You are on page 1of 9

Македонски

*Критериум за класификација на јазиците

-има две класификации: генеолошка и морфолошка(типолошка)

-морфолошка: флексивни аглутинативни коренски полисинтетички

-македонскиот спаѓа во флексивни јазици.

-генеолошки македонскиот е во индоевропското семејство во јужната група


на словенски јазици во источната подгрупа.

*Историја на македонскиот јазик-македонскиот јазик


во првата и втората половина на 19 век
-Словенската писменост првпат се појавува во Македонија во почетокот на
10 век. Учениците на браќата Кирил и Методиј- Климент и Наум Охридски
во Охрид создаваат едно од најстарите и најпознатите клутурни словенски
жаришта(Охридската архиескопија).

-Македонскиот јазик во првата половина на 19 век се поклопува со


просветителството, односно со погледите за јазикот на нашите претставници:
Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски. Тие почнале да
го употребуваат народниот јазик место црковнословенскиот јазик кој остана
само во употреба во црквите.
-Јоаким Крчоски во периодот од 1814 до 1819 отпечатил пет книги во Будим.
Неговата „Слово исказаное заради умирание“ (1814) е првата книшка
напишана на македонски народен јазик. Книгите на Крчовски се со црковна
содржина и се наменети за приближување на верата до народот. Од тие
причини, тој ги напишал во основа на народен јазик, кратовско-
кривопаланечки, со примеси од западните говори.
-Кирил Пејчиновиќ напишал три книги и епитаф за својот надгробен
споменик. Книгите ги напишал на народен јазик, тетовски говор, а епитафот
е првата песничка (без уметничка вредност) напишана на македонски јазик.
-Теодосиј Синаитски го напишал „Предговорот“ на книгата „Утешение
грешним“ од Кирил Пејчиновиќ.
Во тој краток текст, Синаитски го изразил ставот на просветителството. А тој
е дека народниот јазик е железниот клуч што го отвара срцето на народот.
Според него, народниот јазик е јазикот што треба да се употребува во
црквите, во училиштата, во литературата, за да може да го разберат сите.

-При крајот на 50-те и во 60-те години на 19 век, се поставувало прашањето


за единствен литературен јазик кој ќе ги измести одделните народни говори
во училишната практика во писменоста. Од необично голема важност во
процесот на оформувањето на нашиот литературен јазик беше излегувањето
на граматиката на Мачуковски.

-И во 70-те години доаѓа до нашето национално будење. Тоа е становиштето


на македонистите.

-Исто така книгите на Ѓорѓија Пулевски дошле до израз а тоа биле: Речник од
три јазика 1875 и Македонската песнарка 1879 год. Обид за македонска
граматика направил и самиот Пулевски во 1880 год во Софија излезе
неговата Слогница речовска. Оваа книга била виден знак за стремежот кон
оформувањето на писмениот македонски јазик.

-Во 90-те од 19 век се врзани со списанието Лоза издадено во Софија и


групата околку ова списание форсирало да се пишува само на македонски
јазик односно македонизми.

*Избор на дијалектната основа на македонскиот


стандарден јазик
-Како основа на нашиот литературен јазик биле земени централните говори.
За централните говори како основа на литературниот јазик прв почнал да
зборува Крсте Петков Мисирков во книгата За македонцките работи. Тој го
создал централното македонцко наречје а тоа се состои од Велешко-
Прилепцко-Битолцко-Охридцко. Охридскиот говор не се споменува во
неговиот состав ама се поставува знак за еднаквост меѓу централното и
Велешко-Прилепцко-Битолско. Во централните говори имаме третосложен
акцентен систем,губењето на интервокалното в(чоек,глаа...),тројниот член,
глаголските конструкции со имам, поставувањето на кратките заменски
форми пред глаголот во почетокот на реченицата итн.
*Јазикот на македонските писатели од 19 век
-Карактеристична е граѓанската класа(кога се збори за јазичното прашање) и
нејзините потреби во поглед на јазикот. Кон крајот на 19 век многу селани
поради тешкиот живот од разни разбојници од турската империја ги
напуштале селата и оделе во градовите во МКД каде што имале турски
гарнизони, таму се заваќале со занаети и имало и трговци кои успеале да
отворат свои дуќани во поголемите европски градови. Таму се запознавале со
порсветителските идеи и по враќањето во своите места ги пренесувале тие
идеи. Тогашните трговци материјално им помагале на нашите први писатели
од 19 век кои пишувале на народен јазик и така им овозможувале да ги
отпечатат книгите во некој Европски град како Будим Венеција и др.

-Во првите децении на 19 век во време на просветителството во Будим се


отпечатени книгите напишани на кратовски говор од Јоаким Крчоски. Тие се
: Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова, Чудеса,
Митарства, Разни поучителни наставленија. Во исто време на народен јазик
тетовско наречје печати свои книги и Кирил Пејчиновиќи тоа се Огледало во
Будим и Утешение Грешним во Солун во печатницата на Теодосиј
Синаетски.

-Во јазикот на Крчоски се гледа една мешавина од јазични црти од


североисточните и западните македонски говори и црти од црковниот јазик.

-Пејчиновиќ пишувал на тетовскиот говор со примеси од


црковнословенскиот јазик. Пр(свакиј, се мучимо) или турцизми.

-Димитар и Константин Миладинови пишувале на својот струшки говор.

-Прличев-охридскиот со примеси од црковниот и бугарскиот. Тој бил


носител на идејата за општословенски јазик на кој како основа ќе служи
старословенската граматика.

-Рајко Жинзифов и Јордан Хаџи Констанинов-Џинот пишувале на велешкиот


говор. Рајко имал примеси и од бугарскиот и од рускиот јазик.

-Партениј Зографски бил за употребата на заеднички јазик за Бугарите и


Македонците со застапени јазични црти и од едниот и од другиот јазик.
-Партениј и Кузман Шапкарев барале во писмениот говор во македонските
училишта да преовладуваат цртите на македонските говори. Тие барале да
бидат употреба: формите на глаголскиот прилог на јќи и иштем, да бидат
застапени трите вида член: ов от он, наставката за множина иња кај именките
од среден род што во еднина завршуваат на е.

*Учебникарска дејност во Македонија во 19 век

-Во Македонија кон средината на 19 век почнало да се поставува прашањето


за формирање единствен јазик, литературен јазик, кој ќе се употребува во
училиштата, како и за пишување текстови, учебници и друга литература.
Во ова време Галичник бил голем економски центар (мал град, поголем
од Гостивар), па токму од таму потекнуваат двајцата застапувачи за
создавање литературен јазик.
Тие имале две различни гледишта:

 да се формира заеднички, бугарско - македонски јазик, кој ќе содржи


подеднакво црти од двата јазика, застапувано од Партение Зографски, и
 да се формира посебен македонски литературен јазик, одделен од
бугарскиот, гледиште кое е застапувано од Ѓорѓија Пулевски.

-Ѓорѓија Пулевски бил печалбар,ѕидар по занает и еден од најпознатите


учебникари во македонија. Негова прва книга е „Речник од четири јазика“
(1873),-српско-албански,албанско-арнаутски,турски и грчки.

 потоа следува „Речникот од три јазика“(1875)-македонски албански и


турски.
 стихозбирката „Македонска песнарка“(1879), која содржи три лични и
повеќе народни песни;
 следува првата граматика на македонскиот народ „Слогница речовска“
(1880) и
 обемната и значајна историја „Славјано-македонска општа
историја“(1892) завршена непосредно пред неговата смрт.

-Партенија Зографски од Галичник имал замисла да напише македонска


граматика. Јазикот на учебниците на Зографски, особено Свештена Историја
се засновал врз неговиот роден говор. Двата учебника ги издал во периодот
од 1857-1859 година во Цариград.
-Во ова време, Јордан Хаџи Константинов - Џинот учителствувал
во Велес и Скопје, пишувал песни и драмски текстови за потребите на
училиштето и сето тоа го правел на народен јазик. Ја напишал „Таблица
перваја“, првиот буквар (кој всушност бил нешто налик на ѕиден весник).
И Шапкарев пишувал учебници, но на бугарски јазик. Освен, осмата книга
„Мајчин јазик- буквар“, напишан на охридски говор. Венјамин Мачуковски-
весникот Право.
*Погледите на Крсте Петков Мисирков за
македонскиот јазик
-Настан од историско значење за остварување на идејата за посебен
македонски литературен јазик е објавувањето на книгата За македонцките
работи (Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков (1874 - 1926).
Во оваа книга тој ја определува својата национална програма и го разгледува
прашањето за македонскиот литературен јазик.
Мисирков тргнува од карактеристиките на македонскиот јазик, имајќи го
предвид неговиот развој како јазик во семејството на словенските јазици и
неговата функција во националното осознавање на македонскиот народ. Тој
укажува на неопходноста од забрзан развој на македонскиот литературен
јазик и на неговото издвојување како посебен јазик меѓу јужнословенските
јазици.
Мисирков се определува за еден брз, антитрадиционален модел за решавање
на македонското јазично прашање и ги оформува своите ставови за
македонскиот литературен јазик, главно, во три точки:
1. за основа на литературниот јазик ги зема централните говори (на линијата
Велес - Прилеп - Битола - Охрид); 2. го поставува правописот врз фонетска
основа, со мали отстапки пред етимологијата; 3. во лексиката вклучува
елементи од сите македонски говори.
Со определбата за централните македонски говори, Мисирков инсистира на
оние јазични карактеристики со кои македонскиот јазик најмногу се
разликува од соседните словенски јазици.
Така во изговорот инсистира на:
испуштање на интервокалните в и х (чоек, жиот, дуот); антиципација на
мекоста (ќ и њ :брајика, стаине, којн); групата шч (шчо, опшч); групите стр,
здр (во сите случаи: стред, здрел); наставката -цки наместо -ски
(македонцки).
Во македонската кирилица Мисирков воведува неколку нови графеми: и, к’,
г’, н’, л’, со кои таа се разликува од другите кирилски писма.
Во лексиката и во зборообразувањето инсистира на народна лексика, и на
живи зборообразувачки модели (благодреине).
Мисирков јасно ја определи дијалектната основа на македонскиот
литературен јазик и теоретски ги изложи ставовите за неговото оформување.
Тие идеи претставуваа солидна основа за дефинитивното номинирање на
македонскиот јазик и за неговото кодифицирање по втората светска војна во
условите на македонската државност.
*Македонскиот јазик меѓу двете светски војни

-со балканските војни македонија се поделила на три дела тоа се пиринскиот,


егејскиот и вардарскиот.
-во вардарскиот дел на Македонија под изговор на локален говор биле
прикажани драмите: Ленче Кумановче и Чорбаџи Теодос од Васил
Иљоски(на кумановски говор), Печалбари од Антон Панов(на западно
македонско наречје) и Парите се отепувачка од Ристо Крле.(на струшки
западно македонски говор). Особено значајна е појавата на збирката песни
„Бели мугри“ од Кочо Рацин(велешки говор) со што се зацврстила улогата на
централните македонски говори како основа за македонскиот литературен
јазик и поезијата на Венко Марковски од книгите Народни бигори и
Огинот(велешки).
-во егејскиот дел се напишал букварот Абецедар, Тој бил напишан на
латиница, на лерински говор и содржел кратки текстови наменети за учење
на азбуката.
-во пиринскиот дел значајни се книгите на Коле Неделковски Мскавици и
Пеш по светот напишани на велешки говор.
*Кофификација на македонскиот стандарден јазик
-Кодификацијата е прифаќање и систематизација на јазични правила и
закони и пропишување задолжителна јазична норма. Таа претставува значаен
чин во историјата на еден народ.
Кодифицираниот јазик е нормиран јазик.
Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски
настани:
 со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за
воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава;
 со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година
за македонската азбука;
 со официјалното усвојување на македонскиот правопис - 7 јуни 1945.

-Президиумот на АСНОМ по војната формира комисија за азбуката и


правописот. Таа работела кратко време и била заменета со друга комисија
кои влегле неколку млади писатели во неа. Принципите ги вовел Блаже
Конески и тие биле:

 Дека во македонскиот јазик треба да се установат формите од


централните говори кои ќе ги поврзат сите наши говори и ќе бидат
полесно разбирливи од сите наши краишта
 Треба да се изрази неговата народна основа. Речникот треба да се
збогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се изградуваат нови
зборови со живи наставки.
 Македонската азбука да биде составена од толку букви колку што има
гласови во литературниот јазик.

*Улогата на Блаже Конески во кодификацијата на


македонскиот литературен јазик.
-Тој имал многу голема улога во донесувањето на македонскиот правопис,
кодификацијата на македонскиот јазик и дефинирање на јазичната норма.

-значајно место одиграла појавата на Македонскиот правопис со правописен


речник од Блаже Конески и Крум Тошев кој придонесе да се зацврстат
нормите на македонскиот литературен јазик. Сепак значењето е сеуште
поголемо бидејќи од него произлегла Граматиката на македонскиот
литературен јазик. Тука се опфатени зборовните групи формите и нивното
образување и употреба. Како редактор на Речникот на македонскиот јазик(во
три тома) придонесе овој речник да најде практична примена во
македонскиот литературен јазик.

*Романтизам
-Роматизам е правец кој се јавува како реакција на просветителската и
класицистичка литература.  Како директна спротивност на
рационалистичкото величање на разумот и објективното гледање на светот,
како и рамките и ограничувањата на класицизмот во творечка смисла;
авторите во романтизмот прокламирале целосна слобода во литературното
творење и крајно субјективен став кон животот и стварноста.

-победата на буржуаската револуција во Франција и големите политички и


општествени промени во културниот и литературниот живот влијаеле на
појавата на романтизмот.

-Лирика-поезија со длабоки субјективни доживувања на поетот. Создавање


на лирски пејзаж,премин во метафората во алегорија.

-епика-епски форми во стих и проза. Романи пишувани во форма на писма,


дневник, мемоари. Создавање на историски расказ и историски роман.

-драма-испреплетување на писателот,артистите и публиката,теми од


историјата и средновековните легенди и национална традиција.

-особености: незадоволство од сегашноста и копнеж по нешто ново, култ кон


минатото, творечки индивидуализам, сликање на жената, полна слобода во
творечкото создавање, мешање на литературните жанрови и стилови и
свртување кон усното народно творештво.

-претставници- Германија Јохан Волфанг Гете, Франција Виктор Иго,


Англија Џорџ Гордон Бајрон, Америка Едгар Алан По, Русија Александар
Пушкин и Михаил Лермонтов.

-романтизам во франција- општествени предуслови кои влијаеле за појава на


романтизмот

1.изневерените идеали за слобода влијаеле за појава на романтизмот.

2.разочарани незадоволни и без верба за подобра иднина

3.изгубената верба во револуционерната улога на буржоазијата.

-признаци- отфрлање на величењето на разумот, прокламирање на култ кон


ирационалното, мистично, чувство,емоција,природата,уметноста и
општествениот живот не можеле да се набљудуваат статично,незадоволство
од минатото и копнеж по нешто далечно и непознато,била создавана поезија
на соништа,екстази,романтичарски патописни дневници...
Клетници на википедија, виктор иго на википедија, романтизам во германија
википедија , гете википедија, страданијата на вертер википедија...

-нарација на клетници- Животната сторија на Жан Валжан и неговата


трансформација во злосторник и обратно. Фантина- влијанието на
општеството во создавањето проститутки. Животот на малата Козета.

-романтизам во англија- предусловите кој влијаеле за појавата се реакциите


на граѓанската и аристократската интелегенција на значајните општествени
промени почнати со француската револуција, идејни и емотивни реакции на
писателите, хаотичност, немир, растројство. Романтичарите ја афирмирале
тезата дека поезијата е јазик на фантазијата и страст-Хазлинд.

-признаци- доминација на ирационалното и негација на класистичкото

-делата се продукт на моментна емоционална возвуда богата со фантазија,


функција на пејзажот, романтизмот е поврзан со будењето на националната
свест надополнета со восхит од детскиот период.

You might also like