You are on page 1of 13

Mакедонскиот јазик меѓу јазиците во светот

Критериуми за класификација-јазичен критериум, историски, географски,


општествен
A. Генеалошка класификација-јазичен и историски критериум-потеклото на
одредена група јазици.
-индоевропска ( индиско, балтичко, словенска, германска, келтско, романска);
македонскиот јазик припаѓа на индоевропското јазично семејство˃ словенска
група на јазици˃јужнословенска подгрупа
Словенската група на јазици се дели на:
1. Западнословенските јазици  се:чешки јазик, словачки јазик, полски јазик,
кашупски јазик, долнолужички јазик, горнолужички јазик, полапски јазик -
изумрен јазик.
2.Источнословенски јазици:белорускиот, рускиот, украинскиот и русинскиот 
3.Јужнословенски јазици: Западни:словенечки јазик, хрватски јазик, босански
јазик, српски јазик, црногорски јазик Источни-бугарски јазик, македонски јазик,
старословенскиот јазик
Б. морфолошка-типолошка класификација-јазичен критериум
1.флексивни- индоевропските и семитските јазици-односно се разликуваат два
подвида и тоа:
А. синтетички флексивни јазици се оние кај кои падежните односи се
изразуваат со падежни наставки;
Б. аналитички флексивни јазици се оние кај кои падежните односи се
изразуваат со предлози (таков е македонскиот јазик)
2.аглутинативни- алтајските и уралските јазици-
финскиот, корејскиот, унгарскиот, турскиот и јапонскиот
3.коренски- кинескиот и виетнамскиот јазик
4.полисинтетички- северноамериканските индијански јазици и ескимскиот јазик.
В.Ареална класификација-јазичен и географски критериум-јазични сојузи –
Балкански јазичен сојуз-македонски, грчки, албански, аромански, влашки,
бугарски, јужните српски говори, а турскиот на лексичко ниво. Јазичните
особености на овој сојуз -балканизми.
Г. Социолингвистичка класификација: јазичен и општествен критериум
поими-официјален, службен, дијалектен, меѓународен, мајчин.

Избор на дијалектна основа на идниот македонски литературен јазик


ИЗБОР НА ДИЈАЛЕКТНАТА ОСНОВА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН
ЈАЗИК

За што поскоро да се реши макотрпното прашање околу стандардизацијата на


македонскиот јазик, како неизбежно се наметнало прашањето: кои се
најсоодветните народни говори што ќе влезат во основата на идниот
македонски стандарден јазик?

Стандардниот (литературниот) јазик како поим е, всушност, вештачка творба,


творба создадена по пат на договор, со цел да послужи за користење на едно
поопшто ниво. Тоа значи дека таквата творба треба да се постави врз цврста
основа во која ќе влезат оние говори што се најшироко распространети, што
имаат најмногу говорители или, пак, што веќе, помалку или повеќе, се
наметнале во писмената употреба.

Стандардниот јазик во минатото за сите Словени бил старословенскиот,


односно црковнословенскиот јазик. Научно е утврдено дека во основата на
старословенскиот јазик се земени говорите на Македонските Словени од
околината на Солун, поточно говорите на селата Сухо и Висока од овој крај.
Црковнословенската основа ја забележуваме во јазикот на македонските
писатели с# до првата половина на 19 век; но, факт е дека неговата
функционалност опаднала и дека незапирливо се наметнало прашањето за тоа
каков треба да биде, односно на која основа да се постави идниот македонски
стандарден јазик.

Во врска со ова прашање, кон средината на 19 век се издвоиле две основни


гледишта:

1. Создавање на т.н. среден, бугаро-македонски јазик, чијашто дијалектна


основа ќе биде заедничка и во која ќе влегуваат источномакедонски и
западнобугарски говори;

2. Создавање на единствен македонски стандарден јазик, во чијашто


дијалектна основа ќе влезат западномакедонските говори.

Застапувањето на едното или на другото гледиште кај нашите преродбеници е


видливо преку јазикот на нивните дела. Така, јазикот на Јордан Хаџи
Константинов – Џинот вклучува елементи од различни македонски говори и
словенски јазици, што зборува за тоа дека тој не сметал за правилно да се
ограничи само на употребата на својот роден велешки говор. Со желба на
својот јазик да му овозможи широка словенска употреба, како и да го издигне
на исто ниво со останатите словенски писмени јазици, тој во своите писанија
вклучувал најразновидна лексика од словенско потекло. Се потпирал пред с#
врз соседните словенски јазици, српскиот и бугарскиот, но употребувал и
црковнословенски и руски јазични елементи. Оттаму, него со право можеме да
го сметаме за претставник на првото гледиште.

Теоретски, ова гледиште всушност прв го претставил црковниот деец


Партенија Зографски, кој во значајна мера е заслужен за школувањето на
македонските млади интелектуалци во Русија. Тој се застапувал за идејата за
создавање заеднички бугаро-македонски јазик, но својот став го образложил на
таков начин што уште од почеток оваа идеја не сосема била прифатлива за
сите. Имено, Зографски се залагал за тоа дијалектната основа на овој јазик да
ја сочинуваат западномакедонските говори. Во Бугарија, пак, веќе во 19. век
како писмен јазик се наложил јазикот во чијашто основа влегувале
источнобугарски говори.

Второто гледиште, помалку или повеќе, произлегува од пишувањата на сите


оние македонски просветни дејци од средината на 19. век па натаму кои
пишувале пред с# на сопствениот дијалект.Така, песните на Константин
Миладинов, основоположникот на македонската уметничка поезија, се
пишувани на струшки народен говор.

Марко Цепенков ги запишувал приказните и другите народни умотворби кои ги


собирал на прилепски говор.

Коста С. Рацин, основоположникот на македонската современа поезија, с#


уште пред стандардизацијата на македонскиот јазик – ја создал својата
стихозбирка „Бели мугри” на родниот велешки говор. Своите песни на велешки
говор ги испеал и Коле Неделковски.

Теоретски, пак, ова гледиште го образложиле Ѓорѓи Пулевски, Лозарите и


Крсте П. Мисирков.

Пулевски бил еден од првите македонисти и најголеми гласноговорници на


идејата дека Македонците се посебен етнички ентитет и токму затоа треба да
постои единствен македонски стандарден јазик. Таканаречените Лозари, т.е.
луѓето што го издавале списанието „Лоза” кон крајот на 19. век се, всушност,
претходниците на Мисирков во поглед на нивните ставови дека токму
централните македонски говори треба да бидат земени во основата на
стандардниот јазик.
ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ОД 19 ВЕК

Најважен фактор во востановувањето на стандардниот јазик на еден народ е


јазикот на кој се создава литературата на тој народ. Говорот/говорите на кои се
пишуваат литературните дела на тој начин добиваат легитимитет за да влезат во
дијалектната основа на соодветниот стандарден јазик. Така, познато е дека
големиот руски писател Александар С. Пушкин, токму преку својата поезија, ги
поставил основите на рускиот писмен јазик во првата половина на 19 век.
Во јазикот на македонските писатели од втората половина на 19 век
превладува стремежот да се пишува на родниот говор, што воедно било и
најприродното решение во услови кога с# уште не постоел стандардизиран
јазик.

Основоположникот на македонската уметничка поезија, Константин Миладинов,


создал скромно поетско творештво од петнаесетина песни, пишувани на струшки
говор. Иако интелектуалец кој подолго време живеел и се школувал во Русија, тој
творел под непосредно влијание на македонската народна поезија, користејќи ги
нејзините искуства и верувајќи во изразните можности на родниот говор.

Охриѓанецот Григор Прличев, пак, скоро целиот свој живот бил растргнат меѓу
сопствениот роден говор и јазикот на богатата античка култура на кој се
школувал и кој го изучил многу солидно – грчкиот јазик. На овој јазик тој ги
напишал своите две најголеми поеми Сердарот и Скендербег, а според
неговите искажувања, една од причините поради кои на атинскиот поетски
конкурс победила неговата поема „Сердарот” бил и фактот што тој толку добро
го владеел грчкиот јазик, што членовите на комисијата не забележале дека
авторот не е Грк.1

Сепак, постојат неколку зачувани говори кои тој ги одржал пред своите
сограѓани и кои се напишани на чист охридски дијалект. Таквите јазични
карактеристики се забележуваат и во неговиот обид да создаде еден вид
општословенски јазик, т.н. словенско есперанто. Прличевата далекусежна
идеја била повторно да се создаде единствен литературен јазик за сите
Словени, за кој сметал дека е „нужда велика”. За жал, таа не заживеала. На
овој негов јазичен конструкт тој самиот препеал делови од „Илијада” и
„Одисеја”на Хомер.

Плачам тътнет Галешник народным.

Кто зло вас, братие, постигло?


Иль плоды вам град побил немирный,
1
Samiot Prli~ev ogor~eno priznava: „Na gr~ki peev kako slavej, na slovenski – kako buv.“
иль стада вам звере потребили?
Ни плоды нам град побил немирный,
ни стаса нам звере потребили,
нь сгубили люты арнауты
наша слава Кузмана Сердара,
десна ръка Джеладимбегова,
и нам тъпчят скверными ногами
гъсты горы, прежде непристъпны.
Така с рыданъем инвари вещали
и жены их драпали си лица
с писком....
Хилјада и седемстотин шездесет и второ лето
В Охрид од Цариграда дошел Салаор.
Се претставил пред Арсенја, наша патрика чеснаго,
И му рек'л слово горко, слово жалосно:
Царска волја е да тргнеш денеска за в Цариграда,
На тебе од врли Грци голем поплак е.
Собрал Патрик свое стадо в црква свјатиј
-Климентова...

Бога вишњaго да славим и честитаго Царја

и с’с радост да посрештнем добраго ни пастирја


Како прежде богом пратен Моисеј за Израил,
така сега царем пратен пастир наш Натанаил.

Окајанному народу врата раја отворил,


горки с’лзи стогодишни во вселјее претворил,
Сега кости миросани Патрика Арсенија
веселјатсја б’лгарскаго ради в’скресанија,

Добре ни дош’л си, Отче, слава нам и лепота!


Посетил си народ скрбен, что лежал во т’мнота.
Наши дрехи великденски пред тебе би постлали,

Но нам пастири л’жевни дрехи не оставили.


Пред стопи твои, Владико, цветја би усејали,.
но, под зверско им дишенје; цветја нам увенали. [1]

Благодарение Вам, мили мој колеги, что оставихте татковината си и дојдохте да послужите на нашата татковина, или подобро

да кажа, на татковината на св. Кирил и Методиј, и да празднувате в самиј Солун праздникот на Солунските светии ... Оскудело

нам мудрих мужеј число... Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж.

Срдечно благодарение Вам, мили мои сотрудници, что дојдохте да целувате светата земја, дето стăпнали нозете на св. Кирил и

Методија. Ниту нужда имаше от нашето благодарение. Доволно сте наградени от самата си сăвест. Даже и блаженство е вселено

во срацата Ваши, дето служите на Кириловото отечество. Идењето Ваше во Солун надали е подолно од поклонение на Божиј

гроб... којто ке произведе оште много Кириловци и Методиевци, които ке бăдат светила на училштата ни , ке бăдат благолепие
на црквите ни, ке бăдат стăлпци на верата, и ке прославјат Македонското име... Повторувам, оти учителите не се должни да

проповедаат. Тие дошле не за друго, освен да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа

убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и

Методија. Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за

Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија

покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението...
[10] [8] [11

Поширока дијалетна основа на јазикот на својата поезија се обидувал да &


даде и Рајко Жинзифов. Во таа смисла, големо влијание имало и неговото
долгогодишно престојување во Русија. Песните на Жинзифов се пишувани на
јазик кој претставува мешавина од велешки говор со бугарски и српски зборови,
но и извесен број русизми.

Марко Цепенков ги запишувал народните умотворби, но го напишал и својот


драмски текст „Црне војвода” на автентичен прилепски говор. На овој начин и
тој во извесна смисла станал предвестувач на изборот на централните
македонски говори во основата на македонскиот стандарден јазик.

Определете ги белезите на струшкиот говор во песната „Бисера” на К.


Миладинов:

Бисеро моме, Бисеро,

Шчо носиш бисер на грло?

Твоето грло хубаво

И от дробнаго бисера

Хилјада п’ти побело.

Бисеро моме, Бисеро,

Зашчо со бисер покриваш

Твоето грло хубаво?

Ја нејќу бисер да баца

Тук сака твоето грло.


Бисеро моме, Бисеро,

За кого низиш бисерот?

Ја дарој бисер не сака

Тук сака мома Бисера.

Определете ги белезите на прилепскиот говор во овој извадок од приказната


„Силјан Штркот” , запишана од Марко Цепенков:

Сполај ти, Господи, сполај ти оти сонцево грејт од кај што заоѓат овде! Чудна
земја ќе биди оваа ‡ си рекол сам со себе ‡ зер долна земја ќе бидит оваа!
Ејди јас сиромав, нема за мене избавиште и одење веќе во Коњари. Ах село
златно, ах, град Прилеп златен, дали ќе ме донесит Господ уште еднаш тамо!
Ако речи Господ уште еднаш јас да појдам тамо, три години ќе чинам измет на
манастир на Трескаец, на Богоројца. Ов, јас сиромав само со умот што се
богатеам, оту уште еднаш јас не било к’смет да си одам, ами види тоа широко
море: до кај што ми око гледа, до тамо вода имат; нема јас да се вратам уште
еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо.

Сопрво беше напраил еден крс на едно дрво од некое суо дрвце за да го
познаат местото, чунки ќе одел као внатре во адата за да види што има и што
нема, да ако нема некоја трага од чоека, пак сакал да се врати назад, кај
изворот, за да поживеит тамо со јемишот што бил на дрвата.

Си зел в раце едно дрво некастрено, како за стап, в раце да му се најдит,


за од лошо да се брани и тргнал на угорното да одит. Колку еден саат што
одил, пак нашол извор со вода и чунки одел прекутрупа, на многу места наоѓал
јаготки и си јадел. Тоа само му било мака што не можел да види некаков пат и
да види некоја чоечка трага. При с# тоа Силјан си патуал со голема надеж да
најди некоја трага и докај пладне изодил угорното, та се качил на планината и
кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридои,
прилично како Прилепцкото.
Издвојте ги јазичните елементи на соседните јазици во извадокот од песната
„Глас” на Рајко Жинзифов, а потоа обидете се да го „препеете” на современ
македонски стандарден јазик:

Далеч от баштина, далеч от роднини,

Не во чужда за мене земља,

В полјани кичести, зелени долини,

Самичак в пладнина шетам ја.

Ја сја расхождам, но на душа ми тешко

И јадни мисли мене борат,

И мене стават то студено, то жешко,

И чувства то гаснат, то горат.

Ја искам сенка, ја искам прохлада,

Душевна ја искам тишина,

Че клето ми срце доста вече страда,

И сја нагледа всекаква злина:

Koварство сос бедност, сос гордост лукавство,

Сон мртов, глупава простота,

Љубов на слова и слога без братство,

И хитрост, л’жлива доброта.


УЧЕБНИКАРСКАТА ДЕЈНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Македонските писатели кои своите погледи за јазикот ги изложувале теоретски,


најчесто тоа го правеле преку пишување учебници. Тие учебници, пак, биле
пишувани на токму таков јазик за кој се залагале. На таков начин учебниците
станале сериозен фактор во поглед на разрешувањето на јазичното прашање,
уште повеќе што македонското учебникарство се развивало на мошне отежнат
начин. Имено, во Македонија во втората половина на 19 и првата половина на
20 век се случува образование на грчки, на бугарски и на српски јазик, главно
во ќелијни училишта, во рамките на пропагандната политика на соседните
држави.

Во 19 век се напишани повеќе македонски учебници, главно буквари (за


малечки деца, како што биле нарекувани). Во тој поглед особено се
истакнуваат Кузман Шапкарев, Димитар Македонски, Венјамин
Мачуковски.

Шапкарев, на пример, напишал осум учебници, од кои некои се наречени


„истории”, а некои „учебници”. Од нив се согледува Шапкаревиот став како
дијалектна основа на идниот стандарден јазик да бидат земени
западномакедонските говори. Во таа смисла тој е поддржувач на гледиштето
на Партениј Зографски, кој се залагал за среден бугаро-македонски јазик но со
западномакедонска дијалектна основа и кој исто така напишал неколку
учебници како: „Кратка свјаштена историја”, „Началное учение за децата” и др.
Зографски дури се обидел и да отвори печатница правејќи напори да донесе
словенски букви во печатницата, но не успеал. Интересно е тоа што Партенија
Зографски се залага за идејата на т.н. среден јазик, но смета дека првичното
описменување на децата треба да биде на мајчинито јазик, а дури потоа тие,
така описменети, да го прифатат овој јазик на едно повисоко ниво.

Еден од најразгорените претставници на гледиштето за единствен македонски


литературен јазик е Ѓорѓија Пулевски, по професија ѕидар од Галичник, но со
мошне љубопитен интелект. И неговите книги, од кои дел се граматики, а дел
речници, се значаен „момент” во развојот на учебникарската дејност во
Македонија. И покрај тоа што бил самоук граматичар и лексикограф, Пулевски
создал значајни дела во кои се залага за посебноста на македонскиот етнички
ентитет и за неговото право да има посебен стандарден јазик. И Пулевски,
секако, ги истакнува западномакедонските говори како најсоодветни да влезат
во основата на тој јазик, нешто врз што подоцна се потпираат и Лозарите, и
Мисирков.
Погледите на Мисирков за македонското јазично прашање
1.Книгата за македонцките работи, односно статијата Неколку зборои за
македонскиот литературен јазик претставува прв научен аргументиран текст за
кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Заложбите во рамките на
македонската културна преродба за создавање македонски стандарден јазик
достигнале врв со издавањето на книгата „За македонцките работи” од Крсте
Петков Мисирков во Софија, 1903 година. Во петтата статија од неговата
книга, која носи наслов „Неколку зборои за македонцкиот литературен
јазик”, откако констатира дека на македонскиот народ му е неопходно
потребно воспоставувањето стандарден јазик, меѓу другото и како
средство за борба против пропагандите, Мисирков вака го дефинира
јазикот:
Значи, моделот којшто го предлага Мисирков за стандардизација на
македонскиот јазик е антитрадиционален модел, поставен врз следниве
основи:
1.Дијалектната основа на македонскиот стандарден јазик да бидат
централните говори – велешкиот, прилепскиот, битолскиот, охридскиот
2.Правописот да биде фонетски, со извесни отстапки што ги наложува
писмената традиција;
3.Речничкиот фонд да биде збир од сите македонски говори, а не само од
оние кои влегуваат во дијалектната основа на стандардниот јазик.
Мисирков инсистира на следните јазични карактеристики:
Во изговорот и правописот инсистира на
-испуштање на интервокалните в / х – чоек, дуот
-ф наместо постарото х- успеф
-антиципација на мекоста- на ќ и на њ-брајка, коин-како во прилепскиот говор
-употреба на групата шч- шчо, опшч-како во охридскиот говор
-употреба на стр, здр- здрел, стреда
наставка цки, место ски-македонцки
-во македонската кирилица Мисирков воведува неколку нови графеми: ј, ќ, ѓ. њ,
љ.
на морфолошки план- kь-k‫׳‬-ќ
-наставка -т за 3 л. еднина сегашно време-мислит
-во лексиката инсистира на народна лексика и на живи зборообразувачки
модели-дележ, опитуачка, продолжаач.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

Доцната кодификација на македонскиот јазик, која се случи дури по Втората


светска војна, беше резултат на неповолните историски околности на
македонското поднебје во текот на првата половина на 20 век. Пред Првата
светска војна, односно во рамите на Балканските војни, територијата на
Македонија беше поделена меѓу соседните држави. Во духот на
асимилаторската политика што беше спроведувана во секој дел посебно,
секоја од соседните држави побрзаа да го вклучат најмоќниот фактор – јазикот.
Така, во егејскиот дел на Македонија се наложи употребата на грчкиот јазик, во
пиринскиот – бугарскиот јазик, а во вардарскиот дел – употребата на српскиот
јазик. Во сите три дела е најстрого забранета употребата на македонскиот
јазик, иако постоеле и кратки периоди кога, под извесни притисоци, се
дозволувало издавање на учебници и друга литература. Сепак, тоа биле
мошне нестабилни и добро „одглумени” обиди пред очите на светската јавност,
кои мошне брзо биле пригушувани и речиси воопшто неважни за решавање на
македонското јазично прашање.

Во Егејска Македонија ситуацијата била најкритична; македонскиот јазик бил


забранет дури и за домашна употреба! Во 1924 година грчката влада, под
притисок на меѓународната заедница, дозволила издавање на специјален
буквар по македонски јазик, т.н. „Абецедар”, (1925) кој никогаш не дејствувал во
практиката, бидејќи набргу по неговото издавање бил запленет. Овој буквар
бил напишан на лерински говор, со латинично писмо, и содржел кратки четива
за совладување на азбуката.

Во Пиринска Македонија, пак, македонскиот јазик бил забранет „само” за


официјална употреба. Но, и пред поделбата на Македонија, голем дел од
македонската културна активност се одвивал преку заложбите на младите
македонски интелектуалци-емигранти во Софија. Во 1900 година во Софија со
голем успех е изведен текстот на Војдан Чернодрински „Македонска крвава
свадба”, на македонски јазик. Во 1938 година е одржано основачкото собрание
на Македонскиот литературен кружок, чиј претседател бил Никола Јонков
Вапцаров, а во кој членувале и Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев, Коле
Неделковски, Венко Марковски, Ангел Жаров. Поетот Коле Неделковски е
заслужен за пронаоѓањето на речиси единствениот, зафрлен примерок на
Мисирковото дело „За македонските работи”, на некоја од полиците во
софиската градска библиотека. Погледите на Мисирков биле сериозно
разгледувани на состаноците на Македонскиот литературен кружок. Мошне
значајни поетски пројави од овој период се двете стихозбирки на Коле
Неделковски, „М’скавици” (1940 год.) и „Пеш по светот” (1941), напишани на
родниот велешки говор на поетот.

И во Вардарска Македонија како официјален јазик бил наметнат јазикот на


владејачката држава – српскиот, додека на македонскиот му била дозволена
само ограничена употреба. Сепак, во деценијата пред Втората светска војна се
јавуваат редица драмски автори кои своите текстови ги создаваат на
македонски јазик, односно на некој од дијалектите кои им се блиски. Васил
Иљоски своите текстови, меѓу кои најпопуларната „Ленче Кумановче”
(„Бегалка”), за првпат изведена во 1928 година, ги напишал на кумановски
говор. Ристо Крле својот драмски текст „Парите се отепувачка” (1938) го
напишал на неговиот роден говор - струшкиот дијалект. Интересен е случајот
со Антон Панов, роден во Дојран, кој драмата „Печалбари” (1936) ја напишал
на западномакедонско наречје. Во духот на Мисирковите согледби, и нему му
се чинело најприфатливо ова наречје за широка прифатеност на неговиот
текст, истовремено самиот карактеризирајќи го како текст „музика и пеење од
македонскиот живот”.
Сите три драмски текста биле изведени на сцена и доживеале огромна
популарност и надвор од Македонија.

Во 1939 година, во местото Самобор во Хрватска излегува од печат поетската


збирка на Кочо Рацин, „Бели мугри”. Нејзината појава, со дванаесетте песни
напишани на велешки говор, се смета за конечно зацврстување на идејата
токму централните македонски говори да влезат во основата на идниот
стандарден јазик. Рацин со оваа збирка ја обезбеди сопствената улога на
основоположник на современата македонска поезија; значајни од повеќе
аспекти, неговите стихови покажаа дека на еден македонски говор можат да се
создаваат квалитетни уметнички вредности. Во таа смисла, не постои поголем
доказ за тоа дека еден јазик е созреан да биде кодифициран, односно да биде
конечно дооформена неговата природна и неизбежна еманципација.

Кодификацијата на еден јазичен систем значи востановување и


пропишување на одредени јазични правила и закони кои ја претставуваат
задолжителната јазична норма. Кодифицираниот јазик е стандарден јазик, т.е.
литературниот јазик на еден народ.
Тоа конечно се случува по нејзиното завршување, во 1945 година, кога
македонскиот јазик е прогласен за службен јазик на македонската држава, на
Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944, во манастирот Прохор
Пчински. На ова заседание е назначена јазична комисија, која, со
востановување на македонската азбука и на македонскиот правопис, всушност
ќе го изврши конечното кодифицирање на македонскиот јазик. (Како членови на
оваа Комисија при Министерството за народна просвета се наведени и
потпишани: Венко Марковски, поет; Васил Иљоски, директор на гимназија; Крум
Тошев, шеф на стручните школи; Мирко Павловски, професор; Блаже Конески,
лектор; Густав Влахов, публицист; Киро Хаџи Василев, журналист; Владо
Малески, директор на Радио Скопје и капетан Илија Топалоски.)
Македонската азбука со посебен акт е усвоена на 5 мај 1945 година, а
македонскиот правопис е усвоен на 7 јуни 1945 година, од страна на
Владата на тогашната Федерална Република Македонија. Автори на
првиот правопис се Блаже Конески и Крум Тошев.
Улогата на Блаже Конески
-кодификација на македонскиот јазик; -коавтор на македонскиот
правописот и азбука;
-автор на Граматиката на македонскиот јазик-1952-1954
-редактор на Речникот на македонскиот јазик – 1961-1965-1966
-автор на Историјата на македонскиот јазик
- oсновач е на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет.( (од 1958
до 1963 бил негов ректор). - во 1967 станува член на Македонската академија
на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател и бил член на
Македонскиот ПЕН центар и член на Друштвото на писателите на Македонија
од 1947 година и негов прв претседател.
-Работел и како уредник на литературните списанија „Нов ден“ и „Македонски
јазик“. 
Хораст Лант- првиот странец кој издал граматика на македонскиот јазик-1952
година
( ја користел граматиката на Круме Кепески)

You might also like