You are on page 1of 2

Безлични реченици 

Овие реченици се разликуваат од сите останати по тоа што прирокот во


нив не отвора место за подмет, односно вршител на дејство.  Значи, во овие
реченици имаме прирок/дејство, зашто без него и не би постоела
реченицата, но не и лице кое го врши тоа дејство. Не постои лице, односно
вршител на дејството, туку дејството се врши/јавува само од себе. 

Пр: Зазорува. Се стемнува. Врне. Заснежи. Ми се спие. Ми се јаде. 

Марко спие. (лична реченица) На Марко му се спие. (безлична)


 
Прирокот во безличните реченици може да се јави со некои други
реченични членови, но НИКОГАШ со ПОДМЕТ !!! 

Безличните реченици може да се поделат во 2 групи: 


 
1. Безлични реченици со ГЛАГОЛСКИ ПРИРОК: 

Пр:   Се поправа времето.  Ми студи. Во Франција се штрајкува. Во вашата


куќа добро се јаде. Ќе се умира. Ни горчат сармите.  
Има закана од цунами.    Ме радува твојот успех. Во салата се тренира
постојано. 
 

2. Безлични реченици со ГЛАГОЛСКО - ИМЕНСКИ ПРИРОК ( -сум, - стане ): 


 
Беше ноќ.  Така му било пишано. Гревота е. Била убава вечер. 
Дојдено ми е преку глава. Станува поладно. Кој е ? 
 
 
 
Пронајди ги безличните реченици и определи во која група припаѓаат: 
 
Беше свечено. Трибините беа исполнети до последното место.
Навивачите немаа трпение да почне натпреварот. Вечер е, убава
вечер! Рефлекторите го осветлуваа теренот. Многумина гледаа кон
небото. Стануваше сẻ потемно. Облаците се закануваа дека ќе го
нарушат свеченото почнување на мечот. Одеднаш светна силно. Се
слушнаа воздишки на разочарување. По малку време заврна... 
 

You might also like