You are on page 1of 14

Големите

географски откритија
Смилеска А. Деспотоски А. II-11
Причини за големите географски откритија
Со поимот големите географски откритија се опфатени најзначајните пловидби и
истражувања коишто имаат придонесено за откривањето на новиот свет. Од особено
значење, пред сè, е откривањето на Америка, пронаоѓањето на поморски пат за Индија и
првото патување околу светот. Големите географски откритија (познати и како ера на
проучување) претставуваат период од човечката историја кој започнал во 15 век и
продолжил сè до 17 век. Овој период се карактеризира со големи проучувања на океаните
со цел барање на трговски партнери, со воспоставување на европски колонии во
откриените земји и најважно со доминација на европските држави на светските мориња.
Најбарани стоки на европските пазари биле златото, среброто, свилата и различни зачини.
Сето ова било покренато од развојот на науката во периодот на ренесансата. Тоа
овозможило европските држави да изградат нови и поиздржливи бродови кои можеле да
пловат и по мориња кои биле многу потешки за пловидба од Средоземното. Од друга
страна, пак, напредокот во астрономијата и географијата овозможил полесна навигација
низ морињата. Меѓу најпознатите морепловци и истражувачи од тоа време се Кристофер
Колумбо, Васко де Гама, Педро Алварез Кабрал, Џон Кабот, Фернандо Магелан и други.
Новите типови на бродови кои во овој период биле изградени од страна на Португалија
биле од типот карак и каравела. Тоа биле првите бродови кои можеле слободно да
патуваат и низ Средоземно Море и низ Балтичко Море и низ Атлантскиот Океан.
Големите географски откритија дополнително придонеле врз развојот на науката
и врз појават на нови идеи во времето на ренесансата. Тие дополнително
влијаеле врз напредокот во картографијата, навигацијата и бродоградбата.
Новото мислење дека Земјата има кружен облик ги натерало морепловците да
започнат со својата пловидба кон исток, за еден ден да се вратат кон истата точка
од запад.
Имаше само три главни причини за Големите географски откритија и тие се од:

o Политичка
o Економска и
o Религиозна природа
Политички мотиви
Во средниот век, Португалија бргу напредувала во нова бродоградба, од кои најпознати се карака и
каравела. Една од најголемите причини бил напредокот на Османлиското Царство во Европа. Ако се земе
предвид дека во 1453 година османлиите го зазеле Цариград со што Византија, која на времето
претставувала „Христијанското царство“ со континуитет на Римското Царство, престанала да постои, тоа
за народите на Западна Европа било знак дека и тие може да потпаднат под отоманска власт. Од друга
страна, пак, поради постојните непријателства меѓу новото исламско царство и христијанските држави, за
христијанските трговци биле затворени сувоземните патишта кон Блискиот Исток. Османлиското Царство
очигледно претставувала сериозна пречка за одвивањето на трговијата меѓу Европа и Азија, но и сериозна
закана за опстанокот на христијанскиот свет. Уште многу порано, арапските освојувања го претвориле
Средоземното Море кое претставувало море кое поврзува во море кое раздвојува различни култури. Со
оглед на претходно кажаното и со оглед на тоа што Западна Европа се наоѓала на крајниот запад на тогаш
познатиот свет, големите географски откритија не биле само авантури туку и политичка потреба да се
изнајде алтернативен пат за снабдување со лековити билки, зачини, суровини, злато, сребро, но и потреба
за народите од Западна Европа да ги прошират сопствените видици и евентуално да најдат алтернативни
места каде би можеле, непречени од заканите на исламот, да ги практикуваат сопствените верувања и
традиции.
Економски причини
Во време на хуманизмот и
ренесансата дошло до развој на
сите уметности, унапредување
на животот на луѓето, но исто
така многу било унапредено и
занаетчиството и трговијата.
Меѓутоа сето тоа не можело да
се одвива без потребните
суровини и мирудии (особено
без златото и среброто)

Црковни причини
Со појавата на идејата за изнаоѓање поморски пат до Азија, и црквата сакала да
има корист од тоа. Впрочем со освојувањето на новите територии црквата сакала
да го прошири своето влијание на тие територии, ширејќи го христијанството
(католицизмот) за сметка на културата, религијата и цивилизацијата на
индогените народи.
Техничкиот напредок
Во Западна Европа се усоврши градењето на бродовите, како и инструментите за навигација (компасот,
подобрите георгафски карти, огненото оружје итн.). Во овој период Португалците ја изградија каравелата,
нов тип на брод што можеше да плови и по океаните. Географските познавања се проширија и идејата
дека земјата е тркалезна ги охрабри луѓето да патуваат подалеку од бреговите на Европа и Африка.

Каравелата
Каравелата била развиена во 15 век од Португалците за да истражуваат долж брегот на Западна Африка
и во Атлантскиот Океан. Заостанатите едра му дале брзина и капацитет за пловење на ветер. Поради
неговата намалена тежина и со тоа поголема брзина, каравелата била благодет за морнарите. Раните
каравели обично носеле две или три јарболи со заостанати плови, додека подоцнежните типови имале
четири јарболи. Раните каравели, како што е каравела тилхада од 15 век, имале просечна должина
помеѓу 12 и 18 метри, просечен капацитет од 50 до 60 тони, висок сооднос должина-зрак околу 3,5 до 1, и
тесна елипсоидна рамка (за разлика од кружната рамка на нау), што ги прави многу брзи и маневрирани,
но со малку низок капацитет. Во такви бродови Кристофер Колумбо тргнал на својата експедиција во 1492
година; Санта Марија беше нау од околу 100 тони што служела како предводник, а Пинта и Ниња биле
помали каравели од околу 15-20 метри со зрак од 6 метри и поместувале околу 60-75 тони.
Европско огнено оружје
Благодарение на Патот на свилата и
авантуристичките трговци како Марко Поло,
предците на модерното огнено оружје од XIII
век се прошириле од Азија во Европа, каде
што понатаму биле развиени како оружје во
форма на огнено оружје со брави за кибрит,
брава на тркала и кремен. Додека раните
колонисти прстигнале во Америка во 15 век,
дизајнот на огненото оружје значително
напредувал и оружјето било рутински
вклучено во патувањата кон Новиот свет.
Меѓу огненото оружје што најчесто се поврзува со раните колонисти бил германскиот блундербус, рана
верзија на пушката што содржела разгорена муцка и широк отвор на врвот, што овозможувало побрзо и
полесно полнење. Колонистите носеле и мускети за кибрит, кои користеле кибрит - во форма на мало
парче запалено јаже - за да запалат барут низ мала дупка во цевката натоварена со пиштол.
Откривањето на Америка
На 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел на шпанскиот
кралски двор со бродовите Санта Марија, Ниња и Пинта тргнал на долгоочекуваното пронаоѓање на
морскиот пат за Индија. Тој најпрвин ги открил Канарските Острови од каде што на 6 септември тргнал
на пет неделно патување по Атлантскиот Океан. Тој на копно стасал на 12 октомври 1492 кога
морнарот Родриго де Тријана го здогледал копното. Колумбо сметал дека стигнал до Индија, па затоа
луѓето што ги нашол ги нарекол Индијанци. Тие го пречекале Колумбо со најголеми почести, а тој тоа
го искористил, па на враќање во Шпанија ги наполнил бродовите со богатство. Подоцна италијанскиот
патописец Америго Веспучи, патувајќи низ денешна Венецуела , напиша дека Колумбо не открил нов
пат кон Индија, туку открил нов континент. По латинскиот гласеж на неговото име новиот континент
бил именуван Америка.

Пронаоѓањето на морскиот пат за Индија


По подвигот на Кристофер Колумбо, Португалците и натаму имале желба и мотив да стигнат повторно до
’ртот на бурите од каде што ќе можат полесно да стигнат до Индија. За таа цел на 8 јули 1497 година од
Лисабон со 4 брода на пловидба тргнал познатиот португалски морепловец Васко де Гама. Неговото храбро
патување покрај брегот на Африка го донело до ’ртот на бурите од каде што се упатил на север и по повеќе
од девет месеци пристигнал до Индија на 20 мај 1498 година. Со тоа тој успеал да воспостави врски на
Европа со Азија и поморски пат со што се овозможило слободно одвивање на трговијата по водите на
океаните.
Кристофер Колумбо

Васко де Гама
Првото патување околу светот
Веќе беше кажано дека во 1519 година, шпанските власти ја финансирале експедицијата на португалскиот
морепловец Фернандо Магелан. Целта на патувањето била пронаоѓање на Молучките Острови, и нивно ставање
во шпанската сфера на политички и економски интерес, а не патување околу светот.Магелан со 5 брода и 265 луѓе
запловил кон запад во 1519 година на 10 август. Пловејќи по Атлантскиот Океан, на југ стигнал до теснината
Огнена Земја и преку неа запловил во Тихиот Океан. Бидејќи немало многу бранови како што тоа било случај при
пловидбата по Атлантскиот Океан, Магелан овој океан го нарекол Тихи Океан.За време на патувањето условите
биле тешки. Немало доволно храна, а парите кои ги поседувале биле неприфатливи за домородното население
што го сретнувале по пат. Чести биле и судирите со таквото население. На 16 март 1521 година преку Тихиот
Океан, Магелан пристигнал на Филипинските Острови. Во судир на домородното население на Филипинскиот
остров Макатан на 27 април 1521 година тој загинал.

Фернандо Магелан
Должноста да го заврши патувањето му останала
на шпанскиот морепловец со баскиско потекло
Хуан Себастијан Елкано. На 6 септември 1522
година тој успеал да стигне назад во Шпанија со
само 18 морнари на еден брод од петте брода. Тоа
бил бродот Викторија (победа). Од политичка
гледна точка патувањето на Магелан било неуспех,
зашто овој поморски пат бил непрактичен -
Магелановиот премин (на југот на Јужна Америка)
бил премногу јужно, а Тихиот Океан бил премногу
голем за да биде исплатливо патувањето.Од друга
страна, пак, во 15 век речиси било потврдено дека
земјата е тркалезна, а не рамна плоча како што тоа
го тврдела католичката црква. Со ова патување се
потврдило мислењето на научниците од тоа време
дека земјата е тркалезна. За црквата ова бил уште
еден тежок удар по којшто таа останала без
аргументи за своите тврдења.

Хуан Себастијан Елкано


Појавата на колониите
Со новите географски откритија почнале да
се формираат и колониите. Португалците
управувале пунктови за обезбедување на
трговијата во Индија и Кина. Шпанците,
наречени конквистадори, се ориентирале
главно кон Централна и Јужна Америка.
Јужна Америка била поделена помеѓу
Португалија (Бразил) и Шпанија (остатокот
од континентот). Така Шпанците и
Португалците ја наметнале својата култура и
религија (католицизмот) и својот јазик
(португалскиот во Бразил, а шпанскиот во
другиот дел на континентот). Тие вовеле
режим на колонијално ропство, го потчиниле
и го експлоатирале домородното население,
особено робовите што беа донесувани од
Африка.
Последици од големите географски откритија
Големите географски откритија се од суштинско значење и претставуваат еден од најзначајните периоди во
светската историја. Големите географски откритија предизвикале големи промени во тогашниот свет на Европа.
Тие претставуваат почеток на периодот на светска хегемонија на оној мал дел на крајниот запад од Стариот Свет,
што денес се нарекува Западна Европа. Овој период на доминантна улога во светската политика на
западноевропските држави завршува дури со крајот на Втората светска војна. Некои од промените кои довеле до
ова се наведени во текстот што следи. Седиштето на светската трговија било преместено од Венеција и Џенова
најпрво во Шпанија, а потоа во Англија и Франција. Големото количество злато кое пристигнувало од Америка
довело до инфлација и пад на цените на металот. По овие откритија биле отворени нови можности во Новиот
Свет. Една од најголемите последици од големите географски откритија е создавањето на колонијални империи,
од кои како најголема се оформила Шпанската колонијална империја. Шпанија завладеала со целата Средна
Америка и со голем дел од Јужна и Северна Америка. Суровините од Новиот Свет биле искористувани
максимално, а тамошното население го претворале во робови. Во XVI век, 83 % од светската трговија со злато и
сребро ѝ припаѓала на Шпанија. Но нејзината економска и политичка моќ траеле многу кратко - само околу еден
век. Како главна причина за задржување на новите земји под нивна контрола е фактот што Шпанците
географските откритија ги користиле за натрупување на богатство со што би се развивала нивната империја.
Главниот соперник на Шпанија, Португалија завладеал со дел од Јужна Америка и крајбрежјето на
Африка Ангола, Мозамбик. Но како многу помала држава, со многу помалубројна војска, Португалија
создавала територии само по крајбрежјата, преку кои се организирала трговијата на различни стоки.
Шпанците применувале сила во пресметките со постојните империи во Америка со цел замена на
локалните пагански ритуали со католицизмот. Слични облици на однесување во новоосвоените
територии се забележуваат и кај останатите европски империи од тоа време. Новата религија ги
заменувала паганските обичаи, новите јазици ги заменувале старите во многу области од Северна
Америка, Австралија, Нов Зеланд и Аргентина. Индогеното население било злоставувано и протерувано
од сопствената земја и во голем број случаи било редуцирано на малцинство кое немало никаква
политичка моќ. Можеби најмоќното оружје на Европјаните во одност на индогеното население на Новиот
Свет биле заразните болести кои тие со себе ги носеле. Новите болести, во одност на кои доморотците
немале никаков имунитет за кратко време ја редуцирале оваа популација за околу 50 до 90 %. Од
новите континенти во Европа се пренесени земјоделски култури како што се компирот, доматите, гравот,
пченката и др. Во периодот по големите географски откритија се појавила и револуцијата на цените.
Всушност од новите континенти донесено е големо количество на богатство во најразлична форма чија
цена паднала, како резултат на зголемената понуда. Од друга страна, пак, цената на земјоделските
производи значително се зголемила. Од идеолошка гледна точка со патувањата околу светот се
докажало спротивното од тврдењето на црквата, а тоа од своја страна влијаело врз намалување на
авторитетот на црквата, што придонело за побрз развој на науката, банкарството и манифактурното
производство.

You might also like