You are on page 1of 1

Творци на словенскиот литературен јазик – браќата Кирил и Методиј

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската


писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски
народи. Светлата трага на светите браќа е вредност на словенската цивилизација,
нејзиние придобивки во културно-образовната иднина и промовирањето на
изворот на европската и светска историја. Нивниот национален идентитет е
препознаен во ликот на Македонија и македонскиот народ како постоење на сите
културни атрибути во своето потекло и со единствената инспирација на своите
дела во историјата на цивилизациите и човештвото воопшто.

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени и пораснати во Солун, егејска


Македонија од угледно и богато семејство, татко Лав и мајка Марија. Кирил и
Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во
словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи. Во
почетокот на 9 век била веќе подготвена солидна основа за поширока и
поорганизирана мисионерска во Pомеиската Империја доживува нов расцут на
културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од
Цариград, посебно Солун, егејска Македонија. Во 858-859 година Кирил, Методиј и
повеќе други пратеници  од Византија престојувале во Мисија кај Хазарите каде што
требало  да решат повеќе важни политички  и верски прашања. Сепак за двајцата
браќа најважна е Моравската мисија која што е важна и за иднината на сите
Словени. . Зачетоците на писменоста на словенскиот народ кој од дамнешни
времиња ја населувал половина од Европа и третина од Азија се во 9 век, кога по
наредба на Византискиот император Михаил III, Константин Филозоф,по
замонашувањето наречен Кирил ,ја создал древната словенска азбука ,првото
писмо на Словените.Словенската писменост била создадена со цел да се шири
Христијанската религија помеѓу бројниот словенски народ. За таа цел Константин
Филозоф со помош на новосоздадената словенска азбука ги превел црковните
книги од грчки јазик на старословенски јазик.Црковните книги на старословенски
јазик до денес се користат при црковната служба на Македонската православна
црква.Во времето во кое била создавана првата словенска азбука за црковна
служба се користеле книгите напишани на грчки, латински и хебрејски јазик кои се
сметале за свети јазици и преку кои се ширел божјиот збор.Прифаќањето на
словенскиот јазик во редот на светите јазици на кои е напишана Библијата било
голем и значаен настан за словенскиот народ кој до 9 век немал развиена
писменост и книжевност.
Солунските браќа Кирил и Методиј имаат извонредно и единствено
историско-културолошко и епохално просветителско значење за Европа, светот и
Македонија, изразено преку нивната просветителска мисија како поттик на
генерациите коишто доаѓаат.

You might also like