: ако (да претпоставиме дека...);
 - за заклучок: така (може да се заклучи дека...);
 -за спротивставување: иако (и покрај, макар што....),
 но- (напротив, сепак, меѓутоа...);

7. Какви симболи постојат според начинот на кој обележуваат нешто?


Според начинот на кој обележуваат нешто, симболите се:
 1.симболи-букви
 2. асоцијативни
 3.изведени симболи
8. Какви може да бидат симболите според намената?
 Според намената симболите може да бидат: предикативни, временски, модални и симболи за
означување на квалитетот.
9. Од што зависи успешното продуцирање при консекутивното толкување?
Продуцирање
 без белешки:од звучни знаци на ЈО во звучни знаци на ЈП
 со белешки: од графички знаци од ЈО во звучни знаци на ЈП
 брзина на префрлување од еден на друг јазик:
 познавање на областа (терминологија) и на функционалните стилови
10. Какви функционални стилови постојат?
 познавање на областа (терминологија) и на функционалните стилови: научен, административен,
публицистички, уметничко-литературен, разговорен

11. Кои се условите за успешно симултано толкување?


Три услови за успешно реализирање:
 -толкувачот треба да мисли истовремено со говорникот
 -процесите на декодирање од еден јазик и кодирањето на друг се врши речиси автоматски, како
кога се зборува мајчин јазик
 - толкувачот треба истовремено и да слуша и да зборува.

12. Какви способности треба да има симултаниот толкувач?


Стручноста на толкувачот
 -школуван и обучен: додипломски или постдипломски студии и значаен број практични часови.
 -понатамошно усовршување преку:
 а) запознавање со една поширока научна област, најнапред преку популарна литература, а потоа
преку научна, или
 б) преку директно запознавање со терминологијата со изготвување на индивидуални поимници и
речници

13. Што е ,,јазична компресија” при симултаното толкување?


 јазична компресија: замената на зборови, зборовни групи или реченици со пократки јазични
единици; изоставање на оние делови од текстот кои веќе се споменати на друго место, изоставање
на делови кои не се битни, упростување на семантичката и синтактичката структура на
реченицата

14. Какви подвидови има симултаното толкување?


Подвидови:
 -од лист, кога однапред на толкувачот му се дава текстот, што може да е олсенителна околност,
но тогаш вниманието треба тројно да се дели;
 -надвор од кабина, во сала, кога на слушателот му се преведува на уво, и овој случај се нарекува
шишотаж.
15. Кои се фазите на подготовка на симултаните толкувачи пред собирот?
 - пред собирот се даваат материјали кои вклучуваат : програма на собирот, учесници, резимеа,
цели реферати; состаноци.

VIII лекција

1. Наведи некои од проблемите на машинското преведување.


Проблеми:
-лексика
-прецизен опис и споредба меѓу јазичните структури на ЈО и ЈП
-што треба машината да запамети

2. Што значат акронимите: MAHT и HAMT?


 Денес се прави разлика меѓу преведувачки работилници наречени ,,машински потпмогнат
човечки превод” (‘machine aided human translation’ (MAHT),) за разлика од ,,човечки-
потпомогната машински превод” кој се однесува на системи за машинско преведување на кои им
е потребна помош од страна на луѓе (пред или пост-едитирање) (‘human-aided machine translation’
(HAMT).

3. Со кои средства се остварува комуникацијата?


 -средства со кои се остварува комуникацијата: начин на комуникација;
4. Како се одвива комуникацијата?
 Комуникацијата се одвива помеѓу испраќач на пораката и примател, а пораката меѓу нив минува
низ канал.
5. Од кои причини се случуваат шумови при комуникацијата?
 Шумови настануваат и поради различноста на испраќачот и примателот на пораката во однос на
нивното животно искуство, идиолект и сл.
6. Кои три компоненти влијаат врз модификацијата на пораката при преведувањето?
Компоненти на преведувањето:
-лингвистичка
-психолингвистичка
-социолингвистичка

7. Наброи некои фактори од кои зависи успешноста на преведувањето!


 Пораките кои се изразуваат преку некој јазичен систем пред се се модифицираат за потребите на
тој јазичен систем.
 Секој учесник во комуникацијата има свој начин на изразување или т.н. идиолект кој е резултат
од повеќе фактори кои влијаеле врз формирањето на личноста.
 Испраќачот ја испраќа пораката до одреден примател. Тој може да е физички присутен и
испраќачот има можност да ја види реакцијата на пораката, па по потреба веднаш да ја
модифицира.
8. Објасни го моделот на Ј. Најда за чекорите при преведувачкиот процес!
Декодирање и повторно кодирање:
 -моделот на Ј. Најда
1.Изворен јазик 5. Јазик на примателот
2.Анализа 4. Реконструирање
3.Пренос
-примери со yes и hello

9. Што се ,,хоризонтални”, а што ,,вертикално” односи на зборот според Де Сосир?



10. Како Џ. Кетфорд го дефинира преведувањето?
 -Џ. Кетфорд: Преведувањето може да се дефинира како замена на текстуален материјал во еден
јазик (ИЈ) со еквивалентен текстуален материјал во друг јазик(ЈЦ).

11. Кои се клучните прашања со кои се занимава лингвистичката теорија на преведувањето?


Прашања на лингвистичката концепција:
-преводната еквиваленција и формалната кореспонденција
-дефинирањето на типови превод според разни критериуми како : обемот, јазичните нивоа, рангот на јазичните
единици во граматичката или фонолошката хиерархија
-преводливоста

12. На кои нивоа се разгледува преводната еквиваленција во лингвистичкиот концепт?


Нивоа на преводната еквиваленција:
-графолошко-ортографско
-фонолошко
-синтаксичко
-лескичко: целосна и делумна еквиваленција и непостоење на
еквиваленција
13. Врз примерот со преводот на македонски јазик на реченицата: He put his hand in his pocket, објасни што е
формален кореспондент, а што преводен еквивалент (според терминологијата на Џ. Кетфорд)!
 He put his hand into his pocket. на македонски: Тој ја стави раката в џеб. Може да се извлечат
следниве заклучоци:
-во првиот случај на присвојната придавка his (hand),иако во македонскиот јазик има формален кореспондент
негова (рака), искористен е преводен еквивалент , наставката за членување на именката: -та; во вториот случај
на оваа придавка, his (pocket), во македонскиот се појавува нулти преводен еквивалент : в џеб. Ова користење
на преводни еквиваленти кои не се идентични со постоечките формални кореспонденти се случува поради
придодата на јазиците: во македонскиот е невообичаено да се рече:Тој ја стави неговата рака во неговиот
џеб.
Формалниот кореспондент е еден, но може да има повеќе преводни еквиваленти и секој од нив се користи
со одредена зачестеност. Веројатноста на еквиваленцијата (equivalence probability) може да се пресмета со
одредена формула. На пример, во англискиот корпус кој се состоел од 48.594 зборовим најдени се 72
примери на англискиот сегашен перфект. За ова време во македонскиот јазик, како преводни еквиваленти
во македонскиот јазик се јавиле следнива глаголски форми: сум+л- форма (26), аорист (15), имперфект
(14), презент (9), слободно преведени (3), неадекватен превод (6). Од овие примери се извлекол
заклучок дека преводната еквиваленција за англискиот презeнт перфект (Present Perfect) во македонскиот
јазик се појавуваат:
-Сум+л- форма =0.36
-аорист=0.20
-имперфект= 0.19
-презент= 0.12(?%)

Во случај кога нема формален кореспондент, може да се интервенира со одреден редослед на зборовите во
реченицата, со предлози, со кратки и долги заменски форми, како што е случајот на пример со непостоење
на падежи во македонскиот јазик.

14. Што влијае врз степенот на совпаѓање на формалниот кореспондент и преводниот еквивалент?

IX лекција

1. Што е фонолошко преведување?


 Под фонолошко преведување се подразбира: заменување на гласови од еден јазик со гласови
од друг јазик
2. На кој начин се постигнува преводна еквиваленција при фонолошкото преведување?
 Преводната еквиваленција се постигнува врз основа на исти акустички и артикулациски
својства на гласовите и нивното место во гласовните структури на двата јазика.
3. Како се обележуваат гласовите во англискиот јазик?
 Во англискиот јазик гласовите се обележуваат на два начини: со симболи на фонетскто
писмо( пришто начинот на изговарање на зборовите со фонетска азбука во заграда во речниците,
на пример, се нарекува фонетска транскрипција.) и со графеми од писмото што е во употреба во
овој јазик а тоа е латиницата.
4. Кои се причините за отежнување на преводите на лексички содржини?

Проблеми:
-полисемијата на зборовите и
- безеквивалентната лексика

5. Објасни што е ,,полисемија” и наведи еден пример.

 Полисемијата е повеќезначност на еден збор. Познато е дека зборовите се во сооднос со


вонјазичната стварност, но исто така имаат релации и со други зборови во јазичниот систем. Како
пример да го земеме зборот: глава кој во англискиот јазик има преводен еквивалент во зборот
head. Овде станува збор и за поклопување на формалниот кореспондент и преводниот еквивалнет,
зашто именката во македонскиот се преведува со именка која носи исто примарно значење: точно
одреден дел од човечкото тело. Но, именката во комбинација со други зборови и во зависност од
контекстот се здобива со други значења, во што се гледа и полисемичноста на лексемите.

6. Кои се трите случаи на постигнување еквиваленција на лексичко ниво и наведи по еден пример.
 три случаи на еквиваленција на лексичко ниво:
а) целосна еквиваленција,
Англиски Македонски
Mary Марија

б) делумна еквиваленција, Дрво (растение) tree


(материјал) Wood
Маса table
desk
Клупа desk
bench

в) непостоење на еквиваленција, -историски услови


Македонски: ајдук, јаничар, комита, кулук, печалбар, сердар и др.
Англиски: abolitionism, Chartism, confederate, Tories, Whigs, luddite, Yankee Doodle, prohibition.

7. На кои начини може да се реши безеквивалентната лексика?

1.Транскрипција:
хит, спот, (според англиските: hit, spot)
2. Превод (замена):
а) неологизми, б) приближен превод и в) констекстуален превод

8. На кои начини може да се создадат неологизми?

 Тие може да се создадат на неколку начини, па според тоа разликуваме: калки,


полукалки,адаптации и семантички неологизми.
9. Кои се варијантите на приближниот превод и наведи по еден пример.

 -генерализација пришто преведувачот користи зборови со пошироко семантичко значење. На


пример наместо видот со најблизок еквивалент се преведува родот:
1.,,Жолта”, ,,мастика”, бидејќи се видови на ракија (жесток алкохолен пијалок што се добива од
фрментирано грозје) на англиски се преведуваат со најблискиот преводен еквивалент: brandy (A strong
alcoholic spirit distilled from wine or fermented fruit juice.)
 -неутрализација- кога во преводот се користи соодветен преводен еквивалент, но не и колоритот
од оригиналот:
Мерак –wish; муабет-chat;каленица- (wooden) bowl

10. Во кои три групи се делат интернационализмите?

 Прави парови со еднакво значење


научно-техничките области,
 Лажни парови
 Лажни парови со делумно совпаѓање

11. Кои се причините за појава на лажни парови со делумно совпаѓање?


 Лажните парови со делумно совпаѓање може да се лексеми кои имаат иста форма, но се
полисемични. Постојат два случаја: кога лексемата од ИЈ има пошироко семантичко поле од
онаа во ЈП (Л1>Л2) и кога Л1 има потесно семантичко поле од Л2 (Л1<Л2). Ако
преведувачот не е запознаен со семантичкото поле на зборот во ИЈ и ЈП, тогаш може да дојде
до погрешен превод.

X лекција
1. Кои преведувачки постапки се заеднички за Vinay и Darbelnet, од една страна, Арсова-Николиќ од друга и
Кремзер од трета страна?

 Jean-Paul Vinay and Jean Darbelnet во ,,A METHODOLOGY FOR TRANSLATION” и


Постапки:
 Позајмувања (borrowings) : “menu”,“carburetor”, “hangar”, “chic” и изрази како:“déjà vu”,
“rendez-vous”
 Калкирање (calques) се може да биде: лексичка калка или синтаксичка, со која се
воведува нова конструкција во ЈП
 Буквално преведување (literal translation) е кога ИЈ и ЈП се сродни или во случаи кога
преводот збор-на збор е возможен
 -Арсова-Николиќ,.:
 I транскрипција (хит, спот) која се совпаѓа со позајмувањето (borrowings) кај
Vinay /Darbelnet и Munday

 II превод (замена) која, пак, се разликува користење на следниве постапки: а)
неологизам, б)приближен превод, в) контекстуален превод
 Кремзер, Н. :
 а) преведувачот го задржува зборот од ЈО, а во фуснота го објаснува
 (-според Арсова-Николиќ (АН):I транскрипција или II превод : а)неологизам:
адаптација-позајмување
 -според Vinay /Darbelnet и Munday(VDM): позајмување);
 б) преведувачот го преведува зборот буквално, но дава дополнително објаснување
 -АН: (II превод: а) неологизам: калка Арсова- Николиќ,
 -VDM :калка
 АН и VDM;

2. Кои преведувачки постапки во однос на безеквивалентната лексика се застапени во преводтите на песните


од ,,Стерна” и ,,Болен Дојчин” од. Б. Конески на англиски јазик?

 Од преводите на песната ,,Стерна”


-за поимот стерна:
. објаснување на авторот: легендата на М. Цепенков
2. етимологија на зборот: грчки, со значење- цистерна, танк за вода, бензин, нафта и сл.
3.впечаток: подземна пештера и вода која имала својство на гејзер, па од време-на временадоаѓала со
огромен притисок
4. М. Друговац за метафората ,,стерна” во песната на Б. Конески
5. Решенија на преведувачите: и во двата случаи :латинично напишан зборот стерна и објаснување во
фуснота- решението под а) кај Кремзер: преведувачот го задржува зборот од ЈО, а во фуснота го
објаснува.
 ,, Болен Дојчин”
За поимот Болен Дојчин
 -Две решенија:
1. Sick Doytchin и кратка белешка-решението на Камзер под б)
2. Bolen Dojčin и фуснота- решението на Кремзер под а)

3. Кои поими најчесто се адаптираа при превод на книжевни дела?

 Вообичаено се адаптираат:
-имињата на ликовите
-географски места
-членови на семејството
-културолошки белези-реалии, валути, наслови на весници и сл.
-звучните сигнали.
4. Колку преведувчки стратегии постојат кога се работи за имиња ?

 10.
 Репродукција
 Имињата се оставаат како во оригиналот со додатно објаснување
 Заменување на лишното име со именка
 Фонетишка или морфолошка адаптација на името,на јазикот на кој се преведува
 Егзоним
 Супституција(замена)
 Замена на добро познато име од културата на оригиналното дело со меѓународно име кое ја врши
истата функција
 Преведување имиња со одредено значење
 Промена на името со име со друго или слично значење
 Испуштање

5. Зошто преведувачот Драги Михајловски се решил за адаптација во преводот на романот Пајажината на


Климентина од Е.Б.Вајт?

 Бидејки романот е за деца,а детската литература треба да е разбирлива.

6. Кои граматички содржини најчесто предизвикуваат проблеми при преведувањето?

 Проблемите настануваат поради тоа што во некои јазици постојат некои граматички
категории кои во другите јазици ги нема или се разликуваат
 Категорија време
 Категорија род и број

XI лекција

1.Во кои случаи во рамките на денотативниот модел на преведувањето се препознава потреба од обраќање кон
животната стварност?
-три случаи на обраќање кон животната стварност
 1.Првиот случај е кога во ЈП не постои јазичен знак за некоја појава: транскрипција ; буквален
превод (калки); описно преведување
2. Вториот случај е резултат на полисемијата : band наспроти врвка, лента, каиш, раб или оркестар.
3. третиот случај се фразите и идиомите .Спореди: catch- фаќа и : фразата ,,You’ll catch it!” : ќе си го
добиеш своето!

2. Преку два примера покажи како делува трансформацискиот модел на преведувањето.

 ТРАНСФОРМАЦИСКИОТ МОДЕЛ НА ПРЕВЕДУВАЊЕТО


-заснован на трансформациско-генеративната граматика
-одредување на граматички ,,јадровни структури” и
нивна преводна еквивалентност
-примери:
Dancing queen/ dancing shoes,
English is spoken all over the world
Helen was given a present

3.Кога најчесто се користи семантичкиот модел на преведувањето?


 Овој модел особено се користи при преведувањето на поезија, кога на пример еден дел од текстот
може да се пренесе во ЈП без поголеми промени, но поради некои надворешни облежја на стихот
на оригиналот како изосилабизмот, алитерацијата или римата и др. фонолошки фигури, мора да
се интервенира во формата на текстот, при што треба да се задржи содржината поточно
значењето.
4. Објасни ги нивоата на еквиваленција во рамките на моделот на еквивалентност на ниво на содржината.

You might also like