You are on page 1of 6

БИОЛОГИЈА 7 одд.

Наставна содржина: Транспорт на вода кај растенијата час – 48

( стр.58-61 од учебник )
1.Водата е еден од најзначајните фактори за постоењето на живите организми.

„Без вода нема живот“

2. Употреба на водата

На растенијата им треба вода за повеќе функции:

 за фотосинтеза

-водата е еден од условите за фотосинтеза .Водата преку кореновиот

систем и стеблото (спроводните снопчиња) доаѓа до листот.

 за пренос на растворени биохемиски соединенија низ растението

-во водата се растворени минерални материи кои се непоходни за

произведување на храна.

 за ладење на растението низ испарување од листовите

-процес на транспирација- губење на водата од растението во вид на

водена пара преку стомите.Кога водата испарува од листот ,таа апсорбира
топлинска енергија и помага во ладењето на целото растение.

 за задржување на цврстината на листовите и потпора на растението 

-растителната клетка која што содржи многу вода е јака и цврста. Кога

водата навлегува во клетките на растението по пат на дифузија, таа го
зголемува притисокот во клетките потиснувајќи ги вакуолите кон ѕидовите
на клетката.
Тој притисок ги одржува ѕидовите на клетката цврсти и напнати, со што
растението добива потпора.

О2

СО2
3.Преносниот систем на растенијата- пренос на вода и на минерални материи

-Во стеблото на растението, водата и хранливите состојки се пренесуваат во два

одвоени система.

• Водата и растворените минерални соли се пренесуваат со цевките на

ксилемот.

Водата по пат на дифузија ја примаат од почвата низ кореновите влакненца.

Водата се дивжи нагоре благодарение на испарувањето од листовите на врвот на
растението. Оваа појава се нарекува транспирација.
Овој проток на водата во растението се нарекува проток на транспирација.

• Хранливите состојки, како што е шеќерот создаден во листовите, се

транспортираат во обете насоки, нагоре и надолу по растението, низ клетките на
флемот.

Хранливите состојки се користат за развојот на клетките, додека вишокот се

складира во соодветните органи, како што се корењата.
Водата патува нагоре по ксилемот.
Хранливите состојки патуваат нагоре и надолу по флемот.

Погледни ги следниве линкови:

https://www.youtube.com/watch?v=PP9mn-X9i2Q

https://www.youtube.com/watch?v=jtuX7H05tmQ

https://www.youtube.com/watch?v=Kv_0udatlh8
Домашна работа: Научи ја лекцијата од учебникот на стр.58-61

Наставна содржина: Час за утврдување на материјата час-49

Цели на часот-Ученикот/та:

- Ја разбира и објаснува корпускуларната теорија и промени на агрегатната

состојба

- Објаснува важност на водата за живиот свет и воден циклус;

- Опишува градба на растенијата и варијации

- Објаснува процес на фотосинтеза

-Опишува како теоријата за честички на материјата може да се искористи за да се

објаснат својствата на цврсти, течни и гасовити тела, вклучувајќи транспирација и
дифузија на кислород и јаглерод диоксид.

-Опишува апсорпција и транспорт на вода и минерални соли во растенија што

цветаат.

Во тетратка одговори ги следниве прашања:

1.Објасни што ни кажува корпускуларната теорија ,и кои се промени на агрегатната

состојба?

2. Напиши краток есеј за важноста на водата за живите организми.

3.Објасни го преку цртеж кружењето на водата во природата.

4.Нацртај цветно растение и обележи ги неговите органи и функции.

5.Напиши или нацртај по три варијации на листот и цветот кај растенијата.

6.Објасни го процесот на Фотосинтеза и запиши ја равенката.

7.Опиши го процесот на дифузија на гасови и течности.

8.Што е Брауново движење?

9.Објасни која е улогата на водата во процесот на фотосинтеза?

10.Напиши ги по ред деловите на растението низ кои се пренесува водата.

11.Како водата помага во ладење на растението?

12.Како се пренесуваат минералните материи кај растенијата

Наставна содржина: Час за утврдување на материјата час- 50

Час за тематско повторување

Пополни го тестот:
ТЕСТ 7 одд. Тема 2- Растенија

Име и презиме___________________________________________________одд_______

I група прашања: Заокружи ја буквата пред точниот одговор:

1/1 Материјата е составена од:

а. клетки б. честички в. вода г. природата

2/1 Водата преминува во мраз преку:

а. кондензација б. испарување в. кристализација г. топење

3/1 Во гасовите, честичките се распоредени:

а. густо збиени б. на одредено растојание в. одалечени едни од други

4/1 Во група на вегетативни органи спаѓа:

а . цвет б. стебло в. семе г. плод

5/1 Варијација е:

а. сличност б. разлика в. еднаквост

г.идентичност

II група прашања:Заокружи (Т) ако тврдењето е точно или (Н) ако тврдењето е
неточно:

6/1 Кај течностите честичките имаат послаби привлечни сили. Т Н

7/1 Температура на вриење на водата е 80 С0. Т Н

8/1 Преку флоемот се пренесува вода во растението Т Н

9/1 Корењата апсорбираат вода и минерални материи. Т Н

III група прашања: Дополни, објасни и нацртај:

10/2 Кондензација е
____________________________________________________________________________

____________________________________________________________________________.

11/2 Генеративните органи служат за

____________________________________________________________________________

____________________________________________________________________________.

13/2 Транспирација е
___________________________________________________________________________

____________________________________________________________________________.
13/4 Објасни го процесот на фотосинтеза и запиши ја равенката !

_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________________
____________________________________________________________________________.

14/4 Објасни го водениот циклус во природата !

15/5 Нацртај ја внатрешната градба на листот и објасни го процесот на дифузија на

гасовите кислород и јаглерод диоксид.

Одговорите на сите задачи и тестот да се пратат на e-mail

kocevska_anita@yahoo.com

Најкасно до 29.03.2020 ( недела)

You might also like