You are on page 1of 2

Поим за балада

„БАЛАДА ЗА ПРАДЕДОВСКАТА ПУШКА“ - С. Јаневски

Балада е лирско-епски вид кој со многу чувства опева некој настан кој често завршува
трагично. Лирските елементи се врзани со емоционалноста, а епските со раскажувањето на
настани со драмска напнатост. Во основа на баладата обично лежи судир на спротивности, на
пример, љубовта и добрината се жртви на злото и омразата. Сепак над се останува надежта која
никогаш не умира. Поимот балада потекнува од италијанскиот збор balare, што значи играм. На
почетокот била весела песна придружена со игра и музика. Може да биде народна и авторска. Во
македонската литература балади пишувале: Кочо Рацин, Ацо Шопов, Блаже Конески, Славко
Јаневски и др.

Балада е лирско-епски вид кој со многу чувства опева некој настан кој често завршува
трагично. Лирските елементи се врзани со емоционалноста, а епските со раскажувањето на
настани со драмска напнатост. Во основа на баладата обично лежи судир на спротивности, на
пример, љубовта и добрината се жртви на злото и омразата. Сепак над се останува надежта која
никогаш не умира.

План за анализа на баладата:

Мотив:

Вид:

Структура:

Стилски фигури:

„ЗАЉУБИЛЕ СЕ ДВЕ ЛУДИ МЛАДИ“ – Народна балада

Стр. 62 од учебникот

План за анализа:

Лирски елементи

Епски елементи

Мотив

Прераскажи ја содржината на баладата.


Видови акцентски целости и правила за нивно акцентирање

Акцентски целости

Поимот акцентски целости се однесува на поврзување (синтагми) на два збора носители на


акцентот изговорени со еден акцент, како во следните случаи:
а) лексикализирани изрази (означување на еден поим): кисел’а вода, кисел’о млеко, сув’о грозје,
црв’ен пипер, ц’рн пипер.
б) Синтагми од атрибут + именка (вториот член на синтагмата е двосложна именка и затоа
акцентот се пренесува врз придавката): зимн’о време, летн’о време, н’ов бунар, ст’ар човек, стар’и
луѓе, топл’а вода.
в) Синтагми од атрибут + именка (вториот член на синтагмата е трисложна именка и затоа
акцентот останува на именката): долга ‘улица, Нова г’одина, црна ш’амија.
г) Членуван атрибут (при што е редовно образувањето вакви целости): другат’а страна, леват’а
рака, нашат’а нива, новат’а куќа, новот’о палто, старит’е луѓе.
д) Нечленувани синтагми со самостојно значење: прв’а вечер, Рус’а среда, трет’а вечер.
ѓ) Изрази со прилошко значење образувани од атрибут + именка: ц’ел ден, ц’ел живот, цел’а зима,
цел’о време, цел’о лето.
е) Синтагми од именка + сопствени имиња: Поп ‘Андова, Хаџи Конст’антинов, цар С’амуил.
ж) Синтагми од прост број + именка (едносложна или двосложна): дв’а дена, двест’е грама, дес’ет
дена, п’ет пари, ст’о евра.
з) Синтагми од заменски придавки + именка: ваш’и глави, м’ој човек, н’аш човек, наш’и луѓе, твој’а
глава.
ѕ) Синтагми од показна заменка + именка (едносложна или двосложна): ов’а дете, ов’ој пат, ов’ој
човек, та’а жена, ти’е луѓе, т’ој ден, т’ој час, т’ој човек.
и) Синтагми образувани од неопределените заменки еден и некој + именка (акцентот се префрла
врз именката): еден ч’овек, една ж’ена, некој ч’овек, некоја ж’ена. Но акцентот останува кај
заменската форма секој: с’екој ден, секој’а вечер, секо’е утро.
ј) Поздрави: до вид’ување, до гл’едање, д’обар ден, добр’о утро, добр’а вечер, д’обра ноќ, добр’е
дојде, добре д’ојдовте, здрав’о-живо.
к) Mесни (географски) имиња: Газ’и Баба, Гол’о Брдо, Дем’ир Хисар, Кисел’а Вода, Мечк’ин Камен,
Нов’о Село, Овч’е Поле, Црн’а Гора.

You might also like