You are on page 1of 17

Растенија

Растенијата се живи организми кои се одликуваат со основните биолошки особини:


исхрана, дишење, движење, излачување, осетливост, растење и размножување.
Биолошките особини се заеднички за растенијата и за животните, само разликата е
градбата на органите и начинот на кој се одвиваат тие процеси.
Растенијата се поделени во две групи: бессемени и семени растенија.
Во бессемени растенија спаѓаат: мовови (мали зелени растенија кои живеат на ладни и
влажни места. Немаат вистински органи нити спроводно ткиво. Се размножуваат со
спори, само во присуство на вода. и папрати (кај нив се развиени сите растителни
ткива и органи- корен, подземно стебло и листови. Се рамножуваат со спори.)
Во семени растенија спаѓаат: голосемени(иглолисните растенија- тие се дрвја кои се
размножуваат со помош на поситните машки и покрупните женски шишарки, на кои
семнките се голи- видливи од внатрешната страна на плодните листови на шишарката)
и скриеносемени(поделени на монокотиледони и дикотиледони

Листот е вегетативен орган со


ограничено растење. Служи за за
фотосинтеза и транспирација.
Диференцираниот т.е. оформениот
лист најчесто е составен од:
Лиска (лисна плоча)
Лисна дршка
Лисна основа.
Делови на листот
Лиската е најважниот дел од листот и има најголема површина во однос на останатите
делови на листот. На плочестата лиска се разликува лице и опачина. Листот секогаш е
свртен со лицето кон сонцето. Лицето на листот има темнозелена боја, додека
опачината има светлозелена боја. Повеќето лиски се широки, рамни и тенки за да може
светлината да продре до сите клетки во листот.
Според бројот на лиски што се наоѓаат на една дршка листовите се делат на прости и
сложени.
На лицето од секоја лиска има бројни вдлабнатини, а на опачината испакнатини кои
представуваат спроводни елементи а се означуваат како нерватура на листот.
Нерватурата може да биде паралелна (кај монокотиледоните) или мрежеста (кај
дикотиледоните) растенија.
Лисната дршка ја прикрепува лиската за стеблото и го поставува листот во одредена
положба во однос на светлината. Листовите без лисна дршка се седечки.
Местото кајшто листот се прикрепува за стеблото е лисна основа.

Внатрешна градба на листот


Над површината на листот има тенок проѕирен слој- кутикула, кој  како восочен слој ги
заштитува клетките од исушување. Целата површина на листот ја покрива епидермис,
кој ги штити внатрешните ткива. Најчесто епидермисот е диференциран на горен и
долен епидермис. Горниот епидермис е изграден од покрупни клетки, без стоми,
додека долниот епидермис е од помали клетки со потенка кутикула и има стоми.
Дебелината на клеточните ѕидови на клетките зависи од условите на средината.
Помеѓу два епидермиса се наоѓа  мезофил. Кај повеќето дикотиледони мезофилот на
листот е диференциран на палисадно и сунѓересто ткиво.
Палисадното ткиво е изградено од издолжени цилиндрични клетки, поставени
нормално на површината на листот, густо збиени со мали меѓуклеточни простори. Тоа
може да биде едноредно или повеќередно кај растенијата кои живеат во сушни
предели. Клетките на палисадното ткиво се богати со хлоропласти и нивната функција
главно е фотосинтеза. Под палисадното ткиво се наоѓа сунѓересто ткиво. Сунѓерестото
ткиво е изградено од тркалезни клетки и богато е со меѓуклеточни простори, со што е 
одговорно за транспирација.

Клетка
Клетката е основна структурна и функционална единка на сите живи организми.
Поголемиот дел од клетките не се видливи за голо око. За откривањето на клетката од
голема важност е делото на Холанѓанецот Левен Хук, кој го пронашол микроскопот.
Англискиот научник пак Роберт Хук гледал различни материи под микроскоп. Тој
набљудувал парче плута и воочил дека таа е изградена од безброј мали делчиња слични
на окцата од саќето и затоа ги нарекол клетки.
Клетките имаат различна форма и големина (во зависност од улогата). Ги има од многу
ситни 1 милимикрон до видливи со голо око на пр. Јајце.

Градба на растителна клетка


Секоја жива клетка е изградена од цитоплазма, јадро и клеточна мембрана или ципа.
Клеточна мембрана. Секоја клетка е одделена од средината во која живее со клеточна
мембрана. Клеточната мембрана е липопротеинска структура (надворешни слоеви на
липиди- масти и средишен слој на протеини-белковини). Ваквата градба и овозможува
цврстина со што ја дава формата на клетката, но и полупропусливост и селективност за
влегување на потребните материи и излегување на непотребните материи.
Во растителните клетки над клеточната мембрана се наоѓа цврста ципа наречена
клеточен ѕид, кој и дава определена форма (скелет) на растителната клетка и ја прави
поотпорна на механички дејства. Клеточниот ѕид содржи целулозни влакна кои му
даваат особена цврстина, но исто така има и пори преку кои се врши комуникација со
соседните клетки.
Цитоплазма. Цитоплазмата е полутечна (пивтиеста) материја која ја исполнува
клетката. Во неа се вршат сите животни процеси. Цитоплазмата е во движење во
различни насоки. Во цитоплазмата се среќаваат делчиња, органели, кои го
овозможуваат создавањето на органски материи (скроб, шеќер, белковини и масти.
Јадро. Јадрото е погусто од цитоплазмата. Од неа е одделено со јадрена обвивка,
којашто има пори. Преку неа тоа е во врска со цитоплазмата. Во јадрото се сместени
хромозоми и гени кои ја носат генетската информација(наследувањето).
Митохондрии се ситни телца и важни органели во клетките. Во нив храната се
претвора во енергија во процесот клеточно дишење поради што се наречени „фабрики
за енергија или термоцентрали “ за клетката.
Рибозоми се ситни телца чија основна функција е создавање на белковини. Тие се
наоѓаат по должина на една мрежеста мембрана Ендоплазматичен ретикулум.
Голџиев апарат е органела во која се излачуваат непотребните материи на клетките.
Лизозоми се богати со ензими кои имаат улога да ги разложуваат непотребните
материи.
Центриоли се стапчести телца кои се наоѓаат блиску до јадрото и имаат функција во
делба на клетката. Овие органели се карактеристични за животинските клетки.
Пластиди. Пластидите се органели што се среќаваат во растителните клетки. Се делат
на хлоропласти, хромопласти и леукопласти. Тие може да се претвораат од еден во
друг вид. На пример хлоропластите преминуваат во хромопласти во есен при
пожолтување на лисјата, или при зреење на плодовите.
Хлоропластите содржат хлорофил од каде доаѓа зелената боја на листот и другите
делови на рaстението. Тие се фотосинтетски активни пластиди во кои со процесот
на фотосинтеза светлосната енергија се трамнсформира во хемиска.
Кај вишите растенија хлоропластите имаат форма на диск или зрно, од каде доаѓа
терминот зрнести хлоропласти. 
Основна улога на хлоропластите е фотосинтезата. Распоредот на хлоропластите
во клетката е различен. Најчесто се групирани околу јадрото, по должина на
клеточните ѕидови или расфрлени, во зависност од интензитетот на светлина и
надворешните услови.
Хромопластите се обоени жолто, портокалово или црвено. Од нив доаѓа бојата на
цветовите и плодовите.
Леукопластите се безбојни.
Сферозоми се органели за синтеза на масни материи, карактеристични за растителните
клетки. Тие се слични на масни капки.
Вакуоли. Вакуолите се простори во клетката исполнети клеточен сок, богат со
органски и неоргански материи. Тие се карактеристични за растителните клетки. Во
младите клетки се мали и многубројни, но со текот на растењето на клетката тие се
спојуваат и се добива една или неколку големи вакуоли.
Скроб. Скробот е типична јаглехидратна резерва за растителните клетки. Се депонира
во леукопластите во форма на скробни зрна.
Етеричните масла се исто така својствени за растителните клетки. Тие со својата
специфична миризба ги привлекуваат инсектите и со тоа го помагаат опрашувањето.

Споредба на растителна и животинска клетка


Фотосинтеза
Името фотосинтеза доаѓа од зборовите „фото“ што значи светлина и „синтеза“што
значи произведува. Од тука фотосинтеза значи произведување со помош на светлина.
Фотосинтезата е начинот на кој растенијата произведуваат храна користејќи ја
енергијата на светлината.Но исто така со фотосинтезата растенијата произведуваат и
кислород.
Всушност водата и јаглеродниот диоксид се претвораат во храна и кислород
користејќи ја енергијата од светлината.

Каде се одвива фотосинтезата?


Фотосинтезата се одвива во хлоропластите на палисадното ткиво. Хлоропластите
имаат сложена градба. Тие се зрнести структури кои се обвиени со мембрана, нивната
внатрешност се нарекува строма, а во неа се сместени основните единици на
хлоропластот- тилакоидите. Тилакоидите се поставуваат еден врз друг и сочинуваат
грана, граните пак се поврзуваат меѓусебе со ламели.
Како растението ги добива реактантите?
Водата, растенијата ја добиваат од почвата. Растението со коренот по пат на осмоза ја
впива водата од почвата, потоа преку ксилемот на спроводни цевчиња ја носи до
листот. Кога ќе стигне во листот дел од неа испарува, со што се овозможува ладење на
растението, а дел се задржува во клеточните вакуоли. Клетките кои содржат многу
вода во вакуолите се силни и цврсти, со што му ја даваат цврстината на цело растение.
Јаглеродниот диоксид, растенијата го добиваат од воздухот. Toj навлегува во листот
преку стомите. Од отворите на стомите брзо дифундира низ широките меѓуклеточни
простори на сунѓерестото ткиво, а од таму во палисадното ткиво.

Што се продукти на фотосинтеза?


Краен продукт на фотосинтезата  е глукозата. Доказ дека во хлоропластите се случува
фотосинтеза е присуството на скробните зрна.
Храната што растенијата ја создаваат при фотосинтеза, понатаму ја користат за
создавање на нови клетки и ткива.
Материјалот што е изграден(го сочинуваат) од сите живи клетки и ткива се нарекува
биомаса.
Растенијата се почетна алка на сите синџири на исхрана, тие се произведувачи на
храна, која ја пренесуваат на следните членови во синџирот на исхрана.

Хемизам на фотосинтеза
Во основа фотосинтетските процеси се оксидоредукциски процеси.
Процесот на фотосинтеза се одвива во две фази: светла и темна.
Светлата фаза тече мошне брзо и е зависна и од светлината и од температурните
промени. Основен процес на светлата фаза представува трансформација на енергијата
од сончева светлина во хемсика енергија со учество на хлорофилни молекули.
Темна фаза. Оваа фаза се одвива побавно, во неколку етапи кои прават цикличен
процес, наречен Калвинов циклус. Во оваа фаза се одвиваат три процеси: фиксација на
CO2, редукција на органските соединенија и формирање на крајни продукти. За овие
процеси се троши енергијата акумулирана во светлата фаза.
Различните шеќери кои се добиени во Калвионовиот циклус можат да послужат како
почетни соединенија за синтеза на други органски соединенија. 
Асимилациони и дисималциони процеси
Асимилација претставува севкупнуст на хемиските процеси со кои примените
материи од надворешната средина се преработуваат и трансформираат во материи
специфични за одредени организми. За одвивање на овие процеси се троши енергија.
Пример за ваков тип на процес претставува фотосинтезата.
Дисимилација претставува севкупност на хемиските процеси со кои специфичните
сложени материи на организмот се разградуваат до попрости, во текот на кои се
одделува енергија.
Пример за ваков тип на процеси претставуваат дишење и ферментација.

Дишење
 Дишењето представува процес во кој настанува наполно разградување на органските
материи до неоргански при што се ослободува енергија.
6О2 + C6H12O6------à 6CO2 + 6H2O + енергија
 Хемиската енергија што се ослободува од дишењето може да се претвори во друг
облик: топлотна, механичка, светлосна, електрична и др. Дишењето може да се одвива
во аеробни и анаеробни услови.
Аеробното дишење се одвива во присуство на кислород, во митохондриите при што се
ослободува целокупната енергија што ја содржи материјата која се разградува.
Анаеробно дишење се одвива во одсуство на кислород, при што не се ослободува цела
енергија од органската материја туку само дел од неа.
Само мал број организми (анаеробни бактерии) живеат во бескислородни услови. Кај
најголемиот број живи организми се присутни двата вида на дишење.
Во секој организам првата фаза се одвива анаеробно, а втората аеробно.
Пример при разградување на глукозата, процес познат како гликолиза, првата фаза се
одвива анаеробно, при што се ослободува мал процент на енергија. Во оваа фаза
поконкретно глукозата под дејство на одредени ензими се разгрaдува до пирогроздова
киселина, а енергијата се акумулира во АТP.
Многу повеќе енергија се ослободува при аеробната фаза. Во оваа фаза пирогроздовата
киселина се разградува до CO2 и H2O. Овој процес тече циклично и е наречен Кребсов
циклус. При овој процес од една молекула глукоза се добиваат 36 молекули ATP.
Интензитетот на дишење може да се одреди со посебни инструменти со кои се
одредува количината на ослободен CO2 и потрошен О2. Односот меѓу ослободениот
CO2 и потрошениот О2 се нарекува коефициент за дишење.

Ферментација
Ослободувањето на енергија во безкислородни услови се вика ферментација или
вриење.
Квасните габи, алкохолните габи, млечнокиселниските бактерии се организми кои
процесот на дишење го извршуваат анаеробно при што со разградување на глукозата
добиваат различни продукти како: етил алкохол, оцетна киселина, млечна киселина...

Алкохолна ферментација
Се одвива со алкохолни габи што се наоѓаат во плодовите на растенијата. Со помош на
ензимите што ги излачуваат габите шеќерот од плодовите се разградува пирогроздова
киселина, а потоа до етилалкохол и CО2

Оцетна ферментација
Ја предизвикуваат бактериите кои се наоѓаат во зрелите плодови, вино, пиво, квасец....
Оцетната киселина е концентрирана средина во која другите бактерии не можат да
опстанат поради што се користи за конзервирање на зимница.

Млечнокиселинска ферментација
Ја предизвикуваат млечнокиселински бактерии кои го трансформираат млечниот
шеќер во млечна киселина.

Лебна ферментација
Се одвива со габи кои предизвикуваат ферментација шеќерот(скробот) од брашното
Маслено-киселинска ферментација. Анаеробни бактерии предизвикуваат аспаѓање на
мелкото

Услови за фотосинтеза
За да го докажеме одвивањето на фотосинтезата во растенијата можеме да изведеме
експеримент.
За него ни е потребно: стаклена чашка исполнета со вода, стаклена инка која се
поставува во чашката со растение (Elodea- водена чума или Cabomba). На отворот од
инката поставуваме епрувета и во чашката ставаме термометар кој ќе ја мери
температурата на водата. Садот со растението се става на сонце или се осветлува со
светилка. По кратко време во епруветата ќе забележиме одделување на меурчиња. По
одредено време ја тргаме епруветата од инката, така што ќе го затвориме нејзиниот
отвор со прстот. Кон епруветата насочуваме зажарено стапче, кое пламнува, што
докажува дека гасот собран во епруветата е кислород.

Од експериментот воочуваме дека услови за да се одвива фотосинтеза се:


светлина
топлина 
хлорофил 
јаглероден диоксид
вода
старост на листовите

Фактори кои влијаат на интензитетот на


фотосинтезата
Светлина
Топлина
Хлорофил
Јаглероден диоксид
Вода
Старост на листовите на растението
За да го истражуваме влијанието на различните фактори врз интензитетот на
фотосинтезата потребно е да спроведиме истражување со фертест. Да се подсетиме
што беше фертест!

Светлина и топлина
Знаеме дека светлината е неопходен фактор за да се извршува фотосинтеза.
Интензитетот на светлината во експериментот може да се менува со доближување и
оддалечување на светилката до растението, но треба да земеме предвид дека со
доближување на светилката освен светлината ќе се зголемува и топлината.
Во овој случај фертестот ќе изгледа вака:

Доколку би се зголемувал само интензитетот на светлината во тој случај интензитетот


на фотосинтезата ќе расте до одредена мера, а потоа ќе се одржува константно.
Кога се менува и температурата тогаш интензитетот на фотосинтезата расте до
постигнување на оптимална температура од 30-40 степени, а со зголемување на
температурата интензитетот на фотосинтезата опаѓа.
зголемување на интензитет на зголемување на интензитет на
светлина топлина

Хлорофил
Количината на хлорофил во листовите не можеме директно да ја менуваме, таа може
да се менува само при недостиг на светлина или зголемена топлина, при што
интензитетот на фотосинтеза би се намалил.

Јаглероден диоксид
Количината на јаглероден диоксид во експериментот можеме да ја зголемиме со
додавање на NaHCO3 (натриум хидроген карбонат). Во тој случај фертестот ќе изгледа
вака:

Вода
Од содржината на вода во почвата зависи степенот на отвореност на стомите, а од тоа
пак зависи интензитетот на фотосинтезата. Ако стомите се затворени, со што се
спречува навлегување на CO2, се намалува и интензитетот на фотосинтезата.

Старост на листовите
Се смета дека со стареењето на листовите се намалуваат синтетските процеси во
светлата фаза.

Влијание на различната светлина врз


фотосинтезата

За да утврдиме кој тип на светлина од спектарот најдобро влијае на интензитетот на


фотосинтезата, потребно е да изведеме експеримент во кој под исти услови(иста
оддалеченост на растенијата од исворот на светлина, иста температура, исто
количество вода, исто количество на јаглероден диоксид, иста старост на растенијата)
ќе го изведуваме експериментот за фотосинтеза, само што различни ќе бидат филтрите
кои ќе ја симулираат различната светлина.
Уште повоочливи се разултатите при истражување на растење на растението под
влијание на различен тип на светлина, што е дефинитивно резултат на интензитетот на
фотосинтезата кој растението го извршува.

 Растенијата се поставени под исти услови, подготвени за


набљудување на растењето.
Растенијата почнаа да растат, сите напредуваат добро, со тоа што
прв ден
има мали разлики помеѓу нив.
подле 10
Растението кое расте под бела светлина е добро пораснато.
дена
Растението кое расте под сина светлина исто така е пораснато и
после 17
листовите му изгледаат цврсти. Растението кое расте под
дена
виолетова светлина е помало, но со широко отворени листови, а
растението кое расте под црвена светлина е најмногу пораснато и
има издолжени листови.
после 24 Растението кое расте под бела светлина е прилично пораснато, но
првите листови се малку изгорени на краевите. Растението кое
расте под сина светлина пораснало доста и листовите му изгледаат
дена здраво и цврсто. Растението кое расте под виолетова светлина е
помалку пораснато. И растението кое расте под црвена светлина е
најмногу пораснато.
Растението кое расте под бела светлина има свежи млади
листови, но постарите листови се овенати. Растението кое
расте под сина светлина има големи свежи и интензивно
после 26 зелени листови. Растението кое расте под виолетова светлина
дена има изгорени млади листови- добиваме чувтство како изворот
на светлина да бил преблиску до растението. Растението кое
расте под црвена светлина е најмногу пораснато, но неговите
листови се премногу кревки и со жолтеникава боја.

Минерали во растенијата
Земјоделците и градинарите често додаваат вештачки ѓубрива во почвата, на која ги
одгледуваат растенијата. Вештачките ѓубрива обезбедуваат минерални соли од кои
растенијата растат поголеми и поздрави. Иако вештачките ѓубрива се скапи, трошокот
е исплатлив со дополнителни пари што земјоделците ќе ги добијат од добриот род.

Што се вештачки ѓубрива?


Вештачките ѓубрива содржат минерални соли. Тоа се супстанции што и растението
нормално ги зема од почвата. Но често почвата не содржи доволно количество од
некои минерални соли, што ги попречува растенијата да пораснат колку што е можно
поголеми и поздрави.
Растенијата имаат потреба од различни видови минерални соли.

Азотот од нитратите е потребен за да може растението да создаде протеини.


Протеините се хранливи материи што им се потребни на живите организми за градење
на нови клетки. Растенитето што не добива доволно нитрати не може да произведе
доволно протеини, па не може ниту да создаде нови клетки за да порасне добро.
Нитратите се потребни за создавање хлорофил. Ако растението нема доволно нитрати
ќе стане жолто место зелено.
Ако е вишок, предизвикува забавување на цветањето и давањето плод.

Фосфорот од фосфатите е неопходен за изградба на ДНК и клеточни мембрани. При


недостиг на фосфор, лисјата стануваат нежни и млитави, а зелената боја постепено
поминува во црвеникава до кафеаво-црна. Овој минерал е значаен за растењето и
метаболизмот на растенијата, а најбитен за оформување на бојата на плодот. При
недостиг може да се предизвика предвремено паѓање на плодотвите.

Калиумот е неопходен за градба на ензими што учествуваат при дишење и


фотосинтеза.Учествува во синтеза на шеќери и протеини. Помага во регулација на
воден биланс, ја подобрува цврстината и отпорноста на студ. При недостиг на калиум
листовите стануваат жолти со мртви точки, растението запира и застението венее.

Магнезиумот исто така е потребен за создавање на хлорофил. За производство на


јаглехидрати, шеќери и масти. Недостигот на магнезиум предизвикува пожолтување на
листовите

Како различните хранливи материи


влијаат на растот на растението
За да одредиме како хранливите материи влијаат на растот на растенијата потребно ни
е:
- растение водна леќа (Lemna sp.) во повеќе примероци. Водната леќа е ситно растение
што расте на површината на барите и езерата. Ова растение има облик на лист од кој
кон водата висат ситни коренчиња. Ако во водата ставиме само едно растение водна
леќа, тоа ќе создаде нови растенија. Со броење колку растенија настанале за одреден
временски период може да измериме колку бргу расте водната леќа.
- чашки
- Sach раствор  кој содржи(CaSO4(калциум сулфат), MgSO4(магнезуим сулфат),
NaCl(натриум хлорид), KNO3(калиум нитрат), FeCl3(железо три хлорид)

Еден примерок од растенито ставаме во чашка со вода во која ги има сите потребни
минерали за растење од Sach растворотсоо точно одредена процентуална застапеност.
Тоа растение ќе ни биде контрола и служи за споредба со останатите растенија.
Во други чашки со вода ставаме примероци од водна леќа и минерали, но во секоја од
чашките да има дефицит(недостаток) на некој од минералите. Во секоја чашка дефицит
на различен минерал. После неколку недели ќе ги забележиме резултатите и ќе видиме
како изгледаат растенијата кои растеле со недостатотк на некој минерал во споредба со
оние кај кои биле застапени сите минерали.
Најдобри резултати се добиваат доколку растенијата растат во присуство на светлина,
на температура од 25'C
Дефицит
на
фосфор
(P)
Забавено растење.
Појава на црни некротични дамки на листовите.
Одложено цветање

брзо овенување
Дефицит
на листовите
на кои се во раст
калциум пожолтување
на краеви на
(Ca) листот

Дефи
хлороза
цит
(пожолтув
на
ање) на
калиу
листовите
м забавено
(К) растење
Магнезиумот е
дел од
молекулата на
хлорофил, па
затоа негов
Дефицит на
недостаток
магнезиум резултира со
појава на
(Mg) хлороза
(пожолтување)
на листовите
изумирање на
постарите
листови

Резултира со слаб раст,


кратки дрвенести
растенија со жолта боја
поради недостатокот
на хлорофил. Новите
Дефицит листови може да бидат
на азот (N) зелени, но ќе бидат
мали. Кај некои
растенија на долната
страна на листовите
може да се јави
виолетова боја.

Дефицит
на Појава на изветвени
листови со
железо некротични точки
(Fe)

You might also like