You are on page 1of 3

7/7/2021 Која е улогата на хлоропластите?

- Andriana Dimitrov

Andriana Dimitrov
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ПРИРОДНИ НАУКИ ЗА VI ОДД. БИОЛОГИЈА ЗА VIII БИОЛОГИЈА ЗА IX ОДД. КОНТАКТ MORE...

Која е улогата на хлоропластите?

растителна клетка хлоропласти хлоропласти гледани под микроскоп

Клетка
​ летката е основна структурна и функционална единка на сите живи организми. Поголемиот дел од клетките не се видливи за голо око. За
К
откривањето на клетката од голема важност е делото на Холанѓанецот Левен Хук, кој го пронашол микроскопот. Англискиот научник пак
Роберт Хук гледал различни материи под микроскоп. Тој набљудувал парче плута и воочил дека таа е изградена од безброј мали делчиња
слични на окцата од саќето и затоа ги нарекол клетки.
Клетките имаат различна форма и големина (во зависност од улогата). Ги има од многу ситни 1 милимикрон до видливи со голо око на пр.
Јајце.

Градба на растителна клетка


​Секоја жива клетка е изградена од цитоплазма, јадро и клеточна мембрана или ципа.

Клеточна мембрана. Секоја клетка е одделена од средината во која живее со клеточна мембрана. Клеточната
мембрана е липопротеинска структура (надворешни слоеви на липиди- масти и средишен слој на протеини-
белковини). Ваквата градба и овозможува цврстина со што ја дава формата на клетката, но и полупропусливост
и селективност за влегување на потребните материи и излегување на непотребните материи.

Во растителните клетки над клеточната мембрана се наоѓа цврста ципа наречена клеточен ѕид, кој и дава
определена форма (скелет) на растителната клетка и ја прави поотпорна на механички дејства. Клеточниот ѕид
содржи целулозни влакна кои му даваат особена цврстина, но исто така има и пори преку кои се врши
комуникација со соседните клетки.

Цитоплазма. Цитоплазмата е полутечна (пивтиеста) материја која ја исполнува клетката. Во неа се вршат сите
животни процеси. Цитоплазмата е во движење во различни насоки. Во цитоплазмата се среќаваат делчиња,
органели, кои го овозможуваат создавањето на органски материи (скроб, шеќер, белковини и масти.

Јадро. Јадрото е погусто од цитоплазмата. Од неа е одделено со јадрена обвивка, којашто има пори. Преку неа
тоа е во врска со цитоплазмата. Во јадрото се сместени хромозоми и гени кои ја носат генетската
информација(наследувањето).

Митохондрии се ситни телца и важни органели во клетките. Во нив храната се претвора во енергија во процесот
клеточно дишење поради што се наречени „фабрики за енергија или термоцентрали “ за клетката.

Рибозоми се ситни телца чија основна функција е создавање на белковини. Тие се наоѓаат по должина на една
мрежеста мембрана Ендоплазматичен ретикулум.

Голџиев апарат е органела во која се излачуваат непотребните материи на клетките.

Лизозоми се богати со ензими кои имаат улога да ги разложуваат непотребните материи.

Центриоли се стапчести телца кои се наоѓаат блиску до јадрото и имаат функција во делба на клетката. Овие
органели се карактеристични за животинските клетки.

Пластиди. Пластидите се органели што се среќаваат во растителните клетки. Се делат на хлоропласти,


хромопласти и леукопласти. Тие може да се претвораат од еден во друг вид. На пример хлоропластите
POWERED BY
преминуваат во хромопласти во есен при пожолтување на лисјата, или при зреење на плодовите.
https://andrianadimitrov.weebly.com/1050108611121072-1077-1091108310861075107210901072-10851072-10931083108610881086108710831072… 1/3
7/7/2021 Која е улогата на хлоропластите? - Andriana Dimitrov

Хлоропластите содржат хлорофил од каде доаѓа зелената боја на листот и другите делови на
рaстението. Тие се фотосинтетски активни пластиди во кои со процесот на фотосинтеза светлосната
енергија се трамнсформира во хемиска.

Кај вишите растенија хлоропластите имаат форма на диск или зрно, од каде доаѓа терминот зрнести
хлоропласти. 

Основна улога на хлоропластите е фотосинтезата. Распоредот на хлоропластите во клетката е различен.


Најчесто се групирани околу јадрото, по должина на клеточните ѕидови или расфрлени, во зависност од
интензитетот на светлина и надворешните услови.

Хромопластите се обоени жолто, портокалово или црвено. Од нив доаѓа бојата на цветовите и плодовите.

Леукопластите се безбојни.

Сферозоми се органели за синтеза на масни материи, карактеристични за растителните клетки. Тие се слични
на масни капки.

Вакуоли. Вакуолите се простори во клетката исполнети клеточен сок, богат со органски и неоргански материи.
Тие се карактеристични за растителните клетки. Во младите клетки се мали и многубројни, но со текот на
растењето на клетката тие се спојуваат и се добива една или неколку големи вакуоли.

Скроб. Скробот е типична јаглехидратна резерва за растителните клетки. Се депонира во леукопластите во


форма на скробни зрна.

Етеричните масла се исто така својствени за растителните клетки. Тие со својата специфична миризба ги
привлекуваат инсектите и со тоа го помагаат опрашувањето.

Споредба на растителна и животинска клетка

Детектирање на хлоропласти и одредување на нивна улога

POWERED BY

https://andrianadimitrov.weebly.com/1050108611121072-1077-1091108310861075107210901072-10851072-10931083108610881086108710831072… 2/3
7/7/2021 Која е улогата на хлоропластите? - Andriana Dimitrov

ПРОВЕРИ ГО ЗНАЕЊЕТО
ИГРА поврзи ги тврдењата со соодветните поими

Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-СподелиПодИстиУслови 4.0 Меѓународен.

POWERED BY

https://andrianadimitrov.weebly.com/1050108611121072-1077-1091108310861075107210901072-10851072-10931083108610881086108710831072… 3/3

You might also like