You are on page 1of 3

Бојан

Во овој роман се раскажува за едно момче по име Бојан. Тој


живеел на село, но уште како мал одел на подолго време на
планина за да го посети дедо му Димо. Од него научил многу
работи околу животот на планина. Еднаш, дедото решил на
кратко време да оди на село за да ги посети роднините. Мислејќи
дека Бојан веќе е повозрасен и позрел, му ја оставил целата
грижа врз колибата и плевната нему. Тој заминал, оставајќи го
Бојан потполно сам.
Секој ден, Бојан имал по неколку обврски што требал да ги
заврши. Дедо Димо имал две кучиња- Караман и Стрела што
останале на планината со Бојан. Секое утро тој ги хранел со
тричник, посебен леб што го правела мајка му. Потоа ги пуштил
овците и говедата, кои оделе до потокот да пијат вода. Често
одел да го посети дедо Иван. Тој живеел на соседното ридче,
наречено Гола Глава. Со него често си зборувале, па така
времето побрзо минувало. Тие денови паднал првиот снег. Тој му
ги отежнал работите на Бојан. Една вечер, Бојан слушнал
волчешко завивање кое доаѓало од врвот на Гола Глава. За
среќа, набрзо волците заминале. Утрото, Бојан пронашол една
повредена срна. Решил да ја одведе во тремот на колибата и да
ја чува таму се до пролет. И дал име Кротка. По неколку дена,
волците пак се вратиле. Сега стасале дури до потокот. Кучињата
на Бојан се впуштиле во борба со волците, па така волците го
задавиле и изеле Караман. Растревожен од загубата на Караман,
Бојан ја наоѓа скриената пушка на деда си. Се научил да пука и
често кога ќе пукнел, од Гола Глава ќе се јавел Дедо Иван со
неговиот истрел. Една вечер, Бојан приметил дека на небото има
црвена трага, па се посомневал дека над Гола Глава имало голем
оган. Бојан се огласил со два истрела, но не го добил
очекуваниот одговор. Утрото се обидел да се пробие низ снегот
до Гола Глава, но залудно. Вечерта, волците пак наминале.
Овојпат дошле до плевната. Бојан собрал храброст и успеал да
погоди еден волк во ногата. Потоа волците си заминале.
Следните неколку дена, Бојан бил болен. И болеста поминала, а
тој едвај чекал да ги види татко му и дедо му. Неговите
очекувања се оствариле. По неколку дена, Бојан се разбудил
слушајќи го гласот на дедо му Димо. А попладнето, убаво
одморени, Бојан и татко му отишле на село, да се сретнат со
Бојановата мајка која нестрпливо ги чекала.
Зимата и пролетта поминале. Дошло летото. На планината
дошле двајца археолози: Коста и Александар. Коста имал син-
Денко кој веднаш се спријателил со Бојан. Еден ден, тие двајца
спасиле едно мало девојче Иринка кое за малку ќе се удавело. На
двајцата археолози многу им се допаднала планината, па
Александар решил да ја повика својата ќерка Елена. Трите деца
минувале многу убави денови исполнети со забава и смеа. Бојан
веднаш ја засакал Елена, а и таа него. Набргу се случиле немили
настани: од удар на гром загинале две овчарчиња, кои му биле
другари на Бојан и учеле во исто училиште. Потоа ненадејната
смрт на дедо Иван, кој тешко се разболел. Во меѓувреме Бојан го
запознал Денко со планината, со сите чешми и тајни места:
Велков гроб, Ајдучки гроб, па дури се искачиле и на Орелска чука.
Елена многу се налутила затоа што не ја зеле со нив. Поради
работата на Александар, таткото и ќерката морале да се вратат
во градот, така што Бојан не стигнал да се поздрави со Елена. За
тоа му кажал на Денко, и му дал писменце кое било оставено од
Елена. Од жал за неа, Бојан по втор пат, сам, се искачил на
Орелска чука. Таму ја поминал ноќта. Утредента и Денко и татко
му заминале. Последните денови на планината Бојан ги поминал
во тага. Планината му изгледала пуста без Денко и Елена. Малку
го развеселило новото писмо што му го пратила Елена, заедно со
една нејзина фотографија.
На крајот на летото, Бојан со тешко срце морал да го напушти
деда си и планината и да се врати во селото. Со Денко и Елена
си ветиле дека ќе се видат и следното лето, и ќе доживеат многу
нови авантури.
Анализа на ликови:
Бојан- млад авантурист, енергетичен, храбар, снаодлив,
одговорен, лидер
Дедо Димо- мудар, паметен, искусен, досетлив, интересен
Денко- колеблив,паметен, храбар, авантурист
Елена- елегантна, кротка, храбра, паметна
Александар- Паметен, мудар, весел, муабетлив
Литературен вид- роман
Локалитет- планина
Временски период- 1970-тите
Белешка за авторот- Глигор Поповски е роден на 1 април 1928
година во село Будинарци, Беровско. Завршил учителска школа
во Скопје, а работниот век го поминал во „Пионерски весник“,
работејќи како новинар, во книгоиздателството „Детска радост“,
каде што извесен период бил и главен уредник, а ги уредувал и
списанијата „Другарче“, “Развигор“ и „Росица“. Член е на
Друштвото на писателите на Македонија од 1954 година.

Глигор Поповски е автор на книгите: „Бајка за детето Вилен“,


„Цвет“, „Дрварче“, „Росица“, „Далечен свет“, „Со тротинет по цел
свет“, „Било едно дете“, „Мостот“, „Црвената рака“, „Парада за
цвеќињата“, „Чудо во гората“, „Сказни за возовија“, „Сказна за
најјунакот“, „Што има зад тополите“, „Морнарот Неп“, „Билјана“,
„Испит“, „Бојан“, „Кога тато вози“, „За поубав свет“, „Планино
убавино“, „Разговори за сообраќајот“, „Најтемната ноќ“, „Човек со
човек“, „Добри мои, добар ден“, „Учителката“, „Елен Камен“,
„Другата страна“, „Шеп, шеп, шеп“ и други.

За своето творештво Поповски бил наградуван со: „Партизански


курир“, „Младо поколење“, „13 Ноември“, „РТВ – Скопје“ на
Струшките вечери на поезијата, во два наврати: во 1969 и 1973
година, „Курирче“

Починал во Скопје, на 14 мај, 2007.

You might also like