You are on page 1of 1

Граматички вежби за проста и сложена реченица

 Да се потсетиме!
 Реченицата е целосна, заокружена мисла изговорена или
напишана.
 Главни членови на реченицата се подметот и прирокот.
Подметот го представува вршителот на дејството а прирокот
самото дејство.
 Без прирок, односно глагол не може да има реченица.
 Дел од науката за јазикот што ја проучува реченицата се вика
синтакса.
 Според составот речениците ги делиме на прости и сложени.
А. Проста реченица
Пр: 1. Марија се врати порано дома.
2.Се слушаше невиден џагор на улицата.
3. Петката е заслужена за Марија.
 Ако во реченицата има еден пророк, реченицата е проста.
B. Сложена реченица
Пр: 1. Марија се врати порано дома и веднаш си легна.
2.Се слушаше невиден џагор од улицата и ја развеселуваше
зградата.
3. Петката е заслужена за Марија и сите да го следите
нејзиниот пример.
 Ако во реченицата има два или повеќе прирока, реченицата е
сложена.
1. Кои од речениците се прости а кои сложени ?
1. Елена читаше весник.
2. Кучето цела ноќ лаеше и никој не можеше да заспие од
неговото лаење.
3. Вратата се отвори и сите се зачудија од тоа што го видоа.
4. Дојде пролетта.
5. Дрвјата цветаа, а нивниот мирис се ширеше насекаде.
6. Сонцето го најавуваше убавото време.
1. Напишете десет прости и десет сложени реченици.

Ви посакувам успешна работа. Предметен наставник: Теута Етеми

You might also like