You are on page 1of 3

СРЕДНОВЕКОВНИ ГРАДОВИ-ЖИВОТ И РАЗВОЈ

1.Постанок и развиток на средновековните градови


З а време на нападите на варварските племиња на Римското Царство од Ivдо VII век,најмногу
настрадале римските градови.Голем дел од нив биле опљачкани,разурнати и опустошени,а само
еден мал дел успеале да се одржат и да го продолжат животот и во средниот век.Градовите во ра-
ниот среден век биле утврдени места кои честопати прераснувале и во административни,црковни
и воени центри.Населението во градовите се занимавало главно со земјоделство,но тоа ниту по
својата положба,ниту по начин на живеење не се разликувало од селското население.Од XI век
започнале да никнуваат нови населби,како центри на занаетчии и трговци.
Средновековните градови насанале во периодот од XI век како резултат на одвојувањето на зана-
етчиството од селското стопанство.До тој период селаните кои живееле на феудалниот посед
истовремено биле и занаетчии,работејќи за себе и за својот господар,снабдувајќи го со
земјоделски и со занаетчиски производи.Како резултат од усовршувањето на орудијата за работа
се појавиле нови занаетчиски производи кои се повеќе се барале на пазарот[метални орудија-
лопата,плуг,текстилни производи и др.].Со развитокот на производството се појавил вишок на
производи а со тоа и потреба од продажба на производите.Селаните-занаетчии,почнале да ги
напуштаат селата и феудалните поседи и да се населуваат на места каде можеле да ги продаваат
своите производи и каде што постоеле поволни услови за развој на занаетчиството.Занаетчиите
најчесто се населувале во градовите што се зачувале уште од римскиот период,кои биле утврдени
со ѕидови и им обезбедувале сигурност во работата а населението претставувало потенцијален ку
пувач на нивните производи.Нови населби на занаетчии никнувале на местата што се вкрстувале
важни патишта,покрај речните мостови,покрај ѕидините на манастиритр,покрај пловните реки, во
заливите на морскиот брег,на места погодни за пристаништа,покрај феудалните дворци,односно
секаде каде што минувал народ и каде можеле полесно да ги продаваат своите производи.Од
таквите населби од средината на XI век почнале да никнуваат градови како центри на занаетчи-
ство и трговија,најпрво во западноевропските земји:Итслија,Франција,Германија,Фландрија[Белг-
ија и Холандија],Англија и др.
2.Изглед на средновековните градови
Во текот на XII и XIII век се појавиле многу градови.Нивното население постојано се зголемувало и
тие пораснале меѓу 5000 и 20.000 жители.Средновековните градови според својот изглед многу се
разликувале од денешните градови.Тие обично биле опкружени со високи камени ѕидови,кули и
масовни порти,со длабоки ровови наполнети со вода за заштита од нападите на феудалците и
навлегувањето на непријателот.Во градот се влегувало низ порти преку повеќе подвижни
мостови.Ваквите ѕидини не му давале на градот да се шири и затоа градовите биле со тесни и
криви улички кои воделе кон центарот на градот-градскиот плоштад,каде што се наоѓале главните
градски згради,судот,црквата,општината,куќите на побогатите граѓани,занаетчиските и трговските
работилници,а таму бил и градскиот пазар.Секој град се стремел да има што поголема и поубавс
црква.Улиците на градовите , биле тесни ,калливи или прашливи,и неретко по нив скитале
животни а поради нечистотијата и збиеноста на куќите кои се ѕидале на катови,слепени една до
друга жителите , често страдале од епидемии и од пожари. Во рамките на градот имало и
земјоделски површини,каде што се одгледувало зеленчук,лозја и сл.
3.Цехови[еснафи] и Гилди
Сите занаетчии од иста струка се обединувале во здруженија-цехови или еснафи.Во градовите
имало цехови на ковачи,ѕидари,ткајачи,пекари и др.Целта на цехот била да ги штити интересите
на своите членови.Тие што не биле членови немале право да го работат занаетот во тој град или
да отворат работилница.Секој цех имал свој статут- правила за работа.Се предвидувало сите
мајстори да работат под исти услови,се определувале квалитетот и цената на производот,со цел
да се оневозможи некој неправедно да се збогати,се одредувал бројот на калфите,пишувањето на
натписи и ознаки.Цехот имал свое знаме,грб,печат,што му давале белези на политичка организа-
ција во борбата против феудалците,а помагале и во одбрана на градовите.Цехот ги помагал
своите членови и нивните семејства,во случај на болест или смрт на некој член на цехот особено
болните,вдовиците и сираците.Занаетчијата кој имал право да отвори занаетчиска работилница се
викал мајстор.Работилницата му била во неговата куќа.Мајсторот работел сам со своето
семејство,а осевн тоа,тој земал на подучување ученици-чираци.Кога ќе поминело одредено
времр чиракот станувал помошник на мајсторот и се нарекувал калфа.Тој добивал плата и
можност по совладувањето на занаетот и тој да стане мајстор.Во работилницата се работело
рачно и со едноставни алатки.Во градовите постоеле и здруженија на трговци наречени гилди, кои
имале за цел да ги штитат интересите на трговците.Градските трговци имале свои работилници во
градот а тргувале и со други градови.Во градовите често биле одржувани панаѓури-саеми,пазари.
Панаѓурите добиле големо стопанско значење,бидејќи на нив доаѓале и трговци од други
земји.Најпрочуени биле панаѓурите во Источна Франција во областа Шампања,на кои се донесува-
ле стоки од разни земји на Западна Европа и од Исток.Трговците- купувачи,доаѓале на панаѓурите
со различни пари.Бидејќи,секоја земја и речиси секој град имал свои монети,на трговците им биле
потребни менувачи на пари-сарафи.Сарафите со извесна такса,на трговците им ги разменувале
парите со монети какви што им биле потребни за купопродажба.Тие од едни прибирале на
чување парични средства,а на други им давале кредити.За нив трговецот му давал на сарафот
писмено задолжение-меница,со која се обврзувал да го врати долгот и за него да плати извесен
интерес.Покрај трговците,пари на заем земале и феудалците,за купување на луксузни предмети,а
и селаните за да ги платат своите парични давачки на господарот.На таков начин сарафите се
претвориле во банкари.Првите банки се појавиле во Италија.
4.Борба за самоуправа
Местата на кои никнувале градовите им припаѓале на феудалните господари-световните или
црковните.Тоа ги правело градовите,зависни од нивните господари кои им наметнувале големи
давачки.Поради тоа,градовите се стремеле да се ослободат од зависноста,најчесто преку долги
борби или по пат на откуп.На ваков начин градовите успевале да ја отфрлат зависноста од
феудалците и да се здобијат со своја самоуправа.Во градовите било воспоставено едно правило
дека кој во него живее година и еден ден се стекнува со слобода и не е повеќе зависен од својот
господар.На жителите од градовите им се признавала личната слобода и слободата за
занаетчиство и трговија.Така градот станал слободен простор каде што слободно се
живеело.Затоа градовите биле сон за зависните селани.Ослободените градови-комуни,имале свој
градоначалник,градски совет,суд,своја војска,ковале пари и ја контролирале работата на цеховите
и гилдите.Некои градски комуни прераснале во градови-држави,односно во градови-
републики.Најпознати биле италијанските градови-републики:Фиренца,Милано,Венеција и др.
Борбата на градовите за самоуправа била поддржувана и од кралевите,со што започнал процесо
т на создавање централизирани држави-монархии во Западна Европа.
Градовите станале и културни центри на Европа,затоа што во нив биле основани училишта и
универзитети,што не биле задолжително под црковен патронат и имале лаички
карактер.Наставата била поврзана повеќе со практичните потреби на економскиот живот.
Во овој период се раѓа и градската литература.Почнуваат да се пишуваат првите хроники и
истории за градовите.Се пишува литература за човековите морални норми и односи на пр.
Декамерон од Џовани Бокачо.Градската култура всушност стои врз темелот на хуманизмот и
ренесансата.
Значењето на градовите е во тоа што од нив настанале денешните градови и тоа што градското
слободно население подоцна влијаело на рушење на феудалните односи.

You might also like