You are on page 1of 9

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ 24 МАРТ – 10 АПРИЛ

Предметен наставник - Иванка Славковска


Напомена – Почитувани ученици, своите изработени активности испратете ги на
islavkovska@yahoo.com.

1. час Продолжување на текстот,,Двете ѕвезди“ од Петко Домазетовски;

Активности
 Се одговараат прашањата поставувани од наставникот се повторува за формите на изразување.
Што е епика?
Што е нарација?
 Читај го текстот дел по дел; применувајќи го течното и изразно читање,
со правилно акцентирање на зборовите.
 Запиши ја фабулата на текстот.
Што е фабула?
 Структурална анализа на текстот
1. Тема ___________________________________________________________________
2. Идеја___________________________________________________________________
3. Вид текст според создавач_____________________________________________________
4. Вид текст според формата_____________________________________________________
Изработките се испраќаат на наставникот.
Домашна работа - Прераскажување на текстот „ Пејо со туѓи чизми“ во 1 лице

1
2. час Писмена вежба на тема „Остани дома“

Активности
Понекогаш луѓето имаат потреба да разменуваат мислења за некое прашање. Тогаш, тие буквално водат
борба со зборови и имаат за цел да го докажат правилното или неправилното во одредено тврдење како и да
соопштат нови идеи и вистини за одреден предмет за кој расправаат при што се изнесуваат аргументи (точни
податоци).

Настојувај да го убедиш читателот во правилноста на твоето мислење. Кажи што мислиш и што
чувствуваш за темата. Пишувај во тетратката, а составот да не биде помал од две страници.
Што ќе се оценува?
 Составот треба да содржи три дела, јасно одделени со нов ред (без наслови!):
1. пристапен дел (воведува во темата на расправата и потребата од неа)
2. докажувачки дел (убедливо со факти да се докаже, објасни вистината за проблемот)
3. заклучен дел (дава заклучок за докажаната вистина со што се потврдува оправданоста на расправата)
 Стилот на есејот (едноставен, а не сликовит)
 Организација на идеите и структурата
 Содржината на напишаното
 Изгледот (ракопис, правопис)
 Разновидноста и соодветноста на јазикот што се користи (избор на зборови)
 Свесноста за читачката публика (убедливост)
 Течност на реченицата
 Интересност – што би можело да биде интересно за публиката

2
3. и 4. час „Обработка на лектирна творба „ 20 000 милји под морето “ од Жил Верн“

Активности
Направи обработка на лектира „ 20 000 милји под морето “ од Жил Верн
1. Белешка
2. Кратка содржина
3. Локализација
4. Тема
5. Идеја
6. Главни ликови
7. Карактеризација на ликовите
8. Критички осврт/Мој став за делото
САМООЦЕНУВАЊЕ Лектира „ 20 000 милји под морето “ Жил Верн
Елементи на анализа ( обработка ) на прочитано литературно дело
Белешка Кратка Локализација Тема Идеја Главни Карактеризација Критички Правопис Речник Оценка
содржина ликови на ликовите осврт и стил

3
5. час Главни реченични членови;
 Запиши дефиниции за прирок и подмет.
 Посочи ги подметот и прирокот и кажи кои видови зборови се во функција на подмети.
1. Дождот ги изненади сите.
2. Лазе вежба секојдневно.
3. Таа пееше цел ден.
4. Вредниот покажува резултати.
- Изработи го наставното ливче и испрати го на наставникот:
Наставно ливче
1. Потцртај ги подметите со една, а прироците со две линии, во речениците кои следат.
а) Гулабот долета на прозорецот по храна.
б) Дедо ми донесе цела кошница со јаболка.
в) Тие се налутија зашто го загубија натпреварот.
г) Сонцето не мамеше надвор.
д) Последниот постигна време од 2 минути.
ѓ) Ти брзаше при читањето.
2. Потцртај ги подметите и прироците во текстот.
Сите ученици беа на игралиштето. Тие беа нетрпеливи да почне натпреварот во кошарка.
Кошаркарите од нивното училиште се натпреваруваа со соседното училиште. Натпреварот беше решавачки која
екипа ќе биде првак во општината. Навивачите пееја, ракоплескаа, викаа, а со тоа ги бодреа своите миленици.
Судијата го означи почетокот. Погодокот на нашиот кошаркар предизвика вистинска бура.
- Домашна задача - Во тетратки да се изработат двете вежби од учебникот.

4
6. час Мит и прераскажување и анализа на митови;

МИТ
- фантастична приказна; - човекот имал желба да ги открива
- објаснува природни појави: сонце, тајните за природните појави;
небо, годишни времиња, животот и - се создале приказни за богови,
др.; змејови, џинови, крилески коњи;
- човекот немал објаснување за - обид да се осознае Светот.
многу работи околу него.
 Во грчката митологија имало таканаречени титани. Тие биле полубогови (родени од боговите). Еден од
најпознатите бил Прометеј. (Неговото име значи мудрост, а тој се смета дека му донел знаење на човештвото).
 Божицата Атена му ги открила тајните на: медицината, математиката, астрономијата, пловидбата и други
знаења и вештини.
 Знаењата и вештините им ги пренесувал на луѓето, со што се зголемувале нивните способности.
 Еден дел од митот за Прометеј раскажува:
„Прометеј скришно успеал да влезе на Олимп (планина каде што живееле боговите) и зел неколку жарчиња
оган. Ги скрил меѓу листовите на некоја билка и им ги дал на луѓето. (Така луѓето го добиле оганот.)
Налутен, богот Зевс (главен бог меѓу боговите) наредил Прометеј да биде врзан со синџири за една карпа.
Оттаму го ослободил јунакот Херакле кој го молел богот Зевс да се смилува на маките на Прометеј. Зевс се
согласил под услов Прометеј на прстот постојано да носи една алка од синџирот со кој бил врзан. А таа алка
требало да го потсетува Прометеј да не ги разлутува боговите. Всушност, митот вели дека така настанал и
првиот прстен.“ Домашна задача – Прераскажи еден мит во твој избор.

5
7. час Глагол во лична глаголска форма во функција на прирок;
1. Што е општење? (Способност на човекот да разменува пораки.)
2. Кое е најсовршено средство за општење меѓу луѓето? (Јазикот е најсовршено средство за општење.)
3. Зборовите, секој за себе, си има свое значење. Но, реченицата е основата во општењето меѓу луѓето.
4. Кој е основен услов за да се создаде реченица; Тоа е глаголот во лична глаголска форма. Таа форма го
претставува прирокот.
Пример: Славејот пее прекрасно.

подмет прирок член во реченица


Ако речеме само пее, нема реченица. Треба да се занат други податоци: кој пее, како пее, во какви околности.
* Заклучок: Глаголот во лична форма остава празни места кои треба да се потполнат за да се
добие реченица.
На пример: (зборува) Таа зборува многу брзо.
(јаде) Горан јаде супа со печурки.
(жнее) Селанецот жнее рано наутро.
(сака) Мама сака послушни деца.
(стои) Дејан стои замислено пред таблата.
- Учениците ги читаат речениците и заклучуваат дека секој од нив пишува различни членови при
оформувањето на речениците. Но, во секоја од нив, прирокот (глаголот во лична глаголска форма) отвора
празни места пред и зад себе за други членови со кои се создаваат речениците.

6
7
8. час Вежби за видови прирок
Вежба 1.
Определи ги подметот и прирокот во речениците и каж за каков вид прирок станува збор во следниве реченици:
1.Старецот се фати за главата.
2.Марија го напиша писмото.
3.Никола им испрати телеграма на своите роднини.
4.Меѓу Благоја и Илија има голема разлика.
5.Ние го посетивме Крушево.
6.Ристе издлабил три корита во гранит.
7.Ќе си одам со татко ми.
8.Мене ми стана непријатно од неговото однесување.
Вежба 2.
Определи ги подметот и прирокот во речениците и каж за каков вид прирок станува збор во следниве реченици:
1.Успеа без многу напори.
2.Поради презафатеност не дојде на состанокот.
3.Спроти куќата имаше фурна.
4.Безмилосно ги уништија дрвјата.
5.Во четвртокот имавме писмена работа.
6. Под дрвото седеа двајца војници.
7. Писателот зборуваше премногу тивко.
8. В недела ќе одиме на излет.
9. Александар ја искористил таа ситуација за заземање нови области.
10. Се уплашив поради неговото викање.

You might also like