You are on page 1of 1

Свети Климент Охридски роден во 840 и починат на 27 јули 916 година во Охрид.

Тој е еден од
првите средновековни словенски светци,научник,писател и просветител на Словените.Бил еден од
најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кое заедно се поврзуваат со создавање на глаголското
и кириличното писмо,особено нивното сапространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој
бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од
кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за
покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ
Велички. Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот
Охрид и Македонската православна црква. Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на
Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на модерната Бугарија. Во чест на светецот, во
Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име.
Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така
Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и Националната и
универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име. Главните извори за животот на
Климент се два средновековни документа напишани на грчки јазик. Пораниот и подеталниот од
двата документа е едно житие на Климент напишано од Теофилакт, архиепископ охридски (1084
— 1107). За Теофилактовото Пространо житие се смета дека е пишувано врз основа на содржината
на исчезнатото Прво словенско житие, составено од Климентовите следбеници и ученици веднаш
по неговата смрт. Другиот пишан документ е житието на Климент од друг охридски архиепископ,
Димитар Хоматијан (1216 — 1234), познато како „Краткото житие на Климент Охридски“ или т.н.
„Охридска легенда. Содржината на житието на Теофилакт подоцна, во XIII век, му послужила на
Димитар Хоматијан да напише ново Кратко житие за Св. Климент. Во него, исто така се забележува
адаптација и преосмислување на одредени настани како и вметнување погрешни податоци.
Текстовите на двата охридски епископи биле направени на старословенски јазик и во
средновековната писмена традиција се препишувале на двата јазици.

УЧЕНИК НА МЕТОДИЈ

Климент се стекнал со солидно образование, и уште од млади години стекнал одлични познавања
од грчкиот јазик. Најраните информации за животот на Климент дадени од житијата се дека „од
неговиот живот го познавал најдобро од сите; со сопствени очи ги видел сите дела на својот
учител; Св.Методиј на своја страна привлекол и други соработници-ученици коишто потекнувале
од Македонија но, и од други места. Со своите ученици и помошници Кирил и Методиј работеле
во манастирите на планината Олимп во Мала Азија.Доколку се претпостави дека периодот на
младоста се години помеѓу 16 и 18 години, може да се претпостави дека неговото запознавање со
Методиј потекнува од околу 856-858 година, клучниот период во животот на Методиј.

You might also like