You are on page 1of 13

.

Треба да знам:
1. Што е хагиографија?
2. Кој ги напишал житијата на солунските браќа во
„Панонските легенди“?
3. Кога е создадено средновековното дело „Панонските
легенди“?
4. Каква е структурата на „Панонските легенди“?
5. Обработка на житието на Кирил
6. Обработка на житието на Методи
7. Идејно – естетска обработка на „Панонските легенди“
Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од
Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и
мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина
десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на
гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му
се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј,
познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога
во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските
народи.
Преку нивната работа тие влијаеле врз културнио
развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата
Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на
глаголицата, првата азбука искористена да се препише
старословенскиот јазик. Во 1880, Папата Лав XIII ја
вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката
црква
Хагиографија или житие (животопис за светците) се
биографии на светци, црковни великодостојници и аскети.
Името потекнува од грчкиот збор хагиос, што значи
свештен и зборот графо што значи пишување.
Карактеристично за хагиографиите е тоа што приказната за
животниот пат на светецот е испреплетена со фантастични
елементи, односно чуда. Сите светци се разликувале од од
обичните луѓе по тоа што биле чудотворци.
Хагиографиите се делат на општохристијански и локални.
Од општохристијанските, во Македонија, позначајни се
хагиографиите посветени на Свети Алексеј Чудотворецот,
Свети Ѓорѓи Кападокиски, Свети Димитрија, Свети Павле,
Свети Еразмо Охридски. Од локалните хагиографии, пак,
најпознати се Панонските легенди и опширните житија за
браќата Свети Кирил и Методиј.
 Во врска со авторството на житијата има
различни мислења, од кои се издвојуваат
следните три:
  1. Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а
на Методиевото Климент Охридски;
   2. Дека автор на двете житија е Климент
Охридски.
 3. Дека автор и на двете житија е некој ученик од
Моравија
„Панонските легенди“ е најстаро оригинално дело
од нашата (словенската) средновековна литература.
Се мисли дека Житието на Кирил е напишано во
897/890, а малку подоцна (се мисли после 16 год.) е
напишано и житието на Методиј.
Има слависти кои се на мислење дека „Панонските
легенди“ се создадени во XIII век.
Општо прифатено е мислењето дека „Панонските
легенди“ се напишани на словенски јазик, а има и
некои мислења дека првите примероци се
напишани на грчки јазик за што нема докази.
 Панонските легенди содржат две поголеми
житија за солунските браќа:
-Житие на Константин
-Житие на Методија

 Композиционо житијата се составени од:


воведен дел, изложување и заклучок.
    Воведен дел - краток теолошки вовед во кој авторот се повикува
на Бога и вели дека луѓето треба да го следат неговиот пат, па им
го испратил Кирил како учител. Всушност, го претставува Кирил
како божји пратеник.
           
Изложување - хронолошки е прикажан животот на Кирил.
            Во Солун, во куќата на Лав и Марија, се родиле 7 деца, од
кои седмото бил Константин - Кирил (826 или 827г.). Лав бил
помошник на воениот командант на солунската област, а Марија
потекнувала од видно семејство, блиско до царскиот
дворец. Потекнувајќи од видно и богато семејство Константин
имал можност да се здобие со солидно образование. Бидејќи во
училиштето покажувал голем успех се запишал во Магнаурската
школа, која била најпрочуена во тоа време. Кога ја завршил го
назначиле за библиотекар на Патријаршиската библиотека во
Цариград. По извесно време, шест месеци престојувал во
манастир, а потоа работел како наставник по филозофија во
Магнаурската школа. Од тогаш го добива епитетот Филозоф
Кирил предводел три мисии:
1. Арапска (Сараценска) мисија:
Целта на мисијата е ширење на христијанството (верска мисија), но и
политичка (Арапите почнале да претставуваат опасност за границите
на Византија).
2. Хазарска мисија (860-861год.)
Во неа учествувале двајцата браќа (Кирил и Методиј) други византиски
пратеници. Хазарите побарале врски со Византија за да им помогнат
да го ослабнат влијанието на еврејските и арапските мисионери, како и
војнички да им помогнат против Русите и Арапите.
3. Моравска мисија (863год.)
Моравската мисија е најзначајна, бидејќи заради неа ќе биде
создадена првата словенска азбука.
Кнезот Ростислав, владетелот на првата словенска држва, Велика
Моравија, побарал од Византија мисионери кои ќе го шират
христијанството, но на словенски јазик и со словенско писмо. Со свој
јазик, своја црква и култура тој сакал да ја зацврсти државата и да ја
избегне германизацијата.
Константин ја создава првата словенска азбука - глаголицата и
со помош на Методија ги преведува книгите за богослужба на
словенски јазик за во 863 година да отидат во Моравија.
За време на мисијата, тие го поттикнале отварањето на
словенски цркви и училишта што им попречило на германските
свештеници, па го обвиниле Константин дека шири ерес. Затоа
бил повикан кај папата Адријан. Во Рим 869 година со силни
аргументи, со говор достоен за светец, Кирил рекол дека како
што сонцето свети исто за сите, така сите имаат право да си ја
кажуваат верата на свој јазик, а не само на латински, еврејски и
грчки. Тогаш папата официјално ја признал словенската
писменост и дозволил богослужбата да се извршува на
словенски јазик. Во Рим Константин се замонашува и го добива
името Кирил и истата година таму починува.
            Завршен дел - дадени се последните денови на Кирил,
неговата смрт и последната желба - да се сочува и продолжи
неговото дело.
Житието на Методиј е напишано 16 години подоцна и започнува со
речиси ист теолошки вовед, само што е тој малку подолг.
            Авторот истакнува дека браќата потекнуваат од висок род
(никаде нема податоци за роденото, световното име на Методиј), дека
Методиј бил управител на една словенска област, дека се замонашил
на планината Олимп, каде го добил името Методиј. Потоа се даваат
истите податоци како во Кириловото житие се до смртта на Кирил.
Опширно е прикажана борбата на Методиј со германското свештенство
и неговото прогонство од две и пол години (некаде во Швапско). По тоа
следува побуната на Словените против германските свештеници како и
барањето на кнезот Коцељ, Методиј да биде назначен за архиепископ,
што според житието е сторено во 873 година. Но, судирите со
германското свештенство не запираат и Методиј е постојано
прогонуван. Без разлика на тешките услови, тој продолжил да се бори
и да работи на преводи од грчки на словенски јазик. Така, за шест
месеци тој ги превел сите богослужбени книги.
            Во заклучниот дел е прикажан погребот на Методиј и неговата
одлука пред смртта за свој наследник и продолжувач на делото да го
назначи Горазд.
Тема во житијата е опишување на животот и делото на браќата
Кирил и Методиј.
Идејата на „Панонските легенди“  е да се докаже и одбрани
правото на Словените на свој јазик да создадат своја писменост и
култура.

Односот во житијата е комплементарен (надополнувачки, прави


целина). Нема директни повторувања од едното во другото житие
иако станува збор за за изнесување заедничка животна историја
на Браќата.
Иако се работи за средновековна литература, стилот во житијата е
разбирлив, едноставен, со многу епитети, компарации, реторски
прашања итн.
При изложувањата на биографските податоци и творечкиот пат на
Браќата, авторот употребил делови од Библијата и внел многу
фантастични елементи при реалистичното раскажување.

You might also like