You are on page 1of 1

НАСТАНОК НА ЧОВЕКОТ

1. Кој е најдолг период од историјата на човештвото?


***праисторија
2. Колку време траела праисторија?
***повеќе од 2 милиони години
3. Што се случувало во праисторијата?
*** се појавиле најстарите предци на денешните луѓе
*** човекот од праисторијата бил ловец и собирач на храна
***одгледувал растенија, припитомувал животни
***научил да го користи огнот, лакот и стрелата, и разни орудија и оружја
*** подоцна го открил и металот
4. Од каде дознаваме за животот на човекот во праисторијата? (од кои историски извори)
*** од материјалните историски извори
5. Како настанал човекот?
*** има две гледишта за настанокот на човекот (според религијата и според науката)
6. Како настанал човекот според религијата?
***според СУМЕРЦИТЕ: боговите ги создале од глина
***според БАБИЛОНЦИТЕ: човекот бил создаден од глина и крв
***според ХЕЛЕНИТЕ: човекот бил направен од глина а некоја божица му дала здив
***според ХРИСТИЈАНИТЕ: човекот е создаен од ГОСПОД БОГ, тој светот го создал за 6 дена а седмиот ден
го дал за одмор
***според МУСЛИМАНИТЕ: АЛАХ го создал човекот од земја, па му вдишал душа
7. Како настанал човекот според науката?
*** човекот имал животинско потекло и се развил постепено од еден вид човеколик мајмун
https://www.slideshare.net/Capital400/ss-9279078
8. Како се викал најстариот предок на човекоти каде се појавил најпрво?
*** најстариот предок на човекот се вика прачовек и се појавил во Источна Африка
9. Како изгледал првиот прачовек?
***бил наведнат, обраснат со коса, главата му била помала
10. Што правел првиот прачовек за да преживее во природата?
***морал да размислува и се одделил од животните
11. Како човекот постепено се исправал и го издолжил своето тело?
*** за да ги дофати плодовите од гранките, човекот се поткревал на прсти и го издолжувал телото
12. Дали првите луѓе умееле да зборуваат и како се разбирале?
***Првите луѓе не умееле да зборуваат и се разбирале меѓу себе со извици, со мимики и гестови
13. На почетокот првобитниот човек каде живеел и како се хранел?
*** живеел во пештери и се хранел со животните што ги ловел како и со плодови и корења што ги наоѓал
во природата
14. Кое му било најважно орудие и оружје на правобитниот човек?
*** најважно орудие и оружје му бил каменот
15. Како се вика периодот од историјата кога човекот го користи каменот како главно орудие и оружје?
***Тој период се вика камено време
16. како се дели каменото време?
***каменото време се дели на: старо камено време и младо камено време
17. Освен од камен во овој период од што друго почнал да прави орудија и оружја?
*** освен од камен орудија и оруже почнал да прави и од дрва и коски
18. Како човекот постепено се исправил и почнал да се движи на задните дозе?
*** собирајки плодови од дрвјата, започнал повеќе да се исправа и да се движи на задните нозе а
предните да ги користи како раце
19. Како се развил говорот кај првобитниот човек
*** потребата од комуникација и разбирање кај луѓето го поттикнал човекот да го развие говорот
20. Како првобитниот човек го открил огнот?
*** Најпрво се плажел кога го среќавал во природата при удари на гром во дрво
*** со време сфатил дека огнот грее, дека од него бегаат животните, и дека испечена граната е повкусна
21. Кога првите луѓе почнале да преминуваат од Африка во Азија и Европа
***Пред околу милион години луѓето почнале да преминуваат од Африка во азија и Европа
Еволуција е постепено и бавно менување-развивање на живите организми од генерација во генерација

You might also like