You are on page 1of 7

НАСЕЛБИ

Населбите претставуват самостојни агломерации во


кои живее определен број население на одреден
простор. Првите населби датираат од раниот неолит (пред
околу 7000 г п н е), додека првите градови датираат од
периодот на 7 век пне.
Според големината и функцијата која ја имаат,
населбите се делат на гратски и селски. Денес согласно
Законот за териоторијална поделба од 2004 година, во РМ
има вкупно 1767 населби.Гратски населби се 34, а селски
1733.За одбележување е тоа што во 146 населби нема
население, односно тоа е раселено, така што во Мк има
1621 село.
За време на пописот 2002 година, во 34 градови,
вкупната присутна гратска популација броела 1 175
909жители, што претставува 58,1%, а во 1621 село
шивееле 846 638 лица или 41,9%.
Во РМ во 2002 година биле забележани 282 населби со нас
1000 жители, во овие населби живееле вкупно 1 728 803
жители или 85,5% од вкупното население.
ГРАТСКИ НАСЕЛБИ.
Гратски населби се компактно изградени поголеми
населени места, во кои населението се занимава со
повеке функции, при што доминираат секундарните и
терцијалните дејности, односно најголем дел од
населнието се занимава со неземјоделски дејности.
Дефинирање на градови- 1популациско-демографски
2функционално и 3физионимиско-морфолошко обележје.
Критериуми- урбанистички, економски, социолошки,
пипулациски.
Од 2004 год во РМ како градови се сметаат 34 населби.
Според големината, односно според бројот на
населението, нашите градови можат да се групираат во 3
групи: големи,средни и мали.
За големи се сметаат онние во кои живеат повеќе од 50 000
жиители.Такви има 5- Скопје,Битола,Куманово,Прилеп и
Тетово.
Средните од 10 000 до 50 000. Такви има 18-
Велес,Штип,Охрид,Кочани,Кичево,Гостивар,Кавадарци,Стр
уга, Радовиш, Гевгелија, Дебар, Свети Николе, Неготино,
Крива Паланка, Делчево, Пробиштип и Виница
Мали помалку од 10 000 жители. Такви се 11 градови-
Ресен, Берово, Кратово, крушево, Валандово, Пехчево, МК
брод, МК Каменица, Богданци, Демир Капија, Демир
Хисар(најмал град со 1593 жители)
Територијалната односно просторната разместеност на
градовите во РМ е: 9 градови се наоѓаат во Повардарието,
во близина на реката Вардар, 12 градови се наоѓаат во
западниот дел на РМ, а 13 градови се во источниот дел. Во
котлините се лоцирани 23 градски населби, на ридско-
долинскиот релјеф се сместени 8 населби(Штип, Велес,
Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, МК Брод, МК
Каменица И Демир Капија) има и една планинско-градска
населба Крушево (1250 м надморска висина) , додека
Охрид и Струга се крајезерски градови.
Во некои котлини има и по 2 градски населби, односно во 7
котлини се лоцирани вкупно 14 градски населби, и тоа:
Битола и Прилеп во Пелагонија, Тетово и Гостивар во
Полог, Неготино и Кавардци во Тиквешка Котлина,
Струмица и Радовиш во Струмичко-Радовишката Котлина,
Гевгелија и Валандово во Гевгелиско-Валандовската
Котлина, Кочани и Виница во Кочанската Котлина и Берово
и Пехчево во Малешевската Котлина.
Во Македонија на 756км2 се наоѓа по една населба. Во
западниот дел има 12 градови каде просечно на 918км2
има по една населба. Во источниот дел има 13 градови и
има населба на просечно 545км2, и во повардарието има 9
градски населби каде просечно на 845км2 се наоѓа по еден
град.

Градовите во Македонија биле физиономски и


функционално подложени на големи промени поради
историско-културните и општествено-економските настани
и промени. Уште од античкото време во Македонија
имало околу 70 градови од кои најпознати биле Стоби,
Хераклеја, Скупи, Стибера, Лихнидос, Пела, Филипи и др.
Од претсловенскиот период се градовите: Скопје,
Охрид, Велес, Штип и Кратово
Од средниот век се градовите: Битола, Прилеп, Струмица,
Дебар, Радовиш, Кичево, Струга, тетово, Гостивар и
Кочани.
Од турскиот период се градовите: Куманово, Крива
Паланка, Делчево, Пехчево, Берово, Свети Николе,
Кавадарци, Неготино, Гевгелија и др. На овие градови
обележјата им ги давале исламската религија и воените
власти. Но посебна физиономија им давале чаршијата,
маалските стамбени комплекси, а особено покриените
делови или безистените. Безистени имало во Скопје, Штип,
Битола и др градови. Според својата физиономија
градовите спаѓаат во ориентално-византиски тип
градови.
Од 108.738 претпријатија во 1998, 45.000 (41%) биле во
Скопје. Втор центар со значајна концентрација на
функциите е Битола со 6890 претпријатија или 6.3%, а
потоа следат Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово и др.
Селски населби
-Селата се помали населби кои се разликуваат од
градовите по нивната физиономија,функција,по
демографската структура на населението и неговото
значење.
Селски населби, во РМ има 1.621, селата се такви
населени места во кои најголем дел од населението се
занимава со земјоделство.
Во еволуцијата на нашите села се одделуваат 4
фази: претцрковна, црковна, феудална и
катастарска фаза.
Во претцрковната фаза не постоеле села,односно биле
одделни куќи или мали селишта расфрлени по имотите.
Во црковната фаза почнувало групирањето на куќите во
една целина –село.Црквите главно,биле седишта околу кои
се групирале селските куќи.
Во феудалната фаза селата се граделе на крупните
поседи на феудалците.Специфична форма на ваквите
села,биле чифлигарските села,чија организација на
живеење била поврзана со земјишниот имот на
феудалецот-чифликсајбијата.
Катастарска фаза селата ја добиле денешната
физиономија,со свое име,атар или територија на
протегање ,односно катастар со кој бил одреден атарот на
селото,бројот на куќите и населението,категоријата и
големината на обработливо земјиште,видот полјоделски
култури и др.
Селата се разликуваат меѓусебе според бројот на
населението, микроположбата која ја заземаат,
меѓусебната оддалеченост на куќите,односно според
типот и функцијата.
Селата се разликуваат и според бројот на жителите-
населението.Селата можат да се поделат на
мали,средни и големи.
Во групата на мали села спаѓаат оние во кои живеат од
1 до 300 жители.Во РМ тие се најбројни, вакви села
односно 59% од сите села.
Во групата на средни села спаѓаат села во кои живеат
од 301 до 800 жители.Во РМ вакви села има 316,односно
20% од сите села.
Во групата големи села спаѓаат сите оние кои имаат
повеќе од 801 жител.Во РМ има 345 вакви села или 21% од
сите села. Според пописот од 2002 година,во има 248
селски населби со над 1000 жители.
Во Мк има села со повеќе од 5000 жители,односно тие се
поголеми од некои градови во државата.Такви села се:
Мала Речица со 8.353 жители,Чегране со 6.743
жители,Арачиново со 7.315 жители,Лабуништа со 5.936
жители,Боговиње со 6.328 жители,Сопиште со 5.325
жители,Велешта со 5.834 жители,Челопек со 5.287
жители,Добри дол со 5.223 жители,Студеничани со 5.786
жители и Батинци со 5.364 жители.
Според микроположбата,односно релјефната структура
која ја заземаат,селата. Во РМ постојат рамничарски,
ридски, планински села.Најбројни се рамничарските
села,и има 823 односно такви се 50% од сите села во
Републикава. Концентрацијата на рамничарските села е
најголема во
котлините:Пелагонија,Скопската,Полог,Струмичко-
Радовишката,Преспанската и во Повардарието. Во
земјава има 540 ридски села или такви се 33% од
селата на Републикава.Најголем број од нив спаѓаат на
Западна Македонија, потоа во Повардарието,а најмалку ги
има во Источна МК.
Најмалубројни се планинските села -258 или 16%.Овие
села ги има во Западна МК, потоа во Источна МК, а
најмалку во Повардарието.
Поделба на селата според функција. Најголем број од
селата претставуваат класични села со
земјоделска,односно полјоделска функција и тие
учествуваат со 46% од вкупниот број на селата.
Значително помалубројни од нив се селата со
полјоделско-сточарска функција,и тие учествуваат
со околу 20% во вкупниот број села.
Во третата поголема група се селата со таканаречена
мешовита функција со учество од 34% од вкупниот број
села во Републикава. Покрај наведените три групи
функции, има и села со риболовна и туристичка
функција(Пешани,Трпејца,Радожда,Калишта и др) а
потоа со рударска функција
(Злетово,Добрево,Саса,Мк Каменица и др).
Карактеристична група се и приградските села,кои
имаат специфично земјоделско
производство,наменето за пазарите со што се
обезбедува градското население со зеленчук,свежо
овошје,млеко и месо.
Според типот,односно според оддалеченоста на куќите во
селските населби,а во РМ главно се разликуваат на 2
типа: од збиен и села од разбиен тип. Во селата од
збиен тип куќите се доближени една до друга и овие
села зафаќаат мала површина.Селата од разбиен
тип, познати како раштркани села, се составени од
голем број маала, а тие зафаќаат значително
поголема површина, поради што многу е отежнато
нивното урбанистичко и инфраструктурно
уредување.
Нашите села се разликуваат и според типот куќи. Во
минатото голем број од куќите биле приземени и
имале само едно одделение и во еден дел од него,
во пондилото,се чувал добитокот, а во другиот дел
живееле луѓето. Друг тип куќа била т.н чардаклија,
позната и како вардарска куќа.Таа била составена со
приземје, каде што се чувал добитокот, а на горниот
дел се наоѓал чардакот со собите за живеење и
други простории. Освен куќита имало и голем број
помошни згради како :
плевна,амбар,трло,говедарник,кокошарник,фурна и
др.

You might also like