You are on page 1of 5

НАУКА НА ЈАЗИКОТ

Граматика - збир од граматички правила, од античко време.


Филологија - јазикот како средство на културата, од 18 век. Проучува стари ракописи, усна
традиција, стари јазици.
20 век интересот на науката за јазикот се свртел кон живите, современи јазици.

Основоположник на современата лингвистика е Фердинанд де Сосир - ја издвоил


лингвистиката од филологијата и ја поставил како одделна наука.

Науката за јазикот; независна од другите човекови дејности; ги проучува заедничките


(општите) својства на јазикот – лингвистика (надоврзува на граматиката и филологијата)

Предмет и задачи на лингвистиката


1. Предмет: проучувањето на човековиот јазик
2. Задачи:
а) природата на јазикот како систем од знаци за комуникација меѓу луѓето. Неговата
знаковна, општествена и психичка природа
б) функции на јазикот:
i. комуникативна и спознајна
ii. обединувачка; културна; естетска; симболична

Структура на јазикот - систем од знаци со по 2 нивоа


-форма – гласови, зборови, реченици
- содржина – значењето на знакот

Односот форма- содржина ги формира лингвистичките дисциплини


- фонетика –образување и звучење на гласовите
- фонологија – гласот како смислоразликувачка единица
- морфологија – формата на зборот
- лексикологија – значењето на зборот
- синтакса- наука за речениците
- зборообразување- изведување на зборовите
- семантика – наука за значењето
ЛИНГВИСТИКАТА И ДРУГИТЕ НАУКИ
Семиологија ги проучува сите видови знаци во општеството, од кои јазикот се издигнува
како најсовршен систем (спрема Де Сосир).
Лингвистиката е сврзана со науките кои проучуваат:
1. човекот како организам (антропологија, биологија и др).
2. мисловните процеси (филозофија, психологија, логика).
3. активноста на човекот во општеството (социологија, естетика, историја,)

Комуникацијата ја проучува социјалната психологија


Комуникацијата ја проучува кибернетиката (општа наука што ги проучува процесите на
односи и врски меѓу луѓето, природата и машините).
Интердисциплинарни науки на лингвистиката:
- социолингвистика –јазикот и човекот во општеството.
-психолингвистика –јазичното однесување и менталните процеси
-етнолингвистика –јазикот и културата
-невролингвистика – центри во нервниот систем поврзани со јазикот

Македонскиот јазик од 14 до 18 век


2 периода:
-старомакедонски – 9 – 18 век –
- 9 – 11 век е старословенски период, глаголицата и старословенскиот јазик
- 12 – 18 век македонската варијанта на црковнословенскиот јазик)
o 12 – 16 стариот тип на македонскиот јазик за црковни потреби
o 14 – 16 век современиот тип на македонскиот јазик во дијалектите,
o 16 – 18 век современ тип се зајаснува и е основа за литературниот јазик.
-новомакедонски – од 19 век

Оформувањето на современиот тип на македонски јазик може да се следи преку:


Промени во изговорот
- самосласен систем од 5 самогласки (наместо 11)
- опозицијата по звучност (звучни наспрема безвучни согласки)
- третосложниот акцент
Промени во граматиката
- губење на падежите
- балканизми
Промени во зборообразувањето
- нови форми на зборобразување од народниот говор, наместо од црковнословенскиот
јазик
- црти од заедничката балканска лексика
Историски развој на македонскиот јазик
Македонскиот јазик како балкански јазик
Влијание од српскиот, бугарскиот, грчкиот, албанскиот, ароманскиот и
мегленороманскиот и турскиот јазик.
Совпаѓањата меѓу балканските јазици се нарекуваат балканизми:
1. Губењето на падежите, т.е. аналитичкиот однос на изразување (прасловенскиот
имал 7 падежи). Од влијание на балканските несловенски јазици, коишто имаат
само 2 падежни форми (номинативно-акузативна и генитивно-дативна форма).
2. Членски наставки (-от, -ов, -он). Во прасловенскиот јазик немало постпозитивен
член, односно одредувањето на именските зборови се вршело со показни
заменки зад зборовите (чловѣкь ть > човекот).
3. Удвојување на предметот: пр.: Го сретнав детето. Му реков на Петре.
4. Употреба на да-конструкции: Во македонскиот јазик се изгубил инфинитивот, и
тој се заменува со да-конструкцијата. На пр.: Да сакаш е благородно.
5. Образување идно време со форми изведени од глаголот сака. ќе играм, ќе
трчаме). Честичката ќе е изведена од глаголот хьтѣти (да се сака).
6. Глаголски конструкции со СУМ и ИМАМ +ГЛАГОЛСКА ПРИДАВКА. Формите сум
јаден, имам јадено, имам-конструкциите се сретнуваат само во нашиот јазик
7. Образување компаратив и суперлатив со претставките по- и нај
8. Влијание врз лексиката

Балкански јазичен сојуз е јазичен сојуз на јазиците на Балканскиот Полуостров кои имаат
јазични совпаѓања. (македонскиот, бугарскиот, грчкиот, албанскиот и романскиот јазик, а
се придружуваат јужните српски говори, како и ароманскиот и мегленороманскиот.)

Ширење на функциите на народниот јазик


Во 12 – 18 век црковнословенскиот јазик се употребувал само во пишувана форма, и тоа
како јазик на богослужбата, преводната литература и администрацијата
Народниот јазик се воочува како одделни јазични црти вметнати во црковнословенските
текстови или како оригинални записи на препишувачите.
На тој начин црковнословенскиот ја задржал функцијата на сакрален (свет) јазик, а
народниот на лични искажувања на препишувачите (со летописна функција или со
поетска намена).
- естетска функција и обединувачка функција
Грамоти се правноадминистративни текстови на народен јазик, најчесто поврзани со
имотот на манастирите (Калиманова грамота), спонтан карактер
Кодик е книга со записи за дарителите на македонските манастири, напишана на народен
јазик (Трескавички кодик).
На народен јазик се пишувале и текстови со практична намена (договори, писма, натписи
на цркви и манастири и сл.). Овие текстови се извор на податоци за културата, начинот на
живеење, ономастиката (наука за имињата) и сл.

Јазикот на дамаскините
Новогрчки - tesaurus
Дамаскини се поучни зборници во кои е нагласено дека се пишувани на народен јазик.
Содржат: проповеди, приказни, легенди, описи на христијански настани и личности..
Свесна употреба на народниот јазик како писмен јазик се сретнува во дамаскинарската
литература.
Во периодот 14 -16 век спонтана употреба на народниот јазик во писменоста-
црковнословенски со особености од народниот јазик
Во периодот 16 – 18 век свесен карактер во посебен дамаскинарска литература- во
насловот стои дека се напишани на општ јазик
- надоврзуваат на проповедната литература.
- првите печатени книги во византиската литература именувани според -Дамаскин
Студит, кој своите проповеди ги напишал на новогрчки јазик за да бидат
разбирливи на народот, наменети за читање во црквите, но брзо се
распространиле меѓу народот.
- Најстариот црковнословенски превод е направен од епископот Григориј, во
втората половина на 16 век, веднаш по печатењето на оригиналните дамаскини,
под македонски наслов Сокровиште.
- Од Македонија потекнуваат околу 200 дамаскини, создавани во периодот 16 – 19
век, го надополнувале недостигот на световна литература. Најпознат е Крнинскиот
дамаскин од 16 век, пронајден во манастирот Св. Пречиста, Кичевско. Тој е
обемен ракопис, буквален превод
- Во Европа во 16 век народните јазици доминирале во литературата, особено по
ренесансата.
- Дамаскините од 18 и 19 век не се обични преписи на постари ракописи, туку се
прераскажани и скратени верзии, од кои најголем дел се напишани на многу чист
народен јазик со црковнословенизми заменети со народна лексика.
Јазикот на дамаскините го означува преминот од црковнословенски во македонски
јазик.
Македонскиот јазик во првата половина на 19 век
- зголемена употреба на македонскиот народен јазик
Црковнословенскиот се употребувал во црковното пеење, преку руски печатени книги.
- засилено влијание на соседните јазици (грчки, бугарски и српски) како дел од
процесот на асимилација.
- Службен јазик бил турскиот но населението немало ограничувања од страна на
турските власти во употребата на јазикот и религијата.
- се оформува македонската граѓанска класа - носител на промените во политиката,
образованието, културата - инсистира на самостојност бара намалување на
влијанието на соседните асимилаторски политики
- се актуелизирало и прашањето за писмениот јазик во Македонија, што добило
големо значење преку делата на првите македонски писатели

Погледите за јазикот на првите македонски писатели


Првите македонски писатели, Јоаким Крчовски и Кирил Печиновиќ за разлика од
ракописните дамаскини од 19 век, не пишуваат на одделен народен говор, туку
вметнуваат карактеристики на цела група говори, а со тоа се проширува кругот на
читатели.
К. Пејчиновиќ тетовски говор со вметнување црти од други говори
Ј. Крчовски североисточните македонски говори.
- црковнословенски (висок стил) како јазик на цитати од црковните книги наспроти
народен јазик (низок стил) како јазик на нивните објаснувања и коментари.
- Користеле турцизми
Теодосиј Синаитски
- првиот печатар и поддржувач на првите македонски писатели.
- отворил првата македонска печатница во Солун и печател практични текстови на
народен јазик.
- ја испечатил и „Утешение грешним“ на Пејчиновиќ и за неа напишал предговор, во
којшто го величи народниот јазик како единствен клуч што го отвора срцето на
обичниот човек.
Во истата печатница, 1841г., е испечатена и „Таблица перваја“-Јордан Хаџи Константинов
– Џинот, своевиден буквар на македонски јазик.

You might also like