You are on page 1of 11

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ПЛАН ЗА АКТИВНОСТИ ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ ОД 10 ДО 24 АПРИЛ

ИВАНКА СЛАВКОВСКА
НАСТАВНИК, | ООУ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“-ВЕЛЕС
АПРИЛ, 2019/ 2020
ПОНЕДЕЛНИК ВТОРНИК СРЕДА ЧЕТВРТОК

13 14 15 16
Час Легенди и преданија; Прераскажување и анализа на Реченичен Опис на предмет;
легенди и преданија; член -
предмет;
Задача Секој ученик да прераскаже и прикачи Потсети се за главни реченични Откако ќе ја Секој ученик да напише Писмена
по една легенда или предание на членови, односно за подмет и решиш задачата вежба за опис на предмет на тема:
Домашни задачи за легенди и прирок. на стр. 6 од „Мојот омилен предмет“
преданија, документов Составот да се прикачи на
да ги истакне елементите според кои објави ја на
ДОМАШНА ЗАДАЧА -
се согледува дали е предание или Домашна задача
легенда или да биде подготвено како за предмет. ПИСМЕНА ВЕЖБА И да биде
презентација и пратено до едно ИСПРАТЕН до наставникот на
другарче и до наставникот на ivankaslavkovska1@gmail.com.
ivankaslavkovska1@gmail.com.

20 21 22 23
Час Анализа на домашните Второстепен реченичен член- Опис на Образовни и забавни радио и
задачи. (Состав на тема – атрибут ; природна ТВ емисии;
Опис на предмет ); појава и
Задача Напиши состав - Опис на пејзаж;ги
Изработи
Напиши 10 реченици во кои ќе природна појава и пејзаж и вежбите на
употребиш по две придавки стр.117 во
испрати до наставникот на учебникот, со што
тука Домашна задача и испрати ivankaslavkovska1@gmail.com.
ќе се утврдат
до наставникот на
стекнатите
ivankaslavkovska1@gmail.com. знаења.

1
Наставна единица 5: Легенди и преданија;
1. Цели: Учениците да ги согледа елементите во содржината на легендите и преданијата и да прават разлика
меѓу мит, легенда и предание.
2. Методи, наставни средства:
 Работа со текст, читање, објаснување преку алатка Zoom.com (Meeting ID: 792 697 3365)
 Предавање Легенди и преданија достапно на Едуино, националната веб-платформа, учебник за седмо одделение (стр. 55)
Активности:
 Повтори си го знаењето за мит. Каков текст е митот?
 Индивидуално, од учебникот на стр.56 или од Предавање Легенди и преданија совладај ја содржината за карактеристиките
на легендите и преданијата.
 На глас прочитај ги текстовите во учебникот на стр.55; одговори ги прашањата на стр.56.
 Наведи ги елементите на народниот јазик и архаичните зборови во текстовите.
 Најстарите епски видови во проза се: митовите, легендите и преданијата. Според меѓународната класификација, преданијата се
делат на митови, легенди и историски преданија (се однесуваат на историски настани и личности)
4. етиолошки преданија (се однесуваат на потеклото на некој локалитет).
- Задача: Секој ученик да прераскаже и прикачи по една легенда или предание на Домашни задачи за легенди и преданија,
да ги истакне елементите според кои се согледува дали е предание или легенда или да биде подготвено како презентација и
пратено до едно другарче и до наставникот на ivankaslavkovska1@gmail.com.

2
Наставна единица 6: Прераскажување и анализа на легенди и преданија;
1. Цели: Ученикот да примени знаења за легенди и преданија прераскажани со стилски богати реченици;да прави разлика меѓу
преданијата и легенди.
2.Методи, наставни средства:
 Раскажување, разговор, објаснување.
 Работа со текст, читање, објаснување преку алатка Zoom.com (Meeting ID: 792 697 3365)
 Предавање Легенди и преданија достапно на Едуино, националната веб-платформа, учебник за седмо одделение (стр. 55)
3. Активности Пераскажаните легенди и преданија на вашето другарче треба да ги прочитате и во нив да ги најдете елементите на
предание и легенда; разговараат за елементите на преданијата и легендите во изработките на другарчето кое им ги пратило и
презентирааат; усно прераскажуваат легенди и преданија.

• Легендата е дел од фантастичните приказни во кои ликовите и


случките за кои се раскажува се земени од историјата. Има два вида
легенди: за личности и за места. Во легендите за места се раскажува
Легенди како се создале некои езера, планини, реки... Исто така легендите се
творби кои на фантастичен начин раскажуваат за појави од животот и
од природата создавање на светот, човекот, сонцето, имињата,
ѕвездите и слично. Пр: Легенда за бесмртната вода

• Преданијата се слични со легендите, но се поблиски до


историската вистина и имаат пореалистична основа. Тие се усно
Преданиј пренесување на историски случувања, настани од минатото или
а
животни искуства што се предаваат од поколение на поколение.
• Пр: Предание за манастирот Заум во Охрид

 Ученици прераскажуваат подготвени легенди и преданија; по секоја презентација дискутираат за чуеното и разговараат по
кои елементи текстовите се вбројуваат во легенди или во преданија.
 Наставникот ги следи искажувањата на учениците, дискутира за нив, кажува свои забелешки и ги оценува презентирањата.

Задача: Потсети се за главни реченични членови, односно за подмет и прирок.

3
Наставна единица 7 Реченичен член -предмет;
1. Цели: Ученикот да го препознава и именува предметот во реченицата.
2. Методи, наставни средства:
 Предавање, пишување, објаснување, работа со учебник.
 Работа со текст, читање, објаснување преку алатка Zoom.com (Meeting ID: 792 697 3365)
 Предавање Реченичен член - предмет достапно на Едуино, националната веб-платформа, учебник за седмо одделение
(стр. 115)
Предвидени активности:
1. Што е реченица? Реченицата е основна јазична единица со помош на која комуницираме.
2. Реченицата е составена од личноглаголска форма, која врши функција на прирок(основен реченичен член).
3. Реченица во чиј состав има само еден прирок се вика проста реченица.
Одреди ги подметот, прирокот и предметот во речениците
1. Јован купи сладолед. 2. Тие гледаа слики. 3. Наставникот ги повика родителите.
Препишете си ја табелата во тетратките:

4
Задачи: Откако ќе ја решиш задачата објави ја на Домашна задача за предмет
1. Посочи ги предметите во речениците:
1. Марија пишува лектира.
2. Вчера сите игравме кошарка во дворот.
3. Моето маче пие млеко секој ден.
4. Тато редовно чита весници.
5. Наставникот ја објаснува фабулата.
6. Во саботата мама доби писмо.

5
Наставна единица 8 Опис на предмет;
1. Цели: Ученикот да умее да согледа опис на предмет и начините со кои се прават описите и сам да опишува предмети.
2. Методи, наставни средства:
 Работа со учебник (текст), читање, објаснување, пишување, разговор преку алатка Zoom.com (Meeting ID: 792 697 3365)
 учебник за седмо одделение (стр. 143)
Активности
 Што претставува дескрипција?
Предвидени активности:
 Посочи ги описите во текстот на стр.143 и посочи ги стилските фигури во него, аудитивните и визуелните елементи.
Дескрипција или опис значи претставување на надворешни и внатрешни карактеристики на предмет, природна појава, лик,
екстериер, ентериер, со зборови.
 Одговари ги прашањата кои следат по текстот на стр.144. Прочитај го текстот на стр. 143 и анализирај го- тема, идеја,
раскажувач, посочи ги описите.
 Со три-четири реченици опиши некој предмет кој сака да го опишеш, притоа примени изразни средства, аудитивни и
визуелни елементи.
- Задача: Секој ученик да напише Писмена вежба за опис на предмет на тема: „Мојот омилен предмет“ според планот:
Мој омилен предмет (опис)
ВОВЕД- Именувај го тоа за што пишуваш! Каде се наоѓа?
ГЛАВЕН ДЕЛ-Опиши го изгледот на предметот - бои, мириси, звукови. Кои тајни ги крие предметот, можеби тагува, копнее или
се плаши ... Животот на тој предмет во минатото и сега. Твојот однос со предметот
ЗАВРШЕН ДЕЛ И ЗАКЛУЧОК-Изнеси го твојот однос кон предметот. Зошто е корисен?
* Напомена: Да се применуваат знаењата за стилски богати реченици.
Составот да се прикачи на ДОМАШНА ЗАДАЧА - ПИСМЕНА ВЕЖБА И да биде ИСПРАТЕН до наставникот на
ivankaslavkovska1@gmail.com.

6
Наставна единица 9 Анализа на домашните задачи. (Состав на тема – Опис на предмет );
1. Цели: Ученикот да умее да уочи описи на предмети во текстови од учебникот; стилски богато детално да опишува користејќи ги
стекнуваните знаења.
2. Методи, наставни средства:
 Работа со учебник, пишување, читање, разговор преку алатка Zoom.com (Meeting ID: 792 697 3365) учебник за седмо
одделение (стр. 143)
Активности
Учениците вежбаат за пронаоѓање описи на предмети во составите од соучениците на ДОМАШНА ЗАДАЧА - ПИСМЕНА ВЕЖБА
Ако нема услови за тоа ученикот бара во учебникот, делови во текстовите во кои се опишува предмет; го запишува описот и му го
праќа на наставникот насловот на текстот и описот, утврдува и со кое учено изразно средство тоа е направено и додава со што
тој би го проширил описот.

Запиши си: Опишувањето на предметите често пати ги сретнуваме во литературните творби. Тие може да преставуваат и теми на
кои авторите ги создаваат творбите, но можат да бидат застапувани и како делови од некоја творба во која се обработува друга
тема.
При опишувањето се користат аудитивни, визуелни елементи, стилски изразни средства. Описи се среќаваат и во лирските и во
епските творби.
- Задача: Напиши 10 реченици во кои ќе употребиш по две придавки тука Домашна задача и испрати до наставникот на
ivankaslavkovska1@gmail.com.

7
Наставна единица 10 Второстепен реченичен член-атрибут ;
1. Цели: Ученикот да го препознава, посочува и правилно применува атрибутот.
2. Методи, наставни средства:
 Работа со текст, читање, разговор преку алатка Zoom.com (Meeting ID: 792 697 3365) учебник за седмо одделение (стр. 143)
Предвидени активности:
Повтори ги учените содржини за подмет, прирок и предмет, како членови во реченицата.
Атрибутот ја појаснува именката по некоја нејзина особина.
1. Допиши зборови кои означуваат 2. По заклучокот каков член во реченицата е
особини на дете. атрибутот, низ реченици (можат да се искористат и
тие во учебникот), прошири ги знаењата за местото
на атрибутот во речениците и со кои видови
зборови може да се искаже атрибутот.

ДЕТЕ

- Изработи ги вежбите на стр.117 во учебникот, со што ќе се утврдат стекнатите знаења.

- Задача: Напиши состав - Опис на природна појава и пејзаж и испрати до наставникот на ivankaslavkovska1@gmail.com.

8
Наставна единица 11 Опис на природна појава и пејзаж;

1. Цели на часот: Ученикот да умеее стилски збогатено да се изразува при опишувањето со примена на стекнати знаења.
2. Методи, наставни средства
- Работа со текст на 143 стр. од ученикот, читање, објаснување преку алатка Zoom.com (Meeting ID: 792 697 3365)
Наставен лист достапен на http://ivankamakedonskijazik.weebly.com/1048107910881072107910911074107211141077-1080-
1090107410861088107711141077.html

Предвидени активности:
- Посочи ги видовите описи на 143 стр. од ученикот (лик, пејзаж, екстериер, ентериер, природна појава, предмет и сл.) и
примената на изразните средства, на аудитивните и визуелните елементи со кои се збогатуваат речениците.

- Преку алатка Zoom.com (Meeting ID: 792 697 3365)- Ученици читаат состави, другите слушаат, водат белешки,
дискутираат за успешноста на направените описи, за примената на стилските фигури, за речениците, читањето и ги
вреднуваат задачите. И наставникот низ дискусија (објаснување) ги вреднува составите, ги прегледува и укажува на
евентуалните правописни грешки.
- Учениците сами ги издвојуваат најуспешните состави со кои ќе го збогатат ѕидниот весник.

Вреднување на знаењата: Составите кои ќе бидат прочитани, ќе бидат и вреднувани со дискусија и објаснување.

- Задача- Образовни и забавни радио и ТВ емисии и испрати го името на емисијата до наставникот на


ivankaslavkovska1@gmail.com.

9
Наставна единица 12 Образовни и забавни радио и ТВ емисии;

1. Цели: Да умеат да ги согледаат елементите на забавните и на образовните емисии кои ги гледаат или
слушаат.
2. Методи, наставни средства:
 Работа со учебник, пишување, ТВ
Активности:
 Одговори ги прашањата:
Кои видови емисии ти се допаѓаат?
Што научуваш од нив?
Што има забавно во нив?
Која е разликата меѓу радио и ТВ емисиите?
 Направи табела во која се бележат твоите размислувања.

Предлог: (Се пополнува од искази на ученици.)

Образовни емисии Забавни емисии


- -
- -
- -

- Ова се разликите меѓу радио и ТВ медиумот:

Радио емисии ТВ емисии


- само ги слушаме (аудио) - ги слушаме и гледаме (аудио и
- сами си создаваме претстава за видео)
она - ни нудат готови претстави за она
што го слушаме што
- го слушаме и гледаме
-

Задача: Напиши опис на пејзаж со примена на учените аудитивни и визуелни елементи и со стилски фигури и испрати ја до
наставникот на ivankaslavkovska1@gmail.com.

10

You might also like