You are on page 1of 3

Писмена работа по македонски јазик

ПИСМЕНА РАБОТА
(НАСОКИ ЗА ИЗРАБОТКА И
ОЦЕНУВАЊЕ)
Тема: Одбраната на честа на печалбарската
жена
(темата во основа ја содржи драмата и извадокот од драмата „Чест“
Васил Иљоски).

Структура и композиција на есејот


Структурата и композицијата на писмената работа ги опфаќа неговата надворешна
форма и поврзаноста на деловите од кои е составен.
Надворешната форма, изгледот на текстот е важен. Затоа, мора да се обрне внимание
на изгледот на текстот. Ова особено важи за текстови кои се пишувани со рака.
Надворешно – во есејот мора да се издвоени најмалку три пасуса – воведот, главниот
дел и завршниот дел. Во главниот дел, во зависност од тезите/идеите што се
обработуваат може да има повеќе пасуси.
Секој пасус започнува во нов ред, вовлечен, да се забележува како целина (или како
што имаме кажано – да се остават два прста!).
Се разбира и ракописот треба да е читлив.

1. Пред да се започне со пишување на писмената работа треба добро да се прочита


драмата и извадокот од драмата „Чест“ Васил Иљоски, да се направи концепт за
темата што ќе се обработува. Во точки ги изнесуваме главните идеи што ќе ги
обработуваме, а во потточки споредните идеи – кои произлегуваат од главните.

2. Писмената работа мора да содржи сопствени идеи за да:


– си ги тестираме, провериме, сопствените идеи преточени во мисла/реченица;
– има подобра организација и изградување на аргументите/фактите;
– обезбедиме тек на мислата која ќе биде лесна за разбирање од страна читателот.

3. Писмената работа мора да има вовед кој треба да започне со општи податоци во
врска со темата и полека да води до главната идеја. Воведот треба да биде изложен во
една до две реченици и треба да наговести за што ќе се работи во понатамошниот
текст.
Понекогаш воведот може да биде предизвикувачки, изненадувачки за да се привлече
вниманието на читателот.
Во конкретната тема Одбраната на честа на печалбарската жена
во воведниот дел може да се пишува за појавата на печалбарството.

4. Во разработката - главниот дел мора сите сопствени идеи да ги опишеме и


докажеме. Во нов ред ја пишуваме секоја нова идеја, па така, колку идеи имаме –
толку пасуси ќе содржи писмената работа.

Наставник: Соња Тончевска - Костова Page 1


Писмена работа по македонски јазик

Во конкретната тема Одбраната на честа на печалбарската жена во главниот дел


може да наведете сопствени идеи, ставови поврзани со тешкиот живот на
печалбарската жена на која и е препуштена грижата за семејството; неизвесноста во
очекувањето на нејзиниот печалбар-кога ќе се врати и дали воопшто ќе се врати;
венчана за самотијата и одбраната на сопствената чест.

Избегнувајте прераскажување, наведување непотребни детали. Непотребните


раскажувања го оптоваруваат текстот, го прават здодевен и често се надвор од
темата.

5. Завршниот дел (заклучокот) треба да биде затварање на темата, сумирање на сите


изложени идеи, внимавајќи притоа да не се повторуваме и да се искаже конечениот
став во однос на темата која се обработувала. Некоја поговорка, пословица или
анегдота може понекогаш да биде добар заклучок.
Овој дел треба да биде најкраток.

Критериуми за оценување писмена работа

При пишувањето на писмената работа внимавај на:

Јазикот
 правопис.
Правописот е еден од важните елементи при оценувањето. Кога текстот
има многу правописни грешки тој губи во својата убавина. Тоа се:
употреба на голема буква, правилно пишување и употреба на: ј, ќ, ѓ, љ, ѕ
итн., слеано и разделено пишување на зборовите, удвојување на
гласовите, префрлување на зборовите од еден ред во друг итн.
 интерпункција.
Правилна употреба на знаците за интерпункција. (. , – „ “).
 синтакса.
Правилно и убаво составена реченица. Речениците не смеат да бидат
бесмислени, ниту испревртени.
 лексика.
Зборовите треба да бидат соодветно употребени и на нивото кое
одговара за возраста.

Композиција и содржина на текстот

 визуелно јасно издвојување на воведниот, главниот и завршниот


дел.
Ако во текстот не постои нов ред (дел кој ќе започне со вовлечено
пишување од „два прста“) значи дека визуелното издвојување не е
постигнато.
 употреба на сврзувачки реченици.
Секој дел мора да биде смисловно поврзан со наредниот. Текстот е
целина и затоа мора да бидат поврзани неговите делови.

Наставник: Соња Тончевска - Костова Page 2


Писмена работа по македонски јазик

На пример: не може воведот да заврши и да нема никаква врска со делот


што следува, односно со разработката на темата.

Содржина на писмената работа

 содржина на воведот.
 содржина на разработката (главен дел).
Соодветно разработена тема. Да се внимава да не се отстапи од
темата
 содржина на завршниот дел.

Потсетување
Писмената работа треба да содржи 200-250 збора.
Откако ќе ја завршите испратете ја во приватна порака
или на e-mail
sonjatkostova@gmail.com
Писмената работа се затвора во 15.00 часот.

Наставник: Соња Тончевска - Костова Page 3

You might also like