You are on page 1of 8

Крстоносни војни 

— низа различни воени


походи започнати кон крајот на 11 век,
со религиозен карактер од страна
на христијанското население во Европа, под
покровителство на Римокатоличката црква. Овие
походи главно биле поткренети
против муслиманското население на исток, како и
против Евреите, руските и грчките православни
христијани, Монголците, катарството и
политичките противници на папата.
Особено важно место за започнувањето на
Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите
Земји и Ерусалим, односно протерување на
муслиманското население од тие простори и
воспоставување на христијанска власт врз тие
територии. Крстоносците се ангажирале со
учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе
војуваат против Арапите, Маврите, Турците -
Селџуци. Од борбите против муслиманите сите
очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт
ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат
ослободени од своите зависности. Во процесот на
развивање на државите и народите од Западна
Европа се појавиле католички професионални
војници – кои најмногу ни се познати како
рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред
широката јавност идејата за крстоносна војна
кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите
„Господ така сака“.

Прва крстоносна војна

На Соборот во Клермон кој се одржал


во 1095 година била донесена одлука за
започнување на нова војна која ќе го ослободи
“Божјиот гроб од неверниците“. Овој чин
всушност претставувал и помош на Византија од
страна на папата, кој сметал дека повторно ќе
дојде до обединување на двете цркви под
раководство на папата како „главен епископ и
прелат на целиот свет“, како што сам се
нарекувал.
Кралот Сигурд I Магнусон бил прв европски крал
кој заминал со своите крстоносци кон Светите
Земји. Здружените западноевропски крстоносци
во нивниот прв крстоносен поход го
освоиле Ерусалим и уште неколку градови од
околината. Така, крстоносците ја зазеле Никеја, по
што им се отворил патот кон Антиохија, која исто
така многу брзо паднала. Така било создадено
и Ерусалимското Кралство и други крстоносни
држави. На овие темелнички усвојувања била
создадена првата крстоносна држава, а во
самиот Ерусалим биле отворени првите витешки
школи. Годфрид Бујонски бил еден од водачите во
Првиот крстоносен поход и по освојувањето
на Ерусалим, станал крал на Ерусалим. Тој не
сакал да биде крунисан како крал, туку како чувар
на Светиот Гроб. Ова е единствениот крстоносен
поход во кој била исполнета крајната цел-
ослободување на Ерусалим.

Опсадата на Ерусалим започнала од 7 јуни и


траела сè до 15 јули 1099 година. Крстоносците
успеале да го заземат Ерусалим, каде бил
“ослободен“ гробот на Исус Христос и била
остварена и самата цел на првата војна. По
повеќето неуспешни обиди за заземање на градот,
конечно тоа успеало во јули кога во утрото на 15
јули кулата на Годфруа Бујонски се приближила
многу блиску до ѕидините на градот. Така, првиот
којшто влегол во градот бил фландрискиот витез
Летолд, потоа Готфрид Бујонски, брат му Еустас
Бујонски и Танкред Галилејски. При нивното
влегување во градот, крстоносците ги пљачкале,
убивале или мачеле скоро целото население на
градот (муслимани, евреи или христијани). Многу
од муслиманите се засолниле во џамијата Ал
Акса, а колежот бил толку страшен, да според
историските извори имало “крв до колена“
Единствени кои го преживеале колежот бил
гувернерот на Фатимид кој се повлекол во култа
на Давид и потоа се предал под услов слободно да
излезе од Ерусалим. Готфрид Бујонски на 22
јули ја зел титулата- Чувар на Божјиот гроб, а по
една година на неговиот престол седнал неговиот
брат, Балдуин I Ерусалимски.
Во текот на 1101 година бил организиран нов
поход од страна на Етиен Де Блоа и Југ Де
Вермондоа, кои се упатиле кон своите земји
пред да биде преземeн Ерусалим. Овој поход е
познат како крстоносен поход од 1101 година и
се смета како краен поход од првата крстоносна
војна.

Втора крстоносна војна

По освојувањето на Светата земја од страна на


христијаните и создавање на крстоносни
држави, конфликтот помеѓу муслиманите и
христијаните не стивнувал. Така, овој пат
походот го започниле Турците кои тргнале во
обид да ја освојат Воден и сите други градови
кои биле заземени од страна на крстоносците.
Новиот крстоносен поход бил поткрепен од
страна на многу проповедници, особено
од Бернард Клаирвакс. Француските и
германските војски со нивните кралеви Луј
VII и Конрад III исто така марширале директно
кон Ерусалим во 1147 година, но сепак не
постигнале поголеми успеси. Крстоносците
пробале да го освојат и Дамаск, но во тоа не
успеале и целиот поход бил неуспешен. Оваа
крстоносна војна започнала во 1147 година и
траела сè до 1149 година Овој поход завршил
како резултат од потпаѓањето и преземањето
на Воден од страна на бегот Зенги. Како
единствен успех кој им се препишува на
крстоносците од овој поход е заземањето на
Лисабон и истерување на маврите од самиот
град.

Трета крстоносна војна

Во 1187 година, Саладин, султан на Египет, по
неколкудневната борба со крстоносците пред
портите на Ерусалим успеал по преговорите
со Балиан да го заземе градот. Ова бил уште
еден повод за нов крстоносен поход. Падот на
Ерусалим во рацете на муслиманите кај
европските народи предизвикал многу
негативни реакции. Папата Григориј VIII издал
наредба за нов крстоносен поход. Владетелите
на Германија, Фридрих Барбароса,
на Франција- Филип Август и на Англија, Хенри
II на соборот во Мајнц се договориле за идните
воени дејства. Сепак, на крајот, крстоносците не
успеале да го заземат повторно Ерусалим.
Опсадата на Арка била еден од најважните
настани во текот на третата крстоносна
војна која траела од 28 август 1189 година до 12
јули 1191 година, и за првпат во историјата на
крстоносните походи кралевите од двете страни
учествувале (или поконкретно со свои очи ја
гледале) заштитата на светата земја. Друго по
кое се одликува оваа битка е дека таа е една од
најсмртоносните, односно битка во која
загинале најмногу војници.

Четвртата крстоносна војна била иницирана од


страна на папата Иноцентие III сè со цел да се
освои Египет и Светата земја. Бидејќи
крстоносците немале доволно средства за да ѝ
платат за поморскиот превоз на Венецијанската
република, тие за возврат, како начин на плаќање,
го нападнале и освоиле градот Задар за Венеција.
Папата Иноцентие III остро се спротивставил на
нападот врз братските католички земји, и се
заканил со екскомуникација на крстоносците, но
водачите ова го сокриле од војската. Така,
по преземањето на Задар, крстоносните сили се
упатиле кон Цариград.[14] На 13.04.1204 година
градот бил преземен од страна на крстоносците, а
со тоа било целосно уништено
христијанското Византиско царство. На местото
на Византија, биле формирани нови крстоносни
држави: Латинско Царство, Солунско
кралство, Ахајско Кнежевство, Атинско
Војводство, Никејско Царство, Епирско
Деспотство и Трапезунтско Царство.
Катарската крстоносна војна започнала
во 1209 година и траела сè до 1229 година. Овој
поход бил започнат од страна на Римокатоличката
црква со цел да се уништи ереста на катарите
во Лангдок (денешна јужна Франција)
Детската крстоносна војна е веројатно измислен и
сѐ уште несфатен настан од 1212 година. Се смета
дека се довело до собирање на деца
од Франција и Германија (се смета дека нивниот
вкупен број бил околу 7.000), при што папата
Иноцентиј III решенил дека возрасните
крстоносци не се корисни за ослободувањето. И
затоа како нивни заменици ги поставил децата. Но
во крајна мерка, ниту едно од децата не ни
достигнало до Светата земја, бидејќи оние кои не
умреле од глад во текот на патувањето биле
продадени како робови.

You might also like