You are on page 1of 14

Генетско мапирање , е друга техника која користи хомологно рекомбинирње за да

го измени ендогениот ген, и може да се користи за бришење ген, отстранување егзони,


додавање ген или воведување точкасти мутации.

Организамот кој се создава преку генетско инженерство се смета за генетски


модифицирани организам (ГМО). Првите ГМО беа бактерии, во 1973 год.; во 1974 год. беа
создадени ГМ глувци. Во 1982 год. се комерцијализираа бактерии кои создаваат инсулин,
а генетско модифицираната храна се продава од 1994 год.

Споредување меѓу вообичаеното размножување на растението и трансгенетската


и цисгенетската модификација

Генетското инженерство го изменува составот на еден ораганизам преку употреба


на техники кои го отстрануваат наследниот материјал или воведуваат ДНК која е
изготвена надвор од организмот било директно во домаќинот или во ќелијата што е потоа
фузирана или хибридизирана со домаќинот. Ова вклучува користење на техники за
рекомбинирана нуклеинска киселина (ДНК или РНК) за да се создаде нова комбинација на
наследен гентески материјал по кој следи соединувањето на тој материјал било
индиректно преку систем вектор или непосредно преку техники на микро-инјектирање,
макро-инјектирање и микро-енкапсулација.

Вообичаено, генетскиот инженеринг не вклучува природно размножување на


животните и растенијата, ин витро оплодување, вбризгување (индукција) на полиплоиди,
техники на мутагенеза и клеточна фузија кои не користат во процесот реструктуирани
нуклеински киселини или генетски модифициран организам.[4] Меѓутоа, Европската
комисија, во принцип, го дефинира генетското инженерство и како процес кој вклучува
селективно размножување и други средства за вештачка селекција.[5] Иако не се сметаат
за генетско инженерство, ,[6] истражувањата за клонирање и матични клетки се тесно
поврзани и генетското инженерство може да се употреби во нив.[7] Синтетичка биологија
е нова дисциплина која го носи генетското инженерство чекор напред преку воведување
на вештачко синтетизиран генетски материјал од сурови материјали кои се наоѓаат во еден
организам.[8]
Ако генетскиот материјал од друг вид се додаде на домаќинот, организмот кој ќе
се добие се нарекува трансгенетски. Ако се користи генетски материјал од исти видови
или видови кои можат нормално да се размножуваат со домаќинот организмот којшто ќе
се добие се нарекува цисгенетски.[9] Генетското инженерство може да се користи и за
отстранување на генетскиот материјал од одредениот организам, на тој начин создавајќи
организам со елиминиран ген.[10] Во Европа, генетска модификација е синоним на
генетското инженерство, додека пак во Соединатите Американски Држави може да се
однесува и на вообичените методи на размножување.[11][12] Канадскиот регулативен
систем се заснова на тоа дали производот има невообичаени карактеристики независно од
методот или потеклото. Со други зборови, производот се регулира како генетски
модифициран ако носи особина којашто претходно ја немал видот, без разлика дали бил
создаден пат на традиционални методи на размножување (на пр., селективно
размножување, клеточна фузија, размножување со мутации) или генетско инженерство.
[13][14][15] Во научната заедница, обично не се употребува поимот „генетско
инженерство“, туку се преферираат поспецифични поими како што е „трансгенетски“.

Генетски модифицирани организми[уреди | уреди извор]

Главна статија: „Генетски модифициран организам“.

Растенијата, животните или микроорганизмите коишто се променети преку


генетско инженерство се нарекуваат генетски модифицирани организми или ГМО.[16]
Првите организми што беа генетски модифицирани се бактериите. Плазмидната ДНК што
содржи нови гени може да се вметне во ќелијата на бактеријата и тогаш бактеријата ќе ги
експресира тие гени. Овие гени можат да кодираат лекови и ензими што преработуваат
храна и други супстрати.[17][18] Растенијата се модифицираат за заштита од инсекти,
отпорност на хербициди, отпорност на вируси, подобрена исхрана, отпорност на
притисоците од животната средина и производство на орални вакцини.[19] Повеќето
комерцијализирани ГМО се земјоделски културни растенија отпорни на инсекти и/или на
хербицид.[20] Генетски модифицираните животни се употребуваат за истражување, како
примероци и за производство на земјоделски и фармацевтски производи. Ги опфаќаат
животните со елиминран ген, со зголемена осетливост на болест, со хормони за зголемен
раст и со способност за екпресирање на протеини во своето млеко.[21]
Историја[уреди | уреди извор]

Главна статија: „Историја на генетското инженерство“.

Илјадници години, луѓето ги менуваат геномите на видовите преку вештачка


селекција и понеодамна преку мутагенеза. Надвор од размножувањето и мутациите,
генетското инженерство како непосредна манипулација со ДНК од страна на луѓето
постои од 1970-тите години. Поимот „генетско инженерство“ прво го образува Џек
Вилијамсон во неговиот научна фантастика роман Островот на змејот, објавен во 1951
година,[22] една година пред Алфред Херши и Марта Чејс да ја утврдат улогата на ДНК
во наследност,[23] а две години пред Џејмс Ватсон и Францис Крик да докажат дека
молекулата на ДНК има двојно спирална структура.

Во 1974 година, Рудолф Јениш го создаде првото ГМ животно.

Во 1972 година, Пол Берг ги создаде првте молекули на рекомбинирана ДНК со


комбинирање на ДНК од мајмунскиот вирус СВ40 и од ламбда вирус.[24] Во 1973 година,
Херберт Бојер и Стенли Кохен го создадоа првиот трансгенетски организам преку
вметнување на гени отпорни на антибиотици во плазмидот на бактеријатаE. coli.[25][26]
Една година подоцна, Рудолг Јениш создаде трансгенетски глушец преку воведување на
надворешна ДНК во неговиот ембрион, создавајќи го првото трансгенетско животно во
светот.[27] Овие достигнувања доведоа до загрижености во научната заедница за
можните ризици од генетското инженерство, коишто прво беа потемелно разгледани на
Конференцијата во Асимолару во 1975 година. Една од главните препораки од оваа средба
беше да се воспостави владин надзор врз истражувањата од областа на рекомбинирана
ДНК сè додека не се смета дека технологијата е безбедна.[28][29]

Првата компанија за генетско инженерство, Џенентек, ја основаа Херберт Бојер и


Роберт Свансон во 1976 година., а по една година компанијата создаде човечки протеин
(соматостатин) во Ешерихија Коли (E.coli). Во 1978 година, Џенентек го најави
производството на човечки инсулин добиен по пат на генетско инженерство.[30] Во 1980
година, Врховниот суд на САД во судскиот случај Дајмонд против Чакрабарти пресуди
дека генетски изменетиот живот може да се патентира.[31] Во 1982 година, Управата за
храна и лекови го одобри пуштањето во употреба на инсулинот произведен од бактерија,
брендиран како хумулин.[32]

Во 1970-тите, дипломираниот студент на Универзитетот на Висконсин-Мадисон,


Стивен Линдов заедно со Д.Ц. Арни и Ц. Апер ја открија бактеријата што тој ја утврди
како Псевдомонас сиринџи (P. Syringae) којашто одигра улога во формирањето на ледени
јадра, а во 1977 година, го откри мутираниот ледена нишка. Подоцна, тој успешно го
создаде рекомбинираната ледена нишка.[33] Во 1983 година, биотехнолошката компанија,
Адвенсд Џенетик Сајансес (АГС анг.AGS) поднесе барање за дозвола до американската
влада да изврши испитувања на терен на ледената нишка од Псевдомонас сиринџи за
заштита на земјоделските култури од замрзнување. Но, групите за животна средина и
демонстрантите ги одложија испитувањата преку правни предизвици за четири години.
[34] Во 1987 година, ледената нишка од Псевдомонас сиринџи' стана првиот генетски
модифициран организам (ГМО) што беше пуштен во употреба во животната средина,[35]
кога во Калифорнија поле со јагоди и поле со компири беа испрскани со него.[36] И на
двете испитувања се сптотивставија активистичките групи ноќта пред да се извршат
испитувањата: „Првото место за испитување во светот го привлече првиот трашер за поле
во светот“.[35]

Првите испитувања на терен на генетски модифицираните растенија беа во


Франција и САД во 1986 година, тутуните беа модифицирани за да бидат отпорни на
хербициди.[37] Народна Република Кина е првата земја што ги комерцијализираше
трансгенетските растенија, воведувајќи, во 1992 година, тутун отпорен на вируси.[38] Во
1994 година, Калџин доби дозвола за комерцијално пуштање во употреба на доматот
Флавр Савр, домат модифициран за подолго да издржува на рафтовите.[39] Во 1994
година, Европската Унија го одобри тутунот модифициран да биде отпорен на хербицидот
бромоксинил, правејќи го да биде првото генетски модифицирано растение
комерцијализирано во Европа.[40] Во 1995 година, по одобрувањето од ФДА, Агенцијата
за заштита на животната средина го одобри како безбеден компирот БТ (Bt), правејќи го
првото растение што произведува пестициди да биде одобрено во САД.[41] Во 2009
година, комерцијално се одгледаа 11 трансгенетски растенија во 25 земји, од кои
најголеми области имаше во САД, Бразил, Аргентина, Индија, Канада, Кина, Парагвај и
Јужна Африка.[42]

Во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, организации, меѓу кои и ФАО и СЗО,[43]


[44][45][46] даваа совети за одредување на безбедноста на генетски модифицираните
растенија и храна. Во 2010 година, научници од Институтот Џ. Крег Вентер, објавија дека
го создале првиот вештачки бактериски геном, и го додале на клетка која не содржи ДНК.
Произлезената бактерија, наречена Синтија, е првата форма на вештачки живот во светот.
[47][48]

Процес[уреди | уреди извор]

Главна статија: „Техники на генетско инженерство“.

Првиот чекор е да се избере и да се издвои генот што ќе се вметне во генетски


модифицираниот организам. Од 2012 година, повеќето комерцијализирани ГМ растенија
имаат во нив пренесени гени што овозможуваат заштита од инсекти или отпорност на
хербициди.[49] Генот може да се издвои со користење на рестриктивни ензими за да се
раздели ДНК на делови и со користење на гелна електрофореза за да се одделат според
должината.[50] Исто така, и полимеро-верижната реакција (ПВР) може да се употреби за
да се зголеми еден генетски сегмент, што потоа ќе се издвои преку гелна електрофореза.
[51] Ако избраниот ген или геномот на организмот-донор е добро проучен може да биде
присутен во генетската библиотека. Ако ДНК секвенцата е позната, а нема примероци од
генот што е на располагање, таа може вештачки да се синтетизира.[52]

Генот што ќе се вметне во генетски модифицираниот организам мора да се


комбинира со други генетски елементи за да функционира соодветно. Тој може да се
модифицира и во оваа етапа за подобра експресија или ефективност. Како и генот што ќе
се вметне, така и повеќето сегменти содржат промотерни и терминаторни сегменти, како и
генот селективен маркер. Промоторната област иницира транскрипција на генот и може да
се користи за контролирање на положбата и нивото на експресија на генот, додека
терминаторната област ја завршува транскрипцијата. Селективниот маркер, кој во
повеќето случи му дава на организмот во којшто е експресиран отпорност на
антибиотици, е потребен за да се одреди кои клетки ќе се преобразат со новиот ген.
Сегментите се создаваат со користење на техники за рекомбинирана ДНК, како што се
рестриктивни прикази, лигациии и молекуларно клонирање.[53] Манипулацијата на ДНК
обично се случува во плазмидот.

Најпознатата форма на генетско инженерство вклучува вметнување на нов


генетски материјал каде било во геномот-домаќин.[се бара извор] Други техники
овозможуваат новиот генетски материјал да се вметне на одредено место во геномот-
домаќин или предизвикуваат мутации на посакуваните генски локуси способни за
елиминирање на ендогени гени. Техниката на генетско мапирање користи хомологно
рекомбинирање за да ги мапира посакуваните промени на одреден ендоген ген. Ова се
случува многу ретко и обично има потреба од користење на селективни маркери.
Фреквенцијата на генетското мапирање може значително да се подобри со употребата на
генетско- модифицираните нуклеази како што е нуклеазата цинков прст,[54][55] генетски-
модифицираната ендонуклеаза на домаќинот,[56][57] или нуклеази создадени од ТАЛ
ефектори.[58][59] За дополнително да се подобри генетското мапирање, проектираните
нуклеази можат да се користат и за воведување на мутации во ендогените гени што
предизвикуваат генетско елиминирање.[60][61]

Трансформација[уреди | уреди извор]

Главна статија: „Трансформација (генетика)“.

A. tumefaciens прицвртувајќи се за клетката на морковот

Околу 1% од бактериите се природно способни да заземат туѓа ДНК, но може да


се наведат и кон други бактерии.[62] Напрегањето на бактериите, на пример со топлински
шок или електричен шок, може да ја направи клеточната мембрана пропустлива за ДНК
што потоа може да се вклучи во нивниот геном или да постои како екстрахромозомална
ДНК. ДНК обично се вметнува во животниските клетки преку микроинјекција, каде што
може да се инјектира преку клеточната јадрена обвивка директно во јадрото или со
употреба на вирални вектори. Кај растенијата, ДНК обично се вметнува со користење на
“Агробактериската”-посредувачка рекомбинација или преку биолистика.[63]
Кај “Агробактериската”-посредувачка рекомбинација плазмидната стуктура
содржи Т-ДНК, ДНК што е одговорна за вметнување на ДНК во геномот-домаќин на
растението. Овој плазмид се трансформира во Агробактерија што не содржи плазмиди и
тогаш растителните клетки се заразени. Тогаш, Агробактерија' природно ќе го вметне
генетскиот материјал во растителните клетки.[64] Кај биолистиката, трансформациските
честички од злато или волфрам се обвиени со ДНК и потоа инјектирани во младите
растителни клетки или во растителните ембриони. Дел од генетскиот материјал ќе навлезе
во клетките и ќе ги трансформира. Овој метод може да се користи на растенија што не се
осетливи на инфекција од Агробактерија, а овозможува и трансформација на растителните
пластиди. Друг метод на трасформација на растителните и животниските клетки е
електропорација. Електропорацијата вклучува подложување на растителните или
животинските клетки на електричен шок, кој може да ја направи клеточната мембрана
пропустлива за плазмидна ДНК. Во некои случаи, електропоратираните клетки ја
вклучуваат ДНК во својот геном. Заради штетата предизвикана на клетките и ДНК,
ефективноста на трансформацијата од биолистиката и од електропорацијата е помала
отколку од aгробактериската-посредувачка рекомбинација и од микроинјектирањето.[65]

Зашто често само една клетка се трансформира со генетскиот материјал,


организмот треба да се регенерира од таа единствена клетка. Бидејќи бактериите се
состојат од една клетка и клонично се размножуваат регенерацијата не е потребна. Кај
растенијата ова се постигнува со употреба на ткивна култура. Секој растителен вид има
различни потреби за успешна регенерација преку ткивната култура. Ако постапката е
успешна, се произведува зрело растение што содржи трансген во секоја клетка. Кај
животните е неопходно да се утврди дека вметната ДНК е присутна во ембрионални
матични клетки. Селективните маркери се користат за лесно да се распознаваат
трансформнираните и нетрансформираните клетки. Иако се развиени бројни стратегии за
отстранување на селективниот маркер од зрелите трансгенетски растенија, овие маркери
се обично присутни во трансгенетскиот организам.[66] Кога ќе се создаде потомството,
може врз него да се извршат тестови за откривање на присуството на генот. Целото
потомство од првата генерација ќе биде хетерозиготна за вметнатиот ген и мора да се
спојат заедно за да создадат хомозиготно животно.
Дополнителните испитувања користат ПВР, Саутер хибридизација, и се
спроведува ДНК секвенционирање за да се утврди дека еден организам го содржи новиот
ген. Овие испитувања го утврдуваат и хромозомското место и бројот на копии на
вметнатиот ген. Присуството на генот не гарантира дека ќе се експресира на соодветните
нивоа во одреденото ткиво па се употребуваат методи што се грижат за и ги мерат
генските производи (РНК и протеин). Тие вклучуваат нортерн хибридизација, квантитатив
РТ-ПЦР, Вестерн блот, имунофлуоресценција, ЕЛИСА и фенотипска анализа. За стабилна
трансформација генот треба да се пренесе на потомството според моделот на Менделовите
закони, па и потомството на организмот се проучува.

Уредување на геномот[уреди | уреди извор]

Главна статија: „Уредување на геномот“.

Уредувањето на геномот е вид на генетско инженерство во кое ДНК се вметнува,


заменува или отстранува од геномот со користење на вештачки добиени нуклеази или со
"молекуларни ножици". Нуклеазите создаваат одреден двоен расцеп на нишката (ДСБ) на
посакуваните места во геномот, и ги поттикнува клеточните ендогени механизми да го
поправат предизвиканиот прекин преку природни процеси на хомологно рекомбинирање
(ХР) и спојување на нехомологни краеви (НХЕЈ). Во моментов има четири фамилии на
генетски-модифицирани нулеази: мегануклеази, нуклеази цинков прст (ЗФН), ТАЛЕН
(TALENs), and ЦРИСПРи.[67][68]

Примени[уреди | уреди извор]

Генетското инженерство се применува во медицината, истражувањата,


индустријата и земјоделството и може да се кориси на голем број растенија, животни и
микроорганизми.

Медицина[уреди | уреди извор]

Во медицината, генетското инженерство се користи за масивно производство на


инсулин, човечки хормони за раст, фолистим (за лекување на неплодност), човечки
албумин, моноклонални антитела, антихемофилни фактори, вакцини и многу други
лекови.[69][70] Вакцинацијата обично вклучува инјектирање слаби, живи, мртви или
неактивни форми на вируси или нивните отрови во личноста што е имунизирана.[71]
Генетски модифицираните вируси се развиваат за сè уште да можат да даваат имуност, но
ги немаат заразните секвенци.[72] Хибридомите на глушецот, клетки фузирани заедно за
да создадат моноклонални антитела, се очовечија преку генетското инженерство за да
создаваат човечки моноклонални антитела.[73] Генетското инженерство покажа ветување
за лекување на одредени форми на рак.[74][75]

Генетското инженерство се користи за да се создадат животински модели на


човечки болести. Генетски модифицираните глувци се најчестите животниски модели за
генетско инженерство.[76] Тие се користат за да се проучува и обликува рак
(онкоглушец), дебелина, срцеви болести, дијабетес, артритис, дрогирање со отровни
материи, вознемиреност, стареење и Паркинсонова болест.[77] Можните лекови може да
се испитуваат на овие модели од глувци. Исто така, се одгледани и генетски
модифицирани свињи со цел да се зголеми успешноста во трансплатацијата на органи од
свиња на човек.[78]

Генотерапијата е генетско инженерство на луѓе преку заменување на


неисправните човечки гени со функционални копии. Ова може да се случи во соматските
или герминативни ткива. Ако генот се вметне во герминативното ткиво, тој може да се
пренесе на потомците на таа личност.[79][80] Генотерапијата успешно се користи за
лекување на бројни болести, меѓу кои и СЦИД поврзана со X,[81] хронична лимфоцитна
лекемија (ЦЛЛ),[82] и Паркинсонова болест.[83] Во 2012 година, по нејзиното прифаќање
од Европската комисија, Глибера стана првата генетска терапија одобрена за клиничка
употреба и во Европа и во Соединатите Држави.[84][85] Исто така, постојат и етички
загрижености за тоа дали треба технологијата да се употребува не само за лекување, но и
за подобрување, модифицирање или изменување на изгледот на човечките суштества,
приспособливоста, интелегенцијата, карактерот или однесувањето.[86] Тешко е да се
воспостави и разликата помеѓу лек и подобување.[87] Трансхуманистите го сметаат
разубувањето на луѓето пожелно.

Истражување[уреди | уреди извор]


Глувци со елиминиран ген

Човечки клетки во кои некои протеини се соединети со зелен флуоросцентен


протеин за да им се овозможи да се визуализираат

Генетското инженерство е важна алтака за научниците. Гените и другите генетски


информации од голем број организми се трансформираат во бактерии за зачувување и
модиифкација, создавајќи во процесот генетски модифицирани бактерии. Бактериите се
евтини, лесни за одледување, клонални, се размножуваат брзо, доста лесно се
трансформираат и речиси бесконечно може да се зачуваат на температура од -80 °C. Штом
генот е издвоен може да се зачува во бактерија обезбедувајќи неограничена понуда за
истражување.

Им се врши генетско инженерство на организмите за да се откријат функциите на


одредени гени. Ова може да биде ефектот на фенотипот на организмот, каде што генот се
екпресира или со кои други гени си влијаат. Овие експерименти обично вклучуваат
губење на функцијата, добивање функција, следење и експресија.

Експерименти за губење на функцијата, како што е случајот со експериментот за


генско елиминирање, се оние екперименти каде што организмот се модифицира за да нема
активност на еден или повеќе гени. Експериментот за елиминирање вклучува создавање и
манипулација на ДНК структурата ин витро, кој, при едноставено елиминирање, се состои
од копија од посакуваниот ген што е така изменет за да биде нефукционален.
Ембрионските матични клетки го припојуват изменетиот ген, кој ја заменува веќе
присутната функционална копија. Овие матични клетки се инјектираат во бластоцистите,
кои се всадени во сурогат мајките. Ова овозможува екпериментаторот да ги анализира
недостатоците што ги предизвикува ова мутација и со тоа да ја одреди улогата на
одредени гени. Ова се користи особено често во развојната биологија. Друг метод,
корисен во организми како што е Дрозофила (овошна мушичка), е да се предизвикаат
мутации кај голема популација и потоа да се извршат тестови кај потомството за да се
открие дали ја има посакуваната мутација. Сличен процес може да се користи и кај
растенијата и кај прокариотите.
Експреименти за добивање на функции, логичка копија на организмите со
елиминиран ген. Овие експерименти се вршат во комбинација со експериментите за
елиминирање за попрецизно да се воспостави функцијата на посакуваниот ген. Процесот е
прилично ист како оној во нокаут инженерството, освен тоа што структурата е наменета
да ја зголеми функцијата на генот, обично преку обезбедување на дополнителни копии на
генот или преку почесто предизвикување на синтеза на протеинот.

Експерименти за следење, коишто бараат да се добијат инфромации за местото и


интеракцијата на посакуваниот протеин. Еден начин за да се направи ова е да се замени
дивиот тип со 'фузиран' ген, што е спротивставување на дивиот тип со елементи за
известување како што е зелениот флуоресцентен протеин (ГФП) што ќе овожможи лесна
визуализација на производите од генетската модификација. Додека ове е корисна техника,
манипулацијата може да ја уништи функцијата на генот, создавајќи несакани ефекти и
можеби ставајќи ги под сомнение резултатите од експериментот. Во моментов се во развој
пософистицирани техники што може да ги следат производите на протеинот без притоа да
ја намалуваат нивната функција, како што е собирањето на мали секвенци коишто ќе
послужат како обврзувачки мотиви за моноклоналните антитела.

Анализите на експресијата се стремат да откријат каде и кога се создаваат


одредени протеини. Во овие експерименти, ДНК секвенцата пред ДНК што го кодира
протеинот, позната како генски промотер, е повторно воведен во организам со регион што
кодира протеин заменет со известувачки ген како што е ГФП или ензим што ја катализира
продукцијата на бојата. На овој начин, може да се набљудуваат времето и местото каде
што се создава одереден протеин. Анализите на експресијата може да се оденсат чекор
напред преку менување на промотерот за да се открие кои делчиња се суштински за
соодветната експресија на генот и се всушност ограничени од протеинските фактори за
транскрипција; овој процес е познат како удирање на промотерот.

Индустриски[уреди | уреди извор]

Со користењето на техниките за генетско инженерство, може да се


трансформираат микроорганизми како што се бактериите или квасецот, или да се
трансформираат клетките на повеќеклеточните организми како што се инсектите или
цицачите, преку генетско кодирање на корисните протеини, како што е ензимот, така што
трансформираниот организам прекумерно ќе го изрази посакуваниот протеин. Може да се
произведат масивни количини на протеин преку одгледување на трансформираниот
организам во биореакторска опрема со користење на техниките на индустриска
ферментација, а потоа прочистување на протеинот.[88] Некои гени не функционираат
добро во бактериите, па затоа може да се користат и квасец, клетки од инсекти или клетки
од цицачи, од кои секој е еукариот.[89] Овие техники се користат за да се произведат
лекови како што е инсулинот, човечки хормон за раст и вакцини, додатоци како што е
триптофанот, помош во производството на храна (Химозин во правење на сирење) и
горива.[90] Други примени во кои се вклучува испитувањето на генетски модифицираните
бактерии вклучуваат поттикнување на бактеријата да извршува задачи што се надвор од
нејзиниот природен круг, како што е создавањето на биогоривата,[91] чистењето на
дамките од масло, јагленот и други отровни отпадоци[92] и откривање на арсеник во
водата за пиење.[93]

Експериментални, лабораториски измерени индустриски примени[уреди | уреди


извор]

Во науката за материјалите, генетски модифицираниот вирус се користи во


академските лаборатории како скеле за склопување на литиумска батерија што е
попријателски настроена кон животнат средина.[94][95]

Се произведуваат бактерии за да функционираат како сензори преку изразување


на флуоресцентниот протеин во одредени околински услови.[96]

Земјоделство[уреди | уреди извор]

Главна статија: „Генетески модифицирани растенија“.

БТ-отровите присутни во листовите на кикирика (сликата долу) ги заштитува од


големата штета предизвикана од европската житна ларва (сликата горе).[97]

Една од најпознатите и контроверзни примени на генетското инженерство е


создавањето и употребата на генетски модифицирани растенија или генетски
модифицирани организми, како што е гентски модифицираната риба, кои се користат за
производство на генетски модифицирана храна и материјали со разни намени. Во
создавањето на генетски модифицираните растенија постојат четири главни цели.[98]

Едната цел, и првата којашто се реализира комерцијално, е да се обезбеди заштита


од заканите од животната средина, како што е ладното (во случајот на бактеријата ледена
нишка), или од патогените, ако што се инсектите или вирусите, и/или отпорност на
хербициди. Има развиено или се во развој и растенија отпорни на габички и вируси

Друга цел во создавањето на ГМО, е да се измени квалитетот на производството,


на пример зголемување на хранливата вредност или обезбедување на покорисни
индустриски квалитети или количества на производството.[102] На пример, компирот
Амфлора произведува покорисни индустриски мешавини од скроб. Кравите се
модифицирани за да создаваат повеќе протеин во нивното млеко за да се олесни
производството на сирење.[103] Сојата и канолата генетски се модифицираат за да
произведуваат поздрави масла.[104][105]

Другата цел се состои од поттикнување на ГМО да произведе материјали што


обично не ги создава. Еден пример е "фарминг", кое ги употребува растенијата како
биореактори за да произведе вакцини, интермедијарни лекови или самите лекови;
корисниот производ се прочистува од плодот и потоа се користи во стандардните
фармацевтски процеси на производство.[106] Кравите и козите генетски се модифицираат
за да експресираат лекови и други протеини во нивното млеко, а во 2009 година ФДА го
одобри лекот што се произведе во козјото млеко.[107][108]

Друга цел во создавањето на ГМО, е директно да се подобри производот преку


забрзување на растот или преку зацврстување на организмот (кај растенијата, преку
подобрување на отпорноста на сол, ладно или суша).[102] Некои животни што се значајни
за земјоделството се генетски модифицирани со хормони за растење за да се зголеми
нивната големина.[109]

Генетското инженерство на земјоделски култури може ја зголеми стапката на раст


и отпорноста на различни болести што ги предизвикуват патогените и паразитите.[110]
Ова е корисно бидејќи може значително да го зголеми производството на изворите на
храна преку употребата на помлаку извори што би биле потебни како домаќини на
светските растечки популации. Овие модифицирани растенија ќе ја намалат и употребата
на хемикалии, како што се ѓубривата и пестицидите, и на тој начин ќе се намали
сериозноста и фреквенцијата на штетите што ги предизвикуваат овие хемиски загадувања.
[110][111]

You might also like