You are on page 1of 2

Извадоци од ,,Панонски легенди”

1. ,,Оти Господ знае кои се негови, како што кажа: ,,Овците мои го слушаат мојот глас
и јас ги познавам и ги викам на име и тие идат по мене и јас им давам вечен
живот."-Извадок од евангелието по Јован.

2. ,,Таков ли е овој живот, та место радоста жалост има во него? Од денеска ке


тргнам по друг пат, подо бар од овој, нема да ги трошам деновите во тревогите на
овој живот."-Прифаќање со реалноста на филозофот.

3. ,,Живеејќи со својата жена, изро дија седум деца. Седмото, најмалото дете, беше
Кон стантин Филозоф, наш учител и наставник“.

4. ,,Нашите луѓе се откажаа од паганството и при држувајки се за христијанскиот


закон, но ние немаме таков учител што да ни ја објасни на наш јазик ви стинската
христијанска вера за да не следат и другите земји гледајки го тоа. Затоа испрати
ни, господаре, таков епископ и учител. Оти откај вас секогаш тргну ваат на сите
страни добри закони.

5. А царот, откако свика собор, го повика Константина Филозофот и запознавајќи го


со таа работа, му рече: ,,Знам дека си уморен, Филозофе, но ти треба да појдеш
таму, никој не може да ја изврши таа задача така како тебе." Филозофот
одговори: ,,Макар што ми е снагата преморена и макар што сум болен, ќе одам
таму на драго срце, само ако имаат букви за својот јазик."-Повикот на Ростислав за
Моравската мисија .

6. Кога беше тој во Венеција, се собраа против него епископи, попови и црнорисци,
како врани на сокол, и ја подигнаа тријазичната ерез зборувајки:,, Човече, кажи ни
како си им ги создал на Сло вените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не
измислил, ниту апостолите, ниту римскиот папа, ниту Григориј Богослов, ниту
Ероним, ниту Августин? А ние знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите
да се слави Бог - еврејски, елински и латински."-браќата се обвинети за ерес

7. Филозофот им одговори: ,,Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето
не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш,
како не се срамите да признаете само три јази ка, а за сите други народи сакате да
бидат слепи и глуви? Кажете ми дали Бога го сметате толку бессилен што да не
може да го даде тоа, или толку завидлив што да нејке?-Познатиот говор на Свети
Кирил пред папата.

8. Тогаш Коцељ му се обрати на апостолскиот на месник, барајки го Методија,


нашиот блажен учител, да му го пушти. И апостолскиот намесник рече: ,,Не
само тебе, туку и на сите овие апостолски земји им испракам учител од Бога
и од светиот апостол Петар, прв намесник и клучар на царството небесно."
И го испрати, откако го напиша ова послание:,,Адријан, епископ и раб божји
до Ростислава и Сватоплука и Коцеља.

You might also like