You are on page 1of 13

Економски факултет – Прилеп

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ТЕОРИЈА И


ПОЛИТИКА НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ

ТЕМА : БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД И ПАРИТЕТИТЕ НА


КУПОВНАТА МОЌ

Изработил : Ментор :
Надица Иваноска проф.др. Мирослав Гвероски
33/18

Прилеп, февруари, 2021


Содржина

Вовед ......................................................................................................................... 3
1. БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД И ПАРИТЕТИТЕ
НА КУПОВНАТА МОЌ .......................................................................................... 4
1. 1. Мерење на БДП ................................................................................................. 4
1.2. Видови БДП ........................................................................................................ 4
1.2.1. Номинален бруто-домашен производ ........................................................... 4
1.2.2. Реален бруто-домашен производ ................................................................... 5
2. Паритет на куповна моќ ........................................................................................ 6
3. Паритет на куповна моќ: новите ЕУ земји-членки и Евро-зоната .................... 8
3.1. PPP во случајот на Хрватска ............................................................................ 11
Заклучок .................................................................................................................... 12
Користена литература ............................................................................................. 13

2
Вовед

Бруто-домашен производ (БДП) (англиски: gross domestic product, GDP)


— еден од основните показатели на големината и успехот на една економија.
Бруто-домашниот производ е дефиниран како вкупната пазарна вредност на
сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период
(вообичаено, една година).
Според тоа, во БДП се вклучуваат само финалните добра, т.е. се
исклучува вредноста на интермедијарите производи во производството. Изразот
бруто се однесува на фактот дека амортизацијата на капиталните фондови е
вклучена во пресметката на БДП.
Значи, доколку се одземе амортизацијата на капиталните фондови би се
добил нето домашен производ. Бруто-домашниот производ е централна
макроекономска категорија преку која се мери вкупната економска активност на
една земја.
Бруто-домашниот производ претставува збир на вредноста на вкупно
произведените финални добра и услуги на една земја во текот на една година.
Дефиницијата содржи неколку битни карактеристики:
БДП е збир на вредноста на финалните добра и услуги. Таа вредност се
изразува така што вкупните количини на добра и услуги се множат со нивните
пазарни цени и всушност се добива вкупната пазарна вредност на ниво на цела
економија.
БДП е мера на вкупно произведените добра и услуги. БДП ја одразува
вредноста не само на материјалните добра кои задоволуваат чисто физички
потреби (храна, облека, станови), туку и на бројните добра кои задоволуваат
духовни потреби (книги, филмови, уметнички слики) како и сите услуги.
БДП е збир на вредноста на финалните добра и услуги. Во пресметување
на БДП влегува само вредноста на финалните добра и услуги, а не и вредноста
на интермедијарите (суровините).

3
1. БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД И ПАРИТЕТИТЕ НА
КУПОВНАТА МОЌ

1. 1. Мерење на БДП

Постојат три пристапа за пресметка на БДП:

 производен пристап: БДП е еднаков на бруто додадените вредности во


економијата, т.е. GDP = ∑VA. Овој принцип се заснова на концептот на
резидентност, ондосно опфатено е само производството на резидентните
субјекти, како и на бруто концептот, што значи ја вклучува
и амортизацијата.
 доходен пристап: БДП е еднаков на збирот на доходите кои се создаваат
од резидентните производители, т.е. GDP = W + OS + TSP, каде: W се
платите на вработените; ОЅ се оперативните трошоци на производните
единици (ренти, камати, амортизација и профит); а TSP ги
означува даноците намалени за субвенциите.
 расходен пристап: БДП е еднаков на збирот на финалните користења, т.е.
GDP = C + I + (X - M), каде: C е Финалната потрошувачка, I се
инвестициите, Х го претставува извозот, а М е увозот.

Притоа, сите тие треба да дадат идентични резултати, доколку се


применуваат правилата, концептите и дефинициите дадени од SNA2008.

1.2. Видови БДП


1.2.1. Номинален бруто-домашен производ

Од аспект на макроекономските анализи корисна е поделбата на номинален


и реален БДП. Номиналниот БДП ја мери вредноста на производството во
определен временски период, пресметана со користење на цените кои важат за
тој период. Оттука, номиналниот БДП се пресметува така што реалниот БДП се
множи со дефлаторот на БДП и производот се дели со 100.

4
Номиналниот бруто-домашен производ претставува вредност на вкупно
произведените финални добра и услуги во економијата пресметан според
тековни цени. Тековните цени меѓутоа го содржат и влијанието
на инфлацијата во соодветната година. Порастот на номиналниот бруто-
домашен производ во една земја може да биде резултат не само на порастот на
произведените количини на финални добра и услуги во тековната година, туку и
резутат на порастот на општото ниво на цените во економијата под дејство на
инфлацијата. Доколку стапката на инфлација е повисока, сосема е можно да се
случи номиналниот бруто-домашен производ да покажува пораст и во услови
кога нивото на производство во тековната година се намалило во однос на
претходната. Номиналниот бруто-домашен производ 1 не ги одразува реалните
промени во вкупното производство на економијата. Затоа, неопходно е да се
пресмета т.н. „реален бруто-домашен производ“.

1.2.2. Реален бруто-домашен производ

Со цел да се опфатат сите промени кои настанале, потребно е да се


дефлационира номиналниот БДП, со определен општ индекс на цени, познат
како дефлатор на БДП. Реалниот БДП ја мери вредноста на производството во
една економија со изолирање на ефектот од ценовните промени, односно
користење на цените од некој базен период. Дефлаторот на БДП претставува
индекс што го мери просечното ниво на цените на производство во економијата
во однос на базната година. Процентуалните промени во дефлаторот на БДП ја
одразуваат стапката на ценовните промени на сите стоки и услуги во
економијата.Реалниот бруто-домашен производ ја претставува вредност на
вкупно произведените финални добра и услуги во економијата искажана,
пресметана, според постојани, константни цени. Реалниот бруто-домашен
производ ги одразува промените во вкупнотo производство на економијата кои
се резултат само на промените на произведените количини на добра и услуги, а
не резултат на промените на цените на добрата и услугите. Овој показател е
ослободен од дејството на инфлацијата.

1
https://biznisinfo.mk/shto-e-bruto-domashen-proizvod/

5
2. Паритет на куповна моќ

Паритет на куповна моќ е теорија за детерминација на девизниот курс,


тврдeјќи дека промените кај девизниот курс помеѓу две валути во која и да е
секвенца на временски период е детерминиран од промените во релативното
ценовно ниво на двете земји. Поради тоа што теоријата ги издвојува промените
во ценовните нивоа како најважна детерминантна за движењата на девизниот
курс, уште е позната како „инфлациска теорија на девизниот курс“. 2
Паритетот на куповна моќ како теорија на девизниот курс го постигнува
речиси истиот статус во историјата на економската мисла и економската
политика како и квантитативна теорија на парите. Аналогијата со
квантитативната теорија особено се одржува кај ефектите на монетарните
нарушувања.
Квантитативната теорија ја губи силата во одржувањето на
веродостојноста кога нарушувањата се примарно монетарни, на пример, во
текот на хиперинфлација, бидејќи промените во очекуваниот курс на инфлација
се генерираат како систематични движења со брзина која го крши „one-to-one“
линкот помеѓу парите и цените.
Познато е дека апсолутниот PPP е поврзан во услови на релативни цени
во различни валути и локации од дадената или заедничката кошница на
идентични добра.
Поаѓајќи оттаму кон релативниот PPP може да биде начин на
заобиколување на квалификациите произлезени од транспортните трошоци или
пречките во трговијата. Но, многу често е инволвиран поради поместувањата
(промените), што во практика, води кон употреба на PPP во услови на посебни
ценовни индекси како што се CPI, WPI, или GDP дефлатор.

2
Проф. д-р Владимир Кандикјан и проф. д-р Томислав Гроздановски: Економика, втор дел-
Макроекономика, Универзитет „Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје;

6
Во контекст на диспаритетите на куповната моќ, под перфектна
меѓународна мобилност на капиталот и шпекулација која е ризик-неутрална,
постои врска помеѓу номиналните каматни стапки и антиципираната стапка на
депрецијација. Реалниот каматен паритет преовладува кога реалниот каматен
диференцијал е еднаков со очекуваната стапка на реална апрецијација. Од
условот за реалниот каматен паритет очигледно е дека при утврден PPP,
реалниот девизен курс е константен.
Во отсуство на ограниченост на капиталните приливи, реалните каматни
стапки мора да бидат строго изедначени во сите земји. Економистите кои
алгебарски го задаваат реалниот каматен паритет, мислат дека има две
интересни импликации. Првата е линкот помеѓу нивото на реален девизен курс
и монетарната политика.
Кога ќе се добијат резултати каде домашните реални каматни стапки ги
надминиваат оние надвор, реалниот девизен курс ќе биде апрециран во однос на
неговата вредност на трендот. „Затегнатата“ монетарна политика, преку
зголемување на реалните каматни стапки, ќе придонесе за (транзиторна) реална
апрецијација.3
Динамичниот Mundell-Fleming модел исто така дава алгебарски запис и
често е насочен кон тоа да се објаснат движењата на реалниот девизен курс и
нивната тенденција да се враќаат само градуално кон нивната долгорочна
вредност. Исто така, во овој контекст, значаен е фактот дека дистинкцијата
помеѓу разменливите и неразменливите добра има импликации за реалниот
девизен курс.
Притоа се претпоставува дека Законот за една цена е одржлив за
разменливите добра и дека уделите во ценовните индекси на двете земји се
исти. Затоа, реалниот девизен курс е еднаков со релативната цена на
неразменливите добра (во заедничка валута) кај двете земји. Структурните
нарушувања, како што е диференцијалниот продуктивен раст на промените во
агрегатната побарувачка сега има систематско влијание врз релативните цени на
неразменливите добра, а така и врз диференцијалите на реалните каматни
стапки.

3
Проф. д-р Владимир Кандикјан и проф. д-р Томислав Гроздановски: Економика, втор дел-
Макроекономика, Универзитет „Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје;

7
3. Паритет на куповна моќ: новите ЕУ земји-членки и Евро-
зоната

Во контекст на тестирањето на паритетот на куповна моќ, интересно е


истражувањето кое се однесува на испитувањето валидност на PPP помеѓу
секоја од 12-те нови земји-членки на ЕУ vis-a-vis Евро-зоната.4 Применувајќи ја
методологијата на коинтеграција за период кој почнува од средината на 1990-
тите овозможувајќи структурни прекини за земјите кои се приклучија на ЕУ во
мај 2004 година, се открива дека за сите нови ЕУ земји-членки постои
долгорочна рамнотежна врска помеѓу номиналниот девизен курс, домашните
цени и странските цени.
Доказите исто така сугерираат дека PPP векторот внесува
коинтеграциски простор за Бугарија, Кипар, Романија и Словенија, што значи
дека само за овие земји долгорочниот PPP vis-a-vis Евро-зоната е потврдено. За
остатокот од новите земји членки на ЕУ долгорочниот PPP е прекршен, можеби
поради фактот дека валутите на овие земји се пегирани со еврото и не можат да
рефлектираат инфлациски разлики vis-à-vis Евро-зоната.5
PPP е базиран на Законот за една цена, кој наведува дека во отсуство на
трговски бариери, како транспортни трошоци, трансакциски трошоци и тарифи,
конкуренцијата ќе ја изедначи цената на идентични и разменливи добра низ
земјите, кога цените се изразени во иста валута. Ова подразбира дека општото
ниво на цени, кога се конвертираат во заедничка валута, ќе бидат исти во секоја
земја.

4
Проф. д-р Владимир Кандикјан и проф. д-р Томислав Гроздановски: Економика, втор дел-
Макроекономика, Универзитет „Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје;
5
Трпески, проф. д-р Љупчо: Монетарна економија, Скопје, 2010;

8
Статистиките за трагот, овозможено со 5% критична вредност, се
произнесени во табелата 2. Врз основа на овие резултати, нултата хипотеза на
непостоење коинтеграција е одбиена за сите земји во примерокот.
Доказите сугерираат дека за Кипар, Чешка, Малта, Полска, Романија,
Словачка и Словенија постои единствен коинтеграциски вектор. За Бугарија,
Естонија, Унгарија, Латвија и Литванија, нултата хипотеза за еден
коинтеграциски вектор е одбиен на 5% значајно ниво, што подразбира дека
може да постои повеќе од еден коинтеграциски вектори во овие случаи.
Овие резултати подразбираат дека номиналниот девизен курс,
домашните цени и странските цени споделуваат долгорочна рамнотежна врска,
за сите земји во примерокот. Тие, исто така подразбираат дека постои и
стохастички тренд (p-r) кој ги придвижува движењето на варијаблите.

9
Следниот чекор во анализата е истражувањето за тоа дали PPP векторот
го протега коинтреграцискиот простор. Ако PPP векторот внесува
коинтеграциски простор, тоа подразбира дека долгорочниот PPP е потврден. Со
други зборови, номиналниот девизен курс ќе се движи во чекор со релативните
цени на долг рок.6

6
Трпески, проф. д-р Љупчо: Монетарна економија, Скопје, 2010;

10
3.1. PPP во случајот на Хрватска

Интересна студија која може да се искористи во духот на PPP е


истражувањето на валидноста на хипотезата за PPP во случајот на Хрватска.
Притоа, авторите го користат HRK/EUR девизниот курс и го тестираат заедно
хрватското и евро-зонското ценовно ниво за PPP. 7
Бидејќи литературата сугерира дека паритетот на куповна моќ е валиден
долгорочен меѓународен услов за паритет кој инкорпорира асиметрични
својства, се користат два метода - коинтеграцијата на Јоhansen која подразбира
симетричност и на краток и на долг рок и праг на коинтеграција што
овозможува асиметрично прилагодување на краток рок.
Резултатите од коинтеграцијата на Johansen укажуваат дека на долг рок
условот за апсолутен PPP важи. На краток рок, само девизниот курс се
прилагодува на девијациите од паритетот, додека хрватското и евро-зонското
ценовно ниво се слаби егзогено.
PPP е една од најтестираните теории во литературата. Се тврди дека
мотивацијата за ова е најчесто практична. PPP може да укаже на степенот на
непорамнување на номиналниот девизниот курс и соодветниот политички
одговор. Иако PPP ја должи својата атрактивност и на нејзиниот интуитивен
повик и едноставност, емпириските модели често биле немоќни да го докажат
овој принцип на меѓународните финансии. Развојот на новите економетриски
модели во изминатите две декади, особено
Тестот за единечен корен, коинтеграциските и нелинеарните модели
даваат придонес кон новиот пристап на емпириските студии. Целта овде е да се
тестира дали PPP важи за Хрватска. Со оглед на тоа дека дебатите за
преценетоста на номиналниот HRK/EUR девизен курс се сосема вообичаени во
Хрватска, авторите тврдат дека е многу важно да се утврди дали девизниот курс
е урамнотежен со основите предложени од теоријата. Во овој случај се користи
хипотезата за PPP, со цел да се моделира долгорочното однесување на
девизниот курс во Хрватска.

7
Проф. д-р Тихомир Јовановски: Девизна економија, Скопје;

11
Заклучок

Бруто домашниот производ (БДП) ја претставува вредноста на


финалните добра и услуги произведени во рамки на една економија во текот на
една година. Од друга страна пак, Бруто националниот производ (БНП) ја
изразува вредноста на финалните добра и услуги со чија продажба резидентите
остваруваат приходи без оглед на тоа дали производството е остварено во или
надвор од границите на неговата матична земја.
При калкулирање на Бруто домашниот производ се зема вредноста само
на финалните добра и услуги, односно се исклучуваат таканаречените
интермедијарни добра. Со еден збор, интермедијарните добра својата вредност
ја пренесуваат на финалното добро или услуга.
БДП претставува макроекономски индикатор којшто ја отсликува
економската активност на земјата во одреден временски период. БДП по глава
жител (GDP per capita) е показател за економски раст и висина на животниот
стандард на населението.
Со овој показател може да се споредува квалитетот на живот меѓу две
или повеќе земји, утврдувајќи го просечниот животен стандард на населението.
GDP per capita се пресметува така што вкупната вредност на БДП се дели со
бројот на жители на таа земја.

12
Користена литература

1. https://biznisinfo.mk/shto-e-bruto-domashen-proizvod/
2. Проф. д-р Владимир Кандикјан и проф. д-р Томислав Гроздановски:
Економика, втор дел-Макроекономика, Универзитет „Кирил и Методиј“,
Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје;
3. Трпески, проф. д-р Љупчо: Монетарна економија, Скопје, 2010;
4. Проф. д-р Тихомир Јовановски: Девизна економија, Скопје;

13

You might also like