You are on page 1of 14

Штипски факултет – Штип

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ


СЕЛЕКЦИЈА И СЕМЕПРОИЗВОДСТВО

ТЕМА : МЕТОДИ НА СЕЛЕКЦИЈАТА

ИЗРАБОТИЛ : МЕНТОР :

Васе Стефаноска проф. Верица Илиева

Штип ,мај, 2019


Содржина

Вовед .................................................................................................................... 3
1. МЕТОДИ НА СЕЛЕКЦИЈАТА ...................................................................... 4
1.1. Квалитетни својства на семето .................................................................... 4
1.2. Генетски квалитет на семето ........................................................................ 4
2. Испитување на квалитетните својства на семето .......................................... 6
2.1. Земање на просечна и работна проба ........................................................... 6
2.2. Одредување чистота на семето ..................................................................... 7
3. Испитување ртливост на семето ...................................................................... 8
3.1. Индиректни методи ....................................................................................... 8
3.2. Методи за одредување виталност на семето ................................................ 9
4. Директни методи .............................................................................................. 10
5. Дезинфекција и дезинсекција на семето ........................................................ 12
Заклучок ................................................................................................................. 13
Користена лтиература ........................................................................................... 14

2
Вовед

Семето е изворот на идните растенија или храната, тоа е првата алка во


синџирот на исхраната и крајниот симбол на безбедноста на храната.Растенијата
се основниот извор на храна за целата светска популација.
Сите производи со кои човекот се храни и облекува (леб, месо, јајца,
памук, лен, волна итн.) се производ на растенијата или биле нивни производ на
определено ниво од тој ланец, обезбедувајќи суровина или енергија за нивно
производство. Според податоци од FAO, 93% од сувата материја која луѓето ја
конзумираат има растително потекло. Во светот повеќе од половина од
човечката храна се обезбедува од трите главни житни култури (ориз, пченица и
пченка).
Квалитетот на семето е комплексно својство на кое влијаат многу
фактори во текот на производството, постжетвената манипулација и
складирањето.
Главно, квалитетот на семето варира во зависност од специфичната
реакција на условите на надворешната средина, особено на температурата,
распоредот на врнежите и условите за исхрана во периодот на формирањето и
созревањето на семето, времето и начинот на жетвата, постапката при
доработката, хемиското третирање и чувањето.
Квалитетно семе е семето кое има генетска и физичка чистота,
здравствена исправност, и физиолошка состојба во согласност со пропишаните
стандарди за сертификација на семе. Сите тие детерминанти на квалитетот на
семето содржат повеќе компоненти.
Согласно законските прописи дел од нив задолжително се тестираат при
сертификацијата на семето, а дел по потреба. Вредностите од тестирањата
укажуваат какво семе ќе се користи во производството. Од тие причини,
сигурноста на методите кои се практикуваат е од исклучително значење.

3
1. МЕТОДИ НА СЕЛЕКЦИЈАТА

1.1. Квалитетни својства на семето

Под семе, во смисла на семенски материјал, се подразбира семе од


земјоделските растенија кое е наменето за нивно производство по пат на
генеративно размножување. Производството на семе не треба да се
поистоветува со обичното производство со кое се произведува семе-плод, кое се
користи како храна.
Семето произведено со научно организиран систем на мерки е
значително супериорно спрема семето кое е производ на обичното
производство, и тоа во однос на сите својства кои влијаат на неговата
репродуктивна моќ. 1

1.2. Генетски квалитет на семето

Основни компоненти на генетскиот квалитетот на семето се неговиот


генетски идентитет, генетската чистота и униформност. Во текот на времето
сортата може да го изгуби својот идентитет поради различни причини, како што
се механичко мешање со други видови и сорти, генетски мутации, генетски
дрифт, стеснување на генетската разновидност како резултат на одредени цели
во селекцијата, итн.
Одржувањето на генетскиот идентитет на семето е специјализирана
научна постапка која зависи од генетската конституција на сортата, начинот на
оплодување и размножување на сортата и методот на производство на семе.2
Според генетската конституција сортата најчесто може да биде чиста
линија, чиста сорта, популација или хибридна сорта. Ако сортата претставува
чиста линија одбирањето на најдобри растенија за добивање на повисоки
категории на семе е најдобар начин за одржување на генетскиот идентитет на
сортата.

1
Đurić, N., Obradović, S., Martić, M., Trkulja, V. & Prodanović, S.: Analiza kvaliteta semena PKB
sorti ozime pšenice roda 1995-2007 godine, Zbornik naučnih radova, (2008)
2
Правилник за начинот на работа, просторната и техничката опременост на овластените
лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските
растенија. Сл. весник на Р. Македонија, бр. 61

4
Ако сортата претставува чиста сорта или сортна популација кај
странооплодните видови генетскиот идентитет може да се одржи само ако за
производство на елитно семе се избере сразмерен број на растенија од сите
изворни генотипови на сортата. Во спротивно може брзо да дојде до инбридинг
депресија.
Затоа, при производство на сортно семе кај странооплодните растенија се
препорачува што помала репродукција од почетното семе (што помал број на
генерации), бидејќи секоја следна генерација може да се разликува од
претходната. Во случај кога сортата е хибрид, производството на семе е
потполно под контрола, бидејќи посебно се произведуваат инбред линии кои
мора да бидат генетски чисти за да се добие генетски чисто хибридно семе.
Таквото семе има еднократна употреба и секоја година повторно се
произведува.3
Главен извор на генетска контаминација кај странооплодните култури е
природното вкрстување. Степенот на контаминација зависи од брзината и
правецот на ветерот за време на цветањето и опрашувањето кај анемофилните
видови и од бројот и активноста на инсектите кај ентомофилните видови. 4
За да се намали ваквата контаминација се препорачува соодветна
изолација на семенскиот посев. Кај самооплодните видови природното
вкрстување не претставува сериозен извор на контаминација. Меѓутоа, ако се
користи семе од посеви одгледувани во услови на вообичаена технологија
сортата брзо дегенерира и не може генетски да се подобри.

3
Правилник за начинот на работа, просторната и техничката опременост на овластените
лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските
растенија. Сл. весник на Р. Македонија, бр. 61
4
Sabovljević, R., Simić, D., Stanković, Z., Đurić, N., Gordanović, Đ., Jokić, B. & Radivojević, D.:
Varijabilnost I korelacije osobina semena pšenice proizvedenog na području PKB, Zbornik naučnih
radova sa XXV savetovanja agronoma, veterinara I tehnologa. (2011)

5
2. Испитување на квалитетните својства на семето

Секое семе пред употребата мора да биде испитано, во поглед на


неговите квалитетни својства, па според овие својства се одредува и
употребната вредност на семето. Неговата употребливост се одредува според:
чистотата, ртливоста, енергијата на ртливост, здравствената состојба,
содржината на влага.
Тие претставуваат основни елементи за квалитетот на семето од кои
понатаму се одредува нормата за сеење на семе во расадник. Употребата и
прометот на семе во нашата земја е регулирано со одредени прописи кои важат
уште од 1964 година. Во меѓународниот промет на семе, важат прописите ИСТ
(Меѓународна организација за испитување на семе). Со нашите прописи се
опфатени само видови на дрвја кои се од интерес за пошумување.5

2.1. Земање на просечна и работна проба

Квалитетот на семето се утврдува врз основа на анализа на една или на


повеќе примероци, земени од собраното семе од една површина или контролна
единица. Тие примероци треба да го претставуваат просечниот квалитет на
собраното семе. За да се добие просечната проба, треба да се земе исто
количество семе од различни места.
Ако семето е во вреќа, се зема семе по можност од врвот, средината и од
дното. До три вреќи на семе, проби се земаат од секоја вреќа. Од четири до
десет вреќи, проба се зема од секоја втора. Од единаесет до триесет вреќи, се
зема од секоја трета, а кај поголемо количество се зема од секоја петта или од
секоја десетта вреќа.
Ако семето е на куп, во сандаци и слично, проби се земаат од десет до
дваесет места и тоа од страна, средина, дното. Пробите се земаат со специјална
сонда или со рака.

5
Sabovljević, R., Simić, D., Stanković, Z., Đurić, N., Gordanović, Đ., Jokić, B. & Radivojević, D.:
Varijabilnost I korelacije osobina semena pšenice proizvedenog na području PKB, Zbornik naučnih
radova sa XXV savetovanja agronoma, veterinara I tehnologa. (2011)

6
2.2. Одредување чистота на семето

Под чистота на семето се подразбира односот помеѓу тежината на


чистите семки и вкупната тежината на семето заедно со нечистотијата изразена
во проценти.
Пред да се пристапи кон одредување на чистотата, работната проба се
мери на техничка вага ( до две децимали ) и тежината се запишува. Потоа,
семето се распоредува на стаклена или порцеланска плоча и со помош на
пинцета се дели во три групи: А- чисто семе Б- штуро (празно) семе В-
механичка нечистотија.
A. Во чисто семе се издвојуваат здрави семки според надворешниот
изглед (боја, едрост (големина), сјај и сл.). Под чисто семе се подразбира и
семето со крилце.
Б. Во штуро семе спаѓаат празните семки, скршени зрна, неразвиени
семиња и друго неквалитетно семе.
B. Во механичка нечистотија спаѓаат отпаднати крилца, лушпи,
песок, иглички и други отпадоци.6
Потоа, секоја одделна група се мери на две децимали. Нивниот збир мора
да одговара на вкупната тежина на работната проба.
Процентуалното учество на чистото семе, спрема вкупната тежина на
пробата, претставува процент на чистота на семето. Чистото семе значи
апсолутна тежина на семето, но во него се среќаваат и други примеси.
Покрупните семиња се почисти отколку поситните во кои има делови од
семенската лушпа, почва и др. примеси. Од групата на чисто семе се вадат
семки врз кои се врши испитување на ртливост.

6
Sabovljević, R., Simić, D., Stanković, Z., Đurić, N., Gordanović, Đ., Jokić, B. & Radivojević, D.:
Varijabilnost I korelacije osobina semena pšenice proizvedenog na području PKB, Zbornik naučnih
radova sa XXV savetovanja agronoma, veterinara I tehnologa. (2011)

7
3. Испитување ртливост на семето

'Ртливоста на семето може да се одреди индирекно и дирекно.


Индиректниот начин се оценува без да се предизвика семето на никнење.
По директен пат ртливоста се одредува врз основа на бројот на семките кои
изникнале во одредени услови, за одреден временски период изразено во
проценти, од вкупниот број на семиња земени од групата на чисто семе.

3.1. Индиректни методи

За одредување на 'ртливоста, според надворешниот изглед (физички


метод), може да послужат бојата и изгледот на семенската лушпа, како и
тврдоста, вкусот и мирисот на семето. Во овој случај, за сите видови семиња,
важи едно правило: дамките на семето, освен кај борот каде што е тоа чест
случај, е знак дека семето не е здраво.
Исто така не е здраво и семето коешто нема нормална тврдост и кое
мириса на мувла. Здравото семе мора да има цела семенска лушпа, не треба да
се издупчени ниту збрчкани ( се однесува на покрупно семе како од даб, костен,
бука). За семиња од бел и црн бор, белите семки се празни. Кај елката, жолтите
семиња имаат најголема 'ртливост од семињата со друга пигментација.
'Ртливоста се одредува и со механички методи и тоа на неколку начини.
Најчест е методот на пресекување на семето со нож, коешто се користи
во практиката за испитување на семиња од бука, даб и питом костен. Според
овој начин, ртливоста на семето се одредува кога ќе се земат четири проби од по
100 семки, па потоа семка по семка се сечат и се испитува содржината.
Семињата кои на пресекот се цврсти, едри и имат одредена боја, се сметаат
способни од нив да се развие растение. Кај голем број семиња, 'ркулецот кој има
животоспособност е со бела или кремаста боја.
Полнозрноста на семето и здравиот изглед, при сечењето, се уште не
даваат целосно сигурен знак дека ембрионот е способен да из рти. Не е редок
случајот да при подоцно лабораториско испитување, некои ртливи семиња и по
одредено време не из ртуваат.

8
Испитување на семето, со притискање на бела хартија, може да послужи
како метод за одредување ртливост кај видови семиња кои содржат маслена
течност (бреза, брест, смрча, бор). Свежите или живите семки, оставаат на
хартијата масна дамка кога ќе се притиснат со нокотот.
Потопувањето на семето во вода (флотација) е механички метод на
испитување кај полнозрнестите семиња кои по бабрењето потонуваат во водата
т.е. на дното на садот, додека празните семиња пливат по површината на водата.
Овој метод е успешен само кај покрупни семиња и ако семето е свежо, додека,
ако е старо и посуво тоа плива на површината.
Рентген-анализа. - Во современите лабораториски наоди се употребуваат
рентген апарати со чија помош јасно се распознаваат колку има празни и гнили
семиња во пробата како и изгледот и степенот на развој на ембрионот.

3.2. Методи за одредување виталност на семето

Виталноста или животоспособноста на семето претставува број на


животоспособни семки изразен во проценти, од вкупниот број семки за
испитување.
Виталноста се одредува кога се во прашање семиња кои прележуваат
подолго време (јасен, липа, молика). 7Виталноста се одредува според неколку
методи:
- тетразол метод;
- индигокармин метод;
- метод на растење на ембрионот.
Тетразол методот е бојадисување на ембрионот на претходно
препарирани семки во 1%-тен раствор 2.5-5 трифенил-тетразолиум- хлорид во
дестилирана вода со рН 7. Семето останува во растворот 1-2 дена, а потоа се
гледа пресекот. Тетразолиумот интензивно ги обојува клетките на ембрионот
кој се живи додека неживите клетки остануваат необоени.

7
Seed and Seed Quality: Technikal Information for FAO Emergency Staff, на:
http://www.fao.org/fileadmin/templates/tc/tce/pdf/Appendix_14_Seed_and_Seed_Quality_for_Emg.pd
f

9
Индиго метод - е бојадисување на ембрионот на претходно подготвени
семиња, а испитувањето се врши на 2%-тен раствор на индигокармин во
дестилирана вода. Семето во овој раствор стои 2-3 часа. Индигокарминот
интензивно ги бои со сина боја мртвите клетки, а живите остануваат необоени.
Метод на растење на ембрионот - Овој метод се користи за одредување
виталност на семето од елка. Ослободените ембриони од семето се редат на
филтер-хартија и се ставаат во ртилка. Бројот на виталните ембриони се
утврдува по 24, 36 или 48 часа. За витални се сметаат оние ембриони коишто
очигледно имаат изглед за растење. Вкупното траење на оваа анализа е 3 дена
од кој еден ден отпаѓа на ослободување на ембрионот од семенската лушпа, а
два дена се за испитување во 'ртилка.

4. Директни методи

Во расадничарската практика, под поимот 'ртливост, се подразбира број


на семки кои нормално изникнале на одредени услови и во одредено време,
изразено во проценти од вкупниот број семки земени за испитување од групата
на чисто семе.
Добиените резултати ја претставуваат т.н. лабораториска 'ртливост која
се утврдува под оптимални услови во лабораторија.
Лабораториската 'ртливост помага да се утврди вредноста на семенскиот
материјал кој е неопходен услов за планиран производ.
За утврдување на лабораториска 'ртливост се користи:
- Крстиќева 'ртилка;
- Јакобсенова 'ртилка и нејзина модификација;
- термостат 'ртилка.
Во практиката, за полесно манипулирање, најчесто се користи
Либенбергова и Штајнерова 'ртилка. Како подлога за семе се користи филтер-
хартија, песок или земја. Испитувањето на 'ртливоста се врши на температура
20-30° С. За некои видови семиња, неопходно е да се врши испитување во
светла просторија било да е природно-дневна или вештачка.

10
Крстиќевата ртилка е сместена на постојано место во простории каде
што има константни услови и служи за сериско испитување на ртливоста
(лабораторија).
Либенберговата ртилка сл. 1 се состои од метална кутија и метален
капак. Имаат димензија 40 - 50 см должина, ширина 30 см, а длабока 6-8см. По
долгите страни има метални држачи на кои се поставуваат стаклените плочки,
врз нив се поставува впивлива хартија чии краеви достигнуваат до дното каде
што има вода која се качува нагоре за да биде семето влажно. 8
Стаклените прачки се широки 2 см, долги колку широчината на кутијата
со растојание меѓу нив 2 см. Садот се покрива со капакот на кој има отвор
заради проветрување, се покрива и се носи во просторија со константни услови.

Слика 1. 'Ртлилиште

Ртливоста се испитува на многу лесен начин и тоа со пробно сеење на


семето во почва, песок во саксија, впивлива хартија и слично.
Под енергија на ртливост се подразбира бројот на семето коешто се
испитува и нормално да из рти во одредени услови, но за пократок временски
период, изразен во проценти од вкупниот број семки земени за испитување од
групата на чисто семе. Одредувањето на енергијата на ртливост се врши на
земени четири проби од по 100 семки издвоени од групата на чисто семе.

8
Seed and Seed Quality: Technikal Information for FAO Emergency Staff, на:
http://www.fao.org/fileadmin/templates/tc/tce/pdf/Appendix_14_Seed_and_Seed_Quality_for_Emg.pd
f

11
5. Дезинфекција и дезинсекција на семето

Под дезинфекција на семето се подразбира заштита и чистење на семето


од паразити, габи или мицелиум. За дезинфекција на семето се користи сува
заштита и тоа со третирање на хемиски средства: - фунгициди.
За полусув начин на третирање се користи 1-4%-тен раствор од
формалин при што претходно семето се навлажнува, па се става на куп и се
покрива со платно и стои 2 часа. Потоа, се распостила во тенки слоеви и се
остава да се просуши.
За мокриот начин на третирање, се користи формалин, хиперманган,
сублимат, модер камен и др. При овој и претходниот начин, добро е семето
веднаш по третирање да се посее. Сите препарати за дезинфекција се нарекуваат
фунгициди. Како превентивна мерка од габните заболувања, може да се изврши
дезинфекција и на амбалажата во кој се чува семето. Амбалажата може да се
испрска или да се потопи во дезинфекциски раствор и да стои 30 мин.9
Дезинфекција може да се изврши и заради заштита од инсекти, а главно
од инсекти кои го напаѓаат семето и плодовите. Најзабележливи знаци на напад
од инсекти е: намален раст на семето, плодот и шишарката; црвојаднина од
изгризан плод; влезни и излезни отвори.
За време на чување на семето, се користат различни инсектициди
(средства за уништување на инсекти) и тоа: линдан, алдрин, севин, пантацид и
др. Се користат и средства врз основа на сумпур, но се лесно запаливи, па се
избегнуваат.

9
http://www.eucebnici.mon.gov.mk/pdf/9_Rasadnicharstvo%20za%20II
%20godina_MAK_PRINT_WEB.pdf

12
Заклучок

Семето е комплексен жив организам кој има големо влијание на


приносот кај земјоделските растенија. Квалитетното семе има побрзо и
поуедначено ‘ртење и никнење, дава здрави растенија кои имаат побрз пораст,
подобра толерантност на различни стресни услови и подобра отпорност кон
болести и штетници.
Квалитетното семе е резултат на успешна селекција и внимателно
стручно управување во сите фази од производството, доработката, контролата,
сертифицирањето и прометот.
Квалитетно семе може да се произведе само со организиран систем на
производство, правилно пропишани, планирани и контролирани услови на
производство и јасно дефинирани и пропишани мерки и постапки за контрола,
начини на евидентирање и анализа на резултатите од контролата.
Контролата и подобрувањето на безбедноста и квалитетот на храната се
подеднакво значајни во сите фази од примарниот производствен синџир до
преработувањето, дистрибуцијата и крајната употреба, вклучувајќи го и
здравјето и заштитата на растенијата и животните.
Бидејќи семето е почетокот на најголем дел од примарното растително
производство, контролата на неговиот квалитет претставува основна алатка за
безбедни растителни производи.

13
Користена литература

1. Đurić, N., Obradović, S., Martić, M., Trkulja, V. & Prodanović, S.: Analiza
kvaliteta semena PKB sorti ozime pšenice roda 1995-2007 godine, Zbornik naučnih
radova, (2008)
2. Правилник за начинот на работа, просторната и техничката опременост на
овластените лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот
материјал кај земјоделските растенија. Сл. весник на Р. Македонија, бр. 61
3. Sabovljević, R., Simić, D., Stanković, Z., Đurić, N., Gordanović, Đ., Jokić, B. &
Radivojević, D.: Varijabilnost I korelacije osobina semena pšenice proizvedenog na
području PKB, Zbornik naučnih radova sa XXV savetovanja agronoma, veterinara I
tehnologa. (2011)
4. Seed and Seed Quality: Technikal Information for FAO Emergency Staff, на:
http://www.fao.org/fileadmin/templates/tc/tce/pdf/Appendix_14_Seed_and_Seed_Qu
ality_for_Emg.pdf
5.http://www.eucebnici.mon.gov.mk/pdf/9_Rasadnicharstvo%20za%20II
%20godina_MAK_PRINT_WEB.pdf

14

You might also like