You are on page 1of 15

С.О.У.

„НАУМ НАУМОСКИ - БОРЧЕ“


КРУШЕВО

Туризмот во Охрид и Охридското езеро во


последните 10 години

Ученик: Ментор:
СОД РЖИНА
Вовед......................................................................................................................................4

Туризам во Охрид................................................................................................................5

Конгресниот туризам во Охрид е во подем.......................................................................8

Туристички дестинации во Охрид......................................................................................8

Туристички промет во Охрид во периодот од 2008 до 2016..........................................10

Заклучок..............................................................................................................................13

Користена литература........................................................................................................14

2
Вовед

Kога се набљудува Охридското Езеро, во кое било годишно време, осветлено од


сонцето, се добива впечаток дека тоа тукушто се родило, а неговите милиони години,
колку што е старо, како да не постојат. Во неговите сини води постои растително и
животинско царство за коешто денес единствено се знае од фосилите.
Основен услов којшто го овозможил одржувањето на остатоците на прастариот
растителен и животниски свет, како и неговата натамошна еволуција, е долгиот
континуитет на егзистенцијата на Охридското Езеро. Всушност, Охридското Езеро
почнало да живее уште пред појавата на човекот.
Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата
широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата
длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км. од
езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151м.
За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска
реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на
источниот и јужниот брег. Најголемиот број извори се подземни притоци од соседното
Преспанско Езеро, кое се наоѓа на поголема надморска височина, а исто така е создадено
со тектонско поместување на почвата.
Најпознати извори се охридските Студенчишта или пак уште попознати како
Билјанини извори, кои се наоѓаат во непосредна близина на градот. Силни извори има
околу манастирот Свети Наум (29 км јужно од Охрид). Овие извори излегуваат од
варовитите спили во подножјето на планината Галичица. Најпрвин водата се собира во
едно живописно езерце, кое во текот на своето постоење формирало и две мали
живописни островчиња. Кристално бистрата вода од езерцето преку една куса и брза
рекичка се влева во Охридското Езеро. Кај Струга (14 км од Охрид) водата на Охридското
Езеро истекува низ реката Црн Дрим, која, во Албанија, се влева во Јадранското Море.

3
4
Туризам во Охрид

 Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Македонија, туку


и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми се
постигнува голем успех кој резултира со перманентно зголемување на бројот на странски
и домашни туристи.
Во Охрид, градот на светлината, трезор на богато културно историско наследство во
кој сите цивилизации, оставале свои траги. Добредојдовте во магичното место каде на
чудесен начин се спојуваат културното и природното наследство и нашата
гостопримливост, град кој многу светски трагачи по убавини го нарекуваат македонскиот
дел од рајот.
Охрид, со своите природни, културни, духовни и историски посебности е
најразвиениот туристички и културен центар, не само во Република Македонија, туку на
Балканот и пошироко во Европа и Светот. Овие вредности ги препознал и светот, па затоа
Охрид и Охридското Езеро, како ретко културно и природно наследство  се на листата на
УНЕСКО. Вистински раритет е тврдењето на светската научна јавност дека во Охрид 
7000 години има континуиран живот,  а остатоците на цивилизациите се забележливи во
над 250 досега откриени археолошки локалитети.
Стариот Лихнидос чија тврдина првпат се споменува уште во 3 век пред нашата ера
од историчарот Ливиј. Овде според истражувачите престојувал апостол Павле на својот
пат на учењето во верата за Христа.
Охрид е центарот на христијансвото на сите Словени, седиште на архиепископијата,
на првите школи и универзитети на овие простори но и многу подалеку. Денеска Охрид е
центар на светски археолошки откритија и наоѓалишта. Охрид е градот на 365-те цркви.
По една црква за секој ден во годината.
Уште во 14 век патеписецот Евлија Челебија го запишал тој податок, а уште во
средниот век Охрид е наречен Словенски Ерусалим.

5
Градот на првите пештерски цркви на овие простори во кои човек заборава на
времето и просторот и добива единствени одговори. Градот каде монаштвото ја оставило
сета своја мудрост а бог својата премудрост.

Потребна е долгорочна   стратегија за развој на туризмот. Охрид сеуште нема


дефинирано каков туризам ќе развива ,туристичките работници велат дека наместо елитен
градот се повеќе се стреми кон масовниот туризам . Македонскиот бисер има историја
,природа и храна која може да се вклопи во еден пакет кој ќе  придонесе да се развива како
елитна дестинација но потребни се повеќе инвестиции.

Градот како туристички центар во шпицот на сезоната  е конкурентен на пазарот и


нуди услуги кои се поповолни во однос на дестинациите од регионот.
Инаку за проширување на туристичката сезона најактуелни остануваат Балканските
тури кои последниве години заеднички се нудат на светскиот туристички пазар.
Во 2014 година најмногубројни гости во Охрид биле гостите од Турција (9.717
посети и 14.405 ноќевања), по што следуваат Холанѓаните со реализирани 7.500 посети и
остварени 43.500 ноќевања.
Според информациите од Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР)
на оваа ранг листа на трето место се туристите од Бугарија, па Полска, Србија, Грција,
Словенија, Хрватска, Албанија, Германија…

6
Секторот за туризам во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од
Охрид во периодот од 1 август до 30 септември спроведе анкета на туристите, а главен
акцент беше ставено на тоа дали туристите се задоволни од квалитетот на угостителските
услуги во градот.
Главна причина, главен мотив поради кои доаѓаат туристите во Охрид е за одмор и
релаксација. 70% од странските и 75% од домашните туристи доаѓаат во Охрид за одмор и
рекреација. Службено, т.е. поради работни обврски Охрид го посетуваат 14% странците и
20% од домашните туристи. Од здравствени причини доаѓаат по околу 10% и од
домашните и од странските туристи.
На прашањето колку често доаѓаат во Охрид, домашните туристи се изјаснија дека
50% доаѓаат повеќе пати во годината, наспроти странците кои 35% одговорија дека
доаѓаат повеќе пати во годината.
Во однос на тоа колку изнесува дневната потрошувачка на туристите, дури 60% од
домашните туристи одговорија дека трошат до 10 евра дневно, додека мнозинството
странци, 60% одговорија дека трошат до 30 евра дневно.
39% од домашните туристи сметаат дека домицилното население е нељубезно и
воопшто негостопримливо, додека кај странците, 50% се задоволни од услугата,
гостопримството и љубезноста на домицилното население во Охрид.
39% од домашните туристи се изјаснија дека цените се многу високи, и истите не
одговараат со квалитетот на услугите. Странските туристи, пак, 50% сметаат дека цените
се нормални и одговараат со квалитетот на услугите.
Во однос на сообраќајот, 50% од домашните, и 29% од странските туристи сметаат
дека патиштата се лоши, и дека нема доволно паркинг простор за нивните возила.
Околу 70% од туристите би го препорачале Охрид на своите блиски и познаници.
80% од туристите се изјаснија дека со задоволство повторно би дошле во Охрид. Во
Охрид никогаш повторно не би се вратиле 10% од странските туристи, и само 1% од
домашните туристи.
Главната туристичка сезона во 2014 според статистичките податоци не е послаба во
споредба со минатата година, оценува локалната самоуправа.
Анализирајќи ги статистичките податоци беше посочено дека дополнителна причина
што не се остварени уште подобри резултати оваа сезона се и објективните фактори,

7
односно лошите временски услови во текот на јуни и јули, како и новите светски трендови
на поместување на периодот на користење на годишните одмори од јуни во септември.

Конгресниот туризам во Охрид е во подем

Конгресниот и културниот туризам се формите на туризам кои на хотелските


работници од градов им овозможуваат да опстојат во текот на целата година. Конгресниот
туризам е идеална форма со која се пополнува вакуумот од една до друга туристичка
сезона. Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе
инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им
излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и
конгреси. Ова е еден од начините преку кој можеме да имаме туристичка сезона 365 дена
во годината. Хотелиерите велат дека треба да се направи добра стратегија сезоната која
трае само два месеци да ја продолжиме барем за пет.
Кога станува збор за цените на услугите од хотели „Метропол“ велат дека нема
некоја голема промена, дури може да се зборува за мало зголемување, а ваквиот добар
резултат од оваа сезона е континуираното инвестирање во туризмот години наназад, и
приватно како субјект, но и стратешки од страна на државата, со воведување на чартер
летови и со збогатување на туристичката понуда. Проекциите кои се направени велат дека
до година може да се надеваме на уште поуспешна сезона. Иако годинава доцна започна
туристичката сезона во Охрид, а серијата земјотреси предизвикаа откажување на
аранжмани на домашните туристи пред се, сепак туристичките работници велат дека
станува збор за една од подобрите сезони, години наназад.

Туристички дестинации во Охрид

Во близина се наоѓаат остатоците од Самуиловата Тврдина – круна на вечерниот


пејсаж на Охрид.
На неспоредливата карпа во близина на старата рибарска населба Канео, се наоѓа
една од најфотографираните цркви во светот, Св. Јован – Канео (XIII век).
8
Соборниот храм на Охридската Архиепископија, црквата Св. Софија, претставува
галерија на фрески од XI век и се доловува извонредна акустика.
На источната падина од Охридскиот рид, во близина Горна Порта, се наоѓа
Античкиот Театар.
Соборната црква Пресвета Богородица Перивлепта (XIII век) за време на
отоманската власт била реименувана како Св. Климент Охридски и претставува еден од
најзначајните средновековни споменици во Македонија.
Галеријата на икони претставува колекција на повеќе од 30 икони, една од
највреднуваните во светот, создадена од познати средновековни иконографи од времето
на Охридската Архиепископија.
Во Народниот Музеј „Куќата на Робевци“, гостите може да бидат изненадени од
бројните артефакти, археолошко наследство и скулптури од предисториско време,
древниот период и средновековен Охрид, пронајдени на археолошките локации во стариот
дел на градот и неговата околина..
10. Едно од најсаканите обележја на Охрид е Стариот Чинар (Platanus Orientalis),
стар 800 – 900 години, чие стебло е 20 м широко.
Крстарење преку езерото е овозможено со поголеми или помали бродови чија крајна
дестинација е манастирскиот комплекс со црквата Св. Наум и притоа исто така може да се
посети црквата Пресвета Богородица – Заумска (XIV век) на брегот на езерото, која е
достапна само со брод.
Во склоп на средновековното уметничко богатство на Охрид посебна важност
завземаат пештерските цркви на бреговите или во околината на Охридското Езеро.
Рибните охридски специјалитети пастрмка и белвица се меѓу омилените главни
јадења. Селските специјалитети ѓомлезе и тавче-гравче се вистинско задоволство.
Убавината на езерото, надморската висина, свежиот воздух и инсолацијата од приближно
2300 часа годишно, гарантираат пријатна опуштеност и одмор. Поволната сончева
светлина, клима и почва обезбедуваат убава жетва. Локалните овоштарници и фарми
снабдуваат со широка разновидност на свежо овошје и зеленчук преку целата година.
Охридските вина се меѓу најдобрите во светот. Скоро секоја фамилија прави вино (и
ракија) секоја есен.

9
Пчелите прават вкусен мед од мноштвото диви цветови и овците пасејќи на високите
пасишта на Галичица даваат хранливо млеко од кое се прави вкусно домашно сирење.

Туристички промет во Охрид во периодот од 2008 до


2016

10
11
12
13
Заклучок

Живеејќи двеилјади и четиристотини години, Охрид е наследник на светлиот


Лихнидос, град чии достигнувања се проткаени во таписеријата на моќната древна
цивилизација.
Векови наназад, овој регион бил средиште на величествена ера на уметничко,
културно и духовно просветување. На бреговите на ова езеро, биле создадени икони и
мозаици, прекрасни фрески насликани, ракописи напишани и бил утврден првиот сé
словенски универзитет.
Позициониран на старата римски магистрала, позната како Виа Егнација, овој
регион е врска со древната историја – II век п.н.е. Во V век н.е. кога градот Лихнидос бил
важен рано-христијански епископски центар, била изградена познатата базилика на
Плаошник.
Градот Охрид, во стварност ја претставува културната историја на Македонија во
минијатура. Како епископски центар во древните времиња и исто така преку прочуената
Охридска Архиепископија, градот преку вековите ја репрезентирал црковната историја на
Македонија. Наречен е уште „Балкански Ерусалим“. Преку активноста на Св. Климент
Охридски, овде бил основан првиот сé словенски универзитет во Европа.
Охрид ја имал најважната улога како престолнина на првата славјанско- македонска
држава, Самуиловото царство. Охрид бил центарот на македонското препородување во
деветнаесеттиот век.
Денес, Охрид е културен, духовен и туристички центар на Македонија. Најпосле,
како крунисување на неговите вредности, Охрид и Охридското Езеро се под заштита на
УНЕСКО од 1980 г., влегувајќи со тоа во листата на светското културно и природно
наследство.

14
Користена литература

https://www.slobodnaevropa.mk/a/27291344.html
https://telma.com.mk/urbanistichkite-planovi-go-kochat-turizmot-vo-ohrid/
https://vmro-dpmne.org.mk/pres-centar/aktuelno/turizam-turizam-turizam-za-ohrid
http://tvm.mk/vesti/ohrid/26086-kongresniot-turizam-vo-ohrid-e-vo-podem
https://sitel.com.mk/kakov-turizam-saka-ohrid
https://www.mkd.mk/makedonija/turizam-vo-ohrid-39-od-domashnite-turisti-se-nezadovolni-od-
domakjinite-a-50-od-strancite
https://ohrid.com.mk/
http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=143#rastitelen

15

You might also like