You are on page 1of 12

Општа психологија

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ИСТОРИЈА НА


РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

ТЕМА : БИТКАТА НА ЦАР САМОИЛ

ИЗРАБОТИЛ : МЕНТОР :
Јасмина Стојаноска проф. Јулијана Атанасовска
1732049

Битола, 2021
Содржина

Вовед ........................................................................................................................ 3
БИТКАТА НА ЦАР САМОИЛ .............................................................................. 4
Беласичка битка ....................................................................................................... 6
Подготовки за битката ............................................................................................ 8
Текот на битката ...................................................................................................... 9
Ослепување на војниците и смртта на Самоил ................................................... 10
Заклучок .................................................................................................................. 11
Користена литература ............................................................................................ 12

2
Вовед

Цар Самоил или цар Самуил (958 - 6 октомври 1014)


— средновековен македонски владетел кој на преминот од X кон XI
век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.
Државата која ја создал е позната како Самоилово Царство,а еден дел од
историчарите, за да направат јасна разлика помеѓу новата држава која ја создал
Самуил и царството на бугарскиот цар Симеон I (Прво Бугарско Царство), го
нарекуваат Македонско словенско царство, Македонско царство  или Западно
бугарско царство. Поголемиот дел од бугарските и еден дел од светските
историчари го сметат за Бугарско Царство според некои историчари Самоил бил
владетел на Првото Бугарско Царство.
Македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар,
истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година, кога
била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и
биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е
именувана како Самуилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на
Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала
врвот во својот развиток.
Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во
976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон,
а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по
ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година.
Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот цар Василиј . Учествувал во
сите позначајни битки и походи против Византија и далеку ги проширил
границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски
територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот
Полуостров (Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел
од Бугарија).

3
БИТКАТА НА ЦАР САМОИЛ

Самоил и неговите браќа (Давид, Мојсеј и Арон) се познати како


комитопули, односно млади кнезови, синови на кнезот Никола.
Според еден дел од историчарите, тие ја искористиле тешката ситуација
во Бугарија во 969 година, создадена со нападите на киевскиот кнез Свјатослав,
кренале востание, се осамостоиле во Југозападна Македонија и ги поставиле
темелите на новата држава во Македонија. Во почетокот ја признавале
византиската власт.
Во 973 година испратиле пратеништво кај царот Отон I во Кведлинбург.
По смртта на Јован Цимискиј кренале востание, ја отфрлиле византиската власт
и почнале да владеат самостојно во 976 година.Според друг дел од
историчарите востание во 969 година немало и комитопулите кренале само едно
востание, тоа во 976 година против византиската власт.1
За потеклото на четворицата браќа комитопули, вклучително и Самуил,
во историската наука сѐ уште се водат полемики. Засега се доминантни четири
хипотези. Првата се сведува дека комитопулите потекнувале од словенски род и
тоа од племето Берзити.
Втората дека се од бугарски род, a оваа теза се заснова врз сведоштвото
на Јован Скилица кои истакнува: Потоа пак, Бугарите, штом умре кралот,
кренаа востание и за свои владетели избраа четворица, браќата Давид, Мојсеј,
Арон и Самуил, синови на некој кнез, кој кај Бугарите бил многу моќен и затоа
се наречени комитопули.
Ова укажува на тоа дека сите дотогашни подготовки на комитопулите
вродиле со плод и дека Бугарите од стариот центар на Бугарија кренале
востание против Византија и ги повикале своите владетели Самуил и неговите
браќа.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B5%D0%BB
1

%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA
%D0%B0

4
Tретата хипотеза дека се од персиски род т.е. од оние персиски
колонисти кои Византија ги населила во Македонија.
Четврта претпоставка е дека тие се од ерменско потекло . Приврзаниците
на последната хипотеза се потпираат на Стефан Таронски, наречен Асохикили
Асолит. Тој истакнува дека Самуил и неговите браќа потекнуваат од ерменски
род. Но бидејќи овие вести хронолошки се неточни прашањето за потеклото на
комитопулите во науката останува отворено.2
Во историската наука сè уште не е јасно дали во 969 година
комитопулите кренале востание. Еден дел од историчарите (Стјепан Антољак,
Бранко Панов ) сметат дека имало востание против бугарската власт. Друг дел
(Оболенски , Јонатан Шепард , Ѓорѓија Острогорски и поголемиот дел од
бугарските историчари) се на спротивното мислење. Причина за
несогласувањето е еден извадок од хрониката на Јован Скилица којшто
различните историчари различно го толкуваат(види Острогорски и Антољак .

Слика 1. Цар Самоил

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B5%D0%BB
2

%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA
%D0%B0

5
Беласичка битка

Битка на Беласица (Битка кај Клуч) — воен судир што се случил на 29


јули 1014 г. помеѓу војските на царот Самоил и византискиот цар Василиј II.
Исходот бил погубен за македонските војски и за Самоиловото Царство: голем
број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно
уништена воената моќ на царството. По овој пораз, Самоил не можел да се
опорави и имал срцев од кој починал истата година.
До 1014 година, византискиот цар Василиј II секоја година навлегувал во
териториите на Самоиловото Царство и напаѓал. Самоил сфатил дека не може
со него да влезе во директен и отворен судир, посебно што веќе бил притиснат
од сите страни, па решил да му го спречи влегувањето со прецизно изградени
ровови. Знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимба Лонга
и Клидион,ги обградил и затворил со кули.3
Кога царот Василиј стигнал до тие клисури, војниците на Самоил храбро
нападнале. При тоа Самоил решил да стави сè на коцка и го испратил
Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун,
со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука
веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Теофилакт Вотанијат, кој ја
разбил војската на Несторица. Вотанијат, всушност, гонејќи ги Самоиловите
војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица и ги
изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.
Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да
бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Самиот
Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот
Гавраил Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го
одвел во тврдината Прилеп.

3
https://www.mn.mk/istorija/4691-Belasicka-bitka

6
Битката на Беласица претставува решавачка битка меѓу меѓу Византија и
самуиловата држава во која била решена судбината на средновековната
македонска држава.Битката се одиграла на 29 јули 1014 г.Завршила со пораз на
македонската војска и со заробување на 14000 до 15000 македонски војници кои
биле ослепени по наредба на византискиот цар Василиј II.Откако царот Самоил
ги видел своите ослепени војници починал од срцев удар.Тоа претставувало
почеток на крајот на Самоиловата држава која постоела од 969 до 1018 г. и е
позната како Самоилово царство бидејќи Самоил останал единствен владетел по
смртта на неговите браќа Давид,Мојсеј и Арон.Центар на самоиловата држава
била Македонија со главен град најпрвин Преспа. Подоцна државата ги
проширила своите граници и во нејзинот состав влегле Бугарија, делови од
Грција односно Тесалија и Епир, потоа Албанија,Рашка, Дукља и Босна.Самуил
бил прогласен за цар измеѓу 996 и 1000 г. од страна на папата Григориј
V.Наскоро византискиот цар Василиј II започнал офанзива за ликвидирање на
самоиловата држава.4
Во 1000 година била заземена Сердика односно Софија.„Ова што е
стечено за тоа царството беше од неизмерна вредност,зошто Црно Море сега
беше ослободено од бугарските заседи и е повратено општењето меѓу Цариград
и Подунавјето, а Тракија беше обезбедена од страна на балканот“. Во периодот
од 1001 до 1004 г. биле заземени:Колидрон,Сервија,Воден,Бер и Видин, .„Со тоа
беше завршен четиригодишниот поход на Василиј против Самуил,кој избегал
пред византискиот цар и овој завладеал со многубројните тврдини,од кои некои
разурнал, а некои задржал за себе“. Во 1005год. и Драч му ја откажал својата
лојалност на Самоил.Така територијата на самуиловата држава многу се
намалила.Сепак решавачката битка се одиграла како што споменавме на 29 јули
1014 г. кај Беласица.

4
https://www.mn.mk/istorija/4691-Belasicka-bitka

7
Подготовки за битката

Византискиот цар Василиј II секоја година навлегувал на територијата на


самоиловата држава.Самуил видел дека не може да му се спротивстави на
Василиј во отворена битка и затоа решил да го спречи неговото навлегување
поставувајќи ровови и оклопи.„Бидејќи знаеше дека византискиот владетел
влегува низ клисурите Кимбланогу и Клидион,тој со широк оклоп ги утврди и
ги затвори со кули обезбедувајќи ги со јака и одбрана поседа“. 5
Оваа клисура се наоѓала во селото Макриево кое се наоѓало на запад од
селото Клуч на патот од Серез до клучката клисура и било стратешко место.Тоа
било Серското долго поле кое се простирало меѓу езерата Бутково и Тахинос а
било заградено од планините:Шарлија,Беласица и Крушта.6 Клисурата се наоѓа
на место каде што се доближуваат Беласица и Огражден односно северно под
село Клуч.Името Кимбалдон се однесува на широката област помеѓу Струмица
и Петрич на долината на реката Струма меѓу Огражден и Беласица, и тоа
најнапред личело на долго поле околу 40 км кое поради неговиот специфичен
облик го добила тоа име.Името Клидион ја означува Клисурата Клуч и тоа се
однесува само на нејтесниот дел на Долго поле.
На ова место тече реката Струма која ја дели Македонија од
Тракија.Царот Самуил на тоа место подигнал утврдување на голема широчина и
поставил стражари и на тој на чин му го затворил влезот на царот Василиј.„Кога
царот Василиј стигна до тие клисури и сакаше да мине низ нив,Самуиловите
војници го спречија во тоа од блиските висови,бранејќи се храбро уништувајќи
ги одозгора напаѓачите,убивајќи ги и ранувајќи ги“. Тогаш во логорот на
Василиј пристигнал стратегот Вотанијат.

5
https://www.mn.mk/istorija/4691-Belasicka-bitka
https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD
6

%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE
%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%B1%D0%B5%D0%BB
%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA
%D0%B0/

8
Кога за ова дознал царот Самуил тој решил да отвори два фронта со цел
со цел да ја раздели и ослабне византиската војска.Тој го испратил својот
војсководец Несторица со неговата војска кај Солун.Тука била сконцентрирана
византиската војска која ја предводел Вотанијат со неговиот син
Михајло.Византиската војска ја поразила самуиловата војска кај Солун. Исто
така византијците заробиле голем број на војници и земале голем плен. Во ова
битка посебно се истакнал Михајло Вотанијат.
Неговиот татко Теофилакт Вотанијат 40 години војувал против
самуиловата војска.„Штом стигна на бојното поле,тој почна да ги гоно
Самуиловите војници во клисурата наречена Клидион“.
На ова место царот Самуил ја утврдил државната граница.„Самуил ја
утврдил државната граница во оние теснини во родопското подрачје што се
наоѓале кај Места и Струма, а планината Беласица доаѓала на југ од овие
теснини“. Царот Самуил знаел дека Василиј се спрема за нов поход па заедно со
неговиот син Гаврило Радомир и поголемиот дел од војската се распоредил во
Клучката клисура меѓу Беласица и Огражден.
Византискиот цар се двоумел дали војската ќе може да навлезе во
клисурата, но војсководецот Никифор Ксифијас кој бил стратег на
Филипополисго убедил тој да остане на местото кај што се наоѓал и да ја напаѓа
самуиловата војска од ѕидот а тој да се префрли на друго место и отаму да
напаѓа. Тој земал со себе војска и ја обиколил планината Беласица.

Текот на битката

На 29 јули 1014 г. царот Василиј II од врвот на планината Беласица ги


нападнал Самуиловите војници од зад грб.Тие биле изненадени и започнале да
бегаат.Царот Василиј влегол низ напуштената тврдина и ја урнал преградата
која била поставена од страна на самуиловите војници и започнал да ги гони
Самуиловите војници.

9
Голем дел од војниците загинале а голем дел биле и заробени.Самуил
успеал да побегне со помош на неговиот син Гаврило Радомир.„Самиот пак
Самуил одвај ја обегна опасноста да биде заробен и единствено благодарение на
неговиот син, кој храбро ги одбиваше нападите на византискиот напаѓач,го качи
на коњ и го одведе до тврдината Прилеп“. Во оваа битка царот Самуил
доживеал пораз.Тоа означува почеток на крајот на неговата држава.7

Ослепување на војниците и смртта на Самоил

По победата над Самуил византискиот цар Василиј II наредил 15000


војници кои биле заробени да бидат ослепени.На секој стоти војник му било
оставено по едно око за да ги води војниците кај царот.Царот Василиј
префрлајќи се преку теснини се упатил кон Струмица.Притоа му наредил на
солунскиот војвода Теофилакт Вотанијат да ги премине ридовите околу
Струмица и да ги запали ѕидовите за да му ги очисти сите пречки кон патот што
води кон Солун.Но на враќање попаднал во заседа која била направена во
долгнаместите процепии.
Бил нападнат од самуиловите војници кои го гаѓале со камења и
стрели.Четата на Теофилакт Вотанијат била натерана во тесно и тој не можел да
се брани и загинал заедно со голем број од неговите војници.Кога царот дознал
за поразот на Теофилакт Вотанијат му паднало многу жал.Тој не се осмелувал
да оди понатаму и се вратил назад во Загорје каде што се наоѓала јаката тврдина
Мелник.Кога Царот Самуил ги видел неговите ослепени војници како идат на
кај него не можел да ја издржи таа глетка и паднал во несвест.Оние што биле
присутни околу него успеале да го освсестат и да му го вратат дишењето.Откако
се освестил побарал да се напие вода. Но штом се напил од водата добил срцев
удар и по два дена умрел.

https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD
7

%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE
%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%B1%D0%B5%D0%BB
%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA
%D0%B0/

10
Заклучок

По малку повеќе од два месеци, на 6 октомври 1014 година, Самуил


умрел од срцев удар. Во историската наука нема согласност каде точно умрел
Самуил. Според веста на Јован Скилица еден дел од историчарите се на
мислење дека тоа се случило во Прилеп, но некој од научниците се сомневаат во
тоа. Треба да се истакне дека Јован Скилица воопшто не соопштува каде
Самуил починал.
Скилица детално ја опишува смртта на Самуил, но не наведува каде
починал, а настаните ги изложува како тие да се случувале последователно и
брзо еден по друг и поради тоа се добива впечаток дека Самуил починал во
Прилеп. Меѓутоа се заборава дека помеѓу двете случувања: бегството на
Самуил во Прилеп и неговата смрт поминале повеќе од два месеци. Затоа дел од
историчарите се сомневаат дека тој останал во Прилеп и дека всушност тој
починал во Преспа како што наведува Михаил Аталијат .
Самуил како законски наследник го поставил својот син Гаврил Радомир,
дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој незаконски син со непознато
име Самоиловото Царство останало независно уште 4 години по смртта на
својот водач.
Во 1969 година грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос правел
ископувања во базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во Мала Преспа и
на десниот нејзин наос отворил четири богати гроба, кои биле ограбени уште во
средниот век.
И покрај отсуството на натписи Муцопулос претпоставува дека тоа се
гробовите на Самуил, неговиот син Гаврил Радомир, Јован Владислав и зет му
Јован Владимир. Антрополошките истражување на коските за кои се смета дека
се на Самоил, покажуваат дека мажот бил висок околу 1,60 метри и починал на
околу 70 години.

11
Користена литература

1.https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B5%D0%BB
%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_
%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0
2. https://www.mn.mk/istorija/4691-Belasicka-bitka
3.https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA
%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA
%D0%B0%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE
%D0%BF
%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%B1%D0%B5%D0%BB
%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-
%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0/

12

You might also like