You are on page 1of 8

Временски (темпорални) зависносложени

прилошкоопределбени реченици

Иванка Славковска
ООУ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ Велес
Временски (темпорални) зависносложени
прилошкоопределбени реченици

Координацијата е таков вид однос на два синтаксички члена (збороформи, групи, реченици) чии
значења се наоѓаат во логички истореден однос (т.е. однос на елементи со иста вредност). Овој
однос во сложената реченица се изразува со паратакса (исторедност).

Субординацијата ја третираме како однос на два синтаксички члена (збороформи, групи, реченици)
од кои еден е зависен од другиот. Во рамките на сложената реченица овој однос се определува
како хипотакса (подредност). Зависниот член е подреден, а оној од кој зависи тој - надреден.

Речениците на хипотаксата ги делиме на:


 декларативни,
 релативни и
 прилошкоопределбени (во кои спаѓаат: временските,
условните, причинските, последичните, целните, допусните
и начинските).
Сите прилошкоопределбени зависни дел-реченици вршат функции на прилошки определби
наспрема главните дел-реченици. Разликуваме: временски, причински, целни, последични,
условни, допусни и начински прилошко-определбени зависносложени реченици, т.е.
зависносложени реченици со зависни дел-реченици што ја определуваат/дополнуваат главната од
гледна точка на временски околности, на причина, цел итн.

1
Согледај! Каква функција вршат подвлечените реченици?

Се вративме дома пред да почне полицискиот час.


Кога се вративме дома? → Пред да почне полицискиот час.
Додека бев излезен, некој ме барал на телефон.
Кога ме барал некој на телефон? → Додека бев излезен.
Не сме се виделе откако се распуштивме.
Од кога не сме се виделе? → Откако се распуштивме.

Може да се заклучи дека подвлечените примери покажуваат кога се врши


дејството во главната реченица.

2
Временски (темпорални) зависносложени
прилошкоопределбени реченици
Во рамките на овој тип зависносложени, зависната ја определува
временската околност со оглед на која се одвива дејството во главната
дел-реченица.
Временски зависносложени се оние реченици во кои зависната дел-
реченица претставува определба за време на дејството од главната дел-
реченица.

Дејствата можат да се одвиваат истовремено, или пак дејството на


зависната да му претходи на дејството на главната или да следува по
него.
Природно е што во рамките на овој тип реченици се среќаваме со различните
видови употреба на глаголските времиња и начини.
Најчест и најшироко употребуван е овде заменскиот прилог кога употребен
како сврзувачко средство, сврзувачки збор. Кога може да ги покрие сите
варијанти на временските односи, па и тие односи што се изразуваат со т.н.
специјализирани временски сврзници.

3
Дејствата поврзани со кога можат да бидат:
- еднократни (истовремени или неистовремени): Кога ќе се
вратам, ќе бидам безмилосен, ама правичен; Кога поминуваа, тој
легна; На подбив го зедоа другарите кога му го видоа обетчето.
- повторливи или хабитуални, при што кога може да се јави и
придружено со да: Кога размислувам за тие дни, ми идат горчливи
смеења; Кога ќе минеа шест километри, ќе се вратеа дома трчајќи;
Кога ја метеше одајата, го метеше и чардакот; Кога да видам таков
силник, ме фаќа желба да го гризнам.
- И еднократните и повторливите дејства се прекажуваат со
форми на минато неопределено или на идно прекажано време:
Ништо не и било тешко кога било во прашање нејзиното дете; Армин
бил наполно слеп, но се можел да замисли кога ќе му се опишело.
- Како неправилна се смета употребата на кога со несвршени форми
од свршени глаголи (сегашно, минато несвршено и сл.), на пример:
Кога влезам в училница, заборавам на се. Треба: Кога ќе влезам в
училница, заборавам на се, или пак: Кога влегувам в училница...

4
Специјализирани временски сврзници/сврзувачки зборови
- Со сврзникот штом се инсистира на моментното вршење на дејствата:
Штом ги виде децата, се расплака.
Во разговорниот јазик со вакво значење може да се јави a: A гu виде децата, се расплака.
Како синоним се јавува и сврзничкиот состав само што: Само што почна да зборува, го прекинаа.
Со вакво значење, во последно време во разговорниот јазик се јавува чим, сврзник преземен од
српскиот односно од хрватскиот јазик.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
- Штотуку и тукушто се синонимни со штом, но треба да се нагласи дека тие многу ретко се
јавуваат како сврзувачки средства, а далеку почесто како прилози: Toј тукушто / штотуку излезе.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
- Откако и откога ги употребуваме во случаите кога дејството на главната следува по дејството на
зависната дел-реченица: Откако го прегледа, лекарот му препорача одмор.

5
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
- Сврзничкиот состав пред да се употребува во случаите кога дејството на главната му претходи
на дејството на зависната: Тие си отишле пред да дојдам јас.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
- Одделно внимание заслужуваат сврзниците дури и додека.
Дури може да се јави и како партикула: дури во Смилево; дури и јас и сл. Додека, кога се јавува
во втората дел-реченица, може да се употреби и како еквивалент на сврзникот а, на пример:
Тенисот ми се допаѓа, додека кошарката ја сакам. Како вид лексичка редунданција се смета
заедничката употреба на а и додека.
Дури и додека, употребени во временски реченици, можат да се сметаат како истозначни, само
што дури повеќе се среќава во разговорниот јазик. И дури и додека можат да се јават:
1. самостојно,
2. со да и
3. со не.
Самостојни, тие се јавуваат во реченици во кои се искажува истовременост на две дејства, се
изнесуваат две дејства што се одвиваат паралелно: Дури ви требавме, арни бевме; Дури е жив,
човек мора да носи надежи; Играв u пеев додека имав сила во себе;
Додека тие спиеја, јас се борев со својата дремка.
За да се изрази паралелноста на дејствата, треба да се употребат несвршени форми од несвршени
глаголи. Во главната може да се јави и заповеден начин: Дури ти е главата на рамена,
надевај се.
Со да и со не се јавуваат овие сврзници во такви временски реченици во кои се врши ограничување
на дејството во главната и тоа со моментот кога ќе се изврши дејството во зависната (значи,
можеме да ги наречеме лимитирачки): Ја бркаше змијата дури не ја фати; Мајка да ја вардиш дури
да се вратам; Италијанците ќе останат тука додека не заврши војната; Додека да порасне твоето,
Ѓорѓија мој ќе го вози. Дури и додека можат да се јават со несвршени форми од свршени глаголи
само со да или со не - никогаш самостојно, како во примерот: Дури дојдеш ти, се ќе биде готово.
Треба: Дури да дојдеш ти, се ќе биде готово.

6
Еквиваленти на зависните временски дел-реченици

Најобични еквиваленти на зависните временски дел-реченици се:

Глаголскиот прилог донесува дејство истовремено со дејството изразено со личноглаголска


форма, а бидејќи е тој самиот нелична глаголска форма. Треба да се употреби само тогаш кога
имаме еден ист вршител: Чекајќи, тој се нервираше - наспрема: Додека чекаше, тој се нервираше.
Глаголската именка како еквивалент на зависна временска дел-реченица може да се јави со
определбата едно, како и со повеќе предлози (со, на и сл.), на пример: Едно влегување, падна,
наспрема: Штом влезе, падна; Со отворањето на вратата, вревата нарасна, наспрема: Кога се
отвори/ ја отворија вратата, вревата нарасна; Со нејзиното доаѓање кај нас завладеа спокојство,
наспрема: Koгa дојде таа / Откако дојде таа, кај нас завладеа спокојство.

You might also like