You are on page 1of 2

Балканските земји и Византија од XV век

1. Опишете го подметот на Византија во XII век.


Во XII век, за време на династијата на Комнените, Византија
повторно станала светска сила.Таа успешно војувала во Мала Азија,
Италија, на Балканскиот Полуостров. Кога дошла династијта на
Ангелите, крупните феудалци ја отфрлиле централната власт, а
балканските земји почнале да се одметнуваат. Со освојувањето на
Константинопол од страна на крстоносците, било урнато
Византиското Царство, а се формирале држави познати како
латински држави.
2. Опишете ги обновувањето и паѓањето на Византиската
Империја под Османлиска власт.
Во 1261 г. Михајло VIII Палеолог, свечено влегол во Цариград како
обновител на Византиското Царство. Внатрешните судири и
борбите околу престолот ја ослабнале државата. Најголема корист
од ова имале балканските држави Србија и Бугарија. Во 1359г.
Османлиите ја опседнале византиската престолнина. Византискиот
цар во 1371 година ја прифатил вазалната зависност на султанот. Со
паѓањето на Солун под Византија се намалила на областите околу
престолнината, само цврстите ѕидини го одложувале падот. На 29
мај 1453 година, на опсадата на Константинопол, византискиот цар
загинал од мечот на двајца османлиски војници, а со тоа
Илјадагодишната Империја поднала под власт на Османлиите. 
3. Опишете ги издигнувањето и падот на Српското Царство.
Во вторта половина на XII век, српскиот жупан Стефан Немања ја
обновил Српската држава, за тоа време Србија зајакнала и се
проширила. Во 1217 година жупанот Стефан бил прогласен за крал
од страна на папата. Најголем подем државата доживела за време
на кралот Душан. Душан се прогласил за цар во 1346 госина во
Скопје и Србија станала Царство. По неговата смрт државата се
распаднала. Со паѓањето на Смедерево, во 1459г., Српското
Деспотство, паднало под османлиска власт.

You might also like