You are on page 1of 5

БИОЛОГИЈА ЗА ДЕВЕТТО

ОДДЕЛЕНИЕ

Тема 5 : Екологија
Адаптации на детритивори (сапрофаги)

На овој час ќе научиме што се тоа детритивори и разградувачи. Ќе испланираме и


едно истражување во кое ќе дознаеме и како се користи комора за одбран
примерок.

Организмите кои се хранат со мртви органски материи се нарекуваат


сапрофаги.Тука спаѓаат: детритивори и разградувачи.

Детритивори се организми кои се хранат со мртви органски материи (мртви и


распаѓачки организми).

Повеќето стоногалки,копнени ракчиња,муви,полжави,копнени црви и други се хранат со


честички хумус(детритус),па затоа се наречени  детритивори (сапрофаги).
Ние ќе се запознаеме со копненото ракче ( Oniscidea spp.) или дрвеница.

Живеат на темни и влажни места.Тоа им помага да ги избегнат предаторите,како и да не


изгубат премногу вода од телото преку испарување.
БИОЛОГИЈА ЗА ДЕВЕТТО
ОДДЕЛЕНИЕ

Детритивори се хетеротрофни организми кои хранливите материи ги земаат


конзумирајќи распаднати органски материи и со тоа придонесуваат за
декомпозицијата и циклусот на хранливи материи.Детритоворите
претставуват многу важен дел од екосистемот и истите можат да живеат
секаде каде што има органски компоненти па затоа можат да се најдат и во
морските екосистеми.

Во детритивори спаѓаат:стоногалки,муви,црви,морски ѕвезди ,ракови и други


БИОЛОГИЈА ЗА ДЕВЕТТО
ОДДЕЛЕНИЕ
Чистачи во морето:

На дното од морето ,со мил се исхрануваат морски ѕвезди,морски краставици,седентарни


многучетинести црви и некои ракови,па и тие се нарекуваат морски детритивори.
На следното видео може да видете како се користи комора за одбран примерок:

https://youtu.be/84QRiuVvz84

https://www.youtube.com/watch?v=3TwxhorMKC0

Видео кое прикажува каде се наоѓаат дрвениците:

https://youtu.be/-Ir_Sduppvc

You might also like