You are on page 1of 8

Св.

Кирил и Методиј
Веда Костова и Илина Дамеска 9а
Кои се браќата Кирил и Методиј?
Светите браќа  Кирил и Методиј се основоположници  на словенската писменост и литература и
се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Тие се двајца браќа од Македонија,
кои живееле во Солун во 9 век. Тие биле
мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната
работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле
титулата „Апостоли на Словените“. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука
користена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја
продолжиле нивната работа и дејност помеѓу Словените. Создавајќи ја првата словенска азбука,
преведувајќи ги на старословенски најпотребните богослужбени книги и формирајќи силни
следбеници, како што беа нивните ученици како Климент Охридски, Кирил и Методиј станаа
најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура.
Св. Кирил
Кирил уште како дете  се истакнувал во учењето поради тоа што
бил забележан од царските советници, кои му овозможиле да се
школува во познатата Магнаурска школа во Цариград. Тука се
афирмирал како извонреден мислител, богослов и апологет на
христијанството. Се вели дека граматиката ја изучил за три
месеци, дека го учел познатиот Хомер, дека ги учел сите
филозофски науки, реторика, артиметика, астрономија,
книжевност, сите елински уметности итн. По завршувањето на
школата работел како библиотекар во познатата Патријаршиска
библиотека во Цариград, од каде што заминал во еден манастир на
Босфор. По престојот во манастирот бил поканет да биде професор
на Магнаурската школа, па така станал познат професор по
филозофија, поради што го добил прекарот филозоф.
Св. Методиј
Со само 20 години Методиј, син на богатото семејство
на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во
византиската армија и веќе бил познат и на царскиот
двор во Цариград. Тој имал многу мисии, но една од
нив била Брегалничката мисија. Методиј требал да
воспостави ред и да го наметне духовното и
кулутурното влијание на Византија кај Словените –
Струмјани, од источните краеви на Македонија.
Активноста на Методиј била насочена пред сè кон
воспоставување и зацрвстување на врските со
Струмјаните, но не со силата на мечот туку преку
придобивањето на ова моќно словенско племе.
Долгогодишната работа на Методиј во овие краишта
резултирала со издавањето на т.н „Закон судњиј
људим“ воен законик напишан на словенски јазик со
грчки букви.
Мисионерска дејност
Како високо образовени и талентирани личности на
Кирил и Методиј им биле доделувани многу тешки и
одговорни задачи од страна на византискиот двор.
Најпрво биле испратени на мисија кај Сарацентите во
Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија
претставувале дел од политичката програма на
Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат
Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите и
Русите. По извесно време. тие се вратиле во Цариград,
каде што ја составиле словенската азбука од триесет и
осум букви и почнале да ги преведуваат црковните книги
од грчки на словенски.
Глаголица
Глаголското писмо или глаголица е најстарата словенска
азбука. Била создадена од Св. Кирил и Св. Методиј во 855
година за преведување на Библијата и други книги на
словенските јазици. Името доаѓа од старословенскиот збор
глаголи, што значи „зборува“. Утврдено е дека Кирил ја создал
азбуката глаголица по углед на грчкото минускуларно
(курсивно) писмо, кое веќе било во употреба во 8 и 9 век. Тој
ги позајмил буквите што ги имало во грчката азбука, а за оние
гласови за кои немало букви во неа, измислил нови знаци.
Кирилица
Кирилицата била создадена во Првото Бугарско Царство, а првата
варијанта, Старата кирилица, била создадена во Преславската
книжевна школа. Таа била изведена од грчкото писмо, дополнето
со лигатури и согласки од постарата глаголичка азбука за звуците
кои не постоеле во грчкиот јазик. Се смета дека иако Кирил ја има
кодифицирано и проширено глаголицита, неговите учениците биле
тие кои ја создале кирилицата од грчки букви во 890-тите како
посоодветно писмо за црковните книги. Подоцна кирилицата се
проширила меѓу другите словенски народи, како и меѓу
несловенските Власи и Молдавци. Кирилицата и глаголицата се
користеле за црквнословенскиот јазик, особено за
старословенската варијанта.
Ви благодариме на
вниманието!

You might also like