You are on page 1of 4

Една есен, кога раскажувачот се вратил во своето родно село, ги пронашол изветвените

дневници и нивните пожолтени листови кои што криеле многу тајни. Додека ги разгледувал,
погледот му запрал на името Споменка. Тоа било име од кое порано зацрвенувал и затреперувал.
Од прозорецот ја здогледал трнливата слива која што била сведок на неговата прва љубов,
училишните денови и дружината „Соколите”. Дождот што започнал личел на вистински солзи од
дрвото кое што исто како раскажувачот тагувало за спомените од детството.

Во еден пролетен ден, група другарчиња од училиштето се чекале за да започнат да играат


народна на ширината. Вера Претералка била водач на дружината на која што припаѓала
Споменка. Таа дошла и му донела на Бојан сликички од фудбалери. Почнала да го задева дека
Споменка му давала сликички на Никола, неговиот противник и водач на дружината Црните
Стрели. Тоа многу го разлутило Бојан. Не знаел дали е вистина и почнал да се сомнева дека
Споменка го сака Никола. Неколку дена не зборувал со Споменка, а и главите ги вртеле настрана
кога ќе им се сретнеле нивните погледи. Наскоро требало да се одигра фудбалски натпревар
помеѓу Соколите и Црните стрели. Само за тоа се зборувало во училиштето. Бојан тренирал и
секоја вечер трчал по ридот. Неделниот натпревар бил многу важен за него бидејќи сметал дека
со тоа ќе си ја врати Споменка. Натпреварот се одиграл на Велигден. На игралиштето се појавил
последен, во стилот на големите играчи. Кога се појавил сите го скандирале неговото име и
неговиот прекар Пеле. Споменка била помеѓу неговите навивачи, и тоа го успокоило. На почетокот
играта била рамноправна, но полека ја превземале доминацијата на теренот и набрзо Бојан го
постигнал првиот гол. На полувремето тимот на Бојан водел со пет наспрема два. Во второто
полувреме еден од противничките играчи топката ја шутнал во реката, па Бојан отишол да ја земе
од реката бидејќи требало да го шутира пеналот. Постигнал погодок и натпреварот завршил со
осум наспрема четири. На славењето немало крај. Сите извикувале Пеле, Пеле, бидејќи Бојан бил
херој на натпреварот.

Но, капењето во ладната вода реката имало последици и утредента Бојан бил болен и
останал да лежи во кревет. Дошле да го посетат другарите, но тој ја очекувал само Споменка. Бил
многу тажен дека не дошла да го види. Но, следниот ден, се појавила на вратата и Бојан многу се
израдувал од посетата. Се извинила бидејќи претходниот ден била спречена да дојде и му подала
јорговани кои ги имала набрано. Во разговорот разјасниле дека Вера лажела за сликичките. Тогаш
Бојан се расположил, а вечерта дури и станал од кревет и отишол кон ширината под Ридот со
јоргованите. Полека изминувал месецот мај. Кога се обидувал да учи под трнливата слива, само ја
држел книгата. Мајка му мислела дека учи, но него во мислите постојано му бил ликот на
Споменка. Поминал покрај куќата на Споменка и им рекол дека ќе оди на ридот, па се договориле
да дојдат со другарка и Анка. Споменка пристигнала прва, а Бојан затреперил кога ја видел .
Споменка му ја открила тајната дека Анка доцнела бидејќи била да испрати писмо до поштата за
некое момче со кое се допишувала. Посакал да и каже колку ја сака, но никако не успеал да
собере храброст за тоа. Дошол и јуни, месецот кога зреат дивите јагоди. Бојан знаел една ливада
полна со јаготки, која што ја открил претходното лето. И предложил на Споменка да и ја покаже и
отишле таму заедно. Секогаш кога им се сретнувале погледите, двајцата зацрвенувале. Јагодите
ги собирале врз папрат, а потоа ги нижеле на долги тревки. Цело време мислел како да и каже на
Споменка дека ја сака, но никако не собирал храброст. Рацете им биле црвени од јагодите. Се
договориле повторно да дојдат на ливадата. Споменка му кажала дека Никола ја сакал Темјанка и
дека и напишал писмо. Му олеснило дека Никола ја сака Темјанка, но и му било криво дека
Никола бил похрабар од него за да и напише писмо. Завршила и учебната година и како најдобар
ученик добил награда да летува на езеро. Во селото дошла Душица, другарката на Споменка од
градот. Тајната за полјаната со јагоди и ја кажале и на Душица и ја одвеле таму. Се расприкажале и
не забележале дека ќе заврне. Доцна било за враќање, па се скриле во еден тунел што го
ископале во еден стог сено. Косата на Споменка допирала до неговото лице и посакал тој момент
да трае вечно.

И преку летото продолжувала војната помеѓу двете дружини. Еден ден Бојан нашол некоја
сабја и со неа тргнал на прошетка. Кај реката ги здогледал девојчињата меѓу кои и Споменка. Едно
дете, кое од Црните стрели го наговориле, им ги земало фустаните додека се капеле. Душица се
расправала со децата од Црните стрели, но тогаш се појавил Бојан и им ги вратил фустаните.
Настанала расправа со Црните орли, но за среќа не завршила со тепачка. Наскоро Бојан отишол на
одморот покрај езеро. На враќање, од возот се симнал во градот и ја сретнал Душица која што го
поканила на гости. Од разговорот со неа заклучил дека и се допаѓа на Споменка и на неговата
среќа и немало крај.

Започнала новата учебна година. Во училиштето дошла нова наставничка по македонски


јазик што Бојан многу ја засакал. Покрај неа, го засакал и нејзиниот предмет. Но, Споменка не му
излегувала од мислите, будно сонувал за неа. Се обидувал да собере храброст да и каже дека ја
сака, но никако не му успевало. Во училиште се шушкало за Никола и Темјанка, но и за Бојан и
Споменка. Бојан не сакал да се дознае за неговата љубов. Почнал да ја мрази математиката,
гледајќи како наставниот по математика се почесто се дружи со неговата омилена наставничка по
македонски јазик. Еден ден додека девојчињата си играле, тој наишол на споменарот на
Споменка. Таа се стрчала и му го зела од раце за да не прочита што има во него. Продолжил да го
разлистува учебникот и таму нашол една фотографија од Споменка која што ја земал. Ја гледал во
неговата соба и ја бакнувал. Престанало и да му се учи. Одлучил да и напише љубовно писмо на
Споменка и да и го даде скриено во книгата Хајди. Откако го напишал и скинал неколку пати,
напишал едно и го ставил во книгата и и го однел. Во исчекување на одговор бил тажен и
замислен. Замислена била и Споменка кога ја видел во училиштето. Учителката Разделина го
опоменала дека не внимава на часовите. По петиот час, забележал дека во чантата има книга, а
внатре во неа писмо од Споменка. Во средината на листот имало две срца прободени со стрела, а
во нив пишувало Споменка и Бојан. Имало и девојче кое велело Те сакам Бојане, како и момче кое
сака да стане фудбалер и девојче кое сака да стане пејачка. Се било како сон, кон домот одел
насмеан. Почнал да се чувствува возрасно. Го запоставувал учењето а со Споменка почнал да си
пишува писма.

Еден ден, имале час по физичко со седмо одделение. Тогаш, морал да игра фудбал од иста
страна со Никола. Ги гледале и учителката Разделина и Споменка. Многу несебично играле и си
подавале, па на крај заслужено победиле. Добил и топка од баба Војдана, чиј син играл за некој
тим и секоја година носел топка во селото. Пред топката се заколнал дека ќе стане фудбалер.
Помалиот брат Диме го видел како ја гледа сликата на Споменка, па му се заканил дека ќе го
издаде на родителите. Бојан морал богато да го награди неговото молчење. Настрадал дури и
албумот со сликички. Дошла и зимата, паднале снегови а Бојан се помалку учел, за што бил
прекорен и од учителката Разделина. Децата си играле на лизгалиштето, а Бојан дури и таму
доаѓал со топката. На полугодие имал само тројки и двојки, петки само по македонски и физичко.
Тоа многу ги налутило неговите родители, додека Бојан виновно молчел. Мислел дека сега нема
да го сакаат ниту Разделина ниту Споменка. Татко му, сметајќи дека топката е виновна, зел нож и
му ја пресекол. Почувствувал срам и ја извлекол фотографијата на Споменка, велејќи и дека таа е
крива за неговото неучење. Се срамел од родителите, од Споменка, а знаел дека највеќе ќе се
ситат противниците од Црните стрели. Затоа решил да објави војна на неуспехот од првото
полугодие.

Сонил сон со отворени очи во кој на учителката Разделина и признал дека ја сака
Споменка и дека таа била крива за тоа што не учел, но учителката го исправила да не ја обвинува
неа и да вети дека повторно ќе биде најдобар. Од тогаш, повторно почнал да учи и поголем дел
од времето го минувал над книгата, што дури Споменка се посомневала дека повеќе не ја сака и
му напишала писмо. Тоа него го израдувало, бидејќи знаел дека многу го сака. И одговорил на
писмото и се и објаснил. Неговата упорност во учењето се исплатела и повторно си го повратил
успехот во училиштето. Имал најубав писмен состав за пролетта кој што бил полн со чувства. На
крајот на часот учителката Разделина му го земала ланчето кое му било од Споменка и рекла дека
ќе му го врати на крајот од учебната година. Повторно дошла пролетта. На часот по музичко на
Милан му нашле љубовно писмо и го издале на родителска. Учителката Разделина не ја
оправдала постапката на својот колега што го издал. За учењето на Бојан имало само пофалби на
родителската, и тој повторно си ја вратил училишната слава. Дошол и последниот излет во
последната учебна година. Излетот бил во рудникот каде што работел таткото на Бојан. Татко му
им раскажувал на учениците за рудникот, а потоа се искачиле на полјанката над рудникот. Само
што почнале да играат фудбал, на Никола му се слошило. Учителката Разделина прашала кој ќе го
придружува да се врати во селото и никој од Орлите не се јавил. Тогаш, Бојан се јавил дека ќе го
придружува. Потоа се јавиле и децата од Црната стрела, но веќе било доцна. Тогаш Никола рекол
дека дружината на Соколите се победници, бидејќи Бојан е победник и му подал рака. Тоа бил
почеток на крајот на нивната долгогодишна војна.

Во писмото, деновите, Споменка му била лута, дека не ја сакал, но Бојан ја сакал само неа.
Отишол на ридот да ја најде и видел една кукавица на гранче. Се потсетил на стара народна
мудрост дека такво гранче е гранче на љубовта и решил да го скине за да ја допре со него
Споменка засекогаш да се сакаат. Но, по пат ја сретнал Вера Претералка и се скарал со неа и
неконтролирано ја подудрил по глава со гранчето. Многу се исплашил дека сега со Вера ќе се
сакаат, па го фрлил брзо гранчето не верувајќи во такви глупости. Најпосле на ридот ја здогледал
Споменка. Имала насолзени очи и побарала да и набере јорговани. Таа заплакала повторно
поради јоргованите кои што наскоро ќе прецутеле, но таа криела и нешто друго што ја правело
многу тажна. При крајот на мај, настанало помирувањето помеѓу двете дружини под трнливата
слива и збратимување на водачите. Дошол и крајот на учебната година. Бојан и сите деца биле
возбудени поради последниот училишен ден. Набрал трендафили за учителката Разделина, а
еден и оставил и на Споменка под клупа. Кога и го дал цвеќето, учителката му го вратила ланчето
од Споменка, велејќи му дека знае дека му е од Споменка и дека и таа ги поминала тие години и
подобро ги познавала. Во училницата направиле мала забава и се разделиле со премногу возбуда.
Бојан се радувал дека од есен двајцата ќе учат во училиштето во градот на Душица. Но, дошле
деновите кога првата љубов се претворила во прва неутешна болка. Споменка побарала да се
видат под сливата. Таа плачејќи му кажала дека утредента засекогаш ќе се отселат од селото,
многу подалеку од градот на Душица. Бојан не можел да поверува дека тоа е вистина и почнал да
плаче и тој. Споменка велела дека не сака да оди, но дека татко и дошол по нив да ги земе. Во нив
плачела првата љубов. Дознал зошто Споменка плачела кај јоргованите, но дознал и каква е
првата прерана болка на љубовта. Утредента камионите полека ги товареле работите од куќата на
Споменка и заминувале кон градот. Тие требало да заминат со последниот. Бојан немал сили да
се појави и да се испрати. Собрал трендафили и решил да ги пречека на патот. Но никако не
можел да истрча од реката и да го пресретне тој камион што му ја одзема Споменка. Нозете му
останале приковани за местото. Гледал долго во него а китката со трендафили ја однела реката.
Пред него ветерот дувал случајна новинска хартија на која пишувала „Првата љубов е слична на
првиот снег: ретко некогаш останува.“ Потоа на мазната кора од младата јасика изрежал:
„Споменка и Бојан ! 16.6.1996.”

You might also like