You are on page 1of 23

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „ Гоце Делчев“-ТЕТОВО

ГОДИШНА ПЛАН-ПРОГРАМА

Годишен глобален план


Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4

Учебна година:2022/2023

Ред.бр Тематска целина Обработка Време на реализација


. на нови Вежби Др.вид
наставни часови
содржини
1. Моето семејство 9 4 / септември,
јануари,февруари,
април,јуни

2. Град/село 1 3 / ноември

3. Училишен живот 7 5 2 октомври,ноември,март,ју

4. Занимливости и 5 4 1 декември,јуни
интереси
5. Моето здравје 6 2 2 јануари ,февруари

6. Култура и традиција 6 4 3 март,мај

7. Јас и другите 4 4 / април,мај

Вкупно часови: 38 26 8 72

Предметен наставник:Дојчиновска Елена


Цели на наставна програма

Учениците:

-да се стекнат со нов лексички фонд за продуктивно служење со јазикот;

-да се развиваат способностите за слушање и за разбирање јазични искази од конкретни


тематски целини(другари и планови за во средно училиште, идна професија, соседи и
роднински релации, семејно летување и зимување, градина, миленици, училиштен живот,
еко –настани,давање правци на движење во и до некое место, разбирање на рецепти, како и
основни поими поврзани со здравјето и посетата на медицински установи; филмот,
музиката, модата како дел од тинејџерското живеење);

-да се оспособат за правилно акцетирање на акцентската целост;

-да се развиваат способностите за усно изразување со примена на јазичните функции и на


граматичките структурикои се изучуваат;

-да се оспособат за разбирање на функциите на именките во реченицата;

-да се оспособат за разликување и користење со безличните и безглаголските реченици;

-да се оспособат за разликување на сум-конструкција, има-конструкција и да-


конструкција;

-да се оспособат за препознавање, разликување и користење на зависносложените


реченициво усна и писмена комуникација;

-да се оспособат за самостојност во изразувањето преку дискусии и разговор, преку


коментар и изложување став и мислење за прочитаното( настани, ликови, теми).

Јазично-комуникациски вештини:

Слушање, зборување, читање со разбирање и пишување.


ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4

Учебна година:2022/2023

Тематска целина:Моето семејство ;Училиштен живот

Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација


содржина

1. Запознавање на учениците со 1 септември


наставниот план и програма

2. Моето летување (писмена вежба) 1 септември

3. Интерпретација на песната:„Септември 1 септември


е волшебник“-С.Тарапуза

4. Читање и толкување на текстот: 1 септември


„Најубавите реченици“

5. Акцент-Акцентски целости 1 септември

6. Вежби за акцентски целости 1 септември

7. Именки 1 септември

8. Читање и слушање на песната:„Очите на 1 септември


мајка ми“(препознавање на именки)

Конкретни наставни цели:


Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:

1.Слушање

-го разбира значењето на новите зборови и зборовни изрази од тематските целини во


искази, дијалози и текстови;

-го објасни значењето и примената на зборовите што ги слуша;

-ги разбере информациите во конкретна комуникациска средина;

-ги применува правилата за акцентирање на акцентските целости;

-ги разбира функциите на именките во реченицата;

2.Зборување

-користи именки во усна комуникација во соодветна граматичка категорија и во различна


функција во реченицата;

-правилно да изговара и правилно да ги употребува во сопствени искази –говорни и


пишани.

3.Читање со разбирање

-правилно да чита куси текстови, поставува прашања и коментира за проч итаното по


насочувачки прашања;

4 . Пишување

–напише состав според даден почеток, со изменет крај, односно, на дадена тема

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)
Одделение/пералелка:9/4

Учебна година:2022/2023

Тематска целина:Училишен живот

Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација


содржина

1. Функции на именките во 1 октомври


реченицата(подмет,предмет,именски дел на
прирокот,прилошка определба)

2. Вежби за именки и нејзините функции во 1 октомври


реченицата

3. Повторување за именки (контролна задача) 1 октомври

4. Читање со разбирање на народната приказна: 1 октомври

„Знаењето е најскапоцениот плод“


(препознавање на придавки)

5. Прераскажување на приказната: „Знаењето е 1 октомври


најскапоцениот плод“(со променет крај)

6. Придавки-функции на придавките во 1 октомври


реченицата(атрибут)

7. Вежби за атрибут 1 октомври

8. Изразно читање и толкување на песната: 1 октомври


„Книгата отвара сончеви врати“-
П.Миленковски

Конкретни наставни цели:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:


1.Слушање

-ги разбира функциите на именките во реченицата;

-препознава и разбира текстови со различна содржина што припаѓаат на различни


функционални стилови.

-ги разбира функциите на придавките во реченицата;

2.Зборување

-употребува придавки во реченици и искази знаејќи ја атрибутската функција;

3.Читање со разбирање

-правилно да чита куси текстови, поставува прашања и коментира за прочитаното по


насочувачки прашања;

4.Пишување

-да прераскаже прочитан текст со промена на крајот на текстот;

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4
Учебна година:2022/2023

Тематска целина:Училишен живот;Град/село

Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација


содржина

1. Повторување за придавки/атрибут(контролна 1 ноември


задача)

2. Читење со разбирање на текстот:„Најубавиот 1 ноември


град“-Бошко Смаќоски

3. Опис на моето место-град или село 1 ноември

4. Безлични и безглаголски реченици 1 ноември

5. Вежби за безлични и безглаголски реченици 1 ноември

6. Читање и интерпретација на текстот:„Како 1 ноември


станав еколог“-О.Шијачки

7. Раскажување /прераскажување на спортски 1 ноември


настан

8. Подготовка за писмена работа 1 ноември

Конкретни наставни цели:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:-

1.Слушање
-препознава и разбира текстови со различна содржина што припаѓаат на различни
функционални стилови.

-ги разликува безличните и безглаголските реченици;

2.Зборување

-ги разликува безличните од безглаголските реченици;

3.Читање со разбирање

-правилно да чита куси текстови, поставува прашања и коментира за прочитаното по


насочувачки праш ања;

-чита со разбирање препознавајќи важни информации во текст.

4.Пишување

-да прераскаже прочитан текст со промена на крајот на текстот;

-опишува населено место/село,град;

-да раскаже виден или доживеан настан.

ТЕМ АТСКО ПЛАНИРАЊЕ

Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4
Учебна година:2022/2023

Тематска целина: Занимливости и интереси

Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација


содржина

1. Прва писмена работа 1 декември

2. Поправка на писмена работа 1 декември

3. Да-конструкции,има и сум-конструкции 1 декември

4. Вежби за да-конструкции,има-конструкции 1 декември


и сум-конструкции

5. Прераскажување на гледан 1 декември


филм/театарска претстава

6. Повторување за безлични,безглаголски 1 декември


реченици и глаголски да,има и сум-
конструкции

7. Читање со разбирање на текстот: 1 декември

„Добрина“-Ц.Андреевски

8. Прераскажување на текстот : 1 декември

„ Добрина“-Ц.Андреевски

Конкретни наставни цели:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:

1.Слушање
-препознава да -конструкции, сум-конструкции и има -конструкции;

-ја разбира содржината на текстот(времето, настанот и ликовите во текстот);

2.Зборување

-користи да конструкции, сум конструкции и има конструкции во секојдневната


комуникација;

3.Читање со разбирање

-чита со разбирање препознавајќи важни информации во текст.

4.Пишување

-да раскаже виден или доживеан настан;

-да прераскаже гледан филм или театарска претстава/прераскажување прочитан текст

-пишува почитувајќи ги правописните правила.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4
Учебна година:2022/2023

Тематска целина:Моето здравје ;Моето семејство

Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација


содржина

1. Писмена вежба:Моето семејно зимување- 1 јануари


раскажување доживеан настан

2. Читање и разговор за приказната:„Јагленарот и 1 јануари


мечката“

3. Промена на крајот на текстот:„Јагленарот и мечката“ 1 јануари

4. Писмена вежба: 1 јануари

„Здравјето–најголемо богатство на човекот“

Конкретни наставни цели:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:


1.Слушање

-го разбира значењето на новите зборови и зборовни изрази од тематските целиниво


искази, дијалози и текстови;

-дава информација за слушната содржина;

-поставува прашања во врска со содржината.

2.Читање со разбирање

-правилно да чита куси текстови, поставува прашања и коментира за прочитаното по


насочувачки прашања;

3.Пишување

-пишување состав /прераскажување и промена на крајот од прочитан текст

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4
Учебна година:2022/2023

Тематска целина: Моето здравје; Моето семејство

Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација


содржина

1. Сложена реченица-зависносложена реченица 1 февруари

2. Читање и толкување на текстот: „Гласот на 1 февруари


мајчиното срце“-В.Новак

3. Односни зависносложени реченици 1 февруари

4. Вежби за зависносложени реченици 1 февруари

5. Раскажување на доживеан настан:„Во посета на ...“ 1 февруари

6. Последични зависносложени реченици 1 февруари

7. Вежби за последични зависносложени реченици 1 февруари

8. Повторување за зависносложени 1 февруари


реченици(односни и последични)

Конкретни наставни цели:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:

1.Слушање
-ја разбира содржината на текстот(времето, настанот и ликовите во текстот);

2.Зборување

-употребува зависносложени реченици во усна комуникација користејќи ги правилно


сврзниците карактеристични за овој вид реченици;

-да коментира тема, идеја, настан, постапка на лик во литературно дело или пак на
личност вопрочитана или слушната информација

3.Пишување

-да раскаже виден или доживеан настан

4.Читање со разбирање

-чита со разбирање препознавајќи важни информации во текст.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4
Учебна година:2022/2023

Тематска целина:Училишен живот;Култура и традиција

Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација


содржина

1. Писмена вежба: 1 март

Рецепти од нашите баби

2. Временски реченици 1 март

3. Вежби за временски реченици 1 март

4. Читање и толкување на текстот:„Старецот и 1 март


дрвцето“-Ј.Могутин

5. Диктат на песната:„Порака“-Ј.Котески 1 март

6. Говорна вежба:Да ја зачуваме и разубавиме 1 март


животната средина

7. Причински зависносложени реченици 1 март

8. Причински зависносложени реченици-вежби 1 март

Конкретни наставни цели:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:

1.Слушање
-ги разбере информациите воконкретна комуникациска средина;

2.Зборување

-правилно да изговара и правилно да ги употребува во сопствени искази –говорни и


пишани,предвидените нови зборови и изрази;

-употребува зависносложени реченици во усна комуникација користејќи ги правилно


сврзниците карактеристични за овој вид реченици.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4
Учебна година:2022/2023

Тематска целина:Јас и другите;Моето семејство (4,5)

Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација


содржина

1. Подготовка за писмена работа 1 април

2. Втора писмена работа 1 април

3. Поправка на писмена работа 1 април

4. Говорна вежба:Мојот домашен миленик 1 април

5. Читање со разбирање на текстот:„Зошто 1 април


кучето живее со човекот“

6. Исказни зависносложени реченици 1 април

7. Исказни зависносложени реченици-вежби 1 април

8. Вежби за зависносложени реченици 1 април

Конкретни наставни цели:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:

1.Слушање
-ја разбира содржината на текстот(времето, настанот и ликовите во текстот);

2.Зборување

-бара и дава информации за плановите во иднина користејќи соодветни


глаголски форми;

-употребува зависносложени реченици во усна комуникација користејќи ги


правилно сврзниците карактеристични за овој вид реченици,

-конструира примери со различни видови зависносложениреченици:


временски, причински, последични,односни и исказни реченици;

3.Читање со разбирање

-чита со разбирање препознавајќи важни информации во текст

4.Пишување

-напише состав на дадена тема.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4

Учебна година:2022/2023

Тематска целина:Јас и другите(3,4); Култура и традиција


Ред.бр. Наставна Бр.на час Реализација
содржина

1. Утврдување на знаења за 1 мај


зависносложени реченици(тест)

2. Правопис-Правописни знаци: црта, 1 мај


цртичка, коса црта, надреден знак

3. Опишување 1 мај

4. Опис на мојот 1 мај


другар/ка(надворешен и внатрешен
опис)

5. Диктат(правописни знаци) 1 мај

6. Читање со разбирање на текстот: 1 мај


„Тврдоглавите јарци“(содржинска
анализа,ликови,тема)

7. Изразно читање и толкување на 1 мај


песната:„Има секакви зборови“-
А.Гајтани

8. Повторување на граматичките 1 мај


содржини

Конкретни наставни цели:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/а да:

1.Слушање

-го објасни значењето и примената на зборовите што ги слуша;


2.Зборување

-правилно да изговара и правилно да ги употребува во сопствени искази –


говорни и пишани,предвидените нови зборови и изрази;

-да коментира тема, идеја, настан, постапка на лик во литературно дело или
пак на личност вопрочитана или слушната информација

3.Пишување

-пишува почитувајќи ги правописните правила.

-да даде опис на другар/ка.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ
Наставен предмет: Македонски јазик(за учениците од др. заедници)

Одделение/пералелка:9/4

Учебна година:2022/2023

Тематска целина:Моето семејство (3);Учил.живот(4);Занимања и интереси


Ред.бр. Наставна содржина Бр.на Реализација
час

1. Тест за утврдување на знаења 1 јуни

2. Анализа на тестот 1 јуни

3. Писмена вежба:Во пресрет на летниот 1 јуни


распуст

4. Утврдување на годишен успeх 1 јуни

Форми на работа :

Индивидуална/индивидуализирана, фронтална,групна

Методи на работа:

аудио-визуелен метод, интерактивен метод/метод на комуникација (монолошки,


дијалошки и разговорен –устен и писмен); метод на демонстративност; текст-метод;
метод на споредување.

Потребни ресурси(материјални-технички) :учебник, табла, креда, компјутер,


наставни ливчиња,речник, Интернет (образовни софтвери, веб-страници), мобилни
апликации и друг извор на технички срества

Корелација : Мајчин јазик,екологија

Стандарди за оценување на постигањата/Очекувани резултати:

Ученикот/ученичката може да :

-препознава нови зборови, фрази и изрази во искази/реченици;

-репродуцира и продуцира примери со новиот лексички фонд;

-препознава и разликува акцентска целосткако целина од два или повеќе зборови;


-правилно акцентира акцентска целостод два полнозначни збора и акцентска целост
со клитика;

-разликува функции на именките во реченицата;

-разликува функции на придавките во реченицата;-разликува безлична ибезглаголска


реченица во слушнат текст или дијалог;

-означува именки разликувајќи по категории и по начин на образување;-разликува и


споредува различна функција на именка во реченица;

-самостојно коструира примери со именки;

-препознае и означи придавка како збор кој именува карактеристика на предметите,


суштествата и појавите;

-презентира примери со придавки во атрубутска функција;-разликува безлична од


безглаголска реченица;

-конструира безлична и безглаголска реченица;

-препознава и разликува да-конструкции, сум-конструкции и има -конструкции


восекојдневната комуникација;

-препознава зависносложени реченици;

-споредува видови зависносложени реченици;

-препознава сврзници карактристични за зависносложенитереченици;

-конструира примери соразлични видови зависносложениреченици: временски,


причински, последични,односни и исказни реченици;

-правилно чита текст,селектира познати и непознати зборови во текст,прашува за


текстот и одговара на поставени прашања за текстот;

-коментира за содржината на текстот;

-напише состав на дадена тема користејќи различни видови зависносложени


реченици;

-раскаже настан или случка;


-прераскаже гледан филм, театарска претстава, спортски настан или друг вид
манифестација;

-даде опис на другар/ка;

-пишува почитувајќи ги правописните правила.

Средства и постапки за вреднување на резултатите:


-Дијагностичко оценување:утврдување на предзнаењата на учениците(усно и писмено).

-Формативно оценување: усна и пишана повратна информација, чек листи, Блумова


таксономија, синтаксички вежби,усни одговори, одговори на прашања, поставување
(ученички) прашања и водење кратки дијалози, вежби во совладување на читањето со
разбирање, толкување на прочитаното и усвојување на граматички структури.

-Сумативно оценување: граматички вежби, наставен лист, проверка на знаења со


тест,писмени работи.
Оценувањето ќе се врши по определена тема, во текот на тромесечјето, полугодието и
крајот на годината.

You might also like